build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 29-Apr-2009 at 21:03
Софија, најголемиот дел од булеварите се сеште покриени со лоша гранитна коцка, и очајно изгледаат. Мислам дека е единствен град кој има полоши улици од Скопје. Во секој случај е интензивно се гради, па не би се изненадил догодина да бидат пред Скопје.

Edited by UrbanFreak - 29-Apr-2009 at 21:04
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 29-Apr-2009 at 19:19
Не е точно дека Белград има крш улици. Прво Само Нов Белград е речиси колку цело Скопје. Има многу повеќе булевари и Скопје е далеку од Белград.
Софија како што се напомена има полоши улици но има метро систем кој што се развива многу брзо и во никој случај нема полоша инфраструктура од Скопје.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 29-Apr-2009 at 18:58
Колку и да го критикуваме Скопје,не е толку лош.Има убави,широки булевари,мислам дека има доста зелени површини и ред други работи.

Софија навистина има метро,но е многу кратко,многу булевари се под нивото да европски град.Со напливот на нови возила има далеку поголеми автомобилски гужви во споредба од Скопје.Се случувало,од автобуска до излезот да изгубиме 2 часа.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 29-Apr-2009 at 18:47
Па ни Софија не е баш нешто прекрасна, ама не гледам зошто Скопје би бил подобар од нив. Не знам навистина како пресметале, но дефинитивно тие имаат и подобри автобуси, имаат трамваи (Софија има и метро), имаат ако ништо друго барем канализација низ целиот град, нема септички јами. Да не е нешто со споменици ова поврзано, кој има повеќе поубаво живее? Шала на страна, па тие имаат и повеќе зелена површина од Скопје, мислам дека ова зависи од податоците што ги даваат властите на тие што го прават рангирањето, не мерат тие сами (па затоа и вака добро котираме)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 29-Apr-2009 at 17:54
За Софија сега незнам но Белград дефинитивно има очајни улици, кршиш амортизери ако не го знаеш добро градот Smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 29-Apr-2009 at 17:52
ПА барем инфраструктура е лесно да се имери. Претпоставуем дека е некоја бројка (вкупно должина на булевари)/(пер капита) исто така и со водоводи и канализации. Другшпе незнам како би се вршело рангирање и доколку се оценуваат конкретно инфраструктурните зафати тога би требало да се дава субјективна оцена што е можност за грешка.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 29-Apr-2009 at 17:46
Ме интересира како го вршат ова рангирање? Како може Софија и Белград да имаат полоша инфраструктура од Скопје?
Мислам дека се е тука релативно и не може точно да се прецизира каде е "подобро" да се живее и тоа зависи од потребите на сите.
Единствено според стандардот можат да се споредуваат.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 29-Apr-2009 at 10:54

СКОПЈЕ 151 НАЈДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ, А 138 СПОРЕД ИНФРАСТРУКТУРА

Скопје е рангиран на 151. место на годинашната листа најдобри градови за живеење во светот што традиционално ја изработува глобалната консултантска куќа „Мерсер“.

Македонскиот главен град годинава напредуваше за три места од лани кога беше 154. Најдобар град за живеење во светот е австриската престолнина Виена, а по неа се швајцарските Цирих и Женева. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на „Мерсер“ се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. Брисел е 14-ти, Берлин 16-ти, Париз 33, Токио 35, Лондон 38, Вашингтон 44, Њујорк 49, Рим 55, Москва 168,...

Во регионот најдобро рангирана е Љубљана на 78 место, Загреб е 103, Букурешт 108, Софија 112, Белград 137. Зад Скопје се Сараево на 157 и Тирана на 173 место. Најлош град за живеење во светот убедливо е Багдад.

На листата на „Мерсер“, пак, на градови со најдобра инфраструктура, Скопје е на 138. место. Прв е Сингапур, втор Минхен, трет Копенхаген. И на оваа листа најдобро рангиран град во регионот е Љубљана, на 95 позиција. Пред Скопје се уште и Атина и Загреб, а полошо пласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана. Последното место и на овоаа ранкинг листа го зазема Багдад.

„Мерсер“ ги врши рангирањата според конкретни критериуми како што се политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности... Во конкуренција годинава биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215.

„Мерсер“ е глобална консултанстка куќа со 18.000 вработени, со претставништва и клиенти во 180 градови и 40 земји во светот.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=F0DE64497D0CB045B6FFC8E8D5F47E39
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 02-Apr-2009 at 20:26

Битола почнува нова градежна офанзива
Четврток, 02 Април 2009 16:54

NATASA_gradezni_rabori_sl_001

Општината Битола од денеска ги почна интензивните градежни зафати, односно ги продолжува инфраструктурните активности од минатогодишните договори кои поради временските услови беа прекинати. Една од локациите каде што се работи е улицата во населбата Карпош која се подготвува за нов асфалт. Ведна потоа ќе почнат градежни работи на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ" која е во лоша состојба.

-Се работеше водоводна инсталација која беше многу застарена, имаше многу прекопи, во моментот и Телеком поставува своја мрежа, потоа ќе вршиме асфалтирање - вели Зора Симјановска, раководител на општинско одделение за комунални работи.

NATASA_gradezni_rabori_sl_002

За ден или два, вели Симјановска, ќе почне да се санира и улицата „Иво Лола Рибар". Паралелно ќе се работи и во населбата Мал Париз.

-Пробиваме улица во Мал Париз која е со земјен коловоз, има постоечка водоводна мрежа, сега проверуваме дали има евентуално дефект во канализационата мрежа, ако има ќе ја реконструираме, постоа следува пробивање на улицата - додава Симјановска.

Освен коловозните санации, општината на неколку локации ќе изведува и подземни инсталации.

NATASA_gradezni_rabori_sl_003

-Во населбата Јени Маале продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа, тоа со средства од државниот буџет, а со општинскиот буџет водоводна инсталација и канализација согласно програмата за уредување, работиме во населбата Буковски ливади. Таму ќе пробиваме и улица, „Апостол Здравевски" - вели Симјановска.

Градежните работи кои почнуваат овој период, се најавува дека ќе завршат за околу еден месец.

-Овие беа застарени улици од минатите години, со старост од 30 години, со право граѓаните реагираа - вели раководителката на одделението за комунални работи.

Со конституирањето на новиот совет следува формирање на нова комунална програма за новата градежна сезона.

- Приоритетите ги утврдивме, тие се утвредени и со развојните програми кои се однесуваат за период од три години - додава Симјановска.

Поголемиот дел од инфраструктурните и комунални актвности се финансирани од општинскиот буџет, а дел со пари од држаниот буџет. Општината и оваа година ќе настојува дел од потребните средства за реализација на проектите да обезбеди од ИПА фондовите за прекугранична соработка.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 12-Feb-2009 at 02:28

Почнува проширувањето на „Илинденска“ и кај Тутунски комбинат

Градот Скопје обезбеди градежни дозволи од општините Центар и Карпош

Сања Наумовска

Градот Скопје идната недела ќе започне со реализација на проектите за проширување на „Илинденска“ и на раскрсницата кај Тутунски комбинат. По средбата на градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски и Виолета Аларова, надминат е проблемот со издавањето на градежните дозволи, поради кои проектите беа ставени на чекање.

Проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат ќе започне паралелно со „Илинденска“. Планирано е проширување за уште една лента во сите правци на раскрсницата на улицата „Пролет“ и „Трета македонска бригада“, со што ќе се обезбеди полесен проток на возила. Една лента за вртење десно ќе се додаде покрај Основното училиште „11 Октомври“, која ќе продолжи по улицата „Пролет“ до спојувањето со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“. Проширување ќе има и во спротивниот правец кон Аеродром.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3D85E165641C124AAF8644C7E281520A


Edited by lslcrew - 12-Feb-2009 at 02:35
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 31-Jan-2009 at 19:21
Доуредување на речното корито на Градската река во Прилеп
ПЕТОК, 30 ЈАНУАРИ 2009 18:20

Во Прилеп почна акцијата за доуредување на речното корито на Градската река. Деновиве се почна со изградбата на потпорниот ѕид кој недостасува, а кој е веднаш после мостот во населбата Димо Наредникот, односно тоа е потпорен ѕид на дел од улицата Кеј 9-ти Септември.

Вкупната должина на потопрниот ѕид кој треба да се изгради е 800 метри, а во првата фаза ќе се изградат 350 метри. Средствата за изградба на првата фаза биле обезбедени од Владата на Република Македонија, тоа се 7 милиони денари, а довршувањето ќе било направено со средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот Марјан Ристеки, кој беше во посета на местото каде што се гради потпорниот ѕид, кажа дека Локалната самоупрва има план да го доуреди целото речно корито во неколку фази и тоа: прво со изгрдаба на потпрниот ѕид кој е почнат, потоа со уредување на самото корито, а во следната фаза било планирано доуредување на речното корито со слични зафати и во горниот тек на реката над малото мовче во близина на основното училиште Кире Гаврлоски кон Градскиот базен.


http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3851:2009-01-30-17-21-54&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Edited by гитардемон - 31-Jan-2009 at 19:22
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 08-Jan-2009 at 16:32
Во текстот што го постираше лсл не е наведено дали некого цитираат или парафразираат или е став на авторот или што побогу е тоа Roll%20eyes

Во секој случај да искоментирам:
Само со набавка на нови автобуси нема воопшто да се подобри ситуацијата со превезени патници, бидејќи и тие возила ќе сообраќаат по веќе закочените улици. Со нов шински превоз - трамвај ќе се реши овој основен и најголем проблем.
Е како тогаш трамвајот ќе бил решение кога и тој ќе се обраќа по истите веќе закочени улици??? Да се држеа до ГУП-от и до логиката, да се трудеа максимално да ја одвојат и денивелираат мрежата за трамвајот, тогаш да, и тоа како ќе држеше вода она тврдење. Но со ставање шини исклучиво по веќе постоечки ленти не гледам баш светла иднина!


Исто така, приоритетна е изведбата на Јужниот булевар, решавање на најоптоварените крстосници кај комплекс банки, Судска палата, НИП „Нова Македонија“, Тутунски комбинат со кружен ток или со разминување на две нивоа.
Да јужен е приоритет и конечно треба да се посветат на него наместо постојано да слушаме празни муабети.
Но ако разбираат што всушност е јужен булевар и како треба да ункционира, со него автоматски ќе се реши и проблемот кај Нова Македонија, без никакви импровизации какви што наметнуваат.
А и за другите локации нека не измислуваат глупости, како „магичното решение“ кружен тек. Нека почне да се комплетира примарната сообраќајна мрежа, тоа е единствено ефикасно и одржливо решение за скопскиот сообраќај, а не нивниве упади!


Тука е и изградбата на нови мостови кои ќе го зголемат протекот на возила од едната кон другата страна на Вардар
Колку е лесно да се каже... Освен празен муабет, дали некој мрднал со прст за некој нов сообраќаен мост? Дури и оној кој е најблизок до реализација (во продолжение на илинденска) веројатно ќе го чекаме со години, а за другите се уште нема ни празни најави...


Edited by Cloverstack - 08-Jan-2009 at 16:32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 08-Jan-2009 at 11:57


Мислеле на Карпошово востание сигурно...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 08-Jan-2009 at 11:55
СКОПЈАНИ ЗА СКОПЈЕ
На градот му е неопходен трамвајски превоз

Активности кои се неопходно потребни во поблиска иднина се подобрување на јавниот градски превоз со изведба на трамвајски линии. Во меѓувреме треба да се обнови возниот парк на ЈСП, како и на приватните превозници. Само со набавка на нови автобуси нема воопшто да се подобри ситуацијата со превезени патници, бидејќи и тие возила ќе сообраќаат по веќе закочените улици. Со нов шински превоз - трамвај ќе се реши овој основен и најголем проблем. Исто така, приоритетна е изведбата на Јужниот булевар, решавање на најоптоварените крстосници кај комплекс банки, Судска палата, НИП „Нова Македонија“, Тутунски комбинат со кружен ток или со разминување на две нивоа. Тука е и изградбата на нови мостови кои ќе го зголемат протекот на возила од едната кон другата страна на Вардар, пробивање на подземниот коридор под просторот на „Мал ринг“, изградба на катни гаражи, со максимално почитување на намената, бидејќи сега има случаи кога објекти со намена за катна гаража се пренаменети во деловен простор. Важен е и еднаквиот третман во уредувањето на левиот и на десниот брег на Вардар како што е реализацијата на плоштадот Христијан Тодоровски - Карпош и делот во и околу Бит-пазар. Секако, уредување и одржување на Старата чаршија како меморија на градот и изградба на мини-плоштади во населбите. За се ова да се реализира, меѓу другото, потребно е да се донесе нов закон за град Скопје во кој ќе се редефинираат ингеренциите на градот и на општините.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1592&ArticleID=105166

Ова е мал чекор за Трифун, но голем за Скопје! Шала на страна, барем еве се спомнаа некој позначајни пректи за Скопје. Дали е ова само преизборно повтарање или не...незнам, не е ни битно! Шала на страна.....

Кој е овој плоштад Христијан Тодоровски Карпош?!?! Да не е булеваров, па новинариве нешто збркале?!

Малку ме збунија со Тутунски сега! Повторно се споменува некаков кружен ток, а има и некакви две нивоа...Дали е тоа што го има во ГУП-от или нешто сосема лаичики-градоначалнички замислено?!
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 04-Nov-2008 at 10:14

Општина Центар


Реконструирана улицата Јоаким Крчовски


Општина Центар изврши реконструкција на водоводната мрежа на улица "Јоаким Крчовски" заменувајќи ги постојните цевки Ф-50 милиметри со нови челични цевки Ф-100. Истовремено беше поставена и атмосферска канализација со ПВЦ цевки Ф-300 милиметри.
- Досегашната водоводна мрежа и непостоењето на атмосферска канализација резултираше со проблем во водоснабдувањето на граѓаните од населбата и неможност за прифаќање и одводнување на атмосферските води. Со поставување на новата водоводна и атмосферска инсталација, Општина Центар го реши овој проблем на граѓаните. Во моментов работиме на поставување бетонски рабници со вкупна должина од 560 метри од двете страни на улицата, по што ќе следува тампонирање и асфалтирање - информираат општинарите.

Последната фаза од комплетната реконстуркција на оваа улица е изработката на нови тротоари од бехатон-елементи, со што улицата Јоаким Крчовски ќе добие комплетно нов изглед.

(Е.А.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=925A4B0DFC3D454889354C4E3CDE701C
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 22-Oct-2008 at 14:26
Макотрпна е изградбата на најголемата канализација во Македонија

Неиздавањето на градежните дозволи од општините е една од главните причини поради кои градските проекти доцнат и се создава сообраќаен хаос во градот, смета градоначалникот Трифун Костовски.

Тој додава дека за да почне да се реализира еден проект, треба да се обезбедат многу документи, градежни дозволи од една или од повеќе општини, бидејќи многу градби се наоѓаат на границите меѓу различни единици на локалната самоуправа. Мораат да се чекаат и сообраќајните решенија од полицијата за тоа како ќе се одвива сообраќајот додека траат градежните работи, а проблем создаваат и подземните инсталации, за кои нема соодветен катастар и не се знае каде се наоѓаат.

- Ние сме расчеречени од дозволите кои треба да ни ги издадат општините. Клучката кај хотелот „Континентал‘“ е дивоградба, бидејќи се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Гази Баба, Центар и Чаир, а ние се уште немаме дозвола од општината Центар. Другите две општини ни ги издадоа одобренијата. Од истата причина не можеме да ја почнеме реконструкцијата на булеварот Илинденска, од фонтаната кај Градскиот парк до првите семафори кај Воената болница. За тоа имаме направено проект, издвоивме и финансии, но немаме согласност ниту од општината Центар, ниту од Карпош - вели Костовски.

Тој најави дека клучката кај хотелот „Континентал“ заедно со реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде готова до 13 ноември, а дека клучката кај Бит-пазар, како и средишното зеленило ќе се заврши до крајот на годината. Од денеска сообраќајот кај „Континентал“ ќе се одвива по две посебни сообраќајни ленти.

Општините што сè уште не издале дозволи за изградба на градските проекти сметаат дека тие не се причината за доцнењето и дека ако сите решенија се подготвуваат во согласност со генералниот урбанистички план нема да има никакви проблеми за да се изработи документацијата.

Од општината Центар објаснуваат дека не издале дозвола за изградба на клучката кај хотелот „Континентал“ поради тоа што таа не постои во Генералниот урбанистички план.

- Општината не може да издаде дозвола за изградба на објект кој не постои во ГУП. Клучката е изградена врз основа на проект кој не е предвиден во генералниот план. Се додека градските власти не го изменат планот и не го вметнат објектот во него, ние не можеме да издадеме градежна дозвола - истакнува Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалничката на општината Центар, Виолета Аларова.

На овие тврдења од општинарите во Центар градските власти одговараат дека тие се надлежни за толкување на Генералниот урбанистички план, а не општините.

Сашо Димиќ, в.д. градоначалникот на Карпош смета дека општината не ги кочи градските проекти и дека за реконструкција на булеварот Илинденска се уште не можат да се усогласат трасите помеѓу градот и Карпош.

- Кога ќе го решиме тој проблем, ќе ја издадеме и дозволата - вели Димиќ. Р.З.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=214&ArticleID=9814


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 21-Oct-2008 at 12:42
Интересно. Оваа вест припаѓа и во Урбанистички планови но ќе ја поставам тука.

Мал офтопик: Цел тој потег убаво ќе се очисти без Топлификација, Алумина и да се надеваме и без Треска.

ЖИТЕЛИТЕ НА ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ КУРТУЛАТ ОД ОТРОВНИТЕ ОЏАЦИ
"Топлификација" ќе се дислоцира
"Топлификација" ќе гради гасна централа, најверојатно, покрај Вардар, која нема да ја загадува животната средина, а треба да ја намали и цената на парното

"Топлификација" од населбата Тафталиџе ќе се дислоцира, најверојатно, покрај Кејот на реката Вардар, во делот каде што нема куќи и згради. Во Тафталиџе ќе остане само управата, а целиот производствен процес ќе се пресели.
Надлежните од "Топлификација" побарале од градоначалникот Трифун Костовски и од в.д. градоначалникот на Општина Карпош Сашо Димиќ, при подготвување на новиот Генерален урбанистички план да предвидат и нова локација на која ќе можат да ја преселат топланата. Новиот објект, всушност, ќе биде гасна централа според најсовремени технолошки стандарди, која речиси воопшто нема да ја загадува животната средина, а освен тоа се очекува и да ја намали цената на парното.
"Побаравме со ГУП-от да биде предвиден простор од 20.000 квадрати за изградба на нов објект. Нашиот објект сега се наоѓа на површина од 1.000 квадрати и не можеме да воведеме никакви нови технологии кои нема да ја загадуваат средината. Со тоа би се решиле постојаните проблеми кои ги имаме со граѓаните што се жалат дека ја загадуваме средината во која живеат", вели директорот на "Топлификација" Димитар Хаџи Мишев.
ОД "Топлификација" велат дека новиот објект ќе почне да се гради веднаш штом ќе биде подготвен новиот ГУП. Бидејќи оваа е голем и скап проект, за неговата реализација ќе се бара странски партнер, кој подоцна би се вклучил и во управувањето и стопанисувањето со "Топлификација".
Општина Карпош и Град Скопје понудиле неколку локации покрај Вардар кои би можеле да се наменат за изградба на гасна централа. Останува да ја утврдат конечната локација и да се направат измени на ГУП и на ДУП.
Со години наназад жителите на Тафталиџе бараат дислокација на топланата бидејќи се додека трае грејната сезона, тие не можат да си отворат прозорец од чадот и секое утро наоѓаат мрсни дамки на автомобилите, паркирани во близина на "Топлификација".


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158561&idg=8&idb=2504&rubrika=Skopje
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 14-Oct-2008 at 10:32
Морам да кажам дека Битола нема толку капитални проекти како Прилеп. Не велам дека битолскиот градоначалник не работи ништо, но Прилеп последниве години е препороден, па доколку не сте биле последниве години нема да го препознаете.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 14-Oct-2008 at 10:23

Тешките камиони ќе одат на битолската обиколница

Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат

Битола - Финишира реконструкцијата на битолските сообраќајници и улици што започна оваа градежна сезона. Од денеска околу 15 од тампонираните патишта, меѓу кои и транзитната обиколница која е дел од магистралниот пат М-5, ќе се асфалтираат. Со тоа се очекува сообраќајот да се пренасочи на обиколницата и градот да се растовари од движењето на тешките товарни возила по тесните градски улици. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Маврово инженеринг“, која го доби тендерот распишан од Општината.

„Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат. Тука влегуваат ’Индустриска‘, ’Никола Тесла‘, улиците ’Пецо Божиновски‘ и ’Столарска‘, ’Широка‘, како и улицата ’Железничка‘, така што ќе се доврши и кракот од магистралата М-5. За една недела ќе се асфалтира и улицата ’Прилепска‘“, вели Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Напоредно со асфалтирањето, новата транзитна обиколница, која зафаќа 2.300 метри, ќе добие и осветление. Светилки ќе бидат поставени во должина од три километри.

Реконструкцијата и изведувањето на подземната инфраструктура на сообраќајниците и помалите улици на периферијата од градот се финансирани од буџетот на Општината, додека, пак, изградбата на обиколницата, со која се очекува да се растоварат дел од сообраќајниците во градот од тешките товарни возила, се гради со средства на Европската агенција за реконструкција.

Битола Инфо

БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ, ЕВРОПСКИ ЛИК - Битолски Весник 06.08.2008

Веќе подолго време Битола наликува на вистинско градилиште. На многу делови од градот, градежната оператива на “Гранит”, “Нискоградба”, “Мак-Строј”, “Урбан инвест’ интензивно работат на довршување на голем број од започнатите инфраструктурни проекти. Се работи би рекле ударнички, дури и на температура од плус 35 степени. Додека илјадници наши сограѓани во овие топли августовски денови се разладуваат покрај дебелите сенки и ладните езерски и морски води, градежните работници и локалната самоуправа на Битола, под будното око на градоначалникот Талески се “капат” во пот и интензивно работат на довршување на започнатите инфраструктурни објекти. Деновиве во локалната самоуправа во Битола, дури во шега ни рекоа дека поради големиот број започнати работи на голем број проекти, градежната оператива не може да ја следи динамиката на изведување на работите, па се чувствува недостигот од градежна работна сила и механизација во градот.
 Навистина во Битола ваква динамична изградба на толку многу инфраструктурни проекти одамна немало. Активностите на голем број инфраструктурни објекти беа повод за ова летно интервју со градоначалникот Владимир Талески.

Битолски весник: Господине Талески на кои проекти моментно е сконцентрирана локалната самоуправа?
Владимир Талески: Работиме на повеќе приоритетни проекти кои се дел од Програмата на Советот, што тој ја носи секоја година. Таа програма е многу обемна, бидејќи проблемите кои ги наследивме од претходната власт на СДСМ беа големи. Ние се трудиме во рамките на нашите можности и во зависност од големината на буџетот, дел од тие проекти, предвидени со Програмата да ги реализираме. Воедно, како локална самоуправа аплицираме за добивање на средства за одредени проекти од Владата, а со нашето аплицирање успеваме да добиеме позитивен одговор за одредени донации, финансиска поддршка и од европските фондови. Во ова прилика сакам да нагласам дека истовремено, има доста и битолски приватни претпријатија кои ни помагаат и од повеќе аспекти се обидуваме да реализираме поголем дел од она што е приоритет во градот.

Б.В.: Општ впечаток на јавноста е дека во реализацијата на сите овие проекти влеговте доста амбициозно. Дали и Вие го делите таквото мислење?
В.Т.: Како локална власт навистина влеговме во остварувањето на една амбициозна програма, за која сметам дека со поддршка на јавните претпријатија, на нашите раководители, на јавната администрација во Општината и поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се обидуваме да ја реализираме максимално колку што можеме. Но знаете, покрај испланираните обврски излегуваат и некои други работи кои не биле предвидени и треба дополнително да се реализираат. Активностите кои се однесуваат на асфалтирањето, главно досега ги изведува градежната фирма “Гранит” и тука навистина имаме една обемна работа и се обидуваме да опфатиме што повеќе пунктови во градот.

Б.В.: Според Вас кој е најкрупен инвестиционен проект што моментно го изведувате?
В.Т.: Проектот на улицата “Прилепска” која се протега до улицата “Железничка” е еден од најкрупните проекти за оваа градежна сезона, а е дел од проектот М5 кој го добивме преку Програмата Интерект 3. Тој не само што е најголем, туку е и најскап проект, чија вредност е околу 750 илјади евра и со него е предвидено комплетно асфалтирање на целиот тој дел со промена на азбестните водоводни цевки, и се она на што стручните екипи ќе делуваат.

Б.В.: До каде се активностите за реализација на проектот за влезот во градот?
В.Т.: Проектот за влезот на Битола дополнително се наоѓа во Владата на ревизија и доколку не постојат одредени проблеми со прашањата за експропријација, мислам дека ќе се реализира и тој крупен проект во градот.

Б.В.: Изминатиот период бевте преокупирани со асфалтирање на голем број улици. Кажете ни кои улици се комплетно завршени?
В.Т.: Веќе се завршени неколку улици во градот како: “Ружа Делчева”, “Васко Карангелевски”, “Социјалистичка”, “Народни херои”, “АСНОМ”. Деновиве ќе се асфалтира дел од улицата “Железничка” и потоа екипите ќе се префрлат кон асфалтирање на улицата “Прилепска”. Потоа ќе се премине кон реализацијата на проектот М5, кој е доста комплициран и сложен зафат од делот на улицата “Прилепска” каде што е Ветеринарната служба, и оттаму до мостот ќе се копа целата улица, ќе се менува канализацијата и по нејзиното покривање и тампонирање, истата ќе се асфалтира. Бидејќи овој дел од градот е доста фреквентен, тој дел ќе го оставиме за на крај и сите капацитети ќе ги насочиме кон реализацијата на тој проект.

Б.В.: Оваа година конечно започна реализацијата на улицата “Железничка”, која беше долги години “чир на градот”?
В.Т.: Улицата “Железничка” ја ветивме и како што можеме да видиме истата и ја реализираме. Во голем дел таму покрај училиштето “Коле Канински” веќе е комплетирана целата подготовка за асфалтирање, решено е и прашањето со експропријација, отстранети се објектите кои пречеа, се изведуваат тековни активности и за брзо време улицата “Железничка” ќе биде финиширана во оваа градежна сезона.

Б.В.: Оваа градежна сезона многу се работеше и на дотерување на градот, на поплочување и уредување на тротоарите и другите површини?
В.Т.: Интервенираме и во градските средини. На пример, го завршивме делот од спротивната страна на Саат кулата. Таму се поставени канделабри, патеки. Деновиве започнаа активностите за изградба на пешачка патека од мостот до следниот мост, спроти “Саат кулата”. Пред Судската зграда се поставува патека идентична со патеката пред Општинската зграда, пешачки патеки се поставени наспроти Автобуската станица. Исто така на улицата “Борис Кидрич” ќе се постави комплетно нова пешачка патека, но претходно таму инфраструктурно ќе се реши осветлувањето и телекомуникациите. И тука на тој дел се планира дополнително и паркинг простор кој се надевам дека наскоро ќе заврши.

Б.В.: Доста бевте ангажирани и за изградба на спортски игралишта?
В.Т.: Се градат и спортски игралишта во повеќе училишта во градот и во селските средини. Тука заедно со Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, се трудевме да им излеземе во пресрет на сите кои побараа изградба на такви спортски објекти. Ние во границите на нашите можности се обидуваме да ги задоволиме сите барања. Тука ќе помогнеме и со дополнителни средства од буџетот. Навистина реализираме доста проекти кои бараат доста финансиски средства, но Општината Битола има капацитет истите да ги реализира.

Б.В.: За реализација на сите овие инфраструктурни зафати, ќе признаете дека се потребни доста пари. Дали локалната самоуправа има средства за реализација на сите овие проекти и како се тие обезбедени?
В.Т.: Годинава, локалната самоуправа максимално се погрижи да ја реализира Програмата, бидејќи во изминатиот период успеавме да ги вратиме сите долгови што ги наследивме од претходната власт на СДСМ. Воедно со максимално домаќинско и ефикасно работење на локалната администрација успеавме во голема мера да го зајакнеме и буџетот на Општината.


Б.В.: До каде се активностите за ревитализација на “Тумбекафе”, проект кој исто така го најавивте дека ќе го реализирате до крајот на Вашиот мандат?
В.Т.: За проектот “Тумбекафе” веќе е прецизирано со директорите на јавните претпријатија како ќе се реализира сето тоа и воедно задолжен е човек од Општината, кој ќе го води проектот. Во тек е изготвувањето на План-програмата, тајмингот кога ќе се стартува и се како ќе изгледа. За поголема интервенција на “Тумбекафе” неопходен е детален урбанистички план, кој не се донесува за брзо време. Неговото донесување го очекувам кон крајот на годинава и затоа во меѓувреме работиме на чистење и средување на зелените површини, патеките, осветлувањето, поставуваме клупи за седење, корпи за отпадоци и правиме едно пријатно рекреативно катче за граѓаните. По донесувањето на ДУП, ќе избереме по пат на оглас најдобро идејно решение за проектот “Тумбекафе” и дури тогаш ќе размислуваме за еден поинаков изглед на ова место.

Б.В.: Најавивте изградба на споменикот на Филип Втори. До каде се активностите за неговата изградба?
В.Т.: Споменикот на Филип Втори е завршен и деновиве ќе пристигне во Р. Македонија. Споменикот се изработуваше во леарница во Нови Сад. Но, тој ќе биде ставен одредено време во мирување, бидејќи претходно сакаме инфраструктурно да го средиме местото каде ќе биде поставен. По завршувањето на инфраструктурниот дел и постаментот, споменикот ќе биде поставен.

Б.В.: Деновиве Битола беше прогласена за град во кој има најдобра бизнис-клима во конкуренција на 20 градови во Југоисточна Европа. Што претставува тоа признание за Вас?
В.Т.: Досега имавме добиено многу награди и признанија од значајни релевантни институции. Но, најмногу и се израдувавме на последната и најважната, а тоа е признанието што Светската банка ни го додели, бидејќи сме Општина која според нивните критериуми е најдобра во условите кои ги дава за таканаречениот “Дуинг бизнис”, и беше прекрасно да се чуе дека Битола како град на културата, град на конзулите, на клавирите, е прв град во бизнисот во споредба со 22 града од 7 земји од Југоисточна Европа. Имаме како Општина одлични оценки за работата и од реномираната УСАИД и од ЗЕЛС.

Б.В.: До каде се активностите за изградбата на Индустриската зона “Жабени”?
В.Т.: Индустриската зона “Жабени” е најдобро подготвениот проект и ниту една друга општина во државава нема изготвено таков проект. Индустриската зона “Жабени” е заокружена со целата документација и досега имам потпишано неколку градежни одобренија. Заедно со директорот на Индустриската зона и директорите на јавните претпријатија се договараме од кој дел и кога ќе стартуваме со инфраструктурните активности кои ќе ги направи Општината Битола.
 Во Индустриската зона партиципира Општината која ќе ја среди целокупната водоводна мрежа, одводната канализација, атмосферската и фекална канализација, ќе се среди телефонијата, се инфраструктурно ќе се среди и по примерот на светските индустриски зони и ќе направиме парцели кои кога ќе бидат готови, Владата ќе ги објави на тендер и заинтересираните да можат тоа регуларно да го добијат.
 Општината Битола убеден сум дека е во врвот на европските општини со својата подготвеност да се понуди пред идните инвеститори. Оние процедури кои би му одзеле време на секој еден инвеститор на пр. 6 месеци, сето тоа во нивно име го среди Општината. Имаме површина за крупни инвестиции од 86 хектари која е сега подготвена, со можност понатаму доколку има потреба да се развива во фази до 230 хектари, за идните 50-тина години. Индустриската зона оној момент кога ќе биде полна со објекти, предвидени се вработувања за 5.000 граѓани на Битола.
 Во оваа прилика сакам да кажам дека ќе мора да ги разочарам луѓето од СДСМ кои не обвинија каде се парите предвидени за електрификација на Индустриската зона “Жабени”, дека парите се наоѓаат во МЕПСО и одделени се за електрификација на Индустриската зона.

Б.В.: Деновиве опозицијата, преку пратеникот Јани Макрадули Ве обвини дека малку сте направиле во градот и изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против Вас. Како ги коментирате Вие таквите изјави?
В.Т.: Некои луѓе од опозицијата кои деновиве ме нападнаа, живеат во некоја зона на самракот, немаат ниту преку советниците од нивните партии информации, ниту пак од граѓаните. Ревизијата која тие ја бараат, сакам да ги информирам дека е направена од страна на државните институции и из-вештајот го очекуваме. Некој од нив се чуди по кои крите-риуми Општината Битола напреднала, но во оваа прилика ќе ги информирам дека кога ги даваа изјавите, веројатно мислеле на некој друг дел од државата, претпоставувам на источниот. Во Битола имаме активности кои ја развиваат Општината, и жалам што некои поранешни наши сограѓани се луѓе кои својата душа ја дале на некој друг град.

Б.В.: Макрадули најави против Вас и поднесување на кривични пријави.
В.Т.: На минатонеделната вонредна седница на ЗЕЛС, градоначалниците од редовите на СДСМ не дојдоа и доставија писмо од Штабот на партијата во кое го откажаа учеството. Мислам, дека СДСМ се наоѓа во една голема криза. ЗЕЛС нема обврска да соработува со политичките партии и мислам дека врз градоначалниците партијата вршела притисок да го напуштат ЗЕЛС, да прават деструкции. Додека на состанокот разговаравме на таа тема, и настаните околу градоначалникот на Струмица Заев, и баравме начин за излез од ситуацијата, паралелно некој од СДСМ информиран за тој состанок дојде во Битола, мислејќи дека е во Струмица и почна да се занимава со криминалните теми. Но, ќе го информирам Јани Макрадули, дека криминал во Битола нема. Тој набрзина дојде во Битола, за да исчита некои фрагменти од неговите советници и во својата паника и очај за излез од кризата во која се наоѓа неговата партија, дури стана експерт за локални теми. Но, штом е експерт за локалните теми во Битола, еве јавно го повикувам да повели на престојните локални избори нека биде мој противкандидат од СДСМ. На сите ние е познат последниот резултат од предвремените избори, можеби Макрадули истиот ќе го смени, но во која насока ќе видиме.

Б.В.: Битола ги живее фестивал-ските денови на “Бит-фест” Колку сте задоволни од досега прикажаното на овој фестивал?
В.Т: “Бит-фест” годинава е преполн со културни настани. На стартот на фестивалот беа во план 75 настани и кажавме дека нема да се држиме строго до таа бројка. Годинава, имаме одлична соработка со организаторите на “Охридско лето”, дел од тие манифестации беа дел од Битолското културно лето. Тука ќе ги споменам настапите на “Леб и сол”, Влатко Стефановски и многу други. Првата половина на август ќе имаме чест да ја видиме преставата на Питер Брук, врвно име во светската театарска уметност.

В.М. Младеновска


 

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО БИТОЛА: Поместен рокот за нова улична сигнализација

Асфалтирањето на главните улици во Битола го одложи поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација. Фирмата “Вија Сигнал“ дури минатата недела почна да ги обележува пешачките премини и сообраќајниците, а замената на старите и поставувањето на нови сообраќајни знаци се уште не е почната. Според општински извори, се чека да се потпише договор со фирмата која ќе ги набави и постави сообраќајните знаци. На јавниот повик првоизбраната фирма не доставила навреме банковна гаранција, па според тоа општинските власти го избрале вториот најповолен понудувач, фирмата “Вија Сигналз“.

Замената на старите и поставување на нови сообраќајни знаци по еврпски стандарди, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот донесен врз основа на овој Закон, требаше да се случи до крајот на декември минатата година.

Важно е да се напомене дека по иницијатива на Автомото друштвото од Битола до крајот на годинава дигитални одбројувачи на време треба да добијат сите семафоризирани крстосници. Во Битола од вкупно 11, досега вакви тајмери се поставени само на три крстосници. Ваквата иницијатива ја финансира Друштвото со вкупно еден милион денари. Според податоците на МВР, во Битола, во првата полвина на 2008 година, односно во периодот јануари-јуни се случиле 50 сообраќајни несреќи со настрадани, што претставува намалување за 13 отсто во споредба со лани, истиот период. Намален е и бројот на жртви, од пет на две, како и бројот на повредени лица од 97 на 74 во сообраќајна незгода.
Porta3 - Н.Ч. - број 91



Edited by beTon - 23-Oct-2008 at 15:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 13-Oct-2008 at 18:35
За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која членуваат и претставници од општините во  Македонија.

Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици, Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици за кои постапката за категоризација е во тек.

Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот превоз.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.324 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.