build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градска инфраструктура (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 27-Jul-2012 at 18:12
@ kultuzin

Твојата листа е одлична потврда дека наводното големо инфраструктурно градење на Скопје во последните 4 години е само пропаганден балон на властодршците и ништо повеќе.

Пред се, не е во ред да се прави споредба само со катастрофалниот период 1998-2008 (иако ниту сегашниве катастрофални 4 години не се ништо подобри и за тоа ќе елаборирам подолу). Засега најпрвин ќе се задржам на периодот после втората светска војна и особено после земјотресот, па се до крајот на 80-тите, кога Скопје навистина се градеше и развиваше инфраструктурно, со неспоредливо побрзо темпо отколку сега. Доволно е да се погледне на Google Earth... Тие десетици километри булевари и илјадници километри улици не паднале од марс. Изградени се во период од околу 4 децении, почнувајќи буквално од нула. Значи не проширувања и реконструкции, туку пробивање и изградба од нула, вклучувајќи и друга најбазична инфраструктура која во најголем дел не постоела: водовод, фекална и атмосферска канализација, фиксна телефонија, современа електродистрибутивна мрежа... Ајде да размислиме како ќе изгледаше денес овој град доколку и во тој период се развивал со вакво „невидено“ темпо како во последните 4 години... Веројатно нешто налик на Јаунде, главниот град на Камерун. Затоа навистина не можам да сфатам како некој може да го величи ова што ни се случува денес...



Во врска со листата која си ја составил, ајде веднаш да ги разграничиме работите - на листата нема место за планирани проекти од кои нема ништо конкретно на повидок, дури ни прокетна документација, а камо ли нешто повеќе (на пример Трета македонска бригада или Јужен булевар, а токму вториов е единствен навистина крупен проект кој би значел некаков суштински помак од она што ни се случува во последните 20 години).

Жардињери и тротоари?  o_0
Тротоарите се убава работа и секако дека се многу потребни, но не станува збор баш за некој мега-проект. Впрочем шампион за тротоари беше Ристо Пенов и не верувам дека некој ќе го надмине, но се разбира за него сепак нема да кажеме дека го градел Скопје како никогаш дотогаш, нели?

Кружни текови се големи инфраструктурни проекти? И што точно значи тоа „квалитетни кружни текови“? Дали постои сериозна сообраќајна студија за барем еден од нив, или се работи за најлесната импровизација која можат да ја направат локалните власти во рамките на нивните способности (често со штетни последици)? Досега единствен квалитетен кружен тек е оној кај католичка црква. Патем, за да ги ставиме во перспектива, те молам најди податок колкава е вкупната цена (макар и да ја напумпале значително) на сите пет кружни текови кои имаат место во твојата листа.

Исто така и смената на асфалт едноставно не може да се смета за битен инфраструктурен проект, особено кога се работи за смешно мали должини кога ќе се соберат сите такви проекти (кои во ваква анемична форма ги имало и порано, не е ништо ново тоа). Тоа е редовно одржување и всушност треба да го има многу повеќе.

Ја спомна жичарницата, според мене тоа е прекрасен проект и една од најсветлите точки во последните години (мада за жал и овој проект остана недовршен). Жичарницата од многу аспекти е инфраструктурен проект, но според намената всушност е рекреативен, така да не знам колку има место во дискусијава.



Значи од твојава листа како посуштински остануваат:

- Булевар Србија (проект кој всушност го започна Трифун, колку и да беше тоа анемично) - Проширување во должина од околу 1,5 километар (на најлесна траса без никакви пречки) и пробивање на нова траса од нецели 200 метри (кои 200 метри се единствениот новопробиен булеварски сегмент во последните 4 години). Никакви позначајни објекти од типот на клучки, подвозници/надвозници и слично.

- Булевар Теодосиј Гологанов (проект во спротивност со ГУП-от и со Јужен булевар) - додавање на една сообраќајна лента (1 километар е завршен, на околу 650 метри се работи во моментов). Најлесна траса без никакви пречки, ниту било какви покомплицирани градежни зафати.

- Булевар Климент Охридски - проширување на 900 метри (вкупно она што е направено и она што сега се гради сега). Повторно траса без никакви пречки, ниту било какви покомплицирани градежни зафати... наједноставен и најефтин можен зафат.

- Булевар Првомајска - Започнато проширување на 2,5 километри, на трасата имаше неколку трафики.

- Булевар Илинден - проширување на 3,1 километар (вкупно она што е направено и она што сега се гради сега), на трасата имаше 2-3 ќумези.

... Не е занемарливо ова што се гради и што се изградило, но е далеку од доволно, а уште помалку заслужува да биде опишано со зборовите дека Скопје се гради како никогаш досега.



Сега ќе се осврнам на периодот кога градоначалници беа Ристо Пенов и Трифун Костовски, со кој период исклучиво сакаш да ја правиш споредбата, иако воопшто не е соодветно. Но дури и во споредба со тој катастрофален период, во последните 4 години нема никакво суштинско поместување, освен тоа што денеска се вложуваат огромни финансии и енергија во спинување на работите. Значи еве го учинокот на Пенов и Костовски:

- Нов мост на Вардар кај транспортен центар.
- Нов мост помеѓу булеварите Србија и Војводина.
- Обновен и ставен во функција мостот помеѓу Нерези и Хром.
- Нова меѓуградска автобуска станица и терминал за приградски автобуси.
- Комплетно новопробиен булевар Словенија во должина од 1,8 километри.
- Пробивање на нов дел од булевар Србија во должина од 650 метри (кое Трифун го изведе на ниво на улица со две ленти) и проширување на булеварот во делот каде поминува измеѓу Ново Лисиче и Јане Сандански во должина 750 метри (во времето на Пенов).
- Пробивање на Теодосиј Гологанов во должина од над 1,5 километри.
- Водњанска - дотогаш беше ужасно хаотична улица поплочена со коцка, каде не се знаеше кој пие кој плаќа (должина 600 метри).
- Неколку нови сообраќајни сегменти околу транспортниот центар, со четири ленти и вкупна должина од над 500 метри.
- Проширување на Првомајска во должина од 1,3 километри.
- Проширување на булевар Гоце Делчев во должина од 800 метри.
- Темелна реконструкција на Димитрија Чуповски (рекорд) и редица други булевари и улици во центарот.
- Целосна трансформација на делот на булеварот 11 Октомври од црвен крст до тутунски комбинат (таму дотогаш имаше коцка).
- Темелна реконструкција на клучката естекада заедно со добар дел од булеварот Војводина и дел од булеварот Александар Македонски.
- Проширување на Трета македонска бригада кај „Пролет“, како и врската со Првомајска (делот од кај „Злате“).
- Изградба на клучката Бит-Пазар.
- Изградба на клучката Континентал.

Сигурно има уште, ама постари работи побргу се забораваат, особено оние поситните зафати и реконструкциите...

Дали е ова импресивна листа? Според денешни критериуми и кога би се применила денешната пропаганда и промивање на мозоци, ова се огромни проекти, кој од кој покапитален. Ама за жал во реалност листата воопшто не е импресивна. Ова се активности сведени на минимум (дел од нив и лошо изведени), колку да се пополни мандатот. Во инфраструктурата треба да вложуваме барем 4-5 пати поголеми финансии и можеби 20 пати повеќе посветеност и сериозност. Ова важи подеднакво и за последните 4 години, и за последните вкупно 20 години. Нема никаква суштинска разлика! Така да не знам од каде е поривот денешната катастрофална ситуација да се претставува како помалку катастрофална од порано. Јас барем живеам овде во Македонија и не сум ниту слеп ниту глуп, некој да ме убедува дека сега „за разлика од порано“ владеел некаков инфраструктурен градежен бум. А ако мислиш дека сум пристрасен или субјективен, те молам прочитај ги моите коментари во нишките за проектите пред Коце да биде градоначалник.

Не ми се воопшто омилени овие дискусии кои се вртат околу споредби на една катастрофа со друга катастрофа (и колку едната катастрофа била подобра од другата), но сметам дека е неопходно да се разбијат некои заблуди кои се резултат на актуелната пропаганда и синдромот на кратко помнење.
Сепак овие дискусии се претурање од шупло во празно... Во ниту еден период од последните 20 години ни од далеку не се градело толку колку што било потребно! Последниве 20 години се апсолутна катастрофа, а последните 4 целосно се вклопуваат во таа слика и освен по агресивната пропаганда, по ништо не се разликуваат. Се работи за празни споредби, кои нема никаде да не однесат. Наместо тоа ајде да дискутираме повеќе за потребата од:

- Квалитетен градски шински превоз, односно современ систем на трам/ЛРТ
- Пaрк & рајд терминали
- Воведување на некаква форма на приградска железница
- Докомплетирање на примарната сообраќајна мрежа - голем број на нови, многу битни сообраќајници и клучки кои ќе имаат огромен и долгорочен позитивен ефект
- Десетици километри атмосферска канализација, а дури ни фекална канализација нема во добар дел од градот...

итн, итн...

Мораме да очекуваме и да бараме многу повеќе од ова што ни се шитка сега!



Edited by Cloverstack - 27-Jul-2012 at 18:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 27-Jul-2012 at 18:34


Во темелни реконструкции би ги истакнал и

- ул железничка
- ул рузвелтова

И ги пропушти калето и кеј 13 ноември и плоштадот како битни проекти на Пенов
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 27-Jul-2012 at 18:52
Originally posted by pbanks



Во темелни реконструкции би ги истакнал и

- ул железничка
- ул рузвелтова

И ги пропушти калето и кеј 13 ноември и плоштадот како битни проекти на Пенов

Да, сега се потсетив реконструкциите на Железничка и Рузвелтова. А овие другиве сепак немаат место во дискусијата бидејќи збориме строго за инфраструктура.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 27-Jul-2012 at 19:01
И сето тоа во време кога градскиот буџет беше неколкукратно помал од сегашниот поради:

-помалите можности на државата како цело
-никаквата децентрализација која беше присутна во декадата по падот на комунизмот.

Би ја додал реконструкцијата и обновата на според мене најубавата слика на Скопје: булеварот ВМРО, кој од реконструкцијата пред повеќе од 10 години, до сега буквално нема мрднато!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 27-Jul-2012 at 19:02
расправава ми наликува на отчет на политички партии и нивни реплики,па реплика на реплика и така до крај.

барем овој форум да го ослободиме од политика.нема ништо поубаво да се дискутира за градби и градење,а фалењата и кудењата да ги оставиме за партиите
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 27-Jul-2012 at 19:25


Ѓоко, ваквата дискусија е редовна диверзија кога треба да се оттргне вниманието од некој непријатен факт. Ете погледни од каде тргна муабетот (во другата нишка од каде што продолжи овде, има линк поназад) и како се наметна потребата за овие споредби. Јас пишав дека овие споредби се непродуктивни и прават дефокусирање од сегашноста и од суштинските прашања кои не мачат денес. Не знам за другите, ама мене воопшто не ми беше целта да правам споредба ради споредба, туку баш да покажам колку е сето тоа беспредметно. Но со оглед дека веќе е преминато во пракса и ни се сервира во секоја прилика кога кога не може аргументирано да се дискутира за било која тема, тогаш редно е барем да ги расчистиме работите и јасно да се покаже дека покрај тоа што ваквите споредби се прилично контрапродуктивни, туку се базирани и на лажнни и изманипулирани информации!

Навистина треба овој форум максимално да го ослободиме од политика, ама за жал политиката никако да го остави на раат овој форум.



Edited by Cloverstack - 27-Jul-2012 at 19:41
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 27-Jul-2012 at 19:46
искрено ваквите дебати ретко ги читам,мене најмногу ме интересираат суви податоци и слики.дебати воопшто не.секој си има свое размислување и однесување.триста луѓе-триста умови,во краен случај ништо лошо.

ПС.можеби затоа најмногу `киснам` на форумите за формула1,таму дефинитивно нема политика
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 28-Jul-2012 at 01:38
Иако ваквите дискусии како погорната имаат воглавно за цел покажување и докажување кој градоначалник односно власт била подобра, сепак ваквата дисусија има и друг аспект. Имено со самото набројување и составување листи на остварени инфрастрктурни проекти се добива подобар преглед на што до сега генерално е остварено ,ирелевантно од тоа кој и како тоа го остварил, и овозможува подобра анализа за како да се планираат и приоретизираат идни проекти.


На пример од дадените листи во споредба со ГУП мене ми е воочливо дека во последно време постои стагнација во воспоставување нови сообраќајни врски преку изградба на мостови. Од осамосојувањето на дравата изградени се три битни сообраќајни мостови: траса на јужен бул. Хром-Влае, Саем-Транспортен центар и втората лента на близнакот кај Ново Лисиче. Два од овие три чинам по нивното пуштање имаа голем ефект на како сообраќајот се одвива во градот, едниот го зголеми капацитетот, другите два овозможија големо пренасочување на сообраќајот од други сообраќајници.


Според ГУП има сеуште четири ако не се лажам неизградени мостови. Од нив еден не е од висок приоритет бидејќи во непосредна близина има други два кои го опслужуваат текот на сообраќајот. Овде говорам нормално за мостот предвиден со бул Крушевска репулика. Но за разлика одо овој мост останатите три драстично ќе го видоизменат начинот на кој сообраќајот се одвива во скопје.

Прво мостот на Илинденска предвиден од Карпош кон Ѓорче Петров дефинитивно ќе ги поврзе побрзо деловите од северо-источниот дел на ЃП до Центар преку Илинденска, со што Илинденска ќе може да се користи со целиот свој капацитет а не само како алтернатива на Партизанска за жителтите во Карпош северно од Партизанска.
Второ мостот позади Влада во голема мера ќе ги растерети мостовите Гоце Делчев и тој кај Александар Палас и ќе овозможи побрза врска на Скопје Север, Чаир и до некаде Бутел со западниот дел од Центар бидејќи ретко кој се одлучува да го користи мостот кај Александар Палас, бидејќи претставува многу кружење а голем проток на мостот Гоце делчев директно значи голем терет за раскрсницата кај Судска Палата што го прави тесно грло и место на бавен проток на сообраќај. Со други зборови овој мост е од највисок приоритет.

Последниот мост е мостот од Аеродром кон Ќерамидница кој дефинитивно ќе овозможи развој на овој дел од Скопје, бидејќи моментално само крајните делови од Ќерамидница овозможуваат комуникација со остатокот на градот каде што едниот крај е кај саем и тој дел е излез од Ќермидница кон западните делови на Скопје, додека другиот е кон подвозникот каде што е сега Бриколаж маркетот, кој всушност е релатвно оптеретен дел бидеќи служи како излез за поголемиот дел од Источно Скопје кон Ммаџари, Илинден и Е-75. Бидејќи Ќерамидница де факто е отсечена од Железара и Гази Баба со пругата дефинитивно и треба овој мост за да почне да комуницира повеќе со Аеродром а со тоа и да има поголем потенцијал за развој.


Значи ова е само моја лаичка анализа на тоа колку би се промениле сообраќајните текови во Скопје, но и развојот на самиот град со изградба на само 3-4 мостови.
Сигурен сум дека придобивките од пробивањето на трасите без мостови зацртани во ГУП како и подигање на пробиените траси на ниво предвидено со ГУП ќе одиграат дополнителна и голема улога во тоа во која насока ќе се развива градот како целина.....а за ефекетот на функционалноста, подигање на квалитето на животната средина и подобрување на економијата со вовдеување на подоброорганизиран јавен транспорт (ЛРТ, градска железница) може само да се претпоставува.


Edited by mirakuliks - 28-Jul-2012 at 01:59
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 28-Jul-2012 at 12:13
мене ми се битни објектите и да користат на граѓаните,а кој градоначалник исполнил или не од ветувањата или направил или не во мандатот ќе си кажат граѓаните на избори.око не ми трепнува за нив
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 28-Jul-2012 at 19:20
@ mirakuliks

Според ГУП-от има и повеќе планирани мостови, но апсолутно си во право кога ја идентификуваше групата од три мостови кои се многу приоритетени во моментов.

Недостатоткот на овие мостови предизвикува големо кружење на одредени релации, а исто така предизвикува преоптовареност на одредени делници и крстросници кои граѓаните се приморани да ги користат како алтернатива. Би било убаво некоја од надлежните институции да ги пресмета трошоците од тие гужви и кружења кои процентуално сигурно опфаќаат огромен процент од сообраќајот во Скопје. Убеден сум дека со заштедите кои би биле резултат од изградбата на тие три мостови, инвестицијата во нив ќе се врати исклучително брзо - толку брзо што е трагично што не ги градиме, макар и на кредит. Навистина е жалосно што година после година, само се зборува, а реализација нема на повидок за ниту еден од нив.

Еве направив една гиф анимација каква е состојбата сега и каква би била состојбата со изградбата на овие три мостови и сообраќајниците кои би оделе во пакет со нив. Мапава е многу упростена и не ја доловува ситуацијата баш којзнае колку, но мислам дека сепак е лесно да се воочат ефектите што би ги имале овие мостови:



Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 04-Aug-2012 at 12:15
Во тек е реконструкцијата на улицата Народен фронт
03.08.2012 | 11:47
Извор: Нетпрес
Прочитано: 162 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Деновиве интензивно се изведуваат градежните работи за комплетната реконструкција на значајни улици во надлежност на Општина Центар со цел истите да добијат нов и модерен лик.
Меѓу нив е и ул.Народен Фронт во населбата Капиштец, каде што по должина на целата улица се обновуваат тротоарите (од Цветен пазар до ул.Рузвелтова).

На тротоарите се поставија нови високи рабници за спречување на непрописното паркирање на возилата. Исто така, старите и дотраени плочи се отстранија, а на нивно место, при крај е поставувањето на специјални плочки од вештачки гранит во две нијанси, на површина од 3.500 метри квадратни.

Предвидено е подигнување на коловозот на крстосниците на двете сервисни улици пред и после ТЦ Беверли Хилс, што ул. Народен фронт ја спојуваат со ул. Васил Ѓоргов.

На местото на подигнатите премини ќе се обнови хоризонтална сигнализација и ќе се постават рефлектирачки белеги (во вид на мачкини окца) или катадиоптри, кои што ќе ги потенцираат овие пешачките премини. Крстосниците ќе бидат поплочени со вештачки гранит и ќе се изедначат со нивото на тротоарот, со цел да се регулира брзината на движење на возилата во сообраќајот и оленување на протокот на пешаците. Овој градежен зафат ќе има функција да ги замени лежечките полицајци. По линијата на двете крстосници ќе се постават специјални заштитни столбчиња за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Просторот кај последна 23-ка е хортикултурно уреден. На корпите кои што ќе бидат поставени на канделабрите, веќе е изработен системот на автоматско полевање капка по капка.
http://www.time.mk/read/b5a32d4873/0a8c664733/index.html
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 04-Aug-2012 at 14:21
Нека не се лаже дека просторот кај 23-ка е уреден. Кој живее у близина нека сликне да се евидентира дека само просторот каде што се чека автобус остана несреден, и асфалтот е целосно изеден.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Faciste View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 27-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Faciste Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 05-Aug-2012 at 04:46
Кај Охридска банка е многу лошо поради високо-рабници на тротоарот нема пристап за инвалиди.
Значи (доколку некој памти) од Фершпед зградата према Феротурист зградата нема пристап за инвалиди.
Уште полошо е што во оваа населба има инвалиди кои секојдневно се движат на тие тротоари. Од општината на жалбата одговорија да си најмат лица кои ќе им помагаат на тие инвалиди за движење низ населбата поради тоа што тоа не било нивна работа.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 05-Aug-2012 at 13:20
Originally posted by Faciste

Кај Охридска банка е многу лошо поради високо-рабници на тротоарот нема пристап за инвалиди.
Значи (доколку некој памти) од Фершпед зградата према Феротурист зградата нема пристап за инвалиди.
Уште полошо е што во оваа населба има инвалиди кои секојдневно се движат на тие тротоари. Од општината на жалбата одговорија да си најмат лица кои ќе им помагаат на тие инвалиди за движење низ населбата поради тоа што тоа не било нивна работа.


У право си за ова, баш на клупите пред Охридска банка имам забележано лица со инвалидитет. Но не само тука, во најголем дел од централното подрачје каде што ставаа нови коцки, патеките ги подигнаа за некој сантиметар.
Ова е познато во Македонија, колку и да е некој проект добар, колку и да е стварно од корист и за населбата и за граѓаните, сепак нешто мора да се зезне. За жал, инвалидите имаат ретко приспособен тротоар во Скопје, слично е и со слепите лица, за кои нема соодветни коцки на тротоарите.
23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 05-Aug-2012 at 14:10
И што кога ќе направат ниски рабници кога на тротоарите ќе има паркирано автомобили. Проблемот во Скопје е многу комплициран и според мене треба многу анализи и барање на решенија како да се спречи сообраќајното дивјаштво кое владее. Се додека се водиме со девизата „не пакирам само таму каде физички неможам„ тешко ќе биде да добиеме пристојни тротоари и непречено движење на инвалиди, велосипедисти и обични пешаци. Колку сме катастрофални на тоа поле може слободно да тестирате со кофер на тркалца, земете го во рака и тркалајте го од точа А до точка Б, ќе видите дека секој 100 метри ќе треба да го подигате во рака, што е одличен показател како не треба да се прават тротоарите. Можам само да змислам како им е на инвалидите и навистина се сожалувам со нив.


Edited by kultuzin - 05-Aug-2012 at 14:11
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 05-Aug-2012 at 20:10

Како подкрепа на погорниот пост.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 05-Aug-2012 at 23:45
а баш иронијата е во тоа што рабниците на кругот се прилично високи Stern%20Smile
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 06-Aug-2012 at 00:05
вакви широки траги остава само џип,а нему не му е гајле колку се високи рабниците
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 06-Aug-2012 at 00:11

Не ја следам многу дискусијава за рабнициве... 

Ама мое лично мислење е дека кога станува збор за премини за пешаци и за велосипеди, треба да се на ниво на коловозот... односно воопшто да ги нема... освен преминот од повисоко до ниво на коловозот...

А во други случаи да си бидат нормални рабници... односно кога станува збор за пешачки и велосипедски патеки... тротоари...

И уште за еден случај... односно кага станува збор за средишно зеленило, кружни текови... да бидат на ниво на оние кои се на булевар Србија... освен ако средишното зеленило е уредено со жардињери...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 06-Aug-2012 at 00:14
Originally posted by kultuzin

Како подкрепа на погорниот пост.

Добро а ова... дали мене ми се чини... или нешто не е во ред со двете фотографии... и кај едната и другата има траги од возило... ама само на втората тие две саксии се искршени... како по првата фотографија некој да ги испокршил пред да се направи втората фотографија...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.990 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.