build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Apr-2008 at 18:32
Previous Па супер! Коцката не само што изгледа многу поубаво отколку асфалт, туку и е многу попрактична кога станува збор за прекопување и слично, бидејќи коцките само се вадат и после се враќаат, без да остави некакви очигледни траги како што би имало кога улицата би се прекопувала. И дај не заебавај, секаде во свет се зачувуваат коцките...

А Старата железничка станица и коцката се ЕДИНСТВЕНИОТ симбол на старо Скопје?! Пази го симболов на старо Скопје - КОЦКАТА пред Бристол!! А што е Бристол,  ТИПО и Ристиќева палата и еден куп други згради?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-Apr-2008 at 18:35


Па зарем не беше доволно прекопување???

Плус тоа не гледам што менува еден таков краток сегмент дали ќе бил од коцка, дури и да ги подржував аргументите за таа да остане. Мене надлежните ми изгледаат ко муви без глава.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Apr-2008 at 18:44
Originally posted by Cloverstack



Па зарем не беше доволно прекопување???

Плус тоа не гледам што менува еден таков краток сегмент дали ќе бил од коцка, дури и да ги подржував аргументите за таа да остане. Мене надлежните ми изгледаат ко муви без глава.


Изгледа никогаш не е доволно прекопување...

Па што им менува дали е  коцка на надлежните? Повеќето ја сакаат таа коцка, а и супер си е со коцка заедно со Бристол и стара железничка па нека не чепкаат.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Apr-2008 at 18:46
Пред стара железничка сепак не е коцка туку асфалт. А да се зачувува коцка на само толку краток сегмент ми е малку бесмислено...
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-Apr-2008 at 22:09
Глупости. Во цело скопје останаа 150 метри глупава коцка и сега да ја чуваме за што? Зашто 20 граѓани се јавиле у дневник да се пожалат..
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-Apr-2008 at 22:23
И мене ми е глупава идејава со коцката. Се замислуваме Париз со булевари коцка, перфектно наредени и долги со километри. Мислам на овие 150 метри глупаво е што воопшто се води дебата што ќе се стави.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Apr-2008 at 23:17
Баш би сакал некој поголем дел од пешачката зона во Мал Ринг да биде поплочен со ваква старинска гранитна коцка, наместо мало сегментче од улица по која е дозволен сообраќај, ама тоа е веќе сосема друга приказна...
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Apr-2008 at 23:36
dobro ,,sigurno ke ja sredat taa kocka i ke bide solidno napravena ,,,,,a ne kako prethodno so krateri na site strani ..
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Apr-2008 at 23:16

Се враќа коцката на улица „Македонија“

Од вчера почна да се реди коцката на третиот дел од улицата „Македонија“. Враќањето на коцката на оваа фреквентна сообраќајница во центарот градот ги подгреа надежите на корисниците на оваа улица дека таа наскоро ќе биде предадена во употреба откако неколку месеци беше затворена за сообраќај поради изведба на нова канализациска мрежа. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8AA1C49E0D266C46B915D207499F52FE

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-May-2008 at 13:32
Интересна и актуелна тема сегде низ светот....кој модел е подобар/поефикасен ЈП (Јавно Претпријатие) или ЈПП (Јавно-Приватно Претпријатие)??? Јавните претпријатија се катастрофа и треба да има промени но дали е подобро да им се одврзат рацете на јавните претпријатија да си ја вршат работата(отпуштања и ценовни покачувања итн.... ) или пак целата одговорност да се предаде на приватњаци.....што мислите вие??????
 
 
ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Англичани, Австријци и Словенци сакаат да го купат "Улици и патишта"
Приватизацијата на "Улици" треба да покаже дали на ист начин да се приватизираат и останатите јавни градски претпријатија

Англиска, австриска и словенечка фирма се заинтересирани да стопанисуваат со ЈП "Улици и патишта". Од претпријатието велат дека, покрај нашето градежно претпријатие "Гранит", интерес да ги крпат дупките низ Скопје покажале и три странски фирми.
"Рано е да зборуваме дека некоја од овие фирми наскоро ќе биде сопственик на дел од ЈП 'Улици и патишта'. Има уште многу работа. Треба консултантска куќа да направи процена на претпријатието, за да можат идните сопственици да знаат во каква состојба се наоѓаме. Потоа треба да се распише јавен оглас. Ќе ја одбереме фирмата која ќе понуди најмногу влезен капитал и најсовремени машини и опрема. За целата оваа процедура требаат околу две години", вели Илија Мартиновски, директор на ЈП "Улици и патишта".
"Улици и патишта", според планот на градските власти, ќе биде пилот-проект во процесот на приватизација на јавните претпријатија. Ако овој принцип се покаже успешен, по тој модел ќе оди и трансформацијата на другите претпријатија кои се под капата на Градот.
Од претпријатието велат дека, и покрај приватизацијата, доминантен сопственик на "Улици " ќе биде Градот. Претпријатието ќе се трансформира по моделот јавно - приватно претпријатие, што значи дека управувачкиот пакет ќе го задржи Градот, а странската фирма би имала помал дел од сопственоста. Претпријатието со години наназад бележи загуби во работењето, работи со блокирани сметки поради долгови, а опремата со која располага е стара и дотраена. Градските власти одлучија дека за спас на претпријатието неопходно е во него а влезе и приватен капитал. (А.А.

Vest
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-May-2008 at 13:49


Со изборот на моделот не се завршува приказната, туку за успех или неуспех пред се одлучуваат други фактори (во самото општество и институциите) како одговорност, работа, стручност, отчет... Ако овие недостасуваат, џабе е било каков, па дури и идеален модел.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-May-2008 at 14:01

Заклучокот ти е на место но како напред....можеби некои од овие фактори ќе се "решат" со самиот модел.....на пример сите сме свесни дека има голема разлика помеѓу државна и приватна фирма (што се очекува од работникот итн). После сите приватизации има масовни отпуштања можеби тука лежи проблемот со ефикасноста, мотивацијата, одговорноста.....

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-May-2008 at 15:45
И ти си во право, ама јас не зборев конкретно за факторите во претпријатијата, туку преовладувачките фактори во општеството воопшто. На крајот на краиштата една ластовичка секако не ја прави пролетта. Поентата е дека причините за тоа какво општество и држава сме се многу длабоки. Како нација ни треба генерално менување на свеста и менталитетот. Без тоа, никакви модели и шминки нема да ни донесат суштински напредок.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-May-2008 at 18:56
Kaldrmata e skoro gotova na Ul,Makedonija





Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-May-2008 at 15:31
Ваљда нема да измислат некое ново прекопување сега...

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=76E939B07F648F44B64DF9A4BCB5EAAB

Улицата Македонија конечно готова

Третиот дел од улицата Македонија, на потегот од улицата Даме Груев до Мито Хаџивасилев-Јасмин е пуштен во сообраќај. Со тоа заврши комплетната реконструкција на оваа улица, што Општина Центар ја вршеше во изминативе четири години.Овој дел пролетва третпат беше раскопан поради обнова на водоводната мрежа и поставување нова атмосферска канализација. Со замената на инсталациите, чиј капацитет не ја задоволуваше бројноста на граѓаните и на градбите, ќе се спречат поплавите по секој пороен дожд - велат од Општината Центар. Во рамките на овој проект извршена е и комплетна реконструкција на коцката од коловозот. Лани Центар ги реконструираше тротоарите на овој дел од улицата и постави клупи, канти за отпадоци и комплетно ново осветление.  Поставени се и нови рабници, електрична инсталација и осум канделабри. На тротоарите има и заштитни столпчиња за да се спречи паркирањето на возила, со што ќе се заштити гранитот. Овој дел од улицата доби и девет клупи, шест жардиниери и 11 канти за отпадоци, а засадени се и осум дрвја од видот лириодендрони, какви што има на првите две делници. Клупите имаат сосема нов дизајн, тие се полукружни, но помали - велат општинските власти.

(А.П.)


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 09-Sep-2008 at 09:57
Започна изградбата на источната трансферзала

Во месноста Бејбунар денеска на свечен начин беше означен почетокот на изградбата на источната трансферзала која во голема мерка треба да го растовари одвивањето на сообраќајот во Охрид, особено во летната туристичка сезона. Во првата фаза ќе бидат изградени 850 метри од бензинската пумпа Билјанини извори до Бејбунар и уште 150 метри од тука  до ул. „Баталјон Мирче Ацев“.


Почетокот на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој истакна  дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана.  „Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.

Тој напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта.
Петрески во изјава за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација.


http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=7241


Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 15:05
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 09-Sep-2008 at 23:23
Ништо посебно, чисто поради евиденција.....

ОВАА ГОДИНА ПРОЕКТ, В ГОДИНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Ќе бидат санирани дупките и слабите огради на скопските мостови

Со проектот се опфатени десет сообраќајни и два пешачки моста, на кои нема да се прават поголеми градежни зафати, односно нема да се интервенира во конструкциите


На Мостот Гоце Делчев има пукнатини, иако пред пет години беше
целосно реконструиран

Градските власти за еден месец ќе распишат јавен повик за изработка на проект за санација на мостовите на реката Вардар. Станува збор за најавеното уредување на коловозните и на тротоарските површини на мостовите, како и за санација на оградите и на осветлувањето. Од Градот велат дека нема да се прават поголеми зафати, односно нема да се интервенира во конструкциите на мостовите. Со проектот се опфатени десет сообраќајни и два пешачки моста.Во Градот велат дека оваа година ќе се изработи проектот, а идната ќе се реализира. Објаснувањето е дека во Буџетот за 2008 година биле предвидени средства само за изработка на проект. Сепак, до реализација на проектот, ќе се одвива тековно одржување на мостовите.Ако во меѓувреме на одредени мостови се појават поголеми оштетувања на тротоарите и на коловозите, истите ќе бидат интервентно санирани. Главна цел е поголема безбедност на возачите и на пешаците. Оваа година извршивме замена на оградата на надвозникот „Дијамант“ во Автокоманда, а беше санирана тротоарската површина и осветлението на мостот кај Народна банка - велат градските власти.

По налог на градоначалникот Трифун Костовски ,Секторот за урбанизам направи анализа за потребата од санација на сите мостови во Скопје. Проектната анализа требаше да покаже во кој обем ќе се санираат мостовите. При правењето на анализата стручните екипи требаше да ја утврдат состојбата на коловозот, тротоарите, оградите, осветлувањето и на конструкцијата на мостовите. Исто така, се правеше процена за времето и за парите потребни за реализација на санацијата. Според извештајот, скопските мостови немаат големи оштетувања.

- Евидентирани се помали оштетувања на коловозите и на тротоарите, слабо осветление и оштетувања на дел од оградите на дванаесетте моста - велат во Градот.На некои од скопските мостови не им е безбедна оградата, имаат искршени тротоари или пукнатини. На Мостот Гоце Делчев, кој иако пред пет години беше целосно реконструиран, сега има пукнатини што оставаат сомнеж за неговата безбедност.Во најлоша состојба е Мостот Обединети нации во Карпош. Пред неколку години градските власти зборуваа како на овој мост му е потребна целосна реконструкција, но истовремено даваа изговори дека не можат никако да најдат пари за таква реализација. На Мостот Слобода кај хотелот „Холидеј ин“ му треба поиздржлива ограда. Таму се чести сообраќајните несреќи при кои возилата ја кршат оградата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5582E42B293D5043955ED2CE9EC7423A


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Oct-2008 at 04:10

Променет сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

На мостот „Гоце Делчев“ од утре ќе биде променет сообраќајниот режим. Промената следува поради реконструкција на мостот и е во согласност со основниот сообраќаен проект за привремен режим на сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“, соопштуваат од Градот. Сите учесници во сообраќајот треба да се придржуваат кон изменетиот режим додека траат градежните зафати и да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација. (Сн.К.)

utrinski
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Oct-2008 at 18:35
За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која членуваат и претставници од општините во  Македонија.

Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици, Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици за кои постапката за категоризација е во тек.

Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот превоз.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Oct-2008 at 10:23

Тешките камиони ќе одат на битолската обиколница

Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат

Битола - Финишира реконструкцијата на битолските сообраќајници и улици што започна оваа градежна сезона. Од денеска околу 15 од тампонираните патишта, меѓу кои и транзитната обиколница која е дел од магистралниот пат М-5, ќе се асфалтираат. Со тоа се очекува сообраќајот да се пренасочи на обиколницата и градот да се растовари од движењето на тешките товарни возила по тесните градски улици. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Маврово инженеринг“, која го доби тендерот распишан од Општината.

„Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат. Тука влегуваат ’Индустриска‘, ’Никола Тесла‘, улиците ’Пецо Божиновски‘ и ’Столарска‘, ’Широка‘, како и улицата ’Железничка‘, така што ќе се доврши и кракот од магистралата М-5. За една недела ќе се асфалтира и улицата ’Прилепска‘“, вели Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Напоредно со асфалтирањето, новата транзитна обиколница, која зафаќа 2.300 метри, ќе добие и осветление. Светилки ќе бидат поставени во должина од три километри.

Реконструкцијата и изведувањето на подземната инфраструктура на сообраќајниците и помалите улици на периферијата од градот се финансирани од буџетот на Општината, додека, пак, изградбата на обиколницата, со која се очекува да се растоварат дел од сообраќајниците во градот од тешките товарни возила, се гради со средства на Европската агенција за реконструкција.

Битола Инфо

БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ, ЕВРОПСКИ ЛИК - Битолски Весник 06.08.2008

Веќе подолго време Битола наликува на вистинско градилиште. На многу делови од градот, градежната оператива на “Гранит”, “Нискоградба”, “Мак-Строј”, “Урбан инвест’ интензивно работат на довршување на голем број од започнатите инфраструктурни проекти. Се работи би рекле ударнички, дури и на температура од плус 35 степени. Додека илјадници наши сограѓани во овие топли августовски денови се разладуваат покрај дебелите сенки и ладните езерски и морски води, градежните работници и локалната самоуправа на Битола, под будното око на градоначалникот Талески се “капат” во пот и интензивно работат на довршување на започнатите инфраструктурни објекти. Деновиве во локалната самоуправа во Битола, дури во шега ни рекоа дека поради големиот број започнати работи на голем број проекти, градежната оператива не може да ја следи динамиката на изведување на работите, па се чувствува недостигот од градежна работна сила и механизација во градот.
 Навистина во Битола ваква динамична изградба на толку многу инфраструктурни проекти одамна немало. Активностите на голем број инфраструктурни објекти беа повод за ова летно интервју со градоначалникот Владимир Талески.

Битолски весник: Господине Талески на кои проекти моментно е сконцентрирана локалната самоуправа?
Владимир Талески: Работиме на повеќе приоритетни проекти кои се дел од Програмата на Советот, што тој ја носи секоја година. Таа програма е многу обемна, бидејќи проблемите кои ги наследивме од претходната власт на СДСМ беа големи. Ние се трудиме во рамките на нашите можности и во зависност од големината на буџетот, дел од тие проекти, предвидени со Програмата да ги реализираме. Воедно, како локална самоуправа аплицираме за добивање на средства за одредени проекти од Владата, а со нашето аплицирање успеваме да добиеме позитивен одговор за одредени донации, финансиска поддршка и од европските фондови. Во ова прилика сакам да нагласам дека истовремено, има доста и битолски приватни претпријатија кои ни помагаат и од повеќе аспекти се обидуваме да реализираме поголем дел од она што е приоритет во градот.

Б.В.: Општ впечаток на јавноста е дека во реализацијата на сите овие проекти влеговте доста амбициозно. Дали и Вие го делите таквото мислење?
В.Т.: Како локална власт навистина влеговме во остварувањето на една амбициозна програма, за која сметам дека со поддршка на јавните претпријатија, на нашите раководители, на јавната администрација во Општината и поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се обидуваме да ја реализираме максимално колку што можеме. Но знаете, покрај испланираните обврски излегуваат и некои други работи кои не биле предвидени и треба дополнително да се реализираат. Активностите кои се однесуваат на асфалтирањето, главно досега ги изведува градежната фирма “Гранит” и тука навистина имаме една обемна работа и се обидуваме да опфатиме што повеќе пунктови во градот.

Б.В.: Според Вас кој е најкрупен инвестиционен проект што моментно го изведувате?
В.Т.: Проектот на улицата “Прилепска” која се протега до улицата “Железничка” е еден од најкрупните проекти за оваа градежна сезона, а е дел од проектот М5 кој го добивме преку Програмата Интерект 3. Тој не само што е најголем, туку е и најскап проект, чија вредност е околу 750 илјади евра и со него е предвидено комплетно асфалтирање на целиот тој дел со промена на азбестните водоводни цевки, и се она на што стручните екипи ќе делуваат.

Б.В.: До каде се активностите за реализација на проектот за влезот во градот?
В.Т.: Проектот за влезот на Битола дополнително се наоѓа во Владата на ревизија и доколку не постојат одредени проблеми со прашањата за експропријација, мислам дека ќе се реализира и тој крупен проект во градот.

Б.В.: Изминатиот период бевте преокупирани со асфалтирање на голем број улици. Кажете ни кои улици се комплетно завршени?
В.Т.: Веќе се завршени неколку улици во градот како: “Ружа Делчева”, “Васко Карангелевски”, “Социјалистичка”, “Народни херои”, “АСНОМ”. Деновиве ќе се асфалтира дел од улицата “Железничка” и потоа екипите ќе се префрлат кон асфалтирање на улицата “Прилепска”. Потоа ќе се премине кон реализацијата на проектот М5, кој е доста комплициран и сложен зафат од делот на улицата “Прилепска” каде што е Ветеринарната служба, и оттаму до мостот ќе се копа целата улица, ќе се менува канализацијата и по нејзиното покривање и тампонирање, истата ќе се асфалтира. Бидејќи овој дел од градот е доста фреквентен, тој дел ќе го оставиме за на крај и сите капацитети ќе ги насочиме кон реализацијата на тој проект.

Б.В.: Оваа година конечно започна реализацијата на улицата “Железничка”, која беше долги години “чир на градот”?
В.Т.: Улицата “Железничка” ја ветивме и како што можеме да видиме истата и ја реализираме. Во голем дел таму покрај училиштето “Коле Канински” веќе е комплетирана целата подготовка за асфалтирање, решено е и прашањето со експропријација, отстранети се објектите кои пречеа, се изведуваат тековни активности и за брзо време улицата “Железничка” ќе биде финиширана во оваа градежна сезона.

Б.В.: Оваа градежна сезона многу се работеше и на дотерување на градот, на поплочување и уредување на тротоарите и другите површини?
В.Т.: Интервенираме и во градските средини. На пример, го завршивме делот од спротивната страна на Саат кулата. Таму се поставени канделабри, патеки. Деновиве започнаа активностите за изградба на пешачка патека од мостот до следниот мост, спроти “Саат кулата”. Пред Судската зграда се поставува патека идентична со патеката пред Општинската зграда, пешачки патеки се поставени наспроти Автобуската станица. Исто така на улицата “Борис Кидрич” ќе се постави комплетно нова пешачка патека, но претходно таму инфраструктурно ќе се реши осветлувањето и телекомуникациите. И тука на тој дел се планира дополнително и паркинг простор кој се надевам дека наскоро ќе заврши.

Б.В.: Доста бевте ангажирани и за изградба на спортски игралишта?
В.Т.: Се градат и спортски игралишта во повеќе училишта во градот и во селските средини. Тука заедно со Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, се трудевме да им излеземе во пресрет на сите кои побараа изградба на такви спортски објекти. Ние во границите на нашите можности се обидуваме да ги задоволиме сите барања. Тука ќе помогнеме и со дополнителни средства од буџетот. Навистина реализираме доста проекти кои бараат доста финансиски средства, но Општината Битола има капацитет истите да ги реализира.

Б.В.: За реализација на сите овие инфраструктурни зафати, ќе признаете дека се потребни доста пари. Дали локалната самоуправа има средства за реализација на сите овие проекти и како се тие обезбедени?
В.Т.: Годинава, локалната самоуправа максимално се погрижи да ја реализира Програмата, бидејќи во изминатиот период успеавме да ги вратиме сите долгови што ги наследивме од претходната власт на СДСМ. Воедно со максимално домаќинско и ефикасно работење на локалната администрација успеавме во голема мера да го зајакнеме и буџетот на Општината.


Б.В.: До каде се активностите за ревитализација на “Тумбекафе”, проект кој исто така го најавивте дека ќе го реализирате до крајот на Вашиот мандат?
В.Т.: За проектот “Тумбекафе” веќе е прецизирано со директорите на јавните претпријатија како ќе се реализира сето тоа и воедно задолжен е човек од Општината, кој ќе го води проектот. Во тек е изготвувањето на План-програмата, тајмингот кога ќе се стартува и се како ќе изгледа. За поголема интервенција на “Тумбекафе” неопходен е детален урбанистички план, кој не се донесува за брзо време. Неговото донесување го очекувам кон крајот на годинава и затоа во меѓувреме работиме на чистење и средување на зелените површини, патеките, осветлувањето, поставуваме клупи за седење, корпи за отпадоци и правиме едно пријатно рекреативно катче за граѓаните. По донесувањето на ДУП, ќе избереме по пат на оглас најдобро идејно решение за проектот “Тумбекафе” и дури тогаш ќе размислуваме за еден поинаков изглед на ова место.

Б.В.: Најавивте изградба на споменикот на Филип Втори. До каде се активностите за неговата изградба?
В.Т.: Споменикот на Филип Втори е завршен и деновиве ќе пристигне во Р. Македонија. Споменикот се изработуваше во леарница во Нови Сад. Но, тој ќе биде ставен одредено време во мирување, бидејќи претходно сакаме инфраструктурно да го средиме местото каде ќе биде поставен. По завршувањето на инфраструктурниот дел и постаментот, споменикот ќе биде поставен.

Б.В.: Деновиве Битола беше прогласена за град во кој има најдобра бизнис-клима во конкуренција на 20 градови во Југоисточна Европа. Што претставува тоа признание за Вас?
В.Т.: Досега имавме добиено многу награди и признанија од значајни релевантни институции. Но, најмногу и се израдувавме на последната и најважната, а тоа е признанието што Светската банка ни го додели, бидејќи сме Општина која според нивните критериуми е најдобра во условите кои ги дава за таканаречениот “Дуинг бизнис”, и беше прекрасно да се чуе дека Битола како град на културата, град на конзулите, на клавирите, е прв град во бизнисот во споредба со 22 града од 7 земји од Југоисточна Европа. Имаме како Општина одлични оценки за работата и од реномираната УСАИД и од ЗЕЛС.

Б.В.: До каде се активностите за изградбата на Индустриската зона “Жабени”?
В.Т.: Индустриската зона “Жабени” е најдобро подготвениот проект и ниту една друга општина во државава нема изготвено таков проект. Индустриската зона “Жабени” е заокружена со целата документација и досега имам потпишано неколку градежни одобренија. Заедно со директорот на Индустриската зона и директорите на јавните претпријатија се договараме од кој дел и кога ќе стартуваме со инфраструктурните активности кои ќе ги направи Општината Битола.
 Во Индустриската зона партиципира Општината која ќе ја среди целокупната водоводна мрежа, одводната канализација, атмосферската и фекална канализација, ќе се среди телефонијата, се инфраструктурно ќе се среди и по примерот на светските индустриски зони и ќе направиме парцели кои кога ќе бидат готови, Владата ќе ги објави на тендер и заинтересираните да можат тоа регуларно да го добијат.
 Општината Битола убеден сум дека е во врвот на европските општини со својата подготвеност да се понуди пред идните инвеститори. Оние процедури кои би му одзеле време на секој еден инвеститор на пр. 6 месеци, сето тоа во нивно име го среди Општината. Имаме површина за крупни инвестиции од 86 хектари која е сега подготвена, со можност понатаму доколку има потреба да се развива во фази до 230 хектари, за идните 50-тина години. Индустриската зона оној момент кога ќе биде полна со објекти, предвидени се вработувања за 5.000 граѓани на Битола.
 Во оваа прилика сакам да кажам дека ќе мора да ги разочарам луѓето од СДСМ кои не обвинија каде се парите предвидени за електрификација на Индустриската зона “Жабени”, дека парите се наоѓаат во МЕПСО и одделени се за електрификација на Индустриската зона.

Б.В.: Деновиве опозицијата, преку пратеникот Јани Макрадули Ве обвини дека малку сте направиле во градот и изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против Вас. Како ги коментирате Вие таквите изјави?
В.Т.: Некои луѓе од опозицијата кои деновиве ме нападнаа, живеат во некоја зона на самракот, немаат ниту преку советниците од нивните партии информации, ниту пак од граѓаните. Ревизијата која тие ја бараат, сакам да ги информирам дека е направена од страна на државните институции и из-вештајот го очекуваме. Некој од нив се чуди по кои крите-риуми Општината Битола напреднала, но во оваа прилика ќе ги информирам дека кога ги даваа изјавите, веројатно мислеле на некој друг дел од државата, претпоставувам на источниот. Во Битола имаме активности кои ја развиваат Општината, и жалам што некои поранешни наши сограѓани се луѓе кои својата душа ја дале на некој друг град.

Б.В.: Макрадули најави против Вас и поднесување на кривични пријави.
В.Т.: На минатонеделната вонредна седница на ЗЕЛС, градоначалниците од редовите на СДСМ не дојдоа и доставија писмо од Штабот на партијата во кое го откажаа учеството. Мислам, дека СДСМ се наоѓа во една голема криза. ЗЕЛС нема обврска да соработува со политичките партии и мислам дека врз градоначалниците партијата вршела притисок да го напуштат ЗЕЛС, да прават деструкции. Додека на состанокот разговаравме на таа тема, и настаните околу градоначалникот на Струмица Заев, и баравме начин за излез од ситуацијата, паралелно некој од СДСМ информиран за тој состанок дојде во Битола, мислејќи дека е во Струмица и почна да се занимава со криминалните теми. Но, ќе го информирам Јани Макрадули, дека криминал во Битола нема. Тој набрзина дојде во Битола, за да исчита некои фрагменти од неговите советници и во својата паника и очај за излез од кризата во која се наоѓа неговата партија, дури стана експерт за локални теми. Но, штом е експерт за локалните теми во Битола, еве јавно го повикувам да повели на престојните локални избори нека биде мој противкандидат од СДСМ. На сите ние е познат последниот резултат од предвремените избори, можеби Макрадули истиот ќе го смени, но во која насока ќе видиме.

Б.В.: Битола ги живее фестивал-ските денови на “Бит-фест” Колку сте задоволни од досега прикажаното на овој фестивал?
В.Т: “Бит-фест” годинава е преполн со културни настани. На стартот на фестивалот беа во план 75 настани и кажавме дека нема да се држиме строго до таа бројка. Годинава, имаме одлична соработка со организаторите на “Охридско лето”, дел од тие манифестации беа дел од Битолското културно лето. Тука ќе ги споменам настапите на “Леб и сол”, Влатко Стефановски и многу други. Првата половина на август ќе имаме чест да ја видиме преставата на Питер Брук, врвно име во светската театарска уметност.

В.М. Младеновска


 

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО БИТОЛА: Поместен рокот за нова улична сигнализација

Асфалтирањето на главните улици во Битола го одложи поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација. Фирмата “Вија Сигнал“ дури минатата недела почна да ги обележува пешачките премини и сообраќајниците, а замената на старите и поставувањето на нови сообраќајни знаци се уште не е почната. Според општински извори, се чека да се потпише договор со фирмата која ќе ги набави и постави сообраќајните знаци. На јавниот повик првоизбраната фирма не доставила навреме банковна гаранција, па според тоа општинските власти го избрале вториот најповолен понудувач, фирмата “Вија Сигналз“.

Замената на старите и поставување на нови сообраќајни знаци по еврпски стандарди, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот донесен врз основа на овој Закон, требаше да се случи до крајот на декември минатата година.

Важно е да се напомене дека по иницијатива на Автомото друштвото од Битола до крајот на годинава дигитални одбројувачи на време треба да добијат сите семафоризирани крстосници. Во Битола од вкупно 11, досега вакви тајмери се поставени само на три крстосници. Ваквата иницијатива ја финансира Друштвото со вкупно еден милион денари. Според податоците на МВР, во Битола, во првата полвина на 2008 година, односно во периодот јануари-јуни се случиле 50 сообраќајни несреќи со настрадани, што претставува намалување за 13 отсто во споредба со лани, истиот период. Намален е и бројот на жртви, од пет на две, како и бројот на повредени лица од 97 на 74 во сообраќајна незгода.
Porta3 - Н.Ч. - број 91



Edited by beTon - 23-Oct-2008 at 15:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.