build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градска инфраструктура (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 19-Feb-2015 at 22:24
Па ќе кажам срамота е да се нема соодветни машини и алати за нивелирање на шахти, цртање на бели линиии, крпење надупки и други тековни и секојдневни задачи кои ги врши оваа претпријатие. 
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 04-Mar-2015 at 19:02
Граѓаните чекаат Градот да ја затвори дупката кај Мавровка

Сообраќајната лента за десно вртење во насока од Бит-пазар кон стоковната куќа -Илинден кај ТЦ Мавровка беше раскопана во неделата. Тој потег беше затворен за сообраќај, а на терен можеше да се види поставена табла на Град Скопје и екипи кои работата на терен.



повеќе на линкот: vecer.mk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 19-Mar-2015 at 11:16
Почна изградбата на пешачки натпатник меѓу Хиподром и Инџиково

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за изведба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје – Петровец, што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково во општина Гази Баба. „Градот Скопје на оваа локација сега ќе изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби“, изјави градоначалникот Трајановски.







Натпатникот ќе биде долг 63 метри, широк 5,4 метри, додека површината за движење ќе биде широка 3,1 метри. По неговата должина ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. На двете страни од оградата ќе се постават две електронски информативни табли и натпатникот ќе биде осветлен со 12 канделабри. За реализацијата на овој проект се предвидени финансии во висина од 38 милиони денари. Изготвувач на техничката документација е „Давос инвест“, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“, која треба истите да ги комплетира во рок од 9 месеци.

http://www.build.mk/?p=43673
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 19-Mar-2015 at 12:19

9 месеци ќе им бидат потребни да изградат еден натпатник? Импресивно.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 05-Apr-2015 at 21:53
Сабота, 04 Април 2015 12:06

Општина Велес ги отпочна градежните активности за изградба на потпорен ѕид на новиот кружен тек на влезот во градот.

1950079603%20736222429828720%20

Истиот ќе се протега по целиот кружен тек, а неговата висина ќе изнесува околу 3 метри. Целта е да се спречат одрони на земјиштето.

11500053886%20736222379828725

Со изградбата на потпорниот ѕид нема да завршат градежните работи на оваа локација локација. Во наредниот период ќе биде направен и тротоар, за да се зголеми безбедноста на пешаците, а ќе се постави и осветлување за поголема прегледност.

35000011010958%20736222373162


http://kurir.mk/republika/opstini/195591-FOTO-Se-gradi-potporniot-dzid-na-noviot-kruzen-tek-vo-Veles

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 14-Apr-2015 at 11:19
Приметив дека се раскопува тротоарот/велопатеката во Ѓорче по главната улица од лева страна према Тетово гледано. Знае некој за што се работи?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 14-Apr-2015 at 12:06
Се поставуваше некаква инсталација (веројатно електрична). Јас го забележав тоа кога пред неколку недели се возев накај Сарај. Тротоарот е раскопан од мостот кај Сарај до кружниот тек кај Скопски пазар отприлика.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 613
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 14-Apr-2015 at 20:29
На тоа жолтите ленти пишуваше „оптички кабел“ и беше наведено „Неотел“, па така претпоставувам дека за тоа се работеше.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 22-Apr-2015 at 09:14
СТРУГА ЌЕ ГРАДИ НОВ КРУЖЕН ТЕК

Струга - Деновиве во Струга започнаа подготвителните работи околу изградбата на кружниот тек на раскрсницата Струга-Ќафасан-Струга-Дебар и реконструирањето на шеталиштето на кејот на Црн Дрим од неговата источна страна. И двата проекта ќе се финансираат од општинскиот буџет, за што се предвидени вкупно 28,5 милиони денари.

ЈП „Комунално“ деновиве ги отстрани цвеќињата и постави нови современи сообраќајни знаци, со цел подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот додека траат градежните работи на кружниот тек.

„Иако ова прашање не беше во општинските надлежности, овој проект истовремено е едно од многуте реализирани ветувања на градоначалникот на Струга, Зиадин Села“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека за градежните работи за кружниот тек се предвидени 14 милиони денари од буџетот на Општината, додека, пак, за шеталиштето, за неговата реконструкција со нови плочки и други зафати 14,5 милиони денари.

Овие проекти треба да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона, со цел да не дојде до некои тешкотии при реализацијата, особено да нема проблеми во сообраќајот на местото каде што ќе се гради кружниот тек. (В.Б.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C20148A44EA7A949A9325837FB461F76
За сè има вторпат
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 28-Apr-2015 at 09:21
Здраво! Дали некој знае што се случи со реновирањето на делот на Аминта 3ти (Ленинова) помеѓу Партизанска и Митрополит Теодосиј Гологанов? Од општина Центар веќе две години најавуваат и одложуваат, а реконструкцијата на овој дел до улицата никако да почне...а секојдневието е се похаотично, асфалтот, тротоарите, осветлувањето, хигиената, се е катастрофа, а се работи за централна улица на која има и амбасади...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 28-Apr-2015 at 09:58
Има ли шанси некогаш да се среди патот Средно Водно - Нерези? За никаде е, вчера минав, па онака ми текна да прашам.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 29-Apr-2015 at 01:04
Originally posted by fichot

Има ли шанси некогаш да се среди патот Средно Водно - Нерези? За никаде е, вчера минав, па онака ми текна да прашам.
па нели го преасфлатираа пред неколку години? зарем толку брзо пропаднал?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 29-Apr-2015 at 08:35
Не верувам дека го преасфалтирале зашто е во ужасна состојба.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 29-Apr-2015 at 10:06
Toa e patot koj vodi od sredno vodno kon Etno Seloto taka?
Go vozevme pred godina i pol i da los e patot a sega so seloto verojatno le se zgolemi i negovata protocnost taka da mislam deka vo najbrzo vreme treba da go pristegnat a cudno e zosto toa dosega ne e napraveno. Vo seloto se vlozija dosta pari i steta e poradi 500 iljadi evra da se doaga po pat poln so dupki
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 04-Jun-2015 at 12:38
Заврши изградбата на потпорниот ѕид кај новиот кружен тек при влезот на градот. Ѕидот се простира на должина од околу 88 метри со висина од 4 метри. Истиот ке ја зголеми безбедноста на патот и сообраќајот од одрони на земјиштето.




извор:Општина Велес
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 10-Jun-2015 at 19:37
Реконструкција на локалниот пат меѓу селата Долно и Горно Соње



До крајот на неделата се очекува да биде завршена реконструкцијата на локалниот патен правец меѓу селата Долно и Горно Соње.
За реконструкција на овој пат во должина од околу 1,1, километар се инвестирани шест милиони денари. Парите се обезбедени преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Увид во градежните работи денеска извршија директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Сопиште, Стевче Трпковски.

Во рамки на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Сопиште во претходните две години ги заврши локалните патни правци село Ракотинци – мост за село Добри Дол и за село Добри Дол со вкупна должина од околу четири километри во вредност од 21 милион денари.

http://www.porta3.mk/rekonstrukcija-na-lokalniot-pat-megju-selata-dolno-i-gorno-sonje/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 15-Jun-2015 at 17:10
Велес ќе добие нов кружен тек

Општина Велес објави видео за новиот кружен тек „Авона„ кој наскоро ќе се гради во новиот дел на градот за што градот ќе издвои осум милиони денари, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев.



Кружниот тек „Авона“ ќе ги поврзува улиците „Благој Ѓорев“, „Осма Велешка“ и „Тодор Јанев“ и се планира да биде завршен оваа година.

Пред два месеци во Велес беше пуштен во употреба кружен тек на влезот во градот.



kurir.mk
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 22-Jun-2015 at 19:56
Реконструкцијата на обиколниот пат Велес - Башино село.








извор:Општина Велес
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 24-Jun-2015 at 21:58
Реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур” во Велес.






извор:Општина Велес
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 22-Jul-2015 at 15:07
Денес во Велес точно на пладне се означи почетокот на изградбата на новиот кружен тек. Подготовките за стартување на проектот „Кружен тек кај Авона“ како што велешани најчесто можат да го лоцираат, направени се согласно со законската регулатива што значи: изготвена е сета потребна документација, сообраќајни проекти и дозволи. На започнувањето со градежните работи, градоначалникот Чадиев истакна дека се чувствува особено горд што се запази предвидената динамика и во зацртаните рокови се отпочна со работа на овој многу значаен инфраструктурен зафат.




извор: општина Велес
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.