build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 28293031>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 21-Jan-2021 at 19:06
Originally posted by stef4o





НА Америка ми заличи
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 21-Jan-2021 at 19:24

Хахаха, значи не сум бил само јас! Точно првата помисла ми беше и мене!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 25-Jan-2021 at 15:38
Ја стаив сликата на SSC GTC и добив:
1. New Orelans
2. Detroit
3. Flint
4. New Orleans, Biloxi
5. USA, Bulgaria, Romania

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 25-Jan-2021 at 17:57
До бојата е, и до тремот/porch. И на Куба вакви куќи има многу.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1816
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 27-Jan-2021 at 01:11
Ова незнам за каде е најсоодветно, ако има поприкладна тема префрлете го...

       
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 08-Feb-2021 at 08:13
Дупки на улици – „Улици како во Струга нема ниту во Европа“, вели градоначалникот Мерко



https://mk.tv21.tv/dupki-na-ulitsi-ulitsi-kako-vo-struga-nema-nitu-vo-evropa-veli-gradonachalnikot-merko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 22-Apr-2021 at 15:43
Во текот на денешниот ден се отпочна со санација на дел од улица "Партизанска" во должина од 280 метри, на потегот од раскрсницата кај "Спомен Костурницата" до раскрсницата кај градските гробишта во Неготино.
Станува збор за гребење на стариот слој на асфалт, тампонирање и асфалтирање, а градежните активности се предвидени да завршат во рок од 14 дена.
За фирма - изведувач избрана е ОСД ДООЕЛ - Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.







https://www.facebook.com/delkovtoni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 02-Jun-2021 at 14:07
ЖИТЕЛИТЕ САМИ ГИ АСФАЛТИРАА УЛИЦИТЕ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ БЕЗ ДА ПОБАРААТ ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС



Градежните активности што жителите на Горно Оризари со самофинансирање ги извршија изминатите месеци немале одобрение за градба. Ова го кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, по поставеното прашање дали при овие инфраструктурни работи била запазена законската постапка.

„За пофалба е што Горно Оризари има дијаспора која сака да инвестира и да помага во инфраструктурата на населбата за да се подобри квалитетот на животот на жителите. Сепак, во општинскиот буџет многу ретко се уплатува надоместокот за уредување на градежното земјиште, па оттаму овие средства да се наменат за изградба на инфраструктурата во населбата. Жителите директно сами ги даваат за изградба на инфраструктурата. За трите проекти кои ги изведоа ниту побараа, ниту добија одобрение за градба“, кажа Коцевски.

Во ноември лани беа асфалтирани четири улици со вкупна површина од 4.500 квадратни метри, а во април годинава уште три со површина од 4.000 квадратни метри, во инвестиција вредна 48.000 евра и беше проширен приодот до населбата од железничкиот премин во должина од 450 метри и вредност од 16.000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zhitelite-na-gorno-orizari-sami-gi-asfaltiraa-ulitsite-vo-naselbata-bez-da-pobaraat-gradezhna-dozvola-velat-od-opshtina-veles/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 24-Aug-2021 at 16:33
Се гради западен булевар

ГЕВГЕЛИЈА
Деновиве активно се работи на подготовките за изградба на западниот булевар Св. Климент Охридски во општината Гевгелија. Градежната фирма „Еуроинг“ со својата механизација започна со изведбените работи за расчистување на теренот каде што ќе се простира булеварот.
– Речиси една деценија се зборува за изградба на улицата Свети Климент Охридски во Гевгелија, поточно за продолжување на булеварот Гевгелија и неговиот западен крак, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па до Динќут. Со изградбата на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата Петар Мусев. Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1.230 м, предвидено е изведување подготвителни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со Моински пат кај Динќут – истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/се-гради-западен-булевар/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 24-Aug-2021 at 16:35
ЗАПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ЗАПАДНИОТ БУЛЕВАР ВО ГЕВГЕЛИЈА, ЗА КОЈ СЕ ЗБОРУВАШЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА
▪Со воведувањето во подготвителните работи, започна реализацијата на капиталниот проект за продолжување на Западниот булевар во Гевгелија и неговиот западен крак.
Односно, изградбата на ул. „Св. Климент Охридски“, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на „Караорман“, па се до Динќут.
▪Со изградбата на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата „Петар Мусев“ и спојување со „Моински пат“ кај Динќут.







https://www.facebook.com/sashopockov
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 24-Aug-2021 at 21:29
Previous

Според ГУП, би требало да е ова трасата:



Што ја потврдува и катастар, каде се гледа дека експропријацијата е започната, но не е завршена. Ако се земе предвид и очигледното темпирање пред избори, веројатно ќе се почека пред да биде завршен овој проект.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 17-Nov-2021 at 16:43
Бочварски: Обиколницата Штип од утре ќе биде во употреба



Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила.

Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување.

„Граѓаните на Штип, граѓаните на југоистокот, од утре ќе можат да возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во градот. Практично со ова сообраќајот во Штип се враќа во нормала. Јас денес знам дека после 40 години направивме реконструкција на овој патен правец за наредните години и децении, а ќе биде пред се за поголема безбедност и побрз транспорт“, изјави министерот Бочварски.

Во однос на втората фаза на експресниот пат, од клучката кај Три Чешми, тој истакна дека се работи интензивно и очекувањата се патот комплетно да биде пуштен во употреба и пред крајниот рок кој е во април 2022 година.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш се влезени во завршна фаза.

https://meta.mk/bochvarski-obikolnicata-shtip-od-utre-kje-bide-vo-upotreba
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 17-Nov-2021 at 16:43
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 17-Nov-2021 at 19:33
Originally posted by stef4o


.... коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување...


Пишува четири ленти, а на сликата се гледаат само две. Roll%20eyes
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 09-Dec-2021 at 07:32
ШТИП ГИ ПРОШИРУВА ЦЕНТРАЛНИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА НЕМА ЗАСТОЈ ЗА ВОЗИЛАТА НА БРЗА ПОМОШ

Возилата на Брза помош од Штип кои заминуваат за Скопје и амбулантските возила од соседните градови кои речиси секојдневно носат пациенти во Клиничката болница во Штип постојано се во застој. Во центарот улиците се еднонасочни и мошне фрекфентни, па на Брзата помош ѝ треба време за да излезе од градот.

Посебно е отежнат сообраќајот по централните градски улици од двете страни на реката Отиња кои водат кон Клиничката болница во Штип која се наоѓа на крајот од градот, а улиците до неа се тесни, дел од коловозот се користи за паркирање и од густиот сообраќај возилата на Брза помош постојано се блокирани.

„За да има непречен проток на сообраќајот, Општината почна да ја проширува улицата од мостот кај црквата ‘Свети Никола’ до мостот кај гимназијата ‘Славчо Стојменски‘ во должина од 200 метри, со тоа што над коритото на реката Отиња се поставува висечка пешачка патека од два метра за да има простор за пешаците, но и за паркирање на возилата и за минување на две колони возила. На тој начин се создаваат услови да се пропуштаат амбулантските возила“, велат од Општина Штип.

Од Општината велат дека тоа е само прва фаза која ќе чини 9,5 милиони денари, а веќе се бараат нови извори на средства за да може во наредната година да се реализира втората фаза на проширување на улицата Васил Главиновм која покрај реката Отиња води кон Клиничката болница.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-gi-proshiruva-tsentralnite-ulitsi-za-da-nema-zastoj-za-vozilata-na-brza-pomosh/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 09-Dec-2021 at 14:51
Previous

Како што се тргнало за некоја деценија целосно ќе се покрие Отиња. Ohno
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1816
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 09-Dec-2021 at 18:00
Ако се изгради таа брана планирана, а со тоа и ако целосно се оттргне можноста за пороји во коритото на река Отиња, тогаш јас не гледам проблем да се завара коритото на овој начин. Само да не направат канализационен канал од градската река.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2053
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 28-Dec-2021 at 00:01
На главната улица во Стопански двор извадени се "легнатите полицајци" непосредно по изборите.
Не откорнати, туку соодветно извадени.

Е сега тоа е улица на која се вози многу брзо и треба да има повеќе, а не воопшто бариери за успорување на брзината. Големо УА за општината.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 19-Feb-2022 at 14:58
Преку проектот за поврзување на Локални улици и патишта комплетно се реконструира крстосницата во населбата "Сењак" во Штип.
Вредноста на инвестицијата на Министерството за транспорт и врски изнесува 11 милиони денари



https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj
Back to Top
MarkoMK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Apr-2011
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote MarkoMK Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 28-Feb-2022 at 20:21
Кај отиде темата за бул. АСНОМ и мостот ????
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 28293031>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.