build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Од регионот (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Jul-2009 at 01:34
Србите ја пуштија во сообраќај делницата Прешево-Левосоје во должина од 21,5km

Ми изгледа дека се сериозно посветени на довршување и на другите делници помеѓу Ниш и нашата граница.

Cheers

На клипов можете да го видите и Табановце со развиорено македонско знаме на еден од оние новопоставени џиновски јарболи.



Presevo, July 7, 2009 – Prime Minister Mirko Cvetkovic has opened the new 21.5 km motorway section from Presevo to Levosoje, located on Corridor 10 and leading toward the Macedonian border.

The ceremony, marking the first anniversary of this government’s term in office, was attended by First Deputy Prime Minister and Minister of the Interior Ivica Dacic, Deputy Prime Minister Jovan Krkobabic, Minister of Infrastructure Milutin Mrkonjic, Minister of Trade and Services Slobodan Milosavljevic, Minister of Public Administration and Local Self-Government Milan Markovic, Minister for National Investment Plan Verica Kalanovic, Minister of Human and Minority Rights Svetozar Ciplic, Minister of Energy and Mining Petar Skundric, Minister without Portfolio Sulejman Ugljanin and Minister of Telecommunications and Information Society Jasna Matic as well as representatives of local administrations and the constructors.

The works on this section took one year and cost €13.1 million. It is the busiest section on Corridor 10, with around six million passengers and over one million cargo vehicles per year.

The completion of Corridor 10 is in line with the decisions of the National Council for Infrastructure and the government, whose priority is the long-term development of the country.

The new section is expected to speed up traffic. The works were performed by the road construction companies Beograd and Putevi Uzice.

A new, modern border crossing with Macedonia will be put into operation imminently.


http://www.emportal.rs/en/news/serbia/93343.html
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Jul-2009 at 15:26
Комплименти за соседиве, туку ми падна во очи цената: 13,1 милиони , за 21км делница ?? Не е многу малку ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Jul-2009 at 15:35
Да, цената боде очи иако се работи само за дуплирање на постоечки пат и тоа по исклучително лесен терен. Дури и да нема позначајни објекти кои ја поскапуваат изградбата (надвозници и сл.), дури и да е воглавно по државно земјиште, пак е чудно.

За споредба кај нас сличен проект, 7,6km (Куманово-Табановце) не чини 11 милиони евра.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-Jul-2009 at 14:08

Во Хрватска чувајте пари за патарина, а во Албанија за резервни гуми

Тие што заминаа на годишен одмор во првиот бран веќе се на плажите, а на оние што допрва ја бираат дестинацијата за одмор "Вест" им помага полесно да го одберат местото за летување и побезбедно да стигнат до него

Тие што заминаа на годишен одмор во првиот бран веќе се на плажите, а на оние што допрва ја бираат дестинацијата за одмор "Вест" им помага полесно да го одберат местото за летување и побезбедно да стигнат до него.
Со зголемувањето на фреквентноста во сообраќајот, особено кон туристичките места, сообраќајната полиција неколкукратно ја зголеми радарската контрола. Сообраќајните патроли стојат и на автопатиштата и на споредните патишта, а најмногу ги има на опасните свиоци и кај т.н. црни точки. Поради огромната фреквенција на возила кон Охрид и Преспа, на автопатот Скопје - Гостивар има 24-часовна радарска контрола, а на споредните патишта и во урбаните средини сообраќајната полиција е засилена и со полицајци на мотори и скутери.
Сообраќајната полиција со новите специјални камери ги снима сите пречекорувања на брзината, а МВР сега располага и со специјални камери кои се поставуваат на полициските автомобили за снимање на други возила во движење.
Во Македонија се познати 30-ина места каде задолжително стои полиција и лови со радар, но со почнувањето на туристичката сезона такви полициски точки има речиси двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано немало сообраќајна контрола.
Во екот на сезоната, бројот на туристи е сe поголем не само кон Охрид и кон Дојран, туку и кон Албанија, Црна Гора, Бугарија и кон Грција. За да ви помогнеме за снаоѓање на патиштата кога се во прашање радарите, казните за брзо возење од 300 евра, како и како да стигнете побрзо и полесно до саканата дестинација за летување без задржување по споредни патишта, "Вест" направи летен туристички водич. Заедно со АМСМ и со МВР ги забележавме радарските контроли, ги собравме најважните информации за туристичко патување и изготвивме карти со најкусите патишта до местото за одмор, а АМСМ ве советува, за да не чекате во колоните на граничните патишта, да патувате ноќе и на премините да бидете најдоцна до пет часот наутро или после 20 часот.
Информациите што ги собравме покажуваат дека Хрватска има најскапа патарина, а Албанија најлоши патишта, освен новоизградените. Црногорците наплаќаат еколошка такса, Бугарите вињетка, Турците примаат само лири, а Грците снимаат со радари на патиштата, ама само домашни туристи.
Во Македонија се познати 30-ина места каде задолжително стои полиција и лови со радар, но со почнувањето на туристичката сезона такви полициски точки има речиси двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано немало сообраќајна контрола.

На излезот од Скопје кон Тетово, кај железниот мост пред Сарај. На тоа место е вистинска реткост да нема полиција
Месност Ласкарци каде брзината е ограничена на 100 км/ч.
Пред патот за Групчин каде е дозволено најмногу 100 км/ч. Ако има полиција кај Ласкарци, тогаш нема кај Групчин и обратно
Пред или после бензинската пумпа "Петрол компани"
Пред патот за Желино
Беловиште

На патниот правец Тетово - Гостивар радарска контрола има кај:
Клучките Боговиње, Камењане
Село Неготино
Врапчиште

Патен правец Гостивар - Кичево:
На патниот правец Гостивар-Стража, пред свиокот за Маврово, кај каменоломите
Кај Ново Село, полицијата стои скриена кај споменикот на НОБ
Колари
Пред Зајас
На влезот во Кичево

Патен правец Кичево - Охрид:
Село Извор
Ботун
Автобуската постојка за село Мешеишта
Подмоље

Во овој период од годината радарските контроли се помалку застапени на патните правци во источниот дел на Македонија.

Радарски контроли на патиштата во источниот дел има:
На патниот правец Скопје - Велес кај железничката станица Рајко Жинзифов, кај Башино Село, кај Ветерско и кај клучката Катланово
На патот Штип - Радовиш, кај т.н. Осми километар, кај калдрмата
Кај подвозникот пред влезот/излезот од Кочани од правец на Делчево
Кај клучката кај Виница, на патот Кочани - Делчево
Пехчево - Берово, кај село Смојмирово

На патниот правец Скопје - Табановце:
ОКТА, кај приклучокот на автопатот
Кај ОКТА (на враќање кај постојката)
На крајот од автопатот кон Табановце

На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки

Од пред извесно време на автопатиштата запираат и вршат радарска контрола полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР. Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за контрола и патролирање на автопатиштата и само тие можат да запрат возачи на автопат. Надвор од автопатиштата, во овој период кога фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролираат во руралните и урбаните средини.

Возачите бараат двојни знаци на автопатиштата

Возачите кои секојдневно се на автопатиштата низ државава велат дека на ниедно место на нашите автопатишта сообраќајните знаци не се соодветно поставени. Тврдат дека треба да има по два исти знака на едно место, едниот од десно, другиот од лево.
"Ако јас возам по првата лента, доволно е камион или автобус кој се движи по крајната десна бавна лента да ми го скрие знакот и јас да не видам колку е ограничувањето на брзината. Затоа ист таков знак треба да има и од левата страна", велат возачите.
Некои од нив тврдат дека врз таа основа на суд успеале да ги побијат прекршочните пријави што полицијата им ги поднела за брзо возење, а тие не го виделе знакот.
Возачите велат и дека на македонските патишта треба да има многу повеќе сообраќајни знаци, особено оние за ограничување на брзината.

Грција

Туристите од Македонија што избрале одморот да го поминат во Грција, најчесто одат во туристичките места на Халкидики. Краците се популарни поради близината, но и поради изобилството на апартмани и хотели кои што се нудат во туристичките агенции. До Халкидики не се плаќа патарина, треба само да се внимава на знаците со кои се ограничува брзината на патиштата. Од неодамна на патиштата во Грција се поставени и радари кои автоматски го регистрираат пречекорувањето на дозволената брзина. Но, овие радари се наменети само за домашните возачи.

Хрватска

До Хрватското приморје по копнен пат од Македонија може да се стигне преку Косово и Црна Гора, преку Албанија или преку Србија која е најскапата варијанта поради патарините, но најлесната за возење, бидејќи речиси цело време патувањето е по автопат. Првите две рути најчесто ги користат туристите кои сакаат да летуваат во Јужна и Средна Далмација, а третата оние кои одат во Северна Далмација.

Албанија

Оние што одлучиле летниот одмор да го поминат во градовите на албанското приморје треба да се подготват дека ќе налетаат на штотуку асфалтирани патни правци и на остатоци од патишта уште од времето на Енвер Хоџа.
Албанската полиција не ги казнува туристите за пребрзи возења. Сообраќајците само со рака ги предупредуваат возачите кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината.
Максималната дозволена брзина е од 60 до 90 км/ч дури и на новоизградените автопатишта. Не смее да се вози побрзо бидејќи се небезбедни. На автопатиштата освен автомобили и тешките товарни возила има и запрежни коли, велосипеди и луѓе кои претрчуваат од една до друга страна. Од оваа година направен е патот од Валона до Саранда и не се препорачува да се оди преку Џирокастро, бидејќи патот сe уште не е целосно направен.

Црна Гора и Србија

До Црногорското приморје може да се стигне преку Косово и Србија, или преку Албанија. И едната и другата рута не се за пофалба. Преку Косово и Србија не постои автопат, туку само обичен пат кој бара огромна концентрација и внимателност на возачот поради опасниот кањон Морача. Варијантата за патување преку Албанија за скопјани и граѓаните од Северна и Источна Македонија е подалечна, но побезбедна, посебно за оние кои имаат страв од опасните свиоци што ги има во кањонот Морача.


Бугарија

Бугарија станува се помодерна туристичка дестинација, но македонските туристи се поретко се одлучуваат да патуваат до црноморското крајбрежје со автомобил. Тие кои ќе се одлучат да одат со автомобил до Несебар, до Бургас или до Варна треба да знаат дека во Бугарија нема класична патарина туку се плаќа т.н. вињета односно налепница при влез во државата. Вињетата и горивото на бензинските станици се плаќа во левови, иако Бугарите често наплаќаат и во евра.
При влез во Бугарија смеете да внесете најмногу 200 цигари, еден литар алкохол, 4 литри вино, 500 грама кафе и само 50 милилитри парфем.

Турција

Иако Турција е многу подалеку за до таму да се патува со автомобил, сепак дел од македонските туристи се решаваат и на таков превоз. Патиштата во Турција се во многу добра состојба, а сообраќајот е регулиран беспрекорно и покрај тоа што Турците возат многу брзо.
Патарините во Турција се релативно евтини и се плаќаат исклучиво во турски лири. Максималната брзина во населените места е 50 километри на час, а на автопат е 120 километри на час. Најмалата дозволена брзина на автопат е 40 километри на час.
При влез во Турција дозволено е да се внесат најмногу 200 цигари, еден литар алкохол и подароци во вредност до 300 евра.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3575B66950D9094082FB89A27A94D994
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 11-Jul-2009 at 15:16
Вест повторно со овој беден начин на привлекување внимание - листа на места каде треба да се придржуваш до ограничувањето на брзината поради радарска контрола. Само уште да допишат препорака дека ако не си во близина на некое место од листата, слободен си да возиш колку сакаш над ограничувањето и тогаш смислата на листата ќе биде целосна.



На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки

Од пред извесно време на автопатиштата запираат и вршат радарска контрола полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР. Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за контрола и патролирање на автопатиштата и само тие можат да запрат возачи на автопат. Надвор од автопатиштата, во овој период кога фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролираат во руралните и урбаните средини.
Ова не ми беше јасно ни кога прв пат го објавија. Не верувам и не прави логика да е баш така без исклучоци, но не е за во нишкава...


Edited by Cloverstack - 11-Jul-2009 at 15:24
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1306
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Jul-2009 at 16:07
Почеток на работите на патот Ќафасан-Подградец

Албанскиот премиер вчера го инаугурираше почетокот на работите за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан - Подградец во должина од 22 километри. 

Според Бериша станува збор за битна инвестиција за развој на туризмот во Подградец и другите населени места на Охридското езеро во Албанија.

Патот ќе го потикне туризмот во овој убав предел на Албанија нагласи Бериша, кој додаде дека во наредниот период ќе започне и изградбата на колектор кај Лин и Поградец за да се заштити езерото и животната средина /крај/мн/ил

http://makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=6811
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Jul-2009 at 11:17

Автопат на „Голема Албанија“

Месечникот „Ле Монд дипломатик“ пишува за фараонскиот потфат кој имал цел да ги поврзе Тирана и Приштина и да ги развие економските односи меѓу Албанија и Косово, но би можело да ги маргинализира Албанците од Македонија.


Главната цел на овај гигантски градежен потфат, кој треба да ги поврзе Косово и Албанија без сомневање е развојот на економските односи меѓу нив, но авторите на статијата во „Ле Монд Дипломатик“ во проектот гледаат и чекор кон „Голема Албанија“. Ова нивно сомневање го поткрепуваат со раѓањето на „втората албанска држава“ на Балканот – Косово, која го оживува сонот за обединување на териториите на кои живеат Албанците. Се разбира, во Тирана и Приштина категорично ги отфрлаат  ваквите тврдења и истакнуваат дека тие што го велат ова се против развојот на Косово и Албанија. Фатмир Лимај, косовскиот министер за транспорт, нагласува дека „проектот е со регионално значење и тој е во контекстот на европската интеграција на Балканот“.

 

Трасата на автопатот ќе треба да помине низ последните српски енклави околу Приштина, терените околу главниот град стануваат атрактивни и албанските инвеститори започнаа да ги купуваат овие терени. Српските села околу престолнината на Косово се поврзани со паралелна мрежа на локални патишта, а автопатот го загрозува опстанокот на овај „паралелен свет“ и се заканува да го доврши етничкото чистење.

 

Од каде доаѓаат парите?



Едно од прашањата кое најчесто се поставува во Албанија е – од каде доаѓаат парите за гиганскиот зафат? Официјано грчката банка Алфа и‘ даде на Албанија кредит од 300 милиони евра, но никој не знае со што гарантирала албанската влада. Од друга страна, 65% од буџетот за инвестиции на Албанија оди во министерството за транспорт, од чиј буџет за изградбата на автопатот одат 75%. Ова е спротивно од препораките на Светската банка, која советуваше да се инвестира во здравството и образованието. Проектот веќе ја надминал цената од една милијарда евра и во моментов, според францускиот месечник, најголемата корист ја има изведувачот на работите, американското претпријатие „Бечтел“, кое работи со маржа од 44 проценти.

 

Автопатот ќе ги фаворизира односите Албанинја - Косово



Со поврзувањето на Приштина со Јадранското море, автопатот им нуди на американските војници од базата Бондстил безбеден излез на море. Подршката на САД на новиот пат се совпаѓа со нејзините стратешки цели. Коридорот 8, напротив, предвиден во шемата на ЕУ, кој требаше да ги поврзе Тирана со Скопје, напредува крајно споро. Американската подршка беше одлучувачка за развој на патот кој ги поврзува двата сегменти на албанската нација.

 

Според анализата на „Ле Монде Дипломатик“, автопатот ќе ги фаворизира односите меѓу Косово и Албанија, а како последица на ова Албанците во Македонија ќе бидат маргинализрани. Во сложениот политички контекст на Македонија, албанската заедница може повторно да се определи за радикалната опција, со што ќе се потсети дека албанското прашање се поставува на регионално ниво. „Засега се реализира само приближувањето на ’двете албански држави на Балканот’, што автопатот може само да го забрза,“ пишува во статијата на „Ле Монде Диопломатик“.


Извор: dw-world
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Aug-2009 at 00:26
Хаос на хрватските патишта, колони до 18 километри


Туристите кои рано утринава тргнале кон јадранското крајбрежје направиле хаос на патиштата. На обиколницата во Загреб, се возело во долги колони, но не и на граничните премини во Хрватска.

Колоната на автопатот кај Лучко, утринава во девет часот била долга 18 километри, јавиле хрватските медиуми.

Според извештаите на Хрватскиот автоклуб (ХАК), утринава на наплатната рампа Запрешиќ на автопатот А2 Загреб- Мацељ, во насока кон Загреб, колоната била долга два километри, како и кај наплатните рампи Света Хелена на излезот на автопатот А4 Загреб- Горичан и онаа во насока кон Загреб.

Колоната на загрепската обиколница од Брегана била долга десет километри, а во смер на Ивања река околу 18 километри.

Патничкиот сообраќај бил засилен на сите поголеми гранични премини со Словенија, во двата правци.

На граничните премини со Србија исто така бил засилен патничкиот сообраќај во двете насоки, а на граничниот премин Бајаково се чекало околу два часа за помин преку границата, пренесува “Мондо”.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=59909&kategorija=5

Ај тоа што имало колона добро, ама колку што гледам не се нашол никој "паметен" па да изнајде "практично" решение па силеџиски да пројде по трета лента.

Инаку што е со автопатов, зашто има три дела, или она крајно десно е некоја колекторска улица?!


Edited by lslcrew - 02-Aug-2009 at 00:29
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Aug-2009 at 21:21
Nuts Трите дела веројатно се затоа што се работи за делница погледната кон автопатско поврзување тип детелина, кое по сите правила и прописи треба да се раздвои на минимум 4 ленти плус сервисните. 2 плус 1 во насока право и уште минимум 2 одвоени ленти за 2те вртења в десно на самата детелинка. Хрватите за разлика од нас не имровизираат. Тешко се разочарав кога видов колку непрофесионално е изведена нашата единствена (иако јас не ја рачунам за детелинка) а имено Хиподром. Но затоа во одделна тема. Сега новиот граничен премин Прешево на Српско-Македонската граница. Во очи ми паѓа што во Србија брзо се градат нови гранични премини, но под секакви стандарди. 1) Немаат цвртста градба, туку полициско-царинските служби се сместени во буквално контејнери за бродска шпедиција. 2) Иако се многу подобри од досегашните, сепак имаат вид на хангар или некакво складиште.



Автопатот Прешево-Лесовје кој демек беше отворен на 7ми Јули годинава и тоа во присуство на српскиот министер за инфраструктура воопшто не е завршен. 1) Нема банкини и соодветна автопатска сигнализација. 2) НИТУ ЕДЕН од автопатските излези или надвозници не е сеуште завршен, а некои сеуште се на ниво на столбови. 3) Допуштената брзина е 80км на час. 4) Лентата од север спрема југ е стариот пат, кој ниту е проширен ниту е реновиран. Навистина незнам со кој памет некој го пушти во сообраќај овој далеку незавршен автопат, во летните месеци, кога има најмногу возила и ствара огромна опасност, и тоа во присуство на високи владини лица...






Edited by Andrej_LJ - 08-Aug-2009 at 21:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Aug-2009 at 21:29
Па можеби е и логично да се пушти патот во употреба пред сезона за го апсорбира напливот на сообраќај. Сепак 2+3 ленти е подобро отколку 2 ленти кои минуваат низ градилиште. Колку што читав на ССЦ по сезонава ќе пристапат кон проширување на постојниот пат во профил на автопат за да се комплетира свој проект.

Секако фактот дека го отвориле проектот официјално пред да се комплетира е идиотски но воопшто не ме изненадува и очигледно е секојдневие во овој дел од светот.

За граничниот премин. Прв пат го гледам новиов премин на Србија и ми се допаѓа. Изгледа масивно и со голема абспорбциона моќ а тоа е најбитно. Во принцип треба да се надеваме што поскоро да ги мафнеме граничните премини кон сите соседи а не да се фортифицираме.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Aug-2009 at 23:51
 

Турците сакаат да го градат автопатот Тирана- Дебар

Турската компанија „ТАТ Груп-девел центер“ со концесија побара да го гради автопатот „Руга е Арбрит“, кој ја поврзува Албанија со Македонија преку Дебар. Ова, лично на албанскиот премиер Сали Бериша, му го пренесе првиот човек на компанијата д-р Мехмет Татлици на средба во Тирана.

Автопатот е во градба и половина од 80-километарската траса е пробиена. Останатиот дел што треба да се пробие минува низ тежок планински предел. Поради кризата и недостигот на пари во буџетот, како што наведуваат албанските медиуми, не се исклучува можноста Турците да ја реализираат ова идеа, која, како што изјави Бериша била добредојдена.

Турската компанија најави инвестиции за реализација на проекти за обновлива енергија во јужниот дел, поточно во зоната кај Тепелена-Саранда, како и изградба на патот Елбасан-Тирана.

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Aug-2009 at 05:43
Каков автопат ги спопаднал, се работи за обичен пат
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Aug-2009 at 05:59
Незнам за што се работи, не следам skyscraper, не следам доста околу околнава патна мрежа, но доколку се работи за автопат тогаш повторно ќе се посомневам дека Албанија ја става Македонија, регионов, а и Европа пред свршен чин да треба да прецртуваат коридори. Ако е регионален пат или магистрален секоја почит и поддршка и желба побрзо да го изградат!

И што побрзо да се зафатат со изградба на коридорите кои се де факто најголемиот чин на интеграција. Тамо има интерес од инвеститори и концесионери.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Aug-2009 at 18:31
Деновиве Словенија се радува на дури 3 автопатски делници отворени во рок од две недели. Должината  на делниците не голема, но се од исклучително значење како за регионите, така и за патничко-товарниот транзитен сообраќај. Сите овие се дел од програмот до 2010, наречен Примарна автопатска мрежа. Сега, по отварањето на овие делници, е скоро комплетен, освен 2 сегмента од А2 (околу Блед и Ново Место) и тогаш Словенија ќе има околу 660 км модерни автопати. Еве како изгледа тоа (зелено е веќе завршено, светло зелено е сеуште во градба, сино пак е тн Додатна автопатска мрежа, во реализација по 2010):




H4 Razdrto - Vrtojba (Раздрто-Нова Горица ( I ) )

НОВ ДЕЛ: Раздрто А1 - Випава (Ребернице):
Овој сегмент е дел од Н4, автопат кој ги спојува Ајдовшчина, Випава и Нова Горица со Италија (Трст и особено директно на Венеција) и Љубљана/Копер. За целосно завршување фалеше 10 км дел од Раздрто до Випава кој беше пуштен деновиве. Инаку се работи за многу тежок терен. Од планини, патот се спушта во Випавската Долина и затоа беше исклучително скап. Исто така проблем претставуваше и поместувањето на тектоснките пластови во тој регион за околу 1 цм годишно, како и многу силниот ветар во тој регион.
Се делиме од А1 кон Нова Горица/Горица (И)




И започнуваат вијадуктите и тунелите:










Сигнализацијата е одлична а се поставени и голем број на паметни електронски знаци:










Поради честиот силен ветар, се поставени многу автоматски бројачи, кои можете да ги видите и на интернет. Еве каква беше силината на ветрот, кога го пишував ова:


И патарината Нанос:






Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 16-Aug-2009 at 18:45
A1 Vzhodna mariborska obvoznica (Источна обиколница на Марибор)
Со овој сегмент, всушност се комплетира најважниот автопат во Словенија А1(Шентиљ (А)-Марибор-Цеље-Љубљана-Постојна-Копер (И)). До отворањето на овој автопат кој е оддалечен на неколку километри од самиот град Марибор, градот имаше градски автопат кој поминува низ него со по 2 ленти во насока. Но, заради огромниот број на транзитни возила, особено товарни, настануваа секојдневни застои и проблеми на тој одсек. Еве како изгледа според мене, преубавиот ринг на Марибор:

















Новите улици кои прават врска со Марибор:





Слика од самото отварање:



И една новост на Словенските автопати од ова лето, меѓу кои и на Мариборскиот ринг е тн Тестни точки. Еве како тоа изгледа: На асфалтот има изгребано/напишано прво 21 па 22 па линии со знак Тестна Точка. Тоа значи дека дистанцата меѓу колата пред тебе и твоето возило, кога предната кола е на линиите, ти треба да си минимум кај знакот 21. Односно меѓу две возила треба да има најмалку 2 секунди разлика:







Edited by Andrej_LJ - 16-Aug-2009 at 18:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-Aug-2009 at 18:56
Андреј има ли рок за она мало светлозелено делче што е останато кон Хрватска?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Aug-2009 at 18:59
Н2 Сливница-Драженци:
Овој автопат прави врска со А1 кај Марибор со Хрватска (Крапина, Вараждин, Загреб) преку Птуј. Заради огромниот транзит кој се слива од централна Европа (Братислава,Виена,Грац) кон Загреб и Балканот Н2 се одлучи да се гради на ниво на полн автопат. Ова беше 2 отсек од вкупно 3 за целосно завршување на автопатот. Фали уште третиот (Драженци-Грушковље) кој е во градба. Иако теренот е рамнински, проблем беше големиот број на населби околу трасата на автопатот. Инаку во скоро 20 км има 5 излези (2 разцепувања и 3 излези). Еве како тоа изгледа:

















Разцеп Марибор - југ:





Исто така беше изградена една странична наплатна рампа Подпоље. Станична затоа што во Словенија за возилата полесни од 3,5 т се наплаќа вињета, а за потешките сеуште нормална патарина или АБЦ (автоматска наплата):





И изградбата на третата етапа кон Хрватска, односно ГП Грушковље:






Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Aug-2009 at 19:03
Има разбира се! Треба да е готов (како и делот кај Блед) на 1 Јуни 2010. Сега им се заплете со денационализација и отуѓување, така што може кај Ново Место (делот е всушност Плуска-Храсље) да се пролонгира, што би било многу лошо затоа што тие 10 км магистрален пат се најцрната точка на словенските патишта, особено во летниот период.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Aug-2009 at 19:04
uff cetvrtata slika kolku cist kej ima rekata ,nesto prekrasno , bi sakal nekogas vardar taka da izgleda =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 16-Aug-2009 at 22:44
Андреј, какви карактеристики имаат патиштата со ознака Н во Словенија и што е разликата помеѓу нив и оние означени со А?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.