build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Од регионот (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 62>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 26-Mar-2012 at 22:11
Неодамна беше пуштено и осветлувањето на патниот јазол Даскалово крај Перник, каде што автопатот А5 Лјулин преминува во А6 Струма, заедно со осветлувањето на патниот јазил крај софијската населба Лјулин. Осветителните тела користат ЛЕД технологија:









А беше и додаден знакот Sofia-South Ring  за оние кои од Перник одат кон јужните делови на Софија преку Јужната обиколница:



belcho, SSC
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 27-Mar-2012 at 20:07


10) Обиколница на Габрово и Тунел под Шипка, дел од експресниот пат Русе (RO) - Крджали (GR) (I-5, E85)   L=31 km   € 157 mil.


Со оваа 31км долга обиколница на Габрово се избегнува самиот град, но исто така и тешкиот планински проход Шипка, со изградба на нов тунел долг 3,2 км. Трасата се протега долж оптоварениот и важен Коридор 9, каде минува голем транзитен сообраќај помеѓу Грција и Турција на југ и Романија на север. Западната обиколница на градот е поделена на 5 подсекции чија градба треба да започне во 2014 година. Според проектот, габаритот на патот ќе биде Г20 (2*2), при што ќе се гради еден тунел долг 560 метри и еден тунел долг 3200 метри, како и множество патни јазли. Токму деновиве беше завршена и одобрена Студијата за еколошко влијание врз околната средина, што отвора простор за следните фази во проектот.







11)  Југо-источна обиколница на Пловдив и експресен пат Пловдив - Асеновград, дел од експресниот пат Пловдив-Асеновград-Пампорово-Рудозем (GR)  (II-86)  L=20 km  
€ ? mil.


Овој исклучително важен проект за вториот по големина Бугарски град - Пловдив, е поделен на два сегмента, при што 5 километри од трасата и припаѓа на јужната обиколница на Пловдив, додека останатите 15 километри припаѓаат на меѓуградскиот пат Пловдив-Асеновград кој понатаму продолжува кон Грција, Смолјан и Пампорово. Тендерот за изработка на проектот заврши, при што реалната изградба треба да започне во втората половина на 2012 година. Експресниот пат е со габарит Г20 (2*2), со патни јазли на неколку нива и проектирана брзина од 100км/час.


12) Автопат Оризово-Димитровград-Харманли (TR),  LOT 1 и LOT 2 на автопатот Марица (I-8 Е80)   L=67 km  
€  131 mil.


Овој автопат е многу важен не само за Бугарија, но и за целата Европска Унија бидејќи е главниот пат кој ја сврзува Турција со Европа. Исто така оваа траса е дел од два Пан-Европска коридора, и тоа Коридорот 4 и Коридорот 10Ц.

LOT 1 (Оризово-Димитровград) е со вкупна должина од 31,4 километри, односно од
км 5+000 до км 36+400, која започна да се гради во Август 2011 година, при што рокот за изградба е 25 месеци, а истата отсечка треба да се пушти пред рокот кон Јули 2013 година. Изградбата на овој лот чини 77 милиони евра или по околу 2,4 милиони евра за километар.

LOT 2 (Димитровград-Харманли) е со вкупна должина од 34,3 километри, односно од км 36+400 до км 70+620 и започна да се гради во Јули 2011 година, при што рокот за изведба на работите е 25 месеци, а истата отсечка треба да се пушти во сообраќај во Август 2013 година. Прогнозната вредност на овој лот била 105 милиони евра, но големата конкуренција помеѓу заинтересираните градежни компании ја симна цената на само 63 милиони евра или околу 1,8 милиони евра за колометар нов автопат. 

Edited by Andrej_LJ - 27-Mar-2012 at 20:09
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 05-Apr-2012 at 12:30
Денес започна изградбата на делницата Сандански-Кулата (ГР), на автопатот А6 Струма (Софија-Солун). Делницата е долга 15 километри, чини 23 милиони евра, а рокот за изведба е 23 месеци (отворање најкасно Март 2014 година).

Bulgaria Starts Construction of Hwy to Greek Border

April 5, 2012



The construction of Lot 4 (the southernmost section) of the Struma HIghway starts on Thursday, April 5, 2012.

File ma


Bulgaria is holding Thursday, April 5, the groundbreaking ceremony of the 15-km Lot 4 of the Struma Highway.

On March 19, the Greek company Aktor and the Bulgarian Road Infrastructure Agency signed the contract for the construction of Lot 4 of the Struma Highway leading from Sofia to the Bulgaria-Greece border.

The construction of the road section will cost BGN 59 M, and is supposed to be completed in 23 months.

Its launch was delayed by seven months because another bidder in the public procurement tender, "Trace Group Hold," appealed the selection of Aktor.

The construction works will require moving the tracks of the Sofia-Kulata railway line as well as building special facilities to protect a number of endangered animal species, including tortoises. The highway will have 5 overpasses, three underpasses, 2 railroad underpasses, and 7 bridges.

The construction will be funded from the EU Operational Program "Transport" and has to be completed in 25 months.

The Lot 4 section runs from Kulata-Promachonas to the southwestern Bulgarian town of Sandanski.

The construction of Lot 4 of the Struma Highway will also have a positive effect on the Sofia-Kulata railway because it will necessitate a change of the route of a 3.3-km railroad section.

The new railway route will be transferred to a straight section that will allow the trains to go at a speed of 160 km/h, which is about the highest speed that can be reached by trains in Bulgaria.

The total cost of the Struma Highway – from Sofia to Greece – is estimated to be about EUR 1.1 B. The total length of the highway is slightly over 173 km.

The Struma Highway starts at the Daskalovo road junction to the west of Sofia, where it will be connected with the short Lyulin Highway, and will run to the Kulata border crossing on the Bulgarian border with Greece. Some of the sections of the 156-km road are promised to be completed by the end of the Borisov Cabinet's term in 2013. A total of 19 km have been completed so far.

Lot 2 (from Dupnitsa to Simitli, 45 km) and Lot 3 (from Simitli to Sandanski, 60 km) will be harder to build because of the rough terrain, and the Borisov Cabinet has made it clear it plans to complete Lots 1 and 4 by the end of its term in 2013, and to have made progress on the other two.

The Struma Highway is a priority for the Bulgarian government in 2011 because of the importance of the traffic and economic ties with Greece, and because it is a part of Pan-European Transport Corridor No. 4 (from Central Europe to Thessaloniki and Athens via Vidin and Sofia).

The highway will be the first one in Bulgaria to feature special facilities for wild animals such as bears and hares.



Заедно со оваа делница, моментално во активна изградба се цели 243 километри автопат, од кои над 120 треб да се пуштат оваа година. Моментално (Април 2012 година) во Бугарија има 466 километри автопат.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 05-Apr-2012 at 19:14
Скоро(23 април е краjниот рок на тендерот) треба да почне изградбата на инжинеринг и на делницата(Лот 2) Дупница-Благоевград (37 км.) со кое за следниот програмен период 2014-2020 помегу Солун и Софиjа на делот од К4 на Бугарска териториja ке останат за доизградба само 64 км. автопат, помегу Сандански и Благоевград

Edited by pavche - 05-Apr-2012 at 19:14
Back to Top
Environmental View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Environmental Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 09-Apr-2012 at 09:45
Тази сутрин започна ремонтът на кръстовището при Телевизионната кула в София.


До 19 май ще бъде забранено движението по десните ленти на булевардите Яворов и Драган Цанков. Причината е първия етап от строителството на новото кръстовище между двата булеварда, което ще бъде на две нива.
Дейностите по изграждането ще продължат шест месеца. Движението няма да бъде спряно изцяло, но ще бъде пренасочвано. Проектът струва 20 млн. лв., осигурени от Европейската инвестиционна банка.
Conservation is a state of harmony between men and land.

Back to Top
Dragan 1986 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dragan 1986 Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 10-Apr-2012 at 12:59
Ме интересира каде може да добијам сообраќајно решение за улици и за раскрница , ми треба како е уредена како е обележана улцата, дали е полна лента дали има автобуски постројки, пешачки премин и слично. Дали мозе да го добијам ова од Град Скопје или Општина? И како да барам дали е тоа скица, план... Ако не дали може да ми кажете каде да го најдам овој план зошто мора да има нешто како се обележуваат улиците. Ако може да ми одговорите.

Фала и поздрав
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 608
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 10-Apr-2012 at 14:18
за која улица ти треба?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 18-Apr-2012 at 11:20
ЛОТ 1 (Долна Диканја - Дупница-север), автопат Струма А6 Е79

Изградбата на ЛОТ1 од автопатот Струма (Софија-Солун) врви со засилено темпо. Само 7 месеци по изградбата на делницата долга 16 километри од Долна Диканја до Дупница-север, веќе се гледа сериозен напредок во работата што дава надеж дека истата ќе биде отворена пред рокот Октомври 2013 година.

Сликите се на mandjdasgrozde, SSC:














"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 18-Apr-2012 at 11:42
Автопат Тракија, ЛОТ 2 (Стара Загора  - Нова Загора)   А1 Е773


Сликите се правени од патниот јазол Нова Загора, каде што завршува ЛОТ 2 и започнува ЛОТ 3. Тие две делници, со вкупна должина од 68 километри, со сигурност ќе се отворат на 1 Јули годинава. Борбата сега е префрлена на интензивната изградба на првите 15 километри од ЛОТ 4 (Јамбол-Карнобат), при што владата притиска и овие први километри да се изградат и пуштат во сообраќај на истата дата, заради избегнување на неколку тешки делници на сегашниот пат кон јужното Черноморие. Инаку официјалниот рок за пуштање на ЛОТ 4, односно целосно завршување на автопатот Софија-Бургас е Јануари 2013 година.

Сликите се дело на ССЦ членовите mediar и nikolayt

Патниот јазол Нова Загора:









ЛОТ 2 (Нова Загора кон Стара Загора):












Edited by Andrej_LJ - 18-Apr-2012 at 11:45
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 18-Apr-2012 at 11:45
Автопат Тракија, ЛОТ 3 (Нова Загора - Јамбол)   А1 Е773














Edited by Andrej_LJ - 18-Apr-2012 at 11:50
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 18-Apr-2012 at 11:49
Автопат Тракија, ЛОТ 4 (Јамбол - Карнобат)   А1 Е773  Е871

Овој лот, како што веќе споменав е најдолгиот (скоро 50 километри), најсложниот и оној кој започна да се гради најкасно споредено со претхдните две делници. Според договорот делот кон Карнобат/Бургас треба да се пушти најкасно до Јануари 2013 година, додека делот кон Јамбол/Софија може да се пушти на 1 Јули годинава, пред летната сезона. Владата на оваа тема е задржан оптимист. Затоа сите напори сега се сконцентрирани кон изградбата на делот околу Јамбол:





...додека на делот кон Бургас напредокот е многу помал:






Edited by Andrej_LJ - 18-Apr-2012 at 11:51
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 18-Apr-2012 at 12:42
Автопат Марица (Оризово - Димитровград - Харманли - Свиленград - Турција)  А3 Е80

Изградбата на целата останата должина на овој автопат, или околу 80 километри е во полн ек, при што треба целосно да финишира до летото на 2013 година. Тогаш од Пловдив до Свиленград односно Турција ќе се патува по автопат долг 117 километри:

Сликите се на членовите на ССЦ ogibo, mandjasgrozde, REAKTOR и Toto65:

Почетокот на ЛОТ 1 крај Оризово:





Изградба на патниот јазол тип полна детелнина при пресекувањето на Марица со експресниот пат Хасково-Димитровград:





Изградба на другите делници:








Изградба на малиот дел на Марица крај Свиленград, близу до турската граница:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 21-Apr-2012 at 10:45
Продолжува изградбата на јужниот отсек на Софијскиот обиколен пат помеѓу Симеоново и Младост 4. Делницава на која ќе има две клучки треба целосно да се пушти во сообраќај кон крајот на летово, односно месец август.

клучката со бул. Климент Охридски/Бистришко шосе:













Пространството пред ИКЕА-та:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 21-Apr-2012 at 10:47
Долгата ескада веќе е скоро готова, останува да се асфалтира и доизградат пристапните рампи:














"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 07-May-2012 at 12:04
За две многу важни за Македонија патни отсечки во Р. Бугарија минатата недела беа отворени тендерските понуди, при што наскоро треба да се започне со нивната избрадба. Првата е за пат ІІІ-106, односно патот Благоевград - Станке Лисичково - ГП Делчево (МК). Таа патна отсечка од 23,5 километри целосно ќе се реконструира како дел од програмата за реконструкција на второкласни и третокласни патишта, при што сите понуди се движат во ценовниот раздел од 6 милиона евра.

Вториот и многу поважен тендер е оној за Лот 2 на автомагистрала Струма, во делот од Дупница до Благоевград, односно баш до вкрстувањето на патот ІІІ-106 кој води до Македонија со патот Софија-Солун. Изградбата на оваа 37 километри долга патна делница треба да чини околу 100 милиона евра, при што тендерот е двостепенен - првата фаза вклучува изработка на технички проект, додека втората е негова реализација, односно изградба на трасата. Фактичката изградба на автопатската делница треба да започне кон крајот на годинава, при што целосно автопатско поврзување од Софија до Благоевград треба да биде реализирано до 2015 година, кога 105те километри помеѓу овие два града ќе се поминуваат за 45 минути (новото ограничување на бугарските автопати е 140 км/час).
Со изградбатана овие две делници, 130те километри помеѓу границата на Макеоднија и Софија ќе се изминуваат за околу час, при што ќе биде значително олеснет достапот и до големите ски центри како Банско и Боровец.


Другото нешто кое мора да не загрижува поради нашата тотална неажурност и грешна приоретизација е фактот што пред околу месец беше ажурирана односно обновена и дополнета ТЕН-Т европската мрежа за автопатишта и железници. Таа ТЕН-Т мрежа е европска мрежа на приоритетни оридори кои се за ЕУ од особено значење и со тоа можат да се финансираат приоритетно од страна на ЕУ. Тоа важи не само за земјите членки, но и за земјите кои ги користат предпристапните фондови како што е Македонија. За жал скоро сите земји од соседството успејаа значително да ја прошират ТЕН-Т мрежата во нивна корист со вклучување на бројни патишта и железници кои можат да се финансираат од ЕУ. За жал во Македонија немаше нити најмала заинтересираност да сме бенефициенти од оваа програма, која за декади напред го определува развојот на една земја. Како што сите знаете, во Македонија има неколку ТЕН-Т отсечки како што се К10 и К8, како и отсечката Велес-Битола-Лерин. Она што очевидно отсуствува од картата е фактот што буквално пола Македонија е оставена без автопатско и квалитетно железничко поврзување. Градовите на Источна Македонија како Штип, Кочани, Делчево, Радовиш и Струмица се тотално исклучени од европската мрежа што е криминал ако се земе во предвид дека токму овој регион граничи со нашите два ЕУ соседа, од што апсолутно можеше и требаше да се профитира. Со малку поголеми напори, заинтересираност, компетентност и ажурност, можеше да се вклучи и патниот правец Скопје(Миладиновци) - Штип - Струмица - Бугарија или Скопје(Миладиновци) - Штип - Кочани - Бугарија.

Патната проширена ТЕН-Т мрежа на Бугарија и Романија (и импликациите врз Македонија):





Железничката проширена ТЕН-Т мрежа на Бугарија и Романија (и импликациите врз Македонија):



Железничката проширена ТЕН-Т мрежа на Романија (и поволностите кои истата ги нуди за развој на К4 во однос на К10):



Новите отсечки кои се вклучени во ТЕН-Т мрежата во Бугарија и Романија за Македонија значат и предности, но и недостатоци. Така коридорот 8 добива значително зголемена шанса за реализација затоа што во Бугарија се вклучија доста отсечки кои се дел од коридорив или него го надополнуваат. Така автопатот Рила кој преку Ќустендил и Дупница излегува директно на автопатите за Варна и Бургас, притоа заобиколувајќи ја Софија од југ, како и огромниот успех ан бившиот министер за регионален развој, сега претседател ан Бугарија - вклучувањето на 400 километарскиот автопат Хемус (Софија-Варна) во ТЕН-Т мрежата, при што коридорот 8 станува многу попривлечен заради големиот број на автопати кои се надоврзуваат на него.
Што се однесува до Коридорот 10, тој според мене во својот јужен дел (Ниш-Македонија-Солун) се повеќе губи на значење и отстапува пред Коридорот 4 (Солун-Софија-Ниш/Крајова). Ова е со години евидентно на железничкиот план, додека на патниот се повеќе ќе станува евидентно со изградбата на автопатите планирани на неговата траса и отпаѓањето на граничните премини кога Бугарија и Романија ќе влезат во Шенген, што се очекува наскоро. Голем поттик на Коридорот 4 ќе му даде овогодинешното отворање на Дунав мост 2 при Видин-Калфат, како и фактот што сите патишта од К4 се приоритетно вклучени во ТЕН-Т. Големата новост пред се произлегува на Романска страна, при што и патниот и  железничкиот сообраќај се силно поттикнати за развој долж К4 со внесувањето на две нви делници околу Калфат и тоа: 1) кон Крајова и Тимшоара со што фактички се заобиколува Сбрија и Белград и 2) кон Крајова и Букурешт, со што коридорот 4 крај Видин добива директна врска со Букурешт и Констанца (најголемото Црномосрко пристаниште).

Затоа навистина крајно врме е да престанеме да се однесуваме инфантилно и темелно да ги ревидираме нашите приоритети. Македонија сериозно се доближува до точката кога нема да може да се врати наназад бидејќи станува заобиколена од сите страни со модерна и брза инфраструктура која освен што го повишува квалитетот на живот го прави и стопанството далеку поконкурентно (не за џабе стопанството кај нас рика веќе две декади да се изгради К8!). Под итно треба да се започне со реализација на бројни проекти од патната и железничката инфраструктура. Македонија треба интензивно да се посвети на изградба на важната инфраструктура не да стане најразвиена земја во регионов, а само да  ги следи соседите кои навистина градат огромни проекти. Не смее да се зголемува само пропаста помеѓу нашата земја и соседните, бидејќи фактот што ние една декада веќе не градиме ништо сриозно ја зголемува разликата ви развиеноста на инфраструктурен план помеѓу Македонија на една страна и Бугарија, Србија и Албанија на друга.

Еве што е изградено, се гради или е во фаза на тендери по К8:



Еве што е изградено, се гради или е во фаза на тендери по К10:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 18-May-2012 at 21:51
Дунав Мост2 -Видин-Калафат
14.05.2012





Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 30-May-2012 at 21:09
Автопат Тракија, ЛОТ 2+3+4а (Стара Загора - Јамбол-изток)  
А1 Е773

Привршува изградбата на последните 115 километри од автопатот Тракија. Првите 81 километар автопат на делницата помеѓу Стара Загора - Нова Загора - Јамбол-изток - Јамбол-запад ќе се пуштат во сообраќај на 1 Јули при почетокот на туристичката сезона, додека останатите 35 километри треба да се пуштат кон крајот на летото. Последната делница од 35 километри (Јамбол-запад - Карнобат) се пушта последна бидејќи се работи за најдолгиот лот кој започна со изградба најкасно (според договорот треба да се пушти најдоцна до Јануари 2013 година). Изградбата на делниците траеше 2 години и не ги проби ниту временски ниту финансиските услови пропишани по договорите. Самиот процес на изградба стриктно се набљудуваше од страна на државните мобилни лабаратории кои следат за квалитет, при што грчката компанија Актор, која работеше на Лот 3 беше фатена да полага асфалт без доволно битумен во смесата, при што беше принудена да преасфалтира 15 километри на своја сметка. Со комплетирањето на изградбата на 400 километри долгиот автопат помеѓу Софија и Бургас се исполнува долгогодишниот сон на бугарите и се смета за голема победа на државата и властите (заради стриктниот квалитет, брзата изградба и ниските цени постигнати при тендерските постапки, без никакви анекси кон првичните договори). Истата ќе го скрати времето на патување помеѓу Софија и Бургас од сегашните 5 на само 3 часа.















Кој ќе оди летоска на Црно море ќе стигне доста побрзо и покомфортно.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 02-Jun-2012 at 14:42

Катарски и турски заеднички иницијативи се насочуваат кон Бугарија

Бугарија, Турција и Катар се согласија да започнат заеднички четиригодишен проект за изградба на автопат низ Бугарија, унапредувајќи ја запоставената патна инфраструктура на Бугарија, со истовремено проширување на турските и катарски инвестиции во најсиромашната држава на ЕУ.

Градот Русе, кој се наоѓа на границата со Романија, ќе биде поврзан со Свиленград во близина на границата со Грција и со Турција преку 300-километарски автопат. Проектот се проценува дека ќе чини 777 милиони евра, и ќе биде реализиран со јавно-приватно партнерство.

„Патот Русе-Свиленград е првиот досега заеднички проект инициран на меѓувладина основа, кој вклучува три држави: Катар, Турција и Бугарија“, рече за SETimes Весела Чернева, портпаролка на бугарското Министерство за надворешни работи.

„Патот ќе биде дел од паневропскиот коридор 9 и ќе го комплетира т.н. кружен пат на Црното Море. Автопатот се очекува да биде од голема вредност за поврзувањето на Европа со Истанбул и понатаму, со Блискиот Исток“, додаде таа.

Паралелно со договорот од 24-ти мај за изградбата на автопатот, беа потпишани одделни меморандуми за разбирање во земјоделството, туризмот, рударството, недвижностите и здравствениот сектор. Катарскиот премиер Хамад Бин Јасим Јабр Ал Тани рече дека неговата земја, богата со нафта и гас, ќе инвестира 200 милиони американски долари (162 милиони евра) во бугарската Централна банка, за да ја покаже сериозноста на намерата на Катар да инвестира во Бугарија.

Минатиот март Турција и Бугарија потпишаа вкупно 17 договори за време на посетата на делегацијата на бугарската влада предводена од премиерот Бојко Борисов.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2012/06/01/feature-03

Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 02-Jun-2012 at 21:17
Originally posted by Andrej_LJ


   
]Привршува изградбата на последните 115 километри од автопатот Тракија.



Еве уште малко слики од Тракиjа

Автор, vankkata, SSC

217+100 Изглед кон запад



217+100 Изглед кон изток



Во профил





Надвозник 217+100 Малко Кадиево-Боздуганово

Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 06-Jun-2012 at 19:33
Софиска обиколница, делница Симеоново-Младост 4
















сликите се приземени од garo_viper, SSC
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 62>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.