build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 34>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 18-Apr-2021 at 16:28
Originally posted by stef4o

СЕ ПРОДАВА ТУРСКОТО ИСЛАХАНЕ ВО БИТОЛА СТАРО 120 ГОДИНИ, ГО НЕМА НА ЛИСТИТЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОБЈЕКТИ



Транспарент со натпис „објектот се продава“ е поставен на пространата градба на некогашното турско ислахане, односно училиште за занаети и уметности од османлиско време, кое денес се нарекува стар Прогрес, зашто во СФРЈ таму беше сместена фабриката за чоколада и кекси. Сопствениците ја објавиле продажбата на интернет страниците со огласи, при што се наведува дека „се продава објектот на стар Прогрес, а има можност за продажба на делови приземје 1.523 квадратни метри, прв спрат 1.330 квадратни метри и подрум 559 квадратни метри“. Сопствениците ни потврдија дека објектот е во приватна сопственост и дека го продаваат, повеќе детали за тоа кога и како бил денационализиран не кажаа.

Ислахането старо над 120 години денес е во руинирана состојба. Стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Иако е една од повпечатливите градби во Битола од отоманскиот период, сепак ја нема во листите на заштитени објекти што можат да се најдат на интернет.

„Овој објект е единствен од свој вид кој е зачуван во Македонија. Скопското ислахане денес не постои, па битолското е еден редок бисер што државата треба да го стави под заштита и да го прогласи за културно наследство од особено значење“, вели историчатот Васко Гичевски.

Според истражувањата на Гичевски, кој е одличен познавач на историјата од турско време во Македонија, на територијата на Османлиска Македонија биле изградени само три ислахани: во Битола (1894-1899), Солун (1865) и Скопје (1895). Севкупно, на целата територија на Османлиското царство ги имало 34.

Битолското ислахане било изградено кога валија на Битолскиот вилает бил Абдул Керим Паша.

„Училиштето било отворено во 1899 година. Тука се грижеле и ги образувале јетимите, односно сираци. Во суштина, оваа образовна институција била и сиропиталиште и училиште. Образованието траело пет години. Покрај сираците, учеле и сиромашни деца, а настава можеле да посетуваат и децата на имотни родители, но за тоа требало да платат одредена школарина. Објектот го проектирал беледискиот (општинскиот) инженер Хараламбо, а стручен соработник му бил извесен Тодор Михајловиќ“, вели Гичевски.

Објектот се состои од приземје и кат, со впечатлив влез од страната на патот, изведен со неколку столбови и балкон. Училиштето располагало и со простран двор. Било подигнато со донации од граѓаните на Битола. Во ова училиште се изучувале занаети, па така е забележано името на Петар Црномаровиќ, кој предавал дрводелство. Се изучувале уште чевларскиот и шивечкиот занает. Училиштето во континуитет функционирало до 1912 година, кога со доаѓањето на српската власт било затворено. Објектот потоа бил предвиден за царинарница. По Втората светска војна, објектот долг период служел како погон на Фабриката за кондиторски производи „Прогрес“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-prodava-turskoto-islahane-vo-bitola-staro-120-godini-go-nema-na-listite-na-zashtiteni-objekti/


ИСЛАХАНЕТО ВО БИТОЛА СЕ ЗАШТИТУВА КАКО СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА, ОТКАКО САКАМДАКАЖАМ.МК ОБЈАВИ ДЕКА СЕ РУИНИРА И ПРОДАВА

Завод и музеј Битола го става ислахането, објект од османлиската архитектура стар 120 години, во списокот на објекти под привремена заштита по објавениот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК дека се продава и дека објектот е руиниран. Увид врз состојбата на ислахането по повод 18 Aприл, Меѓународен ден на спомениците и локалитетите, изврши министерката за култура Ирена Стефоска, која најави дека дефинирањето на режимот на заштита на објектот ќе зависи од ревалоризацијата која е во тек.

„Онаму каде што пишува ‘објектот се продава’ нека се допише ‘објектот е заштитен’. Битолското и солунското ислахане се последните два сочувани објекта на Балканот од изградените седум подигнати во османлискиот период , во текот на 19 век, со донации од имотното месно население. Имале исклучителна улога да ги вдомат напуштените деца, сирачињата , децата кои подале рака за корка леб, давајќи им занает , токму во овој објект многу деца израснале во почитувани луѓе“, рече министерката.

Таа додаде дека, за жал, војните, времето и негрижата се отсликани на ислахането. За тоа како некогаш изгледало денес на вратата беше поставена фотографија од браќата Манаки, која во Архивот ја пронајде долгогодишниот истражувач на нивното дело Роберт Јанкуловски. Овој објект кој некогаш бил занаетчиско училиште во турско време, денес има стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Ислахането веќе подолг период е во приватна сопственост и газдите сега го продаваат.

Директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова, рече дека за ислахането е извршена валоризација, но досега објектот немаше статус на посебно заштитено културно добро.

„Некогашното занаетчиско училиште од аспект на заштитата овој објект од одамна е интегриран и претставува интегрален дел на секторската студија која се однесува на културното наследство на Битола. Покрај оваа студија, каде е евидентирано ова добро, во 2016 година од страна на стручните лица беа изработени заштитно-конзерваторски основи на предметниот потег, во коишто е вклучено и ислахането. Со тоа е извршена валоризација на овој објект во рамките на целината. Тоа значи дека во овој контекст објектот нема статус на посебно заштитено културно добро“, рече Стојанова.

Таа додаде дека со цел унапредување и редефинирање на статусот на овој објект како посебен споменик на културата , од страна на стручните лица од Завод и музеј, а во соработка со Министерството и Управата за заштита на културното наследство веќе е започнат процесот за негово ставање под привремена заштита до моментот на негова конечна реализација и ревалоризација која ќе го дефинира заштитниот статус на овој објект.

Запрашана доколку објектот се продаде, новите сопственици што ќе можат да изменат од него, таа одговори дека „заштитата на еден објект не е врзана за неговата сопственост, туку со конкретниот објект“.

„Со режимот на заштита ќе бидат конкретно предвидени сите зафати кои може и мора да бидат испочитувани во режимот на негова заштита“, рече Стојанова.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/islahaneto-vo-bitola-se-zashtituva-kako-spomenik-na-kulturata-otkako-sakamdakazham-mk-objavi-deka-se-ruinira-i-prodava/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 05-Apr-2021 at 19:56
Originally posted by JovanOdGjorche

А што да се прави? Да се чека стари градски куќи да се распаднат, т.е. физички да се срушат покрај некој минувач, па сопствениците да можат да ги продадат и да градат згради на атрактивни локации? Ова е праксата во Куманово. До сега колку стари куќи заминаа во заборавот на времето и на нивно место никнаа зградурни без никаква естеткса вредност. Кога веќе сме неспособни како нација да го зачуваме историското наследство барем нека се изгради нешто што друго од корист. А за рушење на ова што се гради 20 години, тоа тешко. Не мрда овој народ од место во тој план барем уште 50 години.
доста дискутабилно... која е улогата на културно-историското наследство тогаш?
мора некако државата да го регулира тоа како сопствениците се грижат за секој аспект на објектите што ја засегнува нивната околина
инерртноста на државата и граќаните во овој поглед не значи дека треба се да се продаде за евтини пари кој како стигне, мора негде да се повлече линија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 04-Apr-2021 at 18:08
А што да се прави? Да се чека стари градски куќи да се распаднат, т.е. физички да се срушат покрај некој минувач, па сопствениците да можат да ги продадат и да градат згради на атрактивни локации? Ова е праксата во Куманово. До сега колку стари куќи заминаа во заборавот на времето и на нивно место никнаа зградурни без никаква естеткса вредност. Кога веќе сме неспособни како нација да го зачуваме историското наследство барем нека се изгради нешто што друго од корист. А за рушење на ова што се гради 20 години, тоа тешко. Не мрда овој народ од место во тој план барем уште 50 години.

Edited by JovanOdGjorche - 04-Apr-2021 at 18:08
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 04-Apr-2021 at 16:43

по оваа логика треба да се срушат 90% од објективе во земјава... па новите да скапат, па пак да се срушат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 04-Apr-2021 at 15:38
Како мислиш оставиле 100 години да пропадне? Па сигурно за време на Југославија не било во ваква состојба кога било фабрика? Сѐ вклучувајќи ја и „државата“ почнува да пропаѓа во 91-ва. Се согласувам дека нашава држава во оваа состојба во која што е сега нема способност за оддржување на културно-историски објекти. Така да, подобро да го нема отколку да се распаѓа.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 04-Apr-2021 at 13:55
Уште ни се провлекува низ општеството една глупава премиса дека сите приватници се некакви си злобници само затоа што имаат куповна моќ да стопанисуваат со објект од културно значење. Уште тоа глупаво комуњарско сваќање дека државата е тука да го штити културното наследство, иако баш заради државата пропаѓа се што е под државна капа. Мора културна лустрација, да нема овакви залагања од медиумски работници кои креираат јавно мислење. Ова пропаднало beyond-repair состојба заради државната "грижа", и сега ако го поправи некој нечини зашто е приватно, ако го сруши за друг обејкт ете како тоа се дозволило да биде срушено. А одговорност никаде за сите што оставиле 100 години ова да пропадне. Најздравје да му е на тој што ќе го купи и ако сака нека го срамни со земја, ако сака нека го реновира од темел и да си го ужива како палата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Apr-2021 at 12:47
СЕ ПРОДАВА ТУРСКОТО ИСЛАХАНЕ ВО БИТОЛА СТАРО 120 ГОДИНИ, ГО НЕМА НА ЛИСТИТЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОБЈЕКТИ



Транспарент со натпис „објектот се продава“ е поставен на пространата градба на некогашното турско ислахане, односно училиште за занаети и уметности од османлиско време, кое денес се нарекува стар Прогрес, зашто во СФРЈ таму беше сместена фабриката за чоколада и кекси. Сопствениците ја објавиле продажбата на интернет страниците со огласи, при што се наведува дека „се продава објектот на стар Прогрес, а има можност за продажба на делови приземје 1.523 квадратни метри, прв спрат 1.330 квадратни метри и подрум 559 квадратни метри“. Сопствениците ни потврдија дека објектот е во приватна сопственост и дека го продаваат, повеќе детали за тоа кога и како бил денационализиран не кажаа.

Ислахането старо над 120 години денес е во руинирана состојба. Стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Иако е една од повпечатливите градби во Битола од отоманскиот период, сепак ја нема во листите на заштитени објекти што можат да се најдат на интернет.

„Овој објект е единствен од свој вид кој е зачуван во Македонија. Скопското ислахане денес не постои, па битолското е еден редок бисер што државата треба да го стави под заштита и да го прогласи за културно наследство од особено значење“, вели историчатот Васко Гичевски.

Според истражувањата на Гичевски, кој е одличен познавач на историјата од турско време во Македонија, на територијата на Османлиска Македонија биле изградени само три ислахани: во Битола (1894-1899), Солун (1865) и Скопје (1895). Севкупно, на целата територија на Османлиското царство ги имало 34.

Битолското ислахане било изградено кога валија на Битолскиот вилает бил Абдул Керим Паша.

„Училиштето било отворено во 1899 година. Тука се грижеле и ги образувале јетимите, односно сираци. Во суштина, оваа образовна институција била и сиропиталиште и училиште. Образованието траело пет години. Покрај сираците, учеле и сиромашни деца, а настава можеле да посетуваат и децата на имотни родители, но за тоа требало да платат одредена школарина. Објектот го проектирал беледискиот (општинскиот) инженер Хараламбо, а стручен соработник му бил извесен Тодор Михајловиќ“, вели Гичевски.

Објектот се состои од приземје и кат, со впечатлив влез од страната на патот, изведен со неколку столбови и балкон. Училиштето располагало и со простран двор. Било подигнато со донации од граѓаните на Битола. Во ова училиште се изучувале занаети, па така е забележано името на Петар Црномаровиќ, кој предавал дрводелство. Се изучувале уште чевларскиот и шивечкиот занает. Училиштето во континуитет функционирало до 1912 година, кога со доаѓањето на српската власт било затворено. Објектот потоа бил предвиден за царинарница. По Втората светска војна, објектот долг период служел како погон на Фабриката за кондиторски производи „Прогрес“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-prodava-turskoto-islahane-vo-bitola-staro-120-godini-go-nema-na-listite-na-zashtiteni-objekti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 21-Mar-2021 at 11:56
САРАЈОТ НА НИЈАЗИ БЕГ ВО РЕСЕН СТАР ЕДЕН ВЕК, ПО 39 ГОДИНИ ДОБИ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ЦЕЛОСНА САНАЦИЈА





На хорор филм наликува поткровјето на Сарајот на Нијази бег, нарекуван и ресенскиот Версај, еден од највелелепните објекти на Балканот, граден во неокласичен стил, кој на на времето му пркоси 109 години. Оштетени ќерамиди, трули штици, откриени делови од покривот, прокапени тавани и неупотребливи простории од најгорниот кат на дворецот кои нудат прекрасен поглед на Преспа. За првпат по 39 години, државата обезбеди средства за комплетно да се реновира покривот на овој импозантен архитектонски објект со раскошна естетска убавина, некогашен дом на иницијаторот на Младотурската револуција Нијази бег, а денес Дом на културата „Драги Тозија“. Делумна санација имаше во 2005 година. Сега за покривот, преку Министерството за култура се обезбедени 2,4 милиони денари (околу 40 илјади евра) со што ќе се реши горливиот проблем.

Во 1982 беше обновен покривот и освежено купето. Но, низ годините почна да прокапува и последниве години е прав хорор филм во поткровјето за кое годинава, за среќа, се обезбедени средства за реконструкција. Таваните горе почнаа да се ронат, протекуваше, имаше некои напори да се заштити. Но, не можеше. Неопходна е целосна реконструкција. Во делот каде што се сликите на Кераца Висулчева нема прокапено, туку во ходникот“, ни рече директорот на Домот на културата Васко Василевски.

Министерката за култура Ирена Стефоска најави дека покривот годинава ќе биде реконструиран.

Една од приоритетните градби од неокласичната архитектура во земјава, Сарајот на Нијази бег, по децениски проблеми, годинава ќе биде заштитен. За санација на покривот кој протекува , Министерството за култура одвои 2.4 милиони денари. Во некогашниот дворец, денеска заштитено културно наследство, се сместени Ресенската керамичка колонија, една од 10-те под закрила на УНЕСКО, како и постојаната поставка на доајенот на современото сликарство Кераца Висулчева“, објави министерката Стефоска на нејзиниот фејсбук профил.

Сарајот е објект што го одзема здивот со естетскската градба со вградени мермерни плочи на влезот и столбовите, украсни елементи на фасадата, пространа тераса, оригинален облик на покривот, видиковец на покривот, со големината, историјата, градините. Бил граден како дом на бегот, но Нијази немал среќа да живее во дворецот зашто бил убиен само една година по доградувањето на сарајот во 1912. Мегаломанскиот изглед од надвор се совпаѓа и со внатрешноста. Таа изобилува со големи ходници и многу простории со високи тавани кои во зима е тешко да се згреат. Во зградата со внатрешност на касарна има простор да се сместат еден куп културни организации, институции.

По ослободувањето тука беа сместени повеќе институции, потоа се одделија. Мое лично мислење е дека тоа беше погрешен чекор. Ако останеа заедно ќе беше понаку за животот на ова место. Денес сите сме расцепкани. Домот за култура на првиот кат и поткровјето, а спомен собата на Висулчева под Завод и музеј Битола и керамичката колонија на вториот кат“, вели директорот Василевски.

Домот „Драги Тозија“ се занимава со библиотечна, музичко-сценска, драмска и визуелни уметности, архитектура и дизајн. Годишно организираа по 50 културни настани, но пандемијата ги проретчи активностите. Сепак, иако нема многу настани и постетеност поради актуелната состојба објектот бара одржување, а инстутуциите имаат недостиг на кадар.

Немаме ни вработени кои би го одржувале објектот. Имавме своевремено договори со Министерството дека треба да се стават камери. Но, сега на моја добра волја е што го одржувме дворот, плаќаме еден работник кој е пред пензионирање. Огромен двор е, а и киното е под наша надлежност. Неопходно е да се вработат луѓе. Не е само проблем одржувањето, туку и делот на организирање на настани. Имаме четворица вработени, јас како раководител, еден во библиотеката, еден сметководител-книговодител и едно техничко лице“, вели Василевски.

Во иднина ходниците, а и просториите на Сарајот би можеле да се оплеменат со многу експонати и други материјали кои ја раскажуваат историјата и сегашноста на Преспа. Засега има моноксил, керамички производи и уште неколку други експонати. Во посебен дел се сместени вредните ликовни дела на Кераца Висулчева, по потекло од Костурско, која иако дел од животот го поминала во Бугарија, јасно укажувала дека е Македонка. Последните години од животот емигрирала во Македонија и на државата ѝ ги оставила сите ликовни творби. Во Сарајот се изложени 38 нејзини дела, меѓу кои и нејзиниот портрет на претседателот Киро Глигоров.

Во Сарајот за жал, нема спомен-соба за Нијази-бег, иако тоа низ минатото често провејувало како идеја. Познато е дека бил роден ресенчанец, па го носел прекарот Ресенли, со неговото одметнување во планина во 1908 започнала Младотурската револуција. Упатил прокламација до христијанското население за заедничка борба против султанот. Ресенчани раскажуваат дека благодарение на него го имаат не само Сарајот, туку и чаршијата.

https://sdk.mk/index.php/magazin/sarajot-na-nijazi-beg-vo-resen-star-eden-vek-po-39-godini-dobi-drzhavni-pari-za-tselosna-sanatsija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-Mar-2021 at 18:20
Originally posted by stef4o

Алимбегова куќа

Алимбеговата куќа е асиметрична градба, со приземје и два ката, а како архитектонско остварување претставува редок пример на станбена архитектура. Во репрезентативниот дел се влегува преку типичен бароктен влез со извиени скали. Во предниот дел се наоѓа салон за прием со голем чардак од едната страна и висока шестострана просторија од другата страна. Во задниот дел се сместени уште три простории за живеење.

Првиот и вториот кат се идентично решени, со таа разлика што поради поголемата спратна висина на салонот, тој не се појавува на вториот кат. На вториот кат е сместен спалниот тракт, со своја бања. Распоредот на просториите е асиметричен со примена на разни геометриски форми, (полигонални, полукружни, шестаголни, правоаголни). Скалите меѓу првиот и вториот кат се двокраки со полукружен подест. Прозорците се поставени на сите нивоа со различен облик и декорација : на приземјето имаат благи лакови за натпрозорници, на првиот кат се полукружни, а на вториот се со прекршени лаци. Фасадната декорација поставена околу прозорците и на парапетите е типичен пример на барокниот стил, со гирланди, цветови, листови. Пиластрите со капители се исто така богато декорирани.

Најбогато е обработена западната фасада, со извиени елипсовидни надворешни скали. Лево од скалите во шестоаголен облик се надвисува кула која доминира над останатите делови од фасадата. Десно од скалите е поставена чешма во полукружна розета и ниша обработена во вид на школка. Полукружниот фриз има флорална декорација во плиток релјеф. Покривната конструкција е изработена во неколку фази во зависност од адаптациите кои ги има претрпено објектот. Покривот е повеќеводен со фалцовани ќерамиди.
До 1993 година објектот бил во функција на Медицински центар или Старата болница. Во текот на 2016 година, започнале активности за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, по кое објектот треб да биде претворен во музеј.





https://akinvest.mk/



Музејот на Мехмет Паша Дерала тапка во место – реконструкцијата започнала пред 6 години, сѐ уште не е завршена



https://mk.tv21.tv/muzejot-na-mehmet-pasha-derala-tapka-vo-mesto-rekonstruktsijata-zapochnala-pred-6-godini-s-ushte-ne-e-zavrshena
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Mar-2021 at 01:27

политика и глупости на страна, брутализмот е како створен за културни институции, театри, музеи, библиотеки и образовни институции, ако можат да ја пренаменат наместо вака да стои како руина би било супер
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 07-Mar-2021 at 15:08
ИЗГОРЕНАТА КУЛТНА ШАЛТЕР САЛА НА СКОПСКАТА ПОШТА ЌЕ СТАНЕ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР







Сала без шалтери и луѓе е денешната слика на култната Шалтер сала во Поштата во Скопје, која изгоре во големиот пожар во 2013, но таа ќе се обнови како архитектонско наследство и ќе ѝ се врати сјајот, велат директорот Јани Макрадули и претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) проф. д-р Мишко Ралев.

Целиот комплекс на Пошта на Северна Македонија, на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје, претставува вредно архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926-2010). Шалтер салата, за која Ралев вели дека е врв на творештвото на Константинов, е изградена во 1974. Објектот претрпе голем пожар во 2013 и како последица на тоа, оригиналната површина на куполата и фреските од Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето, беа целосно уништени.

Благица Стојчевска, раководителка на Самостојна служба за градежништво и инвестиции во АД Пошта на Северна Македонија, вели дека во последните година-две интензивно работат на валоризација на опожарениот објект Шалтер сала на Централната пошта во Скопје, негова категоризација како заштитено културно наследство на државата и создавање и изноѓање на можности за негово обновување и повторно заживување.

„Целта е објектот да ја добие вредноста која ја заслужува, повторно да блесне во сиот свој сјај и конечно да биде вратен во функција на граѓаните и идните генерации“, вели Стојчевска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Исклучително моќната структура е изработена од армиран бетон, во форма на цвет на лотос и објектот може стилски да се опише како бруталистички, и е еден од најсилните обележја на модернизмот во светски рамки. Изграден е да служи како административна шалтерска сала за Телекомуникацискиот и Поштенски центар на Македонија. Неговата форма беше наменета да го симболизира подигнувањето и реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес што целосно го разурна во 1963.

Авторот на Пошта Константинов, после дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Белград заминува на стручно усовршување во земјите од Западна Европа и САД, работејќи помеѓу другите и со легендарниот фински архитект и дизајнер Алвар Аалто како и со американскиот архитект Виктор Груен – татко на современите „шопинг молови“.

„Знаењето насобрано од странство тој обилно го користи во Македонија учествувајќи со бројни проекти од типологијата на јавни објекти во поземјотресната изградба на Скопје. Врв на неговото творештво, со кое на одреден начин и завршува брутализмот во Скопје и Македонија, е Шалтер салата која на некој начин и отскокнува од другите објекти со својот архитектонски израз и јазик кој се одликува со експресивна скулптуралност. Објектите на Пошта се публикувани во голем број списанија и весници во Југославија, а исто така и во престижното француско списание Архитектурата денес. Неговите дела беа изложени и во МоМА Њујорк“, вели професорот Ралев.

За да може овој објект и бисер од архитектонското наследство да се пренесе на следните генерации, итно има потреба од негова обнова и реконструкција. Оваа зграда, вклучувајќи ги и нејзините главни ентериери и ѕидни обработки, секојдневно е сѐповеќе загрозена поради ненавремената санација на последиците од пожарот, моментално нема можност за нејзина употреба а постои и присуството на поткопување од ерозијата на подземните води поради близината на реката Вардар. Но, најзагрижувачка е нејзината изложеност на директни атмосферски влијанија бидејќи е целосно без затворен покрив, поради што дождот и снегот продираат во целата нејзина внатрешност. Овој извонреден пример на експресивната и скулптурална архитектура на 20. век е од витално значење за визуелниот и симболичен архитектонски пејзаж во срцето на Скопје, како и за културното наследство на Европа и пошироко. Објектот е значаен и како симбол на постземјотресниот отпор и издржливост, но и како значаен идентитетски симбол на Скопје и македонскиот народ. Поради тоа, нејзината обнова за АД ‘Пошта на Северна Македонија’ Скопје е врвен приоритет“, потенцира Стојчевска.

Пошта и Асоцијацијата на архитекти на крајот на минатата година потпишаа договор за долгорочна стручна соработка заради враќање на култната Шалтер сала во полн сјај. Според професорот Ралев, тоа подразбира учество во стручни и јавни расправи, давање експертизи и рецензии за проекти од областа на архитектурата, урбанизмот, просторното планирање, културата и културното наследство.

Ралев нагласува дека е многу важно детектираните објекти да останат во јавна сопственост за да не дојде до нивно приватизирање или пренамена која не соодветствува на нивното културолошко значење.

За обновата да се реализира, Стојчевска вели дека најприоритетно ќе биде да се заврши процесот на валоризација на објектот како заштитено културно наследство започнат во февруари 2019, кога е поднесено нивното барање за изработка на Елаборат за валоризација до надлежните институции Национален конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство при Министерството на култура.

„Од наша страна е дополнително побарано со доставени ургенции овој процес да се забрза и интензивира, што и е направено од нивна страна, односно овој процес е речиси во завршна фаза. Ова е повеќе од нужно за да може да се разработи план за сеопфатното долгорочно финансирање на планираните реализации, односно да се изготви план за финансирање со помош на сите национални релевантни иституци, но и со помош на вонинституционалната подршка и пошироката јавност, како домашна, така и меѓународната, сѐ со цел остварување на нашата намера овој објект да се врати на граѓаните и пренесе на идните генерации“, кажа Стојчевска.

„Прв чекор во оваа акција е да се воспостави комуникација помеѓу институциите на управа (локална – Град Скопје, или државна – Министерство за транспорт и Министерство за култура), Пошта на Северна Македонија и ААМ за да се дефинира пренамената. Во меѓувреме, одговорните институции како Управата за заштита, Градскиот завод за заштита да отпочнат со дефинирање на постојната состојба, подготовка на техничка документација за ревитализација“, рече претседателот на ААМ.

Стојчевска вели дека ќе се разработи Концепт за функционален развој како дел од Концептот за трајно зачувување.

„Пред сето ова воопшто да започне да се планира и реализира, ќе се изврши функционално преиспитување на просторните можности и одредување на новата намена на објектот, која би била определена преку спроведени јавни и отворени дискусии и дебати со експертската, стручна академска и културна јавност, како и со други релевантни општествени и институционални чинители, истакнати професионалци, фирми и поединци, можни нови домашни и странски инвеститори кои би биле спремни да вложат свои инвестиции во обновата на објектот, која намена секако ќе треба да биде одобрена и од менаџментот на Друштвото и од страна на Владата како негов основач и сопственик“, вели Стојчевска.

Пренамената, според меѓународните практики, пред сѐ се однесува на културни функции и содржини кои му се потребни на Скопје во неговата намера да се кандидира за „Европски град на културата“.

Зградата на Централната пошта во Скопје лани во декември влезе во потесниот избор на 12. најзагрозени споменици во Европа, од кој ќе се изберат 7-те најзагрозени за 2021. Финалната листа ќе биде објавена овој месец, а Стојчевска вели дека ја очекуваат со големо нетрпение.

https://sdk.mk/index.php/kultura/izgorenata-kultna-shalter-sala-na-skopskata-poshta-ke-stane-kulturen-tsentar/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Feb-2021 at 01:04
Немам појќе зборови за состојбата со староградската архитектура. Се е во тотален распад, со тоа што ете со некои од конзулатите ситуацијата е меѓу полошите. Таа зграда на сликата со даски на долните прозори (Српски кознулат) - даските ги заковаа како дел од сетот за филмот „Трето полувреме“. Филмот е излезен 2012, значи даските се таму најмалку од 2011та. Значи дотолкава неспособност и негрижа владее во градот што претпоставувам дека не ни забележал некој дека даските се таму или кога и зошто се појавиле.
Па барем за бившите конзулати со мала доза креативност и тро напор со питање по амбасади пар градби ќе можат да се доведат во пристојна состојба, барем фасадите, ама ете нема кој, пошто тие како Музеј, нити како општина - не биле надлежни. Оти ако има мртва крава во дворот на комшијата (а комшијата иселен во Австралија пред 25 години) негова надлежност е да си ја крени, па ако тебе дома таванот ти паѓа од смрдеа - нема ти што да се замараш, едноставно не си надлежен.

До што имам последно прошетано низ другите градови низ Македонија, иам впечаток дека Битола е најгнасниот и највалканиот. Пост-апокалипса, веќе врколаци биле видени како пишат ливче во Моцарт.



Originally posted by ehrlich


А зашто ја смениле бојата на фасадата?


Наводно ја вратиле „оригиналната“, што и да значи тоа, со оглед на историјата на изградба и употреба на објектот. Некој од Музеојт истражил и заклучил дека тоа бил оригиналот. Сеедно, мене искрено ми се допаѓа како излезе, подобро отколку само една боја за се. Баш добро го изведоа акцентирањето на орнаметалниот дел со различна боја, но без претерување па да стрчи. Ми се чини прв пат го фалам Музејот за нешто
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Feb-2021 at 08:30
НЕКОГАШНИ ПАЛАТИ, ДЕНЕС КУЌИ ОД ХОРОР ФИЛМОВИ – ПРОПАЃААТ СТАРИТЕ КОНЗУЛАТИ ВО БИТОЛА

Конзулска Битола се гордее со Широк Сокак, а само на стотина метри се наоѓа таканаречената Конзулска улица каде се распаѓаат старите конзулати. На нив се темели старата битолска традиција. Објектите денес претежно се во приватна сопственост, но дел се и под заштита на државата како архитектонски бисери и објекти од историско значење. Ако под итно не се преземат мерки за нивна заштита, Битола ќе остане без едни од најубавите градби со неокласичен стил.

Оштетени фасади, искршени прозорци, изронети ѕидови, недолични чкртаници. Вака, денес изгледаат објектите на некогашниот Британски, Српски, Грчки и Француски конзулат, сите распоредени на улицата Кирил и Методиј во центарот на Битола.







Секој конзулат е своевидно огледално пресликување на уметничките дострели, на архитектурата на државата која го користела објектот, како конзулат. Објектите редовно биле монументални градби, (подрум, приземје и спрат), а често пати и како синтеза од станбена зграда и објект од јавен карактер. Неокласицизам е ракописот, по кои се градени овие објекти. Имаат изразени барокни елементи, а некои од нив и неоренесансни карактеристики. Тоа најдобро е покажано кај високите канелирани столбови и капители; кај тимпаноните, балконите и декорацијата на влезните врати и прозорите. Неретко, кај надпрозорните делови и кровните венци, се сретнува и флорна декорација. Сиот овој западно-европски манир, се огледувал во архитектурата, начинот на облекување и однесување. Не случајно, Битола го носи епитетот македонска лулка на европската цивилизација”, вели архитектот Зоран Николовски од Битола.

Поранешниот Грчки конзулат, во поново време, старата Општинска зграда, до пред 20 години намамуваше погледи со воодушевување поради архитектонската грандизоност. Пречекуваше политичари, државници и други гости, беше сведок на значајни одлуки, а просториите преку викенд беа полни радост зашто таму илјадници битолчани го кажуваа своето судбоносно „да“. Објектот денес е во лоша состојба. Олуците се стари и кога врне дождот тече директно низ фасадата, па го има изроенето малтерот. Влезот некогаш наликуваше на приод кон палата, а денес за снимање хорор филмови. Делови од мермерните скали се искршени, а влезната врата исчкртана со недолични цртежи. Објектот со денационализацијата ѝ беше вратен на црквата. Тука беа снимени кадри од повеќе македонски флимови меѓу кои и „Трето полувреме“.

До него во иста состојба е некогашниот Француски конзулат, денес во приватна сопственост на црквата. Фасадата се распаѓа, а влезот станува депонија од шишиња, игли и шприцеви.

Британскиот е најстариот конзуларен објект во Битола од пред 170 години кој е под надлежност на ЈП за стопансиување со станбен и деловен простор, но на еден од катовите со години под наем живее и семејство. Не сакаат да зборуваат во јавност, но очигледно е дека се соочуваат со проблеми за одржување на објектот зашто е стар и голем. Неколку метри над него е поранешниот Српски конзулат, отворен 1888 година, денес приватна сопственост на семејство од Белград. Беше искористен за снимање на кадри од „Ослободувањето на Скопје“.

Новите конзулати се преместени на Широк Сокак или во споредните улички. А проблемот со старите конзуларни преставништва не е нов, туку се провлекува со години.

Од Завод и музеј – Битола соштија дека конзулатите, со исклучок на Британскиот, се во приватна сопственост, па примарната одговорност за грижа е на терет на сопствениците.

Објектот на некогашниот Британски конзулат, како и објектот на Францускиот конзулат се заштитени со поединечни решенија, додека пак објектот на Српскиот конзулат, нема поединечно решение. Во 2001 година е конзервирана и реставрирана фасадата на Францускиот конзулат, додека пак на другите објекти нема превземени зафати, што е резултат и на недостиг на кадар и финансиските можности за да може да се реализираат сите проекти. Во пракса иако негрижата за приватните објекти кои се заштитени треба да биде на сопствениците, најчесто одговорноста за нивната лоша состојба се бара во/кај институциите“, писмено одговорија од Завод и музеј Битола.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nekogashni-palati-denes-kuki-od-horor-filmovi-propagaat-starite-konzulati-vo-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-Jan-2021 at 10:42
Алимбегова куќа

Алимбеговата куќа е асиметрична градба, со приземје и два ката, а како архитектонско остварување претставува редок пример на станбена архитектура. Во репрезентативниот дел се влегува преку типичен бароктен влез со извиени скали. Во предниот дел се наоѓа салон за прием со голем чардак од едната страна и висока шестострана просторија од другата страна. Во задниот дел се сместени уште три простории за живеење.

Првиот и вториот кат се идентично решени, со таа разлика што поради поголемата спратна висина на салонот, тој не се појавува на вториот кат. На вториот кат е сместен спалниот тракт, со своја бања. Распоредот на просториите е асиметричен со примена на разни геометриски форми, (полигонални, полукружни, шестаголни, правоаголни). Скалите меѓу првиот и вториот кат се двокраки со полукружен подест. Прозорците се поставени на сите нивоа со различен облик и декорација : на приземјето имаат благи лакови за натпрозорници, на првиот кат се полукружни, а на вториот се со прекршени лаци. Фасадната декорација поставена околу прозорците и на парапетите е типичен пример на барокниот стил, со гирланди, цветови, листови. Пиластрите со капители се исто така богато декорирани.

Најбогато е обработена западната фасада, со извиени елипсовидни надворешни скали. Лево од скалите во шестоаголен облик се надвисува кула која доминира над останатите делови од фасадата. Десно од скалите е поставена чешма во полукружна розета и ниша обработена во вид на школка. Полукружниот фриз има флорална декорација во плиток релјеф. Покривната конструкција е изработена во неколку фази во зависност од адаптациите кои ги има претрпено објектот. Покривот е повеќеводен со фалцовани ќерамиди.
До 1993 година објектот бил во функција на Медицински центар или Старата болница. Во текот на 2016 година, започнале активности за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, по кое објектот треб да биде претворен во музеј.









https://akinvest.mk/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Jan-2021 at 17:52
Општина Берово обезбеди техничка документација за реконструкција на кино салата во Берово



Во рамки на проектот ,,Градење на капацитетите кај општините за имплементација на проекти”, кој го спроведува УНДП, преку Фондот за техничка документација, од првиот повик, Општина Берово, доби проект за изработка на техничка документација, за изградба на мултифункционална сала, на локацијата на постоечката кино сала.
После долги години, се актуелизира прашањето за реконструкција на кино салата, чија локација е во срцето на Берово и е од големо значење за жителите на Берово и околината и за подбрување на целокупната слика за општината.
Проектната документација е финансирана од УНДП и Шветската агенција за меѓународен развој, преку Министерството за финансии - Единицата за управување со проекти за подобрување на општинските услуги МСИП .
Со добивањето на техничката документација, Општина Берово, станува конкурентна и спремна за идните повици, пред предпристапните фондови, со еден од најдобрите проекти, кои силно ќе го зајакнат локалниот еконмски развој и ќе допринесат во развојот на културата во Берово.
Проектната документација за изградба на мултифункционална сала, ги содржи сите фази и компонентни, потребни за целосна финализација на една современа градба.
Да се надеваме дека во најскоро време, ќе ве израдуваме со најава на почеток на инвестиција, вредна околу 92 милиони денари и младите ќе добијат место, каде квалитетно би го исполниле своето време, место за дружење и развој на нивните креативни способности, кое нешто беше предвидено во Програмата на Градоначалникот на Општина Берово

https://www.facebook.com/opstinaberovo2
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 18-Jan-2021 at 12:53
Не успеав никаде да најдам историски податоци за старата касарна во Кочани. Да не има некој повеќе информации околу нејзината историја и евентуална значајност?

undefined
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 12-Jan-2021 at 11:08


извор: фб (Bitola in my heart)

Фото: Гордана Аџиева-Михајловска
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 24-Dec-2020 at 13:52
Почна реновирањето на Саат кулата и турската бања во Дојран





Со пари од ЕУ фондовите за прекугранична соработка, општина Дојран почна со реновирањето на Саат кулата и турската бања (амамот), препознатливите објекти кои по 130 години ќе го вратат духот на старото маало во Дојран, велат од локалната самоуправа.

Двата културно историски објекти, кои по реновирањето ќе бидат тавени во функција на развојот на туризмот во Дојран,биле разурнати за време на Првата светска војна како и во балканските војни.

Според проектот, за кој се одобрени над 250 000 евра, предвидено е да се изврши расчистување и уредување на теренот и реставраторски и конзерваторски работи на сочуваните делови заради зачувување на автентичноста на објектите од 19 век кои предизвикуваат интерес кај туристите.

Покрај ова, постојните патеки што ги поврзуваат објектите, во должина од околу 500 метри,ќе бидат поплочени и поврзани со блиските улици.

Враќањето на стариот сјај на Саат кулата ќе придонесе многу за развојот на туризмот во Дојран и за привлекување на нови туристи. Своевремено со 10 метри височина доминирала и сега со новата височина од 18 метри повторно ќе доминира во околината. Саатот ја имал улогата на узвестител за времето по кој се ориентирале занаетчиите и трговците за отворање на дуќаните,а рибарите за одење на мандрите, рече дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

https://mk.tv21.tv/pochna-renoviraneto-na-saat-kulata-i-turskata-bana-vo-dojran/
https://www.facebook.com/angovango
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 20-Dec-2020 at 17:09

А зашто ја смениле бојата на фасадата?
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 20-Dec-2020 at 16:50
Конечно пристојна реконструкција, уште да заживее објектот и градот ќе има едно големо богатствo! Се надевам дека ова ќе продолжи и во останатите градови низ Македонија.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.383 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.