build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 08-Jul-2014 at 00:41

НАМЕСТО МУЗЕЈ - УРНАТИНА (1)


Куќата на славниот Личеноски тоне во заборав


Трагите од пожари се уште се гледаат на фасадата, мозаиците на терасата и пред влезната врата не се заштитени. Дворот е запуштен и обраснат, а скулптурите кои сликарот ги изработил и поставил се украдени или откорнати. Таму сега домаќини се змии, бездомници и зависници



Куќата во која Лазар Личеноски, еден од основоположниците на македонското модерно сликарство, ги мина последните моменти од животот е оставена на забот на времето, да скапува, без никаква грижа или заштита ниту од семејството ниту од надлежните државни институции. Во неа не живее никој, нема ниту струја ниту вода и се уште се гледаат трагите од провалите и пожарите. Мозаикот "Апотеоза на трудот", едно од ремек-делата на Личеноски, е во лоша состојба, а тоа може да се види и од самиот Кеј исто како и "Берачка на лотоси" која е на самиот влез од куќата. Во запуштениот двор само се наѕираат делови од скулптурите кои Личеноски таму ги поставил, а во високата трева не е безбедно да се гази бидејќи има змии. Малечкиот базен е руиниран и полн со ѓубре, а сирената која самиот Личеноски ја направил за да го украси ја нема. Ограда повеќе нема, но има ѕид од дива вегетација и малечки патеки кои ги направиле бездомниците и зависниците кои сега се домаќини во куќата на уметникот.

Куќата на Личеноски е изградена во педесеттите години од минатиот век, а проектант е архитектот Славко Брезовски кој стои зад Соборниот храм и Работничкиот универзитет. Куќата има два ката, а во едно од крилата е и ателјето каде што Личеноски творел.
"Вечер" разговараше со Боривоје Крстев и неговата сопруга Љиљана, кои живеат веднаш до куќата на Личеноски. Архитектот и виолинистката биле соседи, но и пријатели со сликарот и неговата сопруга. Ги паметат последните денови на Лазар и на неговата сопруга Зоја. Велат дека се револтирани од негрижата, како на семејството така и на роднините на Личеновски.
- Погледнете, што е дворот. Страв да одам таму бидејќи има змии. Стои запуштено со години, никој не се грижи и скапува. Жалосно е навистина, вели Боривоје Крстев, архитект.
Тој памети како Личеновски го украсувал дворот со своите скулптури, но и со камења и плочи од црквата "Света Богородица" која пред неколку години повторно беше изградена на истото место, спроти хотелот "Холидеј Ин".
- Неговото студио беше најгоре на катот, а храна му праќаа по лифт од кујната бидејќи работеше со денови. На горниот кат имаше една огромна соба во која ги чуваше сите дела. Наредени беа до таванот. Неколку скулптури си ги стави во дворот. Сега веќе ги нема. Ги украдоа бидејќи беа од железо и сигурно завршиле на некој отпад, вели тој.




Неговата сопруга успеала два пати да ги спаси сликите на Личеноски од уништување. И во двата случаи навреме го забележала чадот и повикала пожарникари.
- Љиљана два пати ги спасуваше сликите. Првиот пат седевме на тераса кога го забележа чадот кој излегуваше од покривот. Зоја се уште беше жива, па ја повика да излезе и можеби со тоа и го спаси животот. Вториот пат, пред четири или пет години, пожарот беше во подрумот каде што се собираа скитници и зависници и тогаш во последен момент ја спасивме куќата, но и сликите кои беа внатре, раскажува Крстев.

Трагите од последниот пожар се уште се гледаат на фасадата од куќата, заедно со избледените полициски ленти. Во задниот дел од дворот има еден куп стар полуизгорен мебел и хартија кои пожарникарите ги извадиле од подрумот.

Откако почина Зоја куќата остана таква каква што ја гледаш сега. Никој ниту дојде ниту се нафати да ја заштити. Секој ден во неа доаѓаа бездомници и зависници. Среќа што не се разбираат од уметност бидејќи сликите на Личеноски се уште беа тука. Дури по вториот пожар ги пренесоа во галеријата во Даутпашин амам. Нејзина желба беше куќата, по нејзината смрт, да биде музеј посветен на Лазар, вели нашиот соговорник.



Откако сликите биле преместени во куќата бил инсталиран алармен систем кој се уште стои таму, но е нефункционален бидејќи струјата е исклучена. Ролетните се заварени за рамките од прозорците и тоа повторно благодарение на соседите на Личеновски, сопружниците Крстеви. Низ дупките во влезната врата може да се види запуштеноста во внатрешноста на куќата во која се уште има мебел, исто како и во подрумите кои веќе немаат прозорци. (О.Ч.)
http://www.vecer.mk/?ItemID=4670668E5B670C4583D72923FD9A7B95
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 18-Jul-2014 at 07:55
Министерката Елизабета Канческа-Милевска во посета на Албански Театар..




http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4661/1?month=7&year=2014&day=17&desc=1

Edited by jyvation - 18-Jul-2014 at 07:57
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 20-Jul-2014 at 22:07
Што се однесува до муебетов што го почнав за дополнителна зграда на музејот на современа уметнос. Пред некој ден читав интервју со полскиот амбасадор во Македонија и неговата жена. И жена му баш зборуваше дека еден од проектите за музејот на современа уметност бил од полски архитеткт кој бил ангажиран на повеќе проекти во Скопје но не бил реализиран поради комплекноста и големите евентуални трошоци за изградба. Жената зборуваше и колку била изненадена од големиот број на искличително битни дела од полски уметници кои ги поседува музејот. Штета што не го копирав текстот и сега заборавив каде го читав , мислам дека беше во Дневник, Нова Македонија, Вечер или Утрински и е од минатата од 14.07 и 18.07.
Во секој случај зборот ми е дека овој музеј има што да понуди и дека навистина е проект кој има потреба да се реализира со оглед дека и националната галерија нема соодветни простори за работа а и просториите на ликовната академија не се сјајни.

Го најдов текстот:

НЕФОРМАЛНО СО АМБАСАДОРОТ НА ПОЛСКА ВО МАКЕДОНИЈА, ЈАЦЕК МУЛТАНОВСКИ


Јацек и Кинга пеш ја доловуваат сликата за Скопје


Семејството Мултановски се импресионирани од колоритноста на Македонија и воопшто на Балканот, од историјата, кујната, од прекрасните планински предели, кои, велат, Полјаците ги обожаваат. Срдечната атмосфера и гостопримството, блискоста со соседите, која, велат, се помалку ја има во Полска, им дава чувство дека се дома. Од соседите добиле и рецепт како да направат ајвар, каде да купат најдобра ракија



Мурал во кабинетот на Амбасадорот, инспириран од ткаенина на познатата Ана Ожеховска од 1956 година која работела во полскиот институт за индустриски дизајн

Фасцинирани од македонските природни убавини, архитектурата, гостопримливоста на луѓето, но и посветени на промовирање на полската уметност и култура во земјава, амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски и неговата сопруга, Кинга, со голем елан и ентузијазам зборуваат за престојот во земјава и задачите кои самите пред себе ги поставиле. Нивната несекојдневна непосредност, особено за дипломатските кругови, обзема уште при првиот контакт.

За само три месеци Мултановски успеале да видат од Македонија повеќе од многумина што со години живеат тука. Биле во Охрид, Струга, Прилеп, Битола, по препорака го пробале сладоледот во Гостивар, биле во Крушево, во Трескавец... Автомобилот не е нивното омилено превозно средство. Велат, Скопје е град што не може да се види од автомобил. Тие го истражуваат пеш или со велосипед. Преку прошетките на Водно, во Скопската чаршија и по затскриените локални улички во градот, Јацек и Кинга ја доловуваат вистинската слика за Скопје. Секоја сабота наутро амбасадорот со велосипед оди на пазар во Буњаковец или на Зелен пазар. Вели, таму има живот, постојано се случува нешто.

- За мене Скопје е фасцинантно затоа што е наталожено. Во Скопје се гледа историјата на градот и различна архитектура. Роден сум и живеам во Варшава. Таа после Втората светска војна беше целосно уништена и не е компактибилна архитектонски. Постои архитектура од времето на Сталин, архитектура од 60-тите и 70-тите години, а после полската транзиција и падот на комунизмот има и многу современа архитектура. И тоа е фасцинантно. И овде во Скопје гледаме сличности. За нас се интересни местата кои не се веднаш видливи: галеријата Мала станица, чаршијата... Архитектурата ја покажува историјата - вели амбасадорот Мултановски.

- Скопје е идеален град за одење пеш и не можете да го запознаете ако се движите со возило. За жал, обично дипломатите се движат со автомобили, а Скопје не е вообичаен град - се надоврзува неговата сопруга.

Семејството Мултановски се импресионирани од колоритноста на Македонија и воопшто на Балканот, од историјата, кујната, од прекрасните планински предели, кои, велат, Полјаците ги обожаваат. Срдечната атмосфера и гостопримството, блискоста со соседите, која, велат, се помалку ја има во Полска, им дава чувство дека се дома.
Од соседите добиле и рецепт како да направат ајвар, каде да купат најдобра ракија... За Велигден се приклучиле кон традицијата за бојадисување црвени јајца.


Реплики од полски порцелански фигури од 50-тите и 60-тите години од минатиот век од старата полска фабрика за порцелан "Ќмиелов"

Сведоштво за заедништво
Полската амбасада пред две години ја откупи куќата во која се наоѓа амбасадата во Македонија. Архитектурата е македонска, но внатрешниот дизајн е полски, модерен дизајн, на кој работеа дизајнери од Полска. Дизајнот на куќата, сепак, ја рефлектира идејата на 60-тите години. Секое парче мебел е донесено од Полска. Највпечатливи се муралите, како и репликите од полски порцелански фигури, кои сега се многу скапи сувенири. Сите мурали кои се наоѓаат во Амбасадата се инспирирани од полските ткаенини од 50-тите и 60-тите години од минатиот век, а насликани од младите полски уметници Јулија Цибис и Сабина Блажејовска.

Во Кабинетот на полскиот амбасадор се наоѓа и дизајн за Музејот на современа уметност во Скопје, на Оскар Фанцен, кој не бил реализиран бидејќи бил премногу софистициран за тоа време, но и премногу скап и затоа овој проект не бил избран. На конкурсот бил избран проект на други тројца полски архитекти, т.н. полски тигри.

- Внатрешноста на Амбасадата сведочи за полско-македонската историја. За нас е важно дека таа историја може да напредува. За жал, малку има македонска литература во Полска во однос на српската, хрватската, но ние ќе работиме на тоа за да можеме да и ја доближиме Македонија на Полска. Пред се, и младите луѓе да се среќаваат и да се запознаваат - вели амбасадорот Мултановски.

Амбасадорот потсетува дека дури и во времето на комунизмот полскиот дизајн бил модерен. По земјотресот во Скопје во 1963 година полски архитекти дојдоа да помогнат повторно да се изгради Скопје, градот на солидарноста. Еден од нив беше Адолф Циборовски. Сопругата на амбасадорот успеала да контактира со најмалиот од тројцата синови на Циборовски, кому му испратила автентични слики од неговиот татко и градот додека престојувале во Скопје пред половина век, што ги добиле од соседите.


Мурал на влезот од Амбасадата инспириран од ткаенината насловена "Варшавска станбена населба" на Алиција Вишогроска од 1955 година

Оживеана полската уметничка колекција
Сопругата на полскиот амбасадор во земјава е лингвист по професија. Можеби токму затоа за толку краток престој импресионираше со нејзиното познавање на македонскиот јазик, кој амбициозно го изучуваат со сопругот. Таа е заинтересирана за уметноста и културата и затоа нејзините активности во Скопје ќе ги концентрира на промовирање на полската колекција која се наоѓа во Музејот на современа уметност.

- Благодарение на директорката на Музејот успеавме да постигнеме се што беше зацртано. Поканивме експерти од Полска да ја видат и да ја оценат колекцијата и таа колекција почна нов живот. Во Полска досега никој не беше свесен дека во Македонија има колекција составена од 212 слики и графики од 135 автори на едно место, и тоа се исклучително познати уметници. Таа колекција е многу значајна бидејќи низ неа е прикажана целата историја на Полска од 60-тите години. Тоа се различни уметници, различни правци собрани на едно место - вели госпоѓа Мултановска.

Сопругата на амбасадорот се уште немала можност да се вклучи во клубот на сопруги на странските амбасадори во Република Македонија поради периодот на годишни одмори, но рече дека секако ќе биде активна од септември.


Амбасадорот во месарница во Крушево


Виолета СТОИМЕНОВА
Фото: Ѕвонко ПЛАВЕВСКИ
http://vecer.mk/?ItemID=FF77676BF86CA64A9BD604A229368A55

Edited by kultuzin - 20-Jul-2014 at 22:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 23-Jul-2014 at 06:53
Куќата на Блаже Конески во село Небрегово, Прилепско, заштитена како споменик на културата.

House of Blaze Koneski by rante_i, on Flickr

House of Blaze Koneski by rante_i, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 29-Jul-2014 at 11:22
ПРИВРШУВА САНАЦИЈАТА НА ДЕТСКИОТ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МКЦ



До крајот на август целосно треба да заврши реновирањето и опремувањето, а во септември и официјално да биде отворен реконструираниот Детски креативен центар при ЈУ - МКЦ. Покрај градежните зафати, Центарот ќе добие и библиотека за најмладите ученици, математичко, ликовно и театарско катче, но и мултимедијални дидактички помагала. Современите содржини ќе одат во прилог за унапредување на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, што е и цел на проектот „Со читање до лидерство“, кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од УСАИД. Проектот сите активности ги подготвува и спроведува во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар. Активностите се спроведуваат во одбрани училишта од повеќе национални региони.

Инаку, Детскиот креативен центар е последното парче од мозаикот именуван „МКЦ во ново руво“, проект кој започна во 2011 година со средства од Градот, ИПА фондовите, ЕУРИМАЖ и повеќе ктитори од Македонија. Во минатите три години објектот на МКЦ доживеа неколку промени - енергетски ефикасна фасада, реновирана концертна сала и нова аудио и светлосна опрема, нова сцена, дигитален проектор, климатизација на кино „Фросина“, современа опремена Галерија, реновирање на Џебното кино, санирање на куполите и ентериерот на Планетариумот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5FA8198D9243604CBC3DAF3A69313573
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 29-Jul-2014 at 20:59
Previous
ова е всушност игротеката?
првата игротека во градов?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 03-Aug-2014 at 16:01
Има интересни фотографии на блогот...

The Tobacco Museum of Prilep

http://macedonia.for91days.com/the-tobacco-museum-of-prilep/
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 07-Aug-2014 at 14:20
Трите нови музеи ќе ја раскажуваат историјата за Скопското кале

"Во музеите ќе бидат организирани постојани музејски поставки, каде ќе може низ најсовремени музејски концепции да се проследи животот и активностите на просторот на Скопското кале. Сето тоа најдиректно произлегува од обемните археолошки ископувања, од 2007 до 2012 година", вели проф. д-р Митревски.



На просторот на Скопското кале во тек е изградбата на три музеи: за праисторискиот, отоманскиот и средновековниот период. Според првиот човек на Управата за заштита на културното наследство проф. д-р Виктор Лилчиќ на овие објекти интензивно се работи.

"Музејот на праисторијата се наоѓа во завршна фаза, поконкретно објектот е завршен, се вршат ситни корекции и подготовка на предметите со кои ќе биде организирана поставката, и тоа ќе биде првиот музеј на Скопското кале што ќе биде подготвен за пуштање пред јавноста. Во тек се работите на Музејот на отоманскиот период, исто така во завршна фаза. Паралелно се работи и на Музејот на средновековниот период, каде имаше извесен застој од оправдани причини, но според проценките овој музеј би требало да биде готов во првата половина од 2015 година", вели проф. д-р Лилчиќ. Тој посочува дека интензивните археолошки истражувања на овој простор под раководство на професор д-р Драги Митревски, овозможија да се согледа егзистенцијалниот континуитет на луѓето кои престојувале на овој простор низ наведените епохи.



"Тоа е место каде што древните егзистенцијални, материјални остатоци ги втиснале културите на бронзеното време и дел од железното време, но и цивилизациите на антиката, Средниот век и доцниот среден век. Токму поради тоа Владата на Република Македонија го покрена Проектот Скопско кале. Во моментов се одвива втората фаза на културно-туристичката ревитализација. Освен трите музеи на Калето се предвидени места за одмор, сувенирници, мултимедијални центри, конзервирани целини на дел од откриените недвижни објекти, што се заедно на впечатлив начин треба да проговори за опстојувањето на овој простор низ вековите, за историската и културолошка разновидност и да биде место кое ќе ги сплоти сите граѓани на Македонија, но и да не претстави пред лицето на светот", додава Лилчиќ.
Проф. д-р Драги Митревски, пак посочува дека трите музеи се специјално избрани простори и оригинални градби во рамки на скопското Кале .



"Во нив ќе бидат организирани постојани музејски поставки, каде ќе може низ најсовремени музејски концепции да се проследи животот и активностите, на просторот на Скопското кале. Сето тоа најдиректно произлегува од резултатите од обемните археолошки ископувања, кои во континуитет се изведуваа од 2007 до 2012 година", посочува Митревски. (Д.Т.)

Музејот на праисторијата - посебна приказна
Според д-р Митревски, Музејот на праисторијата е посебна приказна, водена од потребата за максимална документарност и научна поткрепеност. Тоа е единствен објект, комбинација од амбиентален и стандарден музејски пристап. "Музејската зграда е специјално проектирана и изградена директно врз оригиналните археолошки остатоци, поточно врз остатоците од една енеолитска куќа земјенка (5 милениум пред Христа), една куќа од раното бронзено доба (3 милениум пр.н.е) и дел од одбранбен земјен бедем со заштитен ров од средното бронзено доба (2 милениум пр.н.е). Нивното претставување е во нивната оригинална позиција, на 7 метри под површина на земјата, како остатоци од најстарите три населби документирани на Калето. Над нив, на две различни нивоа се организирани 20 витрини, во кои ќе бидат изложени најзначајните наоди. Сето тоа ќе биде придружено со специјално моделирани амбиенти и богат илустративно информативен материјал.

http://www.vecer.mk/?ItemID=6A262878EDB1EC47833B8477FEB332F9
Back to Top
Raspy View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Raspy Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 07-Aug-2014 at 14:48
А што стана со патриотската одбрана на цркавата!? Патриотите попуштија пред тендерската коалиција, лицимерие на дело...
In heaven, all the interesting people are missing.
- Friedrich Nietzsche
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 07-Aug-2014 at 16:32
Originally posted by Raspy

А што стана со патриотската одбрана на цркавата!? Патриотите попуштија пред тендерската коалиција, лицимерие на дело...


Патриотите "излегоа" во огромен број, ама пред телевизор
Тие што беа таму си знаат какви пријави попија.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 07-Aug-2014 at 18:08
ете тој што тепаше на кале,и заменик министерот му ги вадеше лисиците,сега `пуштал и гасел` музика на Бит пазар.

Патем вработен е во општина чаир,и има еден куп слики со градоначалници и функционери
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 07-Aug-2014 at 22:02
Originally posted by gjoko

ете тој што тепаше на кале,и заменик министерот му ги вадеше лисиците,сега `пуштал и гасел` музика на Бит пазар.

Патем вработен е во општина чаир,и има еден куп слики со градоначалници и функционери


Водач е на навивачката група Шверцери на ФК Слога.Знам заврши средно фискултурно и сега си има функција во општина Чаир
Демек е во притвор, ама јас би се кладел со секој дека сега е дома и си го лади
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 07-Aug-2014 at 23:47
Започнува реконструкцијата на киносалата во Делчево



Со средства обезбедени од Министерството за култура започнува темелната реконструкција на киносалата во Делчево, која е во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Според проектот ќе биде извршена реконструкција и санација на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата. Исто така ќе се санира и помошната зграда која е во склоп на самиот објект.

Претходно во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.



Со реконструкцијата на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, а ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.

Темелната реконструкција на кино-салата во Делчево ќе биде завршена до крајот на годинава.

http://netpress.com.mk/zapochnuva-rekonstrukcijata-na-kinosalata-vo-delchevo/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 11-Aug-2014 at 13:04

Златкова кула во Кратово доби грант од 100.000 долари од САД

Понеделник, 11 Август 2014 11:43 Оливер Арсовски



Со грант од 100.000 долари на американската амбасада во Македонија, наскоро ќе започне реставрација и санација на Златкова кула во Кратово. Овој споменик на културата е една од шесте зачувани кули во градот. Ревитализацијата на овој споменик кој со децении е надвор од функција, треба да придонесе за одржлив развој на општината.
-Деновиве сме известени од американската амбасада дека проектот е прифатен и дека во наредните месеци ќе биде финансиран. Знаеме дека овој објект е трета кула која се реновира во Кратово и која ќе биде ставена во функција на туризмот. Во неа е планирано да се сместат постојани музејски поставки од Кратово – вели Драган Георгиевски, директор на Музејот во Кратово.
Камените кули во Кратово се еден од најзначајните белези на градот. Градени се во доцниот Среден век, а во османлискиот период биле живеалиште на богатите турски бегови.
Кратовчани посакуваат во блиска иднина да се обноват и преостанатите три кули, за да се добие една раскошна архитектонска целина во градот.
Оливер Арсовски

http://aberdzija.com/kultura/zlatkova-kula-vo-kratovo-dobi-grant-od-100.000-dolari-od-sad.html

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 12-Aug-2014 at 12:50
Реконструкција на покривот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино



Започнува реконструкцијата на покривот и покривната конструкција на Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, за што средства обезбеди Министерството за култура.
Според Министерството, со овој зафат на објектот Неготино ќе добие простор за непречено одвивање на културните активности во градот.
Реконструкцијата на објектот ќе се одвива во две фази. Согласно проектот, со првата фаза, која треба да биде завршена до крајот на годината, ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција и на таванскиот дел над кино-салата на објектот. Останатиот дел од покривот ќе биде реконструиран следната 2015 година во рамките на втората фаза.

http://www.porta3.mk/rekonstrukcija-na-pokrivot-na-centarot-za-kultura-aco-gjorchev-vo-negotino/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 21-Aug-2014 at 23:33
Kостурницата на Kајмакчалан ќе стане подостапна за туристите


Ќе се среди и обележи земјениот пат кој води до Спомен-меморијалниот комплекс од Првата светска војна подигнат на врвот Kајмакчалан на самата македонско-грчка граница. Проширување на патот кој останал направен од времето на француската војска пред еден век, најави Лазар Kотевски, градоначалник на Општина Новаци. Градежниот зафат е планиран како активност во втор дел од проектот „Жива природа, жива историја“ што Новаци го реализира со средства од ИПА-програмата. Сегашниот пат кој поаѓа од село Скочивир до врвот е во лоша состојба. Се минува со теренско возило за два часа или со петчасовно пешачење.

- Проектот предвидува трасирање патеки, престојувалишта, приспособување на излетничките места на Kајмакчалан каде што минувал Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, од чиј почеток годинава се навршија сто години. Ќе направиме реконструкција и приспособување на приодот до Спомен-костурницата на Kајмакчалан. Тоа ќе го олесни патот кој сега е тежок за минување, а туристите немаат ориентација каде да се движат - вели Kотевски.

Со ваквите активности ќе се овозможи туристички развој на мариовскиот крај кој во себе крие многу локации од Првата светска војна. Поголем број туристи ќе може да го посетат комплексот, во чиј склоп е Спомен-костурницата, црквата „Свети Петар“ каде што почивало срцето на доктор Арчибалд Рајс, професор, криминолог од Швајцарија, но и дописник за повеќе весници директно од Македонскиот фронт, камбанаријата, но и остатоците од болницата во која биле лекувани војниците за време на Првата светска војна.

На секој квадратен метар имало по еден загинат војник

- Kостурницата има правоаголна форма, ископана е во земја две метра и еден метар се издига над земја, обликувана е како споменик. Од горе има отвор прекриен со метален капак. По скали се слегува внатре и на полици се наредени черепи и други коски од загинати војници. Нема точна бројка на колку војници коските им се наоѓаат внатре, но многубројни историчари запишале дека на Kајмакчалан на секој квадратен метар имало загинато по еден војник - вели Ѓорги Лазаревски, истражувач на новачкиот крај.

Таму се собрани коските на стотици војници кои загинале во жестоките битки меѓу српско-француската војска од една и бугарските сили од друга страна на врвот на Kајмакчалан. На Спомен-костурницата, подигната во дваесеттите години од минатиот век кога вардарскиот дел на Македонија бил под српска власт, на српски јазик пишува дека е посветена на српските орли кои биле гордост на Југославија. Но, денес се знае дека на Kајмакчалан почиваат коските и на многумина македонски војници кои биле мобилизирани во туѓите војски.

- И српските и другите историчари во нивните дела признаваат дека таму имало и македонски војници. Биле мобилизирани од бугарската, па од српската војска. Се случувало браќа да бидат разделени во две спротивни војски, татко и син преку нишан да се гледаат - додава Лазаревски.

Црква на 2.521 метар со крст од топовски гранати

Над костурницата, во спомен на загинатите војници на Kајмакчалан е подигната и црквата „Свети Петар“ на самиот врв на надморска височина од 2.521 метар.

- Во неа нема икони, само на подот од патрони од топовски гранати е направен крст. Има масичка со книга за посетители, како и печат со симболот на изгледот на црквата. На десната страна има урна во која било сместено срцето на доктор Рајс - раскажува Лазаревски.

Доктор Рајс како дописник за повеќе светски агенции, пренел извештаи за ужасите на Kајмакчалан во Првата светска војна, но застанал и во одбрана на македонскиот идентитет. Според книгата „За Македонија и Македонците“ од публицистот Петко Шипинкаровски (2010), доктор Рајс во своите извештаи напишал дека „македонскиот јазик не се зборува ни во Софија, ни во Белград, тоа е посебен словенски јазик како што кај нас во Швајцарија е романшкиот , што се зборува во Гризо, покрај италијанскиот. Според мене, Македонецот не може да се нарече Бугарин или Србин, туку просто Македонец“. Побарал по смртта срцето да му биде однесено на Kајмакчалан, што било и исполнето, а сега се претпоставува дека исчезнало за време на Втората светска војна.
http://dnevnik.mk/?ItemID=F9FE308A674D664D87EE424E0EAFB272
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 21-Aug-2014 at 23:40
I always thought that monument was on the Greek side of the border?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 30-Aug-2014 at 12:44
Ова неолитско село никако да се заживее и да се избори за малку повеќе публицитет.



Edited by kultuzin - 30-Aug-2014 at 12:45
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 10-Sep-2014 at 23:00

Ќе се обновува ентериерот на галеријата на Никола Мартиноски во Крушево

10.09.2014 12:11

По повод 110 години од Илинденското востание и од раѓањето на Мартиноски и 40 години од неговата смрт, минатата година со средства на Министерството за култура целосно беше обновена и надворешноста на овој мошне значаен објект...

Целоснo ќе се обновува ентериерот на Галеријата на Никола Мартиноски во Крушево. Обноватаја треба да почне откако ќе биде избрана фирма-изведувач, соопшти Министерството за култура.

Во објектот каде е презентирано исклучително вредно ликовно наследство создадено од основоположникот на македонската ликовна уметност, до крајот на годината е предвидено ентериерно тековно одржување на ѕидовите, обнова на електричната инсталација, замена на алармниот систем и на металната ограда на приодните скали. Исто така, освен целосната обнова на внатрешноста, предвидено е објектот да биде осветлен со што ќе врати сјајот на овој симбол на градот Крушево, стои во соопштението на Министерството за култура.

Се бара решение на проблемот со складиштето за огрев во објектот, како и пренамена на простор во внатершноста кој може да се стави во функција на галериската и музејската дејност. Сите активности имаат  цел да обезбедат соодветни услови за одржување, чување и негување на збирката и делата на Мартиноски, како и на етнолошката збирка во самиот објект.

По повод 110 години од Илинденското востание и од раѓањето на Мартиноски и 40 години од неговата смрт, минатата година со средства на Министерството за култура целосно беше обновена и надворешноста на овој мошне значаен објект.

Беа реновирани надворешната фасада и столарија, се изгради потпорен ѕид пред галеријата кој овозможи и хортикултурно доуредување на просторот, а со нов одвод спроведена е атмосферската вода од дворот и од покривната конструкција која сериозно ги загрозуваше темелите на објектот, соопшти Министерството.


http://mrt.com.mk/node/13910

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 11-Sep-2014 at 01:56
Originally posted by kultuzin

Ова неолитско село никако да се заживее и да се избори за малку повеќе публицитет.



Дали местово има нешто како веб страна или инфо-телефон, да се праша за работно време, дали имаат водичи таму ? Ќе имам странци некои на гости, па да ги однесам, баш ми даде добра идеја


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.395 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.