build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 16-Mar-2010 at 01:41

Офицерски дом и' е вратен на Битола

Владата го отстапи Офицерскиот дом во владение на Општина Битола за следните 22 години, соопшти министерот за одбрана Зоран Коњановски. Ваквата постапка има за цел општината да најде соодветна намена за објектот и да му го врати стариот сјај. Се работи за еден од најимпозантните објекти на Широк сокак, споменик на културата стар еден век, со богата историја и голема архитектонска вредност, каде што во минатото се одржувале познатите битолски балови. Објектот со години ги менуваше газдите, за на крај да стигне до степен на запуштеност и руинираност.

- Офицерскиот дом се предава на користење на локалната самоуправа. Мислам дека ќе најдат обмислено решение, со оглед дека имаат доста креативни идеи местото да се направи гордост на граѓаните. Очекувам набрзо да биде ставен во функција - изјави Коњановски.

Изграден е пред 100 години од Абдул Керим-паша, а во него престојувале познати личности.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6AD711DCD06D35488CF6D0AC54C96862
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 16-Mar-2010 at 12:24

Ovaa  mislam nema go zabeleženo?



Дом на Култура


Еден од главните приоритети кој го идентификуваа граѓаните на општина Илинден е изградба на Дом на Култура кој е зацртан во Стратешкиот план за Локален Економски Развој 2006-2011 со рок на изградба во текот на 2009 г.
Мислењата и ставовите на граѓаните за реализација на овој проект се искажани преку јавна анкета, ликовна изложба на деца од ОУ Гоце Делчев на тема  „Moјот Дом на култура“.

Со реализирање на проектот  ќе се изврши изградба на Дом на Клутура „Илинден“ со површина од  897 м². Овој објект  е планиран да функционира како повеќенаменски, односно да задоволи повеќе потреби на граѓаните на општина Илинден.  Домот на култура  „Илинден“ е организиран на приземје и два ката и ги има следните содржини: мултифункционален простор за организирање на изложби, фоаје, повеќенаменски простор за кино и театарски престави, конгреси и собири со капацитет за 142 посетители, библиотека со сала за семинари, конференции и канцеларии.
Изградбата на Културниот дом ќе овозможи елементарни услови за развој и унапредување на културата и културните настани како и подобрување на условите за живеење на граѓаните на општина Илинден.
Со изградбата на новиот Дом на култура и неговото  пуштање во употреба, се создаваат услови за одржлив економски  развој, отварање на нови работни места и поволна клима за потик и развој на културните и социјалните аспирации на граѓаните, создавње на простор за работа на невладини и други граѓански здруженија, простор за одржување на традиционалните Меѓународни литературни средби кои веќе 10 години се одржуваат во несоодветен простор за таа намена.
Понатаму се овозможуваат услови за правилно функционирање на Културно Едукативниот Центар Илинден кој работи веќе 4 години во кој се посетуваат бесплатни курсеви по странски јазици,уметност и гитара над 600 ученици до 15 години.
Во кино салата како и во просторот за одржување на изложби се создава можност за промовирање и запознавање со културата  и фолклорот на малцинствата во општината, можност за дружење и средби на здруженија на жените и други организации.
Домот на култура Илинден како единствен објект од овој тип во населбата ќе овозможи повеќе културни настани во кои ќе бидат вклучени децата и младинците, преку работа во разни секции, културни катчиња, изложби и  други перформанси.
Во општина Илинден постојат повеќе ликовни, театерски и драмски групи и здруженија, фолклорни играорни групи кои немаат просторни можности за нивните активности.
Со мултифункционалниот карактер на објектот ќе се овозможат соодветни  услови.

http://www.ilinden.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 26-Mar-2010 at 19:48

Отворен турскиот културен центар „Јунуз Емре “во Скопје

Автор:
26 март 2010, 19:21
Извор: Макфакс
Скопје

Културниот центар „Јунуз Емре“во Скопје денеска свечено беше отворен во присуство на повеќе важни личности од Македонија и Турција.

Културниот центар ќе има за цел да ги развива и продлабочи пријателските и меѓукултурните односи меѓу Турција и Македонија преку различни проекти, културни активности  и курсеви, со што ќе ја афирмира меѓусебната култура уметност и историја.

„Со отворањето на овој центар ќе се придонесе за подобро запознавање на турскиот и македонскиот јазик како и запознавање на културата и религијата на двете земји, “изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Министерката за култура на Македонија, Елизабета Канчевска Милевска изјави дека со отворањето на овој центар ќе се зајакне соработката во полето на културата.

„Вистинските придонеси се градат врз ова и токму заради тоа владата на Македонија и министерството за култура со изградба на новиот турски театар, со промоција на Куршумли Ан како турски културен центар обновата на спомен домот на родителите на Ќемал Ататурк и отворањето на овој центар демонстрираме силна културна политика во развојот и негувањето на културно поле„ изјави Канчевска Милевска  на денешното свечено отворање.

Истовремено со отворањето на Центарот се предвидува размена на студенти меѓу Македонија и Турција.                                                                                                                                                                                                                                                                        http://www.time.mk/read/21fec23f9d/5706d17cf5/index.html                                                                                                                                              
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 16-Apr-2010 at 17:35

МОБ обновен по три години градење

Александра Бубевска Коментари (0)   
16.04.2010 17:18
Елизабета Канчева Милевска

 

Министерката Елизабета Канчева Милевска и директорот на Македонската опера и балет денеска објавија дека обновувањето и реконструкцијата на театарот се завршени.

Во текот на 2007, 2008 и 2009, министерството во МОБ инвестирало околу еден милион и 200 илјади евра. Обновена е фасадата, целосно е променета скапата сценска технологија, реновирани се главниот влез, фоајето, билетарницата, пристапот од паркингот, по 30 години обновени се работните простории на уметниците и собите за гостите.

Освен парите од буџетотот во МОБ се инвестирани и 10 милиони денари од донации и сопствени средства. 150 хонорарци добиле вработувања, а на сите вработени им биле зголемени платите.

„Можам да потенцирам дека со самите посети и на локалните и на националните институции, состојбите беа катастрофални откога беа изградени тие објекти, воопшто немаше никакви инвестиции“, изјави министерката Елизабета Канчева Милевска.

Директорот Арсовски гордо го покажуваше обновениот театар па дури размислува и за туристички прошетки низ МОБ.

„Навистина отскокнува зградата, направена е фасадата и обелена, отскокнува од целиот простор и многу луѓе почнаа да прашуваат дали може да влезат внатре да ја видат. Со обновата на фасадата, на фоајето, на просториите, веќе размислуваме да можеме такви тури да правиме“, вели Оливер Арсовски.

Иако пак сега разубавениот театар е од сите страни заграден со градилишта на проектот Скопје 2014, па не може да блесне во сиот сјај.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122144
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 17-Apr-2010 at 14:54

СО НАД 80 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И ОД ДОНАТОРИ


Македонска опера и балет доби европски лик

Големите инвестиции во културата последниве години ја опфатија и Македонската опера и балет. Повеќе од 80 милиони денари од буџетот на Министерството за култура и од донатори се вложени во целосна и темелна реконструкција на објектот. Министерката за култура ја посети реновираната МОБ


Со инвестиции во износ од 73 милиони денари од буџетот на Министерството за култура и уште 10 милиони денари од донации, во последниве три години целосно е обновен објектот на Македонската опера и балет, соопштија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на МОБ, Оливер Арсовски.

Со овие средства целосно е променета сценската технологија и механика, целосно е санирана покривната конструкција и фасадата, како и санитарните јазли, а реновирани се и работните простории на вработените - и гримиорните и канцеларискиот простор, фоајето, оркестарската школка... Направена е и посебна билетарница која е достапна за сите граѓани и уредена е салата Империјал во која веќе се одржуваат камерни концерти. Во моментов во процедура е реновирањето на т.н. Летно фоаје (поранешната дискотека) што се одвива со финансиска помош од Општина Центар, а во план и преговори е обновата на салонот за публика, односно целосна промена на столчињата и подната подлога, со што ќе може да се каже дека објектот на МОБ е целосно обновен.

Сите овие интервенции за подобрување на уловите за работа, според директорот на МОБ Арсовски, доведоа до подобри резултати на уметниците што се огледува во се поголемата посетеност на оперските и балетските претстави.
-Балетот повеќе не игра на музика снимена на ЦД, како што се практикуваше со години наназад, туку соработува со оркестарот - нагласи Арсовски.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милеска која ја посети МОБ посочи дека сите овие инвестиции се како за подобрување на условите за работа и статусот на уметниците, меѓу кои и решеното трајно вработување на 150 уметници кои со години работеа во МОБ со договор за дело, така и за поквалитетна уметничка понуда за публиката која во последно време може да види и слушне далеку поквалитетни гостувачки уметници и на редовниот репертоар, а не само во посебни пригоди какви што се Мајските оперски вечери.

Инаку, директорот Арсовски најави дека оваа традиционална оперска манифестација годинава ќе биде отворена со премиерна изведба.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF1FC498CF9A8D4BAA6CFEB93CE7A90D



Edited by La Linea - 17-Apr-2010 at 15:01
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 25-Apr-2010 at 17:21
Еве уште една работа што мора да се среди пред воопшто да дебатираме дали ни треба или не етно село. Не зборам само за овој објект, туку воопшто за базично одржување на она што веќе го имаме во функција. Ова е катастрофа:

Музејот плива во вода



 
Девастираниот покрив на Музејот на Македонија и влагата што се слева по ѕидовите и стигнува дури и до депоата не е само грда слика за посетителите, туку и сериозна закана за вредните артефакти што се чуваат во археолошкиот, историскиот и етнолошкиот оддел. На таванот во холот на Етнолошкиот музеј зјаат дупки, а во секој момент може да пламнат и дотраените инсталации  
 
%20  
Сезоната на поројни дождови дополнително ја влоши ситуацијата со дотраениот покрив на Музејот на Македонија. Влагата и мувлата што со години можат да се видат на дел од ѕидовите се сериозна опасност за вредните артефакти, не само во рамките на изложбените поставки туку и за оние во депоата.

- Во целиот објект буквално течат потоци вода. Ние одамна чекаме решение. Влагата допира и до депоата каде што се чуваат вредни збирки на музејот - предупредува директорката на Музејот на Македонија, Мери Аницин Пејовска.

Проблемот е најизразен и најочигледен во Етнолошкиот музеј, каде што на три нивоа е поставена постојаната етнолошка поставка, која буквално плива во вода. Влагата се слева по излупените ѕидови и по подот на кој се забележуваат големи дамки.

- Најпроблематичен е овој дел од музејот. Ѕидот на кој се поставени големите килими е прокиснат, па во неколку наврати бевме принудени да ги отстрануваме и повторно да ги враќаме назад - вели Аницин Пејовска.

%20Влагата од покривот се слева дури и до влезниот хол на Етнолошкиот музеј, чиј таван е распаднат и од него зјаат дупки.

-Влагата и дотрајаните инсталации се фатална комбинација, која може да резултира со катастрофа - предупредуваат од музејот.

Уште од минатата година од Владата беше донесена одлука за реконструкција на целиот објект, но поради рецесијата работите се одложија. Годинава од музејот се очекува да го подготви тендерот, а од наредната година да се почне со обемниот зафат на комплетна реконструкција на целиот објект. Тоа е обемен зафат, кој би траел околу две години, и освен покривот, би ги опфатил подовите, инсталациите, осветлувањето, климатизацијата.

Во првата фаза, како најургентни би се работеле покривот на Музејот на Македонија и платото, кое претставува покрив на депоата. Целиот зафат би чинел околу два милиона евра. Инаку, во изминатиот период се направени две интервенции на дел од покривот, но без никаков ефект.

Во лоша состојба е и партерот на кој му треба подновување, осмислување и средување на тревните површини, како и соодветно осветлување.

Музејот поседува збирки од национално значење и важност, па оттука и ургентноста за што поскоро санирање на проблемот пред да настане поголема штета на артефактите и опремата.

Негрижата за одржувањето на објектите на културните институции е проблем што се провлекува со години. Во изминатиот период со вакви проблеми се соочија и објект на МОБ, Музејот на современата уметност, а во катастрофално лоша состојба се и речиси сите домови на културата во државава.




Заживувањето на чаршијата поволно за музејот

И старата болка на музејот - лошиот пристап е нешто за што вработените велат дека е проблем со кој би требало да се позанимаваат градот и општината. Дури и во годините кога чаршијата живееше со полни гради, Музејот беше некако отпат и со нелогични и лошо означени приоди. Тие се надеваат дека новонастанатиот бран на заживување на чаршијата поволно ќе се одрази и врз музејот.

- Заживувањето на чаршијата многу нé допира и нас. Во моментов соработуваме на еден проект на италијанската амбасада наречен „Заживување на културната патека“, кој подразбира анимирање на публиката и враќање на содржините на чаршијата и музејот. Се надеваме дека со овој процес повторно ќе станеме дел од случувањата на чаршијата - категорична е Аницин Пејовска.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=424101012409&id=16&prilog=0&setIzdanie=21967

Edited by Cloverstack - 25-Apr-2010 at 17:23
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 25-Apr-2010 at 18:57
Знам дека за овој објект имаше донација некаква од италијанска амбасада? нели тие пари беа за оваа намена?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 25-Apr-2010 at 19:21
Хммм, нели таа донација беше за музејот на современата уметност? Или ми се измешало мене нешто?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 25-Apr-2010 at 19:24
Originally posted by Cloverstack

Хммм, нели таа донација беше за музејот на современата уметност? Или ми се измешало мене нешто?


Yes И јас така памтам. Едно со интересен дизајн, малечко објектче. Или сега јас на друг објект мислам?


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 25-Apr-2010 at 19:29

Музејот на современата уметност е се само не малечко објектче
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 25-Apr-2010 at 19:32
Нееее друго збориш ,ова е во музејот беше донација од италијанска амбасада, за уредување на подкровјето пошто таму нели течеше вода при мали дождови.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 26-Apr-2010 at 00:27

Пошто коментаров се однесува на повеќе објекти, тука ќе го ставам... попладнево прошетав кај музеите и театарот (во градба) во центар и приметив следно:

На античкиот музеј почнато е и со ставање од она белото, мермер ли е што ли е, и за столбовите за округлите делови, ама ова бело е поразлично и многу побело од тие средишните столбови, ептен се приметува разлика.
 
На другиот музеј почнале да ставаат прозори со кафена рамка.
 
А еврејскиот исто се застаклува.
 
Малце неуко се изразив али јбга не сум стручен, во секој случај, за некој ден не ќе биде лошо некој да сликне. (Ја забораив апарат, додуше непланирано забегав у тој дел). NutsBig%20smile
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 26-Apr-2010 at 07:57
Имаше донација и за Музејот на Македонија (не ми текнува од каде) за санирање опремување на делот со иконите, кој е посебно климатизиран и преграден, меѓутоа тоа е само мал дел од целиот музеј.... Остатокот е тешка катастрофа
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 27-Apr-2010 at 12:12

Хавзипашините конаци - филмски град


Објектот ќе биде пренаменет во депо, мултимедијален простор, а ќе има и џебно кино и филмски музеј. Со ова се создаваат услови Кинотеката на Македонија да се вброи во кинотеките во светот кои ги исполнуваат стандардите за чување филмови

 
 
%20  
Репрезентативниот објект од профаната османлиска архитектура, Хавзипашините конаци, изграден во 18 век, ќе добие нов лик и современи стандарди за чување и заштита на филмовите со кои располага Кинотеката на Македонија. Објектот ќе се реконструира според трудот на „Македонија проект“, избран од комисијата предводена од Трајко Димитров. Автор и главен проектант на првонаграденото решение е архитектот Љубиша Ѓорѓевиќ.

Овој проект, заедно со уште двата труда-учесници за идејно архитектонско решение на комплексот Хавзипашини конаци во с. Бардовци се изложени во Кинотеката на Македонија.

Со овој капитален проект целиот објект ќе биде пренаменет во еден вид филмски град, чија основна намена би била чување и презентација на македонското аудиовизуелно наследство.

- Објектот ќе биде пренаменет во депо, мултимедијален простор, а ќе има и џебно кино и филмски музеј. Со ова се создаваат услови Кинотеката на Македонија да се вброи во малкуте кинотеки во светот, кои ги исполнуваат стандардите за чување филмови - рече заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ на отворањето на изложбата.

Со пренамена четирите кули на објектот ќе прераснат во депоа за чување хартија и пишана документација, за костими и сценографски елементи и реквизити. Централниот дел од комплексот, наречен „Селмалак“, ќе биде филмски музеј кој преку артефакти ќе даде севкупна слика за развојот на македонската кинематографија. Во централниот дел во план е да се изгради сцена со платно, монтажна кинокабина и гледалиште со стотина седишта. Стражарницата ќе биде адаптирана во спомен-соба на Хавзи Паша, градителот на овој комплекс. Женскиот дел од конаците ќе биде пренаменет во мултимедијален центар со сцена за кино, театарски претстави, концерти, а во рамки на амамот предвидена е и изградба на апартмани за сместување на гостите.

Сега од целиот комплекс активно се користи само западниот двор, во кој се наоѓаат филмските депоа. Обновата и ревитализацијата на конаците претставува најзначајна државна инвестиција во областа на аудиовизуелната уметност. Покрај наградениот труд, откупени се и трудовите на архитектката Маја Хаџи-Јорданова под шифра „Медиа“ и трудот на петтемина автори под шифра „Смок“.


%20

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=427101048338&id=16&setIzdanie=21969
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 27-May-2010 at 15:46

Прилепскиот театар се реновира по 40 години

Дарко Штаргоски Коментари (0)   
27.05.2010 13:34
„Војдан Чернодрински“

 

Актерите од Прилепскиот театар конечно ќе добијат услови за работа достојни за нивната професија. За прв пат по 40 години, а во пресрет на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ и 60 годишнината од постоењето на Прилепскиот театар, се реновираат просториите за работа и вежби на актерите.

До сега тие работеа во крајно мизерни услови, во простории со руинирани тавани, искршени прозори, мувлосани ѕидови, слика недостојна за никого, а посебно за уметноста.

„Просториите во кои работеа актерите, кои и сами ги видовте и ги снимивте, беа во една крајно лоша состојба.

-На мое лично негодување и жалост морав да гледам во какви услови работат актерите, но сега тоа се измени и ние како куќа се погриживме да добиеме средства за тоа да се подобри“, изјави Тони Чатлески, Директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп.

Инвестицијата ќе чини над 20 илјади евра. Од театарот се надеваат дека во иднина ќе се реализира и долгонајавуваната идеја за изградба на нов театар во Прилеп, а се очекуваат и пет нови вработувања, затоа што сега Прилеп има само 11 вработени актери.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123595
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 29-May-2010 at 20:08

Од минирања во каменолом, споменикот „Зебрњак„ ќе падне

 Спомен костурницата на паднатите борци во Кумановската битка „Зебрњак„ во селото Младо Нагоричене секој момент може да се урне од експлозиите кои се вршат во блискиот каменолом.

Од%20минирања%20во%20каменолом,%20споменикот%20„Зебрњак„%20ќе%20падне

 Овој културно-историски споменик од прв ред, стар над 70 години тешко ќе ги преживее големите количина на експлозив и силните детонации што секојдневно го тресат, ако тие наскоро не запрат. Експлоатацијата на каменот го врши  Г.П. “Гранит“ - Скопје, кое  пред  шест години добило забрана за минирање во близина на споменикот, но не ја почитува.

 Во писмо од Министерство за култура од 17.03.2004 година не известуваат дека Државниот инспекторат за техничка инспекција, донел Решение за забрана за вршење на понатамошни активности во близина на споменикот. Но наместо работите да запрат, површинскиот коп за експлоатација напредува директно кон Спомен- костурницата и се доближи на одалеченост на околу 80 метри. На оделни делови од објектот веќе се забележуваат пукотини и ако се продолжи со потресите наскоро ќе падне-вели Миодраг Јовановиќ градоначалник на Старо Нагоричане.

 Со експлоатацијата на камен се предизвикува штета и на чистата животна средина, а се загрозуваат луѓето, добитокот и се нарушува стабилноста на домовите на месното население, велат од Општината.

Г.П. “Гранит“ - Скопје, кое е одговорно за експлоатација на минерална суровина во близина на „Зебрњак„, само завчера постави и употреби повеќе од 250 килограми  експлозив со што не само што го уништува споменикот, туку ќе го урне и целиот рид каде што се наоѓа. Спомен- костурницата е созидана со обичен варов малтер и базалтни блокови, и како градежна конструкција е мошне чуствителна на потресите и ударите од еластичните бранови што се јавуваат при секое минирање- објаснува Јовановиќ.

Немоќни сами да го решат проблемот од Општината Старо Нагоричане апелираат до надлежните државни институции да им помогнат и да не дозволат споменикот да го снема поради економски интерси на поединци, кои не го почитуваат културното наследство во малите општини и одлуките на државата.

Со договор на владите на Македонија и Србија овој споменик на паднатите борци во Кумановската битка од 1912 година треба да се обнови и да стане туристичка понуда во регионот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/od-miniranja-vo-kamenolom-spomenikot-zebrnjak-ce-padne.html
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 30-May-2010 at 09:03
Овоо мислам требе да се оствари, но неможам да најдам повеќе информацији.

Библиотека Берово- конкурсен труд







Вектор 90 - Струмица

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 31-May-2010 at 23:22

Прилепскиот театар се реновира

 

Старата руинирана зграда на прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“, која со децении беше оставена на забот на времето, ќе се реконструира. Министерството за култура одвои 1.114.000 денари, кои ќе бидат наменети за реновирање на ентериерот на објектот.

„Овие средства не се доволни за комплетно реновирање на објектот, но затоа ние одвоивме дел од средствата од сопствениот буџет со што ќе ја заокружиме оваа инвестиција која ќе се реализира до крајот на јуни“ - истакнува Тони Чатлески, директорот на прилепскиот Центар за култура. Тој додава дека Министерството за култура има слух за нивните проблеми и барања, и според тоа, објектот кој што е всушност првото македонско кино, не само што нема да пропадне туку ќе го видиме во ново руво.

„Се закануваше целосно распаѓање на објектот зашто со децении не е реализирана никаква инвестиција. Лани успеавме да го санираме покривот, но тоа беше се'. Ентериерот на театарската куќа, гримиорните, сцената, едноставно целиот објект е во крајно лоша состојба. Најдоцна за еден месец ќе бидат завршени сите градежни работи во објектот“ - вели Чатлески.

Реконструкцијата на старата театарска куќа, според Чатлески, е императив за Центарот, зашто има огромна историска важност за градот и никако не значи напуштање на идејата за изградба на нова театарска зграда.

„ Во оваа зграда во 1917 година, ентузијастот Пане Напе за прв пат во Македонија го проектирал филмот „Дамата со камелии“, значи оваа зграда е првото македонско кино и ние никако не смееме да дозволиме објектот да биде оставен на забот на времето“, потенцира Чатлески.

Прилепскиот театар според најавите со ребалансот на буџетот преку Министерството за култура, ќе вработи 5 мина млади актери кои имаат значаен придонес во развојот на Прилепскиот театар последниве две-три години. Со овие и 11-мина вработени актери, прилепскиот ансамбл ќе биде кадровски екипиран да одговори на сите предизвици на оваа уметност.

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 21-Jun-2010 at 23:55

Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата

 

Со задоцнет старт денеска почнува санацијата на објектот од 15 век

Катерина Богоева

Хроничниот проблем со влагата во објектот Даут-пашин амам на Националната галерија на Македонија, каде што се наоѓа и вредната колекција на уметнички дела од националната поставка, денеска ќе почне да се решава со користење на средствата од американската донација што во висина од 54 илјади американски долари на галеријата и' беа доделени минатата година. „Ќе почнеме со исколчување на просторот и со отворање на планираниот дренажен канал“, изјави вчера конзерваторот, стручен советник Лазар Шуманов, кој ќе го врши потребниот надзор на работите, додека истите ќе ги изведуваат, фирмата „Металелектрик“ Миодраг ДООЕЛ - Скопје и Конзерваторскиот центар - Скопје.

Минатата година беа отворени и се' уште се видливите сонди, поради детектирање на патот по кој се движи влагата во монументалниот објект изграден во втората половина на 15 век, а во наредниот период ќе се работи и на системот за дренажно одведување на подземните води. Ќе се заменува оштетениот и лошо изведена покривен покривач од бакарен лим чии делови во изминатите години во неколку наврати беа и мета на крадците на бакар, а планирано е поставување на вертикални и на хоризонтални олуци. Во ѕидовите на фасадата ќе бидат инјектирани потребните средства за заштита, а Конзерваторскиот центар ќе работи на санација на куполите во двете централни простории. Планирано е изработување на нови прозорски крила и др. Поради одржувањето на летните културни настани, на објектот најпрво ќе се интервенира странично, за влезот да остане слободен. Интервенциите со користење на американскиот грант, како што посочуваат од Националната галерија треба да завршат до крајот на оваа година, но тоа е само дел од целосната, неопходна заштита која е елаборирана во веќе изготвен проект за што ќе бидат потребни многу повеќе средства. „Годинава повторно ќе аплицираме за средства во американската амбасада, бидејќи и тие знаат дека доделените средства се доволни само за оваа првата фаза од потребната санација на влагата. Очекуваме и во 2011 година повторно од нив да добиеме грант што ќе му овозможи на објектот потрајна заштита од влага, најмалку десет години“, изјави вчера директорката на Националната галерија, Маја Крстевска. Проблемот со влагата во Даут-пашин амам трае со децении, а на него со години наназад, укажуваа повеќе стручни лица не само од земјава, туку и од странство. Иако во септември минатата година кога беше и доделен американскиот грант беше најавено дека работите од првата фаза ќе бидат завршени за една година, тие фактички се пролонгирани, делумно, и поради непредвиденото подолго траење на тендерската постапка. Галеријата на крајот на минатиот милениум беше реконструирана, куполите беа покриени со бакар и беа поставени олуци, но влагата остана. Кустосите што таму работат укажуваат дека таа хронично им штети на чувствителните акварели, но и на скулптурите кај кои е евидентирана црвоточина. Од влагата се рони и паѓа и оштетениот релјеф.

Амам е заштитен со закон како споменик на културата. Редизајнот на неговиот ентериер датира од 1982 и од 1999 година.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 24-Jun-2010 at 13:55

20.000 евра за реновирање на Прилепскиот театар

Лани се реновирал покривот, годинава внатрешноста на театрот, но Прилеп сè уште не се откажува од нова тетараска зграда

Се реновира внатрешноста на Прилепскиот театар, во кој на ништо не е интервенирано четири децении. Актерите заслужуваат и треба да добијат подобри услови за работа, и просториите со руинирани тавани и подови да станат минато .
"По минатогодишната реконструкција на покривот кој прокапуваше со секој поголем дожд и, колку - толку, уредената сцена, сега реновираме внатре во објектот, почнувајќи од санитарните јазли, подовите, таваните, за да создадеме достојни услови за работа на актерите, кои се главни носители на дејноста", вели Тони Чатлески, директор на Центарот за култура "Марко Цепенков".
Според плановите, реновирањето на просториите во Театарот би требало да заврши до крајот на месецов, а инвестицијата чини околу 20-ина илјади евра, од кои најголемиот дел - 1 милион и 114 илјади денари се од Министерството за култура .
"Ова не значи дека Прилеп се откажува од изградба на нов театар, но дотогаш актерите и другите театарски работници треба да имаат пристојни услови за работа и за изразување на уметничкиот дух", вели Чатлески, изразувајќи верување дека и Министерството ќе направи сè за да бидат вработени дипломираните млади актери.
Токму тие млади сили и нивниот ентузијастички дух се оската на претставите и на успехот кој го постигнаа дома и во странство.

http://vest.com.mk/?ItemID=AB636AC752E1D84F9EF699F255B77CB0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.