build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 27-Jun-2010 at 06:18
Ова е „Кула“ помеѓу Валандово и селото Пирава.
Не и го знам потеклото (од кој период е), не верувам дека некој и знае. Како многуте вакви објекти во Македонија, позната е како „Маркова Кула“.

Објектот веќе одамна е во лоша состојба и се чудам на Господ како се нема срушено до сега.Question

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/19424590.jpg

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/22961955.jpg

Како и да е, моето прашање до вас е дали има фонд за реставрации на вакви мали (и можеби не толку значајни) историски објекти?
и
Дали има други вакви мали „Кули“ низ Македонија?

п.с. Кулата многу наликува на кулите во Струмица.


Edited by theMac3donian - 27-Jun-2010 at 06:19
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 27-Jun-2010 at 07:32
Se raboti za Demir Kapija? Taa Markova kula?
Ima nogu takvi objekti ima niška vo kulturno nasledstvo za tvrdinite no do sega postirah enos edna četvrtina od niv.
Za sigurno možam da ti kažam deka se restavrirat (sporo) tvrdinite vo, Strumica, Vinica, Štip,Delčevo,Skopje,Tetovo,Ohrid i ušte nekolku. Pravam obid da soberam poveke info za sekoja tvrdina vo Makedonija......
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 27-Jun-2010 at 17:52
Не е таа во Демир Капија... таа е друга... оваа е над Пирава/Валандово.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 27-Jun-2010 at 19:01
Previous
види тука:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=969&PID=68972#68972
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 29-Jun-2010 at 22:21
Одложена изградбата на споменикот на Тоше


Собранието на Република Македонија на вчерашната 109-та седница ја изгласа одлуката за пролонгирање на изградбата на меморијалниот споменик на Тоше во Крушево.
Со измените поднесени од пратениците Цена Матевска, Силвана Бонева, Тахир Хани, Џемаиљ Јашари, Назиф Буши и Флора Кадриу се бара пролонгирање на рокот за уште две години за подигање на меморијалниот споменик од објективни причини, како што се имотно-правните пречки.
- Има одлука за подигање на споменик на Тоше, но причините за негово пролонгирање се добро познати и сето тоа е оправдано, бидејќи ова е долг и не така едноставен процес, изјави претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, како одговор на обвинувањата од Јани Макрадули, пратеник од СДСМ, дека пролонгирањето на рокот е поигрување со ликот на Тоше.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека со пролонгирањето не се злоупотребува ликот на Тоше, бидејќи, како што истакна, покрај изградбата на меморијалниот споменик Владата донела одлука и за изградба на негова спомен-куќа.
- Треба да се гордеете што Владата донесе таква одлука за изградба на спомен-куќа, чија промоција се очекува до крајот на оваа година. Владата го изгради и патот до манастирот Св. Преображение", а даде поддршка и за осветлување на манастирскиот комплекс, рече Канческа-Милевска.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B34FC49D6041DA46BE32D030D4C3C37F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 29-Jun-2010 at 22:22
За каков меморијален споменик станува збор?! До сега освен за спомен куќата за која имаме и нишка и изградбата е во напредна фаза, за друго не ми текнува да сме имале најави. Dunno
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 05-Jul-2010 at 09:06
Струмица ќе гради Амфитеатар

Советот на општина Струмица на денешната 24-та седница донесе Одлука за изградба на Амфитеатар – летна сцена, каде што ќе се одржуваат јавни трибини, музички, сценски и други културно-уметнички и забавни манифестации, а ќе биде лоциран во Градскиот парк во Струмица (спроти поранешно “Градско зеленило“) на површина од 300 метри квадратни.

Изградбата ќе биде финансирана од Швајцарската агенција за развој преку имплементаторот ФИООМ со 4.000.000 денари и Општина Струмица со 2.000.000 денари од буџетот на општината.

Амфитеатарот ќе се гради во рамките на проектот „Форуми во заедницата“, а според градоначалникот Зоран Заев треба да биде готов до октомври оваа година. Овој проект доби најмногу гласови од граѓаните на завршната форумска сесија за општинска програма „Културни манифестации“. Со Амфитеатарот ќе управува ЈПКД “Комуналец“ – Струмица

Среда, 30 Јуни 2010 15:05 http://www.strumicanet.com

Edited by Makedonij - 05-Jul-2010 at 09:09
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 23-Aug-2010 at 01:32
Спомен обележје - Куќа на семејството Ататурк (Село Коџаџик, Центар Жупа)

Проектов досега беше спомнуван на форумов, но не ми текнува што бидна...

Еве едно конкурсно решение, немам поим со каков статус.
Автори: Јасмина Хаџиева - Алексиевска и Михаил Токарев
Соработници: Никола Стрезовски и Марко Митиќ
Консултант: Никола Павловски


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 23-Aug-2010 at 10:37
Демир Капија ќе добие музеј



Демир КапиJа - Во Демир Капија на 28 август ќе биде отворен музеј, кој е под надлежност на локалната самоуправа, а е сместен во зградата на општинската управа. Од локалната власт велат дека се чека само на комисијата при Министерството за култура да ја одобри работата на музејот. На 120 квадратни метри се уредуваат две музејски поставки. Едната поставка е археолошка, бидејќи огромен е бројот на археолошки наоѓалишта, велат од општината. Другата поставка е музејот на виното. „Посетителите ќе можат да видат околу 500 музејски експонати. Со ова долгогодишниот сон на жителите на Демир Капија за сопствен музеј станува реалност“, вели претседателот на Советот на Општината, Петре Мојсов. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C7CBF443B9810743A3C3A5B446241582
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 27-Aug-2010 at 07:05
Klover, Znam deka ovoj proekt veke bese najaven pred edna godina ali do kade se so gradenje i do koga treba da bide gotov se uste ne se znae.
 
Znam samo deka golema Turska delegacija treba da dojde od koga ke bide gotov proektot.
 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 11-Sep-2010 at 14:31

Саат-кулите симбол на македонските градови

Киро Кипроски

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и за времето што минува саатот жали и вика ’ах‘“. Овие зборови се напишани на плоча на арапски јазик, која во 1858 година била поставена на саат-кулата во Прилеп заедно со часовникот. Со отчукувањето на штипскиот градски часовник штипјани го имаат чувството дека времето не им е застанато. Овие и многу други мудри мисли поставени на плочи на саат-кулите или, пак, во патеписните белешки на многу автори што ја крстосувале Македонија, укажуваат на нивното големо значење за жителите на градовите и околината каде што се издигаат, кои претставувале и претставуваат култни места, места за собирање. Саат-кулите биле градени во централните места на градовите. По некое непишано правило, саатот бил сместуван во одбранбената кула на некој фортификациски објект, доволно висока, за часовникот да може да се гледа од сите страни. Токму затоа, до ден денес овие саат-кули се мошне атрактивни со својата архитектура, уникатни објекти и им даваат препознатлив белег на македонските градови. Тие се заштитен знак на градот, а Гостивар и Велес ги имаат земено како симбол на грбот. Со векови генерациите се грижат за нив, ги обновуваат и не дозволуваат да ги снема, бидејќи тоа се дел од нив, од нивната историја, култура и традиција. Како вредни културно-историски споменици, саат- кулите се заштитени од државата.

Првата саат-кула на територијата на денешна Македонија, а некои сметаат и на просторот на тогашната Отоманска Империја, била изградена во Скопје, во периодот меѓу 1566 до 1572 година. Механизмот на саатот бил донесен од унгарскиот град Сигет, кој претходно Турците го имале освоено. Подоцна саат-кули биле изградени и во Битола, Прилеп, Струга, Штип, Гостивар, Велес, Кратово... Во Кичево и во Тетово одамна се урнати, но има иницијатива за нивно обновување.

Скопската шестокатна саат-кула била изградена во непосредна близина на Султан Муратовата џамија, која со височината и архитектурата го привлекувала вниманието не само на скопјани туку и на сите гости што престојувале во градот. Во своите патеписни белешки Хаџи Калфа ќе забележи дека Скопје има саат-кула најголема од сите саат-кули кај христијаните, ги отчукува саатите и ден и ноќ, а ѕвоното се слушало на растојание од два часа одење подалеку.

Големиот пожар што избувнал во 1689 година, во голема мера ја отштетил скопската саат-кула. Меѓутоа, старата манастирска кула и дрвената надградба со часовникот опстојувале до 1904 година, кога го добива денешниот изглед: дрвената конструкција била заменета со тули и бил поставен нов механизам на часовникот. И во скопскиот земјотрес во 1963 година претрпува сериозни оштетувања, кои се санирани, но механизмот исчезнал за време на земјотресот и се' уште не е пронајден.

Прилепската саат-кула била изградена во периодот 1825 - 1826 година, од Саит-ага. Висока е околу 40 метри и заедно со столбовите и конусот на врвот достигнува 55 метри. Саат-кулата ја изградил еден од најдобрите и најпознати прилепски мајстори и градители Перо Лауц, градител на педесетина цркви и манастири во Македонија. Поради оштетувања, саат-кулата била реновирана во 1836/37 и во 1896/97 година. Пред петнаесетина години кулата почна да се навалува. Според стручњаците, причината се подземните води и различниот квалитет на темелите на ѕидовите. Според последните мерења, навалувањето е за 1,17 метри кон западната страна. Стручњаците тврдат дека не постои опасност од паѓање. Во 1986 година беше извршена последната конзервација на саат-кулата кога беа заменети повеќе дотраени и искршени делови.

Во 1992 година беше симната ѕвездата - петокрака и беше поставен крст. Инаку, првиот крст на прилепскиот градски часовник бил поставен во периодот од 1913 до 1917 година, а по НОБ била поставена петокрака.

Градскиот саат во Битола, како најзначаен белег на градот под Пелистер, во првичен облик бил изграден во 16 век. Во пишаните документи од 1630 година е забележано егзистирањето на некој часовничар Ибрахим, кој меѓу другото, се грижел и за одржување на тогашниот механизам на градската саат-кула, изградена од дрво. Бидејќи часовникот често страдал од пожари, во 1837 година бил поставен во камени блокови со малтер. За малтерот биле употребени 60.000 јајца, тврдат некои хроничари од тоа време. Механизмот на часовникот, кој и сега е во функција, бил подарок од германска фирма во 1936 година, во знак на благодарност на Битола и на битолчани, кои дозволиле да се изгради споменик на загинатите германски војници во Првата светска војна.

Битолскиот градски часовник, саат-кулата, има облик на квадрат и е висок околу триесетина метри. На врвот се наоѓаат ковани огради, на сите страни на терасите се наоѓаат конструкции на кои се поставени светилки, кои го осветлуваат часовникот за да биде видлив и ноќе, исто како и преку ден.

Саат-кулата што се наоѓа во паркот, во центарот на Битола, е култно место за битолчани, кои масовно го посетуваат. За време на Бадниковата вечер, покрај тревникот и тротоарот на паркот се палат свеќи за здравје.

Велешката саат-кула е изградена кон средината на 17 век од турските власти. Во текот на 17 и на 18 век служела како стражарска кула, а во почетокот на минатиот век е направен градскиот часовник со камбанарија. Кулата ја проектирал француски проектант. Градскиот саат е реновиран кон крајот на осумдесеттите години кога е извршена и поправка на механизмот. И денес преку камбаната редовно и точно ги отчукува часовите. Инаку, градската кула е симбол на градот и е ставена како заштитен знак во амблемот на Општина Велес.

Гостиварската саат-кула е изградена во 1566 година и претставува важен културно-историски споменик на поширокиот гостиварски регион. Деновиве започна да се реализира проектот за реставрирање. Со неговата реализација, која се очекува да заврши за еден месец, треба да се уреди внатрешноста, се врши бојадисување и заштита на дрвенаријата, а се интервенира и на ѕидовите. Исто така, ќе се обнови и осветлувањето.

Сегашниот лик, гостиварската саат-кула, го доби во 80-тите години на минатиот век кога на камениот дел беше поставен дрвениот дел и четири часовници, кои беа уништени за време на Втората светска војна.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=870FBFB35B27DA4B8D0B38A0C024F563

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 13-Sep-2010 at 03:19
Нешто старо од пред две години, ама ради евиденција...
УЧИЛИШТЕТО ВО ВЕЛЕСТОВО СЕ ПРЕТВОРА ВО ДОМ НА КУЛТУРАТА

Во обемната програма за реконструкција и санирање на училишните објекти и изведување на градежно-занатски работи врз нив, што е во полна реализација ова лето, содржана е и реконструкцијата на повеке од 7 децении стариот објект на училиштето во Велестово. Наставата во овој објект не се одвива веќе неколку години, но Локалната самоуправа со свои средства го реализира проектот кој има за цел не само да го зачува овој објект како своевидно културно-историско „сведоштво“, туку и да му даде соодветна намена и функција во збогатувањето на културниот живот надвор од градското подрачје.

Целосната реконструкција на кровот и изградба на поткровје, кои се во полн ек, претставуваат прва фаза на проектот а со втората фаза која ќе се реализира идната година, предвидено е објектот да биде целосно уреден и претворен во дом на културата кој ќе има намена преку целата година. До идното, 20. јубилејно издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде уреден и просторот околу училиштето и пристапните патишта, така што Велестово ќе прерасне во вистинско средиште на културниот живот.

Намера е на Локалната самоуправа и Градоначалникот Петрески, објекти како училиштето во Велестово и слични на него во руралните средини во блиска иднина да се реконтсруираат и да им се даде соодветна намена и функција наместо да се препуштат на пропаѓање.

Прочитано:  583  пати
Објавено на: 17.08.07

http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=266

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 24-Sep-2010 at 00:11

Градска донација од 25.000 евра за музејот на Есма

Музејот почна да се гради во 1992 година, а останува да се завршат помалите занаетчиски работи и хортикултурно да се уреди дворот

Градот Скопје ќе донира 1,5 милион денари во хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“. Парите се наменети за довршување на музејот на Есма и Стево, но и за финансирање на хуманитарните активности на здружението. Одлуката е донесена на иницијатива на три советнички групи од Советот.

„Со донацијата, конечно, ќе се финализира изградбата на музејот што почна во 1992 година“, вели познатата пејачка, која е и советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека досега музејот го градела сама, а единствената донација што ја добила е од познатата балканска јасновитка Клеопатра.

„Во музејот во кој ќе можат да се видат многу предмети од мојот и од животот и кариерата на Стево останува да се завршат помалите занаетчиски работи во внатрешноста, како и хортикултурно да се уреди дворната површина“, рече Есма искажувајќи желба денот на отворањето на музејот да се поврзе со роденденот на Стево, 16 април.

На изгласувањето на одлуката на Советот и' претходеше дискусија во која опозициските советници побараа објаснување врз основа на кои критериуми и анализи се поведува иницијативата за донација. Опозиционерите предложија изградбата на музејот на Есма и Стево, доколку се соочува со финансиски проблеми, да се стави во рамките на проектот „Скопје 2014“ за да може со свој придонес да се јави и Владата. Претставникот на една од партиите-предлагачи на иницијативата, Слободан Близнаковски од ВМРО-Народна партија, образложи дека животот и делото на уметниците е доволна причина за донација.

„Есма и Стево се лица кои многу и' дадоа на оваа држава и ред е градот некако да им се оддолжи, откако тие повеќе од 40 години ја претставуваа Македонија низ светот“, рече Близнаковски, кој во своето образложение ја потенцираше музичката и хуманитарната работа на уметниците, но и фактот дека тие посвоиле и школувале над 40 деца.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8493C955BE12F54D89BED8ADEFAC3F41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 24-Sep-2010 at 00:17
Идејата за приватни културни објекти ми се допаѓа, колку и да оваа конкретнава изгледа за некого не атрактивна. Мислам дека треба културата да ни биде малку повеќе граѓанска одколку што сега ние. Државната на страна, таа е фиксна и по тематика и по содржина и не е толку агилна кон новитети. До сега освен приватни кина друго и немаме приватно, за разлика од приватни театри што мислам дека и низ соседството ги има. Да не правиме муабет за филхармонии и слично. Треба да внесеме повеќе граѓанска иницијативност во културата. Има поедини случаеви на фамилијарни збирки, некои шупи со збирки од стари предмети и доста се грижливо оддржувани тие. Идејава ја поддржувам само поради тоа што е граѓанска иницијатива, не дека воопшто ми се допаѓа тематиката. Може би на друг огромен дел од популацијата ќе им се допаѓа.

Edited by lslcrew - 24-Sep-2010 at 00:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 05-Oct-2010 at 08:59
Се спрема реконструкција...

Нова битка за пораката на Тито

Приврзаниците на партијата Титови леви сили вчера не дозволија да се тргне пораката на Тито за скопскиот земјотрес за да се изврши реконструкција на ѕидот

Приврзаници на партијата Титови леви сили вчера ја одбранија спомен-пораката на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито на старата железничка станица, откако Музејот на град Скопје почна да ја трга поради реконструкција на зградата.

Партиски членови предводени од лидерот Слободан Угриновски не им дозволија на градежните работници да го демонтираат ѕидот со пораката испишана по повод катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Проблемот кој се закануваше да се претвори во инцидент беше решен откако „титоистите“ добија гаранции дека натписот со пораката ќе биде вратен по реконструкцијата на ѕидот. Раководството на Музејот наведува дека немало намера трајно да го отстрани натписот.

Угриновски и неговите сопартијци биле револтирани од постапката на Музејот во однос на обележјето кое потсетува на солидарноста по трагичниот земјотрес.

- Видовме дека работниците почнаа да го уриваат ѕидот со што целосно ќе се уништеше пораката. Се организиравме, ја донесовме и бистата на Тито, и не дозволивме да продолжат со работа. Разговаравме и со управата на Музејот и тие не' убедија дека пораката сепак ќе биде зачувана. Ни рекоа дека се ќе биде вратено по реконструкцијата и дека пораката пак ќе може да се чита - ни изјави Угриновски.

Оригиналните букви од пораката во која Тито најавува дека градот Скопје кој доживеа невидена катастрофа одново ќе биде изграден со помош на меѓународната солидарност беа тргнати во периодот кога директор на Музејот беше Ѓорѓи Чулаковски. Но, и покрај тоа, пораката можеше да се прочита бидејќи трагите од буквите беа видливи благодарение на употребеното лепило. Пред четири години имаше најава дека пораката нема да се обновува, туку зборовите на солидарност ќе се постават на бронзена плоча, со димензии 100 на 70. Но, таа идеја не се реализира.

Јован Шурбаноски, актуелен директор на Музејот, изјави дека проблемот ќе биде решен на задоволителен начин.

- Тој дел од ѕидот мора да го реконструираме бидејќи внатре ни е потребен простор за нови археолошки артефакти и за магацин. Ѕидот сега е во лоша состојба, а дрвените панели на кои што е напишана пораката се претворени во најобичен гулабарник. Откако ќе го реконструираме, на ѕидот ќе ги вратиме дрвените панели со натписот. Доколку оцениме дека не се во добра состојба ќе ја напишеме пораката со нови букви. Сето тоа треба да заврши за 90 дена. Значи, пораката нема да исчезне - категоричен е Шурбаноски.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3C713AEDC5678840BBB41519735C6DCB
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 21-Oct-2010 at 14:39
Се реконструира внатрешниот дел на  културниот дом во Тетово, да не беше другарми немаше да ги извадим сликите.
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.




Edited by Dragan - 21-Oct-2010 at 14:41
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 21-Oct-2010 at 21:20
Гледам дека веќе има пост за Струмичкиот амфитеатар.
Еве има новости на интернет порталот на општина Струмица:
http://strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=760%3A2010-10-21-13-57-49&catid=34%3A2010-09-02-08-37-56&Itemid=53&lang=mk

Back to Top
Zlatko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Zlatko Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 23-Oct-2010 at 15:01
Bravo dragan prodolzi taka so moja pomos ke dobies "pristap" sekade vo tetovo Banana
Semper Fidelis-Semper Fi-Sekogas Verni
Vi Veri Veniversum Vivus Vichi
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 23-Oct-2010 at 15:05
@zlatko dobrodojde
Se nadevam deka i ti kje bides aktiven kako tvojot drugar
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 26-Oct-2010 at 19:49

Влагата во Музејот на Македонија ќе ја забрза реконструкцијата

Комплетната реконструкција на Музејот на Македонија наместо од следната ќе почне годинава. Причина за тоа е курцшлусот со струја, кој изби во Етнолошкиот музеј при Музејот на Македонија пред две недели кој ја затвори постојаната етнолошка поставка за јавноста во следните неколку месеци. Владата уште минатата година донесе одлука за целосна реконструкција на музејскиот комплекс, но поради кризата беше одложена за следната година. Целосната реконструкција на објектот би требало да трае три-четири години.



Без етнолошка поставка до пролет



Директорката на Музејот, Мери Аницин-Пејовска, вели поради курцшлусот санацијата на покривот стана приоритет за Музејот на Македонија и се надева дека владата во најкус можен рок ќе им одобри пари за загрозениот дел бидејќи изложбениот простор во Етнолошкиот музеј во моментов е целосно неосветлен.

- Изложбата е сосема затворена поради опасност за посетителите и експонатите од пожар и курцшлуси. Очекуваме да добиеме пари во најкус можен рок и да почнеме со санација на покривот, а поставката ќе остане затворена до пролет додека целосно не се среди покривот. Дел од експонатите се дислоцирани оттаму, во тој дел воопшто не може да се запали светло - вели Аницин-Пејовска.

Килимите во поставката неколкупати беа отстранувани, а проблемот со влагата во целиот музеј, како и во депоата каде што се чуваат вредни културни богатства трае повеќе години. Во јавноста одамна е познато дека објектот има проблеми со влага која се протега од покривот до депоата, протекување, излевање на канализацијата и проблеми со атмосферските води. И претходните раководства на музејот вршеа увид за проблемите со влага и вода во целиот објект, а аргументите беа дека станува збор за сериозен, обемен и скап зафат.

Според Аницин-Пејовска, водата што прави штета во објектот и во иднина ќе биде закана. Таа директно влијаела на струјните кола и овој проблем еднаш засекогаш треба да се реши.

- Со секој паднат дожд, состојбата е се' подрастична, а не очекуваат уште дождови и снегови. Курцшлуси настануваат често и постојано имаме трошоци за замена на светлата - рече Аницин-Пејовска.



Барањето за реконструкциЈа се процесира



Од Министерството за култура велат дека до нив е стигнато барање од Музејот на Македонија за забрзување на реконструкцијата и санирање на покривот. Оттаму велат дека барањето се процесира и дека државата ќе направи се' за што побрзо да се реши проблемот.

- Се разгледува барањето за решавање на проблемот во музејот и тоа ќе биде завршено што поскоро поради културната важност и значењето на овој објект - велат во Министерството за култура.

Одделот за етнологија во Музејот на Македонија содржи околу 18.000 етнолошки предмети, кои хронолошки датираат од 10 до 20 век. Комплетната постојана етнолошка поставка „Етнологија на Македонија“, првпат беше отворена во 1976 година, кога Етнолошкиот музеј беше преселен во новата зграда во Старата скопска чаршија. Во јуни 2002 година по 26 години „Етнологија на Македонија“ беше повторно отворена за јавноста во Музејот на Македонија. И тогаш беше истакнато дека основен проблем што дотогаш таа не била поставена бил западниот ѕид на музејот, кој пропуштал подземни води, па се создавала влага.

На 1.500 квадратни метри се презентирани оригинални етнографски предмети, макети, амбиенти, фотографии и уметнички слики. Збирката народни носии во овој оддел се смета за најбогата на Балканот.

Марина Лазаревска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E618695B0EC25C4FB93E1CA21DFAD710
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.271 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.