build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 03-Nov-2010 at 09:07
Со плоштадот и новиот Амфитеатар

Заедно со новиот плоштад, на 11-ти декември, Денот на заштитниците на градот Струмица “Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“, ќе биде свечено предаден во употреба и првиот летен Амфитеатар во Струмица.

Изградбата на Амфитеатарот – летна сцена, каде што ќе се одржуваат јавни трибини, музички, сценски и други културно-уметнички и забавни манифестации, лоциран во Градскиот парк во Струмица, на површина од 300 метри квадратни, е во тек.

Изградбата е финансирана од Швајцарската агенција за развој преку имплементаторот ФИООМ со 4.000.000 денари и Општина Струмица со 2.000.000 денари. Минатата недела претставници на Швајцарската агенција за развој ја посетија локацијата и се сретнаа со изведувачот и надзорот на проектот, како и со претставници од општина Струмица.

Амфитеатарот се гради во рамките на проектот “Форуми во заедницата“. Овој проект доби најмногу гласови од граѓаните на завршната форумска сесија за општинска програма “Културни манифестации“. Со Амфитеатарот ќе управува ЈПКД “Комуналец“










http://strumicanet.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 03-Nov-2010 at 09:35
Да беше ова на плоштад во Скопје сега ќе слушавме приказни за антиквизација, зашто ова инаку е par excellence случај на антиквизација. Само што е во Струмица па сега се вика модерно, современо, културно и европски. Така е тоа, никогаш не е битно што ќе се каже, туку кој ќе го каже и како ќе го каже, па после секој пристрасно како сака нека си го протолкува.

За проектот поддршка, ми се допаќа, добра летна сцена ќе биде. Незнам зашто во Скопје во ДУП Мал Ринг вцртаа само колонада столбови, кога може да биде цел амфитеатар, или може би и се планира? Може да се добие многу функционална летна сцена, за разлика од нефункционалните скали на МОБ, што се по се изгледа проектантска грешка и никогаш не зафункционираа како некаква сцена.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 03-Nov-2010 at 10:10

Извини друже али ја тука освен името не гледам ништо античко, а и ова е амфитеатарЧе во паркот во струмица за разлика од скопје каде имаме цела дузина ако не и две на такви објекти во време кога светот се такмичи кој ќе изгради помодерен и поуникатен објект.

Edited by toasumjas - 03-Nov-2010 at 10:26
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 03-Nov-2010 at 11:29

обратно - името не е античко за разлика од објектот. скопје е поголем и поважен град од струмица и затоа има повеќе објекти. всушност само неколку од нив се во антички стил и сите добија критика дека се дел од некаква си антиквизација. уникатноста немора секогаш да се бара во модерното особено не кога сите се такмичат за него. Патем подршка за проектот...

Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 03-Nov-2010 at 11:45
верувам објектите со антички стил во скопје му завидуваат на театарчево за тоа што неговата античност е поубаво прифатена...
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 03-Nov-2010 at 12:43
Амфитеатарот на ништо не личи. Незнам зашто архитектите (или оние кои ги проектираат овие проекти) во Македонија не внесуваат инвентивни елементи во проектите, туку цртаат амфитеатри и централни градски објекти кои изгледаат како просечна граѓанска куќа во периферна населба.

Мислам дека проблемот е во начинот на размислување и немањето храброст да се експериментира со модерната архитектура. МИслам дека ако се гледа дека нашиве архитекти не ги бива вреди за вака централни проекти да се распише меѓународен конкурс.

Можеби има и подобри примери но на ова ми текна прво. Еве како би требало да изгледа мал амфитеатар во центар на град. The Scoop во Лондон веднаш до Градската Куќа:

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 03-Nov-2010 at 13:32
Само да разјасниме, мене театарчево воопшто не ми се свиѓа исто како што не ми се допаѓаат и поголемиот број објекти кој се градат у Скопје.
А тоа што сакав да го кажам во главно го кажа nylon. Зашто се нема машта, иновативност, креативност итн. туку сеа ни кажуваат градиме нешто за кое имаме вакум во нашата архитектура. Наместо да немаме и сега вакум со модерната арх и да се такмичиме со напредните народи ние пак ствараме вакум сакајќи да изградиме нешто што не постои више. Нема више барок, рокобароко итн. тоа време пројде до кога вака

Edited by toasumjas - 03-Nov-2010 at 13:33
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 03-Nov-2010 at 17:36
Do raznite stručnaci!
Ne li ve se dosadi samo da plukate be, bidete malce konstruktivni napravete nešto, samo blablabla.
Dali vo opšto nešto vi se sviga vo Makedonija? Barajte čare na drugo mesto, no vo stvari covek so se mu smeta tolu i vredi!
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 03-Nov-2010 at 17:48
@ nylon
Ostaj super e, moderno vreme, moderna zemja!Pa i zgradite naokolu ne se losi a se vklopuvaat so protorot!
Da se gradese istiot vo skopje (kompletno) pa potoa so most vednas do amiteatarot da si vlezis , za zal smeta sk 2014!
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 193
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 03-Nov-2010 at 19:48
Пред некоја недела се напрај во Битола на Тумбе кафе мини летна сцена

поставени се и нови канделабри, клупи и останато за рекреација а се работи   и на досредување на трим патеката.




Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7449
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 03-Nov-2010 at 21:16
Originally posted by Makedonij

Do raznite stručnaci!
Ne li ve se dosadi samo da plukate be, bidete malce konstruktivni napravete nešto, samo blablabla.
Dali vo opšto nešto vi se sviga vo Makedonija? Barajte čare na drugo mesto, no vo stvari covek so se mu smeta tolu i vredi!
makedonij не е поентата да се плука по се и сешто без никаква причина, во Македонија се плука баш поради тоа што реткост е кај нас да се појави на виделина некој квалитетен архитектонски или културен проект
nylon мислам дека најубаво објасни зошто не треба да ни се допаѓаато такви објекти како амфитеатриве
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 03-Nov-2010 at 21:24
Originally posted by nylon

Амфитеатарот на ништо не личи. Незнам зашто архитектите (или оние кои ги проектираат овие проекти) во Македонија не внесуваат инвентивни елементи во проектите, туку цртаат амфитеатри и централни градски објекти кои изгледаат како просечна граѓанска куќа во периферна населба.

Мислам дека проблемот е во начинот на размислување и немањето храброст да се експериментира со модерната архитектура. МИслам дека ако се гледа дека нашиве архитекти не ги бива вреди за вака централни проекти да се распише меѓународен конкурс.

Можеби има и подобри примери но на ова ми текна прво. Еве како би требало да изгледа мал амфитеатар во центар на град. The Scoop во Лондон веднаш до Градската Куќа:



Одличен пример.

За да ја избегнеме дискусијата модерно vs. античко/класично

Комплетно е забелешкава на место од аспект што генерално низ државата никнуваат разни „проекти“ од овој тип кои се како на фабричка лента правени. Тука се павер елементите, тука се неколкуте канделабри и клупи... Сето тоа на микро ниво, без никаква трајна вредност.

Затоа ми се виде симпатичен „плоштадот“ кој треба да се прави во аеродром, сепак ми делува дека е за нијанса на повисоко ниво од овој просек кој го добиваме најчесто.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 09-Nov-2010 at 13:06

Титовата порака симната од Музејот

Буквите со пораката на Тито на Музејот на Град Скопје се тргнати. Се изведуваат градежни работи за обезбедување на потпокривот што ќе служи како магацински простор за остава на музејските експонати во иднина. Надлежните најавија дека веднаш по завршувањето на зафатот, пораката ќе се врати на свое место.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=31A74DBE7A5C4A45BA6F16F3477BEDBF
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 10-Nov-2010 at 17:09
A muzejot da stane konecno muzej, namesto kabare, trgovsko drustvo za razmena megu Makedonija i Slovenija, kafule, gradski parking, kafana posvetena na Tito, shtab na titovi levi sili i malo prostorche posveteno na muzejot?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 15-Nov-2010 at 04:48
Амфитеатарот во Струмица
(Од денеска )



Edited by leonid23 - 15-Nov-2010 at 04:51
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 29-Nov-2010 at 17:59
Од денес:
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2471
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 01-Dec-2010 at 12:05

Амфитеатаров (изгледот, не концептот) уопште не е ни вреден за коментирање, а не па уше да се дига галама за него дали бил антиквизаторски или не. Ко дете некое во гугл скечап да го праело. 

Од друга страна, граѓаните сами си го изгласале, така да барем е законски и транспарентен проектот како што треба. 

Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 01-Dec-2010 at 12:21
Ова е куќарка најобична што стварно не е вредна за коментирање!!!
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 01-Dec-2010 at 12:56
Originally posted by StreetStruck

Ова е куќарка најобична што стварно не е вредна за коментирање!!!


Па тоа е мала летна сцена , што би очекувал ти повеќе ?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 11-Dec-2010 at 00:38

ТЕАТАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ГЛЕДАЛИШТА НЕПРИСТАПНИ


Инвалидизираните лица лишени од театар


Ако ги разгледате театарските салони и салите во кои се изведуваат претстави и друг вид сценска дејност ќе дојдете до констатација дека се непристапни. Освен во Македонската опера и балет, љубителите на театарската уметност кои своето право на движење го остваруваат преку инвалидски колички и други помагала, не можат да одат в театар


Божицата Талија и театарската уметност се речиси недостапни за лицата со хендикеп. Ако ги разгледате театарските салони и салите во кои се изведуваат претстави и друг вид сценска дејност ќе дојдете до констатација дека се непристапни. Освен во Македонската опера и балет, љубителите на театарската уметност кои своето право на движење го остваруваат преку инвалидски колички и други помагала, не можат да одат в театар.

"Во секој случај инвалидизираните лица се категорија на која треба да сметаме, односно публика која не смее да се занемари. Затоа повеќе од четири години во нашата институција тоа им е овозможено на овие лица", ни рече Оливер Арсовски, директор на МОБ.

Но, другите како да не го делат тоа мислење. Недекларативно, но тоа се гледа од генералната слика. Просторот пред влезот на Универзалната сала, иако огромен, е отсекаде опкружен со скалила, а никаде нема ниту најмал спуст или, како што се нарекува, рампа, за да може лице со инвалидска количка да дојде до влезот. Дури и ако тоа со триста маки му успее некому (во случај некој близок на инвалидизираното лице со уште нечија помош буквално на раце го пренесе преку малкуте, но високи скалила) треба да биде вистински велемајстор за да најде соодветно место и позиција во гледалиштето. Тоа би можело да се изведе единствено во Универзалната сала и во МОБ, додека во Драмски, МНТ и останатите театри речиси и да не е изводливо. Доколку и се влезе во гледалиштето, тогаш аголот на гледање е ист како да гледате од помошно столче, а од таа позиција еден агол или речиси третина од сцената останува непрегледна.

И во сета оваа ситуација скоро и да не постои иницијатива за промена на работите. Инволвирањето на инвалидизираните лица во уметноста би требало да биде обврска и приоритет. Ова поради тоа што не мал број од нив и самите творат и се вистински уметници.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6F243DC6C8099542B086F3F68E43FD55
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.