build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 22-Oct-2013 at 17:19
Не првата слика од десна страна се гледа некаков пат, ама тој веројатно е само до музејот.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 23-Oct-2013 at 08:28
Турците се враќаат во Куршумли ан

Споменикот на културата во Скопје наскоро ќе стане културен центар на Турција во Македонија.



Македонското Собрание наскоро треба да ја потврди одлуката за предавање на Куршумли ан во владеење на турските власти. Кога тоа ќе се случи Куршумли ан ќе стане Јунус Емре, турски културен центар.

Двете влади за ова уште лани во декември потпишаа меморандум за разбирање, па се очекува Собранието само да го потврди овој договор. Јунус Емре културниот центар е дел од иницијативата на турската влада за ширење на турската култура во странство. Во Македонија овој центар ќе се пресели во едно историско место .

Отоманската империја владеела на овие простори речиси шест века, па тука може да се најдат многу градби во отомански архитектонски стил, пишува турскиот портал Светски билтен. Во отомански стил има многу караван-сараи, амами и џамии кои останале до ден денешен и се користат за различни намени. Во Македонија многу се прави во зачувувањето на отоманското наследство.

Еден од најдобрите примери за тоа е и Куршумли ан, караван-сарајот изграден во 16 век кој се наоѓа во турската чаршија во Скопје. Објектот бил изграден од Муслихудин Абдул Гани, а е именуван според материјалот со кој била изградена куполата (куршум - олово). Караван-сарајот има 2.800 квадратни метри со главен влез преку портата од турската чаршија.

До 18 век караван-сарајот се употребуваше за намената за која и беше изграден – преноќиште за трговците и штала. По востанијата против отоманската власт објектот стана затвор за бунтовниците. Куршумли ан денеска е дел од Музејот на Македонија и таму има 130 камени статуи од различни периоди.

Во 2006 година, турската и македонската влада се согласија да отворат културни центри. Македонија доби свој центар на Таксим во Истанбул, а Куршумли ан беше избран за културен центар на Турција, пишува порталот.

http://www.mkd.mk/kultura/turcite-se-vrakjaat-vo-kurshumli-an

Edited by Џоле - 23-Oct-2013 at 08:28
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 23-Oct-2013 at 11:35
како бе така од музеј го дадоа да биде турски културен центар? ко пазар да е...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 23-Oct-2013 at 13:40
Не биле доволно речиси шест века, па нека останат уште барем шест века.
 
Ах, пусти комити, за што гинеле...
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 300
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 23-Oct-2013 at 13:42
Епа дај на Србите да им го дадеме Сообранието.Нели во нивно време е градено.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 24-Oct-2013 at 17:54
Отворена спомен соба на браќа Миладиновци „Т`га за југ“

Градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски, денеска ја отворија за посета, Спомен собата на браќата Миладиновци „Т`га за југ“, што се наоѓа во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“-Скопје.



-Со опремувањето и отворањето на Спомен собата на браќата Миладиновци „Т`га за југ“, ние како нивни потомци им се оддолжуваме за големиот и непроценлив придонес што тие го дадоа како просветителите и едни од главните претставници на македонската преродба. Спомен собата е адаптирана и преуредена така што ги исполнува стандардите за музејска работа, и се надевам дека ќе биде посетена од голем број граѓани и ученици. Градот Скопје континурано вложува во реновирањето и подобрувањето на условите за работа во културните институции под негова ингеренција. Минатата година го направивме покривот на библиотекава, а годинава го уредивме овој простор што доби функција на спомен соба, а со соодветно разместување на внатрешната опрема во просторијата, таа може да се користи и за поставување тематски поставки, промоции, читања и слични настани, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски, посочи дека спомен собата „Т`га за југ“ ќе има тројна намена, односно музејска, емотивна и едукативна, и дека веќе е во преговори со училиштата часовите по македонски јазик коишто се тематски поврзани со дејноста на браќата Миладиновци да ги држат во оваа спомен соба.



Во оваа пригода директорот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, Цветковски на градоначалникот Трајановски му ја подари песната „Т`га за југ“ илустрирана од ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин.

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во текот на летниот период, годинава, се одвиваа градежните активности за адаптација, реновирање и опремување на дел од ентериерот во објектот на библиотеката, за да може да се формира Спомен соба на браќата Миладиновци „Т`га за југ“. За оваа цел од Буџетот на Град Скопје со програмaта КА-Културни манифстации и творештво (Капитални расходи) предвидени се средства во износ од 1.000.000 денари, додека целата инвестиција изнесува 1.650.820 денари со вклучен ДДВ, а остатокот од средствата ги обезбедува самата установа од сопствени приходи.

Собата е лоцирана на вториот кат од библиотеката, а ќе се влегува како и досега преку влезниот хол. Градежните активности опфаќаа целосна демонтажа и отстранување и замена на постојната инсталација, електрични водови, челични носачи и слични елемнети кои се закачени за бетонските греди на објектот и нивна замена со многу полесна конструкција на плафонот. Со подготвителните работи во првата фаза се отстранија сите предходно поставени и сите дотраени, пропаднати и неупотребливи и нефункционални делови од ентериерот, со што се овозможија услови за нова ентериерна обработка која е предмет на овој проект.



повеќе на http://regioni.mk/otvorana-spomen-soba-na-brakja-miladinovci/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 24-Oct-2013 at 17:56
(од Фејсбук страницата на Град Скопје)











За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 06-Nov-2013 at 09:55
Прилеп доби најмодерна киносала во државава







http://www.mkd.mk/kultura/prilep-dobi-najmoderna-kinosala-vo-drzhavava#39
За сè има вторпат
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 06-Nov-2013 at 10:21
Кој работи по овие портали, колку треба да си неписмен да напишеш најмодерна кино сала кога по самата слика се гледа дека салата врска нема со тоа.
Има најобични неудобни столчиња кои се ставаа пред 30 години по домовите на култура, прожекторот е стандарден без можност за 3Д, за да стигнеш до местото на седење треба да го станиш цел ред. Значи салата не е ни стандардна подолу е од тоа.

Еве само да земиме околу Прилеп во Кавадарци и Битола долго време имаат 3Д кино, па да не зборуваме за Скопје.
Луѓето по светот почнаа 4D-5D да гледаат ама нашава "најмодерна" е.

Edited by ovaj_stariov - 06-Nov-2013 at 10:22
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 06-Nov-2013 at 12:42
Познавајќи ја состојбата во нашите медиуми (долго време работев на еден интернет портал, а имам и неколку пријатели новинари), можам да гарантирам дека текстот не е пишуван од новинар туку е копиран од некое официјално соопштение на Министерството за култура, а мора да признаеме, што и да направат тие секогаш е „најмодерно, најстаро, најдобро, најуникатно итн. итн.“

Во секој случај, се радувам што уште еден поголем град во земјава доби пристојна кино-сала. А дали истата ќе биде барем половично исполнета кога ќе има филмски проекции е друга приказна.

Edited by Џоле - 06-Nov-2013 at 12:43
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 08-Nov-2013 at 14:21
Свечено отворање на Градската уметничка галерија во Крива Паланка








За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 13-Dec-2013 at 10:00
Се санира покривот на Спомен-костурницата во Велес



Се санира покривот на Спомен-костурницата во Велес. Тоа е прва фаза од поправката на покривната конструкција бидејќи таа прокиснува и го оштетува мозаикот во внатрешноста на објектот, дело на Петар Мазев, кое е и најголемо во земјава со површина од 220 квадратни метри. Во првата фаза се работеше десетина дена, колку што беше потребно да се извршат потребните заштитни мерки.

„Во оваа фаза од работата ги стопираме продорите на вода во покривот. За да нема дилеми, работиме во овој период од годинава бидејќи е идеален за оваа активност, потребно е поладно време со пониски температури. Инјектирањето се врши со посебен специфичен материјал за да продолжиме напролет со втората фаза, со пресвлека на хидроизолациски материјал преку целата купола. За оваа работа е потребно потопло време и затоа ќе го работиме од април“, изјави Сашо Варсамовски од фирмата „Синтекс“. Тие ја изведуваат оваа работа преку Националниот конзерваторски центар од Скопје, финансирана од Министерството за култура. Санацијата се врши на површина од 900 квадратни метри. Водата која преку мали, ситни отвори низ годините влегувала во покривот, од зимата и ниските температури го разјадувала материјалот, доаѓало до оштетување и до создавање поголеми процепи. Преку нив водата навлегла и го оштетила покривот на Спомен-костурницата, со што е загрозен и големиот мозаик на Мазев. Тој претставува композиција од пет слики преку кои авторот ја прикажува македонската епопеја од турското ропство, преку Илинденското востание, Балканските војни, па се' до НОБ, а направен е од природен и вештачки камен од венецијанска паста, во повеќе бои. Поради тоа во првата фаза се работи да се внесе материјал кој ќе ја сопре водата зимава да го уништува споменикот, а напролет ќе се прекрие со хидроизолација за целосна заштита.

„Состојбата со покривот на објектот беше алармантна. Дојдовме во ситуација да се загрози мозаикот, вредно капитално дело на Петар Мазев, поради прокиснувањето на водата. Со завршувањето на двете фази треба комплетно да се заврши санацијата на покривот со што ќе биде решен еден голем проблем“, изјави Марин Клифов, раководител на објектот. Спомен-костурницата е изградена во 1979 година и е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и на архитектот Саво Суботин од Нови Сад, Војводина. Во специјален простор во неа се чуваат и посмртните останки на 100-тина паднати борци од НОБ, меѓу нив и на поетот и револуционер Кочо Рацин. Спомен-костурницата беше санирана во 2003 година за што беа потрошени 100.000 евра, а изведувач беше Градежниот институт од Скопје. Но не цела година потоа, покривот повторно прокисна. Иако гаранцијата на изведувачките работи беше две години, изведувачот по реакциите од Музејот за неквалитетно извршена работа не интервенираше.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D2EB9EF0CDDEED4E892CB99263754E89
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 05-Jan-2014 at 13:39
Тетовско Кале (ова веројатно е некој нов објект, реставриран)

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 06-Jan-2014 at 11:03
Не знаев каде да оди ова, па ќе го ставам тука...

Унифицирани куќички наместо тезги во манстирскиот комплекс Св. Наум, се сечат дрвја за да се уреди просторот

Унифицирани дрвени куќички ќе ги заменат тезгите во манстирскиот комплекс Св. Наум, со кој стопанисува Дебарско - кичевската епархија. На влезот изградена е камена порта, а во внатрешноста поставени се дел од продажните куќички.





Неодамна беше изграден санитарен јазол, но се' уште системски не е решен проблемот со одведување на фекалните води од комплексот. Според најавите ова прашање треба да се реши со изградба на мини пречистителна станица.



Со цел хортикултурно уредување на просторот кој се наоѓа во заштитената зона на Националниот парк Галичица, исечени се повеќе стари дрвја, но останува да се надеваме дека на нивно место ќе бидат засадени нови.



http://www.ohridnews.com/vesti/64270
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 06-Jan-2014 at 13:13
Обично сечењето на дрва тешко ни паѓа особено гледајќи чисто кон сегашноста а не кон иднината,но ако го заприметимеоној голем трупец шуплив во средината,само прашање на време ќе беше кога ќе излезеа коментари од типот-`кој ќе превземи одговорност за паднататото дрво врз......`
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 07-Jan-2014 at 00:34
Конечно да се среди овој дел. Се надевам дека ќе ги средат малку и угостителите со се расфрланите пластични столчиња и трубо фолкот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 11-Jan-2014 at 12:32
Почнува реконструкција на Албанскиот театар во Скопје



На свеченоста ќе се обратат вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Во Скопје денеска ќе почне темелна реконструкција на објектот во кој е сместен Албанскиот театар.

На свеченоста по повод почетокот на проектот ќе се обратат вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Министерството за култура минатиот месец најави дека во 2014 година треба да почне и изградба на Турскиот и на Струмичкиот театар, за кои се избрани изведувачите.

На 7 декември, пак, во Скопје беше отворен новиот објект на Македонскиот народен театар, а оваа година се очекува отворање и на новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3F7688DA89555447AC70A398764EC8A6
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 11-Jan-2014 at 13:53


МИА.мк

Edited by Џоле - 11-Jan-2014 at 13:54
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 11-Jan-2014 at 19:49
албански театар??? нели тоа е „Театар на националностите“?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 11-Jan-2014 at 21:09
Originally posted by zabegan

албански театар??? нели тоа е „Театар на националностите“?


Веќе одамна не е ...
Плус рачунај на тоа дека ќе се гради и турски театар ...

Ама ако, таков народ живее во државава, култивиран, високообразуван, поготово кај националностите тоа е многу поизразено... Плус локацијата на театаров и неговото опкружување, е едноставно прекрасно.
... и го чекам моментот кога ќе почне да се гради и ромски театар во Скопје, уште тоа ни остана и ќе можам да се смирам малку
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.