build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 15-Sep-2015 at 04:52
Кино Култура е денационализирано во 2006та и новите наследници (многу се, не е еден) со години не можат да се договорат, односно, некои очекуваат да го продадат по баснословна сума. Затоа пропаѓа. Нема врска со централната власт.

Аман веќе од ширење дезинформации.

http://utrinski.mk/?ItemID=06AE7C5E386314449D43910C31A5B7DE
http://vecer.mk/kultura/skopje-bez-kultura
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 22-Sep-2015 at 09:01
ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ВЕЛЕШКОТО КИНО

Велес – На предниот дел од зградата на некогашниот синдикат, на местото каде што беше влезот на киното „11 Октомври“ се преземаат градежни активности. Просторот се преадаптира за да се добијат нови деловни простории. Целта е средствата што ќе се соберат од изнајмување на дуќаните да се користат за адаптација на киносалата. Градежните работи околу новите четири дуќани треба да завршат до почетокот на октомври.

„Со преадаптација ќе се добие нов деловен простор кој на јавен повик ќе се изнајмува. Наемнината ќе се користи за уредување на внатрешноста каде што е киносалата. Така рационално ќе ги користиме и средствата и просторот. Секако дека кино ќе има, но не со толку голема сала како што беше претходно со 600-700 седишта, бидејќи тешко може да се наполни“, изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Реконструкцијата на киносалата е предвидена за следната година.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2A0F48EF315C714D984D781184B85853
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 23-Sep-2015 at 10:39
На 18ти септември се отвори новата отворена сцена на кејот на р. Варадар, кај МКЦ. Сцената беше работена од македонски и швајцарски студенти по архитектура на претходно организирана работилница. Повеќе за архитектурата на оваа сцена, настанот и работилницата ќе објавиме во следен пост.









http://marh.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%83%D1%81-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 23-Sep-2015 at 10:43
НАУТИЛУС КОНСТРУКТ, нова отворена сцена за независна култура на кејот на Вардар

Во време кога се случуваат многу нешта, а на повеќето им (ни) е во навика да речат дека нема случувања, се отвори простор за една необична приказна за нова јавна сцена во Скопје.

Сцената „Наутилус Конструкт“, лоцирана на кејот на Вардар, веднаш пред Младинскиот културен центар, претставува нов простор за културни и социјални иницијативи, перформанси и случувања, нудејќи му на Скопје уште еден, нов простор за развивање на независната култура.

Идејата за проектот и неговата реализација се на City Creative Network CCN Скопје – Дамјан Кокалевски и Милан Диневски, и TEN Zurich, колектив на архитекти и уметници од Цирих. Реализирана е заедно со група студенти од Архитектонски фалкултет – Скопје и Факултет за архитектура – Цирих. Нејзината реализација се одвиваше низ две фази. „Designing a Brief“ е првата, која се случуваше во месеците август и септември 2014 година, а вклучува истражување на материјалот и ресурсите, околината со сите изградени и неизградени социјални и јавни простори и содржини, како и интернет анкета. Една година подоцна е втората фаза – „Constructing a Stage“, односно градење на сцената и нејзино отворање со серија од културни настани.

„Наутилус Конструкт“ со космички дизајн и минимализам, кој секогаш недостасува, е инфраструктура која постојано се менува, но сепак, поставена да биде статична, а сè околу неа да се движи. Лоцирана е пред Младинскиот културен центар (МКЦ) на брегот од реката Вардар да воспоставува баланс помеѓу уметноста и минливите трендови. Со пропорција која не се наметнува, има право да биде инсталација сама за себе, но изразеното сценографско обликување е тоа кое повикува публика. Тоа го потврдуваат вечерите во кои сцената сè уште беше во изградба, а веќе претставуваше социјален јавен простор.





Сцената се отвори официјално за јавноста со бројни културни активности како презентација на книга, театарски перформанси и музички концерти. Целото случување започна со презентација на книгата „SKOPJE CREATIVE HUB 2014: new content in public space“, која го опишува процесот на размислување и работа околу конструкцијата на овој нов јавен простор. Здравата мисла и силната енергија кои ги поседува книгата се дело на преклопување на повеќе и различни карактери.
„Книгата претставува збирка, приказ не само на проектите, туку и на целата позадина како успеавме да ги собереме сите тие различни карактери од Македонија и од странство“, вели Дамјан, дел од тимот City Creative Network CCN Скопје.
Како што објаснува Милан, проектот на почетокот бил дочекан со доза скептицизам, меѓутоа архитектонската страст на крајот надвладеала над сомневањето дали проектот воопшто и може да се оствари.

„На почеток сите се скептични, никој не сака да е дел од тимот за проектот. Како почнува проектот, си велат: ‘Па добро, ова можеби и ќе се оствари.’ За на крај сите да се вклучат во проектот. Така изгледаа убедувањата на нашите блиски за кои по секоја цена сакавме да бидат вклучени“, коментира тој.

Изданието претставува резиме и концептуален водич низ проектите, дискусиите и јавните програми, кои се развиваа и реализираа во текот на десетте денови на SCH2014.

„Книгата ги открива заклучоците, предлозите и позадината на проектот, заедно со комплексниот контекст и специфичности на урбаното Скопје“, додаваат Милан и Дамјан.





Бескрајно пријатната презентација започна пред малубројна публика, срамежливо, за бројот на гости во текот на вечерта да почне брзо да се зголемува, симболизирајќи го индиректно и нејзиното брзо интегрирање во културниот пулс на градот. Тестирањето на сцената продолжи според програмата и наредниот ден. Иако временските услови го изменија предвидениот тек на програмата на настаните на „Наутилус Конструкт“, сепак приказната на оваа нова необична сцена ќе продолжи да се развива и понатаму. Сепак, првите два дена, сцената го присвојуваше просторот, а варијабилната посетеност на перформансите и настапите почна да го оправдува нејзиното постоење.

Дечки, браво! Се придружувам кон вашиот повик за користење на „Наутилус Конструкт“, а скопската публика, која сè уште се смета за активна и за публика која знае да препознае место што може да развива независна култура, треба да допринесе таа оправданост да се изведе до крај.

Скопје, после долго време, доби во целост една неносталгична градба која тонејќи во споменот на некогашната урбана култура на градот, на крај од денот, ги достигнува длабочините каде се создава нова, исто толку истрајна и мотивирачка. Физичкото постоење на „Наутилус-от“ е лушпата, уште еден простор каде се развива новосоздадената, од секоја друга поинаква, смисла за урбано живеење. Го ужива стимулот за спротивставување на забрзаната културолошка хомогенизација.



извор: design.mk (http://www.design.mk/2015/09/%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%83%D1%81-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%86%D0%B5/)

фото: ©Борис Јурмовски
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 24-Sep-2015 at 12:04
Семејната куќа на семејството Андонови - денеска Музеј на (В)МРО за Штип и штипско, во реконструирана селска архитектура и внатре наместена со восочни фигури, артефакти и етнолошки предмети. Извор: Василка Димитровска (фејсбук)

За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 03-Oct-2015 at 14:29
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 03-Oct-2015 at 15:45
kultuzin, можеш да ги посочиш локациите на објектите со координати, те молам?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 03-Oct-2015 at 19:11
Originally posted by alexgizh

kultuzin, можеш да ги посочиш локациите на објектите со координати, те молам?


Tuka nekade e Teatarot 41.436391, 22.636508. Na ulica Boro Dzoni koga se odi od staroto Kino kon maloto parkce od desnata strana. Na vremeto tamu bese kaficot Golden.

Muzejot neznam tocno kade e. Pretpostavka 41°26'07.8"N 22°38'12.2"E.
Na Internet stoi adresa 27 Mart broj 2.

http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=184:2010-09-07-09-17-14&catid=114:2010-09-02-11-04-07&Itemid=163&lang=mk

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 03-Oct-2015 at 19:27
Ти благодарам. Според мене, навистина штета што е толку збутан театарот. Би сакал да беше на повидна локација, на пример следнава:

http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.438182&lon=22.636530&z=18&m=b

А, има ли некаде рендер од тоа како ќе изгледа?

Edited by alexgizh - 03-Oct-2015 at 19:28
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 03-Oct-2015 at 19:36
Originally posted by alexgizh

Ти благодарам. Според мене, навистина штета што е толку збутан театарот. Би сакал да беше на повидна локација, на пример следнава:

http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.438182&lon=22.636530&z=18&m=b

А, има ли некаде рендер од тоа како ќе изгледа?


Na toa mesto bil stariot teatar. Izgledot ke se orientira na stariot teatar a kako tocno ke izgeda mislam deka vo nekoja od vestite imase i nesto kako render no nemozam da go najdam.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 14-Oct-2015 at 11:30
Санацијата на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и велешко во завршна фаза



Во завршна фаза е реализацијата на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и велешко предвиден со програмата на Министерството за култура.

-Надлежната установа за реализација на проектите од областа на заштитата на недвижното културно наследство во велешкиот регион, Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на градот Велес. Беа преземени интервенции за превентивна заштита на покривот за да нема прокиснување, што претставува проблем уште од времето на изградбата на објектот. Изведено е и превентивно санирање на екстериерот и интервенција со инјектирање на сите прозорски отвори, промена на оштетените делови и поставување на нов плексиглас, соопштуваат од Министерството.



Надлежните екипи ја завршиле и санацијата на изолацискиот слој на споменикот, а се изведувал и дел од санацијата на завршниот, фасаден слој, за што активностите се во завршна фаза. Целосната реализација на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и велешко е предвидено да заврши до крајот на годинава, со што конечно ќе биде соодветно заштитен еден значаен споменик на културата.

Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и велешко е изграден во непосредна близина на градот во 1979/81 година. Внатрешноста е декорирана со импозантен ѕиден мозаик од пет сцени, дело на современиот македонски сликар Петар Мазев. Овој споменик е своевиден белег на градот Велес.

http://lider.mk/2015/10/14/sanacijata-na-spomenikot-na-padnatite-borci-od-nov-od-veles-i-velesko-vo-zavrsna-faza/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 29-Oct-2015 at 11:28
Interesno i nesekojdnevno. Se nadevam deka intenzivno ke se koristi i ke dava rezultati.

„Јавна соба“ нов простор на македонската дизајнерска сцена

















in

Share
.






javna soba skopje1

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ е новиот простор за поддршка на Македонската дизајнерска сцена.

Центарот лоциран во централното подрачје на градот (на „50. Дивизија“, 22) официјално ќе биде отворен вечер, а негов основач е Здружението на граѓани „Јавна соба“ кое е веќе етаблирано како креатор на платформа за поврзување на креативците со бизнис секторот.

javna soba2

Целта на просторот, како што истакна на денешната прес – конференција директорот на „Јавна соба“ Александар Велиновски, е да одговори на потребите за натамошен развој на македонскиот дизајн, чии почетоци се поврзуваат со „Skopje Design Week“, како и за негова презентација дома и во странство.

- Ако се постави прашањето дали постои македонски дизајн, да, постои, затоа што овој Центар за дизајн е комплетно македонски производ. Дизајниран е од компанијата „We and Nature“ од Скопје и авторот Тамара Ѓеоргиевска, како и други автори кои се занимаваат со моден дизајн, расвета, накит, предмети за домаќинство, помагала и слично, вели Велиновски, кој е и основач на „Skopje Design Week“.

javna soba skopje3

Центарот ќе биде од отворен карактер и ќе нуди поддршка за младите креативци кои ќе творат во овој простор, а добредојдени се и ликовни уметници, театарски групи, поетски друштва, секаков тип на креативен израз, па и „најлудата идеја е добредојдена“, додава тој.

Вутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија, кое веќе 10 години го помага развојот на дизајн сцената во земјава, а го помогна реновирањето на просторот, истакна дека дизајнот е важен извозен производ на неговата земја и го рефлектира најдоброто од холандскиот карактер. Изрази уверување дека и кај македонските креативци постои голем потенцијал.

javna soba skopje2

Центарот, кој се простира на површина од 1.450 метри квадратни, меѓу другото, располага со работилница наменета за изработка на базични прототипови, мини – библиотека, детска лабораторија за дизајн, има и продажен простор со производи на македонски автори, а ќе функционира и како галериски простор. Следната година предвидени се повеќе куси резиденции на холандски дизјанери, како и дизајнери од Македонија и регионот кои ќе работат на проекти иницирани од страна на компании. Во план е и формирање на дизајн – инкубатор.

Инаку, „Skopje Design Week“ од оваа година се сели во просторот на Центарот „Јавна соба“, а ќе се одржи од 26 до 29 ноември.
http://www.porta3.mk/javna-soba-nov-prostor-vo-funkcija-na-makedonskata-dizajnerska-scena/

Na linkot ima i fotografii
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 06-Nov-2015 at 21:33
Во Охрид ќе се гради црковен музеј

Written by Лионела Јаковлева.


Дебарско кичевската епархија ќе прави црковен музеј во кој ќе бидат сместени сите вредни икони од западниот дел на Македонија. Музејот е планирано да се гради на локацијата која се наоѓа веднаш под административната зграда на охридската митрополија. Проектот веќе се изготвува, а ќе биде финансиран од МПЦ.

МПЦ се одлучи на ваков чекор бидејќи голем дел од подвижните икони кои не беа заштитени, а кои беа многу вредни се украдени. Тоа подвижно културно богастство мора да се собере на едно место и да се заштити од понатамошно уништување, вели теологот Виктор Недески.

Музејот ќе биде обезбеден со најсовремени алармни уреди. Ќе биде со приземје и кат. Во галеријата ќе бидат поставени иконите, а на катот ќе бидат направени простории за останатите потреби на МПЦ. Музејот ќе биде отворен за посетителите како домашни така и странски.

Покрај движното треба да го заштитиме и недвижното богатство. За среќа веќе е започнат процес на реставрација на фреските во некои наши цркви, но тука МПЦ нема ингеренции затоа што тоа е под Заводот за заштита на спомениците, вели Недески.

Инаку според евиденцијата на дебарско -кичевската епархија последниве години околу 100 вредни икони се украдени од нашите цркви посебно од оние во планинските села.

http://tvm.mk/vesti/ohrid/22085-2015-11-06-16-23-40
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 11-Nov-2015 at 21:01


Се уредуваат депоата и историскиот оддел во Музејот на Македонија

















Во Музејот на Македонија се уредуваат депоата во кои се чуваат артефактите што ги поседува оваа национална институција, а се уредува и постојаната поставка на историскиот оддел на Музејот каде што ќе бидат изложени 10 000 предмети...









- Целосно е завршен проектот за внатрешно уредување на депоата со услови кои ќе бидат важни за предметите што се наоѓаат таму. Се планира следната година да се реализира проект за климатско-термички услови во депоата со цел според највисоки стандарди да заврши втората фаза од уредувањето на депоата - изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска направи увид на проектите што се реализираат во Музејот на Македонија преку програмата на Министерството за култура.

Во однос на историскиот оддел, таа рече дека ќе се уредува и ќе се опреми по светски стандарди како што е направено со поставката за децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, која е во рамките на овој оддел.

- Продолжуваме со целосно реконципирање и уредување на историската поставка во Музејот. Се работи за доста голема површина од околу 1500 квадратни метри. Проектот е во завршна фаза. Се очекува до крајот на годинава да биде објавен тендер за изведувач кој ќе почне со целосно реновирање на историската поставка. Ќе има вредни историски наоди, се очекува над 10 000 предмети од сите периоди да бидат изложени во новата, реконципирана поставка. Со овој проект ќе се даде значителен белег во привлекување што поголем број туристи а, секако, и наши граѓани и ученици - додаде Канческа-Милевска.



Директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчовска се заблагодари за тоа што Министерството за култура и Владата ги ставаат нивните проекти во приоритети за финансиска поддршка.

- Оваа година се уредени 610 квадратни метри (ѕидна и подна површина) од депоата на Музејот, демонтиран е дел од нефункционалниот ентериер. Тоа беше сложен и макотрпен процес на работа - рече Нинчовска која им се заблагодари и на своите вработени за посветеноста во работата.

Министерката за култура ја посети и централната конзерваторска лабораторија во Музејот и посочи дека е важна научно-истражувачката работа во установата која, како што рече, поседува исклучителен кадар - стручни лица кои следејќи ги новите технологии работат на конзервација на различни материјали - дрво, метал, текстил... Во лабораторијата се прави конзервација на експонати од сите оддели на Музејот.



Раководителката Лилјана Ковачовска соопшти дека се во тек четири проекти: конзервација на средновековни икони и заштита на вратите од Слепчанскиот манастир (16 век) изработени во уникатна резба, конзервација на преспанскиот дрвен чун, исто така, уникатен предмет кој по заштитата ќе биде изложен во етнолошкиот оддел, од историската поставка се конзервираат пушки и други видови оружје од различни периоди.

- Четвртиот проект е истражувачки - за дефинирање и откривање нови методи за заштита на биоразградувачите во спомениците на културата и во други органски материјали, како дрво и текстил, кои се сместени во нашите музејски депоа - истакна Ковачовска.
http://cooltura.mk/istorija/se-ureduvaat-depoata-i-istoriskiot-oddel-vo-muzejot-na-makedonija
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 12-Nov-2015 at 20:21
Во Тетово ќе биде отворен реставрираниот Амам

Во Тетово денеска ќе биде отворен Стариот амам кој беше целосно реставриран со помош на Турската интернационална агенција за соработка и развој (ТИКА) во соработка со Министерството за култура.

На отворањето ќе биде прикажана изложбата „Придонесот на ТИКА врз културното наследство во Македонија” на која ќе се презентираат реставрациските проекти извршени од страна на ТИКА во соработка со Министерство за култура на Република Македонија.

На настанот ќе присуствуваат министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил, заменик-претседателот на ТИКА, Али Маскан, државниот секретар при Министерството за култура, Бехиџуддин Шехаби, градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи и други гости, соопшти Министерствот за култура.

Тетовскиот амам се наоѓа од левата страна на реката Пена односно спроти Алаџа Џамија. Амамот којшто потекнува од Османлискиот период има ориенталска структура и архитектура. Изградена со ѕидна техника која датира од тогашната архитектура, со вкупно четири куполи од кои две мали и две големи.

фото: mia.mk



За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 16-Nov-2015 at 10:35
Rekonstrukcija na teatarot vo Skupi. Ova ke bide mnogu obemna rekonstrukcija. Osven gledalisteto ke se rekonstruira i teatarskata zgrada.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=78E8619DE3E2204FA4E3FA6576585120
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 16-Nov-2015 at 14:03
Доколкото разбирам ,това няма да бъде никаква реставрация или реконструкция ,а ще се гради по незнайно какви планове изцяло наново. Тоест оригиналните 50 сантиметрови зидове ще бъдат напълно заличени от новия градеж върху тях. Това е най- лошото ,което може да си представи един истински специалист и реставратор.
Явно след барока идва ред и на антиката..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7415
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 16-Nov-2015 at 16:19
Originally posted by Galileo

Доколкото разбирам ,това няма да бъде никаква реставрация или реконструкция ,а ще се гради по незнайно какви планове изцяло наново. Тоест оригиналните 50 сантиметрови зидове ще бъдат напълно заличени от новия градеж върху тях. Това е най- лошото ,което може да си представи един истински специалист и реставратор.
Явно след барока идва ред и на антиката..
оваа работа ја одамна ја зборам, ама кај нас очигледно се гледа како тотално ирелевантна
на таков произволен начин се реконструира и калето на пример

јас сум или за целосна реставрација по оригинален нацрт (со неопходни модификации), или за некаква посовремена (што е можно помалку нападна) интерпретација која чисто ќе дозволи да се увиди габаритот на објектот, а рушевините ќе си останат такви какви што се, само презервирани и редовно одржувани
или може само да се состават посебните парчиња онолку колку што може, што е најчест пример што го имам сретнато по антички локалитети
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 16-Nov-2015 at 17:37
Реконструкција на Стариот театар во Струмица 11.11.2015







Edited by Tzar_28 - 16-Nov-2015 at 17:43
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 19-Nov-2015 at 19:39


Во Природонаучниот музеј ќе се уредат депоата и осовременат поставките

















Во Природонаучниот музеј ќе бидат реконципирани и осовременети тематските и постојаните музејски поставки и ќе бидат уредени депоата...









– Ова се два клучни проекта кои ќе завршат до крајот на 2017 година. Избрана е фирма која ќе ги изведува проектите и веќе од недела ќе почне интензивно со работа. Ќе се уреди салата каде што се одржуваат тематските изложби и салата за предавања и семинари. Ќе се уреди и влезната партија на институцијата, а ќе има и ентериерно уредување. Природонаучниот музеј е специфична институција, огромен биолошки центар, со над 300.000 примероци на природно богатство и стручни служби кои континуирано работат на истражувања. Имаат многу значајни наоди кои ќе бидат публикувани. Ме радува што во установата се вработи млад кадар од биолози, соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по работната посета на најстариот музеј во Македонија.



Додаде дека идната година Природонаучниот музеј ќе одбележи 90 години постоење и очекува за јубилејот да има нова музејска поставка во новоуредената сала. Директорот на Музејот Исмет Мехмети истакна дека проектот ќе се реализира според планот.

– Има волја, сила и знаење овде за се ова да се направи во најдобар можен ред, рече Мехмети.

Во салата што ќе се реновира до недела трае изложбата „Чудесниот свет на пајаците“, која гостува од Полска, а финансиски е поддржана од Министерството за култура. Беше отворена на 21 септември и за два месеца ја виделе над 8.000 посетители, најголем дел од нив ученици. Во стаклени терариуми се претставени живи, егзотични видови на пајаци од сите континенти, меѓу нив најголемиот и најотровниот пајак, како и скорпии од кои и најголемата т.н. императорска скорпија.



Светозар Петковски од Одделот за ’рбетници изјави дека посетителите првпат имаат можност да ги видат во живо, а целта им е да се надмине фобијата од пајаците бидејќи, како што рече, тие се еден дел од синџирот на биолошката разновидност во природата.

– И Македонија има богата фауна на пајаци и е едно од најбогатите подрачја во Европа по присуство на пајаци. Досега имаме регистрирано 850 видови пајаци, што далеку го надминува бројот на некои северноевропски и средноевропски земји каде бројот се движи до 500 видови. Оваа година работевме на десет истражувачки проекти од различни области и во нашите постојани изложби континуирано се надополнуваат експонатите, рече Петковски.
http://cooltura.mk/kultura-i-nauka/vo-prirodonauchniot-muzej-kje-se-uredat-depoata-i-osovremenat-postavkite

Sekoja cest. Ovoj muzej e vistinsko bogatstvo. Se raduvam sto ke bide osovremen.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.