build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2389
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 12-Mar-2016 at 19:22
Нов објект е ова?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 12-Mar-2016 at 19:58
Не, реконструкција на стар (најверојатно од 60тите). Имаше пред некое време вести за ова.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 15-Mar-2016 at 12:29
пластична конзерва
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 05-Apr-2016 at 08:57
Во Ресен вчера беше отворена спомен-куќата на Христо Татарчев.



фото: prespainfo.com



фото: миа
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 09-Jun-2016 at 22:48
ZNAE li nekoj za koja zeleznicka stanica se raboti i kade se naoga istata?



Старата железничка станица во Стоби се подготвува за музеј








9 јуни 2016 - 15:37
.




Во рамки на Владиниот проект за осовременување на музејските поставки и депоа, во Стоби е предвидена санација и адаптација на Старата железничка станица во Центар за посетители со лапидариум, мала музејска поставка и кафетерија. Во моментов се распишува јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите
На најголемиот археолошки локалитет во Македонија -Стоби, Градско, во моментот се работи интензивно, а предвидена е и санација и адаптација на Старата железничка станица во музеј. Според министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска, која вчера го посети локалитетот Стоби, во моментов се распишува јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите.


"Во рамките на Владиниот проект за осовременување на музејските поставки и депоа, во Стоби е предвиден проектот за санација и адаптација на Старата железничка станица во Центар за посетители со лапидариум, мала музејска поставка и кафетерија. Со реализацијата на овој проект посетителите ќе имаат можност да видат и дел од движното културно наследство на Стоби. Реализацијата на овој проект е предвидено за следниве три години", истакнува Канческа-Милевска.

Во тек е и проектот за конзервација, реставрација и доистражувања на Театарот.


"Во завршна фаза се археолошките доистражувања во централниот коридор на римскиот театар кои дадоа вредни информации за фазите на изградба на театарот. За годинава е планирано да завршат работите на конзервација и реставрација на сводот во централниот коридор. Она што е особено значајно е што со овие активности, источната половина на гледалиштето ќе биде завршена и подготвена за поставување на мермерни седишта", посочува министерката.

Во тек е и завршната фаза од конзерваторско-реставраторските работи на мозаикот во нартексот на Епископската базилика, кој се очекува да биде поставен до крајот на октомври. Министерката Канческа-Милевска посочи и дека е завршен конкурсот за идејно решение за заштитна покривна конструкција и презентација на Епископската базилика, што треба да понуди соодветна заштита на базиликата и нејзините декоративни елементи и соодветно решение за движење на посетителите низ објектот, споменик од раното христијанство.

Според директоркта на НУ Стоби, Силвана Блажевска, завршени се и археолошките истражувања на храмот на Изида кои беа насочени кон откривање на комплексот околу храмот. Трите простории од источната страна на храмот, беа расчистени до подните нивоа кои датираат од доцноантичкиот период, односно во текот на 6 век. Откриен е и броен археолошки материјал, бронзени монети и керамички садови.

Работилници со учесници од Јапонија, САД, Канада, Британија...

Во моментот во Стоби се одвиваат паралелно две работилници, во кои се вклучени 14 учесници од Јапонија, Камбоџа, САД, Канада, Шпанија и Британија кои се запознаваат со процесите на конзервација, реставрација и документирање на културното наследство на Стоби, под водсво на овластени конзерватори од НУ "Стоби". Меѓународните работилници, освен фактот што се целосно самофинансирачки, особено се значајни за промоцијата на Стоби и Македонија во светски рамки.

Од почетокот на годинава досега, пак, локалитетот го посетиле околу 5.000 посетители кои можат со себе да понесат и автентичен сувенир и промотивен материјал, кој можат да го купат во сувенирницата која беше отворена во 2014 година.
http://vecer.mk/kultura/starata-zheleznichka-stanica-vo-stobi-se-podgotvuva-za-muzej
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 09-Jun-2016 at 23:19
Originally posted by kultuzin

ZNAE li nekoj za koja zeleznicka stanica se raboti i kade se naoga istata?


ЖС „Стоби“





Edited by macedonia - 09-Jun-2016 at 23:20
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 09-Jun-2016 at 23:30
Blagodarama @Macedonia. Uspeav i da ja lociram.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 27-Jun-2016 at 20:49
ОТВОРЕНО „КИСЕЛА ВОДА - КИНО“: Жителите на општината добија ново културно-забавно катче

Новиот Дом на култура е на површина од околу 900 квадратни метри. Во приземјето се сместени мултимедијална сала со 169 седишта, музичко-уметнички клуб, библиотека, гардероби, билетарница, пацио. Просторот е збогатен и со кафетерија, додека во подрумскиот дел е сместен делот за релаксација



Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година за чија обнова се инвестирани 42 милиони денари од Министерството за култура и девет милиони денари од локалната самоуправа.



Новиот Дом на култура во Кисела Вода е на површина од околу 900 квадратни метри. Во приземјето се сместени мултимедијална сала со 169 седишта, музичко-уметнички клуб, библиотека, канцеларија на Месната заедница, гардероби, билетарница, пацио. Просторот е збогатен и со дополнителни содржини како кафетерија, додека во подрумскиот дел е сместен делот за релаксација во кој граѓаните на општината Кисела Вода ќе може да го поминуваат своето слободно време. Во подрумот има и мала сала во која ќе може да се подготвуваат театарските претстави. Во дел од контролната кула, пак, е сместена контролна соба и остава.

http://telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-otvoreno-kisela-voda---kino-zitelite-na-opstinata-dobija-novo-kulturno-zabavno-katce-foto.nspx
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 29-Jun-2016 at 08:52
МОБ ЌЕ ДОБИЕ МОДЕРНА САЛА СПОРЕД СИТЕ СТАНДАРДИ

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Македонската опера и балет, каде се реновира големата сала.

- Проектот почна пред неколку месеци. Институцијата веќе има избрано фирма која во моментов работи на реновирање на целата сала во МОБ. Реновирањето е од огромно значење за функционирање на оваа наша најголема институција, рече Канческа-Милевска.

Таа информира дека реконструкцијата ќе опфати промена на подот, на сите 730 седишта, на осветлувањето, на двете влезни партии ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби, ќе има реконструкција на фоајето, промена на мермерот, ѕидни стакла, молерофарбарски работи...

Според договорот, како што рече, се предвидува до крајот на септември да завршат сите активности за институцијата од октомври да почне непречено да работи.

- Од буџетот на Министерството за култура се издвоени околу 62 милиони денари. Во изминатиот период беа издвоени околу 15 милиони денари за реконструкција на системот за греење и ладење за големата сала, кој е ставен во функција. Имаше инвестиции во делот на сцената. Со реновирање на салата ќе се подобрат условите за функционирање и за следење на сите програмски содржини во МОБ, истакна Канческа-Милевска.

Министерката за култура соопшти дека ќе се набави систем за превод и титлување на сите претстави, при самите седишта. Освен македонски, ќе има превод на англиски, германски, албански...

Директорот на МОБ Игор Дурловски нагласи дека добиле огромна поддршка од Министерството за култура за да го реализираат проектот.

- И како гледач и како уметник, често публиката кажува дека столчињата не се удобни и оти е време салата да се реновира. Во програмата што ја имав напишано кога конкурирав за директор на МОБ, беше дека ќе се трудам да донесам дел од странската публика кај нас. За такво нешто требаат услови. Условите благодарение на Министерството за култура ќе ги имаме и верувам дека наскоро ќе имаме модерна сала, која ќе ги задоволува сите стандарди, рече Дурловски.

http://utrinski.mk/?ItemID=6D701F526C97F74DA137DF346BD24270
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 10-Oct-2016 at 15:35
Владата го даде Куршумли ан бесплатно за 10 години на Амбасадата на Турција

Владата го даде на десетгодишно користење Куршумли-ан на амбасадата на Република Турција во Македонија, без надомест. Оваа одлука е објавена во Службен весник во февруари годинава.

Според одлуката, на времено користење се дадени површина од 451 м2 на приземје, на кат 1 површина од 349 м2 и на истиот кат 1 уште 524м2 површина.

Куршумли ан,– споменик на култура на улица Евлија Челебија, е сопственост на Република Македонија, а сега е дадена на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Скопје, за активностите на културниот центар – Турски културен центар Јунус Емре во Скопје.

Според одлуката, „недвижните ствари од член 1 од оваа одлука се даваат без надомест на времено користење за период од десет години од денот на влегувањето во сила на оваа одлука“.

http://plusinfo.mk/vest/88925/vladata-go-dade-kurshumli-an-besplatno-za-10-godini-na-ambasadata-na-turcija-
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 14-Jan-2017 at 18:08
Нови простории за здруженијата на граѓани во новоизградениот Дом на култура во Миладиновци
     
Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на домови на култура во сите 12 населени места, Општина Илинден изгради нов Дом на култура во населено место Миладиновци, со површина од 360 метри квадратни.



Со изградбата на новиот дом Општина Илинден создаде просторни услови за функционирање на локалните здруженија на граѓани, за одржување на културни настани, разни видови предавања, работилници, трибини, конференции...



Во таа насока во новиот дом на култура „Браќа Миладиновци“, во Миладиновци, свои простории добија локалната месна заедница, хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, како и членовите на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“.

http://ilinden.gov.mk/nastani/novi-prostorii-za-zdruzenijata-na-gragjani-vo-novoizgradeniot-dom-na-kultura-vo-miladinovci
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2318
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 15-Jan-2017 at 12:49
Загриженоста на државата кон нашето културно наследство:

http://www.kumanovonews.com/vesti/propadja-najvrednata-zbirka-na-narodni-nosii-vo-makedonija
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 15-Jan-2017 at 20:32
Originally posted by phenomenon

Загриженоста на државата кон нашето културно наследство:

http://www.kumanovonews.com/vesti/propadja-najvrednata-zbirka-na-narodni-nosii-vo-makedonija
он па не знае како да бара, да каже дека му треба споменици на носии да има во центарот на скопје, одма ќе му направат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 16-Feb-2017 at 13:56
Музејот во Битола ќе добие нов изложбен и галериски простор

Директорот на оваа национална установа, Зоран Алтипармаковски изјави дека еден од најзначајните проекти кој е прифатен од Министерството за култура, а ќе се реализира оваа година, е реконструкцијата на административната зграда на Музејот.

- Станува збор за проект со кој е предвидена конзервација и реставрација на фасадата, ентериерно уредување, средување музејските депоа, зголемување на музејската поставка од 570 на 1.200 квадратни метри, а во поткровјето ќе биде оформен галериски простор кој ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри, нагласи Алтипармаковски.

НУ Завод и Музеј-Битола во минатата година го посетиле 42.563 туристи, од нив 75 oтсто од странство, главно од Турција и Израел беше посочено на денешната прес конференција во овој град.

извор
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 16-Feb-2017 at 14:04
Многу голем поздрав од мене добива проширувањето на поставката, навистина е на скромно ниво во споредба со изобилството на материјал.

А фасадата... пред 3-4 години Турците ја реновираа, не разбирам шо пак. Ако мислат на реновирање на останатите 3 крила од зградата (кои дел се на водовод, дел приватни) тогаш одлично, бидејќи не кореспондира предната фасада со страничните и задната,кои не се чепнати.

А околу бројката на туристи, мислам дека добри 95% од тие странските се Турци. Убаво што се пофалиле со бројки, ама тие туристи се паркират директно пред музеј, влегуваат во спомен собата на Ататурк и си бегаат (спомена собата е целосно дело на турската држава, музејот само простор обезбедува). Реалноста е дека ретко кои влегуваат во вистинската музејска поставка која га презентира минатото на градот и регионот, меѓу другото поради тоа што никој не ги насочува таму да одат, и тажниот факт дека никој турски во музејот не зборува - што значи дека со историјата на Битола Турците се запознаваат исклуливо преку сопствена (принационалистичка) призма.

Edited by hcitrS - 16-Feb-2017 at 14:05
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 26-Mar-2017 at 20:28
Дом на културата во нас. Кисела Вода







Фино е уредено пред домот, посебно ми се допаѓаат канделабрите...



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 29-Apr-2017 at 09:41
Нов Дом на културата во Македонска Каменица. Искрено, фино изгледа.

За сè има вторпат
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 30-Apr-2017 at 23:16
Не само што изгледа интересно, но има и добро проектирана акустика во салата (од тој што пишува, да не бидам скромен, хаха)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11384
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 07-Jun-2017 at 16:52
Театарот во Паљурци

Паљурци (1) by george k. 1981, on Flickr

Паљурци (2) by george k. 1981, on Flickr

Паљурци (3) by george k. 1981, on Flickr

Паљурци (4) by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2389
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 07-Jun-2017 at 17:21
Има нешто на репертоарот?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.