build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 07-Jun-2017 at 17:30
Првпат го гледам нештово.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 21-Jan-2018 at 16:44
ПОД РЕСТАВРИРАНАТА ЈЕНИ ЏАМИЈА СЕ ПОЈАВИ И „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО БИТОЛА

Во иднина целта е објектот да биде на лик на Света Софија од Истанбул, односно да ги обединува христијанското и исламското културно наследство.



За рeставрацијаа беше користен оловен лим од Турција и варов малтер од Италија. По три години реставрација вратен е стариот лик на Јени џамијата како пред пет века (Фото: СДК.МК)

По три години, заврши реставрацијата и конзервацијата на фасадата од Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век. Координаторот на проектот Зоран Алтипармаков, инженер архитект и виш конзерватор во Завод и музеј Битола, вели дека со ова е вратен стариот лик на џамијата како пред пет века. При зафатот бил користен оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.



Истражувањата во изминатите години покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“ (Фото: СДК.МК)

„Првпат во Македонија се работеше со варов малтер на толку голем објект. Таа техника е заборавена и не се применува на надворешна фасада зашто постои страв дека ќе се уништи. Малтерот беше набавен од италијанска фирма која се занимава со реставрација. Тежината е во тоа што преку каменот мачкаш малтер, а тој е со нерамна форма“, вели Алтипармаков.

По конзервацијата и реставрацијата на фасадата кај Јени џамија, планирано е да се стави и монтажна настрешница над ископаните темели од црква веднаш до ѕидот на џамијата. Истражувањата во изминатите години покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата беа пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

Се претпоставува дека црквата „Св. Ѓорѓи“ била епископија во времето на 11 век, во периодот кога тука живеел Гаврило Радомир , синот на Цар Самоил. Старите битолчани џамијата ја нарекуваат и Нал-џамиси или Потковица џамија, а според преданијата токму црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на Битола била украсена со исцртана потковицата.



Внатре во Јени џамија веќе е ставен стаклен под, под кого се гледаат темелите (Фото: СДК.МК)

Ископувања врз темелите вршени се и во внатрешниот дел од џамијата, за чија реставрација потребни се дополнителни средства. Но, внатре веќе е ставен стаклен под, под кого се гледаат темелите. Во иднина целта е објектот да биде на лик на Света Софија од Истанбул, односно да ги обединува христијанското и исламското културно наследство.

Откако започнаа ископувањата и реставрациите, џамијата која половина век беше уметничка галерија е затворена. Исламската верска заедница бараше да им биде вратена во владение преку процесот на денационализација, но го загуби судскиот спор.

Реставрацијата на фасадата чинеше над 15 милиони денари, средства обезбедени од државниот буџет. Ова е трета реставрирана џамија во Битола во последните две години. Останатите две џамии Исак и Хајдар Кади беа реставрирани со пари од Турција и експерти од таму. Во реставрацијата беа користени различни техники, па затоа и фасадите на џамиите кои датираат од ист период, изгледаат различно, секоја убава на свој начин. Кај Исак џамија се гледаат и камените коцки на ѕидот, а кај Јени џамија тие се покриени со варов малтер.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pod-restavriranata-jeni-dhamija-se-pojavi-sveti-gorgi-vo-bitola/

Edited by Џоле - 21-Jan-2018 at 16:45
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 22-Jan-2018 at 23:18


Откриените нови делови од црквата СВ. Ѓорѓи под битолската Јени Џамија

Случајно откриените нови делови од црквата СВ. Ѓорѓи, врз чии остатоци во 16 век била изградена битолската Јени Џамија, ги запреа градежните активности за реконструкција на фонтаната пред џамијата. Од Завод и музеј Битола , велат дека пред да продолжи партерното уредување на просторот потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и општина Битола.

„При ископ за инфраструктурен дел, односно на кабел за електрична енргија откриени се два дела од црквата пронајдена под Јени Џамија, тоа е северниот и јужниот дел од проскомидијата. Потребно е тие два дела да се истражат археолошки и да се документрираат„, изјави Слободан Стојкоски, археолог во НУ Завод и музеј Битола.

Со археолошките истражувања во изминатите 15 години, под џамијата се откриени остатоци од три цркви кои биле градени и уривани,   средновекона некропола, како и голем број артефакти, кои се од непроценливо значње за историјата на градот.

„Црквата Св Ѓорѓи под Јени џамија е директен линк со словенската материјална култура и со нивноот инкорпорирање на овие простори. Таа датира од 7 до 14 век во повеќе различни фази и е доказ за постоењето на градот Битола„, изјави Стојкоски.

Дел од подот во џамијата е застаклен, од каде се гледаат пронајдените делови од христијанскиот храм. Проектот за конзервација и реставрација на Јени џамија се одвива во неколку фази и има за цел објектот да биде презентиран како археолошки локалитет и галерија, кои ќе го обединуваат христијанското и исламското културно наследство.


telma.com.mk (ima i video)

Na videoto snimena e i vnatreshnosta, pa mozhi da se vidi deka so dzidovite vnatre do nigde ne se, ili taa sostojba ja smetaat za sostojba na "zvrshena restavracija".

Edited by hcitrS - 22-Jan-2018 at 23:20
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 15-Feb-2018 at 17:36
Дом на култура, нас. Автокоманда

Го посетив студиото за филмска музика ФАМЕС каде во истиот објект ќе биде сместен и новиот дом на култура во Автокоманда. Градежните работи одат одлично. Се работи на партерното уредување околу објектот како и изведба на пристапните улици.

Се надевам дека во брзо време ќе започнеме со внатрешно уредување како и опремување на домот на културата во Автокоманда, кој во себе ќе содржи библиотека и повеќенаменска сала.


Борис Георгиевски, градоначалник на општина Автокоманда





За сè има вторпат
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 15-Feb-2018 at 17:39
^ nemozea da najdat po-siva i po-depresivna boja? ApplauseShocked
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 16-Feb-2018 at 11:54
Општина Автокоманда? Супер е објектов.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 28-Mar-2018 at 09:58
Во Општина Гази Баба отворен Културен центар
    
Во Општина Гази Баба вчера беше свечено пуштен во употреба Културниот центар „Димитар Влахов“, во кој ќе функционира културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика на компанијата Феимс од Франција.



Културниот центар е направен по пат на Јавно приватно партнерство, помеѓу општина Гази Баба и француската компанија Феимс.





https://www.porta3.mk/vo-opshtina-gazi-baba-otvoren-kulturen-centar/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 26-May-2018 at 10:20
16 мај 2018 г.

Krushevo by boondocks refugee, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 26-May-2018 at 20:09
Реновирањето трае 2 години ,а тоа што е направено не е квалитетно изведен.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 18-Jul-2018 at 18:20
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 27-Jul-2018 at 19:42
Дом на градежници, Скопје

Скопје / Skopje by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 13-Sep-2018 at 18:27
Обновата на Македониумот во Крушево е завршена, барем надворешниот дел, внатре има уште работа.











За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 31-Oct-2018 at 20:06
Офицерскиот дом во Битола, состојба август 2016



Остатоци од големиот лустер кој беше пренесен од скопскиот Офицерски после земјотресот од 1963. Лустерот го преживеа земјотресот, но не и транзицијата:





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 24-Dec-2018 at 13:00
Победничко решение на конкурсот за нова Театарска зграда во Прилеп



По неодамнашната објава за распишан архитектонски конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, за потребите на народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ви го презентираме победничкото решение на СПИМ Студио (Синиша Павловски и Илија Мирчески)

Во наредните денови ќе следи целосна објава на проектот на нивната официјална веб страна www.spimstudio.com како и на нивниот Инстаграм профил.

Зададената локација е во склоп на Домот за култура „Марко Цепенков“ која што ги зафаќа деловите каде постојат група на објекти кои се меѓусебно поврзани. Во тие објекти се сместени помошните простории на големата сала (ресторан) кој се наоѓаат на првиот кат, повеќенаменската галерија, просторот во кој што сега е сместено „Арт кафе – Апореа“, Киното „Мис Стоун„и просториите од кујната на некогашниот ресторан сместени на приземје, и во подрумските простории некогашното градско диско.

http://marh.mk/konkurs-teatar-prilep-spimstudio/?fbclid=IwAR042Z1imip9-rzaNZaNay8B9POEbKC9wsEUXKNzQx5XS35GBuP0RJDOEpE
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 877
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 24-Dec-2018 at 13:28
ApplauseApplauseApplause
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 18-Sep-2019 at 15:57
Почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали



Во Пробиштип почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали, кој се очекува да стане нова атрактивна научно-туристичка содржина во Источниот плански регион, што ќе го привлече вниманието на посетители од земјава и од странство. Почетокот на работите на научниот музеј го означија министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов.

– Изградбата на Музеј на ретки минерали е најдобар начин природното богатство и традицијата да се стават во функција на развојот на регионот. Приоритет на Владата е развојот. Овој проект ќе започне да се гради по цели 6 години. Градиме со план, за да го интензивираме развојот и на општина Пробиштип и на Источниот плански регион, во кој годинава само со средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансираат 14 проекти за развој на регионот, на селата и на специфичните подрачја, во вкупна вредност од 49 милиони денари – рече министерот Милевски.

Министерот истакна дека овој проект е одличен пример како една добра идеја може да биде реализирана преку соработка меѓу централната и локалната власт, со заедничко финансирање и со административната поддршка од Центарот за развој на Источниот плански регион.

Вкупната вредност на проектот е 9,2 милиони денари. Над 60 отсто или 5,6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, а другите средства во износ од 3,6 милиони денари ги обезбеди Општина Пробиштип.

https://www.vecer.press/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bc%d1%83%d0%b7%d0%b5%d1%98-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5/
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 29-Oct-2019 at 18:24
реставрација и осветлување на саат-кулата во Скопје

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 30-Oct-2019 at 10:11
Како и многу други симболи на Скопје, и саат кулава се изгуби меѓу дивоградбите што никнаа околу неа.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 25-Feb-2020 at 15:50
Originally posted by Џоле

Почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали



Во Пробиштип почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали, кој се очекува да стане нова атрактивна научно-туристичка содржина во Источниот плански регион, што ќе го привлече вниманието на посетители од земјава и од странство.

...

Вкупната вредност на проектот е 9,2 милиони денари. Над 60 отсто или 5,6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, а другите средства во износ од 3,6 милиони денари ги обезбеди Општина Пробиштип.

https://www.vecer.press/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bc%d1%83%d0%b7%d0%b5%d1%98-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5/


Музејот за ретки минерали во Пробиштип треба да биде изграден до крајот на мај



libertas.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 11-Apr-2020 at 11:36
Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Локалната самоуправа на Зрновци ја заврши втората фаза од проектот за изградба на етнокуќа и регионален етнопарк, за што се инвестирани околу 3,5 милиони денари.

Најголем дел од средствата ги обезбедија Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиски учествуваше и Општина Зрновци со околу 10 отсто.

Енокуќата има автентичен селски изглед и во неа ќе бидат изложени домашни алати, облека и стари предмети што се карактеристични за регионот. Во дворот веќе се поставени етноекспонати, односно воловска кола и чеза, изградени се амбар, селска фурна и ѕидан казан за ракија, а ќе бидат изложени и дрвени буриња за вино и ракија и слични предмети.

- Заради комплетирање на експонатите ги повикуваме сите граѓани кои имаат стари предмети што ги користеле нивните предци при секојдневното живеење, а што веќе не им се потребни, да ги донираат. Тоа можат да бидат разни предмети од текстил, дрво, метал, глина, стари фотографии и слично, при што ќе биде назначено од која фамилија потекнуваат. Старите фотографии ќе бидат преработени, ќе се изработи копија, а оригиналите ќе им бидат вратени на сопствениците, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Главна цел на проектот е да се заштити културното и етнолошкото богатство по течението на Зрновска Река, при што во првата фаза пред три години се изградија пешачки патеки и летна сцена, се обезбеди довод на електрична енергија и вода, беше опремено детско игралиште и се комплетираше хортикултурното уредување.

Според најавите од локалната самоуправа, ќе се реализира и трета фаза од проектот со која ќе се изгради пристапна улица и паркинг.


https://kajgana.com/zavrshi-izgradbata-na-etnokukja-i-regionalen-etnopark-vo-zrnovci

фотките се преземени од фб профилот на градоначалникот на Општина Зрновци, Блаже Станков:





















За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.