build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 10-Sep-2020 at 12:21
Ova novo e ili nekoj star mlin renoviran?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 13-Sep-2020 at 10:47
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕН-СОБА ВО РОДНАТА СЛОЕШТИЦА





Великанот на македонскиот пишан збор, романописецот, раскажувач и поет Петре М. Андреевски (1934-2006) конечно ќе добие спомен-соба во родното село Слоештица, Демирхисарско. Таа ќе биде сместена во некогашниот Задружен дом, кој ќе се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар што ќе понуди и сместување за туристите. Активностите Општина Демир Хисар ќе ги спроведува во рамки на проектот „Откривање на скриените атракции“, финансиран во рамките на ИПА Прекуграничната програма меѓу Северна Македонија и Албанија.

„Со изградбата на новиот Центар ќе биде уредена и спомен-соба на Петре М. Андреевски, кој во родната Слоештица меѓу останатите дела ја напиша и легендарната ‘Дениција’. Во спомен-собата ќе бидат изложени и дел од неговите лични предмети кои ги подари неговото семејство“, соопшти Општина Демир Хисар.

Мултифункционалниот центар ќе опфаќа површина од над 600 квадратни метри, а во негови рамки ќе биде отворена и продавница за локални производи: лековити билки, планински чаеви, печурки, шумски плодови, сувенири и ракотворби автентични за демирхисарскиот крај. Исто така, ќе биде адаптирана летна сцена на која ќе се одржуваат настани атрактивни за пошироката публика и домашните туристи.

Со проектот „Откривање на скриените атракции“ село Слоештица прераснува во туристичка атракција пред се’ поради природните убавини, валавиците и планинарските патеки во непосредна близина, кои исто така ќе се уредат и обележат. Ќе биде уреден и видиковец и неколку места за одмор и рекреација околу селото. Вредноста на овие инфраструктурни зафати изнесува 150.000 евра, додека севкупната поддршка од ЕУ за партнерите од двете земји е 485.000 евра.

Заедно со Демир Хисар, општина Клос од Албанија и невладините организации „Арт поинт Гумно“ од с. Слоештица и ФЛАГ од Тирана ќе развијат туристички патувања исполнети со локални искуства како планинарење, часови за готвење, оф роуд авантури, изработка на домашни ракотворби, собирање лековити билки и други автентични доживувања заедно со локалното население.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/petre-m-andreevski-ke-dobie-spomen-soba-vo-rodnata-sloeshtitsa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 14-Sep-2020 at 06:37
Тетовското кале запуштено и обраснато, претворено во змијарник



https://alsat-m.tv/mk/тетовското-кале-запуштено-и-обраснат/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 12-Oct-2020 at 14:04
Originally posted by stef4o









https://www.facebook.com/hysniismaili1/videos/205047407507606


Бочварски подговен да издаде работна дозвола, до вторник се очекува да се отвори албанскиот театар во Скопје



https://tv21.tv/mk/bochvarski-podgoven-da-izdade-rabotna-dozvola-do-vtornik-se-ochekuva-da-se-otvori-albanskiot-teatar-vo-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 19-Oct-2020 at 12:35
Музеј за ретки минерали-Пробиштип







https://www.facebook.com/Queenlider

Edited by stef4o - 19-Oct-2020 at 12:35
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 19-Oct-2020 at 18:34
Ех, штета што отстапува малку од оригналниот проект, ќе добиеше Пробиштип некаков претставителен објект



Еве уште некоја фотка што најдов на интернетов:





Во центарот на Пробиштип „никна“ Регионален музеј на ретки минерали. Архитектонското решение е на архитектонското биро „Тагора“ – Скопје, надзорот го вршеше штипското „Атриум студио“ додека градбата е на скопската фирма Промонтинг.

Музејот е со димензии 8,11 х 17,21 метри, односно со површина од 140 метри квадратни, има приземје и кат, а е лоциран во централното градско подрачје.

http://istokpress.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF-%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7412
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 19-Oct-2020 at 21:17
панеливе треба вака да изгледаат или треба да ги зачистат малце?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1014
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 19-Oct-2020 at 22:17
Пробиштип во секој случај е гратче средено за секоја чест. Булевар што е обиколница, среден пазар, чисто, сега и музејов. Дури и вака е подобар објект од редица други.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 27-Oct-2020 at 11:08
ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА ПОЛЕКА ГО ВРАЌА СТАРИОТ СЈАЈ ОТКАКО ДОБИ НОВА ФАСАДА, ДОГРАМА И ВИТРАЖ



Битолскиот Версај го враќа сјајот и станува повторно архитектонски украс на Широк Сокак. Реставрацијата на Офицерскиот дом во Битола е при крај. Обновена е фасадата која со години се уништуваше, беше оставена на забот на времето, исчкртана со недолични пораки и оштетена од влага. На објектот му се врати оригиналната боја што ја имаше откако беше изграден, иако во долгиот период на опстојување, од почетокот на 20. век, фасадата во повеќе наврати го менувала својот колорит. Од Завод и музеј велат дека најстариот или оригинален слој на фасадата на Офицерски дом беше одреден врз основа на конзерваторски истражувања и соодветни хемиски анализи од страна на стручни лица.

Архитектонскиот бисер на Битола го враќа сјајот и во внатрешноста. Од Општината соопштија дека се работи на сите катови. Комплетно е заменета старата дограма, во завршна фаза се поставувањето на инсталациските системи и репарација на ѕидовите. На катот се монтирани внатрешните прозорци, витраж стаклата како составен дел на фасадната столарија. Електриката и осветлувањето на приземјето и катот се речиси завршени, а во тек се активности за поставување на централниот лустер на соодветен механизам. Тоа ќе биде нов лустер, специјално нарачан од Турција и ќе ја краси и осветлува свечената концертна сала. Стариот лустер беше уништен пред четири години, кога, оставен без никаква грижа во руинираниот дом, се сруши на подот. Остатоците се наоѓаат во Завод и музеј, каде ќе се репарира и ќе се постави во музејска поставка. Дури и половниот паркет од Офицерскиот дом е поставен во новиот изложбен салон во Завод и музеј Битола, чие опремување привршува. Во Офицерски се работи и на поставување нов интарзивен паркет, мермер на приземје и епоксиден под. Санитариите се комплетно опремени.

Реставрацијата на Офицерскиот дом се изведува во рамките на проектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање со партерно уредување“, за кој Општина Битола доби средства од европските ИПА фондови. Вкупната вредност е 58.792.610 денари, од кои Општината обезбеди над 5,8 милиони. Дополнително, од локалната самоуправа се вложени два милиона денари во атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Домот е изграден во времето на управникот на битолскиот вилает Абдул Керим паша, подоцна беше во сопственост на армијата, па на различни министерства. Владата на ВМРО-ДПМНЕ пред четири години објави оглас за негова продажба по почетна цена од 900.000 евра, но битолчани излегоа на протест, па објектот беше пренесен во надлежност на Општина Битола.

По ова, градоначалникот Владимир Талески вети дека од Офицерскиот дом ќе направи куќа на културата, но не беше ништо преземено. Неговата наследничка Наташа Петровска пред три години вети дека ќе го реставрира Офицерскиот дом и наскоро се очекува датумот кога комплетно ќе завршат реставраторските активности.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ofitserskiot-dom-vo-bitola-poleka-go-vraka-stariot-sjaj-otkako-dobi-nova-fasada-dograma-i-vitrazh/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 06-Nov-2020 at 08:39
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, денеска во селото Драчево свечено го отворија новоизградениот, импозантен Дом на културата.

Во новиот објект, жителите од селото и населбата Драчево, а и сите граѓани од Скопје и од државата, во Домот на културата/во киното, ќе имаат можност во современи услови да следат филмови и театарски претстави, да прават промоции на книги и изложби на уметнички дела, да организираат и да следат културни манифестации, да организираат саем на книгата и сл.

Покрај овие големи придобивки за граѓаните, во Домот на културата ќе биде сместена подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги, ќе се вадат изводи и државјанства, а ќе се склучуваат и бракови.

Во објектот обезбеден е и простор за најстарото културно уметничко друштво „Китка“ од Драчево, а во него се наоѓа и канцеларијата на месната заедница од селото Драчево, која за потребите на граѓаните, од следната седмица, поточно од понеделник ќе биде во функција.

Вкупната површина на објектот е 1.185 квадратни метри и истиот има 171 седиште. Приземјето е на 735 квадратни метри, додека првиот кат е на површина од 450 квадратни метри.

Изградбата на Домот на културата, Општината ја чинеше 39.923.725 денари. Дел од средствата беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.


„импозантен“







https://www.facebook.com/media/set/?vanity=OpstinaKiselaVoda&set=a.4654730111268238
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 06-Nov-2020 at 09:27
Стреа од ребраст поцинкуван лим, бела обична ПВЦ дограма што поефтина да не ја ставиш ни на работилница, најгрда можна стреа од лексан опшиен во метален профил. Вентилација, климатизација и издув видливи од кај главен влез. Олукот ќе тече на земја позади саксијата исто така пред главен влез. Околу поплочено со бекатон, како најефтин можен начин, никако ни да се помисли на малку подобра некоја плочка. Мислам дека несвесно воведуваме нов правец во архитектурата "новокомпонован соц-реализам".

Да резимирам, објектот задоволува проста функционалност, да обезбеди сув и топол простор во кој ќе може да се одвива настан од секаков тип. Е сега Кисела Вода да беше некоја рурална општина немаше воопшто простор со тоа, ама на два км од центар на град, па може малку и да се позанимаат со естетеика, со избор на материјали, да направат нешто малку порепрезентативно. Објектот едно време сакаа и општина да го прават, и некако цело време им се провлекува низ сите амбиции и сите планови на сите администрации и градоначалници последниве години, и на крај "тресла се гора, родио се миш" излезе објект што личи на донирано школо во зафрлено село.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 06-Nov-2020 at 14:07
КУМАНОВСКИОТ ТЕАТАР ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРВПАТ ПО ПОЛА ВЕК

На почетокот на наредната година ќе започне реконструкција на Кумановскиот театар, откако е изработен проект за реконструкција и адаптација на зградата која е стара и запуштена. По 50 години, Министерството за култура обезбеди над 16.000 евра за изработка проектот, а предвидени се 200 илјади евра за реализација на првата фаза. Најголеми оштетувања има на кровната конструкција, поради што кровот протекува и ги уништува ѕидовите, а стара е и сцената, столчињата за публика и целиот инвентар во театарот.

„Зградата на Театар Куманово со години се наоѓа во незавидна состојба, но и покрај тоа имаме успешна работа, изведби на претстави, многубројна публика и посветени луѓе кои се вработени во театарот. Затоа, очекуваме дека со овој проект кој е сработен на едно високо професионално ниво, постепено ќе започне да се враќа стариот сјај на Театар Куманово и ќе се подобрат условите за работа во него. Министерството за култура за првата фаза на изведба на проектот има обезбедено 10 милиони денари и очекуваме по предавањето на проектот во првата половина од 2021 да започне неговата реализација. Изведбата е планирано да оди во фази. Во моментот потребно е да се интервенира на кровната конструкција, но според проценката на архитектите ќе се започне од темелот, со гледалиштето, со сцената, а дури потоа да се оди на кровот, бидејќи таму треба да се постави нова инсталција“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Изработката на проектот за реконструкција започна минатата година и ги помина сите фази како што е архитектура, термодинамика, електрика, статика, водовод. Добиена и согласност за реализација на проектотот од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и Градежниот институт, а следна фаза е добивање на градежна дозвола во Министерство за транспорт и врски. Пред започнување на градежните работи можно е дополнително испитување на целиот објект заедно со двете училишни згради.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kumanovskiot-teatar-ke-se-rekonstruira-prvpat-po-pola-vek/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4788
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 06-Nov-2020 at 15:22
Белата ПВЦ дограма мириса на евтин турски производ. Најжалосно од сè, ни во Турција не се употребува. До толку да се немало визија...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2268
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 06-Nov-2020 at 17:00
Ова е идентична копија на киното и месната заедница кои ги срушија; веројатно најдобра реставрација во историјата на светот.




Edited by Staro Skopje - 06-Nov-2020 at 17:01
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 06-Nov-2020 at 17:00
Originally posted by гитардемон

Белата ПВЦ дограма мириса на евтин турски производ. Најжалосно од сè, ни во Турција не се употребува. До толку да се немало визија...
Дури ни на влезните врати (вклучително и таа на главниот влез) не употребиле цело стакло од горе до доле, него долниот дел е од пластифицирана иверица наместо стакло. Таа истата што употребната вредност и е да се користи како прегради за тоалети на бензинска.

Edited by user8642 - 06-Nov-2020 at 17:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.