build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 03-Nov-2021 at 16:19
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 889
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 03-Nov-2021 at 18:33
Originally posted by stef4o

СЕ ОТВОРИ РЕНОВИРАНИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА





Само да прашам ,на офицерския дом вакви бели ли са стените в оригинал и така ли ке останат ,или има некаква декорация и орнаментика коя ке се праи допълнително?
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 04-Nov-2021 at 01:17

Па не знам која би била "оригинална" боја, со оглед на тоа што е почнат од Турците, па завршен од Србите. Мислам дека немал многу декорација внатре никогаш, иако тие нишите се прекрасни за да бидат пополнети со елегантни, современи статуи. На сликиве горе делува апла штуро, ама од друг агол би забележал дека има шарени витражи и многу орнаментиран паркет, па не е сосема аскетски ентериерот.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 04-Nov-2021 at 17:22
Пред реновирањето внатрешноста беше жолта и празна исто како што е сега.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 889
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 05-Nov-2021 at 15:05
Барав в интернет стари архивни слики от преди войната как изгледа интериорно ,па никаде не намерих.Не може да нема барем една. Наверно има некаде по архивите во Битола .
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 07-Nov-2021 at 14:03
Originally posted by stef4o

САРАЈОТ НА НИЈАЗИ БЕГ ВО РЕСЕН СТАР ЕДЕН ВЕК, ПО 39 ГОДИНИ ДОБИ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ЦЕЛОСНА САНАЦИЈА



На хорор филм наликува поткровјето на Сарајот на Нијази бег, нарекуван и ресенскиот Версај, еден од највелелепните објекти на Балканот, граден во неокласичен стил, кој на на времето му пркоси 109 години. Оштетени ќерамиди, трули штици, откриени делови од покривот, прокапени тавани и неупотребливи простории од најгорниот кат на дворецот кои нудат прекрасен поглед на Преспа. За првпат по 39 години, државата обезбеди средства за комплетно да се реновира покривот на овој импозантен архитектонски објект со раскошна естетска убавина, некогашен дом на иницијаторот на Младотурската револуција Нијази бег, а денес Дом на културата „Драги Тозија“. Делумна санација имаше во 2005 година. Сега за покривот, преку Министерството за култура се обезбедени 2,4 милиони денари (околу 40 илјади евра) со што ќе се реши горливиот проблем.

Во 1982 беше обновен покривот и освежено купето. Но, низ годините почна да прокапува и последниве години е прав хорор филм во поткровјето за кое годинава, за среќа, се обезбедени средства за реконструкција. Таваните горе почнаа да се ронат, протекуваше, имаше некои напори да се заштити. Но, не можеше. Неопходна е целосна реконструкција. Во делот каде што се сликите на Кераца Висулчева нема прокапено, туку во ходникот“, ни рече директорот на Домот на културата Васко Василевски.

Министерката за култура Ирена Стефоска најави дека покривот годинава ќе биде реконструиран.

Една од приоритетните градби од неокласичната архитектура во земјава, Сарајот на Нијази бег, по децениски проблеми, годинава ќе биде заштитен. За санација на покривот кој протекува , Министерството за култура одвои 2.4 милиони денари. Во некогашниот дворец, денеска заштитено културно наследство, се сместени Ресенската керамичка колонија, една од 10-те под закрила на УНЕСКО, како и постојаната поставка на доајенот на современото сликарство Кераца Висулчева“, објави министерката Стефоска на нејзиниот фејсбук профил.

Сарајот е објект што го одзема здивот со естетскската градба со вградени мермерни плочи на влезот и столбовите, украсни елементи на фасадата, пространа тераса, оригинален облик на покривот, видиковец на покривот, со големината, историјата, градините. Бил граден како дом на бегот, но Нијази немал среќа да живее во дворецот зашто бил убиен само една година по доградувањето на сарајот во 1912. Мегаломанскиот изглед од надвор се совпаѓа и со внатрешноста. Таа изобилува со големи ходници и многу простории со високи тавани кои во зима е тешко да се згреат. Во зградата со внатрешност на касарна има простор да се сместат еден куп културни организации, институции.

По ослободувањето тука беа сместени повеќе институции, потоа се одделија. Мое лично мислење е дека тоа беше погрешен чекор. Ако останеа заедно ќе беше понаку за животот на ова место. Денес сите сме расцепкани. Домот за култура на првиот кат и поткровјето, а спомен собата на Висулчева под Завод и музеј Битола и керамичката колонија на вториот кат“, вели директорот Василевски.

Домот „Драги Тозија“ се занимава со библиотечна, музичко-сценска, драмска и визуелни уметности, архитектура и дизајн. Годишно организираа по 50 културни настани, но пандемијата ги проретчи активностите. Сепак, иако нема многу настани и постетеност поради актуелната состојба објектот бара одржување, а инстутуциите имаат недостиг на кадар.

Немаме ни вработени кои би го одржувале објектот. Имавме своевремено договори со Министерството дека треба да се стават камери. Но, сега на моја добра волја е што го одржувме дворот, плаќаме еден работник кој е пред пензионирање. Огромен двор е, а и киното е под наша надлежност. Неопходно е да се вработат луѓе. Не е само проблем одржувањето, туку и делот на организирање на настани. Имаме четворица вработени, јас како раководител, еден во библиотеката, еден сметководител-книговодител и едно техничко лице“, вели Василевски.

Во иднина ходниците, а и просториите на Сарајот би можеле да се оплеменат со многу експонати и други материјали кои ја раскажуваат историјата и сегашноста на Преспа. Засега има моноксил, керамички производи и уште неколку други експонати. Во посебен дел се сместени вредните ликовни дела на Кераца Висулчева, по потекло од Костурско, која иако дел од животот го поминала во Бугарија, јасно укажувала дека е Македонка. Последните години од животот емигрирала во Македонија и на државата ѝ ги оставила сите ликовни творби. Во Сарајот се изложени 38 нејзини дела, меѓу кои и нејзиниот портрет на претседателот Киро Глигоров.

Во Сарајот за жал, нема спомен-соба за Нијази-бег, иако тоа низ минатото често провејувало како идеја. Познато е дека бил роден ресенчанец, па го носел прекарот Ресенли, со неговото одметнување во планина во 1908 започнала Младотурската револуција. Упатил прокламација до христијанското население за заедничка борба против султанот. Ресенчани раскажуваат дека благодарение на него го имаат не само Сарајот, туку и чаршијата.

https://sdk.mk/index.php/magazin/sarajot-na-nijazi-beg-vo-resen-star-eden-vek-po-39-godini-dobi-drzhavni-pari-za-tselosna-sanatsija/


НОВИОТ ПОКРИВ E ЛЕК ЗА САРАЈОТ НА НИЈАЗИ-БЕГ ВО РЕСЕН



Се реставрира покривот од Сарајот на Нијази-бег, кој во јавноста е познат и како ресенски Версај. До пред некоја недела, покровјето од дворецот наликуваше на место за снимање на хорор филм со оштетени ќерамиди, трули штици, откорнати делови, прокапени тавани и неупотребливи простории од најгорниот кат. Со реставрацијата и конзервацијата, проект на Завод и музеј Битола финансиски поддржан од Министерството за култура, предвидено е објектот кој денес е Дом на културата „Драги Тозија“ да добие целосно нов покрив.

„Според предвиденото, реализацијата на овој проект треба да се одвива во две фази, односно дел од активностите ќе бидат реализирани до крајот на годинава додека временските услови тоа го дозволуваат, а втората фаза, до заокружување на предвидените активности, би требало да се реализира во текот на следната 2022. Согласно годишната програма на Министерството за култура за изготвувањето на проектот и реализација на првата фаза годинава беа доделени околу 2,4 милиони денари (околу 40 илјади евра)“, рече Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.

Со овој проект освен конзерваторски и реставраторски зафати на покривата конструкција, предвидени се и делумни интервенции во горните, подкровни простории на објектот. Порано невладини организации одржувале свои активности во овие простории, но со руинирањето на покривот тој дел стана неупотреблив. Низ откриените делови влегуваа гулаби и други птици, а од врнежите прокапи таванот на подолниот кат.

„Со рестраврацијата се прави голем чекор за поголема заштита за целиот објект“, рече директорот на Домот на култура Васко Василевски.

Градоначаникот на Ресен во заминување Живко Гошаревски, неодамна соопшти дека со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокуоната заштита на нашето културно богатство. Во исто време поднесена е апликација за добивање на средства за целосна внатрешна реконструкција.

Сарајот е еден од највелелепните објекти на Балканот, граден во неокласичен стил, кој на времето му пркоси 109 години. За првпат по 39 години, државата обезбеди средства за комплетно да се реновира покривот на овој импозантен архитектонски објект со раскошна естетска убавина, некогашен дом на иницијаторот на Младотурската револуција Нијази бег, а денес Дом на културата.

Делумна санација имаше во 2005, а во 1982 беше обновен покривот и освежено купето. Во некогашниот дворец, денеска заштитено културно наследство, се сместени Ресенската керамичка колонија, една од 10-те под закрила на УНЕСКО, како и постојаната поставка на доајенот на современото сликарство Кераца Висулчева.

https://sdk.mk/index.php/kultura/noviot-pokriv-e-lek-za-sarajot-na-nijazi-beg-vo-resen/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 07-Nov-2021 at 15:25
Конечно, една од најубавите градби во Македонија!
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 08-Nov-2021 at 23:28
Originally posted by Galileo

Барав в интернет стари архивни слики от преди войната как изгледа интериорно ,па никаде не намерих.Не може да нема барем една. Наверно има некаде по архивите во Битола .


Тука си во право, по нетов нема. Ама вака ко ќе размислам ни офлајн не сум видел никогаш. Во некоја архива мора да има, ама е дури и сомнително зошто ниедна не ми е позната.

А таа жолта боја на долниот спрат брше за некој филм што се снимаше таму. Пред реставрацијата, Офицерски беше апсолутен очај, отворена шупа - кој што и како сакаше правеше. Пример се сеќавам на АКТО за некој перформанс имаа заковано шајки директно во паркетот во главната сала.

Edited by hcitrS - 08-Nov-2021 at 23:29
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 17-Jan-2022 at 17:44
Почна пред 10 години но сè уште не е завршен – за домот на културата во Матејче потребни се уште 22 милиони денари



Проектот за изградба на домот на културата во село Матејче, општина Липково почна пред повеќе од 10 години но се уште не е завршен за да биде целосно функционален. Дел од објектот каде што треба да се смести администрацијата е завршен многу порано, со финансии од ИПА фондовите на ЕУ и фондови преку Министерството за култура. Градоначалникот на Липково Еркан Арифи за ТВ21 рече дека потребни се уште фондови за целосно да биде завршен бидејќи до сега завршена е втората фаза, а тоа е карабината.

„Потребни се уште 22 милиони денари врз основа на програмата за развој на општина Липково усвоена од општинскиот совет и главниот проект за да се заврши овој проект и еднаш засекогаш да биде пуштен во функција“, истакна Еркан Арифи.

Арифи истакна дека во текот на 2021 Министерството за култура го одбило барањето на општината за текот на работите. Тој додаде дека ќе продолжат да аплицираат во министерството но ќе бараат и други европски фондови за финализирање на објектот.

„Во 2021 ние како општина аплициравме во Министерството за култура со тој проект за да го продолжиме другиот дел од објектот, но од министерството не прифатија поради состојбата со ковид, средствата беа наменети за состојбата со пандемијата. Нам како општина приоритет ни е да обезбедиме средства за да го завршиме објектот кој е започнат многу порано и мислам дека за овие две години ќе биде завршен“, додава Еркан Арифи.

Инаку со помош од бирото за развој на неразвиени региони, со околу 3 милиони денари и самофинансирање од страна на општината со сума од 1.5 милиони денари објектот е бојадисан и поставени се врати и прозорци . Прашавме во Министерството за култура а од таму рекоа дека проектот не е во нивна надлежност и дека овој дома на културата е со локален карактер

https://mk.tv21.tv/pochna-pred-10-godini-no-se-ushte-ne-e-zavrshen-za-domot-na-kulturata-vo-matejche-potrebni-se-ushte-22-milioni-denari/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 29-Jan-2022 at 17:54
СО КОФИ СЕ СОБИРА ВОДАТА ОД ПРОКИСНАТИОТ КРОВ НА НУЦК “АНТОН ПАНОВ“ ВО СТРУМИЦА



Ваква е состојбата при обилни врнежи од дожд во Националната установа Центар за култура Антон Панов во Струмица заради што вработените се приморани да поставуваат кофи на местата каде протекува кровот.

Кровната конструкција на објектот кој е во употреба од 1986 година протекува на повеќе позици заради што вработените од Центарот бараа итна и реконструкција на целиот објект посебно на кровот кој по секој дожд нанесува дополнителни штети по инвентарот во ова институција

Како што кажа поранешниот директор на ова инситуција Ванчо Ристов потребни се средства и за санација на ентериерот во Центарот за култура но и на опремата оти била амортизирана бидејки таму се одржуваат речиси сите локални и национални културни содржини

Струмичкито центар за култура пред две години доставиле барање до министерството за култура да изработи проект за реконстуркција на објектот. Министерството во ланската програма предвиде 90 илјади евра но иститот ќе се работи ова година. Договорот за јавна набавка ја добила фирмата Архи Груп план од Скопје која треба да го изработи проекти за реконстуркција Музеј Македонија и објектот Мала станица на националната глаерија

„Со Договорот ќе се обезбедат комплетни проекти на ниво на Идеен и Основен Проект со сите фаза како и проектнатски надзор при изведбата на работите. Во текот на ова година се очекува да биде изработена проектната документација за сите три објекти вклучувајќи го и објектот на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица. Во Годишната програма за инвестиции во културата за 2022 година се предвидени средства за релизација на проектот за реконструкција на објектот на НУ ЦК Антон Панов во Струмица,, соопштија од Минситерството за култура

Во Центарот за култура функционираат повеќе отсеци како театарот, ликовната галерија, музичко сценската дејност. Тој има корисна површина 1560 квадратни   метри и во текто на изминатите три децении не се направени некои посериозни инвестициони вложувања.

https://24.mk/details/so-kofi-se-sobira-vodata-od-prokisnatiot-krov-na-nuck-anton-panov-vo-strumica
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 15-Feb-2022 at 19:31
Реновирана е пробиштипската Кино сала „Злетовски рудар“













https://mms.mk/270523/%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%BB/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d1%81%d0%b0%d0%bb
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Online
Posts: 750
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 15-Feb-2022 at 19:56
Апдејт од овој месец

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 16-Feb-2022 at 19:49
Пробиштип е најсредениот мал град во Македонија, и кино средиле, браво
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.