build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-Aug-2009 at 03:43
Реконструкција на Чернодрински во Прилеп


Со средства од Министерството за култура на Република Македонија, деновиве, во Прилеп, започна реконструкцијата на театарот "Војдан Чернодрински". Моментално се работи на препокривањето на објектот.

- Реконструкцијата ќе се одвива во две фази. Едната веќе е во тек, со реновирањето на покривот, а втората се очекува да започне од наредната година кога ќе се работи на внатрешно реновирање на театарската зграда, рече уметничкиот раководител на Прилепскиот театар Стојан Дамчески.
Средствата за реновирање во висина од 4.200.000 денари во кои се вклучени и трошоците за реновирање на санитарните јазли во Центарот за култура "Марко Цепенков" се обезбедени од Министерството за култура на Република Македонија.
Градоначалникот Марјан Ристески потврди дека покрај реконструкцијата, локалната самоуправа веќе работи на проект за изградба на нов театар во Прилеп, објект кој би чинел околу 3 милиони евра.
Работите од првата фаза треба да завршат есенва, на почетокот на новата театарска сезона.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DFAE5173FD4C0B4088122D1326EEF17F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 25-Aug-2009 at 15:47

Спомнатата реконструкција на МОБ:

Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 06-Sep-2009 at 18:12
Ke vi postiram eden izvestaj koj Vlatko Gorcev go dade zavcera za edno internet izdanie, mislam ke objasni nekoj raboti okolu spomenicive koj ke se gradat na plostad.. ako smetate deka mesam politika togas brisetego.

ПЕТОК, 04 СЕПТЕМВРИ 2009 21:24                  
Да не се лажеме
Париз, 14.2.1887 година, потпишано од
Ги де Монпесан, Александар Дима, Прудом, Гарние...
Од каде толкава автодеструктивност помеѓу нас? Зошто такви канонади против спомениците што ќе бидат во центарот на главниот град? На Македонецот мора да му се збоктиса од неговите споменици. Мора да му се расипе секоја трунка на самодоверба. Каде се естетските дискусии за Скендер-бег во Дебар и во Чаир? Каква е изведбата на новите 30 споменици од Порој до Слупчане?
Да не се лажеме. Вистинската причина за хајката против спомениците е намерата тие да не се изградат. Намерата е да ги нема. Се' друго е изговор. Затоа ќе се напише колку бил буцкаст Делчев или каков бил коњот на Груев. Се проблематизира секој аспект на потфатот, се скандализира секоја запирка. Каде беа старите академици да се пријават на конкурсите со свои дела? Нивниве забелешки личат на вицот за човекот што се молел за лото, ама не уплаќал.
Уметниците биле млади? Колку години имаше Милчо Манчевски кога го освои „Златниот лав“? 35. Колку имаше Симон Трпчевски кога го воодушеви Лондон? 26. Колку имаше Тоше кога ги надмина „сериозните“ авторитети? 21. По добивањето на наградата во Венеција, Милчо изјави „Им се заблагодарувам на сите Томевци, Петревци и Трпевци што ме избркаа од Македонија. Да не ме набркаа во Илиноис со своите квази- критериуми, никогаш немаше да го постигнам ова“. Минатата година Милчо пак доживеа хајка за спотот на Си-ен-ен. Но, претходните критизери летово ги немаше никаде кога спотот доби награда во Варшава.
Таквите покондурени уметнички души го воспеваат секој странски медиокритет што ќе дојде да пушта музика, ама затоа ќе го утепаат „Гоце-фест“. Ќе се напишат сонети за кој било забеган џез-маргиналец, но со гадење ќе се удри по „Макфест“ и другите домашни фестивали. Секоја чест за гостувањата на вистинските музички виртуози, но нашите шиткачи секој потпросечен музичар од странство ќе ни го претстават како нов Паганини. Мавај по своето, а воспевај го туѓото.
Секоја мала статуа во ЕУ им е кул симбол на урбаност, а истите статуи во родниот град ги гледаат со потсмев. Брус Ли во Мостар е супер, но Ченто во Скопје не смее да припари. Ним и Микеланџело би им бил дилетант кога би имал македонско име. Која било мачканица со странски потпис ќе ја прогласат за ремек-дело, а на кој било Македонец секој ќе му соли памет како требало да твори. Сега имаме Салиери - завист, малициозност и македонски синдром.
Прво, велат дека македонските скулптори не се на ниво на светските. Во ред, знаеме. А дали нашиве критизери се на нивото на Да Винчи или Рембрант? Ако ФК Вардар е послаб од Манчестер, треба ли во Македонија да се престане да се игра фудбал? Да престанеме да играме кошарка, затоа што нема никогаш да имаме НБА тим.
Вториот аргумент им е дека такви споменици се правеле во 18-ти и 19-ти век. Што правиме затоа што Гоце и Даме загинале во 20 век? Задоцниле со смртта? Очекуваа дека нивните споменици ги градат Абдул Меџит и Сулејман Величенствени? Во истиот стил се спомениците на Черчил, Монтгомери и Де Гол. Зошто ги формиравме МАНУ, УКИМ или НБМ пред неколку децении, а во светот ги имаат со векови? Македонија беше окупирана во вековите и маргинализирана во југо-федерацијата. За државата се изборивме подоцна. Затоа доцниме со спомениците. Окупаторите не ги градеа нашите споменици.
Трето е за граѓаните. Народот гласаше за тие објекти. Тие беа напишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ во2006 и 2008 год. Инцидентот на плоштадот беше темпиран точно 7 дена пред вториот круг 2009 година. Објектите станаа централна тема. Изборите завршија, а Милчин, Гелевски и другарите многу добро знаат дека народот свесно гласаше за кандидатот кој ги промовираше спомениците. Некои прашања не заслужуваат повторен одговор.
Четвртиот аргумент е цената. Факт: во 1889 година кога се градела Ајфеловата кула во Париз, францускиот БДП по жител бил како во денешен Камерун или Замбија (околу 70 евра месечно по човек). Изградбата ја финансирале државата и Густав Ајфел. Тогашните епитети? „Мегаломанска трагична улична лампа“... Но, Парижаните и светот ја засакаа кулата. Свои маки имала и статуата на Исус во Рио изградена 1922 - 1931. Иницијативата почнала околу 1850, а завршила 80 години подоцна. Денес статуата има 38 метри и ја сака целиот свет.
Исто како што Македонија го засака Плаошник. Или, како што Скопјани го засакаа Крстот на Водно. Сетете се само на хајките кои ги имаше тогаш. Имаше интернет петиции „Крстот да се отшрафи“. Мирослав „Лумикс“ Грчев денес се' уште тврди дека Плаошник е кич и фалсификат. Дека не требало да се гради. Треба да се градат само палатите на црвената буржоазија на Водно, која ни ги остави Хирошима - фабриките погребани во транзицијата.
Секој Англичанец на Трафалгар сквер се гордее со споменикот на столб (46 метри) на генералот Нелсон (5,5 метри). Французите го имаат споменикот и столбот на Наполеон (44 метри), а Американците споменикот на Џорџ Вашингтон (169 метри). Соседите на плоштадите ги имаат Ататурк, Пашиќ, Левски, Јалачиќ, Скендер-бег... А ние? Навистина недоволно. Ним им е поубаво на плоштадот да има едно големо Ништо. Поубаво да се продаваат чорапи на картони 3 за 100 или прслуци. Го имаме МНТ кој во архитектонска смисла не личи на ништо, во Драмски имаме тараби, а театарот Центар од надвор личи на провинциска банкет-сала во Басра. „Градската куќа“ е во шпер-плоча „привремени“ бараки, а матично секоја недела се бележи на свадбени фотографии. И, во последниве 40 години се поделија маркички за Рамстор и Кинески ѕидови, и толку.
Каде им се поддршката и педагогијата на некои од постарите академици? Нека појде некој од нив во ателјеата на младите уметници и татковски нека укаже на пропорциите. Нека бидат како старите даскали што сакаат добронамерно да ги подучат своите ученици. На што личат рафалите во весниците?
Кога во „Коха Диторе“, „Бота Сот“ или „Шекули“ ја имало автодеструктивноста на некои од македонските новинари? Тоа е една од причините за напредокот на Албанците од 1988 до 2008 год. Од најслаба држава на Балканот пред 20 години, денес имаат две држави. Таму нема да видите баражи против албанските споменици. Таму се промовира единството, а помеѓу Македонците малодушноста и цинизмот. Има дебата, но ја нема автодеструктивноста на македонскиот самопрезир.
Доволно е да се напише фељтон за Гоце или Даме, да се направи изложба или позитивно интервју за создавањето на овие монументални дела. Доста беше малициозност и пакост. Најголемиот дел од народот со нетрпение ги чека спомениците на македонскиот непокор. Нашите деца ќе растат покрај нив, инспирирани од великаните на нашето минато. Потребно е само малку повеќе позитивна енергија.
Влатко Ѓорчев
http://www.mn.mk/index.php/aktuelno/464-da-ne-se-lazeme
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 06-Sep-2009 at 18:34

''Ironia na Makedoncite'' ovaa e živa istina, pa priznal nekoj ili ne. No se zaradi pusta sebičnost, ke vi kažam nešto nikoj nema ništo da odnese so sebe, zatoa splotete se.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 06-Sep-2009 at 18:56
Да не ја претвориме нишкава во романтично кукање! Ве молам!

Текстов на Влатко има некои моменти каде што и е во право и не е во право!

Во право е со постарите академици кога ги критикува што не се пријавиле на конкурсот. Ако е ова вистина, а голема ми изгледа веројатноста дека е пошто нашиве постари академици имаат его и суета до таван и не учестуваат они на конкурси туку чекаат покани да творат некое дело, а нивнииот труд сакаат да биде непобитна вистина без конкурс без конкуренција. Тука е во право што не се пријавиле!

Но многу не е во право кога за она што ги критикува старите академци (барање да нема конкуренција) и сам го бара истото од македонските граѓани, опозиција и други инстанци, односно бара да нема дебата што да се постави на плоштадот и бара безусловна поддршка и акламација околу идеите на она што се изгласало на избори, а заборава дека не се изгласало со акламација. Она што го критикува и сам го бара.

И јас имам разбирање за неговиот гнев кон некои политички структури во Македонија и тој гнев му е многу повеќе од оправдан, но сепак мора да биде и Влатко свесен дека не целата критика доаѓа од други политички структури. Факт е дека "црнилата од минатото" узурпирале голем дел и од самостојни критики, краде туѓи протести, но сепак не целата критика доаѓа само од тие некои си партии. Толку нервоза, хормони и живци не вреди да си ги троши за некои трули структури. Но мора за оние критики за кои е очигледно дека се добронамерни Влатко да има разбирање, а и партијата што стои позади него и да ги земе во предвид.

Сите други споредби со други нации и држави сметам дека се излишни и апсолутно не им е местото тука. Барем треба да работиме за себе, не за да бидеме кко други. Барем јас повеќе би сакал да се споредувам со сам себе и да се трудиме ова место да биде подобор и поубаво место за живеење, одколку да играме некое оро што некои соседни држави го играат. Повеќе не би го конетирал овој дел од текстото зашто е ван домен на интерес на форумов, а и тотално непотребен.


Edited by lslcrew - 06-Sep-2009 at 19:02
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9047
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 06-Sep-2009 at 19:36
Текстот е 100% политика. Ако сакајте зачувајте го но не развивајте вакви безвезни дебати. Се знае за зошто и кон што е насочена критиката и никакво извртување на тези од Ѓорчев неможе да ја промени реалноста. 

Edited by pbanks - 06-Sep-2009 at 19:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 07-Sep-2009 at 00:20
Ѓорчев прилично ги извртува работите. Дадената аргументација воглавно е пукање во празно и може да помине евентуално во некоја тенденциозна маалска дискусија. Премногу теми зачнува за да може да се одговори во еден пост. Одговорите на неговите претежно невалидни и зачинети со премногу политика аргументи, ги имана многу места на форумов.


Edited by Cloverstack - 07-Sep-2009 at 00:28
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 07-Sep-2009 at 07:29
Jas se soglasuvam najmnogu so toa sto Gorcev go kazuva za mediumite, deka samo baraat maana vo se, no od druga strana dokolku vlasta ne sakase da naide na tolku osporuvanja okolu spomenicive trebase da napravi ona sto se pravi vo sekoja normalna drzava, javno da gi kaze site renderi za toa kako ke izgledaat spomenicite i kade ke se postaveni, kolku ke se visoki itn... jas tuka e gledam najgolemata pricina za golemoto sprotivstavuvanje na proektite za spomenicite. Jas licno sum za spomenici i smetam deka nedovolno gi ima vo MK i milo mi e da imame nesto od aleksandar makedonski no seto toa treba da mu se objasne na narodot a ne da se pravi skrisno.

Edited by GreatMakedon - 07-Sep-2009 at 07:31
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9047
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 07-Sep-2009 at 07:40
Originally posted by GreatMakedon

Jas se soglasuvam najmnogu so toa sto Gorcev go kazuva za mediumite, deka samo baraat maana vo se, no od druga strana dokolku vlasta ne sakase da naide na tolku osporuvanja okolu spomenicive trebase da napravi ona sto se pravi vo sekoja normalna drzava, javno da gi kaze site renderi za toa kako ke izgledaat spomenicite i kade ke se postaveni, kolku ke se visoki itn... jas tuka e gledam najgolemata pricina za golemoto sprotivstavuvanje na proektite za spomenicite. Jas licno sum za spomenici i smetam deka nedovolno gi ima vo MK i milo mi e da imame nesto od aleksandar makedonski no seto toa treba da mu se objasne na narodot a ne da se pravi skrisno.


ГМ си ја погодил поентата. Доколку имаше транспарентност и почитување на процедури Ѓорчев немаше да има потреба да кружи волку од околу во обид да одбрани нешто што не може да се одбрани.  Противниците пак на акцијата пак во таков случај ќе звучеа исто толку дезориентирано колку Ѓорчев погоре, секако во недостиг на аргументи.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 25-Sep-2009 at 17:00
добро е да се помага здружението, но потребно е изградба на голем фолклорен центар, каде место ќе си најдат сите фолклористи, од Институтот за фолклор Марко Цепенков преку Катедрата за етнокореологија при ФМУ па се до “институции“ како Танец...

Реновирани просториите на „Танец“ - 24.09.2009

Во Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ се изградени четири нови простории за работа на игроорците, оркестрите и хорот, изградено е ново депо за носии. Како се одвива реновирањето на објектот вчера виде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Директорот на „Танец“ Бошко Треневски ја информира за тековните активности што ги финансира Министерството за култура со 6 милиони денари во изминатите две години.

Министерката ја потенцира важноста на еден од најголемите афирматори и промотори на македонската култура во светот и истакна дека во изминатиот период се вработени 45 уметници. Треневски информира дека се откупени оригинални народни носии за 12 кореографии од повеќе региони, а за оркестрите се набавени нови инструменти.

www.dnevnik.com.mk/?itemID=86570D6A61C9794EACF9BBC6350A2B9F&arc=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 19-Oct-2009 at 23:45

Се рони Музејот на Скопје

Системот за алармирање, за обезбедување, парното, се' е дотраено, реално во оваа зграда треба многу да се вложи, вели директорот Јован Шурбаноски

Музејот на град Скопје се' уште чека ред да стане една од големите инвестиции на државата. Голема финансиска поддршка е потребна за да се направи сериозна реконструкција на фасадата, но и на внатрешноста на зградата која сама по себе е прогласена за споменик на културата. Раководството на институцијата, каде што се чува голем дел од националното богатство на Македонија, уште пред една година јасно соопшти дека е крајно време да се санира Музејот.

Институцијата годинава ќе одбележи 60 години од формирањето. Роденденот ќе го дочека во „изветвени алишта“. Директорот Јован Шурбаноски и лани беше дециден дека реконструкцијата не треба да се врзува со некоја важна годишнината. Едноставно, поправките треба да бидат секојдневие.

- Објектот тековно се одржува. Музејот на град Скопје никогаш не бил неваросан, извалкан. Сето тоа е резултат на домаќинско работење. Но, на објектот му треба темелна реконструкција. Системот за алармирање, за обезбедување, парното, се' е дотраено. Реално, во оваа зграда треба многу да се вложи. Се надевам дека некогаш и ние ќе стигнеме на ред. Конечно, треба да се среди просторот каде што ќе може да изложиме постојана поставка. Музејот на град Скопје е комплексна институција, а сега има само археолошка поставка - вели Шурбаноски.


ЈУБИЛЕЈ ВО ДЕКЕМВРИ

Јубилејот е закажан за 22 декември. Датумот не е врзан со некој посебен настан. Ова е еден од ретките слободни термини на Музејот, еден од најбараните изложбени простори во Скопје. Шурбаноски вели дека јубилејот ќе го одбележат со изложба наменета токму на Музејот.

- Филхармонијата одбележува јубилеј со свечен, пригоден концерт, а ние со свечена изложба посветена токму на овој објект - вели тој.

Изложбата ќе биде интерактивна, со видео, поставена во просторот во кој се изложени артефактите од скопското Кале. Шурбаноски вели дека очекува и голем образовен ефект, бидејќи од февруари почнуваат неколку едукативни програми кои ќе ги реализира Музејот. Така животниот пат на Музејот на град Скопје ќе го видат многу ученици.

Во изложбата ќе бидат опфатени сите дејности, одделите за конзервација, документација, етнологија, сите кои во некое време работеле во институцијата. Од аспект на музеологија, градскиот Музеј може да понуди прекрасни содржини, на пример рачно сликани и бојадисани етнолошки предмети што биле користени за документација во времето кога имало само црно-бели фотографии.

- Тоа се буквално уметнички дела. Веќе една година подготвуваме монографија која нема да биде само книга, туку ќе има документарна вредност. Во неа ќе биде објавено се' за Музејот, дури и за луѓето што работеле тука - вели Шурбаноски.


АДАПТИРАН МУЗЕЈ

Музејот на Град Скопје е основан во 1949 година. Од 1970 година е сместен во адаптираниот дел од Старата железничка станица, која делумно била разурната во скопскиот земјотрес во 1963 година. Освен системски истражувања, прибирање, средување, заштита и чување на музејскиот материјал, Музејот врши и стручна обработка, научно проучување и јавна презентација на артефактите.

Од катастрофалниот земјотрес останала зачувана една третина од зградата на Старата железничка станица. Музејот располага со простор од 4.500 квадратни метри, од кои 2.000 квадрати се користат за изложби. Денес институцијата поседува фонд од околу 22.000 музејски предмети распоредени во четири одделенија - археологија, историја, етнологија и историја на уметноста.

Во минатиот век музеите обично биле сместувани во стари згради, несоодветни да бидат музеи. Ретки биле објектите специјално проектирани за музеи. На пример, Етнографскиот музеј во Загреб бил така конципиран и создаден на почетокот на минатиот век. Кај нас, Музејот на современата уметност и Музејот на Македонија се градени во 70-тите години.


Погрешно време на часовникот

Часовникот на Музејот, кој престанал да работи на 26 јули 1963 година, утрото во 5.17 часот, веќе една година покажува еден час повеќе.

Часовникот стана симбол на катастрофалниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Шурбаноски вели дека бараат луѓе што знаат како работи стариот механизам на часовникот.

- Се наоѓа на незгодно место, опасно е нашите луѓе да се качуваат, ни треба посебна опрема. Освен тоа, никој од нив не знае како функционира часовникот. Подобро е да не чепкаат, отколку да направат поголема беља - вели Шурбаноски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D97396A61216014E80CFDA87D178A4F6

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 19-Oct-2009 at 23:50

Ѓорче Петров доби Саат-кула

Општина Ѓорче Петров заврши со изградбата на дванаесетметарската Саат-кула во општинскиот парк. На кулата се вградени четири часовници и дисплеи на кои граѓаните ќе добиваат информации за најновите збиднувања и културни настани што ќе се случуваат. Истовремено, информираат од Општината, во паркот се поправени сите реквизити во детските игралишта, како и клупите во паркот. Општинарите поставиле и знаци со известување за забрана на движење на мопеди и велосипеди во паркот заради безбедност на посетителите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=93C5333E3235034682079102EA41725C
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-Oct-2009 at 23:57
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 20-Oct-2009 at 00:18
ma nemoj, MNT ne licel na nisto od arhitektonska gledna tocka. Tuka e problemot, sto politicarive mislat deka se i najgolemi arhitekti. Mislat deka i pomagaat na Makedonija ako gradat kic zdanija kako Ustavniot Sud, kako sto se veli vo tekstot vo eden vesnik: Kako sto aleksandar na vremeto gradel... ljubovta kon tatkovinata ne znaci deka treba svoite zelbi i ideologii zad grb da gi nametnuvaat na narodot. ako go sakaa tolku gradot, ke platea eden simpozium od vrvni svetski arhitekti koi ke im pomognea da mu pomognat na gradot navistina, ne vaka
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 02-Nov-2009 at 00:25

Почна изградбата на куќата на уметноста

ТЕТОВО - Куќа на уметностите е објектот што почна да се гради на простор што се наоѓа на пет километри од Попова Шапка. Ова беше дамнешна желба на ликовните уметници од Тетово кои преку своето здружение трагаа по простор, но и по финансиска конструкција. За почеток се определија на самофинансирање, а благодарение на уметникот Џемшит Дехари, бесплатно добија 1.700 м2. Здружението му се заблагодари на семејството Дехари со уметничка слика. Според претседателот на здружението, Невзат Кица, објектот ќе располага со 420 м2 корисна површина на две нивоа. Приземјето е планирано како простор за собирање, сликање и студио, а на катот ќе има и шест простории за престој, особено при гостувања на уметници од други делови на земјата и од странство. Куќата на уметноста, според проектот, ќе претставува своевиден спој на традиционалните градби на објекти во полошкиот крај со модерните. Проектот изнесува околу 200.000 евра. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4975819AAA20DB4DAE573B4447916802


26.10.2009 - Куќа на уметноста ќе се гради во Тетово

Куќа на уметноста каде ќе се изложуваат и творат ликовни дела ќе се гради во Тетово. Камен темелникот ќе биде поставен до крајот на неделава. Објектот ќе се наоѓа во близина на старата жичарница кај Лисец покрај патот Тетово-Попова Шапка на 5 километри под овој скијачки центар.

Куќата на уметноста која се очекува да биде изградена за една година ќе располага со 420 квадратни метри ќе биде на два спрата, а местотото каде ќе се гради објектот кое е на површина од околу 1.700 квадратни метри го донирал Џемшит Дехари од друштвото на ликовни уметници. Вредноста на целиот проект ќе изнесува околу 200 илјади евра.

Невзат Кица сликар и претседател на друштвото на ликови уметници на Тетово на објектот му даде меѓународен белег. Кица изјави дека по положувањето на камен темелникот ќе стапи во контакт со амбасадите на странските држави во Македонија, со цел тие од своите држави во куќата да праќаат ликовни уметници кои би работеле на свои дела а потоа и би ги изложувале. Засега за изградба на објектот со финансиска помош се понудиле неколку приватни фирми. а своја помош помош понудило и јавно комунално претпријатие Тетово каде што со свои градежни машини ќе работи во подготовка на теренот за изградба на куќата. Избран е и архитектонски проект а добиена е дозвола за градба и сета потребана документација.

(снимка жарко)
( куќа на уметноста)

http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=8106
Зоран Димовски


Edited by La Linea - 02-Nov-2009 at 00:29
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 02-Nov-2009 at 20:10
Па ова може да излезе прилично симпатичен објект. Едноставно, непретенциозно и соодветно за локацијата.
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 07-Nov-2009 at 20:58

незнам зошто но од птичја перспектива ептен грдо ми делува МСУ! може да беше добро и чисто среден пристапот и паркингот до него и некако попитомо ќе делуваше, сепак ко за музеј на современа уметност фали уште некој арх елемент пример некоја настрешница плус или пак некој мост помеѓу кровот и паркот на скулптурите од спротива... 

http://skopje.manme.org.uk/



Edited by Max - 07-Nov-2009 at 20:59
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Nov-2009 at 21:29
Еден од најдобрите објекти во Скопје ever...многу ми е криво што немаме правилен однос кон него, додуша немаме кон ништо...ама реалност е дека имаме и сериозна колекција и убав објект, е сега реално е прашањето што е малце на страна од големите пешачки циркулации, па мораат скопјани да оптегнат малку нозе или да запалат кола за да гледаат уметност...центарот Жорж Помпиду во Париз е сосема контра приказна, факт е дека е преплавен со луѓе, ама па од друга страна (после една скопска зграда) е еден од најнапорните и најгрдите објекти што сум ги видел во животот...
Браво за сликиве!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 08-Nov-2009 at 03:41
екстра е објектот земено и како местоположба и како појава, сепак времето му поминало, а воедно дополнително грдо изгледа бидејќи цело опкружување е во аут, од партерно решение преку зеленило па се до објекти во комшии, за недостапноста и да не говориме... 
ко за МСУ би било логично да биде блиску до народот, а не да е одвоен и да делува елитистички, јас лично би го дислоцирал некаде во скопје, а тука нека тера тоа претседателската резиденција, или нешто слично, пример собрание!? http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458&PID=14440#14440

инаку ова е најдобрата локација во скопје што може да постои! јасно со неа и самиот објект добива на особена вредност, но и тој како појава е специфичен и оригинален особено во хоризонтален план, сепак од дизајнерски аспект сметам дека можело на него дополнително да се поработи морфолошки, а ова важи особено денес и особено ако ја задржи истата намена, дали тоа ќе биде со некоја тензилна инсталација која би ја полазила фасадата или би се истурила низ брдото или пак да му се додаде некој спакуван павиљон, не е ни толку битно, важно да се разбие неговата униформност и претежно темно доживување во перцепцијата на скопјани... нека стават и клод бели банери одоколу само нешто да почне да се поместува, како што е случај со сите МСУ-а низ светот!

како и да е, музеј имаме и само двајца без тројца го експлоатираат, може и подобро е така со оглед дека неретко станува збор за хорор поставки и инсталации, но тоа е друга приказна и повеќе е резултат на исфорсираната потреба од т.н. надреализам кај нашите уметници, куратори и воопшто публика, како беше она ако не си андерграунд тогаш си комерцијален како комерцијална банка не дека нема застапено разни правци и дешавки, но трансот им е специфика на мсу, на крај веќе дотераа и транс журки да организираат, што може и не е спорно, но тоа да се случува во самиот музеј е малку претерано, сепак опуштени луѓе и баш на инвентар не внимаваат...

едеинтсвено чаре за музејов е или постојана директна автобуска линија до него (која би ги покривала всушност и чаршија и кале, или евентуално жичарата да почнува некаде посреди кале и мсу и од тука да биде почетна точка кон водно. а бидејќи ваквиот пристап не е логичен, што заради неисплатливост што заради незаинтересираност, најдобро е да се дислоцира МСУ како појава во центар, може слободно и во МТВ да го стават и така има еден куп празен простор во тоа скопскиот облакодер, дополнително кровот ќе биде идеално место за инсталации, заедно со се' студијата доле но и кејот напред, а би се создален еден културен комплекс заедно со МКЦ, или нека кренат нова зграда во продолжение на мкц и решен проблем... 



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 08-Nov-2009 at 05:50
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.