build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проект „Старите касарни за нов развој“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Jan-2012 at 00:31

ПРВА АУKЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО БИТОЛА

Евтини парцели на Златниот Рид

Првото електронско наддавање за парцели на битолскиот Златен Рид мина тивко меѓу граѓаните, но предизвика бурни реакции кај локалната опозиција. Според опозицијата, наддавањето било крајно нетранспарентно, а од локалната власт велат дека с` било јавно и транспарентно. Битолската касарна, местото каде што се продаваа парцелите, од граѓаните доби и ново име - го крстија Златен Рид. Таму за 21 парцела, колку што беа понудени на продажба, конкурираа 65 кандидати. Иако се мислеше дека градежните парцели ќе се продаваат скапо, највисоката цена за квадратен метар достигна 550 денари, а најниската само 71 денар за квадратен метар.

Ниските цени беа повод битолската опозиција да ја обвини локалната самоуправа за нетранспарентност во продажбата.

- Продажбата на парцелите во касарната беше крајно нетранспарентна и тоа по багателни цени. За само едно евро за квадратен метар почетна цена се продадоа парцели за градба или за дел од парцелите вкупната почетна цена изнесуваше нецели 550 евра, сума со која реално не можете да купите ни гаража, а камоли место за куќа во една од најелитните населби, каква што е поранешната касарна. Веднаш до касарната, на пример во населбата Стрчин, за квадратен метар би платиле повеќе од 50 евра. Сево ова, но и фактот дека се продале парцели со само едно наддавање од 10 денари за квадратен метар, за нас е доволен сигнал за сомневање дека можеби се работи за матни бизнис-интереси на локалната власт. Ако се имаше волја продажбата да биде транспарентна, тогаш објавата требаше да се врти на медиумите исто како и владините реклами - обвинија од опозицијата.

Но таквите критики од локалната самоуправа целосно ги отфрлаат.

- Битола е една од првите општини што организираа јавна аукција за продажба на градежните парцели. С` беше јавно и транспарентно. Сите кандидати имаа можност да наддаваат. Такво право имаше и опозицијата. Зарем има потранспарентен начин на продажба на земјиштето од јавно наддавање. Или за СДСМ „транспарентен“ начин за продажба е во „четири очи” - вели градоначалникот Владимир Талески.

Големиот интерес што го покажаа битолчани за купување градежни парцели во касарната ја натера локалната самоуправа веднаш по божикните празници да понуди на продажба нови парцели за индивидуална градба.

- Иако ние знаевме дека интересот за парцелите во касарната ќе биде голем, не очекувавме дека ќе биде таков. Да бидам искрен, и ние се изненадивме од тоа. Затоа деновиве на продажба ќе бидат пуштени нови парцели од т.н. трет дел во касарната, каде што има 170 маркици за изградба на индивидуални станбени објекти - нагласува Талески.

Градоначалникот Талески вели дека сите што купија парцели имаат обврска, откако ќе ги добијат одобренијата за градба, индивидуалните куќи да ги изградат во рок од 6 години.

Средствата од продажбата на градежното земјиште ќе се инвестираат во изградба на инфраструктурата во делот на касарната и индустриската зона „Жабени“, велат од локалната самоуправа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9753518958459A4E8AFB338D3791D3EC

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 11-Jun-2012 at 17:56

Руски инвеститор гради станбено-деловен комплекс во Битола

Руската компнија “Јуриј Липухин“ денеска официјално започна со изградба на станебно- деловниот комплекс во битолската касарна

Ова е прва странска инвестиција која започна да се реализира во една од најатрактивните локации во градот, битолската касарна.

Во овој станбено-деловен комплекс, кој ќе биде изграден по најновите светски стандарди, ќе има луксузни станови за релативно скромни цени.

Станбено деловниот комплеск во касарната зафаќа површина од 35.000 м2 и ќе има неколку ламели. Изведувач на градежните работи е битолската компанија “Лапор”.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=6383
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 13-Jun-2012 at 12:33
Eve podetalni informacii za ona sto se planira da se gradi vo Bitola.

Изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс на рускиот инвеститор Јуриј Липухин во битолската касарна е само почеток на изградбата на цел нов град во овој најатрактивен дел во Битола, кој се наоѓа во подножјето на Тумбекафе

 
 
%20  

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри

Русите први почнаа со градба во битолската касарна

Русите беа први што го скршија мразот и почнаа градба во некогашната битолска касарна, каде што земјиште купија голем број инвеститори. Без многу помпа и сечење ленти и панделки, завчера официјално почна изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ на рускиот инвеститор Јуриј Липухин, кој, за жал, не дочека да присуствува на поставувањето на камен-темелникот, бидејќи минатата година почина.

Но, и покрај тоа, неговото семејство одлучи да го изгради овој станбено- деловен комплекс за да се испочитува неговата голема желба да гради во Битола.

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри, а во него во три ламели ќе се градат најлуксузни станови и деловни објекти. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8,5 милиони евра.

Откако општината Битола од АРМ ја презеде касарната, локалната самоуправа и градоначалникот Владимир Талески се фатија со работа и го осмислија овој дел на градот.

Според деталниот план, во касарната ќе се гради буквално цел нов град, со голем број објекти и нова инфраструктура.

Покрај големиот број станбени згради и деловни објекти, во касарната ќе се градат и над сто индивидуални станбени објекти, детска градинка, училиште, голем трговски центар, неколку хотели, полициска станица, пожарна, катни гаражи, поликлиника, здравствен дом, а ќе се гради и голема ротациона кула, на чиј врв ќе се изгради и најмодерен ресторан, од каде што секој посетител ќе има прекрасен панорамски поглед на градот.

Овој дел на Битола воедно ќе биде и универзитетски центар, бидејќи по добивањето на објектите локалната самоуправа некои од нив веќе му ги отстапи на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а ќе се гради и филмско студио, со што практично ќе се реализира идејата на градоначалникот Талески за Битола да стане филмски град.


Становите по светски стандарди

Изградбата на станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе трае нецели две години, а становите ќе бидат изградени по светски стандарди, со најсовремени екоматеријали, луксузни плочки, паркети, инсталации, санитарни јазли, џакузи, кади, какви што досега не се практикувале во станбената изградба во Битола, а цената на квадратен метар сепак ќе се движи од 700 до 800 евра, вели проектантот на комплексот Јорго Шундовски, бивш министер за урбанизам.

Izvor NOVA MAKEDONIJA


Edited by kultuzin - 13-Jun-2012 at 12:34
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Jul-2012 at 10:28
искрено не очекував брзи резултати од овој проект,како и за сите во РМ,нели треба некоја деценија да помине прво.

и ми е мило што градоначалникот е кичевчанец по потекло
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 17-Jul-2012 at 17:34
Јавно наддавање за земјиште од касарната „Илинден“
Објавено: пред 3 часа
Прочитано: 371
Печати
Сподели со твоите пријатели!


Општина Карпош денеска објави јавна објава за оттуѓување градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање, предвидено со Детален урбанистички план за северниот дел од касарната „Илинден“ што го изготви Владата, реализирајќи го проектот „Старите касарни за нов развој“.
Станува збор за пет градежни парцели со вкупна површина од 34.814 метри квадратни, со намена комерцијални и деловни намени и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 6.000 денари по метар квадратен, четири градежни парцели со вкупна површина од 49.087 метри квадратни, со намена семејно домување во станбени згради и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 6.000 денари по метар квадратен, и една градежна парцела со вкупна површина од 3.495 метри квадратни, со намена здравство и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 1.400 денари по метар квадратен, односно вкупна површина за сите 10 градежни парцели од 87.396 метри квадратни или максимална изградена површина на сите објекти од околу 460.000 метри квадратни.
http://www.plusinfo.mk/vest/49808/Javno-naddavanje-za-zemjishte-od-kasarnata-Ilinden-
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 18-Jul-2012 at 17:02

Се продаваат 10 големи градежни парцели од касарната „Илинден“


С - станбени згради

К - комерцијални и деловни намени

З - здравствена установа

Станбени згради, деловни и комерцијални објекти и здравствена установа ќе се подигнат во северниот дел од касарната „Илинден“ во Скопје, доколку успешно се реализира продажбата на земјиштето што денеска го понуди општина Карпош, по барање на Министерството за транспорт и врски. Во рамки на остварувањето на проектот „Старите касарни за нов развој“, за отуѓување се огласени пет градежни парцели со вкупна површина од 34.814 метри квадратни за изградба на објекти со комерцијални и деловни намени, со почетна цена од 6.000 денари за метар квадратен. За домување во станбени згради се предвидени четири парцели со големина од 49.087 метри квадратни, чија почетна цена исто така изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а понуден е и простор за изградба на здравствена установа на површина од 3.495 метри квадратни со почетна цена од 1.400 денари за метар квадратен. Доколку се продадат сите парцели, вкупниот финансиски прилив за државата и за општината ќе биде најмалку 8,5 милиони евра.



Во соопштението на министерството се нагласува дека целокупната површина на понуденото земјиште изнесува 87.396 метри квадратни со максимална бруто изградена површина на сите предвидени објекти од 460.000 метри квадратни. Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 23 август, а истото ќе се одржи на 30 август. По барање на надлежното министерство, општина Карпош веќе отуѓи две градежни парцели со намена за изградба на објекти за одржување на настава од високото образование, по цена од 71 денар за метар квадратен односно вкупно 1.339.334 денари за земјиштето со големина од 18.864 метри квадратни.

http://www.build.mk/?p=16933

Се потсетив на муабетот со Гиж, дека многу е неверојатно овој простор на касарната Илинден да се преобрази во населба со повеќе содржини во скоро време...

Па, изгледа и не е баш така... Секако ако ова испадне успешно на крај...

Но мене едно ме чуди... Како така продаваат парцели, кога сеуште не е оформена барем примарната потребна инфраструктура за идната населба... 

Инаку ако ова успее, во што се сомневам, најмногу поради неспремноста на теренот... мислам дека ќе биде ‘‘искра‘‘ за понатамошниот развој на овој простор...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 18-Jul-2012 at 18:59
уште утре треба да се почен со реализација на проектот.одма да се прати механизација и да се започне со изградба на примарната инфраструктура.

и развој и полнење на буџетот(и општински и државен)
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 19-Jul-2012 at 03:24
Касарната во Скопје е на супер место атрактивно.
Само треба да му текне на град Скопје да додели парцела на ФК Вардар за тренинг центар
за 3 игралишта и едно покриено со попратни објекти теретана клубски простории и зграда  за престој на играчи ова му фали на мак фудбал еден клуб со сите европски стандарди за школа на таленти само на ваков начин можи еден ден да се надеваме на настап на светско првенство.
Ако Вардар има ваква инфрастратура би можел да има врвна школа што би ги собирал сите млади надежи од цела држава а и ке се појават и добри спонзори.
Варадар би постнал еден голем клуб на ниво од Партизан Звезда Динамо
Треба да се инвестира во младината за да пратат спорт да се создадат мак спортски идоли  како Панчев Пандев ч.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 26-Aug-2012 at 16:06
Дали мислите дека за 10 години од сега, касарната Илинден може да се оформи како населба?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 30-Aug-2012 at 01:25


Дали ќе се оформи тешко е да се предвиди, но дека барем до одредена мерка ќе се пополни со градби, тоа е многу веројатно.

Се работи за локација која може многу да влијае во поместување на имиџот на градот во позитивна смисла, но доколку се утне работата и во негативна смисла. Затоа ме плаши реалната можност овде да бидат реализирани лоши проекти, а и можноста да се добие турли-тава од типот на Расадник.

Поширокиот центар на градот веќе го прокоцкавме, за неполни 5 години. Пред тоа во неповрат отиде Дебар Маало. Неодамна беше усвоен и катастрофален урбанистички план за Маџир Маало. Не останаа баш многу опции за некој вистински квалитетен и маркантен проект на поголема површина, која воедно би била и локација со голема специфична тежина. Просторот на касарнава може да прерасне во навистина светла точка - да се надеваме дека нема да ја упропастиме и оваа можност.


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-Aug-2012 at 02:41
Би било добро уште од сега да се оформува инфраструктурата и сообраќајната мрежа.... за да се добие една површина подготвена за градба...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 09-Sep-2012 at 09:48
Земјиште во касарната „Илинден“ по втор пат огласено на продажба

Локалната самоуправа од Карпош повторно бара заинтересирани инвеститори за неодамна понудените локации во скопската касарна „Илинден“, дел од проектот „Старите касарни за нов развој“. Во огласот се нудат 11 градежни парцели за изградба на објекти за семејно домување во станбени згради, комерцијални и деловни намени и здравствена установа. Најголема промена е направена во понудата на локациите за колективни живеалишта, каде бројот на парцелите е зголемен од четири на пет, а нивната вкупна површина изнесува 68.271 метри квадратни. Општината нуди пет парцели со големина од 38.814 метри квадратни за подигнување објекти за комерцијални и деловни намени, како и земјиште со површина од 3.495 метри квадратни за изградба на институција од областа на здравството.

На северниот дел од касарната „Илинден“ е предвидено да се реализираат објекти кои ќе достигнуваат висина до 21 кат. Приватните компании на земјиштето треба да изградат станбени згради со максимална висина од 21 до 80 метри, идните зданија за деловни и комерцијални намени ќе бидат во висина од 40 до 80 метри, додека здравствената установа е зацртано да има приземје, два ката и поткровје. Почетните цени се движат од 1.400 денари од метар квадратен за парцелата со намена за објект од здравствена дејност до 6.000 денари од метар квадратен за оние со намена за станбени згради, како и за комерцијални и деловни зданија. Електронската лицитација за отуѓување на земјиштето е закажана за 17 октомври.


#
Објавено на 08.09.2012 во категорија Вести.

Тагови: Деловни, Здравствени, Комерцијални, Скопје, Станбени, Старите касарни за нов развој, Тендери и лицитации


http://www.build.mk/?p=18344


Edited by build.mk - 09-Sep-2012 at 09:48
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 19-Sep-2012 at 18:38
Во Старата Касарна во Битола почнаја со изградба на згради од страна на ГП Пелистер и можам да кажам дека се под просечни и сум многуу разочаран    од кога видов на Билборд како ке биди крајниот изглед. Наскоро очекувајте слики
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 19-Sep-2012 at 19:28
газдата на ГП Пелистер како поранешен градоначалник вероватно го интересира само чистиот профит,а профитот е обратнопропорционален на сложеноста и квалитетот на градбата.со еден збор живееме во трка за пари
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 19-Sep-2012 at 20:43
Абе знам тоа со профитот во ред, ама не му личи на фирмата и на него лично онакви згради да гради во демек 'златниот рид' а зградите како за социјалци се упм. а се збора ке било се елити. Елитно жими ... Ги критикував русите за изгледот на зградите, а од кога видов овие какви ке бидат на Циле, руските испаднаа каде каде подобри.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 19-Sep-2012 at 22:10
Циле се споменува и во Кичево како можен коинвеститор на неколку згради `во соработка` со актуелни функционери од власта.пристапната улица веќе се гради,па ако има некакви градежни активности,ќе известам благовремено
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 06-Oct-2012 at 03:36
И куќи ќе се градат во некогашната битолска касарна

Урбанистичка%20визија%20за%20поранешната%20битолска%20Касарна


Поранешната битолска касарна „Стив Наумов“ во иднина ќе прерасне во населба во која ќе има и индивидуални живеалишта. Граѓаните и компаниите пројавија желба за изградба на куќи за живеење на атрактивната локација, на која веќе започнаа да се издигнуваат станбени згради од домашни и странски инвеститори. На електронското јавно наддавање во текот на изминатава недела беа продадени 35 градежни парцели со намена за домување во станбени куќи, со вкупна површина од 21.101 метри квадратни. На лицитацијата се очекуваше и позначаен интерес, бидејќи локалната самоуправа од Битола понуди 116 парцели за индивидуално домување, со вкупна површина од 85.328 метри квадратни. Сепак, досегашните резултати од електронската лицитација покажуваат дека во општинскиот буџет би требало да се слеат 28.981.335 денари или околу 470.000 евра, наспроти почетната вредност за целото земјиште проценета на околу 1,4 милиони евра.

Општинските власти во наредниот период ќе треба да потпишат одделни договори со секој од купувачите на локациите за градба, по што финансиските средства треба да легнат во локалниот буџет. Инвеститорите во индивидуалните живеалишта имаат рок од 9 месеци за да прибават одобрение за градење, а објектите ќе треба да ги завршат во временски период од 72 месеци. Во меѓувреме, планирано е да се завршат и првичните инвестиции за реализација на станбени згради. Руски инвеститор во битолската касарна „Стив Наумов“ веќе започна да го гради станбено – деловниот комплекс „Јуриј“, кој е предвидено да се простира на 35.000 метри квадратни, а од неодамна колективни живеалишта на огромниот неискористен простор се реши да гради и битолската градежна компанија „Пелистер“.

За 8 и 10 октомври се закажани уште две електронски лицитации за пет парцели наменети за станбени згради, 12 парцели за изградба на објекти за домување со посебен режим, како и неизградено земјиште за реализација на две катни гаражи, три големи трговски единици и еден хотел. Некогашниот имот на македонската армија во Битола е преточен во три детални урбанистички планови и има вкупна површина од 103 хектари.




#
Објавено на 05.10.2012 во категорија Вести.

Тагови: Битола, Деловни, Изградба на куќа, Катни гаражи, Комерцијални, Пелистер (фирма), Станбени, Старите касарни за нов развој, Тендери и лицитации, Хотели

http://www.build.mk/?p=19178
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 12-Oct-2012 at 16:17
Originally posted by JOE

Во Старата Касарна во Битола почнаја со изградба на згради од страна на ГП Пелистер и можам да кажам дека се под просечни и сум многуу разочаран    од кога видов на Билборд како ке биди крајниот изглед. Наскоро очекувајте слики


Еве за што ви зборав, тотално разочаран, многу просечна зграда

Зградата се гради стигнати се негде до кај трети кат со столбови и арматура и.н. немав убав кадар и не сликав.




Edited by JOE - 12-Oct-2012 at 16:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 30-Jan-2013 at 15:16
За проектот „АРМ - мој вистински дом“ во касарната „Илинден“ во Скопје, колку што знам ова е избраното решение (освен доколку во меѓувреме немало некакви промени):

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674&PID=77630#77630




Во секој случај еве уште едно идејно решение. Ова е од „Иванов Инженеринг“:











Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 13-Dec-2015 at 19:13

Касарната Илинден, поглед од Водно

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.126 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.