build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-Oct-2011 at 15:28

Македонија ќе добие 14 милиони евра за прочистителна станица во Прилеп


Министерот за заштита на животната средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во Брисел ја отвори првата меѓународна конференција на земјите од Балканот на тема „Енергетиката и екологијата“.

ademi-brisel-500

Тој изјави дека од европските парламентарци е добиена поддршка за подготовка на проекти и програми со кои би можеле да аплицираме за доделување на грантови од предпристапните ИПА фондови.

Министерот Адеми информира дека Македонија го доби и првиот договор за искористување на ИПА фондовите, наменет за прочистителната станица во Прилеп во вредност од 14,5 милиони евра. Според него, во фаза на подготовка се и други проекти за прочистителна станица во Тетово и Гостивар, а ресорното Министерството е во тесна соработка со сите региони, околу менаџирањето со депониите.

Пред европратениците, министерот Адеми ги истакна и предлозите за заштита на животната средина, меѓу кои се и примена на економски инструменти со цел да се созададе поттик за воведување порадикални технолошки промени, Упатства за зелени јавни набавки, како и креирање зелени пазари.

На конференцијата, тој истакнал и дека македонската Влада е подготвена да ги имплементира регулативите и директивите на ЕУ за заштита на животната средина, конкретно на делот кој се однесува на употреба на обновливи енергетски извори.

Се очекува министерот Адеми денеска да оствари средба со генералниот администратор за екологија на Валонија, а за утре е најавена билатерлна средба на министрско ниво, со министерот од Фландрија.

http://daily.mk/cluster3/81a7c417648ed204e4b58edb1e996604/939843
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-Oct-2011 at 18:53

Почнаа подготовките на проектот палење на отпад

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како претсадетел на Североисточниот плански регион денеска, со чешката компанија „Бресон“, потпиша договор за изработка на физибилити студија, планска и тендерска документација за изградба на фабрика за согорување на цврст отпад.

Почнаа%20подготовките%20на%20проектот%20палење%20на%20отпад

Студијата ќе чини 255 иљади евра, а треба да биде готова за две месеци. Половина од сретствата ќе бидат донација од чешката влада, а останатите ќе ги обезбедат општините од Североисточниот регион.

По завршување на студијата ќе се бара инвеститор, кој ќе сака да ја изгради фабриката за палење на сметот. Проектот ќе се реализира на принципот на јавно-приватно партнерство, а веќе има интерес од чешки инвеститори. Ова е историски чин за нашата локална самоуправа, но и за целиот регион, бидејќи ќе се реши деценискиот проблем со складирање на цврстиот отпад. При тоа ќе се создадат услови за изградба на градска топлана, ќе се произведува и електрична енергија - вели градоначалникот Дамјановски.

 Фабриката најверојатни ќе биде лоцирана во населбата Добрешане во близина на Станицата за пречистување на отпадните води. Слични горилници на има во Прага, Рим и Будимпешта. Фабриките се изградени по највисоките технолошки стандарди и ги исполнуваат сите еколошки норми на ЕУ. Проектот ќе чини околу 50 милиони евра, а инвеститорот ќе ја добие на користење 35 години.

Со нашата студија сакаме да му помогнеме на Куманово да го избере најдобриот проект на изградба на фабрика на палење на комуналниот смет - рече претставникот на компанијата Бресон.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/pocnaa-podgotovkite-na-proektot-palenje-na-otpad.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 24-Oct-2011 at 11:19

Битола ќе гради прочистителна станица

Проектот кој беше запрен поради светската економска криза, а со кој Битола треба да добие пречистителна станица со колекторски систем за отпадни води, ќе биде возобновен како дел од македонско -словенечката соработка, вели битолскиот градоначалник откако за ова прашање разговараше со словенечкиот амбасадор во Македонија.

- Со амбасадорот се договоривме уште еднаш да го иницираме проектот преку словенечката влада и „Рико“ - голема фирма од Словенија за изработка на голема пречистителна станица во Битола. Јас сум убеден дека и со Министерот за животна средина во соодветното министерство ќе најдеме разбирање за целата оваа работа и дека идниот период после кризата која е зад нас, ќе можеме да најдеме начин и финансиски да го изработиме и да го реализираме овој проект-вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Изградбата на пречистителна станица за отпадните води е голема потреба во Пелагонија, што го зголемува значењето проектот.

- Се работи за многу голем и скап проект, кој во првата фаза подразбира изработка на еден главен проект а целата реализација би била меѓу 15-20 милиони евра. Се работи за голем колекторски систем со 6 колектори кои сите отпадни води би ги носеле на едно место и изработка на една голема пречистителна станица за општина Битола - вели Талески.

Талески најави и дека Битола ќе ја продлабочи соработката со збратиметниот словенечки град Крањ, од каде се очекува размена на искуства во областа на децентрализацијата и искористувањето на европските фондови.

Анета Шијакова

24.10.2011, 11:43
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81821
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 25-Oct-2011 at 08:34

ЕKОЛОШKИ ЗАФАТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Пречистителна станица ќе ја бистри градската река

Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет

Изградбата на пречистителна станица за отпадните води во Прилеп ќе почне во почетокот на идната година. Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет. Пречистителната станица ќе ги филтрира водите на градската река до степен за полевање, оти сегашниот водотек е загаден од петта категорија, без знаци на живот.

Се очекува проектот да се реализира до крајот на 2013 година или комплетно, со втората фаза, која предвидува уште 10 милиони евра за нов градски колекторски систем за сепарирање на фекалната и дождовната канализација, да заврши при крајот на 2014 година.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вели дека Брисел веќе избрал на тендер надзор на проектот и распишал тендер за избор на изведувач.

- Се надеваме дека со почетокот на идната година ќе започне градбата на овој значаен еколошки зафат, што е прв од ваков вид, следен со европски пари - вели Ристески.

Филтерската станица ќе ги пречистува загадените води, ќе ги заштити флората и фауната на Црна Река и ќе обезбеди дополнителни количества вода.

Екологистите оценуваат дека зафатот е полн погодок, не само од еколошки туку и од економски аспект.

- Загадените води на Градската Река во Прилеп се влеваат во Црна Река. На овој водотек, во Мариово, ќе се градат хидроцентрали. Водотекот е кус, а загадените води тешко се рехабилитираат природно. А со загадена вода не се произведува струја, туку само се создава талог во акумулацијата. Затоа пречистителната станица во Прилеп, која ќе произведува и природно ѓубре за земјоделството, има економска оправданост, покрај еколошка. Добро би било и вториот најголем загадувач на Црна Река, Општината Битола, да најде начин за изградба на пречистителна станица - велат експертите по екологија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=429BA3F4B6D3F744A0C8D5F1ED8D09EC
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 28-Dec-2011 at 00:27

ЗАШТИТА НА ОХРИДСKОТО ЕЗЕРО ОД ОТПАДНИ ВОДИ

Физибилити-студија за доградба на колекторот

Целта на овој проект е да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија кои потоа би послужиле за понатамошна реализација

Решенија за одведување на отпадните води во постојниот колекторски систем на Охридското Езеро или нивно локално пречистување во населените места Трпејца, Љубаништа, автокампот „Градиште“ и туристичкиот комплекс Свети Наум ќе даде физибилити-студијата за одведување и третман на отпадни води што ја изготви Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

- Целта на овој проект е да се намали деградацијата на квалитетот на водата во Охридското Езеро, особено да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија кои потоа би послужиле како основа за понатамошна реализација на проектот, преку изработка на детаљна техничка документација со основен проект и изведба на самиот систем - вели Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Таа нагласи дека уште при утврдувањето на техничката спецификација во тендерската постапка било инсистирано да се дефинираат решенија што ќе може да се изведуваат во фази.

- Причина за таквиот пристап е што за изградба на целокупниот систем, независно од одбраната алтернатива, односно дали ќе се избере централизиран проект со приклучување кон постоен систем или преку изградба на целосно нови капацитети се обезбедени 2 милиона евра. Поради тоа баравме посебни целини, за да се почне од најжешките точки, нивно решавање, а потоа да се оди на комплетна изградба на системот - додаде Лозаноска. 

Изработувачи на проектот за решавање на проблемот со отпадни води на овој дел од охридското крајбрежје се фирмите „Хидроенерго инженеринг” и „Поинтпро” од Скопје. 

Студијата ќе биде преведена и на англиски јазик, со цел материјалот да се користи како аргумент или базичен документ за обезбедување средства од странски донатори, особено можностите што ги нуди третата компонента на ИПА-фондовите наменети за регионален развој. (Е.М.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2E3899EDDF55CD4DB89A6D5505842B0E





Прилеп ќе гради пречистителна станица

Проектот е вреден 20 милиони евра, а парите се обезбедени од европските претпристапни фондови

Моника Талеска


Прилеп - Градот под Марковите кули конечно ќе добие пречистителна станица со европски пари. Договорот за тоа е веќе потпишан, а следната година се очекува ефектуирање на дел од 20-те милиони евра кои треба да бидат инвестирани во изградба на овој објект за пречистување на отпадните води. Најдоцна за три години и водите од Градска Река ќе бидат пречистени, а земјоделските култури ќе почнат да се полеваат со чиста вода со што ќе ги исполнуваат сите екостандарди за извоз во земјите на ЕУ.

Ако реализацијата тече непречено и општина Прилеп ќе почне со уредување на коритото на Градска Река. А, дотогаш градот треба да ги ефектуира и преостанатите подбенефити од најголемата донација од ЕУ.

„Пречистителната станица ќе обезбеди целосен третман на отпадните води од фекалната и атмосферска канализација кои сега се впиваат во градот и околината. Проектот стартуваше пред три години со една физибилити-студија во која беа вклучени многу стручњаци по препорака од ЕУ и во соработка со „Водовод и канализација“ и локалната самоуправа. Инвестиравме половина милион евра во изработка на студијата и исто толку пари беа вложени во изработка на проектот со кој конкуриравме во претпристапните фондови на ЕУ“, истакнува градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Договорот сега е финализиран. Проектот е во вредност од 20 милиони евра и ќе се работи во две фази, со цел да се постигне комплетен третман на отпадните води и изградба на современа пречистителна станица.

„Во првата фаза се обезбедени 14,5 милиони евра, директно како донација од ЕУ, а преостанатите пари ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Ако проектот заврши успешно, ќе има дополнување со доизградба на колекторски систем и менување на канализациската мрежа во градот. Ова дополнување вредно 10 милиони евра реално би почнало во 2014 година и тоа е втората фаза“, додава Ристески.

Министерствата за финансии, за транспорт и врски, за животна средина и локалната самоуправа го потпишаа договорот со ЕУ, кој практично ќе почне да се имплементира во 2012 година. А, бенефитите од неговата реализација се многустрани.

„Градска Река е загадена од 5. степен во моментов. Со пречистителната станица ќе добиеме чиста река, зашто ќе се пречистуваат сите отпадни води. Бидејќи реката минува низ Прилепско Поле, кое е една од најплодните рамници во Македонија, и земјоделските култури во иднина ќе се полеваат со чиста вода, а не како досега со загадената вода од реката. Со тоа што земјоделските производи ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди, големи бенефити ќе имаат и прилепските земјоделци, зашто ќе може да извезуваат на европските пазари. Од друга страна, пак, со оглед на тоа што Црна Река врви низ Мариово, кое е најчист предел во Македонија, по изградбата на Чебрен и Галиште квалитетот на водата ќе биде на многу високо ниво, па и Мариово ќе биде многу поволно за одгледување земјоделски култури“, истакнува градоначалникот Ристески и ветува дека по успешната реализација на овој проект, општина Прилеп ќе почне со уредување на речното корито.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E35B0FEED88D604B95EF57F463A28BBB
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Apr-2012 at 00:08
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПРЕПУМПНАТА СТАНИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ


Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска /11.04.2012 година, среда/ ја предадоа во употреба препумпната станица за прифаќање фекални води на десниот брег на реката Вардар, во населбата Горно Лисиче.

Изградбата на станицата е заедничка инвестиција на Градот Скопје, општината Аеродром и Министерството за транспорт и врски. Во вкупната вредност на овој проект од 48 милиони денари Градот Скопје учествува со 21 милион денари.

- Препумпната станица директно ќе ги препумпува и ќе ги одведува сите фекални отпадни води од населбите Горно Лисиче, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром и од населбата 11 Октомври од општината Кисела Вода. Препумпната станица ќе ги пумпа фекалните води во транзитниот колектор, со што отпадните води нема да се задржуваат и ќе се спречи трулење на органските материи во водата - изјави Градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Аеродром Коневски изјави дека во моментов се завршува и изградбата на секундарната фекална канализација во Горно Лисиче, по што граѓаните ќе можат да се приклучат на фекалната мрежа, а септичките јами во ова населено место конечно ќе заминат во историјата.

Министерот Јанакиески напомена дека Владата на Република Македонија и натаму ќе продожи финансиски да ги поддржува проектите коишто придонесуваат за подобрување на животот на граѓаните, потсетувајќи дека за вакви проекти Владата одвои 50 милиони евра.

Капацитетот на препумпната станица е 1 450 литри во секунда, содлабочина на испумпување од 7 метри.

Препумпната станица ќе биде предадена на ЈП „Водовод и канализација“, коешто ќе биде задолжено за нејзиното одржување.

На изградба на станицата работеа екипите на „МЗТ Пумпи“.


1


2


3


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4962&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 09-Jul-2012 at 17:36

Навистина незнаев каде да ги пуштам...

Еве што се испушта во Вардар...

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 17-Jul-2012 at 12:32

Вардар ќе добие пречистителна станица од 100 милиони евра

По цел десен брег на реката Вардар ќе се гради колектор за прифаќање отпадни води, беше усвоено на последната седница на Советот на Скопје. Реализацијата, како што објаснуваат надлежните од Градот, е неопходен чекор за изградба на главната пречистителна станица во метрополата, со што треба да се реши прашањето со овој горлив проблем.

Целиот систем за управување со отпадните води што се излеваат во Вардар, освен колекторскиот систем и централната пречистителна станица во Трубарево, ќе опфати и помали пречистителни станици кај Волково, Сарај и кај Драчево. Во врска со отребните пари, вкупно 100 милиони евра, предвидено е Градот да обезбеди 40 отсто од вкупната инвестиција, а 25 отсто ќе пристигнат од Министерството за финансии. За преостанатите средства, локалната власт во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе аплицира преку програмата на Европската унија - ОРИО.

Според предвидувањата на експертите, ако овој проект не се реализира до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми трипати.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4C050243CBCC9D47BB8D09F8E10ABAD8
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 17-Jul-2012 at 13:09
Ова е одлична вест. Сепак не треба да се заборави дека огромно загадување доаѓа уште од Гостивар и реката во Скопје влегува како 3 категорија ако не се лажам. Значи треба да се реши целиот тек на реката од Гостивар па се до термоцентралата Неготино некаде. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Aug-2012 at 00:51
Еве една тазе и две поврзани релативно скорешни вести во врска со колекторскиот систем на Охридското езеро.

Патем, има ли некој објаснување зошто пречистителната станица се науѓа толку далеку од езерото (над 5 km):

41°13'8.00"N  20°40'18.36"E





Јапонски експерти ги истражуваат потребите на колекторскиот систем

Четврток, 09 Август 2012

panovskijaponskadelegacijaВо Охрид престојува мисија на експерти ангажирани преку Јапонската Агенција за меѓународна соработка со што продолжува планирачкиот процес од аспект на управувањето со отпадните води.

Оваа мисија е продолжение на активностите поврзани со можното јапонско финансирање на реконструкција и комплетирање на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Како што е познато во договор помеѓу Владите на Република Македонија и Јапонија, јапонската влада изрази подготвеност за одвојување на финансиска помош за еколошки проекти во Македонија меѓу кои е проектот за изработка на физибилити студија за реконструкција и довршување на колекторскиот систем околу Охридско Езеро по што со донаторски средства би се влегло во процес на реализација.

- После предходната мисија и после нашиот одговор и изготвената проектна задача се продолжува со оваа едномесечна мисија која сега има за цел детализирање на потребите на системот околу Езерото со цел конечно утврдување на параметрите и висината на евентуалните средства за изговување на физибилити студијата за реконструкција и довршување на колекторскиот систем. Изодевме доста пат и доста работа и би било одлично за заштитата на Езерото да влеземе во конкретно изготвување на потребната и барана Физибилити студија која ќе биде основа за донаторски интерес, вели Дејан Пановски од министерството за животна средина и просторно планирање.

Мисијата на јапонските експерти ќе работи еден месец во Охрид заедно со сите надлежни институции од областа на заштитата на езерото. Низ овој долг и детален процес на истражување на потребите треба да се утврдат параметри и модели за финансирањето од страна на Јапонцитеи потоа на политичко ниво да се утврди финансиската помош за проектната задача.

Супер радио

http://ohridpress.com.mk/%D0%BEch%D1%80id/%D1%98%D0%B0p%D0%BEn%D1%81ki-%D0%B5k%D1%81p%D0%B5%D1%80ti-gi-i%D1%81t%D1%80%D0%B0zhuv%D0%B0%D0%B0t-p%D0%BEt%D1%80%D0%B5bit%D0%B5-n%D0%B0-k%D0%BEl%D0%B5kt%D0%BE%D1%80%D1%81ki%D0%BEt-%D1%81i%D1%81t%D0%B5m



18.03.2012

Десет милиони евра за колекторскиот систем на Охридско Езеро

Средствата ги обезбедува јапонската влада за довршување на колекторот и за подигнување на капацитетот на пречистителната станица во Враништа

Охрид - Десет милиони евра што ги дава јапонската Влада како финансиска поддршка ќе бидат искористени за рехабилитација и довршување на втората фаза на колекторскиот систем за отпадни води околу Охридско Езеро и за подигнување на капацитетот на пречистителната станица во Враништа кај Струга. Мисија на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА), во чиј состав се јапонскиот експерт за води Хироко Камата и претставникот на Балканската канцеларија на ЈИЦА, Тору Огура, ја скенираа состојбата на колекторскиот систем и влијанието врз квалитетот на водите во езерото. Мисијата оствари средби со градоначалниците на двете локални самоуправи, со менаџерските тимови на „Проаква“ и „Нискоградба“, со тимот од РЕ „Колектор“ од Струга и со тимовите од институциите кои вршат мониторинг врз квалитетот на водите на езерото и притоките, а ја посети и пречистителната станица во Враништа. 

ЈИЦА достави информација до надлежните во Македонија околу почнувањето на процесот за аплицирање пред јапонската Влада за одобрување на средствата за оваа намена. Македонската страна, пак, преку тим од Министерството за животна средина и просторно планирање подготви апликација за техничка и финансиска поддршка за изработка на физибилити- студија за рехабилитација и доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на пречистителната станица. Апликацијата ја достави до ЈИЦА, по што јапонски претставници дојдоа во Македонија со цел директно од терен да добијат релевантни информации за состојбата со колекторскиот систем и реалните потреби за негова функционалност. 

„Ги разгледавме сите аспекти на потребата за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро, сите критични точки околу влијанието на подземните и атмосферските води врз системот и секако потребата за негово комплетирање на македонска страна. Овие елементи се всушност и нашите цели утврдени во апликацијата. Добро е што сите надлежни институции, пред се' ’Проаква‘ која управува со системот, се фокусирани на исти цели. Сите се подготвени заедно со јапонската агенција да ја почнат изработката на физибилити-студијата, а потоа и во процес на донаторска координација за инвестиции за нејзина имплементација. Секако, за сето ова ќе биде потребно време, но се надеваме на техничка и финансиска помош во согласност со постигнатиот политички договор на двете влади. Ова е ретко добра шанса на оваа генерација да ја осигура иднината на Охридско Езеро од аспект на загадување со отпадни води и тоа не би смеело да се пропушти“, вели Дејан Пановски од Одделението на МЖСПП, од Охрид. (В.М)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05F25DD23F47BC429FA26FBFA48C3455




27.10.2011

Охридско Езеро мора да се заштити целосно

Колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро од отпадни води е стасан до населбата Пештани

Охрид - Досегашното функционирање на колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро од отпадни води покажа одредени искуства и слабости што треба да се имаат предвид при проектирањето и изградбата на останатите делници од двете страни на езерото, и од македонска и од албанска. На пример, централизираното прочистување со единствена пречистителна станица се покажа како многу скапо решение, особено што се прифати варијантата на механички, а не на природен одвод. Оттаму, преостанатите делови, најверојатно, ќе се решаваат со уште неколку секундарни пречистителни станици. 

Кога во 80-тите години на минатиот век почна проектирањето, а подоцна и практичната реализација на колекторскиот систем, замислата беше околу целиот езерски брег да се изгради колекторски прстен со една пречистителна станица кај селото Враништа, во близина на Струга. Системот се градеше етапно и во овој момент е стасан до населбата Пештани. Од македонска страна останаа туристичкото место Трпејца, потоа селото, населбата со вили и автокампот „Љубаништа“, како и комплексот „Свети Наум“. 

Македонија сега ги забрзува работите и до крајот на годинава би требало да заврши изработката на физибилити-студија за одведување на отпадни води на потегот од „Градиште“ до „Свети Наум“. Студијата ќе ја работи „Хидро енерго инженеринг“ од Скопје, а со неа ќе бидат разработени неколку технички варијанти со решенија за одведување на отпадните води во постојниот колекторски систем или, пак, нивно локално пречистување во населените места Трпејца и Љубаништа, автокамповите „Градиште“ и „Свети Наум“ заедно со комплексот „Свети Наум“. 

Според стручњаците, најдобро е да се пристапи кон локално третирање на отпадните води со изградба на мали пречистителни станици. Ваквите решенија ќе бидат од корист и за локалното население, бидејќи ќе биде земен предвид критериумот за најниска цена што ќе треба да се плаќа за одржување на системите, оценуваат во Центарот за развој на Југозападниот плански регион. 

Физибилити студијата е дел од регионалните проекти кои Бирото за регионален развој му ги одобри на Центарот за 2010 година. Со тоа ќе се создадат можности Центарот за развој, заедно со локалните самоуправи од регионот да пристапат кон барање средства за изведба на систем кој ќе обезбеди квалитетна вода во заштитените зони на Охридско Езеро. 

Соодветно учество во проектот ќе има и локалната самоуправа од Охрид. (В.М)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=15D2B6869CBDF24F9120F38801D407E9
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 10-Oct-2012 at 15:50
ЈП "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" ПОДГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА ПРЕ­ЧИС­ТИ­ТЕЛ­НА­ТА СТАНИЦА

Ќе секнат фекалиите во Вардар



Пре­чис­ти­тел­на­та станица во Скопје, конечно, ќе се гради. В година ќе се изработи основниот проект, согласно кој станицата треба да биде готова до 2018 година.

Со оваа инвестиција која, според првичните проценки на ЈП "Водовод и ка­на­ли­за­ци­ја", ќе изнесува 100 милиони евра, ќе се стави крај на излевањето фе­ка­лии директно во Вардар.
За таа цел, планирано е да се изградат два колектора од двете страни на ре­ка­та, во кои ќе се собираат отпадните води.
"Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати ква­ли­те­тот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити сту­ди­ите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар", изјави Стојан Ср­би­нов­ски, директор на "Водовод".
Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот Скопје и со не­кол­ку министерства.
Пред една недела, во населбата Горно Лисиче беше пуштен во употреба нов фекален колектор, кој ќе ги собира фекалиите од цела населба.

http://vest.com.mk/?ItemID=55B04383CEFA7642A39BA71248A5A908
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Oct-2012 at 23:53
Вардар за шест години ќе почне да се чисти од фекалии

До 2018 година, Скопје конечно ќе добие пре­чис­ти­тел­на­та станица, со што би се ставило крај на излевањето фекалии во реката Вардар. Основниот проект ќе се изработува догодина, а станицата би требало да почне да се гради во 2014 година.
Реализацијата на проектот ќе изнесува 100 милиони евра. Во план е изградба на два колектора од двете страни на ре­ка­та, во кои ќе се собираат отпадните води.
- Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати ква­ли­те­тот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити сту­ди­ите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар - изјави Стојан Ср­би­нов­ски, директор на ЈП „Водовод и канализација".
Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот и со не­кол­ку министерства.

http://www.plusinfo.mk/vest/61051/Vardar-za-shest-godini-kje-pochne-da-se-chisti-od-fekalii-
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 13-Oct-2012 at 14:37
пречистителна станица конечно ќе се изгради... за 6 години...
имааат ли смисла ваквите реченици?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-Oct-2012 at 14:03
Да го вратиме Вардар како пред 50 години

Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите отпадни води непреработени се испуштаат во самата река



ОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ТРУБАРЕВО
Лоша миризба, ѓубре, пластични шишиња, хартиени кутии, можат да се забележат по текот на реката Вардар. Нечиста и матна вода е ликот на реката Вардар, кој е целосно уништен. Сликата што може да се види однадвор, всушност е и потврда на она што во себе го содржат и водите на оваа река, чии примероци подложени на физичко-хемиска и микробиолошка анализа покажуваат дека водата е премногу загадена. Граѓаните постојано се жалат за непријатниот изглед на реката и дека е невидена еколошка катастрофа. Изградбата на пречистителната станица, која ќе биде лоцирана во селото Трубарево, е дел од проектот што би требало Вардар во делот на Скопје да го спаси од прекумерно загадување.

- Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите фекални отпадни води непреработени се испуштаат во самата река. Со нејзината изградба ќе се врати квалитетот на водата на реката Вардар како од пред половина век, па и повеќе - ни изјави новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Стојан Србиновски.

„Џајка“ го спасува Вардар

Во Скопје не постојат објекти за пречистување на отпадните води и затоа Вардар е загаден. Од претпријатието велат дека затоа и се обратиле за помош до јапонската влада, за изработка на студија за оправданост. Ваква пречистителна станица освен во Скопје нема ниту во Белград и Тирана. Причините за тоа што досега не е изградена станицата се дека немало доволно средства ниту за доградба на недовршениот колекторски систем за собирање на отпадните води.

Проектот го подготвува Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на студијата за оправданост направена од јапонската корпорација „Џајка“, според која проектот чини приближно 100 милиони евра. Според генералниот урбанистички план, локацијата на самата пречистителна станица е предвидена во селото Трубарево.

- За таа цел потребно е да се изградат два колектора на левиот и на десниот брег од градот и ќе се одведуваат до пречистителната станица и така прочистени ќе се испуштаат во реката Вардар - велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Реализацијата на проектот треба да започне следната година и да заврши до крајот на 2018-та. Откако ќе биде изградена, со неа ќе стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ - велат од претпријатието.

Заживување на флората и на фауната

Ако повозрасните скопјани го паметат Вардар по убавите градски плажи и капењето во проѕирно бистрата вода, овие генерации го знаат по неговата матна вода, по чија површина пловат најразлични отпадоци.
- Го паметам Вардар како доволно чист за да се плива во него, а сега има најмногу комунален отпад. Непријатниот мирис што се шири на одредени делови ја надополнува грдата слика - вели еден постар граѓанин.

Со изградбата на пречистителната станица од здравствен и еколошки аспект значително ќе се подобри квалитетот на водата.

- Тоа подобрување од една страна ќе значи заживување на флората и на фауната, создавање на потребните услови за нормален живот на рибниот фонд, подобрување на животната и човековата средина и воедно ќе значи и еден нов стил на живеење во градот - велат надлежните.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019121622142&id=14&prilog=0&setIzdanie=22709
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Oct-2012 at 20:38


Не знам од каде им е оптимизмот дека реализацијата на проектот ќе започне наредната година... 100 милиони евра од небо ли ќе паднат? Навистина за вакви проекти може да се надеваме на по некој грант и мек кредит, но досега немаме слушнато ама баш ништо конкретно на тоа поле. Инаку „Џајка“ не е корпорација туку јапонска агенција која токму преку грантови и меки кредити финансира вакви проекти за јадници како нас, но после грабежот што оној феудалецот од Кратово и го приреди на истата таа „Џајка“ која го финансираше хидросистемот Злетовица, прашање е дали од јапонциве може повторно да се надеваме на дарежливост. Ете изработиле студија за оправданост на проектот, но од таму до 100 милиони евра патот е мноооогу долг. Можеби поголеми шанси има нешто преку ЕУ, но повторно велам, засега нема никаква поконкретна најава, а толкави пари не се одобруваат преку ноќ, потребна е процедура и време...
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Oct-2012 at 20:45
Porano neka ne go gradat, oti posle ke sipat sole, i ke napravat MORE od VARDAR.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 01-Jul-2013 at 09:28

Изградба на две пречистителни станици

Општинарите од Илинден се ангажирани околу изградба на два сегмента од канализацискиот систем во населбите Илинден и Кадино. Се поставуваат канализациски цевки и шахти во должина од 8.000 метри и две пречистителни станици со капацитети од по 1.250 еквивалент жители.

Градежните активности треба да завршат до крајот на годинава.

„Пречистителни станици се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои зафаќаат мал простор. Нивна предност е што имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители, а прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините“, се вели во соопштението од Илинден. (Б.Ш.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CB255E1B40B2A546897213FF3B35E52F



Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Feb-2014 at 20:42

Колеторскиот систем ќе ги заштити водите на Охридско езеро

Со изградба на колекторски систем ќе се заштитува водата во Охридското езеро.Студијата за одведување отпадни води од Градиште до Свети Наум е изработена и претставува базичен документ за овој проект за изградба на тој систем или на пречистителна станица во Трпејца која што е жешка точка на охридското крајбрежје.Станува збор за проект кој Центарот за развој на Југозападниот плански регион го договори со германското техничко друштво за меѓународна соработка.

Од здружението на граѓани За Трпејца со љубов велат дека на овој начин ќе се стави крај на загадувањето на езерото а воедно ќе се зачува и квалитетот на водата за подобар развој на туризмот.

Според експертите,потребни се две години  за изградба на целиот систем од Градиште до Св Наум во висина од 2 милиони евра.

http://www.sitel.com.mk/mk/koletorskiot-sistem-kje-gi-zashtiti-vodite-na-ohridsko-ezero-0

Ме интересира колку време ќе го влечкат овој проект. Ако е навистина 2 милиони евра, смешно е вакви проекти да не се реализираат во најскоро време.


Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 09-Feb-2014 at 03:21


Ќе го влечкаат и тоа баајги како и сите останати проекти во земјава што се, нема нешто кај нас што не се влечка
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 09-Feb-2014 at 12:28
Јас мислам дека колекторот ќе го прават одма,не дека сакаат туку оти мораат заради проектот од Субрата Рој.Без Колектор отпадните води нема каде да ги носат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.