build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 21-Jul-2018 at 15:02
Originally posted by hcitrS

Бравос, одличен! Само Охрид како да фали? Или нема инфо?:

Во Охрид нема пречистителни станици, само пумпни станици. Тие што го опфаќаат Охридско-струшкиот регион се двете станици во Струга, поконкретно во с. Враништа. За жал и двете се пред распаѓање.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 21-Jul-2018 at 23:06
Originally posted by ironm

Во однос на општините, не сум баш сигурен дали те разбрав добро. Свети Николе е означена во Вардарски регион, а не во Источен. Лозово воопшто не е прикажана бидејќи нема пречистителна станица. Исто така не те разбирам најдобро за тоа дека Велес ја имам означено како Св. Николе. Велес се наоѓа југозападно од Св. Николе, односно лево на картата, а горе Св. Николе горе десно.

Ante scriptum: Секоја чест на трудот.


Зборам за картата. Ти си ја искористил, т.е. адаптирал картата на старата регионална поделба на Македонија (ако не се лажам пред 2007), каде Свети Николе и Лозово се дел од Источниот, а не Вардарскиот регион, иако податоците за Свети Николе ти се впишани во Вардарскиот регион. Спореди ја старата со новата поделба и ќе ја увидиш грешката.

Исто така, информацијата за Свети Николе на картата на Вардарскиот регион со стрелката ти е поврзана за Велес, а не Свети Николе.

Вака некако би требало да изгледаат исправките:



Edited by Staro Skopje - 21-Jul-2018 at 23:07
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 22-Jul-2018 at 12:41
Те разбирам сега Thumbs%20Up Во право си, се чини дека картите на Wikipedia не се ажурирани, ќе ја искористам картата од Завод за статистика, таму е најновата. Ќе го ажурирам инфографикот деновиве Yes
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 22-Jul-2018 at 17:06
Ажурирано, мислам дека добри се мапите сега.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 793
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 23-Jul-2018 at 02:15
Се гледа дека Вардар прима отпадна вода и од Гостивар и Тетово и Скопје. Прашањето е кога ќе се изградат пречистителни станици во овие три града колку Вардар ќе стане почист, тука мислам син наместо кафеав, со оглед на селата по течението на вардар помеѓу овие три града и како е во тие села регулирана канлизацијата.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 24-Jul-2018 at 16:05

@ ironm

Applause  Master
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 24-Jul-2018 at 20:53
Originally posted by ironm


Те разбирам сега Thumbs%20Up Во право си, се чини дека картите на Wikipedia не се ажурирани, ќе ја искористам картата од Завод за статистика, таму е најновата. Ќе го ажурирам инфографикот деновиве


Yes


Одличен инфографикон

А воедно откри и вредна грешка на Википедија, за која јас сега го известив колегата што ги прави овие карти
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 08-Aug-2018 at 07:30
https://www.porta3.mk/uspeshno-prochistuvanje-za-pochista-i-pozdrava-zhivotna-sredina/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 26-Sep-2018 at 13:28
Денес е пуштена во употреба уште една пречистителна станица, овојпат во Гевгелија.

Има капацитет за 30.000 жители, а инвестицијата е 10 милиони евра. Да се здрави и живи ЕУ и Швајцарија, ќе останевме цел живот во измет.

Отворање на пречистителна станица во Гевгелија by Влада на Република Македонија, on Flickr

Отворање на пречистителна станица во Гевгелија by Влада на Република Македонија, on Flickr
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3812
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 26-Sep-2018 at 14:52
Швајцарија се повеќе интервенира. Тие се даноци и од гастарбаитери. Од швајцарија може многу искуство да се собира особено кога се работи за ЗДРАСТВО и ГРАДЕЖНИСТВО.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 29-Sep-2018 at 19:40
Го ажурирав инфографикот со најновата станица во Гевгелија, покриеноста на Југоисточниот регион сега е најдобра од сите региони односно 75%, со релативно нова инфраструктура за разлика од Југозападниот.

Пречистителни станици за отпадни води v20180929 by ironm, on Flickr
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 29-Sep-2018 at 20:51
Секоја чест за трудот!
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 11-Dec-2018 at 22:40
Владата го презеде управувањето со колектерскиот систем

Владата на Република Македонија, на денешната 107-ма редовна седница донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води. Новото јавно претпријатие, ги презема сите обврски и во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „Проаква“, кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на Владата на Република Македонија и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга ќе формираат нови јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.

Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и стручната јавност, бидејќи со формирањето на новото јавно претпријатие се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.

https://www.ohridnews.com/vladata-go-prezede-upravuva-eto-so-kolekterskiot-sistem/


Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 28-Jan-2019 at 11:23
Кое е вашето мнение за системот за прочистување на отпадна вода претставен на ова видео? (урл-то доколку не ви отвора нешто: https://www.youtube.com/watch?v=arVtT-RCc7k)

Накратко, бидејќи немам ни вокабулар за да го опишам, системот се заснова пред се на разградувачката моќ на трските и воедно нивната отпорност на загадување. Системов го имам видено применет во Босна во еден младински хостел в планина, значи на многу мала скала, но функционираше беспрекорно, барем од аспект на смрдеа
Помирен сум со фактот дека селата во Македонија, пред се планинските, нема никогаш да добијат канализација. Дали ова мислите дека може да е едно релативно ефтино решение за барем прелиминарно прочистување на водата во помали места? Поискусни познавачи?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 28-Jan-2019 at 20:48
Ова е нешто што самата природа го создала како начин на прочистување на водите. Така што неговата вештачка имплементација несомнено ќе даде позитивни резултати. Најдобар пример во Македонија е блатото (wetland на англиски) во Охрид - Студенчишта. Нажалост изминативе 20 години со големи чекори се уништува тоа блато и еко групи како Охрид СОС се борат за негово зачувување. Го нарекуваат природен филтер и белите дробови на езерото - доволен опис за неговото значење. А сите региони со трска (покрај тие во блатото) се многу значајни и за развојот на фауната во кој било воден басен. Во Охрид целокупниот мрест се одвива во трската.

Не сум експерт на темата, знаењето го црпам од случувањата во Охрид, но мојот одговор е - се разбира. Најмалку што може да се направи за пречистување на еден воден басен (од каков и да е размер) е одржување или создавање на блато. Еден од поголемите проблеми во селските средини се земјоделските хемикалии, а блатото е способно да ги апсорбира и разгради во сопствениот седимент со помош на бактерии и микроорганизми, но до одредено ниво.

Потребна е едукација за вакво нешто којашто нас очајно ни недостасува. Блатото во Охрид е прекриено со расадник од Охридски Комуналец, асфалтиран пат, поплочена пешачка патека со гранит, асфалтирани велосипедски патеки, паркинг, бетонирани "плажи" и еден куп ѓубре од пластика и гума. Големи предели со трска беа уништени (запалени) во изминативе десетина години заради приватизацијата на плажите. Ако не се грижиме за постоечките блата, тешко дека ќе ја видиме вредноста во нови.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 04-Feb-2019 at 17:53
Не е баш темата за тоа, но што бидна со парите што ТАВ Македонија требаше да ги инвестира за карго аеродромот во Штип, а подоцна мистериозно беа пренаменети за канализации.

Барем „Билд“ нека праша официјално, ние вака си коментираме на празно
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 327
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 04-Feb-2019 at 18:45
Колку што сум јас во тек тие ќе бидат инвестирани годинава. Сите општини треба да пратат спремни проекти до Влада кои потоа ќе одберат кои проекти ќе се финансираат. Мислам дека приоритет ќе имаат оние општини со најнизок БДП заради рамномерен развој. Дали ќе се потрошат сите пари зависи од тоа колку се спремни општините со проекти.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 22-Feb-2019 at 11:08
Објавен првиот тендер за изградба на прочистителна станица во Битола

По електронски пат објавен е оглас за склучување на договор за услуги за избор на Надзорен орган за градежни работи за прочистителната станица и рехабилитација и надградба на канализациона мрежа во општина Битола. Вредноста на договорот е со максимален предвиден буџет до 1 300 000 евра. Огласот е објавен од вчера. По ова, наскоро ќе следува тендерска постапка за изградба на пречистителна станица, која ќе биде поделена во два дела, односно првиот ќе биде за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Битола, а вториот за изградба и реконструкција на колекторски систем.

Вкупната проектирана вредност за проектот изнесува 28,7 милиони евра, а истиот е финансиран од ИПА 2 оперативната програма за заштита на животната средина и климатски промени 2014 – 2020.

Според проектираната динамика, изградбата се планира да биде завршена за две години, по што ќе следува едногодишен период на пробно ставање во функција со цел отстранување на евентуални дефекти или други проблеми, по што објектот ќе биде предаден на Општина Битола.

За да може да отпочне конкретната реализација на тендерските постапки и да се пристапи кон изградба на пречистителната станица, Општина Битола од сопствениот буџет обезбеди средства за експропријација на земјиштето.

Пречистителната станица во првата фаза ќе ги третира отпадните води од Битола и селата Горно Оризари, Долно Оризари и Кравари, додека во втората фаза предвидено е опфаќање и на селата Карамани, Буково, Лавци и Брусник.

Реализацијата на овој проект ќе овозможи петтиот канал да биде 95 % чист, прочистување на реката Драгор, а со тоа се пристапува и кон решавање на дел од големите проблеми чии загрижувачки податоци се дел од Локалниот еколошки акционен план, донесен од Советот на Општина Битола.    


apla.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.