build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Колектори и пречистителни станици
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Колектори и пречистителни станици
    Posted: 24-Feb-2008 at 02:57

Пречистителната станица во Трубарево ќе чини 95 млн. евра


Загадувањето на Вардар, доколку не се реализира овој проект, до 2020 година ќе се зголеми за три пати

Се предвидува по течението на Вардар да се изградат четири пречистителни станици

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево и дневното управување со неа би чинело околу 95 милиони евра, превидува Студијата за управување со отпадни води во Скопје. Документот, кој се изработува со донација од јапонската влада, а го изготвува тим на јапонската Агенција за меѓународна соработка - Џајка, предвидува изградба на четири пречистителни станици во Скопје - сите по течението на Вардар: Централната ќе биде во Трубарево, а другите три во Сарај, Ѓорче Петров и во Драчево. Објектот во Сарај би чинел 13,5 милиони евра, во Ѓорче Петров 400 илјади евра, а во Драчево 3,5 милиони евра. Според податоците во студијата, за изградба на станицата во Трубарево се потребни 35 хектари слободно земјиште, од кое 15 хектари ќе се намени за лоцирање на сушилниците. За јапонскиот тим просторот не е проблем, бидејќи веќе е обезбеден и внесен во урбанистичките планови. За потребите на пречистителната станица треба да се изградат и два колектора, по должината на левиот и десниот брег на Вардар, почнувајќи од мостот „Близнак“.

„Вардар е најголем реципиент на отпадна вода во Скопје и околината поради што и оваа студија е од огромно значење. Познат е фактот дека само 17 проценти од општините во Македонија имаат адекватен третман на отпадните води“, истакна Миле Јакимовски од Управата за животна средина, на вчерашната презентација на студијата.

Јапонските експерти изработката на документот ќе ја завршат за една година, кога ќе започне втората фаза на аплицирање во фондовите за обезбедување на потребните финансии за изградбата. Според предвидувањата, доколку не се реализира овој проект до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми за три пати. (С.Н.)



Edited by Cloverstack - 04-Jul-2009 at 18:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Oct-2008 at 11:53
ВЛАДАТА ЌЕ ВЛОЖИ 31 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ И КАНАЛИЗАЦИИ
Водата од Вардар ќе се пие
До крајот на 2011 година треба да се изградат канализација и пречистителни станици на Вардар во Ѓорче и Сарај, да се изградат колектор за прочистување на отпадните води и камени каскади на речното корито

Министерството за животна средина најави дека во мај следната година ќе почне со изградба пречистителна станица за отпадни води во реката Вардар во Ѓорче Петров за да се заштити од загадување бунарскиот систем на реката Лепенец. Пречистителната станица ќе се гради во населбата Прижна, а средствата за реализација на проектот ќе ги обезбеди Владата. Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, вели дека освен пречистителна станица, во Ѓорче Петров треба да се доврши и изградбата на канализациската мрежа, која почнаа да ја градат општинските власти.
"Ние ќе ја градиме пречистителната станица, а канализациската мрежа треба да ја заврши Министерството за транспорт и врски. Локацијата за пречистителна станица е веќе одредена, обезбедени се средства за експропријација, тендерската документација се подготвува, и очекуваме во април или најдоцна во мај да почне градбата. Вкупната инвестиција во Ѓорче ќе биде околу 8 милиони евра", вели Лепиткова.
Таа објасни дека, според планот на Владата за подобрување на квалитетот на водата во реката Вардар, било договорено во 2010 година Министерството за екологија во Општина Сарај да изгради пет до шест помали пречистителни станици, а Министерството за транспорт и врски да изгради канализација.
"Во Ѓорче работите треба да завршат до крајот на 2009 година, во Сарај до крајот на 2010 година, а веќе во 2011 година Министерството за транспорт и врски да изгради голем колектор на Вардар за прочистување на отпадните води, а нашето министерство да направи камени каскади. За овој проект планирано е за трите години да се одвојат околу 31 милион евра, а со негова реализација треба да се намали загадувањето на Вардар и да се подобри квалитетот на водата во реката", вели Лепиткова.
Од Министерството велат дека со изградбата на пречистителните станици и канализациски мрежи во Ѓорче и во Сарај и со изградбата на камените каскади во Вардар и колекторскиот систем до Трубарево, квалитетот на водата во реката треба да се доближи до вода за пиење.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158663&idg=8&idb=2506&rubrika=Skopje

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Dec-2008 at 20:18
Камен темелник на прочистетелна станица во Наколец PDF Испечати Е-маил
  ImageВо селото Наколец денес (вторник, 16 Декември 2008) во 14 часот ќе биде удрен камен темелник на прочистетелната станица на Преспанското Езеро.

На свеченоста ќе присуствуваат Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Димитар Бузлевски, Координаторот на УНДП за Македонија, Г-ѓа Марија Луиза де Силва, како и Министерот за Екологија Г-дин Неџати Јакупи.

Во рамките на проектот “Интегрирано управување со еко-системот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција” , активно се работи и на подготовките за старт на изградбата на пречистителната станица во селото Наколец, на брегот на Преспанското Езеро.
 
-Во изминатиот период изработена е комплетната проектна документација потребна за организирање и реализација на градежните работи. Најпрво се изработи физибилити студија во чии рамки се изврши споредбена анализа на неколку алтернативни технологии за третман на отпадните води и се избра најоптималното решение кое ги има  предвид капиталните, т.е. инвестиционите трошоци, но и трошоците за идното работење и одржување на системот. Воедно беше направена анализа на организациската поставеност и поделбата на одговорностите заради обезбедување на непречена работа на пречистителната станица по нејзината изградба. Избрана е и технологија која  целосно ќе се вклопи во природното опкружување на избраната локација- вели Димитрија Сековски, раководител  на проектот.
 
Тој додава дека паралелно со изработката на студијата, претставници на локалното население од Општината Ресен и Министерството за животна средина и просторно планирање имале можност подобро да се запознаат со деталите околу работата и одржувањето на сличен систем за третман во рамките на посетата на Нови Сад која беше претходно предвидена.
 
-По финализирањето на студијата, беше изработена потребната техничка документација (основен проект за пречистителната станица во с. Наколец) која беше ревидирана и потврдена како особено квалитетна од страна на Градежниот факултет во Скопје. Веднаш по изработката и ревизијата на основниот проект, успешно беа финализирани тендерските постапки за избор на изведувач и технички надзор.

Со оглед на тоа што и постапките за издавање на потребните дозволи за градба се завршени, градежните работи на терен официјално отпочнуваат на 16 декември 2008 година. - објаснува Сековски.
 
Инаку, средствата за изградба на пречистителната станица се обезбедени во рамките на гореспоменатиот проект финансиран од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) кој се реализира од страна на Програмата за  развој на Обединетите нации (УНДП), поточно проектната канцеларија во Ресен.
 
Еднаков важен придонес во напорите за реализација на системот имаат и Министерството за животна средина и просторно планирање, Општината Ресен и локалното население од селото Наколец.

-Ресорното министерство обезбеди значајни средства за набавка на цевководи и шахти за изградба на канализациона мрежа во должина од над 4 км. Тендерската постапка за најповолен снабдувач на градежни материјали  е во завршна фаза и локалната заедница од селото Наколец ја презеде одговорноста за ангажирање на градежна компанија која ќе ги изведе ископите на рововите во кои ќе се положат канализационите цевки и шахти обезбедени од Министерството. Општината Ресен пак го водеше целокупниот процес за обезбедување на дозволите потребни за отпочнување со градежните работи на терен, како за канализацијата, така и за пречистителната станица - додава Сековски. 
 
Соработката на сите вклучени страни кои работат на финализацијата на проектот, беше потврдена и со потпишувањето на Меморандум за соработка потпишан од Министерството за животна средина, Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски и претседателот на месната заедница од селото Наколец.
 
Изградбата на целокупниот систем (канализација и пречистителна станица) ќе биде од суштинска важност како за подобрување на квалитетот на живот на локалното население, така и за заштитата на животната средина, а особено на природните водотеци низ селото и на самото Преспанско Езеро.

PrespaSky,
16/12/2008

http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4562&Itemid=71


Edited by La Linea - 20-Dec-2008 at 20:20
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Jan-2009 at 20:03
Пуштена во употреба пречистителната станица кај Езерото Младост.

Пречистителната станица кај селото Навачани е готова и деновиве започна да работи. Со овој потег конечно се стави крај на проектот, изградба на пречистителна станица и колекторки систем околу Езерото Младост.

Целта на проектот е трајно да се реши проблемот со отпадите води на сите населени места оклолу езерото, Отовица, Сујаклари, Кумарино и Иванковци. Со колекторскиот систем опфатени се мотелите и центарот за обука на Прокредит банка.

Во изградбата на пречистителната станица и колекторскиот систем вложени се 600 илјади евра. 500 илјади се обезбедени од Европската Унија додека 100 илјади се буџетски средства од општина Велес.

Цефководот за колекторот околу езерото се градеше повеќе од две години. Долг е над 8,5 колометри.

Од локалната самоуправа најавија дека свечено пуштање во употреба на објектот нема да има, за тоа да не се протолкува како политички маркетинг.

Пречистителната станица е лоцирана под селото Новачано откако жителите од тоа населено место своевремено протестираа за локацијата, која беше предвидено да биде над селото ипостоеше можност да им ја загади водата за пиење.



Ова е веројатно за оваа нишка, инаку преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=2551
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Jun-2009 at 08:00

Словенечки „Рико“ ќе гради пречистителна станица во Волково

Системот за пречистување ќе биде идентичен на оној во општината Трбовле во Словенија

Деспина Трајковска

За најмногу две години во Волково ќе биде изградена пречистителна станица која ќе ги прифаќа отпадните фекални води од Волково, Стопански Двор и од Кисела Јабука и потоа пречистени ќе ги испушта во реката Лепенец. Словенечки „Рико“, кој ја доби довербата да го изгради пречистителниот систем, очекува за десетина дена да заврши постапката на експропријација на дел од земјиштето каде што ќе се гради објектот. Пречистителната станица во Волково ќе работи на идентичен принцип како системот за прочистување кој неодамна е изграден во општина Трбовле во Словенија, проект изведен од „Рико“.

Андреј Иванц, раководител на еколошкиот сектор во компанијата, објасни дека пречистителниот систем во Волково ќе се разликува од тој во Трбовле единствено по бројот на изведени базени. Словенечкиот пречистителен систем има четири базени, а за потребите на системот во Волково ќе се изведат два базена.

„Разликата во бројот на базени е поради природата на теренот. Локацијата во Волково е пространа и доволно ќе биде да се изведат два пошироки базена, додека кај нас, тоа го изведовме со четири потесни базени, поради ограничената широчина на теренот. Останатиот принцип на работа, од прифаќање на водите до нивно испуштање ќе биде речиси идентичен. Ќе биде имплементирана СБР-техника, една од најсовремените, која истовремено ги исполнува и европските еколошки стандарди. Пречистителната станица во Волково ќе има капацитет од околу 20.000 еквиваленти“, објасни Иванц, кој по посетата на пречистителниот систем во Трбовле истакна дека системот неодамна е пуштен во употреба и се наоѓа на шестмесечен тест-период. Три месеци, пак, ќе бидат потребни за процесот на пречистување да ги даде првичните очекувани резултати.

Иванц додаде дека не очекува никакви проблеми при изведбата на проектот во Волково оти, како што истакна, „Рико“ како изведувач на системот има одлична соработка со надлежните во Македонија. Како доказ за тоа е и донацијата од 1,5 милион евра за пречистителниот систем во Волково од Владата на Словенија. Останатите средства за проектот, кој вкупно чини 5,5 милиони евра, се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Соња Лепиткова, заменик-министер во МЖСПП, вчера изјави дека очекува експропријацијата на земјиштето во Волково да заврши за десетина дена, по што на изведувачот ќе му се отстапи теренот за работа.

„По завршувањето на експропријацијата Словенците веднаш ќе стартуваат со работа, со испитување на терен, со изработка на основен проект, обезбедување градежна дозвола. Планирано е проектот да биде целосно готов за две години“, изјави Лепиткова и објасни дека со изградбата на системот ќе се заштитат од загадување подземните води, со што автоматски ќе се гарантира и исправност на водата за пиење од бунарите кај Лепенец. Според Лепиткова, изградбата на оваа станица и планираните пречистителни станици во Сарај, ќе создадат услови за изградба на предвидените каскади во Вардар.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=84714E53AA4CA34999E8EF947F057C8C


Edited by Cloverstack - 04-Jul-2009 at 18:35
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Jul-2009 at 10:07
 

Вардар ќе се загадува уште 10 години

Се предвидува пречистителната станица да почне да се гради во 2014 година,но само ако се најдат потребните 100 милиони евра од разни фондови, донации и кредити

Вардар уште десетина години ќе се загадува со отпадните и фекалните води од Скопје, кои со децении се испуштаат во нашата најголема река директно, без пречистување. Дури во 2014 година се очекува во Трубарево да почнат градежните работи за пречистителна станица за отпадните води, а самата изградба ќе трае неколку години. Според Студијата за влијанието на отпадните води врз животната средина, изработена за потребите на Министерството за животна средина, за проблемот нема други алтернативи. Посочено е дека ако не се преземе никаква акција, односно не се изгради пречистителна станица, квалитетот на водата во Вардар до 2020 година значително ќе опадне.

Во Локалниот еколошки акциски план за градот Скопје, изработен пред пет години, стои фрапантниот податок дека во реката секој ден се слеваат по 91.000 кубни метри фекална непречистена вода, со што таа постојано се загадува. Законот за водите забранува секакво испуштање отпадни води што можат да предизвикаат заразни и паразитски болести и им наложува на правите и физичките лица што испуштаат отпадни води да градат објекти и постројки за нивно пречистување. Од друга страна, во Студијата е посочено дека Вардар тече и низ Грција, земја-членка на ЕУ, па соодветно со европската регулатива, отпадните води ќе бидат контролирани од соодветна европска комисија, што може да наметне потреба и од дополнителни третмани на отпадните води, односно да мора од нив да се отстрануваат азотот и фосфорот.

Системот Ќе чини 100 милиони евра

Проектот за одведување и обработка на отпадните води во Скопје е утврден како еден од највисоките приоритети во Националната стратегија за инвестиции во животната средина, која неодамна беше промовирана од Министерството за екологија.

- Според предвидената динамика, во 2010 година треба да се направи избор на консултант. Проектната документација треба да биде готова во 2011 година, кога ќе се распише конкурс за избор на изведувач. Паралелно, во текот двете години треба да се изврши експропријација на земјиштето. Предвидено е градежните работи за колекторите да се изведат во 2012 година, а градежните работи за пречистителната станица да почнат во 2013-2014 година. Во наредните две години, пак, 2015 и 2016, треба да се изведуваат машинските и електричните работи - вели Каја Шукова, раководител на секторот за одржлив развој и инвестиции во Министерството за животна средина.Вкупниот систем ќе чини над 100 милиони евра.

Засега е изработена Физибилити студија за управување на отпадните води во Скопје и Студијата за оценка на влијанието на таквото управување врз животната средина. Физибилити студијата почна да се работи во 2007 година, предадена е во почетокот на оваа година и се очекува Владата наскоро и формално да ја одобри.

Според Студијата, системот за управување со отпадните води ќе се состои од два главни колектори, систем за третман на отпадните води и милта и пречистителна станица. Колекторите ќе бидат поставени од левата и од десната страна на Вардар, под постојните патишта и во нив ќе се собира и ќе се води отпадната вода. Левиот ќе биде долг 5.230 метри, а десниот 4.030 метри. За десниот колектор да ја премине реката се предвидува изградба и на сифон. На главните колектори ќе се постават комори за одвојување на атмосферската вода со преливник, преку кои отпадната вода ќе се води до пречистителната станица, а атмосферската ќе се испушта во реката. Пречистителната станица ќе се гради во близина на селото Трубарево, на левата страна на Вардар, на површина од 57 хектари.

Пречистување со механички и биолошки третмани

Во станицата водата ќе се пречистува со примарен и со биолошки третман.  Пречистувањето на водите во главната станица ќе се врши со конвенционален процес со активна мил, односно со примарен и биолошки третман. Примарниот се состои од решетка за крупни материи и примарен таложник, а биолошкиот се состои од аерациони базени, секундарен таложник и дезинфекција. Третманот на милта ќе се состои од згуснување, дигестија со анаеробен процес и природно сушење на полиња за сушење мил - објасни Шукова.

Доколку милта не содржи опасни материи ќе се депонира на депонијата „Дрисла“, а во спротивно, привремено ќе се депонира на самата локација. Биогасот што се добива при процесот на дигестија ќе се користи за производство на енергија.За да се заштитат постројките на пречистителната станица од поплави се предвидува и проширување на одбранбениот насип на левата страна на Вардар.

- Со изградбата на пречистителната станица водата што ќе се испушта во реката Вардар ќе биде со квалитет од втора категорија - нагласи Шукова.Водите на Вардар низ Скопје се со квалитет од втора и трета категорија, а на местото каде канализацијата се влева во реката, водата стасува до загаденост од петта или вон категорија. Парите за изградба на комплексниот систем ќе се обезбедуваат преку ИПА-фондовите. Шукова вели дека заинтересирана за помош била јапонската влада, која би одобрила кредит преку Јапонската инвестициска банка. Дел од парите би инвестирал и Градот Скопје. Главен носител на проектот ќе биде Градот Скопје, бидејќи по изградбата на целиот систем со него ќе управува градското претпријатие „Водовод и канализација“.Од Градот велат дека засега проблемот со обработката и одведувањето на отпадните води го решаваат со неколку проекти за проширување на колекторската мрежа.  Во горниот тек на Вардар веќе се градат помали пречистителни станици, како што е примерот со Волково, а ќе се гради канализација и во Сарај - велат во Одделението за односи со јавноста во Градот.Оттаму велат дека во наредните четири години ќе изградат повеќе делници од колекторската канализациска мрежа.

СТАВ
Во ЕУ не се оди со мртви реки

Скопје мора да се справи со загадувањето на реката Вардар предизвикано од децениското испуштање на непрочистените отпадни води. Во спротивно, до 2020 година Вардар ќе стане мртва река.Досега надлежните креваа рамења и се откажуваа, што од страв поради сложеноста на проектот, што поради неговата цена, притоа занемарувајќи го здравјето на граѓаните и заштитата на природата. Сега работите конечно полека се придвижуваат, но утврдените рокови и потребната сума за изградбата на системот не влеваат многу оптимизам. Станицата ќе се гради, но само ако се најдат потребните 100 милиони евра, а работата ќе почне дури за шест години. Станицата за пречистување на отпадните води е скапа, но здравјето на граѓаните е бесценето. Затоа е горчлив фактот што власта е подготвена да фрли тешки милиони за споменици и згради, но не сака да даде ниту денар за нашата најголема река. Сепак, утешува тоа што сите влади досега покажаа подготвеност нешто да сменат откако Европа тоа ќе им го наложи, па за интегрирањето во ЕУ власта, сакала-нејќела, ќе мора да најде начин да го избистри Вардар.

Анела Петрова

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Jul-2009 at 18:37
Верувам се работи за оваа локација

41°58'36.40"N   21°30'42.53"E


Edited by Cloverstack - 04-Jul-2009 at 18:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Aug-2009 at 10:52
ГРАДОТ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕ НА РЕКАТА
Со каскади Вардар ќе се прави подлабок

Со изградба на каскади, кои треба да го задржат поголемо нивото на водата во летните месеци, градските власти планираат да му дадат нов естетски изглед на Вардар. Проектот каскадни прегради, вклучен во програмата на градоначалникот Коце Трајановски, е замислен за да го реши проблемот со фекалните води, кои ја загадуваат реката. Според објаснувањата од надлежните, каскадите се, всушност, последниот дел од проектот, а претходно треба да се изгради канализација во руралниот дел на општина Ѓорче Петров и да се направат две прочистителни станици, едната во оваа општина, а другата во Сарај. Во Министерството за транспорт и врски, од каде што се префрлаат парите за проектот, велат дека со последниот ребаланс на буџетот се одобрени 60 милиони денари, односно околу еден милион евра за изградба на канализација во општина Ѓорче Петров. - Станува збор за руралниот дел од општината каде што воопшто нема никаква канализација. Тоа се населените места Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково, Пржина, поточно од железничката станица во Волково до вливот на Лепенец во Вардар. Мрежата треба да е во должина од вкупно 60 километри и е проценато дека ќе чини 12 милиони евра, а заедно со неа треба да се изгради и прочистителни станица и“објасни Сокол Митровски, градоначалник на општина Ѓорче Петров. Во општината велат дека за пречистителната станица, која е проект на Министерството за животна средина, веќе е избран изведувач, словенечка фирма, а изградбата чини околу шест милиони евра. - Идејата е прво да се исчисти водата на Вардар, а дури потоа да се постават преградите, во централното градско подрачје. Со изградбата на фекалната канализација ќе се овозможи подобар третман на водите на Вардар и тие да бидат од втора или од трета категорија, а воедно и ќе се заштитат бунарите Нерези - Лепенец од кои Скопје се снабдува со питка вода и“додава Митровски. Во град Скопје велат дека се уште немаат информации за димензиите на преградите и како ќе се поставуваат, затоа што проектот се уште само се разгледувал. - Прво треба да се изгради колектор и да се доврши канализациската мрежа. Кога ќе се тргнат отпадните води ќе може да се направат каскадите. Со нив ќе се зголеми нивото на Вардар, водата повеќе ќе се задржува во коритото, затоа што нејзиниот тек ќе се забави. Но, не сме во фаза на, условно речено, проект за изведба, туку се уште го разгледуваме и“вели Неделчо Крстевски, портпаролот во град Скопје. Сегашната состојба со водата во Вардар покажува дека на некои мерни места таа е од втора или од трета категорија, но сепак, во летните месеци квалитетот се намалува и достигнува четврта или петта категорија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1800&ArticleID=120789
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Sep-2009 at 08:15
Европски пари за прилепска филтер-станица

Пречистителна станица за отпадните води на Прилеп ќе биде изградена со поддршка на ЕУ до крајот на 2012 година. Прилеп е првата општина која доби потврда од Брисел дека ќе следи градба на филтерска станица во вредност од 20 милиони евра, од кои дел ќе бидат европски пари. Во рамките на проектот е предвидено обновување на постојната и градба на нова канализациска градска мрежа.

- Добивме потврден одговор дека проектот е прифатен од ИПА- фондовите на ЕУ. Веќе е потпишана и спогодба - изјави Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп.

Стручњаците велат дека ќе се третираат отпадните води на реките Оревоечка, Дабничка и Селечка, кои сега се мртви и се загадени до петти степен. Се очекува квалитетот на водата да се искачи на ниво од втора категорија. Веќе е обезбедена локација од околу седум хектари кај месноста Орушица.

- Во тек е тендерска постапка за избор на изработувач на главниот проект вреден 850 илјади евра. Постапката ја води делегацијата на ЕУ во Македонија - рече Ристески.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=190DD2228302FD488A9B789EE010ECF0&arc=1

Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Nov-2009 at 19:34

Македонија и Грција заедно ќе го чистат Вардар

Сузана Тасева Коментари (0)   
10.11.2009 17:32
 

 

Македонија и Грција заедно ќе градат пречистителна станица на реката Вардар. Ова значи дека идејата стара четири години и практично почна да се реализира.

Проектот тежи околу десет милиони евра,а финансиски го поддржуваат владите на Македонија,Грција и Швајцарија.

„Значењето е огромно, затоа што знаеме тие се стандарди кои што ги пропишува Европската унија,а значи дека секоја вода која ќе биде пуштена во реките мора да биде минимум категорија иста како таа што е во реката“, рече Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Грција веќе испратила позитивен сигнал за учество во проектот.

„Ние веќе имавме официјална средба со претставници на грчката амбасада и претставници на грчката влада и тие ја потврдија поддршката,грантот што е доделен во 2005 година и понатамошната поддршка ни е искажана“, вели Неџати Јакупи министер за животна средина.

Градежните работи на брегот на Вардар веќе стартуваа со изградбата на колекторот за отпадни води до пречистителната станица.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116092



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Nov-2009 at 13:08

Битола ќе добие колекторски систем

Општина Битола ќе гради пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води што се собираат во таканаречениот петти канал, кој минува низ битолскиот дел на Пелагонија.

- Овој долгогодишен проблем мора сериозно да се третира и затоа почнавме со изработка на проект за пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води. Помош и поддршка добивме од владата на Република Словенија и од словенечката фирма „Рико“, како и од македонската Влада и од Министерството за животна средина - вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Изградбата на пречистителна станица за отпадните води во голема мера ќе ги промени еколошките состојби во Пелагонија, потенцираат агроекспертите од овој крај.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8F0C96DE8AB809499A38E89F9C7B33CA
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Dec-2009 at 21:16
Европски пари за комуналните проблеми

ПРИЛЕП - Прва општина во државава што ќе ги користи бенефитите на европските фондови е Прилеп. Шест милиони евра ќе бидат наменети за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Овој проект, за чија целосна реализација се потребни 18 милиони евра, долго време се најавува и има огромно значење за решавање на градските комунални проблеми.

Она што се знае е дека идната година почнува изградба на пречистителната станица, завршува во наредните две, а дека најголем дел од инвестицијата, 12 милиони евра, ќе обезбеди државата.

Станува збор за прв проект со кој Министерството за животна средина конкурира пред европските фондови за развој. „Реализацијата овозможува пречистување на градската река и враќање на живиот свет, доизградба и реконструкција на канализационата мрежа.

Сите земјоделски култури кои во иднина ќе се произведуваат во прилепското поле ќе се наводнуваат со пречистена вода. Тие ќе бидат еколошки чисти, според сите стандарди, и ќе може да се извезуваат на пазарите во Европската унија“, истакнува градоначалникот Марјан Ристески.

Според информациите, пречистителната станица ќе биде комплетно автоматизирана, а во управувањето ќе бидат ангажирани само десетина работници.

„Со пречистителната станица ќе раководи ЈП ‘Водовод и канализација‘. Уште сега почнуваат подготовки за едуцирање на техничките кадри“, додава Ристески. (Мн.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED248B6D6E71904A8D8CDAC77134C84E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Jan-2010 at 18:07
ПРЕПУМПНАТА СТАНИЦА ВО АЕРОДРОМ НИКАКО ДА ПРОРАБОТИ

Жителите на Горно Лисиче пак се дават во фекалии

Општина Аеродром вети дека во текот на месецот ќе го пушти во упот­ре­ба колекторот за прифаќање на отпадните води во населбата. Откако почнаа дождовите и снеговите, на Василе Ѓуровиќ нема су­во делче

Жи­те­ли­те на населбата Горно Лисиче годината ја започнаа до гуша заг­ла­ве­ни во фекалии оти Општината уште не ја изгради препумпната станица за собирање на отпадните води. Иако, според најавите на гра­до­на­чал­ни­кот на Аеродром Ивица Коневски, уште пред еден месец на десниот брег на Вардар требаше да се пушти во употреба колекторот за прифаќање на фе­кал­ни­те води, тоа уште не се случи.
Ули­ци­те и натаму се претворени во бари, на кои, откако почнаа дож­до­ви­те и снеговите, нема суво делче. Во најлоша состојба е улицата Василие Ѓу­ро­виќ, на која со месеци стојат вирови од кал.
Та­мош­ни­те жители велат дека освен тоа што од водата не можат да си вле­зат дома, се плашат и да не почне да се шири зараза.
"Со месеци пливаме во фекалии. Ова веќе е неподносливо. До врат сме заг­ла­ве­ни во нечисти и смрдливи води. Општинарите почнаа да ја градат пре­пум­пна­та станица, но како што се одвиваат работите, по сe изгледа дека ниту го­ди­на­ва нема да се реши проблемот", се жалат жителите од Василие Ѓу­ро­виќ.
Од Општина Аеродром велат дека постојано ја контролираат изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче и најавија оти овој месец таа ќе про­фун­кци­о­ни­ра.
"Во текот на месецот конечно ќе ја пресечеме лентата и ќе им ставиме крај на долгогодишните проблеми на лисичани со прифаќањето на от­пад­ни­те фекални води", велат од Аеродром.
Пре­пум­пна­та станица, која пред неколку месеци почна да се гради во Гор­но Лисиче, е заедничка инвестиција на Министерството за транспорт и вр­ски, Град Скопје и на Општина Аеродром.
(М.Ѓ.)
http://vest.com.mk/?ItemID=939773BA7455DA4C8DC40228D64F35E6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Feb-2010 at 21:04

Ќе се градат шест пречистителни станици

Шест пречистителни станици ќе се градат во Куманово, одлучи Советот на општината. Советниците вчера ја изгласаа студијата за решавање на отпадните води со изградба на шест пречистителни мини-станици во реоните Романовце-Агино Село-Бразк, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.

Донесена е одлука и за задолжување на општината за изградба на станиците со 4 милиони евра, колку што е и дозволено согласно со Законот за јавен долг. Вкупно за изградба ќе бидат употребени 7,5 милиони евра. Дел од потребните средства ќе бидат обезбедени преку грант од австриската влада во износ од 700.000 евра, а дополнителни средства општината планира да собере преку ИПАРД-фондовите, наменети за заштита на животната средина.

Со овој проект Куманово ќе биде единствена општина во државата што ќе го реши проблемот со отпадните води, со оглед на фактот што веќе неколку години во Куманово функционира пречистителна станица, но е наменета само за градот.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C8E4F2D441F7524489FBA3821E082A31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Mar-2010 at 02:26

Фосфорот ќе го претвори Охридско во мочуриште



Езерските води остануваат без кислород како резултат на се' поголемо присуство на фосфор, кој се влева со отпадните и фекалните води, предупредуваат експертите
Охридско Езеро останува без кислород како резултат на се' поголемото присуство на фосфор, кој влегува во водата преку фекалиите чие влевање деновиве кулминира поради незавршениот колектор. Системот за пречистување веќе не е способен да ги прими сите отпадни води од градот и околните места, кои сега непречистени се влеваат во езерото. Надлежните во општината предупредуваат дека надојдените води значително го оштетиле колекторскиот систем, кој поради огромната оптовареност секој момент може да доживее крах.

Покрај ова, отпадни и фекални води се испуштаат во езерото и од повеќе населби што не се опфатени со колекторот. Екологистите упатија алармантни предупредувања откако лани беа измерени мошне високи вредности од 13 милиграми фосфор во еден кубен метар вода, што е значително зголемување во споредба со претходните години. Тие предупредија и да запре сечењето на трските, кои помагаат да се намали количеството на фосфор во езерото.

ФЕКАЛИИ ВО ЕЗЕРОТО

Бранислав Трпчески, директор на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое го стопанисува колекторот, вели дека тој не ја извршува планираната функција.

- Покрај фекалните води, за што и е проектиран, тој ги обработува и отпадните и атмосферските води. Со покачувањето на нивото на водата, колекторот е преоптоварен и прашање на време е кога ќе крахира. Водите сега одат директно во езерото, а некои се враќаат и во секундарната канализација. Засега најкритична е состојбата со пречистителната станица во Враништа, а проблеми има и на други пунктови - објаснува Трпчески.

Влезот на фосфорот, кој најмногу потекнува од детергенти, практично е неконтролиран. Колекторот за собирање на отпадните води е претесен, па тие води на неколку места директно се испуштаат во езерото. Таквите испусти кај населбата Грашница, кај пумпните станици Далјан и Подмолје, низ кои отпадните и фекалните води течат во езерото, веќе предизвикаа тешки последици во езерските води во тоа подрачје. Неодамна, фекалии што доаѓаат од околните населби целосно ги загадија Билјанини Извори. Загадувањето доаѓа директно и преку сливовите на реките Сатеска, Грашница и Коселска, кои практично служат и како одводни канали за отпадни води до езерото.

Жителите на охридската населба Воска стравуваат дека отпадните води ќе им донесат заразни болести.

-Во населбата се шири многу непријатен мирис. Тука никој не доаѓа да се бања во текот на летната сезона, а и ние одиме на други плажи - велат тие.

Професор Љупчо Групче предупредува дека итно мора да запре внесувањето фосфор во езерото.

- Фосфорот, кој доаѓа со отпадните води, се раствора, ја зголемува хранливоста на водата и со тоа се создаваат големи количества планктонски организми. Таа органска маса троши кислород и со тоа се создаваат неповолни услови за биодиверзитетот. Колку повеќе има фосфор во водата, толку е поголем процесот на еутрофизација на водата, односно, нејзиното изумирање и претворање во мочуриште - објаснува тој.

Според него, забраната за користење детергенти со висока содржина на фосфор, би помогнала за забавување на процесот на загадување. Меѓутоа, тој процес воопшто не е запрен. За погубното дејство на фосфорот придонело и исчезнувањето на трската.

- Во големи периоди од годината содржината на фосфор надминува 10 милиграми на кубен метар. Во однос на периодот пред Втората светска војна тоа е трикратно зголемување. Трските врзуваат 67 тони фосфор во текот на годината и затоа не смеат да се уништуваат, како што се случува сега при создавањето нови плажи - предупредува Групче.

Тој посочува дека со сегашна концентрација од 13 милиграми фосфор на кубен метар вода Охридско Езеро ги надминува границите на олиготрофноста. Тоа значи дека престанува да биде езеро со малку органски материи и големо количество кислород и навлегува во категорија на средно хранливи води.

НЕЗАВРШЕН КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ

Охридските еколози предупредуваат дека истекува времето во кое може да се преземе нешто за спасување на езерото.

- Колекторот веќе е несоодветен и нема доволен капацитет. За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води, треба да се отстрани бајпасот во месноста Грашница. Истиот проблем го има и кај пумпните станици Далјан и Подмоле. Треба да се реши проблемот со затворениот канал од улицата Бистрица, како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во населбата Далјан - вели Ванчо Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“.

Ваид Ајро, директор на Работната единица „Колектор“, вели дека системот за пречистување треба да се обнови и да се реконструира.
- Покрај тоа што треба да се инсталираат многу помоќни пумпни станици за да може да се пречистува поголемо количество отпадна вода, најпрво треба да се направи херметичко затворање на цевководите на колекторот и точно да се знае која е фекална, а која е атмосферска канализација - нагласува Ајро.



За проблемот со колекторот, од „Проаква“ ги информирале Владата и надлежните министерства, но се' уште не добиле одговор.

Познатиот македонски екологист Јосиф Таневски вели дека е шокантно тоа што непречистена канализациска вода се испушта директно во езерото.

- Колекторот функционира до хотелот „Гранит“. Хотелите понатаму имаат несоодветни станици за пречистување. Населбите Лагадин и Пештани не се вклучени, а и другите населби имаат септички јами, кои индиректно ги загадуваат водите. Да не зборуваме за селото Калишта, кампот „Ливадишта“ и селото Радожда, каде што каналите за отпадни води одат директно во езерото. Ваквата состојба не може да се толерира ако се знае дека речиси 50 отсто од водата за пиење градот Охрид ја зафаќа од езерото. Таа вода се црпи во близина на универзитетското одморалиште, а граѓаните ја пијат само по рутинско хлорирање. Колекторот мора да се заврши - предупредува Таневски.

Во општина Охрид посочуваат дека проблемот со колекторот ќе биде решен ако државата ја преземе надлежноста врз него.

- Завршени се сите градежни работи за приклучување на селото Пештани на колекторот, со што ќе се реши еден од поголемите проблеми со пречистувањето на отпадните води на овој дел од Охридското крајбрежје. Целата инвестиција ја обезбеди Општина Охрид, а ја реализира МЈП „Проаква“. Сите други обврски за одржувањето и работата на колекторот паѓаат на товар на ова претпријатие, кое нема никаква парична помош, ниту бенифиции од државата - вели Никола Манески, портпарол на охридската општина.

Тој нагласува дека на последната Седница на Советот на Општина Охрид е донесена одлука за повторна иницијатива за поделба на МЈП „Проаква“ на три одделни претпријатија: двете да бидат за водоводите на Охрид и Струга, а третото да биде посебно претпријатие, кое ќе го стопанисува колекторот и ќе биде под надлежност над државата - објаснува Манески.

Според него, заштитата на Охридско Езеро е обврска и на Албанија, така што колекторскиот систем од македонската страна треба што поскоро да се поврзе и со колекторот од Албанија.

Елена Ефремовска
Бранко Ѓорѓевски



Четири пати повеќе вода

- Колекторскиот систем одамна ги надминал проектираните количества отпадни води за пречистување.

- Тој е проектиран за 120.000 жители и со капацитет за пречистување пет милиони кубни метри фекална вода годишно.

- Во 2009 година системот пречистил 16 милиони кубни метри отпадни води, што е четири пати повеќе од проектираниот максимум.

- Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациски системи од Охрид и Струга и ги доведува до станицата за третман на отпадните води.

- Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е долг околу 37 км. Последна точка на Колекторот на западната страна е пумпната станица кај од Елен Камен - Струга, а на источната страна се протега се' до село Пештани.

- Но, на него се' уште не се приклучени селата Пештани, Трпејца и Љубаништа. Пумпната станица во Пештани е изградена и во најскоро време оваа населба треба да се приклучи на колекторот.

- Вкупната должина на брегот од македонска и албанска страна изнесува 87,5 км.

- Во Охридското Езеро живеат 17 автохтони вида риба од кои 10 имаат комерцијална важност.

- Некои планктонски видови во Охридското Езеро се регистрирани и на 200 метри длабочина.

- Се проценува дека бројот на жителите во сливот на Охридското Езеро до 2025 година ќе се зголеми од 142.000 на 200.000 на македонскиот дел, односно на 70.000 на албанскиот дел.


Спасено Студенчишко блато

Надојдената вода во Охридско Езеро, која предизвика поплави, во еден случај имала и позитивно влијание.

- Од надојдената вода во каналот Студенчишта, почна да се полни и Студенчишкото блато, кое триесетина години беше речиси пресушено. Во ова блато егзистираат голем број ендемски видови флора и фауна, кои се од големо значење за Охридско Езеро - велат охридските хидробилози.


Водата старее

Охридското Езеро има квалитетни води, но процесот на еутрофикација со збогатување со фосфор е процес што на подолг период го старее езерото, велат во Министерството за животна средина. Тие истакнуваат дека квалитетот на водата е на високо ниво во пелагијалната (отворената) зона, а одредени проблеми се случуваат таму каде што се влеваат Сатеска и Грашница.

- Колекторскиот систем не е во функција од „Метропол“ до Пештани, што предизвикува проблем на тој потег поради неговата неквалитетна изведба. Не е квалитетно одржуван ни потегот Грашница - Далјан, каде и без високи води предизвикува проблеми. Менаџирањето со него е надлежност на МЈП „Проаква“, која со пари од граѓаните, но и со донации веќе доби и опрема за надградба. Прашање е како претпријатието менаџира и зошто се системот е нефункционален и нерентабилен - прашуваат од Министерството.

Министерот за транспорт Миле Јанакиевски неодамна изјави дека државата е подготвена да издвои дел од кредитните пари за завршувањето на колекторскиот систем ако тоа го побара општина Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC092131AB7F5F45B3059661BB391FB5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Apr-2010 at 15:48
Во неколку села од беровскиот регион ќе се градат колектори Берово, 29 април - Во селата Митрашинци, Мачево и Будинарци кои се дел од беровскиот регион, а не се опфатени со централната пречистителна станица за отпадни води, ќе се градат колектори.
Овој заклучок е донесен при посетата на консултантите од Агенцијата за обнова и развој на швајцарската Влада (СЕКО), претставници на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ и на локалната самоуправа во Берово.
Престојот на консултантите од Швајцарија во општината Берово е искористен и за согледување на можностите и потребите на поширокиот регион за изготвување на проекти за заштита на животната средина, посебно на водите од горниот тек на реката Брегалница.
Како резултат на соработката на општината Берово со Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија се и дел од донациите од швајцарската Влада, со кои се врши реконструкција на главната улица и се реализира проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем - Берово“

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2003
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Jun-2010 at 18:33

Пештани конечно доби колектор

Нина Кепеска Коментари (0)   
03.06.2010 18:02
 

 

20 години од почетокот на изградбата на пречистителниот систем за третман на фекалните отпадни води околу Охридското езеро, туристичкото село Пештани конечно доби колектор.

Денес во пробна работа беа пуштени две пумпни станици кај Пештани и Елешец, со кои се опфати и овој крајбрежен дел со над две илјади домаќинства во колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од загадување.

„Со ова се решава најголемиот проблем во Пештани, со што ова село сега е место каде секој што ќе посака, слободно може да дојде. Тука нема да остане ниту една септичка јама, тие се заменуваат со секундарна канализациска мрежа, што се приклучува на колекторскиот систем, а јамите исчезнуваат“, вели Сандре Нечоски, претседател на Месната Заедница Пештани.

Колекторот во Охридскиот дел на езерото е изграден во најголема мера со средства на општината, а градската власт најави дека до идното лето ќе најде начин да обезбеди колекторски систем и на најпосетениот потег од Пештани до Свети Наум.

Со овој зафат не се решава проблемот на Пештанци со надојдените подземни и дождовни води што зимата ги поплавија нивните домови. Градоначалникот Петрески повторно ја обвини власта и ЕЛЕМ за штетното стопанисување со Охридското Езеро, за екстра профит од електраните.

„Колку и да правиме, и дождовна и атмосферска канализација, доколку се држи ова ниво на езерото, секогаш ќе имаме поплави со подземните води. Напоменувам дека и во овој период, езерото е сигурно 18 сантиметри над максимално дозволената граница.

- Некој за тоа треба да одговара. За мене ова е најголем криминал на деценијата што е направен кон Охрид, Охридското Езеро и воопшто во Македонија“, вели Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој најави тужби против одговорните кои според него Охридското Езеро го третираат како вештачка акумулација, наместо како светско природно наследство.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123857

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Jul-2010 at 17:14

Во Куманово ќе се градат 9 пречистителни станици

За две години ќе бидат изградени 9 пречистителни станици за отпадни води во кумановските рурални средини. Проектот тежи 8 милиони евра. Половина од парите веќе се обезбедени преку кредит од Австриската Влада тврдат од локалната самоуправа. Гарант на задолжувањата според Законот за јавен долг е Владата,односно министерството за финансии кое поради задолженоста на јавното претпријатие Водовод не може да гарантира за осумте милиони евра првично одобрени од австриското надлежно министерство туку само за половина сума поради ќе се реализираат 50 проценти од изработените проекти. Останатите пречистителни станици ќе се градат со средства од европските фондови за заштита на животната средина. Со реализацијата на проектот за канализациони системи Куманово подготвено ќе го дочека Законот за води кој според европската заедница се предвидува да стартува наредната година.

„Проектот е позитивен од повеќе аспекти,прво еколошки И е потреба според законот,второ економски ќе има напредок,ќе има инвестиции од 8 милиони евра а тоа сукцесивно со себе влече ангажирање на голем број фирми и вработување на граѓани, изјави Зоран Дамјановски,градоначалник на Куманово.

Според локалната самоуправа, Куманово ќе биде единствената општина во државата која целосно ќе го реши проблемот со отпадните води бидејќи последните 4 години функционира пречистителната станица за отпадни води во градот ,изградена по европски стандарди.
11.07.2010, 16:35
http://www.time.mk/read/b2626ab9f1/1e2139eba8/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Jul-2010 at 05:29

Пештани со урбан лик

Нови канделабри се поставени во центарот на туристичката населба Пештани, која деновиве беше поврза и на колекторскиот систем за третирање отпадни води. Со тоа се реши еден од најгорливите проблеми на пештанци, кои отпадните води од своите домаќинства ги третираа со септички јами и дирекно го загадуваа езерото.

- Со поврзувањето на колекторот, Пештани престанува да биде село и прераснува во урбана туристичка населба. Решивме еден од најголемите проблеми, не само за жителите на оваа населба туку и еден долгогодишен еколошки проблем на Охридското Езеро - вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Покрај поврзувањето на колекторскиот систем, се уредува централниот дел на Пештани, каде што освен поплочување со бекатон-плочки, поставено е и осветлување со големи и мали канделабри. Колекторскиот систем од Пештани до Елешец е во должина од 2 километра. Според Општина Охрид, изготвени се и соодветни проекти за третирање на отпадните води во Свети Наум, Љубаништа и во Трпејца, кои треба да бидат реализирани во наредниот период. (Е.Е.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7532328A7EBFCD439CDA1DC63F74E4EC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Jul-2010 at 05:20

Го удавивме Вардар во отпад

Капиталниот проект за скопски колектор тежок околу 100 милиони евра чека на странски донации, бидејќи за него не се одвојуваат доволно средства

Илјадници пластични шишиња, кеси, гуми, канти, крнтии, бела техника, зеленчук, крпи... со години може да се видат како пловат по Вардар, најзначајната и најголема река во земјава. Загадувањето кое со ништо не се попречува и годинава донесе забрани за капење, како и за користење на водата за наводнување на земјоделски површини во Скопје и во Велес.

Во Скопско, анализите за мај и за јуни покажаа дека водата е од четврта и петта категорија, значи опасна за здравјето на луѓето. Водата е толку загадена што во неа може да се најдат и бактерии од фекално потекло кои предизвикуваат кожни и други инфекции. Во Велешко, пак, забраната се однесува не само за делови од Вардар туку и за реките Бабуна и Тополка, кои веќе не се за капење, спорт, рекреација ни за наводнување земјоделски површини.

Трета, четврта, петта категорија - тоа се најчести оценки за квалитетот на водата по должината на целиот тек на Вардар. Исклучок е само почетниот тек на реката кај извориштето Вруток пред Гостивар, каде што квалитетот на водата е рангиран со „единица“, што значи дека е чиста и здрава за употреба. Веќе по Гостивар почнуваат и загадувањата, со што квалитетот на водите преоѓа во „тројка“, по Тетово во „четворка“, а веќе од Скопје, па се' до Гевгелија водите се речиси постојано од четврта или петта категорија, односно целосно недозволени за каква и да е употреба. Загадувањата последниве години се зголемуваат и со се' помногубројните сепарации за црпење песок кои безмилосно ги матат речните води. Слична ситуација е и со останатите 40-ина македонски реки.

Истовремено, по целиот тек на Вардар во функција нема ниту една пречистителна станица и целосно изграден колектор што би ги собирале и пречистувале отпадните фекални и индустриски води. Наместо тоа, градските канализации директно се истураат во реката.

НИШТО БЕЗ ДОНАЦИИ

Проектот за изградба на колекторот и на пречистителната станица околу Скопје, градот што е најголем загадувач на оваа река, веќе со години стои во место. Само благодарение на странска донација во минатата година се успеа да се направи, првична, физибилити студија за скопски колектор чија централна пречистителна станица треба да биде во Трубарево. Овој проект треба да опфати колекторски систем, пречистителни станици и други придружни објекти на потегот од Сарај, Ѓорче Петров, па се' до Трубарево. За да се заврши сето ова, потребно е да се обезбедат најмалку околу 100 милиони евра, што засега не е ниту на повидок. Само за објектот на пречистителната станица треба да се обезбедат меѓу 55 и 60 милиони евра.

Државата дури сега почна да обезбедува средствата за изградба на општински пречистителни станици во Сарај и во Ѓорче Петров, кои треба да профункционираат во рок од две години. При крај е и градбата на станицата крај Гевгелија, пак со помош на странски донации, што значи дека нештата се помрднуваат од мртвата точка. Ако на оваа сума се додадат уште и цените на други пречистителни станици, во Гостивар, Тетово, Велес..., тоа значи дека за заштитата на крајно загрозената река се потребни најмалку 150 милиони евра.

Во Министерството за животна средина признаваат дека за инвестиции во животната средина се' уште не се одвојуваат онолку средства колку што се предвидени со Националната стратегија донесена лани. Со Стратегијата се предвидува и фазно финансирање на проектот за скопски колектор, но тоа тешко оди. Заменик-министерот Соња Лепиткова наведува дека како дел од овој проект треба да се опфатат и пречистителните станици во Сарај и Ѓорче Петров, додека за главната станица кај Трубарево ќе треба да се бараат странски донации.

- За Трубарево се потребни значителни средства. Мислам дека кога ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија, тогаш за нас ќе се отворат програмите и фондови од кои може да добиеме средства за оваа намена. Во случај на пречистителни станици се добиваат и до 80 отсто од потребните средства. Оптимист сум дека и ние ќе добиеме, оти екологија е приоритет на ЕУ и тука веројатно ќе има доволно средства - наведува Лепиткова.

Таа објаснува дека сега е поднесено барање да ни се одобрат средства од ИПА-фондови, од предвидените за 2011 година, со цел да се изработи проектна документација за пречистителните станици во Трубарево, Тетово, Гостивар и во Битола. Изработка на конкретни проекти е основен услов за натамошно конкурирање за странски средства.

ПРОЧИСТУВАЊЕ СО ЗАКОН

Инаку, според новиот Закон за водите чија примена почнува од следната година, околу третманот на отпадните води треба да се грижат не само општините туку и самите индустриски капацитети што го продуцираат загадувањето. За големите индустриски капацитети тоа ќе се регулира со А-интегрални дозволи, додека Б-дозволите ќе однесуваат на помали индустриски објекти. Ваквото регулирање ќе оди постапно, а до 2014 година сите фабрики и земјоделскиот сектор ќе мора да аплицираат со планови за состојбите за влијание на нивните капацитети врз животната средина и да предлагаат мерки како да се надминат и во кој период. Државата, пак, ќе треба да им даде рок за инсталирање на пречистителни капацитети.

- Дел од големите капацитети веќе поднеле такви програми и има неколку добри примери како се грижат за животната средина. Но, останува уште тоа да го направи најголемиот дел од индустријата - наведуваат во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Законската рамка предвидува обврска секој град што има над десет илјади жители да има и посебна пречистителна станица. Тоа значи дека во земјава треба да имаме 27-28 пречистителни станици.

Сепарациите се смрт за реката

Сепарациите за црпење песок се смрт за реката бидејќи полека го уништуваат растителниот и животинскиот свет во неа, предупредуваат скопските риболовци. Неколкумина од нив наведуваат дека државата сериозно треба да се замисли пред да реши дали некому ќе му дозволи да врши ваква дејност.

- Опасни се како сепарациите на Вардар, така и на неговите притоки. Сепарациите на Пчиња, која е притока на Вардар, трите сепарации кај селото Коњари и едната кај Долно Коњари, кај Бадар... се' повеќе ја загрозуваат реката. Ако сте таму, на лице место, ќе видите како се менува реката, како изгледа пред да почне црпењето на песокот и потоа. Заматената вода ги загрозува рибите, а потоа се таложи, го менува коритото, ги уништува ларвите, го менува билниот свет - објаснува Владимир Иванов, рибар со 20-годишно искуство од Скопје.

Неговиот колега Нино Нилковски наведува дека состојбата со Вардар значително се менува по текот од мостот „Близнак“ во Ново Лисиче.

- Најлоша е состојбата по Трубарево, каде што во водата ќе има шишиња, шпорети, гуми, обувки, ќебиња..., како реката да е некоја депонија. Мора да се најде начин реката да се одбрани од вакво загадување - апелира Нилковски.

Бранко Ѓорѓевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB81CACD4664814EB0DC64085BBD43F2
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.