build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 27-Jul-2010 at 16:31

Конечно пречистителна станица


Пречистителна станица, која неколку години безуспешно се планира во Струмица, конечно ќе се гради со грант од Европската Унија. Грантот го обезбеди општината Струмица, која конкурирала на тендерот на Европската Унија за ИПА-фондовите. Грантот изнесува 9,8 милиони евра, а станицата ќе биде изградена до 2013 година

 

 
%20  
Струмица има целосно изграден колекторски систем и фекална канализација за градот. Тие завршуваат на 150 метри од пречистителната станица и понатаму неконтролирано се излеваат во реката Струмешница. Со грантот е предвидена и изградба на 150-метарски колектор, со кој станицата ќе се поврзе со сегашниот систем.

Пречистителната станица треба да го опфати градот и населените места и е проектирана за 60.000 жители. Струмица моментно има 39.000 жители.

Претходно, предвидено беше пречистителната станица да се гради со грант од Грција, кој не се реализира поради спорот со името.


9,8 милиони евра изнесува грантот за изградба на станицата

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72710109171&id=9&prilog=0&setIzdanie=22044
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 13-Sep-2010 at 11:17

Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска

Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денари

Новата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица.

„Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството.

Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година.

„Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97386D22F1D5C849A551ED1AD1A60ECA

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Sep-2010 at 12:08

Берово пушта пречистителна станица

Новата пречистителна станица во Берово денеска на свечен начин ќе биде пуштена во употреба, со што официјално ќе биде означена реализацијата на проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем“, вреден 11,1 милиони швајцарски франци. Од овие пари, 10,1 милиони франци се донација од швајцарската влада, македонското Министерство за животна средина обезбеди 600.000, а општината Берово 400.000 франци. На свеченоста се очекува да присуствуваат и претставници на владите на Македонија и на Швајцарија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89335C592099A847B6A6426ABFEA7597
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 08-Nov-2010 at 12:13

Два милиони евра од Грција за пречестителна станица кај Гевгелија

Сузана Тасева Коментари (0)   
08.11.2010 12:06
 

 

Грција го одврза кесето ќе учествува во чистењето на реката Вардар, два милиони евра е нејзиниот придонес во проектот тежок 9,6 милиони евра, за изградба на пречестителна станица кај Гевгелија.

Освен неа 6,8 милиони евра донира Швајцарската Влада, останатите ги обезбеди Македонија.

„Добро е што ќе се искористат сретствата од донаторите затоа што со правилниците за испуштање на води во реките мора да се испушти вода со најмалку ист квалитет од тој што е водата во реката, ако тоа не го искористиме сега после некое време мораме да ги исполниме европските норми и ќе треба да обезбедуваме сами сретства за да ја изградиме таа пречестителна станица“, рече Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Пречестителната станица ќе почне да се гради идната година, тогаш ќе се гради таква станица и во Струмица, но за неа Грција не го даде грантот во висина од 4,8 милиони евра преку програмата за реконструкција на балканот, поради спорот со името.

Сега 9,8 милиони евра за неа се обезбедени од Европската унија преку ИПАРД компонентата за заштита на животната средина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129914

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 20-Nov-2010 at 19:10
СО ПОМОШ НА ГРАДОТ
И Волково со пречистителна станица

Пречистителната станица за отпадни води во Волково, општината Ѓорче Петров, ќе се гради и со учество на Град Скопје, решија советниците од Градското собрание. Градот ќе го уреди градежното земјиште, а за тоа ќе се издвојат 1.228.013 денари. 
Пречистителната станица „Волково“ ќе биде на улицата Новопроектирана број 2, на реката Лепенец, во согласност со деталниот урбанистички план „Западна индустриска зона“. Инвеститор на градбата е Министерството за животна средина и за просторно планирање.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2176&ArticleID=152173
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 28-Nov-2010 at 19:45

Природно ѓубриво и брикети од охридскиот колектор

Природно ѓубриво и брикети за огрев ќе се произведуваат од талогот на водата кој останува во колекторот на Охридското Езеро. Ова го овозможува пресата за преработка на талог инсталирана во новиот објект на пречистителната станица во Враништа, кој беше пуштен во употреба вчера.

Оваа современа машина е дел од проектот за рехабилитација на пумпните станици на колекторскиот систем Охрид - Исток, финансиран од швајцарската фондација СЕКО.

Од донацијата од СЕКО од милион евра, „Проаква“ отвори и нов наплатен центар во Струга. (Е.Е.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF708B8183859443BBAF5DC391CCA36F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Dec-2010 at 23:20

РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛЕН ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ


Почна изградбата на пречистителна станица во Волково


Свеченото пуштање во употреба го извршија премиерот Никола Груевски, министерот за животна средина, Неџати Јакупи, и нивниот домаќин, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски


Покрај долниот тек на Лепенец, во близина на сливот во Вардар кај селото Волково, вчера почна изградбата на пречистителна станица за отпадните води од селата Кучевиште, Орман, Волково и Ново село. Со пречистителната станица ќе се заштитат водите на двете реки, но и подземните води, почвата и аграрното производство во поширокиот регион. Капацитетот е за 19.500 жители и таа треба да профункционира најдоцна до мај 2012 година.

Овој капитален проект, кој чини околу 5,8 милиони евра, ќе го финанисира Владата преку Министерството за животна средина, со помош на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, кој ќе донира 30 отсто од вредноста. Комплетната реализација од изготвување на проект до обука на персоналот кој ќе работи на станицата ќе ја врши словенечката фирма Рико инженеринг", која беше избрана на меѓународен тендер.

Свеченото пуштање во употреба го извршија премиерот Никола Груевски, министерот за животна средина, Неџати Јакупи, и нивниот домаќин, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Во изминативе години во овој реон беше изграден колекторскиот систем и фекална канализација па пречистителната станица претставува финале на целокупниот проект за третман на отпадните води во овој дел.

Од Министерството за животна средина велат дека пречистителна станица за отпадни води ќе има голем еколошки бенефит, бидејќи се затвораат 6000 септички јами кои во моментов се потенцијална опасност за загадување на почвата и подземните води. Особено поради тоа што се наоѓаат во близина на бунарскиот систем на Лепенец, кој е дополна на скопскиот систем за водоснабдување од Рашче.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AA0CFC3F5768614E90A786A8E94864CF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-Dec-2010 at 00:13

Шест компании се пријавија на тендерот за изградба на Пречистителна станица во Гевгелија

Гевгелија, 16. декември 2010 (ИНПРЕС)

Во општина Гевгелија се одржа презентација на ЈПКД „Комуналец" и условите за реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица пред фирмите кои аплицираа на меѓународниот тендер.

На меѓународниот тендер се јавија шест компании, кои заради подготвување на конечната понуда пројавија интерес, во рамките на првата фаза од тендерската постапка да бидат запознаени со условите за реализација на проектот.

Пред се, работата и функционирањето на јавното комунално претпријатие, како и предвидената локација за изградба на Пречистителната станица кај реката Вардар.

Инаку, изградбата на пречистителна станица ќе чини 9,6 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат Владите на Швајцарија, Грција и Македонија.

Општина Гевгелија, во рамките на своите обврски, започна со изградбата на доводен колектор од Гевгелија до Пречистителната станица, која е во тек.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=031F3E0672078943A1F2D08C24262C46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Jan-2011 at 15:38

Заглави проектот мини пречистителни станици

 Проектот за изградба на мали пречистителни станици за отпадни води во руралните средини заглави кај гаранција од државата.

Заглави%20проектот%20мини%20пречистителни%20станици

Општината веќе два месеци чека Владата да биде гарант дека ќе се враќа кредитот што ЈП „Водовод„ ќе го земе за овој проект. По Законот за јавен долг,ако се добие согласност од ресорното министерство, гаранцијата од државата се дава по автоматизам.

Ние веќе имаме согласност од Министерството за финасии и ги направивме сите процедури на избор на банка, но застанавме поради немање на гаранција од државата.Чекаме од нејасни причини додека некој се смилува. За истата работа градовите каде што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе добија таква гаранција. Пратениците од Куманово, ако навистина сакаат да помогнат за просперитет и развојот на Kуманово, нека лобираат кај Владата да даде согласност- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Проектот за мини пречистителни станици треба да почне оваа година, а вреди осум милиони евра.Станиците ќе ги покриваат селата Романовце-Агино Село-Бразк, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.

Близу половина од финансиските средства веќе се обезбедени преку кредит од австриската Влада, а останатите ќе се бараат преку европските фондови за заштита на животната средина.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/zaglavi-proektot-mini-precistitelni-stanici.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Jan-2011 at 06:12

2011. ќе биде еколошка година кога ќе се гледаат конкретни проекти


Вардар ќе добие каскади!


Откако ќе се изградат пречистителните станици во Волково и во Сарај, водостојот на најголемата македонска река ќе биде контролиран


Во 2011 година ќе заврши изградбата на пречистителните станици во Волково и во Сарај, а ќе почне изградба на каскади на Вардар, со што водостојот на најголемата македонска река ќе биде контролиран.
- За Скопје пречистителната станица е најскапиот проект кој ќе чини околу 100 милиони евра. Потребни се средства не само од буџетот, туку и од други извори, а зошто да не и јавно приватно партнерство, изјави министерот Јакупи.

Изградбата на пречистителната станица покрај долниот тек на Лепенец во близина на сливот во Вардар кај селото Волково почна на почетокот на минатиот месец. Таму, ќе се слеваат и прочистуваат отпадните води од селата Кучевиште, Орман, Волково и Ново село. Со тоа и директно и индикректно се заштитуваат водите на Лепенец и Вардар, но и подземните води, почвата и аграрното производство во поширокиот регион. Во пречистителна станица има голем еколошки бенефит, бидејќи се затвораат 6000 септички јами кои во моментов се потенцијална опасност за загадување на почвата и подземните води. Особено поради тоа што се наоѓаат во близина на бунарскиот систем на Лепенец, кој е дополна на скопскиот систем за водоснабдување од Рашче. По течението на Вардар треба се изградат уште три пречистителни станици, и тоа во Сарај, Трубарево и во Драчево, меѓутоа се уште не е познато кога ќе почне нивната изградба.

Јакупи најави дека во 2011 година планирана е и изградба на каскади на реката Вардар со кои ќе се одржи исто ниво на реката, односно ќе има контролиран режим на водотекот со гумени прегради. Кога ќе има низок режим на вода, тие ќе се надуваат и ќе се формираат прегради и обратно кога водостојот е висок, ќе се испуштаат и нивото на водата секогаш ќе биде исто. Каскадите се всушност последниот дел од проектот за изградба на пречистителните станици во Ѓорче Петров и во Сарај.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2D21C7BFEA7656438ECCE250D61E339A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 21-Jan-2011 at 17:18
Заврши првата фаза од проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Прилеп

prilep-stanica-za-otpadni-vodi.jpgПрилеп  - Означено e завршувањето на првата фаза од изградбата на пречистителната станица за отпадните води за потребите на жителите од Прилепско финансирана од  европските фондови. Завршетокот на фазата го означија евроамбасадорот Ерван Фуере, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претставници од надлежните институции.

Надлежните денеска потврдија дека за првиот и еден од најголемите проекти  од заштитата на животната средина финансиран со пари од европските фондови е изготвена техничката документација што и претходи на ивестициската програма.

- Задоволството од соработката е големо, бенефитите уште повеќе за околу 76.000 жители на Прилеп, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Според него овој проект е еден од битните предизвици на патувањето на Македонија кон Европската унија. - Квалитетот на водата и третирањето на отпадните води се од суштинско значење за здравјето на луѓето. Ова е битен чекор во тој правец и сите заинтересирани страни, Министерството за животна средина и градот се посветени на проектот и тој ќе даде резултати. Ова е еден од многуте проекти што ЕУ ги поддржува во Македонија. Годишно околу 100 милиони евра се обезбедуваат за процесот на реформи во земјава, изјави Фуере.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека Прилеп беше избран за реализација на овој прв голем проект и секако ќе се исполни заложбата. Целиот буџет за станицата е околу 18 милиони евра, кофинансиран од  ИПА фондовите, компонента три при Европската унија и од македонската Влада. Прилеп со ова ќе добие комплетна реорганизација на канализацискиот систем и пречистителна станица која  ќе обезбеди  здрава животна средина.

- Прилеп и жителите добиваат многу со пречистителната станица за отпадните води.  Комплетно се решава прашањето со канализацискиот систем и комплетно прочистување на Градската Река, заштита на животната средина и обезбедување здрави еколошки земјоделски произвои, рече Ристески.

Реализацијата на инвестицискиот дел за пречистителната станица за отпадните води ќе почне ова година.(МИА)

prilep-stanica-za-otpadni-vodi_2.jpg

  http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2803&Itemid=125
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 24-Jan-2011 at 12:24

Пречистителна станица за 76.000 прилепчани

Општина Прилеп со помош од ЕУ ја заврши подготовката на техничката документација за изградба на пречистителна станица на отпадните води, чија изградба ќе почне годинава. Општината доби виза од ЕУ за користење на околу 6,5 милиони евра од претпристапните фондови, а Македонија и Прилеп ќе вложат уште околу 12 милиони евра за заштита на животната средина. Проектот за собирање и третман на отпадните води опфаќа конструкција на современа пречистителна станица и изградба на нови канализациони линии и рехабилитација на колекторите и постојниот канализационен систем бидејќи е констатирано загадување на Оревоечка Река, поради мешање на фекалните и атмосферските води.

Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека проектот е важен на патот на Македонија кон ЕУ.

- Третманот на отпадните води е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Овој е прв проект што ЕУ го поддржа од оваа област - рече Фуере.

Градот ќе добие современ канализациски систем и пречистителна станица, со што ќе обезбеди здрава животна средина.

- Комплетно ќе ги решиме отпадните води на долг рок - вели градоначалникот Марјан Ристески.

Системот за пречистување на водите по европски стандарди ќе го експлоатираат засега околу 76.000 жители на Прилеп. Тој ќе ги намали здравствените ризици на населението и опасноста од загадување на водите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=36F38D27880698488B83D4ED50FD0B75
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 01-Feb-2011 at 16:51
Погоре пишува 6 фирми

Question

Швајцарци ќе градат пречистителна во Гевгелија

На меѓународниот тендер за изградба на пречистителна станица во Гевгелија се јавија четири швајцарски фирми. Во наредните шест недели, од доставените понуди до ЈПКД „Комуналец“ ќе биде избрана најповолната понуда на фирмата која ќе го реализира проектот.

Договорот за изградба на пречистителната станица е вреден 9,6 милиони евра, а најголем дел од парите е обезбеден токму од Швајцарија, а помал дел од Грција и Македонија. Општина Гевгелија веќе реализира дел од своите обврски со изградбата на колектор до пречистителната станица, која ќе биде лоцирана до брегот на реката Вардар. (Р.Т.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7B946F2D29EEF442A51FFCE19E3439E3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Feb-2011 at 10:35

Почнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води за Глумово и Шишево во општината Сарај.

saraj-2401322011
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска ќе се обрати на свеченото почнување. Покрај министерот Јакупи, на настанот ќе се обрати и градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

Финансиските средства за пречистителната станица, со која ќе се заштитуваат водите на реката Лепенец, се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

http://www.time.mk/read/NONE/49a3b00c2b/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Feb-2011 at 12:14

Запрена изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче


Општината Аеродром го раскина, поради ненавремено исполнување на обврските, договорот со фирмата „Декатам“, која ја градеше станицата

 
 
%20  

Изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче, покрај Усјанскиот канал, непосредно до реката Вардар, е запрена поради ненавременото исполнување на обврските од страна на изведувачот-фирма „Декатам“. Препумпната станица е наменета за прифаќање на фекалните води од неселбите Лисиче, Горно Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Аеродром, како и од 11 Октомври, во општината Кисела Вода. Според најавите, станицата требаше да биде готова пред една година.

- Договорот за изградба на препумпната станица го раскинавме, поради тоа што изведувачот ненавремено ги исполнуваше своите обврски. Не беше запазен рокот, а ни квалитетот на изградбата на станицата. Надлежните од фирмата неколку пати ги опоменавме, но ништо не презедоа, по што уследи раскинување на договорот. Наскоро ќе се распише нов јавен оглас за избор на фирма што ќе ја продолжи изградбата на станицата. Кога ќе продолжи изградбата на овој важен проект ќе се знае по завршувањето на тендерите и изборот на фирмата – изјави Маја Манчевска, портпаролка на општината Аеродром.

Досега за изградба на препумпната станица се потрошени околу 30 милиони денари, а за нејзина доизградба советот на општината одобри уште 23 милиони. Изградбата на препумпната станица за фекална канализација, заеднички проект на општината Аеродром, градот и Министерството за транспорт и врски, почна во ноември 2009 година. Капацитетот на препумпната станица е 1.450 литри во секунда, со длабочина на испумпување од седум метри. За техничкиот надзор се ангажирани стручните служби на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а стручниот надзор ќе го прави фирмата „Балкан консалтинг“. По изградбата препумпната станица ќе ја одржува ЈП „Водовод и канализација“.

Жителите на Горно Лисиче велат дека се срамат што во 21 век сé уште користат септички јами. Со изградбата на препумпната станица овој дел од градот ќе добие и атмосферска и фекална канализација.
- Срам ми е да кажам дека живеам во главниот град, а немам фекална канализација. Секој месец ја чистам јамата, што ме чини 1.500 денари. Со години го решаваат овој проблем и никако да го решат – изјави еден жител на Горно Лисиче.

Пречистителна станица и во Сарај

Пречистителната станица, што се гради на реката Треска, кај селата Глумово и Шишево, дневно ќе прочистува 1.445 кубни метри отпадна вода. Со овој зафат на Министерството за животна средина и просторно планирање трајно ќе се реши проблемот со отпадните води, кои ја загадуваат Треска, како и подземните води во овој дел на општината Сарај. Изградбата на пречистителната станица ќе чини 610 илјади евра, а финансиер е Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој систем на пречистување се надоврзува на системот во село Волково за заштита на водите на Лепенец, со што автоматски ќе се заштитуваат и водите на Вардар. Пречистителни станици на отпадните води ќе се градат и во селата Матка и Лаки.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21411933403&id=14&prilog=0&setIzdanie=22206
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-Feb-2011 at 15:07

Потребни 20 милиони евра за спас на загадената Треска

За спас на загадената река Треска ќе се бараат 20 милиони евра од домашни и меѓународни извори. Ова го реши Советот на југозападниот плански регион, кој ја разгледа изработената физибилити студија за одведување и третман на отпадни води во шесте општини во кичевскиот микро-регион.

Предвидено е да се изгради колекторски систем во должина од 45 километри со две пречистителни станици. Системот опфаќа 33 населени места со околу 68 илјади жители од Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица и Пласница, a е димензиониран за решавање на загаденоста до 2060 година.
16.02.2011, 11:38

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=71446
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Feb-2011 at 01:45

НЕДОВРШЕНИ ГЕОДЕТСКО-ПРОЕКТАНТСКИ АКТИВНОСТИ


Пречистителната на Треска ќе почне да се гради две недели по камен-темелникот


Од Општина Сарај информираат дека доцнењето на градежните работи нема сериозно да влијае врз крајниот рок на реализација, бидејќи изградбата ќе трае околу две години


Изградбата на пречистителна станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево ќе почне дури идната недела, иако камен-темелникот беше удрен минатиот викенд. На локацијата каде што во неделата министерот за животна средина Неџати Јакупи и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети свечено го означија почетокот на капиталниот проект нема механизација, ниту работници.

Одговорните од Општината велат дека причина за застојот се недовршени геодетско - проектантски активности.
- Станува збор за изработка на нов локален урбанистички план во кој треба точно да се да се вцртаат објектите што се во склоп на прочистителната станица. Геодетската подлога е изработена и во моментов во Градежниот институт се прави елаборат, па доколу се тече според предвиденото, градежната оператива почнува од идната недела, информираат од Кабинетот на градоначалникот на Општина Сарај. Оттаму додаваат дека доцнењето на градежните работи нема сериозно да влијае врз крајниот рок на реализација, бидејќи изградбата ќе трае околу две години.

Пречистителната станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево има огромно еколошко значење за Општината и за Град Скопје бидејќи дневно ќе се прочистуваат и повеќе од 1.445 метри кубни фекална, отпадна вода, која во моментов се создава на ова подрачје.
Средствата за реализација на проектот во висина од 610.000 евра се одвоени од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Системот за пречистување на отпадните води во Глумово и Шишево за заштита на водите на Треска се поврзува со системот во село Волково за заштита на водите на реката Лепенец.

Со овој зафат се заштитува реката Треска, но и подземните води во околината а Министерството во наредниот период планира да изгради и пречистителни станици за отпадни води за населените места Матка и Лаки со што трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во овој реон.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=477648E2C506A14EB28E0B67379C5541

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 20-Feb-2011 at 12:56

Ќе се гради прочистителна станица во Прилеп

Европската Унија распиша пред - тендер за прочистителна станица во Прилеп. Од ИПА фондовите одобрени се 20 милиони евра. За една година објектот и опремата треба да бидат во функција.Со преработка од 300 до 500 литри загадена вода во секунда од градската река ќе се спасуваат големи земјоделски површини од прилепскиот дел на Пелагонија.

Проектот особено е значаен за оние кои живеат,одгледуваат и наводнуваат градинарски производи со вода загадена од шести степен.Најмногу корист ќе имаат зејоделците од Беровци,Чепигово,Тројкрсти,Тополчани,Боротино и Кадино село.

Локалните власти велат ова е првиот проект од Македонија прифатен,финансиран и реализиран од европските ИПА фондови.Ќе има уште 10 милиони евра кои наменски ќе бидат потрошени за реконструкција и возобновување на 43 километри од градската канализациска мрежа.Изградбата на прочистителната станица,прекопувањето и асфалтирањето на улиците каде ќе се поставува новата канализација треба да завршат за три години.

По реконструкцијата и возобновувањето на прилепската водоводна мрежа во должина од над 40 километри со 10 милиони евра од германската влада и КФВ банка,прочистителната станица и новата канализациска мрежа се втор проект кој во последниве седум години се реализира во Прилеп.И двата,тврдат локалните власти, се по европски стандарди во функција за подобро и по квалитетно водоснабдување и за наводнување.



Зоран Момировски
20.02.2011, 11:29
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71600
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 28-May-2011 at 21:14

Во Горно Лисиче поставен камен-темелник за изградба на колектор за отпадни води

Во скопската населба Горно Лисиче денеска беше поставен камен-темелник за изградба на колектор за отпадни води кој ќе се гради во две фази.

Во првата фаза е предвидена изградба на колектор со профил ф-800 мм во должина од 504,6 метри и ф-1000 мм во должина од 736,1 метри по новопредвидениот булевар „Јане Сандански“. Ќе се гради и колектор со профил ф-1000 мм во должина од 84 метри по дел од ул.„Божин Николов“ покрај отворениот канал во населба Горно Лисиче.

Вкупната должина на предвидениот колектор вреден 129.782.125 денари, опфаќајки ги двете фази изнесува 2081,7 метри. Предвиден е рок на изградба од 12 месеци.

На поставувањето камен-темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Сашо Лазаровски.

- Изградбата на овој колектор е еден од носечките проекти за 2011 година и проект со особено тешки услови за изградба. Затоа, предвидена е употреба на најсовремени канализациони цевки и шахти кои овозможуваат не само брза и ефикасна монтажа, туку и висока отпорност на влијанието на водите, почвата и сообраќајот, рече Лазаровски.

Со неговата изградба, додаде, околу 150 илјади жители на Скопје добиваат квалитетен одводен систем, а септичките јами се испраќаат во историјата.

Според градоначалникот Трајановски, поставен е камен-темелник на најзначаен фекален колектор во тој делот од градот и општината Аеродром.

Градоначалникот Коневски информираше дека општината објавила тендер за изградба на 20-километарска секундарна фекална канализација која треба да биде поврзана со колекторот. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-gorno-lisiche-postaven-kamen-temelnik-za-izgradba-na-kolektor-za-otpadni-vodi

Ова ми се допадна, што се придржуваат до идните траси, сега не дека е којзнае што за нормални услови, ама незнам дали досега имало отстапки од таквата пракса.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Online
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Jul-2011 at 15:36
Ќе се догради препумпната станица во Горно Лисиче

Објектот од кој зависи канализациската мрежа во половина град требаше да биде готов уште лани, но работите се одложија поради проблеми со подземните води и со градежната фирма.



Изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче треба да продолжи следниот месец, бидејќи веќе завршил тендерот за избор на фирма што ќе ги доврши градежните работи, откако општината Аеродром го раскина договорот со досегашниот изведувач „Декатам“. Овој објект треба да ја препумпува фекалната канализација од речиси половина град, од Горно Лисиче, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром и од 11 Октомври. Почна да се гради пред речиси две години и беше планирано да проработи уште лани, но работите се одложуваа неколкупати. Имаше проблем со подземните води, кои избија во темелите зашто градилиштето се наоѓа непосредно до местото каде што Усјанскиот канал се слева во реката Вардар.

Станицата ќе има капацитет да препумпува 1.450 литри во секунда, со длабочина на испумпување од седум метри. Нејзината изградба чини 27 милиони денари. Иако таа ќе опслужува голем дел од градот, сепак најголема корист кога ќе проработи ќе имаат жителите на Горно Лисиче, зашто со тоа ќе почне да функционира и неговата фекална канализација, а жителите ќе се ослободат од септичките јами, за чие празнење трошат од 1.000 до 3.000 денари месечно, а со нив се загадува и животната средина. Цевките на повеќето улици се поставени уште пред пет-шест години, а некаде сé уште се местат. Но некои несовесни граѓани веќе се приклучија на мрежата, иако таа не функционира, а можно е таа да е оштетена и од тоа што беше оставена самата на себе половина деценија, без никој да ја одржува. Но општинарите од Аеродром не очекуваат да има проблем за таа да профункционира кога ќе дојде време за тоа.

- Точно е дека има затнување на некои делови од мрежата, но пред таа да се пушти во употреба, откако ќе се изгради препумпната станица, ќе ангажираме екипи да ги исчистат цевките и да ги направат сите неопходни подготовки - рекоа од општинското одделение за односи со јавноста.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=725111029287&id=14&setIzdanie=22339
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.