build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Колектори и пречистителни станици
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Jul-2019 at 18:44
Баш ме радуваат вакви проекти, се надевам дека ќе гледаме се повеќе и повеќе!
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Jul-2019 at 20:32
Wow, ова е веројатно најдобро снабдената пречистителна станица од сите досега изградени. Инсталирани соларни панели плус механизација, уште да научиме да ги чуваме, одржуваме и обновуваме навреме.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 12-Jul-2019 at 21:54
Ај, сега, ажурирај го инфографикот за да имаме подобра слика за состојбите во државава
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 13-Jul-2019 at 20:18






Edited by Џоле - 13-Jul-2019 at 20:19
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 14-Jul-2019 at 12:16
Кој е изворот за овие податоци? Ми делува како отчет на влада да е, бидејќи ова се само станиците завршени во актуелниов мандат, а не сите.

Ќе го ажурирам инфографикот, се чини треба да ги додадам и овие во Кучичино и Карбинци, првпат слушам за тие станици.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-Jul-2019 at 16:49
Извор е фејсбук страницата на актуелниот премиер.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 15-Jul-2019 at 21:58
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 15-Jul-2019 at 22:03
Ќе треба да го направам во некоја покомпактна варијанта следно, бидејќи вака со станици во секое село ако почнат на ништо не ќе личи.

Инаку станиците во Скопје, Тетово и Битола со првични рокови за 2018 сега се турнати на 2019-2022 година. Покриеноста во источниот регион се покачи од 8% на 45%.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 17-Jul-2019 at 04:43
Да ама Тетово, Битола а особено Скопје сигурно се колекторски системи со многу поголем обем, па следствено пречистителните станици сигурно се со многу поголем капацитет а со тоа и многу поскапи инвестиции.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 21-Jul-2019 at 18:13
Во Тетово веќе почна расчистувањето на местото каде што треба да се гради пречистителната станица .
https://tetovoinfo.mk/%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 04-Oct-2019 at 08:59
Шилегов: Пречистителната станица би профункционирала најдоцна до 2025

Пречистителната станица значи дека Скопје повторно ќе има чиста река. Отпадните води што се слеваат во овој момент по цевководниот систем директно во Вардар, најпрво ќе завршуваат по колекторскиот систем што сега го градиме, ќе одат во пречистителната станица каде што така прочистени ќе бидат оставени и ќе бидат пуштени во реката и е еден од можеби фундаменталните проекти кои ги води овој Град што се однесуваат на заштита на животната средина.

Ова во интервју за МИА го изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој говореше за планираната изградба на пречистителна станица во Скопје. За таа цел на Самитот за Западен Балкан, што во организација на Економист беше одржан во Скопје беше најавен грант од 10 милиони евра од Европската инвестициска банка. Тоа е само дел од потребните 125 до 135 милиони евра за изградба, која според проценките би се реализирала во следните две години.

– По она што го имаме како план, по она што го имаме зацртано, пречистителната станица би требало некаде 2024/2025 година да биде пуштена во употреба – вели Шилегов во интервјуто за МИА.

Тендерирањето за изведба на пречистителната станица треба да биде потпишано до крајот на 2020 година и сега се работи на тендерската документација.

– Носител на таа активност во рамки на Градот Скопје е ЈП „Водовод“ каде имаме посебна единица што се занимава со целокупната работа, со податоци кои во меѓувреме надвор од студијата што ја има Градот за пречистителна станица ги набавуваме, веќе се завршени мерењата за димензионирање на пречистителната станица и полека се движиме кон дооформуваме или завршување на техничките податоци што се неопходни за квалитетно изработување на тендерската документација за пречистителната станица – нагласи Шилегов.

https://plusinfo.mk/%d1%88%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b1%d0%b8-%d0%bf/
________________________________________________

Европската инвестициска банка најави грант од 10 милиони евра за пречистителната станица во Скопје

Неповратни 10 милиони евра за изградба на пречисгтителната станица за отпадни води во Скопје ќе и даде Европската инвестициска банка (ЕИБ) на земјава. Ова го најави регионалниот директор на ЕИБ Матео Ривелини вчера на Самитот за Западен Балкан организиран од „Економист“.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на селото Трубарево и е поделена за реализација во две фази. Првата етапа предвидува до 2030 година да се обезбеди пред-третман и биолошки третман на отпадните води, додека најдоцна до 2045 година од отпадните води што завршуваат во Вардар ќе се отстранува азотот и фосфорот. Целокупниот капацитет ќе се простира на површина од 13 хектари.

Изградбата на пречистителната станица,според највеното треба да чини меѓу 125 и 135 милиони евра кои треба да се обезбедат со кредити.

-Парите од ЕИБ ќе бидат добиени заедно со почетокот на имплементацијата на проектот чие чинење е проценето помеѓу 125 и 135 милиони евра. Се очекува консултатнот – франсцуски Еџис конечно да го каже своето мислење за вредноста на проектот кој ќе биде финасиран комбинирано од ЕИБ и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Средствата ќе се добијат паралелно со имплементирање на проектот и склучување на договорите со финансиските институции и банките – вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска за МИА.

Тој посочи дека веќе е готова техничката документација за изградба на пречистителната станица и оти заврши физибилити студијата, а покрај начинот на изградба на пречисителната станица треба да се одговори и како ќе се реконструира канализациската мрежа во Градот Скопје.

Тендерската постапка треба да се објави на крајот на годинава или на почетокот на идната, проектот би требало да се реализира во следните две години, а потоа да почне со функција.

Изградба на такви пречистителни станици, како што кажа, предвидена е во сите општини во земјава.

https://plusinfo.mk/%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 20-Oct-2019 at 12:51
ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ НЕ РАБОТИ ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ



Трошела многу струја, па од општина Свети Николе и јавното претпријатие „Комналец“ одлучиле да и стават клуч на пречистелната станица за отпадни води. Повеќе од десет години водата од канализација на градот непреработена се слева во Светиниколска река што земјоделците ја користат и за наводнување.

На проблемот со оваа пречистителна станица уште во 2009 укажале од Државниот завод за ревизија.

Јавното претпријатие располага со објект „пречистителна станица“ кој иако е функционален и истиот е изграден со средства од донации, неколку години по ред не е во функција и се наоѓа во лоша состојба, така што испуштањето на урбаните отпадни води не е во согласност со Законот, напишале тогаш ревизорите.

Но ревизорскиот извештај завршил во фиока, пречистелната останала под клуч, а пумпите и останатата технологија под забот на времето во аут. Неофицијално неработењето направило штета од близу два милиони евра. Сега преку проект за меѓугранична соработка со Грција обезбеден е грант од 162 илјади евра за оваа станица делумно да се стави во функција. Всушност сите пречистителни станици по текот на Брегалница се направени со грантови. На тоа се надеваат и Штип и Велес.

Свети Николе е една од првите општини во државата што доби пречистителна станица за отпадни води уште во 2000-та година.

Десет години подоцна ваквов објект добија Берово и Пехчево, пречистителната станица во Кочани беше пуштена пред три месеци а се гради и во Чешиново-Облешево, сите изградени со швајцарски пари.

https://www.24.mk/details/prechistitelnata-stanica-za-otpadni-vodi-vo-sveti-nikole-ne-raboti-povekje-od-deset-godini

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 09-Nov-2019 at 11:29
Заев: Започнува комплетна санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Охрид, 9. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Започнува комплетна санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, порача од Охрид македонскиот премиер Зоран Заев.

– Ќе се изврши санација на цевководот, ќе поправат или заменат сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга, истакна Заев.

Додаде дека Охридското Езеро како заштитено подрачје на УНЕСКО е наша гордост, мора да покажеме дека знаеме да се грижиме за нашите природни богатства. (Крај)





https://ohridpress.com.mk/?p=99208
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 21-Dec-2019 at 12:37
Заев: Обезбедивме средства и начин за нашето убаво Охридско Езеро и понатаму ќе остане ремек дело на човековиот дух

Охрид, 20. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на македонската Влада Зоран Заев денес изврши обиколка и увид на отпочнувањето на санацијата на колекторскиот систем за Охридско Езеро.

– Денеска, после неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, започнуваат работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот. Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга, рече премиерот Заев во врска со санацијата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, за кој се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот.

Премиерот Заев истакна дека овој значаен и сериозен зафат се презема поради несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадните води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување, иако како што подвлече сознанијата за последиците биле познати изминатите години.

– Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже, подвлече претседателот на Владата.

Претставниците на компанијата „Еко Тим“ ДОО Скопје ги образложија техничките податоци и постапки околу процесот на санација на колекторскиот систем за Охридско Езеро. (Крај)


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 21-Dec-2019 at 12:39



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 04-Mar-2020 at 02:05

Слабо има официјални или медиумски информации за скопската пречистителна станица, но имам впечаток дека е при крај изградбата на главниот колектор од левата страна на Вардар.

Штета што овој голем проект поминува речиси неприметно. Бев љубопитен па еве ископав по нешто од студијата за финансирање, за подобра ориентација што се гради и како ќе функционира.


1




2




3




4




5




6






Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 04-Mar-2020 at 10:05
Десната мислам дека е готова, затоа АСНОМ кон Лисиче е многу долго време затворен , бидејќи на целата траса се работеше, сега моментално се работи на последните метри кај ОКТА во Ново Лисиче на бул Србија, но не сум сигурен долниот тек пред железничкиот мост дали е готов бидејќи одамна не сум бил натаму.

Од една страна добро е што градскиот татко не се фали со волку важен проект кој е започнат од неговиот претходник ,како предуслов да се добијат финансии за Прочистителна станица, но од друга страна е многу глупо што граѓаните не се информирани и само тресат глупости околу прекопите на двете страни на Вардар на бул Србија.

Скопје конечно со ова ќе може да го решава најгорливиот проблем, загадувањето од фекалии.

Но, нели секогаш има но, мислам дека треба еден вака поопширен проект за помала станица да се направи во Северо Западниот дел на градот бидејќи не мислам дека капацитетот на оваа станица која во иднина би се градела ќе ги задоволи потребите на Скопје, а не пак со растот на долг рок.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 04-Mar-2020 at 17:37

daci, дали гледано од градежен аспект има некакво објаснување/оправдување зошто толку се завлечкаа прекопите на булеварите каде што поминуваат главните колектори?

Се сеќавам кај ФОН траеше прилично долго, а од другава страна кај Ново Лисиче веќе легендарно се завлечкаа... (мислам веќе има околу пола година како е пресечен булеварот)

Секако дека не е исто да се постави кабел и да се постават цевки со дијаметар од 2 метри, ама пак во суштина се сведува на:
- копање ров
- поставување на цевки
- враќање на претходната состојба

Зошто оваа процедура во случајов трае со месеци?

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 04-Mar-2020 at 22:38
Јас се сомневам во комплетноста на проектот (земено за 2020 година) и мислам дека има потреба од ревидирање.

Додека мнозинството пречистителни станици во Мк се предимензионирани (според мене), бидејќи со иселеничките текови тешко дека ќе го достигнат лимитот, скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот. Не знам точно од која година е проектот, но со оглед на тоа колку долго се бараат финансии, претпоставувам е најмалку 6-7 години.

Според тие податоците од влада што ги постираше Џоле пред некое време пишува дека капацитетот ќе е за 600к жители, а во оваа последнава табела пишува опфатено население од 467к жители во 2020, а има проекција и за 2015 година (што ја потврдува староста). Како е можно да се проектира опфатено население од 518к жители во 2045 година?

Со самото тоа се сомневам и во проекцијата за потрошувачка на вода, почнувајќи од (не)стручноста за предвидување на климатските промени, па се до диво приклучени (бидејќи не се знае ни точниот број жители) и дополнително загуби во мрежата.


Edited by ironm - 04-Mar-2020 at 22:38
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 05-Mar-2020 at 00:35
Originally posted by Cloverstack


daci, дали гледано од градежен аспект има некакво објаснување/оправдување зошто толку се завлечкаа прекопите на булеварите каде што поминуваат главните колектори?

Се сеќавам кај ФОН траеше прилично долго, а од другава страна кај Ново Лисиче веќе легендарно се завлечкаа... (мислам веќе има околу пола година како е пресечен булеварот)

Секако дека не е исто да се постави кабел и да се постават цевки со дијаметар од 2 метри, ама пак во суштина се сведува на:
- копање ров
- поставување на цевки
- враќање на претходната состојба

Зошто оваа процедура во случајов трае со месеци?



Има , првото е дека АСНОМ по цела должина се копаше, што на него што покрај него, но подобро е да е затворен отколку отворен булеварот/ улицата .

Втората причина е плаќањето и предвидената динамика, никој нема да брза доколку му се дадени 6 месеци да постави 2м цефка ,а воедно и плаќање во рок од година дена после завршување.

Третото е дека 100% наишле на многу инсталации што не биле предвидени во проектот (како и секогаш кај нас бидејќи не се знае што има на 50 цм во длабочина а не пак на неколку метри), а потоа за сите преработки се потребни нови проекти и барања кои со бирократијата и плаќањата одземаат многу време , само за споредба за една најобична интервенција од улица и булевар во Мк ти бараат милион елаборати и дозволи па да поднесеш до сообраќајна и ако они ти одобрат тогаш градот ти одобрува, но што е најинтересно сообраќајна сама кажува кога, а не ти кога можеш и сакаш. Процедура од најмалку 3 месеца.

Четвртото кое е највеќе од градежништво е дека секој прекопан простор повеќе од 50 цм длабочина , откако ќе се обработи и затрупа потребно е добро да се набие и да отстои најмалку една дождлива сезона (околу 6 месеци) за природата да си го направи своето и потоа повторно да се дополни и набие па да се асфалтира или бетонира, доколку сакаш квалитет. Ова може да се примети и на најобичните прекопи за оптика и кабли кои биле одма затрупани и закрпени, после одреден период пропаѓаат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.