build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 05-Mar-2020 at 01:41


daci, ти благодарам за деталниот одговор.


Originally posted by ironm

скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот.

Можеби си во право, но треба да се вкалкулираат и помалите пречистителни станици кои ќе опфатат дел од населението.

Веќе постои една таква кај Волково (капацитет за 20.000 жители):
42° 1'32.82"N 21°21'41.40"E

А планирани се слични мали пречистителни станици и кај Сарај и кај Драчево. Можеби има и некоја друга што сум ја пропуштил додека пребарував.


Edited by Cloverstack - 05-Mar-2020 at 02:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Mar-2020 at 01:52

Всушност според овој линк, пречистителна станица веќе има и во Драчево:
https://vodovod-skopje.com.mk/mk-MK/68/%D0%A1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5.aspx


Посебна целина претставува и канализациониот систем од населбата Драчево која располага со сопствена пречистителна станица, а е во склопот на одржување и експлоатација на ЈП Водовод и канализација-Скопје.


Но не можам да ја најдам...

Back to Top
ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Mar-2020
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 09-Mar-2020 at 01:35
skopje ke dostigne vrv na ziteli 2030nekde.
Back to Top
ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Mar-2020
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 09-Mar-2020 at 01:37
Originally posted by ironm


Јас се сомневам во комплетноста на проектот (земено за 2020 година) и мислам дека има потреба од ревидирање.Додека мнозинството пречистителни станици во Мк се предимензионирани (според мене), бидејќи со иселеничките текови тешко дека ќе го достигнат лимитот, скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот. Не знам точно од која година е проектот, но со оглед на тоа колку долго се бараат финансии, претпоставувам е најмалку 6-7 години.Според тие податоците од влада што ги постираше Џоле пред некое време пишува дека капацитетот ќе е за 600к жители, а во оваа последнава табела пишува опфатено население од 467к жители во 2020, а има проекција и за 2015 година (што ја потврдува староста). Како е можно да се проектира опфатено население од 518к жители во 2045 година? Со самото тоа се сомневам и во проекцијата за потрошувачка на вода, почнувајќи од (не)стручноста за предвидување на климатските промени, па се до диво приклучени (бидејќи не се знае ни точниот број жители) и дополнително загуби во мрежата.
skopje ke dostigne vrv na ziteli okolu 2030.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 12-May-2020 at 12:40
Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е објавена постапката за предквалификација за избор на надзорот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, кои се јавуваат како инвеститор во овој проект.

„Откако ќе се завршат постапките за предквалификација за избор на понудувачи за надзор и изведба на работите на проектот, следува фазата на објавување на Меѓународниот повик за избор на најдобри изведувачи во двата сегмента“, велат од ова јавно претпријатие.

Избраниот изведувач на пречистителната станица ќе треба да ја изготви и проектната документација за идниот објект, во кој ќе се собираат и прочистуваат фекалиите на над половина милион жители на главниот град. Скопските градски власти досега успеале да изградат околу 60 отсто од колекторските системи по левиот и десниот брег на реката Вардар, кои ќе овозможат одведување на скопските отпадни води до идниот објект во Трубарево.

Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е со вкупна вредност од 136 милиони евра. Владата на крајот од минатата година ги потпиша договорите за заем со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка, а се обезбедија и неповратни средства од 11 милиони евра за изградба на објектот од двете банки.

Идната пречистителна станица за отпадни води во Скопје треба да биде изградена до крајот на 2026 година доколку се следи предвидената динамика на изведба од пет години. Овој објект треба да овозможи подобрување на квалитетот на речните води на Вардар во Скопскиот регион, кои во моментов се наоѓаат во најниските хемиски и бактериолошки класи за квалитет на водите. Една од главните причини за лошиот квалитет на овие води е директното испуштање на фекалиите од скопските домаќинства и компании како непречистени во Вардар.

https://meta.mk/prechistitelnata-stanicza-za-otpadni-vodi-vo-skopje-kje-pochne-da-se-gradi-na-krajot-na-2021-godina/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 26-May-2020 at 23:00
Толку од ентузијазмот дека ќе го средат колекторот и пречистителната станица. Интересен факт испуштен од новинарите во видеото (дали од неинформираност или незаинтересираност) е дека сметката на јавното претпријатие креирано пред неколку месеци е блокирана.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 26-May-2020 at 23:13
Зашто побогу се нафаќаме на тие пречистителни станици кога едноставо оперативно неможеме да ги опслужиме, ниту капацитивно, персонално, општествено, финансиски, никако. Од една страна ја имаме Македонската вистина на несвесност и негрижа за животна средина и ова го праиме од што мора ете, европска унија не тера, 5ка на раче ќе ни пишат. Брдо пари се истураат и перат по тој основ и пак ништо на крај. Па една цефка бре да неможе да се опслужи. За среќа имаме поволна географија во повисоките делови па брзи реки па не е тоа голем проблем. Од друга страна го имаме европското искуство со овие пречистителни станици кои се решение смислено за рамничарска средна европа со спори и плитки реки и замирисани градски канали, каде едноствано нема друго решение и ова мора да биде стандард. За Македонија ова е и не нужно да го има баш во секое село, треба каде тоа е лесно да се изведе а би опфаќало голем број жители како поголемите градови, ама Охрид како заштитен регион едноствано мора да го има.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 16-Jun-2020 at 11:34


https://meta.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 24-Jun-2020 at 15:20
СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ГО ОБЈАВИ ПОВИКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВРЕДНА 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја почна постапката за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје во вредност од 136 милиони евра. Утре, јавното претпријатие ќе ја објави поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројката. Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат до 17 август, кога повикот ќе биде затворен.

„Веднаш потоа компаниите кои ги исполнуваат техничките квалификации ќе учествуваат на јавно наддавање, со што наесен очекуваме дека ќе го имаме изведувачот и ќе се стартува со градежни работи за реализација на овој капитален проект за град Скопје. Со овој проект уште еднаш ги потврдуваме заложбите за унапредување на условите за живот на граѓаните како и инвестирањето во висококвалитетна животна средина“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

Според планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopski-vodovod-go-objavi-povikot-za-izgradba-na-prechistitelna-stanitsa-vredna-136-milioni-evra/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 23-Jul-2020 at 22:22



конечно после децении Скопјани Пак Ќе Се Капат Во Вардар
Централна Пречистителна Станица Трубарево
истата се очекува да биде изградена до 2025 година

140,363 m3/day wastewater treatment capacity

https://www.eib.org/en/projects/pipelines/all/20170232

https://www.eib.org/attachments/registers/89013885.pdf

може поубо да ја насадиле подоле од вливот на Маркова Река во Вардар
така утре полесно би се зафатиле отпадни води од Батинци и Драчево
а саставот тогај ќе бидне и атрактивно место за Туризам


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 12-Aug-2020 at 10:26
За изградба на 136 милиони вредната прочистителна станица се заинтересирани 50 компании

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, па наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање.

(...)
– Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за изградба на пречистителна станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП „Вововод и канализација” – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина – информираат од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје.

(...)

plusinfo.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 01-Oct-2020 at 16:13
12 ФИРМИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Дванаесет фирми доставиле апликации за претквалификација на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека сите апликанти кои до истекот на крајниот рок поднеле само електронска апликација, се обврзани најдоцна до 14 октомври да ја достават апликацијата и во печатена форма. Потоа комисија ќе ги разгледува пристигнатите апликации, по што компаниите кои ги исполнуваат техничките квалификации ќе учествуваат на јавно наддавање.

„До крајот на годинава очекуваме дека ќе го имаме изведувачот и да се стартува со градежни работи за реализација на овој капитален проект за Скопје. Пречистителна станица за отпадни води за нас претставува мотивација и поттик да продолжиме да работиме со вложување на сите капацитети и ресурси не само за целите на нашето претпријатие, туку и за доброто на сите граѓани, за заштита на животната средина, за подобрување на условите за живот за нас и за идните генерации “, вели директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

Според планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/12-firmi-zainteresirani-za-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-od-136-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 18-Oct-2020 at 17:31
Со изградба на пречистителната станица ќе ги исполниме европските стандарди кои ќе бидат побарани од нас при отворање на преговорите со ЕУ

Актуелна тема во последниов период е почнувањето на пристапните разговори на земјава со Европската унија, а услов за тоа се многу реформи, директиви, зелени сценарија и регулативи кои треба да се исполнат. Компаниите веќе ги насочуваат своите активности кон таа цел и се повеќе се стремат кон исполнување на европските стандарди.

Пречистителната станица за третман на отпадни води - Скопје е еден од најголемите капитални проекти кои се преземаат во таа насока. За повеќе инфромации за ПСОВ – Скопје, разговараме со Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Г-дине Весковски, можете ли да ни кажете нешто повеќе за овој капитален проект?

Весковски: Ова не е само капитален проект, туку и проект кој е од големо значење за општеството во целина, и, што е можеби најважно за заштита на животната средина преку третман на отпадните води, кои прочистени ќе се пуштаат назад во природата.

Идејата за овој проект постои од многу одамна, но неговата реализација се случува токму сега. Како што знаеме, на крајот на минатата година се потпишаа договорите со ЕБОР и ЕИБ. Каков е интензитетот на активностите за реализацијата на проектот за ПСОВ – Скопје?

Весковски: Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе биде со капацитет од еквивалент 500.000 жители и е еколошки капитален проект, чија вредност е процената на околу 136 милиони евра. Тој ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на град Скопје.

Со изградбата на пречистителната станица, ние како држава ќе имаме над 90 отсто прочистени води, што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ. Проектот како таков е препознаен и тука кај нас, но и во Европа, а доказ за тоа е неговото вклучување во Акциониот план за Зелен Град од страна на Град Скопје и поддршката која ја добивме и ја добиваме од Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, Град Скопје, ЕБОР, ЕИБ и ЕУ Делегацијата.

Да, идејата за реализација на овој проект, постои многу одамна од пред 15 години. Лично јас сум навистина горд и среќен што по 15 години, токму сега, во период кога сум на чело на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отпочнува неговата реализација. Тој по завршување на изградбата ќе биде предаден во сопственост на јавното претпријатие и ќе им служи на граѓаните на Скопје уште долги години.

Што се однесува до почетокот на реализацијата, таа започна со потпишување на договорите за заем и грантовите, односно со обезбедување на финансиските средства од страна на ЕИБ и ЕБОР, на крајот на минатата, 2019 година. Но, подготовките од наша страна се започнати малку порано, од 2018 година, откако со одлука на Влада, ЈП Водовод и канализација - Скопје стана промотор на проектот. Оттогаш започна целата приказна за конечна реализација на овој капитален објект.

Кои се активности беа потребни пред официјалниот почеток на проектот?

Весковски: Искрено многу работи, кои можеби не се видливи за јавноста и јавноста не ги знае. Како ЈП Водовод и канализација – Скопје, ние, вложивме многу ресурси, капацитети и инвестициски чекори за реализација на овој проект. Поставивме нови технолошки стандарди за модернизација на процесите за третман на отпадните води. Формиравме проектна единица – тим од експерти и инжинери кои посветено работат во областа на третман на отпадните води. Подготвивме технички планови за реконструкција на водоводната и канализациската инфраструктура за задоволување на потребите на ПСОВ Скопје. Успеавме да воспоставиме постојана комуникација со сите засегнати страни на овој проект, која низ годините само се продлабочуваше и се зацврсти.

Во соработка со Град Скопје се спроведуваат активности за експропријација на земјиштето наменето за изградба на пречистителната станица за отпадни води – Скопје, а во однос на тоа Град Скопје исто така ја презема обврската за усогласување на ДУП – от и за изведба на инфраструктурните активности со кои ќе се овозможи пристап до самиот објект. По потпишување на договорите, и официјално започна имплементацијата на развојните фази за реализација на проектот – ПСОВ – Скопје и денес сме тука, подготвени за да се соочиме со сите предизвици и чекори кои не очекуваат во периодот што следува.

Дел од развојните фази веќе ги споменавте. Дали може да ни кажете до каде е текот на работите во моментот?

Весковски: Да, најчесто пошироката јавност го гледа и оценува крајниот производ, но и информираноста на јавноста и сите чинители во општеството е навистина многу важно. За таа цел, нашето претпријатие, редовно и транспарентно известува за текот на развојните фази. Имено, во изминатиот период прво беше објавен Општиот повик за овој проект, на 3 мај 2019, а на 24 јуни 2020 беше отворена и објавена Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води - Скопје за град Скопје.

Првичниот предвиден рок беше продолжен со цел излегување во пресрет на интересите и барањата на заинтересираните апликанти и истиот заврши на 01 октомври 2020 со јавно отворање на поднесените апликации. Во одредениот период беа поднесени 12 апликации, кои во моментот се во процес на евалуација.

По завршување на евалуацијата на апликациите поднесени за претквалификација, во финална фаза на разгледување ќе влезат најмалку 3 а најмногу 8 апликации од кои ќе биде избран понудувачот кој ќе го реализира проектот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води - Скопје за град Скопје.

Бидејки станува збор за многу сериозен проект со долгорочни цели во иднина следат уште две фази на развој на пречистителната станица и тоа во првата фаза се предвидува обезбедување на пред-третман и биолошки третман на отпадните води која треба да се заврши до 2030 година, а втората фаза отстранување на азотот и фосфорот од отпадните води што завршуваат во реката Вардар, која треба да се реализира најдоцна до 2045 година.

Г-дине Весковски, што за Вас претставува овој проект?

Весковски: Јас, лично, почнувањето на овој проект го гледам како испишување на нови страници во историјата на Скопје. За мене тоа не е само капитален проект, туку проект во кој се спојува општествена одговорност, грижата за заштитата на животната средина, климатски акции, можност за создавање на услови за подобар живот и средина за нас и за идните генерации. Навистина сум горд што сум тука и дел од оваа значајна приказна.

https://faktor.mk/intervju-veskovski-so-izgradba-na-prechistitelnata-stanica-kje-gi-ispolnime-evropskite-standardi-koi-kje-bidat-pobarani-od-nas-pri-otvoranjeto-na-pregovorite-so-eu
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 14-Nov-2020 at 12:49
ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ВТОРОНАГРАДЕН ВО ИЗБОР НА ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

ЈП „Водовод и канализација“ за проектот изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје ја доби втората награда во изборот за одржливост на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Проектот ја освои втората награда во категоријата климатска обнова и одржливост во конкуренција со 47 номинации, од кои вкупно 16 компании од 11 земји од светот беа избрани за добитници на овогодинешните награди.

„Навистина сум горд и среќен што по 15 години, од кога постои самата идеја, токму сега, во овој период, почна реализацијата на овој капитален, еколошки проект, чија вредност и значење се потврдени со освојување на втората награда на ‘Sustainability Awards 2020’, доделена од страна на ЕБОР. Испишуваме нови страници во историјата на Град Скопје и оваа награда е само уште една потврда за нашите заложби, посветеност, професионалност и поставување на нови стандарди не само во работните процеси туку и во општеството и во заштитата на животната средина“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

За изградба на пречистителната станица во тек е тендерот за избор на фирма изведувач кој, како што објаснуваат во претпријатието, треба да биде завршен до крајот на годинава. Станицата ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители, ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје. Со изградбата на пречистителната станица, до 2025 нашата држава ќе има над 90% прочистени води што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ.

Изградбата на пречистителната станица чини 136 милиони евра, а парите се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/proektot-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-vtoronagraden-vo-izbor-na-evropskata-banka-za-obnova-i-razvoj/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 22-Jan-2021 at 11:35
Одлично, информативно видео за уделот на пречистителните станици во квалитетот на водата (тука главно се зборува за источна Македонија)

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 13-Feb-2021 at 10:49
Сите скопски фекалии завршуваат во Вардар, пречистителната станица си чека тендери





Кејот на реката Вардар е едно од најубавите места во Скопје. Велосипедисти, пензионери, родители со мали деца, тинејџери… и среде зима секојдневно се рекреираат покрај најдолгата македонска река, во обид да го искористат срамежливото сонце, да се тргнат од градскиот метеж и да уживаат покрај водата.

„Смрди!“, коментира една баба која со своето внуче излегла да се прошета на кејот, по патеката која минува под мостот „Близнак“, меѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче.

И навистина смрди. Токму под овој мост, од десната страна на Вардар е еден од четирите најголеми канализациски испусти во Скопје. Сите фекални води од градот кој полека станува милионски, се испуштаат директно во Вардар. Без никакво прочистување. Водата од тоалетните казанчиња, кадите и мијалниците, со сите фекалии, тоалетна хартија, средства за чистење тоалети, остатоци од храна, детергенти, сапуни за бањање… сè завршува во долното течение на Вардар, некаде после железничката станица. Ако на тоа се додаде и целата атмосферска канализација, заедно со испустите од индустриските објекти, станува јасно зошто смрди при секоја прошетка покрај Вардар.

„Тоа е децениски проблем кој ниту една досегашна Влада не се обиде да го реши на конзистентен начин и дозволи сите отпадни води, не само од домаќинствата, туку и од инсталациите, да се испуштаат во реката Вардар, без никаков третман“, вели Кирил Ристовски, од Центарот за еколошка демократија Флорoзон.

Централната пречистителна станица во Скопје, која се најавува со години, сè уште не е почната да се гради. Не е завршена ниту изградбата на колекторскиот систем кој треба да ги собере отпадните води од скопската канализација кои сега се исфрлаат директно во Вардар. Водата е толку загадена што не смее да се користи за ништо, освен ако не биде претходно прочистена. А систем за тоа, сè уште нема.

„Управувањето со водите е една од најкомплексните материи. Се предвидуваше дека 1 милијарда евра ќе требаат за соодветно управување со водите во нашата земја, па оттука секоја Влада гледа да го ескивира тој проект, и да го компензира со површни решенија и парцијални проекти. Еден од нив е и пречистителната страница во Скопје која гледаме дека се гради веќе скоро десетина години. Тоа, само по себе укажува за степенот на политичка свест кај носителите на одлуки“, револтиран е Ристовски.

Скопската пречиститителна станица ги чека тендерските процедури

Скопската пречистителна станица треба да се гради на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево. Вкупната вредност на проектот е 136 милиони евра. Од нив 68 милиони евра се обезбедени со кредит од Европската инвестициона банка (ЕИБ) која одобри и грант од дополнителни 10 милиони евра. Уште 58 милиони евра се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Целата постапка оди преку ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Како што појаснува Линдита Шакири, помошник директор за технички прашања и одговорна за проектот за пречистителна станица, сѐ уште не се започнати градежни активностите за изградба на станицата.

„Во моментов веќе е помината првата фаза за претквалификација, за избор на надзор. Треба да одиме во втора фаза за избор на најповолен понудувач за надзорот. И во тек е, односно завршена е евалуацијата на првата фаза за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица“, вели Шакири, појаснувајќи дека бидејќи се работи за голем тендер, ќе се оди и во втора фаза на избор на понудувач.

Според очекувањата на Министерството за животна средина и просторно планирање, договорот за градба треба да биде склучен во мај 2022 година. Оттука, стануваат тешко остварливи најавите на градските власти дека пречистителната станица ќе профункционира во 2025 година. Всушност, и во проектната документација се оставени подолги рокови. Реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази. Првата фаза предвидува обезбедување пред-третман и биолошки третман на отпадните води до 2030 година, а втората фаза отстранување на азотот и фосфорот од отпадните води, најдоцна до 2045 година.

Предуслов, пак, за пречистителната станица е изградбата на колекторскиот систем во Скопје. Со него, скопските отпадни води треба да се однесат кон Трубарево, како најниска точка на која ќе треба да се прочистат и пуштат во Вардар. На десниот брег се гради колектор со должина од 3,4 километри, од булевар „Србија“ до Железничкиот мост, додека на левиот брег е долг 4,5 километри. Во него треба да се слеат и водите од четирите најголеми испусти од кои се шири миризбата на фекалии покрај Вардар, лоцирани кај Керамидница и Макошпед (Кванташки пазар) на левата страна, како и под мостот „Близнак“ и во Горно Лисиче од другата страна. Покрај нив има и десетина други, кои лесно можат да се воочат покрај кејот на реката.

Градските власти најавија дека колекторскиот систем ќе биде готов до лани, ама и тука работите се оддолжија. Инвеститор и изведувач е Министерството за животна средина, од каде само кусо информираат дека досега биле завршени 90% од градежните работи на овој колектор.

Изградбата на станицата чека да минат тендерите

Централната пречиститителната станица во Скопје е најавена како капитален проект кој треба да ги задоволи потребите на градот. На годишно ниво, ќе третира 51,3 милиони м3 непреработена отпадна вода и треба да покрие девет од десетте скопски општини. Максималниот капацитет е предвиден за 650.000 жители. Но, почетниот капацитет ќе биде помал.

„Треба да го задоволува капацитетот на градот, околку 650.000 жители, но капацитетот на пречистителната станица ќе биде околу 400.000 жители , затоа што така оди сразмерот на изградба на прочистителни станици. Кога би ја граделе да биде со максимален капацитете, ќе биде неискористена, меѓутоа ќе има можност за надградба во иднина. Зборуваме за еден капитален проект кој ќе се трудиме да биде одржлив, што значи во иднина, како ке се зголемуваат потребите, пречистителната станица има можност за надградба“, појаснува Шакири.

Сепак, никој не знае колку жители има Скопје во моментов. Последниот попис на населението беше направен пред 20 години, кога се попишани нешто над 450.000 жители. Според одредени проценки базирани врз податоците на Државниот завод за статистика, сега во Скопје живеат двојно повеќе луѓе. Во моментов, во скопскиот реон се прочистува само мал дел од отпадните води на Општина Ѓорче Петров, во пречистителната станица Волково која беше пуштена во функција пред неколку години. Таа ја испушта пречистената отпадна вода во Лепенец, непосредно пред вливот во Вардар. Нејзиниот максимален капацитет е да опслужи 30.000 жители, за да го задоволи капацитетот на општината.

Ама и таа не работи со тој капацитет, бидејќи сè уште не е доизградена канализацијата во Ѓорче Петров, преку која водите треба да се носат во пречистителната станица.

Отсустуваат системски решенија за загадената река

Ристовски од Флорoзон забележува дека не се размислува за системски решенија на долг рок во делот на интегрирано управување со водите, што значи нивно користење, собирање во колектори, пречистување и враќање назад, во природата. Во ниту една развиена земја, додава, не се испуштаат фекалиите директно во река.

„Во развиените земји ова не се прави. Проблемот е системски, во делот на урбаните решенија. Кај нас се обратни процесите. Прво се градат објекти, па после инфраструктира, и најчесто тие објекти што се градат и нелегално, низ различни законски решенија се легализираат, и тоа дополнително создава проблем во комуналното управување, планирање инфраструктура“, вели Ристовски.

Тој додава и дека мора да има притисок за изградба на пречистителната станица, но се сомнева дека ќе биде решение за загадувањето на Вардар. И активистите за заштита на животната средина се сериозно загрижени дека капацитетот на пречистителната станица што се најавува како спас за реката, сепак нема да ги задоволи потребите на градот кој забрзано се гради.

„Делумно ќе го ублажи загадувањето, но сепак загадување на реката има по цел нејзин тек почнувајќи од Гостивар, Тетово… Дополнително прочистителната станица е со капацитет за 500.000 жители, а со непланско градење во градот и немање релевантни податоци колку жители има во моментов, станицата не е доволна. Од тие причини сметаме дека мора да има одреден мораториум со постојано планирање и градење на станови на подрачјето на главниот град кога основните услови за нормално урбано живеење ги немаме – како целосен систем за управување на отпад и прочистителни станици за отпадни води“, укажува Невена Георгиевска, О2 Иницијатива.

Водата од Вардар алармантно загадена

Центарот за јавно здравје од Скопје врши редовен месечен мониторинг на водата во реката Вардар. Се зема вода од 12 мерни места. Резултатите се очекувано поразителни. Водата има загадување од четврта категорија бактериолошки, и четврта до петта категорија хемиски, што значи дека нема употребна вредност, без пречистување. Најлошо е во Трубарево, онаму каде што треба да се гради скопската пречистителна станица, вели примариус, д-р Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена ЦЈЗ Скопје.

„И да имаме 5 пречистителни станици, пак ќе биде малку. Зошто? Затоа што свеста на луѓето е ниска. Водата во Вардар бактериолошки, со години е 4 категорија. Значи таа е забранета за капење, за полевање посеви, за секако користење. Се се истура во Вардар и само чекаме топење на снег или поголеми врнежи, за да го однесе отпадот. Ама така, само си го префрлуваме од една во друга општина. Пречистителната (станица) е по Лисиче, ама што правиме од Карпош, па надолу? И тука имаме доста загадување “, алармира д-р Костадиновски.

Центарот за јавно здравје прави контрола и на индистриските води на големите фабрики во скопско кои имаат испусти што завршуваат во Вардар. Овие фабрики се задолжени да ги прочистат своите отпадни води, пред да ги излеат во реката.

„И така водата во Вардар е загадена, уште ова ако не го контролираме, би било хаос. Поголемите фирми ги контролираме. Меѓутоа, не дека не може да го откриеме причинителот за загадување, се знае колку отвори има кои се близу до реката Вардар. Има и мали фирми кои својата отпадна вода ја испуштаат директно во реката Вардар, и така настанува тој помор на риби, загадување“, вели докторот.

И Шакири, директорката од Водовод изразува дополнителна загриженост поради отпадните води од индустријата. Фабриките треба да имаат пречистителни станици, но тоа не се случува секогаш, забележува таа. Загрижена е дека овие води во иднина можат да направат проблем во пречистителната станица.

„Индустриските води треба да се пречистуваат во нивната пречистителна станица и потоа да се собираат во колекторот. Затоа се стремиме нивните пречистителните станици во сите фабрики кои мораат да ги имаат, да профункционираат“, укажува таа.

Дополнителен проблем пак кој им се јавува е несовесното користење на канализацијата. Влажните марамчиња не се фрлаат во тоалет, вели Шакири. Додава и дека не е реткост во канализацијата да најдат пешкири, јоргани, па дури и глави од животни.

И доктор Костадиновски е лут поради ниската јавна свест. Бара едукација на сите. Смета дека е недозволиво целото ѓубре да се фрла во Вардар, во реката да се празнат септички јами, но и да се наводнуваат земјоделски прозводи со вода која е презагадена. Забележува дека не е реткост во лабораторијата на ЦЈЗ да им стигнат за анализа плодови кои мирисаат на тиња.

„Полни се со ешерихија коли и колиформни бактерии. За извоз мора да се испита кај нас, во акредитираната лабораторија. И така, уште во самиот старт се стопира извозот. Не може производот да излезе надвор од границите. И на тој начин, и да сакаме нешто да извезуваме, тоа останува кај нас“, вели тој.

Професорот Трајче Стафилов, од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет кој работи на испитувања на загадување со тешки метали во водите вели дека состојбата е многу подобрена откако се затвори Топилницата во Велес. Тешките метали, смета дека не се се сериозен проблем за скопскиот дел од реката, но загадувањето од останатите материи, мора да запре.

„Ако се елиминира внесување комунални води и индустриски води во Вардар, да , ќе нѐ биде. Тоа беше направено со Темза. Тоа значи огромни финансиски средства, но ако секоја година одвојуваме пристојни средства за одредено време ќе ја доведеме ситуацијата каква што треба да е“, дециден е Стафилов.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, од вкупното количество испуштени отпадни води во 2019 година, 67.5% биле непречистени, а 32.5% пречистени . Од 70.233 илјади метри кубни непречистени води, најголемиот дел 35.459 илјади м3 биле испуштени во водотеци, 33.814 илјади м3 во подземни води, а 950 илјади м3 во акумулации.

https://www.radiomof.mk/site-skopski-fekalii-zavrshuvaat-vo-vardar-prechistitelnata-stanica-si-cheka-tender/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 04-Mar-2021 at 17:06
ИТНО Е ПОТРЕБНА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА НА ХИДРОСИСТЕМОТ ЛИСИЧЕ КОЈ ВЕЛЕС ГО СНАБДУВА СО ВОДА



https://24.mk/details/itno-e-potrebna-prechistitelna-stanica-na-khidrosistemot-lisiche-koj-veles-go-snabduva-so-voda
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 21-Mar-2021 at 12:18
Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тендерската постапка која што започна минататото лето во моментов е дојдена до завршување на изборот на компании за кратката листа, при што до Европската инвестициона банка (ЕИБ) се доставени евалуациони извештаи и се чека на нивното одобрување за компаниите за градба. ЕИБ веќе го има одобрено Извештајот за кратката листа на компании за надзор над работите.

„Во моментов се финализира тендерската документација. Се планира достава на покана за доставување на понуди од страна на компаниите кои ќе бидат избрани на кратката листа во април 2021 година“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По доставувањето на понудите од компаниите, во јуни 2022 година ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја гради пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Во фазата на претквалификација од објавената тендерска постапка, минатата есен ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираше дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на станицата.

Освен до Министерството за животна средина и просторно планирање, прашања за изградбата на овој капитален објект за главниот град испративме и до ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои се јавуваат во својство на инвеститор. По речиси еден месец испраќање на мејлови и телефонски повици до компанијата, сепак до денешен ден „Мета.мк“ не доби одговори на поставените прашања.

Клучен дел што треба да го заврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е изградбата на двата колектора од левата и од десната страна на реката Вардар, кои треба да ги одведуваат отпадните води од Скопје до идната пречистителна станица што ќе се наоѓа во близина на населеното место Трубарево. Изведбата на двата колектора веќе доцни со реализација и пробиени се претходно зададените рокови за изведба. Нивната изградба почна во јуни 2018 година, а требаше да се завршат до 2020 година.

Инаку, пречистителната станица за отпадни води во Скопје е со проценета вредност од 136 милиони евра. Предвидено е во овој капитален објект да се третираат отпадните води на над 500.000 жители од главниот град, со што ќе се надмине моменталната состојба на директно испуштање на овие непречистени води во реката Вардар.

„Мета.мк“ веќе подолг период пишува дека водите на реката Вардар бактериолошки се класифицираат во најлошата четврта категорија на загадување, додека хемиски се меѓу четврта и петта категорија на загадување. Поради ова, забрането е капење во водите на Вардар, наводнувањето на земјоделските површини, ловењето на риба за исхрана и користењето на бунарите за вода за пиење што се наоѓаат до самата река.

https://meta.mk/prechistitelnata-stanicza-za-otpadni-vodi-vo-skopje-kje-pochne-da-se-gradi-vo-juni-2022-godina
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 31-Mar-2021 at 12:27
Вардар требаше да добие колекторски систем уште пред влезот на коронавирусот

Уште во февруари минатата година требаше да биде завршена изградбата на колектори за третман на отпадните води во Вардар во Скопје со доминантни пари од ЕУ. Пред три години пред камери помпезно градежните работи ги најавија амбасадори, министри, градоначалникот. Денес Вардар е еднакво матен и загаден и, несфатливо за една европска престолнина, нема централна пречистителна станица. И никој не знае кога Вардар пак ќе биде бисер балкански...

Додека сте во прошетка долж кејот во Скопје ќе почувствувате лоша миризба, а на некои места и ќе забележите цевки од кои директно во Вардар се излева матен канализациски и друг отпад. И ако добро ве држи меморијата и колку - толку следите медиуми, ќе се сетите дека ваквата слика за Скопје требаше да биде минато.

Кога? Уште во февруари минатата година, пред да пристигне коронавирусот во земјава, Скопје требаше да добие колектори за третман на отпадните води во реката Вардар. Оттогаш до денес помина повеќе од една година, која можеби нѝ изгледа уште подолга ако се сетиме низ што сѐ поминавме соочени со здравствената криза. А токму хигиената е една од мерките против ширење на заразни болести.

И, како што е вообичаено кога властите најавуваат поголеми проекти, така и за означувањето на почетокот на градежните работи за изградба на колекторскиот систем, на терен во населбата Ново Лисиче, пред механизацијата, се собраа министерот за животна средина Садула Дураки, градоначалникот Петре Шилегов, ама и евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

Да, тоа беше јуни 2018 година, а се гледа по тогаш присутните, а сега отсутни од земјава амбасадорите Жбогар и Тимоние, како и по Дураки кој одамна не е на таа функција. Само Шилегов е на истата позиција.

Тогаш свечено најавија дека колекторскиот систем во должина од 8 километри ќе биде завршен најдоцна во февруари 2020 година, дека средствата се обезбедени во висина од 10 милиони евра, од кои 9 милиони од фондовите на Европската Унија.

„Затвораме едно клучно прашање за животната средина. Третманот на отпадните води е наш висок приоритет. Ќе го подигнеме квалитетот на водата во реката Вардар и дополнително ќе придонесеме за заштита на подземните води во Скопската котлина, што се користат за наводнување и за пиење", изјави тогаш Шилегов.

„Со изградбата на овој систем водите во реката Вардар ќе станат чисти и задоволство ми е што преку фондови на ЕУ ќе се реализира овој значаен проект во Скопје", рече евроамбасадорот Жбогар.

Колекторскиот систем ќе го гради француската фирма 'НГЕ' која при градежните работи ќе употреби најсовремена механизација, односно машини кои можат да вршат и шест метри длабоки ископи", рече францускиот амбасадор Тимоние.

Што се случи и зошто работите не се завршени со речиси во целост пари обезбедени преку ЕУ, или пак токму парите станале проблем, прашавме во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Очекуваме колекторот да биде готов до крајот на годинава. Се решаваат проблемите кои се појавија во фазата на реализација, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на еколошки и прашања поврзани со земјиште", кусо и повеќе од дипломатски за МКД.мк одговори Делегацијата на ЕУ.

Прашавме и во Град Скопје каде „лежи" проблемот и зошто роковите се толку многу пробиени. Добивме поширок одговор и насока дека проблемот всушност не е во Градот, зашто изведувачот на работите е на друго место.

Изминативе 3 години се реализира проектот за изградба на колекторскиот систем во долното течение на реката Вардар. Со ИПА 2 проектот 'Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје' се гради колектор на десниот брег на Вардар во должина од 3,4 километри и тоа од булевар 'Србија' до Железничкиот мост и во него ќе се слеваат отпадните води од постојната пумпна станица 'Горно Лисиче', потоа колектор на левиот брег на Вардар во должина од 4,5 километри од точката на моменталното празнење на постојната канализациска мрежа до железничката пруга, како и изградба на колектор од пумпната станица 'Макошпед' до поврзувањето со новиот главен колектор на левиот брег на Вардар. Инвеститор и изведувач на работите е Министерството за животна средина и просторно планирање и за повеќе информации за динамиката и роковите треба да се обратите кај нив", гласи одговорот од Град Скопје.

Како што нѐ пренасочи Градот, така прашање упативме и до Министерството за животна средина. А оттаму во одговорот изразија незадоволство од изведувачот на градежните работи.

Во врска со реализацијата на проектот за колекторски систем за пречистителната станица во Скопје, можеме да информираме дека физичкиот прогрес на процесот е 83 проценти. Реализацјата на проектот доцни заради лошата изведба на изведувачот. Во моментот се водат преговори помеѓу изведувачот и Министерството за финансии, како одговорна страна во проектот, за забрзување/завршување на проектот и се очекува во скоро време разрешување на проблемот", одговорија за МКД.мк од Министерството за животна средина.

Кој е изведувачот? Амбасадорот Тимоние во јуни 2018 година рече дека Колекторскиот систем ќе го гради француската фирма „НГЕ".

Во моментов информациите се дека во градежните работи се инволвирани фирмите Гуинтоли САС од Франција и веќе спомнатата НГЕ Консалтинг С.А.С како и домашната Бауер БГ, инаку позната и по изведувањето на градежните работи за реконструкција на зградата на Владата заедно со илуминацијата, или по фасадите на зградите на „Пелистер" и „Макпримат" на главнот плоштад и по други работи во главниот град.

Во право беше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кога во февруари 2018 година, пет месеци пред почетокот на градежните работи, потпишувајќи го договорот за овој ИПА - проект со тогашниот министер за животна средина и со директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација Скопје", рече дека „една престолнина на европска држава е несфатливо да функционира без централна пречистителна станица".

Се веруваше дека на водите на Вардар ќе им биде вратена одамна невидената природна боја и чистота набрзо по изградбата и на централна пречистителна станица.

Поминаа безмалку три години од почетокот на изградбата на колекторскиот систем и година и еден месец по крајниот рок за негова финализација. А, Европската Уија очекува проектот да биде завршен до крајот на годинава. Министерството за животна средина пак, има очекување тоа да се случи набрзо, додека Град Скопје чека работите да бидат некако завршени.

Граѓаните се веќе навикнати на чекање. За многу работи, за многу ветувања. Ете и за да го видат Вардар во својот сјај, како бисер балкански.

Но, овојпат и Владата чека! Таа се обврза најдоцна до 2020 година да ги започне работите за изградба на пречистителната станица. Така тогаш изјави Садула Дураки.

Денеска сме 31 март 2021 година.


https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vardar-trebashe-da-dobie-kolektorski-sistem-ushte-pred-vlezot-na-koronavirusot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 06-May-2021 at 11:26
ОТПАДНИТЕ ВОДИ ОД НАСЕЛБИТЕ ВО ГОРНИОТ ТЕК НА ТОПОЛКА ЗАВРШУВААТ ВО РЕКАТА, НЕОПХОДНИ СЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Проблемот со отпадни води во горниот тек на реката Тополка, каде завршуваат фекалиите од населените места, не е решен иако Хидросистемот Лисиче постои 15-тина години. Реката се влева во езерото Лисиче, од каде велешани се снабдуваат со воза за пиење. Отпадните води од Горно и Долно Јаболчиште, кои заедно бројат над пет илјади жители, ја полнат Тополка. Проблемот го актуелизираше градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

„Има проблеми со водите кои се влеваат во езерото Лисиче, затоа што не е изграден колекторски систем и пречистителна станица за прифаќање и третман на отпадните води од селата кои се наоѓаат над браната. За водата што ја пијат велешани да биде квалитетна, се внесуваат хемиски средства и затоа е потребно да се реши овој проблем, кој е скап но важен“, кажа Коцевски.

Проекцијата за демографскиот развој на двете населени места Горно и Долно Јаболчиште, кој со пет илјади жители е достигнат сега, бил предвиден за 2035-та година. Решението е изградба на канализационен и колекторски систем, со изградба на две пречистителни станици за двете населени места, за што постоела и проектна документација.

„Во овие две населени места нема канализационен систем за одвод на отпадните води, туку септички јами. Ова е комунален проблем на Општина Чашка а последиците ги трпат ЈВП Лисиче и Велес. Преку Вардарски Плански Регион е изготвен проект, за решавање на овој проблем, кој е во Општина Чашка. Неговата вредност е 2,3 милиони евра, останува да се најдат средства за негова реализација. Граѓаните треба да знаат дека немаме сериозен проблем со квалитетот на водата за пиење која се испорачува на велешани, ниту во скоро време може да се случи“, рече Дејан Арсовски, директор на ЈВП Лисиче.

Од езерото Лисиче со вода за пиење се снабдуваат освен жителите на Велес и повеќе приградски населби и села во велешко.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/otpadnite-vodi-od-naselbite-vo-gorniot-tek-na-topolka-zavrshuvaat-vo-rekata-neophodni-se-prechistitelni-stanitsi/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.