build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Платина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија - случај Платина
    Posted: 09-Oct-2008 at 08:00
Општата нишка на тема урбана ќе ја најдете на следниов линк:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=18


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2009 at 12:48
Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Nov-2008 at 21:40
http://www.youtube.com/watch?v=Xw_PmIIjLIs&feature=related
Ohno  Ова е се дел од снимките кои покажуваат и докажуваат за криминалното работење во општина центар. На оваа снимка Аларова советува каде треба да се бара одговорноста и криминалот.  ApplauseApplauseApplause


Edited by sonja - 12-Nov-2008 at 11:37
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Nov-2008 at 21:42
http://www.youtube.com/watch?v=XKxhaSnsf2k&feature=related
Ohno Оваа снимка покажува  и  докажува како првиот секретар на општина Центар ја злоупотребува својата функција, едноставно некој немал среќа. Bash


Edited by sonja - 12-Nov-2008 at 11:40
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Nov-2008 at 11:34
http://www.youtube.com/watch?v=T-qp9sHP6HE&feature=related
Ова е само дел од аферата “ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ. Најголем отпор досега ми е направен токму околу оваа афера. Инает води општина Центар затоашто досега единствено овие сопственици на имот стигнаа најдалеку во разоткривањето на некоја урбана афера во која јасно и со докази ги презентираа на јавноста. МВР по обичај си молчи и ништо, буквално ништо не превзема како активност за да ја расветли аферата. Сопствениците на фирмата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ Рокан Атанасовски и Рената Посавац единствено одговараат ( во бегство ) за аферата во Комерцијална банка кадешто Мирјана Атанасовска ( сопруга на Рокан и сестра на Рената ) незаконски префрлила 512.000,00 евра по разни фирми.Од фирмите на кој им било префрлено од нелегалните пари единствено Пеце “Асиба“ настрада како жртвено јагне. Другите на кој им беше префрлено средства и дадено на рака воопшто не се осудени туку се пријавени како сведоци против Пеце “АСИБА“ и против ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. Никој не спомнува околу наводно неуспешноста на Мирјана Атанасовска да префрли нелегални средства на ист начин во висина од 1.500.000,00 евра. Некој добро се нафатирал и нормално не сака да се разоткриваа оваа афера. Побегнале наводно во непознат правец надвор од земјава 6 лица и замислите нема никакви траги до сега од наводно спроведената потрага по нив. Се прашувам тогаш зошто постои МВР, ИНТЕРПОЛ, ЕУРОПОЛИС итн. кога неможе да открие 6 “емигранти“ и покрај толку напредната технологија и поврзаност на граничните контроли и евиденции.
1. МВР “не знае“ точно ( дата ) кога овие 6 лица излегле од Државава и на кој граничен излез,
2. МВР “не знае“ ништо околу градежните работи на фирмата “ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ“,
3. МВР “не знае“ ништо околу тоа каде се печатите и документите од фирмата ПЛАТИНА НЖИНЕРИНГ, иако после наводното бегство на инвеститорите се појавуваат договори со испомешани печати на фирмата,
4. МВР “не знае“ дека постои “Платина инжинеринг“ ДОО управител Рокан Атанасовски и “Платина инжинеринг ДООЕЛ управител Рената Посавац,
5. МВР “не знае“ дека по избивање на аферата се појавуваат лица со сомнителни ( фалсификат ) договори и уплатници,
6. МВР “не знае“ како “исчезнале“ сите документи на Платина инжинеринг од централната архива во општина Центар,
7. МВР “не знае“ дека Платина инжинеринг била во спрега со општина Центар за да го направат овој криминал,
8. МВР “не знае“ дека во своите фиоки ја чува кривичната пријава против 7 лица од општина Центар веќе 7 месеци доставена од Јавното обвинителство на Р.М.,
9. МВР едноставно НИШТО НЕ ЗНАЕ.
Зошто ние обичните граѓани одвојуваме од нашите плати за да го финансираме ова министерство? Што корист имаме од ова министерство? Генерално, МВР гледаме како работи исклучиво на ТВ вестите во ударните термини, а кога ние граѓаните лично ќе отидеме да пријавиме криминал во МВР дури тогаш ја добиваме вистинската слика за ова министерство, нема врска со тоа што ни го презентираат уредниците на ТВ станиците низ Македонија. Некој ке каже, “тоа е тоа со Држава не можеш да излезеш на крај“. Па зарем ние обичните граѓани не сме Држава или тоа е некаде таму,.... кај некои одбрани елитни граѓани.
Ниту една градежна афера не е расветлена и прочешлана од страна на МВР. Ако МВР работи како што треба ке види дека во сите афери низ сите општини се вртат истите луѓе-оштетени граѓани за кои на МВР им е многу жал дека се излажани.
МВР си е сепак МВР- Мафијашко Врзани Работи.
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Nov-2008 at 13:47

Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA. 
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA. 
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.

здраво Соња , сигурно ова е од алтруистички побуди, но дали помошта е правна или физичка, милсам дали си адвокат или весел рекетар LOL немој да ме рабереш погрешно, но доколку сакаш да се справиш со скаламуции од типот 2+2=22, единствено чаре е само ова со снимки и извлечени муабети од фолирантите. инаку конечно некој да покаже смелост јавно да ги тимари таканаречените урбани мафијаши, кои можеби не убиваат но уште побетер ги малтретираат, возат или се изживуваат врз луѓето кои некако им се нашле на патот во амбициозните портфолија. само еден добронамерен совет, доколку мислиш да успеш во мисијата а и за да се заштитиш од евентуален пневматски притисок најдобро е риповите од аплодираните снимки да ги пушташ од интернет кафе заради помирен сон а и заради поширок простор за маневрирање. абе ваков космополитски пристап и смелост може да се очекува само од жена ние дрвата немаме камена волја. Добредојде!

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Nov-2008 at 14:11
Sonja e moe umetnicko ime povrzano so ovaa afera. Ova se linkovi od youyube.com. Snimkite veke nekolku meseci se vrtat no nema efekt. Bea pusteni i na IDIVIDI video no samo za 5 dena bea simnati. Takva e borbata so kriminal vo nasata drzavicka. Jas si odlezav 2,3 godini za nisto, pa zatoa sega eve me da si gi naplatam moite izgubeni godini od onie koi me namestija. Ovoj pat ne se predavam na vistinata i pravdata na nasiot sistem, sega ke rabotam po moj sistem. 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Nov-2008 at 16:51

Соња ова симболиката е претпоставувам со СоњаТАТ која ги зема на своја душа сите заврзлами кои ги зготвија скопските кајмаками. во секој случај правилен пристап ваков начин на демистификација постои секаде во светот.

еве да претпоставиме дека аларова не е крива и дека општинарите треба да ме(ве) упатат кон правен лек или евентуално да ми укажат каде и како да си ги барам(е) правата или да образложат како некоја одлука е донесена ТИЕ не смеат вака да се однесуваат небаре се на функциите дојдени за да ’ржат по граѓаните кои и ги довеле таму. дури и некој и стопати да се им се обрати па макар бил и во правен судир со нив, нивниот пристап треба да биде крајно етички и професионален, а не како што можеме да чуеме на клиповите небаре имаат тезга за оружје... но ова е рецидив од комунизмот каде власта-администрацијата доминираше на секој можен начин над рајата, иако во последно време се пробува овие азгански манири да се скастрат сепак навики си се навики, ќе те ислуша евентуално еднаш и доколку има и каква било минорна недореченост - службеникот наместо да се потруди да излезе во пресрет попрво ќе те понижи и нормално исшутира или во поблага варијанта измаршира. ова е нормално и заради непрофесионалноста но во многу случаи и заради стравот на службениците да објаснат нешто заматено, во најмала рака како не би си го пикале носот во нечии заврзлами или како во повеќето случаи заради штитење на сопствените митаџиски авантури или амбициите на балдската. 

што е до местењата и грабањата околу парцелите и маркиците во СК незнам што да кажам освен следете ги работите со ладна глава, зошто кога тогаш за секоја неправда ќе стигне и казна, колку и ова да звучи романтично! сепак доколку човек сака да се спротистави на овој октопод прво треба да се обезбеди со повеќе секири кои би му го чувале грбот доколку падне во небрано т.е. постојано да има на готовс диктафон, апарат, камера или сведок покрај себе како би се зачтитил индиректно од ударите на пипците, а за да ја разбистри водата која октоподот ја заматува кога ќе му згусне најдобро е да обезбеди vanish средства за чистење - а тоа се медиумите, каде со доволно количевство на новинарски текстови и емисии може експресно да се спрегне и извршната и судтската власт(иако ова вторава засега е прилично за’рѓана). за ова vanish тактикава примери има многу но најбитет е тајмингот и силата на аргументите иако во многу случаи обично доколку засегнатиот има сила пушта разноразни афери кои би го угушиле муабетот и заматиле трагата. затоа најдобро е сопствен медиум или пријател со сопствен медиум како Велија, но и тоа не е гаранција, бидејќи сега сите уредници се добро стресени од атентатот со пуканиќ, и тоа пази во “безбедната“ Хрватска. сепак тешко е да се држи медиум заради идеологија, а посебно тешко доколку таргет тема се машносани тезгаџии на маркици и парцели. 

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Nov-2008 at 17:32

Што и да кажам, ...веке е тема за анализа. Јасно е дека народната Wallbash не може, во овој случај се иде до крај. Ке ја нема главата или ке го нема зидот. Во разговор со инволвираните добив јасен впечаток дека сопствениците на имот на чии имот е играден еден од четирите диво изградени објекти на “ПЛАТИНА“ ке одат БАШ ДО КРАЈ. Ми се допадна таа старонаследна особина на Македонецот чија особина со текот на времето ????некои?????? ја претворија во инает,  јас ја толкувам како храброст. Таква храброст поддржана со енормна енергија за борба, никогаш во мојот живот не сум почуствувал. Од таа причина се придружив во нивната борба против УРБАНАТА МАФИЈА до нејзино барем 50% уништување. Треба да се видат документите и све ке ви биде јасно. Документите се толку јасни и претворени во криминални карти за ориентација, што мислам дека и на најмалите деца ке им покаже каде се наоѓа криминалот ( закопаното богатство ). Но за наше кобајаги изненадување надлежните тоа не го забележуваат. Во два наврати сопствениците избегнуваат ликвидација. Намерата за ликвидација стои во орман во Јавното обвинителство на Р.М. и никој не превземал ништо, макар да ги викне на неформален разговор.

Ова со Аларова и нејзините пулени како што се гледа и слуша од снимките е паушален доказ за криминал. Сите “тие“ од снимките се со свој личен потпис на криминални документи. Еве краток и јасен пример. Сопствениците на имот во 2004 г. март месец се одлучуваат да склучат договор за градење. Во општина центар постои документ дека општина центар уште далечната 2001 г. поднела барање до град Скопје за пресметка на комуналии за изградба на стамбен објект според непостоечки проект и сл.
 Општина центар не џабе објавува во весник дека сите документи од ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ исчезнале од централната архива општината. Прикривањето задоцнило затоа што некој од општина навемено ги известил сопствениците на имот дека нешто им се спрема, па им дал копии верни на оригиналот. Сега МВР е во небрано. Доушникот го знаат но не превземаат ништо против него затоа што ке се каже нешто што не треба. Аларова ја имаат во раце, но и таа ги има во раце па си играат “еци пеци пец“. Ова е 0 во врска со аферата. Никој нема муда ( поготово министерката Јанкуловска ) да покрене нешто за расветлување на аферата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ.
Во договор со сопствениците на имотот спремаме нешто “катаклизмичко“, но се чека кампањата за локални избори. Тогаш е време да се искаже и докаже оваа Влада. Thumbs%20Up
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Nov-2008 at 17:57

Таква храброст поддржана со енормна енергија за борба, никогаш во мојот живот не сум почуствувал.
сепак си бил дрво а јас таман те испофалив ко за жана Bash 

па види колку и мвр да пушта пријави, доколку обвинителството не ги прифати и за процесираните не се заземе професионално(ко за научен проект) нема да има завршница! следна препрека во борбата е судската власт која како што знаеме е последниот бастион на корупцијата со оглед дека судиите немаат никаков надзор ниту пак ревизија, иако има тело кое теоретски треба да се грижи за ова Републички Судски Совет но во пракса истото ова завршува само со “оценување на стручноста и совесноста на судиите“ преку кафе муабет, а капак на сето тоа РСС му дава отчет на собранието, кое нормално доколку работи само на ова прашање веројатно и би излегло на крај со третиот нагризан столб на системот... може и нешто ќе се промени но тоа сигурно нема да биде веднаш ниту пак трајно...!

но затоа секогаш е тука Судот На Јавноста!

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Nov-2008 at 18:41

Јавното обвителство ја прифатило кривичната против 7 лица во општина Центар и ја предала во МВР за дособирање на докази. МВР батка МВР кренала ручна. За судството да не ти онадам, катастрофа Pukeно надежта последна умира. Интересно е кога гледаш функционери што те гледаат во очи и те лажат на ангро.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Nov-2008 at 01:51

добро, а приватна тужба за овој случај има или само на државата се чека.  доколку се покрене приватна тужба и доколку има елементи, судот може да ја стопира градбата или продажбата на станови, ем таман во меѓувреме ќе се докомплетира пријавата од обвинителството, па ќе трпат инвеститорите толку што ќе посакаат никогаш и да не се нафатиле на вакво нешто, со оглед дека ретко кој има свеж кеш од нив за расфрлање. обично се заеми или заеднички влог или готовина со која го вртат бизнисот... како и да е упорноста понекогаш се исплати се додека е во рамките на законот! иако мислам дека ова со снимките поминува само по медиуми но не и во суд, освен ако камерата или прислушниот уред се со налог и од полиција поставени! 

еве нешто од нет за муабетов:

Корупција со име и презиме

Страшно ме нервира што главни носители на корупцијата во државата се токму тие кои ние ги плаќаме да работат за нас. Во премногу случаи се покажува дека единствено „работат“ само кога тоа работење е „за нив“. Ова мириса на таков случај.
...
Фирма која го гради објектот означен како дивоградба е „Платина Инжинеринг“, во сопственост на извесен Рокан Атанасовски, кој бил школски другар со градежниот инспектор Милан Пижула, надлежен и за неколку други дивоградби кои истата фирма ги гради (и ги гради, и ги гради...) во општината, и покрај решенијата за уривање. Things that make you go 'hmm'.
...
А ако успееме да избркаме од државна работа барем еден корумпиран службеник, ќе честам и пиво!

Тајни снимки за аферата „Платина“ објавени на Интернет

Шокантни снимки од телефонски разговори деновиве беа јавно објавени на веб-страницата ѕоутубе.цом, поврзани со зградата-дивоградба на улицата Васил Стефановски 28 во центарот на Скопје. На тонскиот запис, сниман тајно од страна на сопствениците на земјиштето, се разговори што тие ги воделе со Виолета Аларова, градоначалничка на Центар, Ратко Савовски, секретар на општината, Милан Пижула, градежен инспектор, и со Роза Митревска од Министерството за транспорт и врски. Сопствениците бараат од гореспоменативе, како надлежни органи, да им одговорат зошто не ја уриваат огромната дивоградба што никнала на нивната земја и покрај тоа што има извршно решение. Еве како им одговара градоначалничката Аларова: „Вие разбирате, тоа што го запираме уривањето - тоа мене ми создава работа, јас сум на тапет. Разбирате, јас не работам по закон. Ниту знам што се правело, ниту како се правело. Тоа ми е најтешко“.
Сопствениците најавуваат штрајк со глад, заедно со своите пет малолетни внуци. Тие тврдат дека станува збор за една од најголемите афери во државата, каде што биле замешани високи структури од власта. Општинарите потврдуваат дека зградата е дивоградба, но нагласуваат дека прават обид да ја легализираат и да ја вметнат во урбанистички план.
- Штетата била направена кога била изградена. Решение за уривање има уште од 2004 година, но тогашниот државен инспекторат не ја урнал. Проблемот навистина е голем. Но зградата е веќе никната и населена од станарите. Сега подобро да се вметне во ДУП отколку да се урне. Ќе видиме. Ние како општина чекаме да заврши судскиот спор што меѓусебе го водат сопствениците. Инаку имаме решение за уривање и веќе правиме проект како да го изведеме уривањето. Но штетата ќе биде помала ако успееме да ја спасиме зградата - вели Ратко Савовски, секретар на општината.
Тој најави приватна тужба против сопственичката на земјиштето бидејќи, како што вели, неовластено го снимила и јавно го објавила разговорот на веб-страницата youtube.
За што всушност станува збор?
Спорната зграда почнала да се гради летото во 2004 година. Како инвеститор се јавува фирмата „Платина инженеринг“, која потпишала договор со девет сопственици на земјиштето, кои дале согласност да гради.
Милан Пижула, кој тогаш работел како инспектор во Државниот градежен инспекторат за урбанизам, во септември истата година утврдил дека објектот е дивоградба уште додека бил во темели и издал решение за уривање. Но државниот инспекторат не презел мерки за уривање и покрај тоа што Пижула ја известил и урбаната полиција. Во 2005 година урбанизмот преминува во надлежност на општините и на Министерството за транспорт и врски повеќе не е надлежно за дивоградбата. Градежниот инспектор Пижула вчера за „Нова Македонија“ изјави дека случајот бил чист и дека тој како инспектор си ја завршил работата.
- Јас донесов решение дека е дивоградба и за тој објект има решение за уривање. Зградата треба да се сруши, а зошто не се руши не знам. Тоа може да ви каже само градоначалничката на општината - вели Пижула.
Вчера се обративме до канцеларијата на Аларова, каде што ни рекоа дека треба написмено да поставиме прашања. До затворање на весникот оттаму не добивме одговор. Еве што сакавме да ни одговори градоначалничката: Зошто општината Центар не ја руши дивоградбата на улицата Васил Стефановски 28? Дали Аларова или некој член од нејзиното семејство има стан во оваа зграда? Дали навистина градоначалничката признава дека не работи законски, како што се слуша на тонскиот запис?
Според она што го тврдат сопствениците, а е објавено на Интернет, тие една година не можат да стапнат на својот имот. Тие велат дека неколкупати биле физички нападнати, крвнички претепани, но полицијата не сторила ништо за да ги заштити од смртните закани и да им го заштити имотот. И покрај тоа што решението за уривање било донесено уште во 2004 година, тие дури во јануари годинава дознале дека зградата им е дивоградба.
Аферата „Платина“ беше актуелна лани. Газдите на фирмата, сопружниците Рокан и Маријана Атанасоски, беа осудени на вкупно 15 години затвор, а сопственикот на „Асиба МГ“ Пеце Дамевски доби петгодишна затворска казна.
Атанасоски по обелоденувањето на аферата избегаа од државава и по нив беше распишана потерница. Дамески, поранешен сопственик на „Асиба МГ“, беше обвинет поради проневера на 514.000 евра. Тој во Словенија со неговата тамошна фирма „Оточац“ реализирал фалсификувани акредитиви на Комерцијална банка и за фирмата „Платина“ подигнал кредит од 350.000 евра. Фалсификуваните акредитиви за кредитот ги направила Маријана, сопруга на Рокан Атанасоски. Како вработена во Комерцијална банка употребила готови документи и само го сменила името на фирмата. Наместо „Тиквеш“, ја впишала „Платина“. Со тие документи Дамески ги подигнал парите од Нова љубљанска банка и зел 30.000 евра како провизија.
Што содржат снимките објавени на youtube?
Милан Пижула, градежен инспектор: Јас по стариот закон сум донел решение, јас сум ја завршил мојата работа, тоа таму е дивоградба, јас не смеам ништо да дирам таму. За мене тоа е див објект, цел објект. Сето тоа треба да се руши.
Сопственик на имот: Но ние немаме примено решение.
Пижула: Не мора да го примите решението.
Сопственик на имот: Вие дали ме разбирате дека на мојот имот криминална банда гради објект за кој е донесено решение дека е дивоградба?
Ратко Савовски, секретар на општината Скопје: Јас ве викнав зошто ете голем проблем е, не е шала... Сакам да си постапите по решението, ама еве не се постапува, тоа ви го објаснувам сега. Барајте си чаре зошто органот не постапува, со ваква дискусија си го губите времето. Додека чекате Пижула да ви одговори, они ќе се уселат, така и самите викате. Не чекајте Пижула да ви одговори, луѓето ќе се уселат. Вие сте имале лоша среќа.
Роза Митревска, Министерство за транспорт: Идете кај Михајло Маневски, идете во државен инспекторат... Правото место кај нас сигурно не ви е... Е сега, ние имаме право да вршиме надзор над нивното работење и да даваме укажување.
Виолета Аларова, градоначалничка на Центар: Вие разбирате, тоа што го запираме уривањето - тоа мене ми создава работа, јас сум на тапет. Разбирате, јас не работам по закон. Ниту знам ниту што се правело, ниту како се правело. Тоа ми е најтешко.

НоваМакедонија - Мери Јордановска; Емил Зафировски - 08.11.2008

знам дека е тешко да се излезе на крај со вакво нешто но најверојатно ќе го испочитуваат законот, и зградата ќе ја турнат со оглед дека се работи за приватен имот! овој случај не е како со “раба“ каде беа спорни само комуналиите, но сепак е жално и за луѓето што уплатиле станови таму. незнам како може истите да се компензираат или легализираат, ниту е државно земјиште ниту пак инвеститорот е во МКД па да му се одземе имот за компензација на измамените станари. сигурно на крај ќе се најде некое чаре!

пример на запад толку се почитува правото на живот што постојат некои навистина хумани закони дури и во случај на диво вселување Squatting, пример во холандија или англија каде доколку се вселиш во напуштен објект (објект во кој не живее никој, без разлика што има сопственик и просторот е вселив) имаш право да живееш во него и никој не смее да те гибa. слично беше и кај нас, но со општествените станови, каде во празните веќе доделени станови се вселуваа на диво луѓе и по некое време по судски пат го превземаа владеењето со станот, особено во случај да се утврди дека се работи за фамилија а претходниот сопственик има обезбедени услови за живот...  www.en.wikipedia.org/wiki/Squatting

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Nov-2008 at 02:18
Се работи за добро разработена криминална шема, нормално со подршка од општината. Дека има навистина оштетени граѓани, да има, но помеѓу нив се инфилтрираат играчите. Пример: ЛАСТЕ ? има склучено пред договор со Платина за стан на таа и таа улица. На таа и таа дата ЛАСТЕ го раскинува пред договорот за тој стан и прави нов пред договор за друг стан на друга улица кадешто повторно гради фирмата Платина и средствата од првиот пред договор с префрлаат на вториот пред договор. Платина “наводно“ бега од земјава без никаква трага и ЛАСТЕ на првата зграда си го зема станот и на другата зграда си го зема станот. Со едни исти “наводно“ уплатени средства ( на лажна каса прими, мислам со фалс печати ) зема два стана во две различни згради. Тие две згради имаат извршно решение за уривање бидејки го надминуваат габаритот ( не е според ДУП ), немаат проект, немаат уплатени комуналии, немаат дозвола за градење, немаат буквално никаква папирологија а за чудо воопшто не се спречени од страна на општината - инспектор Пижула воопшто да започнат да се градат тие објекти. Затоа инспектор Пижула во снимките споменува дека нема потреба да им достави на сопствениците известие- решение дека објектот што се гради на нивниот имот е дивоградба од самиот старт. На тој начин освен Платина никој друг не знае дека зградата е дивоградба, дури ни сопствениците на имот. Па така, се намамуваат обични граѓани да уплаќаат станови во тие згради бидејки штом се градат значи дека нема никаков проблем. Откако ке се собере добра квота на суви пари од обичните граѓани ( кој по непишано правило се со живеалиште и адреса надвор од Скопје, од внатрешноста на Р.М. ) и откако смислено и подржано инвеститорот “ ке побегне во непознат правец“ настапуваат играчите ( сите од Скопје ) кои полека, полека нудат решениа, дека најдобро е да најдат пари, и на луѓето што се надвор од Скопје да им ги откупат договорите - становите за 50% и сами да си бркаат чаре. Обавезно на некои од сопствениците им се нуди нешто повеке па алчноста преовладува и сопствениците - комшии се разиденуваат во мислењата и едните им потпишуваат договор за доизградба на зградата а другите сопственици што останале со куси ракави ( бидејки од нив се зема и се дава на другите сопственици) не им потпишуваат бидејки нормално ке изгубат све. Е, тогаш настапува општина во одбрана на наводните здружувачи на средства а ги напаѓа сопствениците што не сакаат да потпишат ( тие се во спрега на заедничка игра ). Такви како ЛАСТЕ ги има колку сакаш. Конкретно во оваа афера и за оваа зграда ги има 10 (десет) со име ЛАСТЕ кои заедно држат 15 станови. Оштетени се 5 лица што се со живеалиште надвор од Скопје ( Тетово, село Петралица, Куманово, село Опила, Битола).
Ке наведам неколку примери за фалц папири. Фирма Платина инжинеринг ДОО управител Рокан Атанасовски постои до 25.05.2005 г.
 Од 25.05.2005 г. па сеуште, постои фирмата Платина инжинеринг ДООЕЛ управител Рената Посавац. Постојат договори и уплатници со различни печати (затоа се обвинува МВР дека не превзема ништо, иако постојат тие докази и тоа дадени на суд како доказ за уплатени средства, инаку печатите од фирмата полицијата нема увид каде се наоѓаат ). Каса прими со дата од 09.12. 2004 год. со печат од Платина инжинеринг ДООЕЛ, рековме фирмата ДООЕЛ се регистрира на 25.05.2005 год., што значи касата прими е заверена со печат од фирма што после 6 месеци ке започне да постои односно да има свои печат. Постојат и договори на ист начин заверени.
ДА СКРАТАМ. Што мислите, зошто не се спомнува ништо во јавност за оваа афера. ЗАТОА ШТО НЕМА ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ (многу малку, а и тие врзани со уцени за откуп на нивните станови). Ако сите биле оштетени тогаш сите ке се бунеа на некаков начин, но во оваа афера сите ќутат а општина изиграва загрижена мајка на ЛАСТЕВЦИ.Ohno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Nov-2008 at 02:24
Значи објектот не е ни мање више битен. Битно е што повеќе франге-франге да се направи?! Темелите се за да се излажат 5-6 луќе, а другите уште 55 станари се фиктивни колку да се заебат овие првите 5-6, колку што разбрав?!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Nov-2008 at 04:40

Соња да се надеваме дека ќе проработи еден експертско-правен земјотрес после локалните избори како што рече претходно... но има една друга работа која ме буни зошто не сте ја бутнале зградата уште при самиот почеток на градбата или евентуално со некаков жив штит не сте го спречиле рокан... вака знаеш како му доаѓа муабетот сите се измамени на кому попрво да му угодиме се прашуваат во обвинетелство, инаку и да побара дополнителни информации обвинителството, сепак мвр не може да одолговлекува и да сака, законски е уредено колку време треба(има) за да се добие повратна информација, значи некој од обвинителство ја кочи работата... во принцип или има докази или нема, доколку треба да се дообезбедат плус докази се обраќаат до мвр, но тоа не треба да ги спречи да почнат судска постапка доколку има толку елементи како што велиш па во текот на судењето евентуално да се приложат и дообработените и дособраните докази, еве еден пример

ЗКП - Член 486

(1) Имотната корист постигната со извршувањето на кривичното дело се утврдува во кривична постапка по службена должност.

(2) Судот и другите органи пред кои се води кривичната постапка се должни во текот на постапката да собираат докази и да ги извидуваат околностите што се од важност за утврдување на имотната корист

и секогаш можете да побарате образложение зошто не е покрената судска постапка, а и повторно доколку овие самите не се способни во обвинителство, секогаш побрзо и попрво можете да ја истерате вие приватно, ем сте повеќе фамилии па нема ептен скапо да ви се фати ем како што велиш имате несоборлви докази, а капак на тоа и обвинителството го истражува случајот... никогаш немој да чекаш на милоста на системот, понекогаш и заради смешни околности како куршлуз во инсталации, знаат да се блокираат многу компјутери а и џебови, па доколку сакате експедитивност само приватно!

абе и тие не се криви, и законите недоречени а и премногу предмети...

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Nov-2008 at 02:30
Za Islcrew, da samo svati na koj nacin i kako.
Ako objektot sto se gradi ( bez komunalii, bez nikakvi priklucoci i sl. ) ednostavno kazano KARABINA, cini okolu 200.000,00 evra. Ako prodades 5-6 stanovi ( na 5-6 lugje ) vo prosek od 50 m2 po cena od 50.000,00 evra za stan, dobivas suma od 200.000,00 evra do 300.000,00 evra, znaci karabinata ja napravile tie 5-6 lugje so svoi ulozeni sredstva, a pritoa investitorot ne vlozil ni denar. Vo taa KARABINA se izgradeni ( konkretno za ovaa zgrada, 31 stan ). Na lugjeto ( 5-6 ) sto uplatile stanovi im pripagjaat 5-6 stanovi i znaci ostanuvaat 25-26 stanovi. Na sopstvenicite na imot ( vkupno ) im se davaat spored dogovor so investitorot 9 stanovi. Znaci ostanuvaat 16-17 stanovi gratis. So doizgradba i podmiruvanje na site trosoci za celosno dovrsuvanje na zgradata ( plateni komunalii, plateni priklucoci i sl. ) se prodadat ili vo vrednost se dadat uste 6-7 stanovi ( gore - dole ) ostanuvaat 10 stana koi vo protiv vrednost ( konkretno za ovaa zgrada presmetano vo kvadrati ) iznesuva zarabotka od okolu 600 - 700.000,oo evra. Site tie pari gi zarabotuva takanareceniot LASTE. Ovaa e presmetka e isklucivo samo za ovoj objekt, a kolku objekti seuste se gradat na vakov nacin,...... ne spomnuvam. Istite tie lugje gradat zgrada pozadi poranesna "ASIBA" ( a ako se sekavate vo aferata na Platina inzinering nastrada edinstveno Pece Damevski - ASIBA ). Edna zgrada veke ja zavrsija na ovakov kriminalen nacin, na ul. Miladin Popovik br. 6 ( kaj ZOO, odnosno kaj ........za stranski jazici ) i tamu trojca LASTEVCI veke se smesteni vo svoite stanovi. Policijata toa go znae. Licno preku fax i preku arhiva e izvestena ministerkata Gordana Jankulovska, preku arhiva e izvesten premierot Nikola Gruevski, ministerot Mile Janakievski, ministerot Mihajlo Manevski i site relevantni i nadlezni institucii. NISTO, NULA, IC, OHI, NAJN, NO, NEI, JOK, ........
Za be Ton
Jasno mi e sto sakas da mi objasnis, i zatoa sega potrudi se ti da svatis.
Dokazi postojat ( pismeni, usmeni, istrazni i kakvi ti ne sakas ).
Kako se pravi pritisok vrz sopstvenicite?
Na 11-ti Fevruari 2007 god. vo kaf. BOEMI, sostanok so site involvirani i sopstvenici na imot. Predhodno dogovoreno i uigrano, krvnicki go pretepuvaat edniot od sopstvenicite ( naracani 5 lugje nepoznati ). Sopstvenikot posle vecerasnoto lutanje po bolnici i saniranje na povredite, utredenta na 12-ti Fevruari 2007 god. prijavuva vo policiska stanica " BEKO " za fizicki napad,....... Na 13-ti Fevruari se povikani osomnicenite ( posoceni od krvnicki pretepaniot sopstvenik ) i osomnicenite go priznavaat deloto. Policijata go izvestuva sopstvenikot deka tie i tie lica go priznale deloto i deka sopstvenikot moze privatno da podnese ....... a policijata po svoja dolznost ke podnese prekrsocna prijava protiv storitelite na toa delo. Posle 8-9 meseci ( bideji policijata ne go izvestila sopstvenikot sto e prevzemeno vo vrska so slucajot ), sopstvenikot brka vrski preku policija da doznae nesto vo vrska so slucajot. Najdena e prijatelska vrska i soopsteno mu e na sopstvenikot deka vo policiska sanica " BEKO " slucajot ne e ni zaveden vo tetratka - register. Sopstvenikot podnesuva pismeno baranje do vnatresna kontrola i dobiva posle nekolku mesecen odgovor deka policiska stanica " BEKO " mesec dena po nastanot, podnela prekrsocna prijava protiv storitelite vo opstinski sud za prekrsoci ( kaj park ). Sopstvenikot podnesuva pismeno baranje do toj sud za pismeno izvestuvanje okolu slucajot za fizicki napad. Posle nekolku mesecno cekanje, sopstvenikot odi licno vo sudot da se informira. Go primaat ljubezno i mu dozvoluvaat uvid vo predmetot. Sudijata mu go pokazuva monitorot i mu cita: predmetot ........ protiv toj i toj.......... e kaj sudija taa i taa no vednas po dodeluvanje na predmetot sudikata odi vo penzija, i od togas predmetot ne e raspredelen kaj drug sudija ( a veke se pominati skoro 2 godini i so toa predmetot zastaruva ).
 Ova e samo minijaturen del od nastanite okolu ovaa afera. Nikoj vo drzavava ne gi primil ili celosno gi soslusal sopstvenicite okolu problematikata.
Kazete sto ve interesira i sve ke vi se dokumentira.
Sakate za kriminal vo ministerstvoto za transport i vrski........ nema problem.
Sakate za kriminal vo ministerstvoto za pravda.......... nema problem.
Sakate za kriminal vo MVR..........ili polic. stanica " BEKO "........ nema problem.
Sakate za kriminal vo opstina centar............... nema problem.
Sakate za kriminal vo katastar............. nema problem.
Sakate za kriminal na notarkata sto gi zaveruvala site dog. na Platina......... nema problem.
Sakate za kriminal vo SUD 2 .................. nema problem.
Dzabe dokazi, dzabe sve. Nema pravda vo Makedonija, pogotovo so ovie lugje sto ne vodat. Zamislete. Pismeno e izvesten premierot Nikola Gruevski za slucajov i posoceni mu se lugje so ime i prezime........a toj na predvremenite izbori, na svojata lista na kandidati so reden broj 18 vo svojata izborna edinica br.1 ja postavuva posocenata licnost. Koja ironija covece, i baras pravda. Povelete na sekakvi prasanja. Ke vi odgovoram na site, so broj na predmet, so broj na podnesok, so broj na odgovor od ministerstvo,.....ednostavno so site raspolozlivi dokazi isklucivo pisi i zavereni, so ime i prezime, so broj na sklucen dogovor, so UZP zaverka na notar,......sve sto ve interesira.
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Nov-2008 at 02:37

                                                                                                                        ДО:   МИНИСТЕРСТВО                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                

                                                                                                                                                  ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

                                                                                                         МИНИСТЕР ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА

                                                                                                                       

                                                                                                                    20.02.2008 год.

 

 

                               НАЈАВА ЗА ПРОТЕСТ

                                            ПРЕД

        МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

                                 Од сопственици на имот 11170 К.О. Центар 1 Ул.“ Васил Стефановски“ бр. 28 Скопје

 

 

               ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР Гордана Јанкуловска,

Разочарани од неажурноста на нашата Полиција се решивме на ваков чекор со цел да ја запознаеме јавноста со нашиот проблем, кои проблем единствено   Полицијата може да го реши. Се обративме до сите можни институции во земјава надлежни за нашиот проблем, но без никакви резултати. Од сите институции ни говорат дека е прекршен законот и дека некој ќе треба дебело кривично да одговара за тоа. Кривичното дело од 15.12.2007 год. сеуште се извршува, а ниедна надлежна институција не превземала никаков чекор во спречување на истата. До Јавното Обвинителство поднесовме кривични пријави кои пријави се препратени до СВР оддел Економски криминал за расветлување на случајот, но предметот сеуште не е активиран, а ние како сопственици на имот трпиме ненадоместливи штети. Под закани по нашите животи живееме веке година дена и веке сме на работ со нервите, па решивме ние да ја превземеме работата во свои раце и на своја одговорност.

      НА 29.02.2008 год. НАЈАВУВАМЕ ПРОТЕСТ ПРЕД  КАПИЈАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ. ПРОТЕСТОТ ЌЕ СЕ ИЗРАЗИ СО НАШЕ ВРЗУВАЊЕ СО СИНЏИРИ ЗА ВЛЕЗНАТА КАПИЈАТА ВО ЛЕГНАТА ПОЗИЦИЈА СО ШТО ЌЕ СЕ ДОЗВОЛИ  ВЛЕЗ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕКУ НАШИТЕ ТЕЛА ИСТО КАКО ДА НЕ ПОСТОИМЕ. ПРОТЕСТОТ ПРВИОТ ДЕН ЌЕ БИДЕ ВО ТРАЕЊЕ ОД 2 ЧАСА, СО ПОЧЕТОК ОД 08:00часот ДО 10:00часот.

 

Оваа најава за протест ке биде испратена до медиумите и до Владата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА со цел и за нивно информирање околу овој настан.

 

 

 

                   Подносител

 

 

   ______________________________

 o

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Nov-2008 at 02:44
Vaka izgleda podnesenoto do ministerkata Jankulovska ( edniot podnesok ). Podneseno e od pricina sto MVR nisto ne prevzema okolu slucajov. 29.02.2008 god. e bilo petok, a MVR molcese do posledno sto se vika. Duri vo sredata na 27.02.2008 god. stapi vo kontakt so sopstvenicite.......................... BADIJALA SVE.
No, doagjaat lokalni izbori i sopstvenicite vo sorabotka so mene imaat plan kako da se aktuelizira predmetov Banana.
Ke se boram do krajot na mojot zivot protiv urbanata MAFIJA.
Sakam da im pomagam na lugjeto koi imaat problemi so URBANATA MAFIJA.
Slobodno pisete na email i objasnete mi go problemot. Se slusame.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Nov-2008 at 03:11

види сето ова не е спорно, но зошто како прво не излезете на суд со приватна тужба, а и за тепачите повторно ако државата замижила немора и вие повторно приватна тужба! 

што е до ласте ако човекот има заверен договор на нотар дека тој и тој стан се негова сопственост тоа е веќе друго нешто, но нотарот заверува врз основа на уверение од катастар, а бидејќи нема никаква дозвола за градба зградата - нормално е да нема никаков имотен лист кој би бил основа за нотарот да го верификува договорот за купопродажба. така да она со каса прими може комотно да си го чува како сувенир за некои стари добри времиња! и повторно штом ова не помине на суд, јасно е дека сопствениците ќе ја повратат сопственоста. но колку што разбрав и вие сте имале договор со рокан кој ви се разборџил преку компензација во стамбен простор, не ми е јасно што сакате да оспорите, сакате се да се врати на почеток, и да се најде нов инвеститор кој ќе гради легално?! мислам дека доколку општината ви го легализира објектот дека нема што да му ја мислите...

како и да е, велат сиромавиот е највесел човек, бидејќи оној што има постојано треба да му го бери гајлето на имотот, и во случај нешто да се затне ете ти расфрлување вишок нерви а и време! но сепак оној што веќе има, треба и да се грижи за тоа што го поседува, зошто грев е да се расфрла, но доколку поседот(предметот) му ја земе светлината на срцето, тогаш тоа и не е толку вредно за чување, како се вели да имам зелник на маса, но ако е мувлосан што ако се најадм кога пеницилинот на културен начин ќе ме прекрши, со оглед дека поседувањето во умерени граници носи среќа, но штом количеството се зголеми пеницилинот е повеќе штетен отколку корисен. блазе си им на оние што се алергични на пеницилин! 

не треба да се откажувате од борбата ако веќе сте ја почнале, но направете анализа и проекција, за да видите до каде евентуално би одел муабетов(комбинации) и да може да најдете права стратегија како ќе го решите овој ваш проблем, и тоа на начин на кој ќе сочувате здравје! 

Back to Top
sonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sonja Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Nov-2008 at 13:29
 Приватна тужба е поднесена единствено против фирмата Платина инжинеринг. Сопствениците не можат да поднесат против оштетените граѓани и ЛАСТЕВЦИ бидејки немаат основ. Правниците објаснуваат: градбата припаѓа на сопствениците бидејки фирм. Платина не го исполнила договореното и тука нема ништо спорно. ЛАСТЕВЦИ и оштетените треба да ја тужат Платина бидејки меѓусебно потпишале некакви пред договори, меѓутоа ЛАСТЕВЦИ тоа не го прават и поднесуваат тужба против сопствениците. Тужбеното барање гласи дека ЛАСТЕВЦИ бараат судот да им го одземе потписот на сопствениците како би можеле ЛАСТЕВЦИ сами во име на сопствениците да поднесуваат барања, да ја доградуваат зградата, да продаваат станови,и едноставно да бидат сопственици до оној момент кога ЛАСТЕВЦИ ке решат дека е доста. Сите наведени активности да бидат на трошок на сопствениците. Сето ова тужбено барање е прифатено од судот и е пресудено во корист на ЛАСТЕВЦИ. Одлуката на судот не е правосилна бидејки сопствениците се жалат на Апелација( сеуште не е одлучено на Апелација, се чека одлука дали ке се прифати жалбата ).
Како ЛАСТЕВЦИ осмислено работат. Формираат- регистрираат “здружение на оштетени граѓани од Платина инжинеринг“ за да добијат некаков правен статус. Претседател на здружението е лице кое нема склучено договор со Платина инжинеринг. Секретар на здружението е комплетно непознато лице кое нема никаква врска со склучени договори со Платина, а побарува 4+2 стана ( ЛАСТЕВЦИ мора да држат све под контрола ). На моја иницијатива и радозналост се распрашувам наоколу и дознавам дека лицето С.С. секретар на здружението е човек кој бил постојано со Рокан Атанасовски и Рената Посавац. Лицето С.С. бил во Словенија, во Загреб, во Кипар и секаде онаму кадешто се движеле парите од Комерцијална банка. По избивање на аферата Платина, МВР трагајки по парите на комерцијална банка поднесува кривична пријава против Пеце Дамески - АСИБА и лцето С.С. секретар на здружението. Пеце-АСИБА го осудуваат на 5 години затвор, а кривичната пријава против С.С. ја повлекуваат и го местат како сведок, иако МВР поседува докази дека на сметка на С.С. се префрлени пари од комерцијална банка. Види ИЗВЕШТАЈ                                                                                                                                                    http://www.dspp.gov.mk/?q=node/76
Лицето С.С. пред неколку години е фатено со ЏИП полно со дрога но после неколку месеци излегува од притвор. Сега ако прашате за досие на ова лице С.С. во досието ја нема оваа случка. Истотака лицето С.С. е вмешано околу организирањето во аферата “ФОКАБО“ ( кадешто беше запалена фабриката за да се добие оштета од осигурителна компанија при што едно лице загина ) но повторно е недопирлив. Да не навлегувам во премногу детали но отприлика разбирате за какво здружение на оштетени станува збор.
Претседателот на здружението Д.В. е лице кое на име на оштета Платина инжинеринг Рокан Атанасовски и Рената Посавац му препишуваат цесија што Платина ја има со Мак. православна црква во износ над 80.000,00 евра. Иако со отстапување на цесијата од страна на Платина на лицето Д.В., Д.В. сеуште побарува станови. Како доказ за уплата, на суд пријавил договор со стопанска банка за позајмица - кредит за уплата на деловен простор на друга зграда а побарува во оваа зграда стан. Без знаење на сопствениците, лицето Д.В. од кај нотарката Л.М. подига препис на изворна исправа ( документите склучени помеѓу сопствениците и Платина инжинеринг) и во име на сопствениците склучува договор со агенција за обезбедување лица и имот со цел сопствениците да не можат да влезат во објектот. Објектот продолжува да се гради повторно на диво. Данок државава нема земено ниту денар од објектот. После безброј пријаво во општина, полиција, мин. за транспорт, мин. за правда и каде уште не, нема одговор. Сега за сега толку, добив очобол.NutsNutsNuts
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2008 at 17:38
Doprva, vo vreme na lokalni izbori ke se branuva vo javnosta za ovaa afera "PLATINA INZINERING", prvo ke se dogovaraat Grouphug , pa ke se pravi pritisok Gunz, ke se ponudat razni predlozi Applause, i ke se razresi aferata vo korist na kriminalcite Thumbs%20Up. Dzabe nervozi WallbashSuicide, dzabe cekanje pravdina Dunno, dzabe molenje na gospoda Master no sepak, KOJ GI EBE KRIMINALCITE BananaThumbs%20UpRock.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.