build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Платина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 07-Jul-2009 at 19:54

Скопје

 

 

Полицијата спречи уривање зграда на „Платина“ во Центар

Полицијата вчера спречи обид да се урне недоградената зграда на градежната фирма „Платина“, зад Католичката црква. Еден од сопствениците на земјиштето под зградата, за која поради тоа што е дивоградба од 2004 година е издадено решение за уривање, револтирана што се одложува уривањето долго време, приватно најмила екипа да ја урне зградата. Но, таа била спречена од полицијата, поради тоа што на уривањето не биле присутни надлежните општински инспекциски служби.

Во Општина Центар велат дека иако е дивоградба, зградата се' уште не е срушена поради судскиот спор што е во тек и во кој граѓани кои купиле станови во неа докажуваат кој колку средства вложил. Истовремено, останатите сопственици на земјиштето се против уривањето. Тие со свои средства или со други инвеститори планираат да ја доградат зградата според првичната замисла.

Инаку, објектот зад Католичка црква остана недовршен откако сопствениците на градежната фирма „Платина“ започнале да градат без обезбедена документација. Тие, во меѓувреме, избегале во странство заедно со парите што ги вложиле купувачите на становите. (С.Н.)

 

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70C973A14A2A564BAB5012D38ABC970D 

Статијата е прочитана 514 пати.



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:31
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 07-Jul-2009 at 19:58
Originally posted by Chiko

Скопје

 

 

Полицијата спречи уривање зграда на „Платина“ во Центар

Полицијата вчера спречи обид да се урне недоградената зграда на градежната фирма „Платина“, зад Католичката црква. Еден од сопствениците на земјиштето под зградата, за која поради тоа што е дивоградба од 2004 година е издадено решение за уривање, револтирана што се одложува уривањето долго време, приватно најмила екипа да ја урне зградата. Но, таа била спречена од полицијата, поради тоа што на уривањето не биле присутни надлежните општински инспекциски служби.

Во Општина Центар велат дека иако е дивоградба, зградата се' уште не е срушена поради судскиот спор што е во тек и во кој граѓани кои купиле станови во неа докажуваат кој колку средства вложил. Истовремено, останатите сопственици на земјиштето се против уривањето. Тие со свои средства или со други инвеститори планираат да ја доградат зградата според првичната замисла.

Инаку, објектот зад Католичка црква остана недовршен откако сопствениците на градежната фирма „Платина“ започнале да градат без обезбедена документација. Тие, во меѓувреме, избегале во странство заедно со парите што ги вложиле купувачите на становите. (С.Н.)

 

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70C973A14A2A564BAB5012D38ABC970D 

Статијата е прочитана 514 пати.



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:31
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 07-Jul-2009 at 20:07

Министерството за транспорт и врски урива објект на „Платина“

Десетина работници два дена под силен полициски надзор уриваат една од дивоградбите на фирмата „Платина инженеринг“, зад Католичката црква, која е трикатница во карабина. Никој од надлежните не кажува кој го врши уривањето. Општина Центар нема ингеренции во урбанизмот, инвеститорите на објектот се во бегство, а од Министерството за транспорт и врски велат дека тие се' уште не уриваат. Наспроти нивните тврдења, од Министерството за внатрешни работи велат дека полициската асистенција за рушењето ја побарале надлежните од Министерството за транспорт. Од Државниот инспекторат за градежништво велат дека било предвидено таа зграда да се урива, но во наредните денови, па затоа испратиле неколкумина вработени да направат увид на локацијата.

За оваа зграда инвеститорот Рокан Анастасовски, сопственик на „Платина“, не платил комуналии и нема градежна дозвола. Становите се неколкупати препродавани, а инвеститорот пребегал во странство, па по него е распишана меѓународна потерница.

И другите две згради кај Католичката црква на „Платина“ се предвидени за уривање.

Општината Центар пред неколку месеци објави дека исчезнале документите за другите згради зад Католичката црква, на улицата Васил Стефановски број 26 и 28, што ги гради фирмата „Платина инженеринг“. Во Општината и во Министерството за транспорт беа останати само обвивките од предметот.

 

 

 http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A92DFC7E177ECD4AB821A2BD89B9D8F7&arc=1

 

<>

Оставете коментар за објавената вест

 

ЕДИНСТВЕНО ОВАА ЗГРАДА НА ПЛАТИНА ИНЖЕНЕРИНГ Е УРНАТА ОД ПРИЧИНА ШТО ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАНОВИ СЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ И ЕДИНСТВЕНО ЗА ОВАА ЗГРАДА ПОСТОИ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ПОТПИШАНО ОД РАТКА МАРКОВИЌ ЗА КОЕ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ИЗБИВАЊЕ НА АФЕРАТА ВО ЈАВНОСТ ТВРДИ ДЕКА ОДОБРЕНИЕТО БИЛО ФАЛСИФИКАТ. ОД ТИЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ ЗАТАШКУВАЊЕ НА КРИМИНАЛОТ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР СЕ УРИВАШЕ ОВАА ЗГРАДА НА ПЛАТИНА.

Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:29
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 07-Jul-2009 at 20:08
Аларова се фати за работа
Градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, по многуте повици од страна на министерот за транспорт Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски да стави крај со дивоградбите - се фати за работа. Таа вчера започна со рушење на улица Пиринска, каде како инвеститор се јавува лицето Душко Петрушевски. За овој објект, вчера од Општина Центар тврдеа дека градителот почнал постапка за одобрение за градење со плаќање комуналии. Постапка за одобрение, според Аларова, започнал и инвеститорот на вториот спорен објект на оваа територија, лоциран на улица "Роза Луксембург", каде градежните работи се запрени, а објектот е во фаза на карабина.
Според динамичниот план за отстранување на објектите без градежно техничка документација, први на удар ќе бидат овие два објекта кои се водат како колективно-станбени згради и станбено-деловни згради.
Градежните инспектори во Центар евидентиралеи две поткровја на ул. "Црвена Вода" од градителот Самарија и втората на ул. "Ј.Х. Џинот", кои се без соодветни дозволи.

Билјана ЗАФИРОВА
    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=80FA7D4044F839468D89CA341B16993B

Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:33
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 07-Jul-2009 at 20:09

ГАЗДИТЕ НА ПАРЦЕЛИ ОДЛУЧНИ
Ќе живеат во шатори пред општина Центар

Наташа Јанчиќ

Измамените сопственици на парцели од аферите на градежните фирми ќе живеат во шатори пред Општина Центар до решавање на нивниот проблем. Соња Наумовска, сопственик на земјиштето на улица Васил Стефановски бр. 28, каде што објект градела „Платина инженеринг“, вели дека сите институции се прогласуваат за ненадлежни. - Кога ја открија аферата, отидовме во Општина Центар за да видиме дали објектот е дивоградба и што ќе биде со нас. Оттаму добивме одговор дека документацијата на „Платина“ е исчезната од архивата - објаснува Наумовска. Таа вели дека се уште е избезумена од односот на Здружението на оштетени граѓани од „Платина инженеринг“. - На еден од состаноците три непознати лица го изнесоа мојот сопруг од локалот и го претепаа. Случајот иако го пријавивме во полиција никој не презеде соодветни мерки. Од тогаш почнаа да ни се јавуваат по телефон и да ни упатуваат смртни закани. Бевме принудени децата да ги отпишеме од училиште и да се отселиме - раскажува Наумовска. Таа вели дека со писмени дописи се обратила до градоначалничката Виолета Аларова, до Жаклина Ангелковска, директорка на Државниот градежен инспекторат и до Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски. - Единствено бевме примени од Јанакиевски. Оттаму ни ветија дека некој ќе одговара за стореното дело. Неколку дена по средбата добив допис дека министерот побарал директорката на Државниот инспекторат да го информира за овој случај - истакна Наумовска.

 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1324&ArticleID=85354

 



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:35
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 07-Jul-2009 at 20:14

ОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПАРЦЕЛИ ОД „ПЛАТИНА“ ИЗВИСИЈА ЗА СТАН
Оштетените станари се самопрогласија за газди

Наташа Јанчиќ

Здружението на оштетени граѓани од „Платина инженеринг“ ја доградуваат заградата на Васил Стефановски број 26 и 28, каде што становите беа продавани по неколку пати. Иако објектот е дивоградба, тие се решени да ги довршат становите, а за градежните зафати немаат добиено согласност од газдите на парцелата. Сопственичката Соња Наумовска се противи на ваквата одлука на здружението, затоа што сака да го реши спорот по судски пат. - Првично проблемот се случи кога се поделија две заинтересирани страни за случајот. Оштетените станари формираа здружение кое не сакаше да ги тужи сопствениците на градежната фирма. Јас не можев да го дозволам тоа затоа што сакав целиот случај да го решам законски. Имавме неколку средби, на кои претставниците на здружението бараа да бидат инвеститори, да ја доизградат зградата и да одредат колку станови ќе добијам. Претседателот на ова здружение, при крајот на минатата година, ангажираше агенција за обезбедување која ни забрани секаков пристап на нашиот имот. Побаравме помош и од Министерството за внатрешни работи, од каде што не советуваа и ние да поставиме обезбедување - објаснува Наумовска. Таа случајот го пријавила и во Општина Центар, кај градежниот инспектор Милан Пижула, но тој се прогласил за ненадлежен за зградата на „Платина“. Сопственичката на парцелата вели дека објектот немал дозвола за градба ниту кога почнал да се гради, во јуни 2004 година. Оттогаш има и решение за уривање, но не знае зошто објектот е заборавен. - Во Општина Центар цело време ја штитеа „Платина“. Исто така, криминален чин има сторено и нотарката што дала решение за почеток на изградбата иако јас не сум потпишала ништо. Не знам зошто Ратка Марковиќ, раководителка на Секторот за урбанизам, го одобрила идејниот проект кога инвеститорот немал согласност од сопствениците на земјиштето, зградата да ја направи на две одвоени парцела - прашува Наумовска. Од Секторот за урбанизам во Општина Центар не сакаа да дадат одговор на обвинувањата од сопственичката на парцелата.


Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:36
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 07-Jul-2009 at 20:25
Потерница по сопствениците на „Платина инженеринг“

МВР вчера распиша интерна потерница за сопствениците на „Платина инженеринг“, Рокан Анастасовски и Рената Посавац, која е доставена до сите полициски станици и гранични премини. Потерницата е резултат на пријавите од оштетените граѓани, кои уплатиле стан во зграда која требало да се изгради на улицата Роза Ликсембург зад Католичката црква.

Рената е сестра на жената на Рокан и од пред десетина дена тие се во бегство. Засега полицијата има основа за кривична пријава за измама, а не е исклучено за нив да бидат поднесени десетина кривични пријави.

„Платина инженеринг“ ја почнала изградбата на зградата пред две години, но досега од петкатницата се ставени само две плочи. В.Д.
 


Edited by Chiko - 07-Jul-2009 at 20:26
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 07-Jul-2009 at 20:27
Сопственик на земјиште во обид да си ја урне зградата оти била дивоградба

Драма во центарот на Скопје. Рано утринава Соња Наумовска една од сопствениците на земјиштето на зградата што ја градеше Платина инженеринг се обиде да ја урива, оти била дивоградба.

 

На местото веднаш пристигна полициско обезбедување - се обиде да ја спречи во намерата.  Ситуацијата ескалираше кога се појави еден од станарите кои моментно со сопствени средства ја доградуваат спорната зграда. Поради нетрпеливото однесување полицијата мораше да ги приведе.

 

Токму доградување ја налутило Наумовска.

 

- До сите институции сме се обратиле но немаме одговор они бесправно градат а ова е начинот ние да си влеземе во зградата – вели Марина Несторовска, ќерка на сопственикот на земјиштето.

 

Од општина Центар потврдуваат дека објектот е дивоградба, но не се постапува по одлуката за уривање оти се чека исходот од судскиот спор кој сите сопственици на земјиштето го водат за расчистување на имотно-правни односи:

 

- Решението за уривање стои но таму се случија многу работи, инвеститорот избега во странство и доколку зградата се урне луѓето ќе останат и без тие карабини за кои веќе платиле – објаснува Виолета Аларова, градоначалник.

 
Спорната зграда зад Католичка почна да ја гради Платина инженеринг. Откако ги собраа парите кои граѓаните им ги уплатија за станови, газдите избегаа во странство. По нив е распишана потерница а останатите сопственици на земјиштето и станарите се согласиле сами да си најдат инвеститор кој ќе им ја догради зградата. Единствено кои не се согласиле се токму луѓето кои денеска се обидоа да си ја урнат сопствената зграда.

(http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=35388&mid=1500&tabId=1&tabindex=009.07.2008) Соња%20Јованова


Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:19
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 07-Jul-2009 at 20:29
Хаос во битолската фабрика за шеЌер
Сменетиот директор ја суспендирал новата директорка додека била на боледување по налог на синдикалниот лидер

Сменетиот директор на битолската фабрика за шеќер, Благој Петковски, вчера со решение ја суспендирал новопоставената директорка на оваа фабрика од страна на Надзорниот одбор, Бранка Стојановска, која деновиве е на боледување. - По телефон го прашав Петковски зошто ме суспендира, а тој ми одговори дека така му наредил синдикалниот фабрички лидер Кире Митревски и оти допрва ќе се занимавале со наводните мои злоупотреби. Ова е преседан додека некој е на боледување да го суспендираат од работното место. Но, во понеделник се враќам на работа и ќе ја обжалам суспензијата. Во исто време, на Благој Петковски и на Кире Митревски ќе им поднесам кривични пријави за клевета и ќе барам сите мои злоупотреби за кои тие зборуваат со материјални докази да ги образложат на редовен суд - изјави Стојановска. Во основниот суд во Битола судијата Иван Стојановски за 7 февруари годинава закажа рочиште, на кое ќе се утврди дали новопоставената директорка од Надзорниот одбор на фабриката, Бранка Стојановска, е легитимна и ќе биде заведена во судскиот регистар или пак одлуката на овој одбор е незаконска и Благој Петковски ќе остане во директорската фотелја, како претседателка на Управниот одбор. Вчера синдикални извори во битолската фабрика за шеќер соопштија дека покрај суспензијата, против Стојановска е поднесена и кривична пријава за проневера. Стојановска се товари дека на скопската фирма "Винс" на 16 ноември 1999 година и продала 25.000 килограми шеќер, а парите околу 712 илјади денари и по 14 месеци не биле уплатени во фабричката каса. (М.П.)
ОВАА ГОСПОЃА БРАНКА СТОЈАНОВСКА ИМА ДВА СТАНА ВО ЗГРАДИТЕ НА ПЛАТИНА ( едниот за машкото, едниот за чупето како што милува да каже Бранка - инаку сопругот работи-работел во суд )Bash


Edited by Chiko - 07-Jul-2009 at 20:32
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 07-Jul-2009 at 20:34

Министерството за транспорт и врски урива објект на „Платина“

Десетина работници два дена под силен полициски надзор уриваат една од дивоградбите на фирмата „Платина инженеринг“, зад Католичката црква, која е трикатница во карабина. Никој од надлежните не кажува кој го врши уривањето. Општина Центар нема ингеренции во урбанизмот, инвеститорите на објектот се во бегство, а од Министерството за транспорт и врски велат дека тие се' уште не уриваат. Наспроти нивните тврдења, од Министерството за внатрешни работи велат дека полициската асистенција за рушењето ја побарале надлежните од Министерството за транспорт. Од Државниот инспекторат за градежништво велат дека било предвидено таа зграда да се урива, но во наредните денови, па затоа испратиле неколкумина вработени да направат увид на локацијата.

За оваа зграда инвеститорот Рокан Анастасовски, сопственик на „Платина“, не платил комуналии и нема градежна дозвола. Становите се неколкупати препродавани, а инвеститорот пребегал во странство, па по него е распишана меѓународна потерница.

И другите две згради кај Католичката црква на „Платина“ се предвидени за уривање.

Општината Центар пред неколку месеци објави дека исчезнале документите за другите згради зад Католичката црква, на улицата Васил Стефановски број 26 и 28, што ги гради фирмата „Платина инженеринг“. Во Општината и во Министерството за транспорт беа останати само обвивките од предметот.

 http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A92DFC7E177ECD4AB821A2BD89B9D8F7&arc=1

QuestionQuestionQuestionQuestionWallbashQuestionWallbashQuestionWallbashWallbashWallbashWallbashWallbash


Edited by Chiko - 07-Jul-2009 at 20:36
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 07-Jul-2009 at 20:40
http://manakivobitola.blog.com.mk/node/186289
И ОВАА ГОСПОЃА МИМИ ЃОРГОВСКА ИЛИЕВСКА ИМА СТАН ВО ЗГРАДАТА НА ПЛАТИНА ИНЖЕНЕРИНГ КОЈА Е ВО ДОБРИ ОДНОСИ СО ЛИДЕРОТ НА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ТЕРЕНСКИ ИГРАЧИ, СВЕДОКОТ С.С. Applause
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 07-Jul-2009 at 20:51
http://www.plaxo.com/directory/profile/193274428634/c06251ab/marilyn/zelin
И ОВАА ГОСПОЃИЦА Marilyn S. Zelin ИМА ДВА СТАНА ВО ЗГРАДАТА НА ПЛАТИНА. Г-ЦА НИЗАЕДНА БИЛА ДИРЕКТОР НА ABBA-CELLI ВО Р. МАКЕДОНИЈА КОЈА КАКО НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА ИМАЛА ЗА ЗАДАЧА “РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО“   Bonk
СИ ФАТИЛА ДЕЧКО ВРАБОТЕН ВО НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА, ЛИЦЕТО А.Н. И ДЕЧКОТО СЕГА НА СУД ГИ БАРА ДВАТА СТАНА НА ГОСПОЃИЦАТА БЕЗ НЕЈЗИНО ПОЛНОМОШНО, ПОТПИС ИЛИ НЕШТО СЛИЧНО. И ВИДИ ЗА ЧУДО,...СУДОТ ВО ПРВОСТЕПЕНА ПОСТАПКА ПРЕСУДУВА ВО НЕГОВА КОРИСТ. ЈАКИ РЕФОРМИ НАПРАВИЛА ВО СУДОТ ГОСПОЃИЦАТА НИЗАЕДНА, НЕЛИ ?


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2009 at 23:31
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 07-Jul-2009 at 20:57
http://southflorida.blockshopper.com/property/504210AJ0680/401_sw_4th_avenue/
ВО ИСТИОТ МЕСЕЦ И ИСТАТА ГОДИНА ГОСПОЃИЦАТА ОД ПОГОРЕ КУПУВА И ПЛАЦ НА ФЛОРИДА.
КАКО СЕ ПЕРАТ ПАРИ СОГРАЃАНИ МОИ ?
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 07-Jul-2009 at 21:07

Централниот Регистар на Република Македонија преку CompareObject('05.02.2009') регистраторот Виолета Богојеска постапувајќи по пријавата за упис на ден 05.02.2009 врз основа на го донесе следното: http://www.crm.com.mk/default.aspx?MainId=4&ID=30120090002646
 
http://www.crm.com.mk/default.aspx?MainId=4&ID=30120090002646
Централниот регистар на Република Македонија преку регистраторот Виолета Богојеска, согласно член 9 од ЗЕШС, Службен весник бр.84/05,13/07,150/07 и член 470 од ЗТД, Службен весник бр.28/04,84/05,25/07 на ден 05.02.2009 го донесе следното:
 

Решение

 
ДЕЛОВОДНИК
Одобрување на пријавата: 05.02.2009
Предмет на регистрација: Упис на основање
Деловоден број: 30120090002646
Број во матичен регистар: 0
Деловоден број во матичен регистар:

ВИДОВИ НА ПРОМЕНИ
<###TMPTypeOfChanegs###>
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СУБЈЕКТОТ НА УПИС
ЕМБС: 6450288
Целосен назив на Субјектот на Упис: Здружение на граѓани ДИСТАНТ ПОИНТ Скопје
Единствен дел од името на Субјектот на Упис:
Кратко име:
Седиште: АЛЕКСА ДУНДИЌ 51 Б БУТЕЛ СКОПЈЕ - БУТЕЛ
Вид на субјект на упис:
Акт за основање: Друго
Опис:
Датум на основање: 26.01.2009
Времетраење:
Вид на сопственост:
Единствен даночен број:
Потекло на капиталот:
Големина на деловниот субјект:
Овластувања во правниот промет:
Одговорност во правниот промет:
Организационен облик:
Одобренија:
Датум на првична регистација:
Датум на последна промена:
Статус:
Статус од:
Статус до:
Подрачје на суд:
Институционален сектор:
Систем на управување:
Датум на престанок:
Причина за престанок:
Основа за бришење:

ОСНОВНА ГЛАВНИНА
<###TMPCapital###>
СОПСТВЕНИЦИ
Нема податоци за оваа секција.
ДЕЈНОСТ
Приоритетна дејност/
Главна приходна шифра:
94.99 Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место
ОПШТА КЛАУЗУЛА ЗА БИЗНИС
Евидентирани се дејности во надворешниот промет
Дејности во надворешниот промет и други дејности :
Дејности во внатрешниот промет

ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА
ЕМБГ/ЕМБС: 0000000000000000
Име: ГОРАНЧО СРБИНОСКИ
Пол:
Опис:
Адреса: АЛЕКСА ДУНДИЌ 51 Б СКОПЈЕ-БУТЕЛ СКОПЈЕ-БУТЕЛ MK
Овластувања: Претседател-занимање:воздухопловен техничар
Ограничувања: ОВА Е БРАТОТ НА ГЛАВНИОТ КРИМИНАЛЕН ИГРАЧ, СВЕДОКОТ С.С. КОЈ ПРЕКУ РАЗНИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ПРАВАТ ДОБРИ ФИНАНСИСКИ ДОБРА, ИНАКУ ЗА МВР Е ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН Wallbash
Тип на овластување:
Телефон:
Факс:
E-mail:
Веб адреса:

ОВА Е БРАТОТ НА ГЛАВНИОТ КРИМИНАЛЕН ИГРАЧ, СВЕДОКОТ С.С. КОЈ ПРЕКУ РАЗНИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ПРАВАТ ДОБРИ ФИНАНСИСКИ ДОБРА, ИНАКУ ЗА МВР Е ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН Wallbash

ОВА Е БРАТОТ НА ГЛАВНИОТ КРИМИНАЛЕН ИГРАЧ, СВЕДОКОТ С.С. КОЈ ПРЕКУ РАЗНИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ПРАВАТ ДОБРИ ФИНАНСИСКИ ДОБРА, ИНАКУ ЗА МВР Е ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН Wallbash

ПРОКУРИСТИ
<###Procurists###>
УПРАВИТЕЛ
<###Manager###>
РЕВИЗОР
<###Auditor###>
СМЕТКОВОДИТЕЛ
<###Accountant###>
ИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
<###ExecDirector###>
НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
<###NonExecDirector###>
НАДЗОРЕН ОДБОР
<###Superintendant###>
УПРАВЕН ОДБОР
<###ManagingBoard###>
ОДБОР НА ДОВЕРИТЕЛИ
<###TrusteesBoard###>
КОНТРОЛОР
<###SupervisingBoard###>
http://www.crm.com.mk/default.aspx?MainId=4&ID=30120090002646
ОВА Е БРАТОТ НА ГЛАВНИОТ КРИМИНАЛЕН ИГРАЧ, СВЕДОКОТ С.С. КОЈ ПРЕКУ РАЗНИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ПРАВАТ ДОБРИ ФИНАНСИСКИ ДОБРА, ИНАКУ ЗА МВР Е ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН Wallbash


Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:42
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 07-Jul-2009 at 21:18

Решение

 
ДЕЛОВОДНИК
Одобрување на пријавата: 14.11.2008
Предмет на регистрација: Упис на промена
Деловоден број: 30120080072763
Број во матичен регистар: Бр.609
Деловоден број во матичен регистар:

ВИДОВИ НА ПРОМЕНИ
Промена на седиште
Друго
Останато:

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СУБЈЕКТОТ НА УПИС
ЕМБС: 6022863
Целосен назив на Субјектот на Упис: Занаетчија Центар за козметика ИНТЕА ФОРМА Валентина Србиноска Скопје
Единствен дел од името на Субјектот на Упис:
Кратко име: Центар за козметика ИНТЕА ФОРМА Валентина Србиноска Скопје
Седиште: НАУМ НАУМОВСКИ - БОРЧЕ 74/1/ ЦЕНТАР СКОПЈЕ - ЦЕНТАР
Вид на субјект на упис:
Акт за основање: Друго
Опис:
Датум на основање:
Времетраење:
Вид на сопственост:
Единствен даночен број:
Потекло на капиталот:
Големина на деловниот субјект:
Овластувања во правниот промет:
Одговорност во правниот промет:
Организационен облик:
Одобренија:
Датум на првична регистација:
Датум на последна промена:
Статус:
Статус од:
Статус до:
Подрачје на суд:
Институционален сектор:
Систем на управување:
Датум на престанок:
Причина за престанок:
Основа за бришење:

ОСНОВНА ГЛАВНИНА
<###TMPCapital###>
СОПСТВЕНИЦИ
Податоците се избришани
ЕМБГ/ЕМБС: 0000000000000000000000
Име: ВАЛЕНТИНА СРБИНОСКА
Пол:
Адреса: АЛЕКСА ДУНДИЌ 51-Б ЧАИР СКОПЈЕ MK
Тип на сопственик:
Паричен влог МКД:
Непаричен влог МКД: %%%ParticipationNonCash%%%
Уплатен дел МКД:
Вкупен влог:
Паричен влог MKD:
Непаричен влог MKD:
Уплатен дел MKD:
Вкупно влог MKD:
Рок на плаќање:
Вид на одговорност:
Телефон:
Факс:
E-mail:
Веб адреса:

ДЕЈНОСТ
Приоритетна дејност/
Главна приходна шифра:
ОПШТА КЛАУЗУЛА ЗА БИЗНИС
Евидентирани се дејности во надворешниот промет
Дејности во надворешниот промет и други дејности :
Дејности во внатрешниот промет
93.04 Третмани за подобрување на психо-физичката состојба и расположението

ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА
ЕМБГ/ЕМБС: 000000000000000000000
Име: ВАЛЕНТИНА СРБИНОСКА
Пол:
Опис:
Адреса: АЛЕКСА ДУНДИЌ 51-Б БУТЕЛ СКОПЈЕ MK
Овластувања: Сопственик
ОВА Е ЖЕНА МУ НА ГЛАВНИОТ КРИМИНАЛЕН ИГРАЧ, СВЕДОКОТ С.С. ИНАКУ ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН КОЈ ИМА ПОБАРУВАЊЕ ОД 6 СТАНА ВО ЗГРАДАТА НА ПЛАТИНА.


Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 13:24
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 07-Jul-2009 at 21:30
http://mk-mk.facebook.com/people/Angel-Iliev/1797258961
ОВОЈ ГОСПОДИН Е ИСТОТАКА ЗА МВР ОШТЕТЕН ГРАЃАНИН ИАКО СО СИЛА И ЗАКАНИ КОН СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЗЕМЈИШТЕ ВО ОПШТИНА К.ВОДА НАПРАВИ ЗГРАДА И НА ПОТКРОВЈЕТО ЖИВЕЕ ВО 279м2 стан. Drool


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2009 at 23:32
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 08-Jul-2009 at 14:11
Жртвите на „Платина“ се крстат во МПЦ

Васко МАРКОВСКИ

 

Петнаесетина фирми бараат Македонската православна црква да им ги исплати парите што МПЦ и ги должела на фирмата „Платина инженеринг“, чии сопственици се во бегство, откако триесет семејства објавија во медиумите дека пред две години и уплатиле на фирмата пари за станови, но зградата стои неизградена.

Од МПЦ потврдија дека и должат на „Платина“ пари за изградбата на Средното богословско училиште во Драчево.

Парите ги имаат, но решиле да ја одложат исплатата за да се консултираат со правници. Владиката Агатангел, ректор на Богословијата во Драчево, вели дека не станува за паричен долг, туку за долг за платен ДДВ, кој според договорот со „Платина“ требало да го плати МПЦ.

- Поголемиот дел од долгот е исплатен, остана да се исплати уште мал дел. Излегоа други проблеми зашто не знаеме кому да му ги исплатиме парите, бидејќи сопственикот на фирмата не е тука. Парите ги обезбедивме, но решивме да не исплаќаме никому пред да се консултираме со правници и со адвокати. Не сакаме да погрешиме зашто дојдоа луѓе од петнаесетина фирми со договори што ги потпишале со „Платина“ и бараат ним да им го исплатиме долгот - вели владиката Агатангел.

Сопствениците на фирмата „Декон инженеринг“ од Скопје во изјава за „Шпиц“ велат дека газдите на „Платина“, пред да заминат од земјава, им потпишале договори со кои им ги отстапиле побарувањата кон МПЦ. Но, како што велат, црквата еднаш прифаќа, еднаш им вели дека нема пари, а сега одбива да им ги исплати. Во договорите за цесија што ни ги покажаа, потпишани се претставници на „Платина“ и на „Декон“, но не и на Македонската православна црква како должник. Според содржината на договорите, цесиите стануваат правосилни само откако ќе ги потпишат трите страни.

Сопствениците на „Декон“ велат дека се едни од измамените граѓани што уплатиле станови во зградата што ја градела „Платина“ во близина на Универзална сала во Скопје и оти имаат желба парите што ги побаруваат од МПЦ, околу 80.000 евра, да ги вложат за доизградба на зградата. Едниот од нив, Дејан Велевски, тврди дека за побарувањата повеќе пати разговарал со секретарот на Скопската епархија на МПЦ, прота Коста Станоевски, кој освен што ветил дека ќе им ги исплатат парите, наводно, рекол и дека МПЦ е расположена остатокот од парите што и ги должат на „Платина“ да му го уплатат на Здружението на оштетените станари. Отец Станоевски вели дека првпат слуша за таквата идеја.  

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=228&ArticleID=10821




Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 14:12
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 08-Jul-2009 at 14:57

 

ДО:    ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

26.02.2008 год.

 

П  Р  Е  С  Т  А  В  К  А

Од сопственици на имот 11170 К.О. Центар 1 Ул.“ Васил Стефановски“ бр. 28 Скопје

 

ПОЧИТУВАНИ,

Ви ја доставуваме оваа Преставка со надеж дека барем Вие како институција ќе се ангажирате за нашиов случај. За што станува збор.

Ние како сопственици на имот имавме склучено Договор за заедничка градба на 31.03.2004 г. со фирмата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ ДОО, подоцна ДООЕЛ ( види прилог 1 ). Сопствениците на фирмата Рокан Атанасовски и Рената Посавац од 18.12.2007 год. се во бегство надвор од Државава ( тоа се истите лица што ја ограбија Комерцијална банка ). После нивното бегство почнаа да излагаат на виделина криминалните дејанија што се вршеле за изминатите неколку години во тогашната “подрачна единица при Министерството за транспорт и врски – Центар“ и сегашната “општина Центар“. Веднаш по избивањето на аферата почна да кружат информации дека целосната документација за овој наш предмет е исчезнат од архивата на општина Центар заедно со проектот за истиот објект. Официјално општината излезе со тие податоци на 23.03.2007 год. во весникот Вест ( види прилог 2 ). Во меѓувреме ние како сопственици на локацијата каде што се градеше стамбено-деловната зграда одржавме состанок со некои што се преставија како здружувачи на средства и кои тврдеа дека имаат склучувано Пред Договори со фирмата ПЛАТИНА Инжинеринг, за изнаоѓање начин како понатаму да продолжиме. Од наша страна беше предложено да се најде моќен инвеститор кој ке ја доврши градбата, а сите што имаат Пред Договори да се договорат со новиот инвеститор како ќе доплаќаат за да се доврши зградата. Беше побарано на вториот состанок што ќе го одржиме сите да ги понесат со себе Пред Договорите како би можеле да имаме увид кој има Пред Договор, и кој и на каков начин го вршел плаќањето. На вториот состанок поголем дел од пријавените здружувачи на средства не се легитимираа со Пред Договори туку ни се закануваа и не убедуваа дека нас не треба да не интересираат Пред Договорите и дека треба само да им потпишеме дека тие ќе ни бидат инвеститори и ќе ја направат зградата. На нашето прашање кој ќе го прави проектот што исчезнал од општината, ни одговорија дека тие го поседуваат истиот проект и дека тие преку некоја Дафинка  многу добра пријателка на градоначалничката Аларова ќе ја средат работата. Ние останавме на ставот дека додека не се легитимираат со документи сите што се пријавија како здружувачи на средства, нема ништо да потпишуваме. Така заврши состанокот.

Зградата се гради на два идентични плаца 25 х 12 м2. На едниот плац сме единствени сопственици со една градежна маркичка, а на другиот плац постојат два градежни маркици и 7 сопственици.

Во меѓувреме, сите останати комуницирале помеѓу себе ( заедно со останатите сопственици-комшии ) и си одржувале состаноци. На 11.02.2007 год. ни се јавија тројца здружувачи од околината на К. Паланка и ни објаснија дека сето ова е сомнително и дека не им веруваат на организаторите, воедно регистрирале “здружение на оштетени граѓани од фирмата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ“ ( прилог 3 ).

      1. Доооо Моооооооооо с. Петралица,

      2. Роооооо Соооооооо с.Опила,

3. Сашо ..... преставник на Сооооооо Соооооооо ул.Кирил и Методиј бр.оо Куманово и

4. Дане ....... преставник, зет на Вооооо и Нооооо Лоооооо ул.оооооо бр.00 од Тетово, инсистираа да се сретнеме на 11.02.2007 год. бидејки имале закажано состанок, и бидејки доаѓаат надвор од Скопје,  после завршениот состанок да се сретнеме во кафеаната БОЕМИ и да размениме мислења и сознанија. На состанокот во 17 часот мирно се разговараше, за кои луѓе се сомневавме и како да постапиме, и околу 19 часот во кафеаната влегоа сите преостанати здружувачи заедно со нашите комшии. Веднаш настапи извесна Дафинка со навреди дека она едвај средила со Аларова да се договори, и дека Аларова побарала да се соберат 100.000 евра, да се депонираат на сметка на некоја банка на име депозит за комуналии и дека ние треба само да потпишеме, и завршена работа. Нормално ние тоа не го прифативме.Еден од здружувачите Д. В. се престави како претседател на здружение и веднаш физички не нападна. Веднаш скокна и еден С. С. кој нема никаков Пред Договор за здружени средства но тврди дека има 4 (четири) стана во нашата зграда. По бруталното претепување на мојот сопруг и наводното смирување на ситуацијата во кафеаната влегоа три непознати лица и го изнесоа мојот сопруг надвор од кафеаната и уште по брутално го претепаа. Сето тоа се случуваше пред сите присутни здружувачи и комшии. По поминатата вечер по болници за санирање на повредите, утредента на 12.02.2007 год. пријавивме во полциската станица БЕКО.

Уредно беше пријавено и запишано.Запишани беа и податоците за двајцата напаѓачи внатре во кафеаната, а за останатите тројца не ги знаевме податоците.Вечерта во 23 часот по телефон започнаа со закани по нашите животи.Утредента на 13.02.2007 год. повторно пријавивме во полициската станица БЕКО, овој пат за смртни закани по телефон. Полицаецот што не прими предходната вечер ни соопшти дека биле повикани напаѓачите и дека го признале делото. Полицијата ке си превземе свои мерки, а ние да си бркаме приватно. По интервенција од предходни сознанија дека полицијата не превземала ништо и дека случајот не е ни заведен во п.с.БЕКО, интервениравме до внатрешната контрола за професионални стандарди ( прилог 4 ). До денешен ден нема никакви реакции од страна на судот ( ако е точно тоа што е наведено во дописот дека е поднесена кривична пријава против сторителите од страна на п.с.БЕКО ).

Во мај месец бевме приморани да се преселиме во друга населба и да го отпишеме нашето дете од школо (Песталоци). Истиот месец од страна на некои здружувачи очајнички ни беа доставени Пред Договори и каса прими од преостанатите наводни здружувачи проверени кај нотар Лооооо Моооооо која ги има заверувано сите Пред Договори на фирмата ПЛАТИНА.

Во јули месец во нашиот дом дојдоа адвокат Александар Марковиќ и Даниел Галапчев.... од проектантското биро Д.Ц. ГАЛАБ кој го има изработено проектот за нашиот објект што исчезна од централната архива на општина Центар. Од страна на адвокатот Марковиќ ни беше објаснето дека ако не се согласиме да им потпишеме на здружувачите ќе мора да не тужат.Го прашавме зошто тоа здружение на оштетени граѓани од ПЛАТИНА Инжинеринг не ја тужи фирмата со која склучиле Пред Договори, немаше одговор. Го прашавме зошто не ја тужат општина Центар која дозволила да се изгради толкав објект без никаква документација и со тоа навлекла луѓе да уплаќаат станови во дивоизграден објект. Адвокатот Марковиќ чудно одмавна и рече дека со нас не може да се договара. Се распрашавме за адвокат Александар Марковиќ и дознавме дека е син на тогашната раководителка во општина Центар која го водела нашиот предмет и која го одобрила проектот кој исчезнал од општината, Г-ѓа Ратка Марковиќ. Од тој момент почнавме да се сомневаме во институцииве на Државава, а особено во општина Центар.

Експресно брзо, за само три месеци на нивната тужба судот закажа рочиште ( експресно брзо, бидејки ние ја тужиме фирмата ПЛАТИНА Инжинеринг уште од пред една година и сеуште нема излезено рочиште). Доставувавме Барања до општина Центар но без никаков одговор од таму ( прилог 5 ). Во меѓувреме ги испитувавме Пред Договорите што ни беа доставени од страна на здружувачите,истовремено проверени од страна на нотарката Лоооооо Моооооо. Ги споредувавме со оние Пред Договори што се доставени до судот во тужбата кон нас. Невероватно со какви измами и фалсификати се служат одредени лица, особено лицето    С. С. кој тврди дека има 4 (четири) стана во нашиот објект.

 



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 15:21
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 08-Jul-2009 at 15:18

ВО ДЕЛОТ НА СКЛУЧУВАНИ ПРЕД ДОГОВОРИ

И СОМНЕВАЊЕ ВО ИСТИТЕ

 

- Пред Договор на име Т. В. ул.Алекса Дундиќ бр.ооо ( запаметете ја оваа улица Алекса Дундиќ ). Од Пред Договорот што е проверен кај нотарката Ленка Мицајкова втората страница од Пред Договорот е заменета со друга страница со комплетно други потписници. Истотака на втората страница не постои дел од печатот на нотарката. Т. В. е другар на С. С. ул. Алекса Дундиќ бр. ооо ( прилог 6 ),

- Пред Договор на име Г. С. ул. Алекса Дундиќ бр.ооо. Појавува каса прими за тој договор со дата 15.12.2004 год. и печат на фирмата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ.

ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ ДОО се пререгистрира во ДООЕЛ  на 25.05.2005 год. значи 5 месеци подоцна. Како е возможно непостоечки печат да биде ставен на каса прими 5 месеци пред време.( прилог 7 ). Г.С. е брат на С. С.

- Пред Договор на име Д. С. ул. Скоевска бр.ооо има Пред Договор за стан кој ние го имаме на нашиот анекс на Договор,стан бр.2 на поткровје. Ова не е приложено во тужбата и не е приложено на судот. Д. С. е тетка на С. С. ( прилог 8 ).

- Пред Договори на име на Т. Н. ул.16 Македонска бригада бр.ооо. Првиот Пред Договор е за на друга зграда каде што земал 81м2 х 500 евра, го раскинал тој Пред Договор и направил добра зделка со тоа што земал стан во нашата зграда 30м2 помалку и доплатил 10.000 евра. Едната каса прими намерно е направена да не се познава текстот бидејки на касата прими презимето не му се совпаѓа, а инаку печатот од фирмата комплетно се познава. Во исти ден на 06.07.2005 год. раскинува Договор и склучува Пред Договор со два управители, на Договорот управител е Рената Посавац ПЛАТИНА инжинеринг ДОО ( од 25.05.2005 е ДООЕЛ ), а на Пред Договорот за здружување средства управител е Рокан Атанасовски. Истотака печатите му се застарени, со ДОО а не со ДООЕЛ како што е правилно. Т. Н. е кумашин на С. С. ( прилог 9 )

-  Пред Договор на име Н. О. од 16.08.2005 год. без архивски број. Жената никогаш не се појавила ниту на состанок ниту некој од другите здружувачи ја видел, ама е потпишана на тужбата? Нејзе ја застапува некој Ѓ. П.Т. На Пред Договорот во член 3 пишува дека средствата од раскинатиот договор се префрлаат на овој Пред Договор. Ѓ. П. Т. има стан и на предходната недовршена зграда на име на својата сопруга Р. П. Т. и се сомневаме дека со Договорот што го раскинал а не е пријавен во тужбата, на предходната зграда веке земал стан и со истите средства сака да земе стан и на нашата зграда. Ѓ. П. Т. е другар со С. С. бидејки С. и на предходната зграда земал 93м2 стан.И таму тие двајца се појавуваа како организатори за доизградба на зградата од ПЛАТИНА Инжинеринг. ( прилог 10 ).

-  Пред Договор на име А. И. од 07.09.2005 год. Во член 3 од Пред Договорот пишува дека средствата од склучениот Пред Договор на 10.03.2005 год. се раскинува ( не е пријавен ) и се склучува овој Пред Договор на 07.09.2005 год., за да  покаже каса прими со дата од 17.12.2004 год. Истотака на пријавениот Пред Договор нема нотарска заверка и чудно е како нотарката го нашла и го проверила Пред Договорот. С. С. е другар со А. И. од Бутел – комшија.( прилог 11 ).

- Договор со странски граѓанин M. Z. Пријавила дека уплатила средства преку банка во висина од 20.000 евра и 55.000 евра. По забелешка на судијата да се направи превод излезе дека само 20.000 евра уплатила на име на позајмица. Ние никогаш не сме ја виделе жената, а како нејзин полномошник ( никаде не е покажано полномошно ) се јавува А. Н.

M. Z. работела кај нас во Државава во 2004 год. како director of country ABA/ CEELI , а во моментов е во мисија во Грузија. Се сомневаме дека некој го злоупотребил нејзиниот идентитет и воедно, дали нотарката смеела законски да завери таков договор. А. Н. е истотака другар на С. С. ( прилог 12 ).

-  Комшија З. Ѓ. кој се здружил со организираните криминалци не тужи нас, а нема никаков Пред Договор за стан за кој не тужи. ( прилог 13 ) .

-  Пред Договор на име “ДЕКОН инжинеринг“ доо застапувано од Н. В. Неговиот син е Д. В., претседател на здружението на оштетени граѓани од ПЛАТИНА Инжинеринг. Во фамозниот член 3 пишува дека треба да уплати 25.000 евра, а остатокот ке го компезира со градежни работи.Пријавува фактура и налог ( нечитлив) и пријавува Извод за промени на состојбата на средствата на сметката на ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. Според пријавениот доказ надплатил 10.000 евра според договореното. Сам си напишал ДЕКОН под исплатата на кредитот и не го пријавил Договорот за што му се уплатени тие средства. Знаеме дека имал Договор за некаков деловен простор во другата зграда на ПЛАТИНА но не е пријавен. Истотака фирмата ПЛАТИНА му препишала долг од црквата што требала фирмата ПЛАТИНА да ја наплати од црквата. Се работи за износ од околу 90.000 евра.( прилог 14 ). Зошто морало да му се препише долгот, останува мистерија. Д. В. и С. С. се неразделни и главни организатори за нелегалната доизградба на нашиот објект кое ке го објасниме подоцна.

Всушност, сите склучени Пред Договори се со криминална заднина и од страна на нотарката Лооо Мооооо. Прекршен е законот за спречување перење пари кој е на сила од јуни 2004 год. Дека има спрега на интерес помеѓу здружувачите и нотарката е факт. На 05.03.2007 год. Д. В. се обратил кај нотарката и без наше знаење и согласност со помош на нотарката подигнал преписи на изворна исправа од нашите Договори со ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. Д. В. бул. Кузман Ј. Питу оооо ги злоупотребил Преписите и од 15.12.2007 год. сторува кривично дело градење на туѓ имот. На 20.12.2007 год. сторил друго кривично дело Измама и склучил Договор за меѓусебна соработка со агенција за обезбедување на имот и лица “СТАТУС“ во кој договор се прикажува како наш полномошник и дека може да склучува договори. Најтрагично е што овој Договор е предаден во полициска станица БЕКО кај командирот Злате ...... и кој воопшто не превземал мерки ( прилог 15 ). Од 15.12.2007 год. Д. В. ја превзема улогата на инвеститор на нашиот објект и ја ангажира агенцијата СТАТУС застапувана од директорот З.Ј. ул. Алекса Дундиќ , да не ни дозволи никаков пристап на нашиот имот и во нашиот дел од објектот (прилог 16 ). Првиот чувар на зградата беше К. Д. ул. Алекса Дундиќ бр. ооо ( ја запаметивте ли улица Алекса Дундиќ ).

Поднесени се кривични пријави против здружението, против претседателот Д. В. и против општина Центар ( прилог 17 ).

Поднесена е Пријава до СВР - економски криминал ( прилог 18 ).

До денес 25.02.2008 год. ништо и од никого не сме информирани дали се превземени некакви законски мерки.



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 15:20
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 08-Jul-2009 at 15:22

ВО ДЕЛОТ ЗА ОПШТИНА ЦЕНТАР И

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

 

Сторени се кривични дела Злоупотреба на службена дејност, од страна на градоначалничката Виолета Аларова, инспектор Милан Пижула, Ратка Марковиќ, Биљана Минова, и ...?????

Уште од пролет 2007 год. настојуваме да стапиме во контакт со општина Центар, односно со градоначалничката Виолета Аларова за да ја расчистиме ситуацијата и да знаеме на што сме, бидејки имаше најави дека нашиот објект е на листа за рушење. Пробавме на сите начини да го легализираме објектот во нашиот дел но не успеавме ( поднесовме проект, но бевме одбиени со заклучок дека локацијата не е расчистена ). Преку рака од комшиите добивме Решение за уривање на објектот донесено уште 16.09.2004 год. Ние за такво решение и заклучок воопшто не сме биле информирани. Објектот започна да се гради во август 2004 год. и фактички уште на самото темелење на објектот е донесено решението дека објектот е дивоградба.Нормално дека ние како сопственици на имот не би дозволиле да се продолжи со изградбата на дивоградба. Кој би бил нашиот интерес да се продолжи. Во јули 2004 год. заедно со сопственикот на ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ ДОО Рокан Атанасовски отидовме во Министерството за транспорт и врски за да ги провериме документите што се поднесувани.

Разговаравме со Марга Пешева која по прегледот на документацијата ни рече дека документите се во ред и дека само треба да ги регулира комуналиите.Рокан Атанасовски ни рече дека треба да изработи нешто за општина Центар или за градот ( водовод ?) и дека договорено е компезација за комуналиите. Фирмата преку која ќе се изработело за општината   ( и се изработи ) е “ Еооо Моооо“ застапувана од Р. Д. Бидејки така ни кажа Марга Пешева малку се опуштивме и се најнормално све се одвиваше, односно зградата нормално се градеше се до март 2005 год. Од тогаш се успори со градење но некако се туркаше. Никој не не известил дека зградата е дивоградба и дека има решение за уривање. На самото решение е наведено во точка 1 дека веднаш по приемот на ова решение да го УРНЕМЕ градежниот објект  на ул. Васил Стефановски 26А. Па како ја најдоа само оваа адреса не ни беше јасно. Како да започнеме со УРИВАЊЕ кога не знаеме за такво решение. Баравме од инспекторот Милан Пижула да ни достави доказ кој го примил тоа решение но нема одговор, само кажува дека тој го испратил тоа Решение на наведената адреса и толку. Во точка 2 од истото Решение пишува дека ако не сме го урнеле објектот ќе пристапеле кон присилно административно извршување. На наше прашање зошто не сте пристапиле согласно решението, цела општина молчи, а истотака и Министерството за транспорт и врски молчи ( прилог 19 ).

Бараме било каков доказ за поднесувана документација или да ни дозволат увид во документацијата за нашиот предмет но нема одговор. Ако е исчезната документацијата од архивата на општина Центар зарем и од инспекторатот при Министерството за транспорт и врски е исчезната документацијата ? Бидејки настана несогласувања со комшиите побаравме од општина Центар да ни достават барем документација за нашата меѓусебна согласност дека ние како комшии сме се договориле и согласиле на нашиот имот да се гради заедничка зграда со единствен влез. Молк. Тогаш свативме зошто е исчезнат идејниот проект од општина Центар, бидејки за да одобрите и заверите еден идеен проект треба да ги има сите согласности од сопствениците. По кажувањето на вработените во град Скопје во општината треба да има 3 (три) проекти и дека неможе тукутака да исчезнат проекти кои се заверени и се под архивски број сместени во архивата. Дека се прикрива криминален чин и лица кои сториле кривично дело се покажа кога од град Скопје побаравме увид и фотокопие на целата документација што е поднесувана за нашиот предмет. Замислете, некој се дрзнал да фалсификува документи дека уште 25.01.2001 год. имало поднесено барање за надоместок за уредување на градежно земјиште. Ние во 2001 год. не сме ни помислувале за рушење или пак сме се знаеле со ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. Постапката ја воделе контраверзните Биљана Минова и мајката на адвокатот Александар Марковиќ кој го застапува здружението, Ратка Марковиќ тогашен раководител на одделение. Овие две личности го одобриле проектот а се сомневаме дека направиле и да исчезне проектот од општина Центар како би ги сокриле трагите на криминалот што го сториле ( прилог 5 ). Во меѓувреме зградата упорно се гради од страна на Д. В. и С. С., а инспекторот се прогласи за ненадлежен да излезе на лице место и да го спречи дивото градење, односно да го спроведе законот за градење. Истотака и полицијата ништо не направила за да се спречи криминалот. Јасна е намерата на општина Центар. Да дозволи зградата да се оспособи за живеење, да се вселат здружувачите и проблемот да ни се префрли нам со решавање на имотно правни односи со дивовселените и да се одтргне внимението од општината. За овој проблем известени се, Министерот Миле Јанакиевски, Министерката Гордана Јанкуловска и Премиерот Никола Груевски.( прилог 20, сите поднесоци до општина Центар и Министерствата


Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 15:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.126 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.