build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 31-Aug-2016 at 10:13
СПАСЕН ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВ. БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“

Конзервацијата на фрескоживописот е изведена со донација од 450.000 долари од амбасадата на САД во Македонија

Фрескоживописот во црквата „Света Богородица Привлепта“ во Охрид е целосно конзервиран и е заштитен од понатамошно пропаѓање. Средствата за овој значаен зафат ги обезбеди амбасадата на САД во Македонија, а амбасадорот Џес Бејли деновиве и на „Твитер“ изрази големо задоволство што е завршена конзервацијата во една од најзначајните цркви во стариот дел на градот. Американската донација изнесува 450.000 долари.

„Завршен е еден многу важен зафат во ‘Света Богородица Перивлепта’, целосната конзервација на фрескоживописот и сега тој е комплетно заштитен за долг период. Во конзервацијата беа вклучени врвни конзерватори од Националниот конзерваториски центар од Скопје кои работеа во црквата околу четири години. Можам да кажам дека конзервацијата ја извршија мошне професионално“, ни изјави вчера директорката на Завод и музеј во Охрид, Тања Паскали-Бунташеска.

Бунташеска информираше дека е конзервирана и архитектурата на црквата што е од посебно значење. „Поради прокиснување на покривот во изминативе години се појави влага, од што страдаше фрескоживописот. Сега тоа е веќе минато“, рече директорката Паскали-Бунташеска, нагласувајќи дека е реконструирана и камбанаријата која е во состав на комплексот на црквата, за што со 1,6 милиони денари учествуваше Министерството за култура. Во тек се активности и на реконструирање на тремовите на комплексот „Перивлепта“. Црквата „Света Богородица Перивплета“ датира од 13 век, а фрескоживописот го насликале познатите мајстори Михаило и Евтихие.

Линк од веста
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 31-Aug-2016 at 10:19
Скоро пола милион долари американски пари (СОРОС, uaaa) за највредниот сликарски ансамбл во државата, а и еден од највредните на Балканот. Додека министерството се потруди 25 000 еур за туркање на стар конак и изградба на нов и некои зафати на камбанаријата (пак државните пари се јавуваат во својство на служители на МПЦ, а не заштитници на светско културно наследство). Споменикот на Михаил и Евтихиј наспроти археолошки, не знам колку кошташе, немам ни механизам да дознаам. Ама тоа е, приоритети.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3784
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 08-Oct-2016 at 00:11


Големата сала и фоајето на МОБ целосно реконструирани

















По повод отворањето на реновираната сала на 12 октомври ќе се одржи гала-концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ...









Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети Македонската опера и балет по што изјави дека промовираат еден исклучително значаен проект за целосна реконструкција на големата сала на МОБ, кој ветиле дека ќе се реализира.

Таа истакна дека оваа инвестиција е од огромно значење и од буџетот на Министерството за овој капитален проект се издвоени 62 милиона денари. Проектот, посочи министерката, опфаќаше занаетчиско-градежни работи на големата сала, на фоајето, промена на нивното осветлување, промена на сите седишта во големата сала, како и на подот под нив.

- Оваа инвестиција е од огромно значење за вработените, уметниците во МОБ и за сите љубители на програмските содржини на МОБ, на уметноста што ја нудат, пред се, за граѓаните кои ќе имаат можност да присуствуваат на сите овие настани во една прекрасна сала со променети седишта. Сега салата има 710 столчиња, чиј број е намален со цел тие да бидат покомотни и да има растојание меѓу сите редови - рече Канческа-Милевска.



Таа нагласи дека се набавени 275 дисплеи кои се поставени на седиштата со цел да се следи преводот на претставите.

- Ќе може да се следи превод на пет странски јазици. Во централнот дел на сцената ќе има голем дисплеј на кој и останатата публика во погорните редови ќе може да го следи преводот на сите претстави кои ќе се реализираат во МОБ - рече Канческа-Милевска.

Министерката Канческа-Милевска изрази благодарност до фирмата која работела на тој проект бидејќи, како што рече, за многу краток период, од јуни до крајот на септември, ги завршила реконструкцијата и обновата на големата сала во МОБ.

Канческа-Милевска се заблагодари на сите вработени во МОБ за нивната посветеност со цел навреме да биде завршена реконструкцијата на салата и да се стави во функција на граѓаните и на уметниците.



- На 12 октомври во МОБ по повод отворањето на реконструираната голема сала ќе се одржи гала-концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ, сите ансамбли што ги поседува нашата национална институција, со солисти, детски хор, оркестарот, балетот. Ќе бидат изведени познати дела. Се надевам дека за љубителите на уметноста овој концерт ќе биде посебно доживување - рече Канческа-Милевска.

Таа посочи дека досега кога станува збор за инвестиции во МОБ, претходно бил завршен системот за греење и ладење во рамки на проект за кој биле издвоени 15 милиони денари.

- Имаше и голем број други инвестиции во делот на сценската технологија и техника и механика на салата. Во наредниот период за се што е неопходно и во друга насока, ние како Министерство за култура како и досега ќе даваме силна поддршка бидејќи МОБ е една од најголемите и најзначајни институции - додаде Канческа-Милевска.

Директорот на МОБ Игор Дурловски рече дека станува збор за одличен избор на столчиња и монитори кои не можат да се сретнат во многу европски, односно светски театри.



- Моментално во Европа и пошироко има само пет до шест театри кои ги имаат овие технички услови за следење на претставите, а тоа се: Виенската опера, Операта во Тел Авив, Салцбуршкиот фестивал и уште неколку театри кои ја имаат таа техника. Јас сум горд што сум дел од еден театар кој нуди услови на публиката како што нудат најголемите театри во светот - истакна Дурловски.

Тој потенцира дека гала-концертот ќе се одржи на 12 и на 13 октомври. Првиот концерт, истакна Дурловски, на 12 октомври веќе е распродаден, а остануваат дел од билетите за 13 октомври. Тој го најави и Детското хорче кое првпат ќе настапи на еден сериозен концерт.

- Тоа е наш проект кој пред неколку месеци го остваривме, го оформивме пред седум осум месеци. Веќе се подготвени дечињата да настапуваат и на голема сцена, а исто така ќе ги користиме во дел од претставите. Ќе бидат околу 250 лица на сцената - додаде Дурловски.
http://cooltura.mk/arhitektura/golemata-sala-i-foajeto-na-mob-celosno-rekonstruirani
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10519
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 28-Oct-2016 at 15:59
Една фотка од обновата на манастирот Трескавец. фото: миа.мк



За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 29-Oct-2016 at 22:29
Целосна обнова на амфитеатарот во Скупи со 9.000 седишта

За 2,5 до 3 години треба да биде завршен и пуштен во употреба амфитеатарот во Скупи. Инвестицијата вредна седум милиони евра е дел од предвидените „40 нови проекти за младите луѓе во Македонија“, ќе има 9.000 седишта и ќе се користи за различни манифестации, концерти, музички и театарски настани.

Работите веќе почнаа да се изведуваат од пред една недела. Се завршија сите подготвителни работи и тендерските процедури, се избра и изведувач на електронска аукција кој ги почна работите


?????


НВС Лидерот

Edited by hcitrS - 29-Oct-2016 at 22:31
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6967
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 30-Oct-2016 at 02:19
значи немаме универзална сала, ама они ќе користат бесценет антички локалитет за концерти... до таму е отидена работава
патем Скупи е во многу катастрофална состојба, наместо да се направи нешто за да се презервира и актуелизира, тие прават „реконструкција“ на објект кој појма немаат како изгледа... за концерти, кои имаат многу вибрации, загадување и преголем обем на луѓе
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3784
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 02-Nov-2016 at 15:07
Заврши реконструкцијата на куќата на Личкови во Штипско Ново Село, една од четирите фасади со староградска архитектура кои ќе се реконструираат во Штип.

-Oваа фасада е карактеристична за архитектурата на Штип и мене ми е драго што, со самото реновирање, повторно е вратен тој архитектонски сјај којшто го поседува оваа куќа, изјави Елизабета Канческа Милевска, министерката за култура.

Во тек на реализација е реновирањето на една од најстарите галерии на икони во Штип, онаа сместена во црквата Успение на Пресвета Богородица.

-Во тој галериски простор ќе бидат изложени многу значајни галериски икони, од кои досега се конзервирани 90. Паралелно со ова, институцијата ги конзервира и останатите икони, коишто ќе бидат презентирни во новиот галериски простор, кажа Канческа Милевска.

Соработката меѓу Општината и Министерството, во Штип, најдобро се гледа во работата и инвестициите во Штипската библиотека.

-Сакам да истакнам дека направена е прекрасна летна сцена во штипската библиотека, која е ставена во функција и на самата библиотека за сите нивни манифестации, а веќе започнува и реновирањето на студентската читална, истакна Канческа Милевска.

Д.Ф.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Заврши-реконструкцијата-на-куќата-на-Личкови-во-Штипско-Ново-Село&id=ec2a898b-76bf-4971-b99b-9d9d67dfdae3
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10519
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 02-Nov-2016 at 15:33
фото: миа.мк

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 05-Nov-2016 at 16:34
ОБНОВЕН ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ВЕЛУШИНА

Целосно е обновен вредниот фрескоживопис во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велушина, Битолско, исклучително значаен споменик на културата кој поседува хронолошки сликарски слоеви од 12 до 19 век.



на процесот на конзервација му претходеле неколку активности, меѓу кои и археолошките истражувања кои се реализираа во 2013 и 2014 година, како и целосната дренажа на црквата со што овој значаен споменик на културата беше заштитен од влага. Исто така, извршени беа детални и комплексни истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 метри квадратни, а се изготви и прецизна дигитална и техничка документација на фрескоживописот, за што од буџетот на Министерството за култура беа издвоени 1,5 милиони денари.

-На овој комплексен проект работеа 30-тина стручни лица од установата Завод и музеј Битола и надворешни соработница кои сметам дека на одличен начин го реализираа проектот, истакна Канческа Милевска.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина е комплексен објект со досега констатирани четири фази на градба. Обновувањата датираат од крајот на 10 и почетокот на 11 век, потоа 12 и 13 век, а во текот на 16 и 19 век била извршена најголемата реконструкција на црквата. Со археолошките истражувања, откриени се темели од постар сакрален објект од 6 век.

Цела вест
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 16-Nov-2016 at 04:23
2016.11.08
Bezistenot vo Bitola



manastir Treskavec



Edited by macedonia - 16-Nov-2016 at 04:29
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 17-Nov-2016 at 01:30
Баш се надевав дека кога конечно ќе се деси реконструкцијата на безистенот, ќе го излупат, барем делумно. Под малтерот крие многу убава фасада од цигла и камен, како што може да се забележи на двете „излупени“ окна на фотографијата. Ама то е, се надевам дека ќе ја погодат бојата ко ќе го фарбат.


А Трескавец, шутот ќе остани кај шо паднал?

Edited by hcitrS - 17-Nov-2016 at 01:30
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 23-Mar-2017 at 16:21
битолскиот безистен (или покриениот турски пазар)

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10519
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 21-Apr-2017 at 12:27
Албански театар, наводно ќе биде завршен до крајот на годинава.







фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 30-Apr-2017 at 23:27
Дали некој знае која фирма го изведува?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10519
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 01-May-2017 at 00:05
Тука станува збор за реконструкција, а не за изградба на сосема нов објект. Порано овој театар беше познат како Театар на народностите.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.