build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 17-Feb-2020 at 19:46
Originally posted by Џоле

Originally posted by Staro Skopje

Ја фарбале саат кулата или така ми се чини?


Кулата беше реставрирана преку агенцијата ТИКА, која работеше на уште неколку реставрации на отомански градби во чаршијата (претежно џамии).


Горново цитирање е од друга тема, но денес се шеткав малку во овој дел на Скопје, па направив неколку фотки.







...





Инаку, реконструирана е и Султан-муратова џамија, со помош на агенцијата ТИКА, и многу убаво е извршена целата реконструкција, однадвор џамијата буквално „блеска“.















Edited by Џоле - 17-Feb-2020 at 19:47
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 17-Feb-2020 at 20:05
Не штедат ич Турциве за реставрација на објекти во други држави. Слична ситуација е со реставрацијата на џамијата во Охрид која е беспрекорно направена.
Back to Top
carver91 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 05-Jun-2020 at 23:44
Куќата на Лазар Личеноски повеќе од една деценија чека да стане музеј...

https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/lik/%d0%ba%d1%83%d1%9c%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80-%d0%bb%d0%b8%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%b5%d0%b4/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 06-Jun-2020 at 19:07
Originally posted by carver91

Куќата на Лазар Личеноски повеќе од една деценија чека да стане музеј...

https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/lik/%d0%ba%d1%83%d1%9c%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80-%d0%bb%d0%b8%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%b5%d0%b4/
куќава отсекогаш ми била чир вака како што стои на локацијава, без никаков контекст и амбиент... еден куп објекти во Скопје испорушени, ем со архитектонска вредност, ем со битни фамилии што живееле во нив, ем со битни луѓе од урбаната историја, ама ете, вакви куќарки се оставени на сред чисти и новооформени простори

немојте да ме разберете погрешно, не сум за тоа Личеновски да падне во заборав, ама има далеку подобри опции, како изградба на нов музеј или посветување на галерии во некои од веќе постоечките музеи на пример
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 06-Jun-2020 at 19:47
Веднаш до неа има два поголеми чира, ако ме разбираш

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 06-Jun-2020 at 19:52
Ајдар-кади џамија — отоманска џамија во Битола. Се наоѓа во стариот „Овчи Пазар“, блиску до стариот амам „Дебој“ и до стариот пазар.

Била изградена во 1561-1563 година од кадијата Ајдар од Битола. Џамијата е градена од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан и е позната како џамија „Принцеза на Балканот“. Таа е типична битолска џамија, со квадратна основа, голема единична купола и порта. Куполата, висока 19 метри, лежи на цилиндар кого од своја страна го држат дванаесеттоаголни столбови.

[од Википедија]

неодамна реконструирана, а фотките се од крајот на април оваа година



















За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 06-Jun-2020 at 19:54
втор дел:











За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 06-Jun-2020 at 20:06
Овие турски џамии кои се реконструираат иако се по 5 века постари од оние кои денес се новоградби низ Македонија, сепак на некој начин се и 5 века понапред во стилот! Штета е што ваков традиционален, елегантен, развиен, пропорционален, искристализиран стил што не се почитува повеќе во новоградбите, односно воопшто и не се почитува. Овие се само добар пример за сите останати чиреви што се испогр(а)дија по Македонијава.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 06-Jun-2020 at 20:14
Колко джамий има в Скопие? На едно место чета 13 ,на друго 19.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 19-Jul-2020 at 21:36


Еј, дури сега ти го видов прашањето. Зависи, ако мислиш на џамии од отоманскиот период, веројатно се 15-20 вкупно, а ако ги вклучиме и модерните, т.е. новоизградените џамии, тогаш сигурно се 150-200
______________________________

Најава од градоначалникот на Дојран, ова е негова фејсбук објава од 5 мај годинава:

Во тек е проект преку ИПА програмата кој опфаќа реставрација и реконструкција на ,,Турската бања'', или ,,Градскиот амам'' ,,Саат кулата'' и пристапни патеки до истите.

🔵 Целоснa реконструкција на Саат- кулата и хортикултурно уредување на подрачјето околу Саат- кулата
🔵Со ова, ќе се врати оригиналниот изглед на Саат- кулата
🔵Ќе биде дизајниран и произведен сувенир во форма на автентична Саат кула во Стар Дојран

🟡Извршување на конзерваторски и реставраторски работи на ,,Турската бања'' или ,,Градскиот амам'' на сочуваните делови на локацијата, како и расчистување и уредување на областа околу локацијата со цел да се зачува автентичноста на амамот

🟢 Постојните патеки што ги поврзуваат Саат-кулата и Турската бања ќе бидат поплочени со обичен камен (калдрма) и истите ќе бидат направени на постојните патеки кои ја поврзуваат Саат кулата со локалните патишта

🟠Ќе бидат изготвени промотивни материјали и видео спотови , за промоција на локалниот туризам, кој ќе содржи информации за културното наследство на Дојран

🟠Ќе бидат поставени патокази и информативни табли за културно- историските споменици

➡️Тендерската постапка е во последна фаза на завршување, во следниот период отпочнува реализација




https://www.facebook.com/angovango/photos/a.125891351402759/544321549559735/

Edited by Џоле - 19-Jul-2020 at 21:37
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4732
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 20-Jul-2020 at 07:25


Јас имав пуштено мејл во општина Битола за нешто вакво. Им пишав наместо да прифаќате пари за реставрирање на џамии (во маала каде не ни има муслимани) и исклучиво џамии од страна на ТИКА (на султанот Ердоган), малку да ги условите со „ќе ви дозволиме да ја реновирате џамијата само ако го реновирате амамот прво“. Битола има неколку распаднати амами, и никому ништо. Имаат многу поголема вредност отколку некакво џамивче.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 20-Jul-2020 at 11:01
Нема Македонија слободарски менталитет, нема пркос кај народот. Државата ни е случајно добиена, еднаш случајно сувереноста во втора светска војна, втор пат случајно по интерција на распадот на југославија, затоа така се понаташаме. За да упеца некое локално бизнисче лепење плочки и да обезбеди обрт на пари од неколку месеца, оставаме некогашниот поробител да си го продужува рокот на градбите кои некогаш биле симбол за опресија за уште други петстотини години. Не е спорна архитектонската вредност на објектите, но она што треба да биде важно е да Македонија ги осети како нејзина потреба и да аплицира за турски пари, а не обратно да се задоволува нео-султанизмот и потребите на Турција. Да беше Македонија со многу крв спечалена, немаше да се разшетуваат секакви "иницијативи".
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 20-Jul-2020 at 15:59
Македонија е со многу крв спечалена. Асномците не паднаа од небо. Тие се надоврзуваат на една веќе постоечка борба. Под „случајно добиена држава“ можеш да мислиш само на надворешна политичка поддршка. Но ниту една држава на Балканот не е создадена без таква поддршка на некоја голема сила, а во повеќето случаи и директна воена интервенција.

Разликата кај нас е што од 2001 наваму тој надворешен фактор е наклонет на еден друг, внатрешен. Сите надворешни политички интервенции во Македонија доведоа до создавање на денешниот систем кој само ја продлабочува корупцијата и ги ослабнува институциите, а тие се оние што ја прават државата. Без сопствени институции, односно без сопствена држава, се создава плодна почва за вакви надворешни влијанија. Нео-отоманизмот е само почеток, тој ќе донесе и нов бран странски пропаганди, впрочем исто како во доцниот османлиски период.

Јас ја разбирам огорченоста, но ова не е веќе самокритичност туку преминува во самоомраза која може да биде само контрапродуктивна и да создава дополнителна апатија. Затоа морав да излезам накратко од темата.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 20-Jul-2020 at 16:28
Кај мене нема самоогорченост и самоомраза, напротив! Антидемократските појави кои се толерираат овде онде по политичкиот балкански простор, ме доведуваат да мислам дека грчкиот рецепт со справување со османското наследство можда и бил попаметен и политички покорисен, независно колку тоа наследство носи вредност. Иако според мојот вредносен систем тоа е само дивјаштво на уништување на туѓото наследство, На што личи тоа да се прави темелно чистење на теренот од османски обележја, па макар какви и да се од која и да е цивилизација. Зашто ми се раѓа оваа дилема?! Има два типа националисти. Едните се простаци сељаци заштитнички инстинктивно насторени, другите почнале од тамо, па прешле преку цел спектар на идеологии и леви и десни и радикалнио и умерени и космополитиски, и на крајот после обемно размислување и анализаирање дошле до разумен заклучок дека сепак заштитата и наклоноста исклучиво кон својата група и не е така лош политички концепт и тие луѓе воопшто не се глупави што размислуваат така.

Македонија има крв дадено, ама со крв не е спечалена, тоа е жалната вистина, остајте тоа што ве учеле лажги по школо. Никого Македонија воено не принудила да ја признае, затоа признавањето и дадената крв не се во корелација. Во втора светска комунистичката интернационала, ссср, ја створи Македонија како посебен ентитет за да не биде ни српска ни бугарска додека во Македонија бухташе внатрешниот идеолошко-граѓански конфликт што денес го учиме како white-washed партизанско востание. Независна од Југославија случајно се извлече, да не беше зафатена Србија со војување по Хрватска и Босна може и ние ќе го изедевме.

Затоа Грција, Бугарија, Србија се изорани од османско наследство. Пошто со крв ги натераа турците да си отидат и да ги признаат, едно 100тина години пред нас. И после го изораа теренот, се што ги потсеќаше на турско ропство пепел направија што можеа. Дали е добро или лошо тоа, уште неможеме да знаеме. Има р разни ситуации во кои на површина доаѓаат и добрите и лошите страни на таквите историски политики. Незнам сеуште дали е политички попаметно и покорисно тоа што Македонија дозволувала и сеуште дозволува зачувување на ова наследство, или можда е попаметно да го остави да се испораспадне и да го оставала историски да се испораспадне.

Edited by user8642 - 20-Jul-2020 at 16:32
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 20-Jul-2020 at 19:38
Ако Македонија не е со крв спечалена тогаш не е ниту една од балканските држави. Ниту Грција, ниту Бугарија, ниту Србија ги немаат самостојно извојувано своите независности. Мислиш османлиската воена машинерија, дури и како бледа сенка на своите најславни денови, би дозволила да биде уценувана од некои си таму востаници? Секако дека не, главниот збор тука и на бојното поле и на преговарачките маси го имаа пак тогашните големи сили.

Британската и француската флота директно учествуваа во Грчкото востание, а Русија во исто време ѝ објави војна на Турција. Руски војски учествуваа и во Српското востание. Турските ѕверства во задушувањето на бугарското Априлско востание биле искористени како еден од поводите за започнување на нова Руско-турска војна, чиј исход покрај бугарската автономија беше и меѓународно признавање на Србија и Црна Гора.

Она што ме иритира е двојниот стандард спрема Македонија. Да, многу услови ја прават исклучителна, но во суштина и тука важат истите историски начела.

Инаку османлиското наследство беше разорувано и во Македонија по Балканските војни, можеби и пожестоко, затоа што според твојата теза единствено тука балканските држави самостојно (но обединети) извојуваа победа. А конкретно за саат-кулата и бањата во Дојран, како и целиот град, се разрушени во екот на Првата светска војна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.