build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 10-Nov-2009 at 14:39

Две години ќе се крои план за заштитата на аквадуктот





 

Скопскиот аквадукт, со кој сите се фалат а речиси никој не го чува, ќе биде достапен како туристичка атракција за барем една деценија, колку што би можело да траат неговата заштита и обнова

 
 
%20  
Со меморандумот што вчера го потпишаа градоначалникот Коце Трајановски, белгискиот амбасадор Марк Никелсен и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, почна проект што ќе трае две години, а со кој треба да се направи стратегиски план за тоа како да се заштити овој монументален објект. Дури потоа ќе почнат археолошките истражувања на локалитетот, по нив ќе следуваат конзервацијата и реставрацијата и на крајот сето тоа треба да заврши со комплетно заживување и со презентација на аквадуктот.

Градоначалникот Трајановски истакна дека тоа ќе ја дополни европската културна мапа.

- Заживувањето на овој локалитет во наредниот период треба да се комплетира со нови инвестиции, локален економски развој, заштита на животната средина и со развој на туризмот. Подготвени сме да им помогнеме на општините да направат пристап до аквадуктот. Донацијата од Кралството Белгија во проектот изнесува 90 илјади евра, а градот учествува со 30 илјади евра - додаде Трајановски.

Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, истакна дека од половината на идната година ќе почнат археолошките истражувања, кои нема да пречат во подготовката на стратегискиот план.

- Досегашното запоставување на објектот е само поради огромното историско богатство што го има оваа земја. Тој е само еден од шест илјади локалитети - објасни Кузман.

Во рамките на проектот ќе се организираат семинари и работилници, а ќе се подготват и повеќе публикации, брошури и веб-страница.

Последен пат аквадуктот бил третиран по земјотресот во 1963 година, кога биле поправени три свода и два столба што паднале. Тој е долг околу 400 метри, изграден е од камен и од тули, а над масивните столбови има 55 лака, односно арки. За времето на неговата изградба постојат различни претпоставки. Некои тврдат дека е римска градба, други дека потекнува од византискиот период, а трети сметаат дека бил направен во 16 век. Со неговата изградба било овозможено Скопје да се снабдува со вода од изворите на Скопска Црна Гора. Иако е дел од многу туристички проспекти и брошури, до него се стигнува само по тесно и калливо патче, а може да се види од далечина од булеварот Словенија или од патот меѓу Момин Поток и Визбегово.
 
   
Автор: Р.З.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111091013451&id=14&prilog=0&setIzdanie=21833
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 14-Nov-2009 at 13:01

Ново руво за ДКЦ „Карпош“

По повод ослободувањето на градот вчера беше пуштен во употреба комплетно реновираниот објект со нова фасада со автентичен изглед

Детскиот културен центар вчера беше промовиран во ново руво, по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Објектот на улицата Илинденска, кој вчера наполни 101 година од изградувањето, е комплетно обновен и однатре и однадвор. Инвестицијата е на Градот Скопје, a чини шест милиони денари.

- Фасадата однадвор е комплетно реновирана според конзерваторски проект изработен од Конзерваторскиот центар Скопје, така што е задржан нејзиниот првобитен изглед. Овој објект е споменик на културата од прва категорија. Исто така, комплетно се реновирани санитарни јазли во зградата, дрвенаријата, вратите и прозорците, подот и таваните, а обновени се и светлата однадвор - вели директорот на ДКЦ „Карпош“, Богдан Андриевски.

Тој информира дека сега се уредува и дворот во кој има поставено нови клупи, држачи за велосипеди и канти за ѓубре.

Детскиот центар го посетуваат 400 деца, кои членуваат во драмската, фолклорната, ликовната, балетската секција и во оркестарот. Во центарот има и кабинет за информатика.

Од овој центар низ годините на неговото постоење се изродија повеќе организации и установи. Од драмската секција прво е формиран детскиот куклен театар, кој потоа прерасна во Театар за деца и младинци, а од него подоцна израсна и Драмскиот театар. Од моделарската секција произлезе Народна техника. Од балетската секција е формиран ансамблот на балетот при Македонската опера и балет.

Првите мали чекори во своите големи кариери во оваа институција ги направија и актерот Дејан Лилиќ, поп-дивата Калиопи, Симон Трпчевски, Сузана Спасовска, Горан Алачки, Маја Грозданова-Панчева, Коле Ангеловски, Зафир Хаџиманов, Слободан Унковски, Мартин Вучиќ, Александар Ристевски-Принц и многу други.

Зградата е изградена во 1907, а е вселена во 1908 година. Таа била сопственост на семејството Драга. Последниот жив наследник бил Али Драга, кој последен пат во 1996 година, на 90-годишна возраст го посетил Детскиот културен центар „Карпош“. Тогаш оставил аманет зградата да биде културен дом на сите деца на Скопје.

Неговите родители во пролетта 1908 година во зградата го дочекале Уриетот (Младотурската револуција). Долу во подрумот имало амам со машка и женска бања. На првиот кат биле канцелариите, а најгоре просториите за живеење.

Семејството Драга се иселило во 1919 година, кога Кралството на СХС ја национализирало куќата и во првите години по Првата светска војна му ја дало на користење на некој српски чиновник, како заслужен за ослободувањето на тогашна Вардарска Бановина. Но, тој ја прокоцкал куќата за некоја куртизана во хотелот „Бристол“, па во 30-тите години од минатиот век се вселил француски конзул. Во 1941 година во неа се вселила германската команда, по што куќата и' е предадена на бугарската полиција. Во 1945 година таму е формирана првата државна веледрогерија „Реплек“.

Адаптацијата на зградата е извршена во есента 1947 и во пролетта 1948 година, кога станала Пионерски дом „Карпош“. Во 1962 година, по поплавата во Скопје, подрумот бил целосно под вода. Обновен и реновиран, Домот свечено бил пуштен во употреба на 1 јуни 1970 година. (А.П.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=89ECE6E35975E444BDA07ECF12E1EC15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 18-Nov-2009 at 22:43

Театарот доби улога на руина

Сопствениците на куќите што се залепени до остатоците од изгорениот театар во Струмица велат дека тој е легло на скорпии и дека девет години по пожарот не се чувствуваат безбедно

По пожарот што го зафати пред девет години, остатоците од некогашниот репрезентативен објект на стариот струмички театар се грдотија во центарот на градот. За објектот, кој е напуштен пред 27 години, жителите од овој дел од Струмица се жалат дека е легло на скорпии и не се чувствуваат безбедни зашто се плашат да не се урне. Веднаш до остатоците од театарот има и детска градинка, што уште повеќе ја наметнува потребата од средување на овој запуштен простор.

- По една лопата смет и ѓубре да се вадеше дневно, досега ќе го немаше најголемиот резил во центарот на градот - велат жителите кои живеат во непосредна близина на театарот.

Тие потсетуваат дека пожарот пред девет години бил закана и за нивните домови, а остатоците од огнената стихија и ден-денес се забележливи.

Сопствениците на куќите што се залепени со остатоците од стариот театар велат дека не се чувствуваат безбедно, а и самите ставиле железна ограда на влезот од руината за да се заштитат.

- Овој е толку незаштитен објект што секојдневно се плашиме остатоците да не се урнат врз нашите глави. Тука доаѓаат луѓе, се пијанчат, а пред неколку денови во куќата најдов и скорпија. Во изминатите неколку години постојано баравме заштита, но никој не ни помага. Не знаеме зошто никој не реагира да го санира објектот, се жалат граѓаните чии куќи се оддалечени само половина метар од некогашниот театар.

Последната претстава во стариот струмички театар е одиграна во 1982 година. Оттогаш до денес објектот е оставен на забот на времето. Актерите од струмичкиот театар не губат надеж дека еден ден повторно ќе се вратат во вистинското место за подготвување театарски претстави. Велат дека сегашниот простор во Центарот за култура „Антон Панов“ е неадекватен, а се' зависи од сопственикот на руинираниот објект, Министерството за култура, дали ќе покаже добра желба и волја да се изгради нов театар на местото од стариот.

На последните локални избори и власта и опозицијата излегоа со ветување дека ќе изградат нов театар врз темелите на стариот. Министерката за култура вети изградба, а и во програмата на актуелниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев, стариот театар е едно од ветувањата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7B083425DFBED04B881D0955CEAE6790
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 23-Nov-2009 at 14:04

Амамот ќе го добие стариот сјај

Бањата во Старата прилепска чаршија со години беше урнатина, а сега се' е подготвено за обнова на објектот кој кај многумина побудува пријатни спомени за традицијата на одење на бања во саботите

Триесетина наследници на стариот прилепски амам ги продадоа своите удели по денационализација, а неколкумина бизнисмени се подготвени да ја финансираат обновата на објектот кој долго беше оставен на забот на времето. Тие најавуваат реставрација на амамот и изградба на објекти со автентична архитектура на околните парцели. Единствен потомок што се' уште не го оттуѓува својот дел е Соња Зелоска. Таа вели дека не може да го отуѓи поради емотивни причини и спомени од детството кои ја врзувале за овој објект. Експертите се категорични дека бањата може само да се реставрира, а не да се урне.

Бањата во Старата чаршија со години е урнатина, а објектот кај многумина побудува пријатни спомени за традицијата на одење на бања во саботите. Илија и Крсте Арсоски и Методија Ристески-Бањарот го купиле амамот со злато од Турци во 20-тите години од минатиот век.

СВЕДОК НА НЕГРИЖАТА

По ослободувањето, градската бања била национализирана, но се користела за одржување на хигиената до 70-тите години. Поради ставањето на канализација и домашните бањи, исчезнал ритуалот на семејно одење на бања. Неколку децении никој не се капи во машката и во женската бања, каде што е урнат покривот на една од салите. Прилепските градски власти од социјализмот се носеа со идеја амамот да го претворат во уметничка галерија.

Потомците на сопствениците го продадоа својот дел, откако државата го денационализира објектот. За среќа, се најдоа инвеститори што сведокот за негрижата кон културното наследство ќе го обноват. Бошко Момироски, еден од купувачите, вели дека со ортаците ќе и' го вратат сјајот на бањата.

- Градска бања никому не му треба. Но објектот е во интересна исламска архитектура. Со соодветно архитектонско решение за комерцијални и културни објекти, ќе го вратиме објектот во првобитната состојба. Дел е можно да се освежи со уметничка галерија. Ќе се најде решение за загубеното лице со адаптирањето на ќераната во угостителски објект. Остана само уште еден стар сопственик да го продаде делот од три отсто и да тргне реставрацијата - вели Момироски.

Васе Печијареска од Заводот за заштита на спомениците и музеј вели дека врз објектот не е направена ревалоризација.

- Треба да се одреди статусот и значењето во понатамошна постапка. Објектот е заштитен со акт. Архитект сум, а станува збор за правна процедура и одговори треба да дадат повисоки инстанци - објаснува Печијареска.

Наследничката Зелоска вели дека објектот го доживува како семејна амајлија.

- § одолевам од продажба, оти душата ме боли кога ќе се потсетам како се шетав во детството низ градината во бањата - вели Зелоска.

САБОТНО КАПЕЊЕ БИЛО РИТУАЛ

Градскиот амам во Прилеп е поделен на машки и на женски дел. Во двата имало сали со шадрван, капалук, халвет и по две авлиња. Загревањето било направено според исламското градежништво, преземено од античката и римската традиција на градење терми. Постарите пренесуваат дека капењето било вистински ритуал. Семејно се одело, оти бањата не била само место за одржување на хигиената, туку и за лаф-муабет со познати. Капачите прво се пареле во замаглените со пареа простории, потоа се триеле, се сапунеле со свински мискојна сапун и се потурале со канче. Народот се истурал како река во сабота попладне, откако домаќините ќе испазареле во пазарниот ден. Во четврток колективно доаѓале невестите и зетовите со блиските. Паѓале мајтапи. Невестата ја триела свекрвата, а кардашите му го фрлале на зетот сапунот на мермерните плочки да го зема за последно ергенско искуство. Капењето било сеирџиство, во кое некои се црвенееле од срам, а други ја покажувале прилепската мајтапџиска дарба. Понекогаш се носеле колпишмиде, зелник, раванија и боза. Се јадело во посебни одаи, загреани со жар во мангали, додека се собере кожата од топлината.

Љупчо Мургоски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2DB4216680002F43AD3827956123D010
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 26-Nov-2009 at 03:25

Куќата на Касапови средиште на велешката култура

Според плановите за нејзина ревитализација, таму треба да престојуваат разни профили културни уметници, ликовни, драмски, музичари, кои би твореле преку целата година, бидејќи има услови за изработка на ситна пластика, сликарски и графички дела

Куќата на Касапови се промовира во нов културен простор во Велес. Народниот музеј од градот во текот на изминатите месеци таму организираше повеќе ликовни изложби за да го оживее просторот и објектот, кои се типични претставници на старата автентична велешка архитектура.

- Целта на овие активности е таа да има континуирано самоодржување и развој на дополнителната културна дејност. Поголем број велешани не знаат каде е куќата на Касапови. Тоа се покажа на двете изложби што неодамна се одржаа таму. Токму затоа сакаме таа да се отвори кон посетителите и авторите - вели Спасе Перовски, директор на Народниот музеј од Велес.

Според плановите за нејзина ревитализација, таму треба да престојуваат разни профили културни уметници, ликовни, драмски, музичари. Тие би твореле преку целата година, бидејќи има услови за изработка на ситна пластика, сликарски и графички дела или визуелна уметност. За реализација на овој културен проект стигнала и неопходната поддршка од локалната власт на општина Велес и од Министерството за култура.

- Градот располага со повеќе објекти кои засега немаат намена и се празни, тоа се однесува на куќите на Касапови и на Џинот, додека тие на Кочо Рацин и на Васил Главинов се со поставка и во нив се одржуваат разновидни настани, промоции на книги, литературни читања, изложби. Преку содржините што се планирани, Куќата на Касапови би се самоодржувала и ќе нема потреба од додатни финансии за неа - објаснува Перовски.

Колекционерот Тихомир Кондев, на Градот ќе му ја подари дел од својата богата збирка.

- За неколку месеци оваа куќа ќе биде дом на уметноста. Голем дел од мојата колекција ќе биде сместена во Куќата на Касапови. Мојот предлог од минатата година Општината го прифати, што е за поздравување. Оставам да формирате група што ќе селектира што сакате тука да изложите како трајна поставка - вели колекционерот Тихомир Кондев. Во неговата колекција има реномирани ликовни уметници од првата и средната генерација македонски сликари и скулптори како Личеноски, Кондовски, Велков, Мазев, Чемерски, Ташковски, Митриќески, Хаџи-Бошков, Дада, кои по некој месец ќе се најдат во куќата на Касапови и пред велешани. Таа е позната како „куќата што лебди“ бидејќи е изградена на камен и од камен, доминира над стариот дел на Велес, а од нејзиниот чардак има одличен поглед кон реката Вардар. Таа е типичен пример на старата велешка архитектура. Изградена е кон крајот на 19 век, со значајна внатрешна опременост, што говори дека сопственикот бил имотен. Посебно се впечатливо и раскошно обработени таваните, чија автентичност со реновирањето е зачувана. За нејзина обнова, од странските фондови Општината потроши 4 милиони денари. Во нејзина близина, во старото градско јадро, се куќите на преродбениците Главинов и Џинот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EF82B1BC618BEF4F8601A234E60F2D45
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 04-Dec-2009 at 19:31
Реновиран стариот дел од НУ НУБ СВ Климент Охридски
ЧЕТВРТОК, 03 ДЕКЕМВРИ 2009 17:54

Во Националната Установа Универзитетска Библиотека Св Климент Охридски се работеше на уредувањето на старите простории. За деталите не информираше директорот Науме Ѓоргиевски.



Овој реновиран дел ќе биде во функција на вљубениците во пишаниот збор.



Директорот не извести дека ова нема да биде последната активност во однос на уредувањето во НУБ Св Климент Охридски, и понатаму ќе се работи на подобрувањето на условите и удобностите за читателската публика.

Нашата посета ја искористивме и да дознаеме што најмногу се чита во библиотеката.


Неодамна библиотекарскиот фонд збогатен и со донација од Владата на Република Македонија.



И секако посетете го веб сајтот на библиотеката, читајте и ќе бидете наградувани.

Маја Мискарова


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15164&Itemid=107
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 04-Dec-2009 at 19:51


гитар, ај ако може локација и посочи ја на некоја слика ако ја има
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 04-Dec-2009 at 20:56
Па имам постирано повеќе вести за оваа работа ми се чини, скоро се догради трет кат. Еве инаку каде е:







Edited by гитардемон - 26-Jan-2010 at 23:12
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 18-Dec-2009 at 15:39

Кој ја загрозува зелената куќа во Црниче?


Две илјади луѓе на Интернет потпишале петиција да не се дозволи уривање на овој објект што личи на дворец, но ниту сопственикот, ниту општината Кисела Вода немале такви намери





За само неколку дена над 2.000 луѓе се придружиле на група на социјалната интернет-мрежа „Фејсбук“ што бара да не се дозволи општината Кисела Вода да ја урне зелената куќа во Црниче. Кај многумина тоа предизвика сомневање дека некој веќе има намера да го срамни со земја овој единствен објект во градот, кој предизвикува и воодушевување и страв кај сите минувачи. Сепак, такви најави нема ниту од општината ниту од сегашниот сопственик, а авторот на групата вели дека ја оформил „за секој случај“.

Познатата куќа во Црниче е изградена во 1933 година и е заштитена како споменик на културата. Од општината Кисела Вода велат дека тие не слушнале за иницијативата за заштита, но не им е јасно ниту зошто таа почнала.

- Не сме запознаени зошто се формираат групи за заштита на зелената куќа. Ние немаме никакви планови, ниту можности да ја уриваме. Таа е од една страна заштитена како споменик, а од друга приватна сопственост - рече општинскиот портпарол Марјан Спасевски.

Претходната општинска управа имаше намера да ја откупи куќата и да ја направи музеј, бидејќи таа со својот изглед би била одлична за таа намена, но не успеа да се договори со сопственикот Крсте Велјановски. Тој вели дека сé уште го поседува објектот, но засега нема никакви планови што ќе прави со него.

Петар Барлаковски, креаторот на групата, објаснува дека ја оформил „за секој случај“, бидејќи кога било на некој би можело да му текне да го урне овој незаменлив објект, иако засега не слушнал најави дека тоа ќе се случи. Тој живее на улицата Востаничка, во близината на објектот, и вели дека е еден од ретките соседи што би сакале зелената куќа да продолжи да стои на тоа место, бидејќи повеќето би го поддржале и дури би го поздравиле уривањето. Според него, причината за соседската нетрпеливост кон објектот биле не само приказните што кружат дека бил опседнат со духови, туку и тоа што е постојано пренатрупана со ѓубре, во и околу неа се собирале бездомници и наркозависници, а имало страв дека може да стане извор на зарази.

- Во последно време насекаде никнуваат нови згради и затоа помислив дека тоа би можело да се случи и овде, врз овој објект. Затоа мислев дека е добро да се направи група како еден вид поддршка, со која би му се укажало и на сопственикот дека објектот треба да се уреди, бидејќи изгледа страшно и однадвор, а камоли однатре. За жал времето сé повеќе го нагризува. Покривот веќе почнал сам да се урива, а и на подот има дупки - вели тој.

Според коментарите што се пишувани на Интернет, некои членови на групата навистина помислиле дека наскоро ќе има уривање, па дури се договарале да направат жив штит за да ги запрат багерите. Дел од нив порачал и Министерството за култура да вложи во обновата на објектот, односно наместо да поставува нови споменици да го заштити овој.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891041222&id=14&prilog=0&setIzdanie=21865
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 21-Dec-2009 at 15:37
Офицерски маршира во пропаст



Со честата смена на газдите згасна сјајот на Офицерскиот дом во Битола, градба од 1911 година, каде што се одржале многу балови и тука престојувале познати политичари како Тито, Демирел, шахистот Карпов и други

Се распаѓа Офицерскиот дом, најрепрезентативната градба на битолски Широк Сокак, каде што во минатото се одржувале прочуените битолски балови. Згасна сјајот на објектот што во последните десетина години смени повеќе газди. Од градба со архитектонски печат на оригиналност и неповторливост, стана објект со лик на напуштено стовариште. Пари се' уште лажи екстериерот со раскошни еркерни балкони, разновидно моделирани прозорци, пространи тераси, ако се замижи пред изронетиот малтер, искршените прозорци и влагата на ѕидовите. Богатата надворешност исчезнува кога ќе се отвори украсната врата, по која се постила грдотија со искорнати штекери, извадени радијатори, валкани ѕидови, набабрени подови.

- Некогаш оваа врата се отворала само за генерали и офицери. Сега, пред неколку недели слободно влеговме внатре. Ужас не' фати од глетката. Освен луксузниот лустер донесен од скопскиот Офицерски дом што беше урнат во земјотресот во 1963 година, ништо друго не зборува дека овде имало игранки, балови, концерти. Ова е срам за градот на културата - со револт раскажува еден од поголема група пензионери.

Импозантниот објект во 1911 година го изградил управникот на битолскиот вилает, Абдул Керим-паша. Претставувал синтеза на палата и тврдина, зашто планирал да му служи за свечени приеми, одмор, забава и за одбрана. Бил сврталиште на турската, српската, бугарската, југословенската и на македонската војска. Тука престојувале познати личности како Јосип Броз Тито, Сулејман Демирел, шахистот Анатолиј Карпов и многу други. Бил во сопственост на ЈНА, па на АРМ, на Министерството за култура, кое извесен период го имаше дадено под наем на приватник. Тој пред неколку години се откажа од инвестицијата, па го користеа странски актерски екипи. Најново е дека Министерството за култура сопственоста ја префрли врз Центарот за култура од Битола.

- Го презедовме пред еден месец со записник и направивме фотографии кои зборуваат дека е во катастрофална состојба. Поставивме физичко обезбедување за да не се доуништи. За жал, немаме средства да го реновираме, па ќе го вратиме на Министерството, тоа да одлучи кому ќе го даде - изјави директорката на центарот Љупка Пајевиќ Коларова.

Враќање на сопственоста бараат министерот за култура Зоран Коњановски, кој е битолчанец, и градоначалникот Владимир Талески.

- Ќе побарам враќање на сопственоста на Министерството за одбрана. Понатаму со градоначалникот или можеби со други министри ќе видиме каков проект најмногу му прилега. Жално е еден објект што носи дел од историјата на Битола, кој го краси Широк Сокак, да се наоѓа во таква состојба - изјави Коњановски.

Градоначалникот Талески вели дека не знае по кој пат потпишува и испраќа писма за Домот да и' се отстапи на Општината.

- Ако ни се даде, ќе го реконструираме, иако за тоа сега треба голема сума пари, зашто навистина е во катастрофална состојба и ентериерот и екстериерот и се' околу. Нема да го пренаменуваме. Тоа е зграда во која треба да се случуваат културни настани, промоции, можеби тука ќе се најде општинска соба за прием - вели Талески.

Во интерес на зачувување на објектот е административните постапки да бидат што покуси, за богатата историја и традиција да не остане зад затворени врати.

Жанета Здравковска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E0C9367182CC0548A3B293B6A22E91CA
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 29-Jan-2010 at 14:41
Реставрацијата на Широк Сокак ќе заврши годинава
Автор: Владимир Митоски     14:02 | 29 јануари 2010


Битола

Третата фаза од реставрацијата на улицата Маршал Тито во Битола , позната како Широк Сокак е во крајна фаза и ќе биде завршена  оваа година.

Ова во петок го соопштија од Заводот и Музеј на Битола под чија надлежност е проектот за реставрација, додавајќи дека на потегот од Камениот мост до Домот на Армијата останаа уште два објекти за реставрација.

"Завршена е реставрацијата на најголем дел од фасадите а минатата година конкуриравме на конкурсот на Министерството за култура на со уште два објекта.“,  рече Зоран Николовски директор на Завод и музеј- Битола.

Според директорот засега само е разговарано околу плановите за работа во 2010 г., додека финансиската конструкција се уште не е позната.

„Откако ќе се завршат сите административни работи со Управата за културно наследство од каде ја чекаме дозволата за работа, со конкретни активности ќе почнеме кон крајот на пролетта.“, додаде Николовски.

http://makfax.com.mk/_tools/article/98062/view
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5062
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 30-Jan-2010 at 00:34
Проектот реставрација на Широк Сокак, пред финиш
ПЕТОК, 29 ЈАНУАРИ 2010 17:29



Дозавршувањрто на третата фаза на Маршал Тито или битолски Широк Сокак, ќе се случи годинава.Од потегот на Камен мост до Домот на армијата, останале уште два објекти за реставрација.



„ Завршени се најголем дел од фасадите со реставрација и минатата година конкурирале на конкурсот на Министерството за култура на РМ со уште два објкети."- вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола.

Плановите за работа годинава, ги имале само во наративна форма додека финансиската конструкција сеуште не ја знаат, додека за работа ќе се фателе крајот на пролетта и почетокот на летото.



„ Откако ќе се завршат сите административни работи со Управата за културно наледство од каде ја чекаме дозволата за работа."- вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола.

Како треба да изгледаат фасадите е комплетна задача на битолскиот Завод и музеј. Автентичноста се утврдувала со сондаџното истаржување.

„ Како на металните делови на оградата, па малтерот на самата фасада така и на дрвото на дограмата."- вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола.



Битола е ризница на објекти кои се сведоци на минатото и се заштитени до Закон, но се хендикепирани, зошто не се на Широк Сокак, па ги уништува забот на времето.

„ Сме во фаза на валоризација на центаралоното градско подрачје." -вели Зоран Николовски директор на Завод и музеј Битола.



Според Николовски, политиката на Министерството е приоритетот на десет годишниот проект реставрација на Широк Сокак, но ги има во план и останатите куќи низ Битола, за што говорел фактот одобрената реставрација за куќата на Ленинова 39.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17275&Itemid=106

Значи ништо од некаква промена на фасадите на станбените згради како на втората слика погоре (да не ги наречам со фамозниот епитет „комунистички“). Во овај потег на корзото баш и нема стари згради. За разлика од Веро кој на местото на една стара грда стоковна куќа изгради нешто што одговара на стилот на Широк Сокак, овде надолу имаа рушено една ваква стара куќа за да изградат една одвратна, која одвај ја малтерисаа и нема ништо од фасада на неа. Тоа е.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 30-Jan-2010 at 02:43

Јас мислам дека во обзир треба да се земат и ојектите надвор од Широк сокак , прв чекор беше реставрацијата на Британската амбасада која започна пред 2-3 месеци , и не знам до кај се стасани . Се надевам дека тоа ќе служи како пример и за друѓите објекти кои се вон Широк сокак . Да се следи примерот од Западна и Централна Европа! Мора веќе еднаш да се донесе тој закон.



Edited by leonid23 - 30-Jan-2010 at 03:36
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 30-Jan-2010 at 03:59
Eве фотографии од Гдањск кој беше срамнет со земја во Втората Светска Војна
(90% од објектите биле уништени)
куќите што ги гледате се подигани од темел па направени како ништо да не им се случило , Ова се има пропуштено овде многу одамна , ама  никогаш не е доцна за да се следи овој пример .
 
После уништувањето во 1945 :
 
1.
2.
3.
4.
 
После реконструкцијата и реставрацијата :
 
1.
2.
3.
 4.
1649.jpg
Great Arsenal in Gdansk 1945

1914.jpg
Academy of Fine Art in Gdansk 1982

 
 
 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 01-Feb-2010 at 01:15

Турска помош за Саат-кулата

ТЕТОВО - Напролет ќе почне изградба на два културноисториски објекта, Саат- кулата, која била во средишниот дел на Тетово и Мостот на казазите на реката Пена кај Историскиот архив. Финансискиот дел за реализација на двата проекта ќе го покрие Министерството за култура на Турција, официјално потврди турскиот амбасадор, Хасан Хакан Окчал, по средбата со градоначалникот на Тетово, Сади Беџети. Застојот во изградбата на Саат-кулата бил поради утврдување на сопственоста на земјиштето во Тетово.

Саат-кулата била изградена во 15 век, а срушена во 1930 година со одлука на тогашните локални власти, наводно, поради урбанистичко обликување на Саат-маало во Тетово. Мостот на казазите, исто така, бил изграден за време на Турската Империја, а разрушен во 1979 година од големите поплави што го зафатија Тетово. Инаку, Турција учествуваше и во реставрација на некои објекти во комплексот Арабати-баба теќе. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=275C59A5CCFE5B4DB1AFA3ED475D1E42

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 06-Feb-2010 at 04:07
Најстариот конзулат е за хорор филм



Хорор филм може да се сними во зградата каде што бил сместен еден од најстарите конзулати во Битола. Се распаѓа објектот каде пред еден и пол век бил сместен британскиот конзулат. Некогашната грамадна куќа налик на дворец, каде што стапнал еден од првите конзули во Битола, Џон Аугуст Лонгворт, денес се потресува при секој чекор. Дупки како од топови ги пронижуваат таванот и ѕидовите од последниот кат на објектот, кој поради својата специфична градба и историското минато е објект под заштита!

Судејќи според надворешноста, заштитата е само на лист хартија зашто е еден од најлошо одржуваните државни објекти во градот. Изронет таван, искршени прозорци, опожарена фасада, ѕидови во распаѓање, испаднати олуци... Запрепастувачка глетка не' дочека и внатре на најгорниот, трет кат. Просториите, поради уништениот таван, гледаат во небото, а долу се наместени кофи кои ја собираат водата што не протекува, туку се лее кога паѓа дожд.

Станарите кираџии наместо да се гордеат со објект со толку славно минато, се срамат да кажат дека живеат тука. Затоа и ќе ги прескокнеме нивните имиња. Живеат на вториот кат, веднаш под оштетениот. Одговорноста за одржувањето не е нивна зашто објектот е во сопственост на државата, а индивидуални интервенции не се доволни оти е споменик на културата.

- Цела куќа пропаѓа, еден брут не сакаат да стават. Паѓа малтерот, кофи на сите страни ставаме. Најлошо е кога врне, морам да се качам горе, да ги поместувам кофите каде што тече. Побаравме помош од локалната самоуправа, ни рекоа немаат врска, да бараме во „сизот“. Од таму ништо нема. Ним им плаќаме кирија. Фасадата е целата уништена, од внатре ѕидот целиот е паднат, се' е хаос. Ова е стара куќа. Пред 40 години имаше една стара жителка на улицата и велеше дека била градена пред 150 години, значи сега има околу 200 години. Одевме и во Завод и музеј и ни рекоа да разговараме со службите во Скопје, а во Скопје им е галје за Битола - велат станарите.

Објектот во распаѓање претставува опасност и за минувачите иако е во центарот на градот спроти градската библиотека.

- Ова е фреквентна улица, луѓе минуваат едно чудо, паѓа малтер, може да повреди некој. По конзулското минато куќата ја купиле Грци во 20 век. Сопственик беше еден господин Бабатак, кој денес има 100 години, живее во Солун. Има издадено монографија за Битола и уште плаче за куќата, која во социјализмот беше национализирана - велат соседите.

Од Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор признаваат дека не се преземени активности за заштита и обнова на објектот, но велат дека не можат да ги преселат станарите.

- Опасно е за минувачите и за станарите. Станарите таму се носители на станарско право. Два стана ќе му дадеме само да се направи објектот или ќе плаќаме кирија на друго место додека не се обнови, па ќе ги вратиме назад. Ги замоливме да ја прифатат нашата понуда два-три пати, но одбија, пак ќе се обидеме - изјави директорот Иван Јолевски.

Од битолскиот Завод и музеј, признаваат дека се работи за објект под заштита, но недостигаат средства за обнова.

- Аплициравме до Министерството со проект за негова санација и на други објекти со специфична архитектура низ Битола, настрана од Широк сокак. Тоа се десет објекти и се бара по 10 илјади евра за објект. Ако се добијат средства, ќе се санираат - вели директорот Зоран Николовски.

Освен британскиот конзулат, во лоша состојба е и српскиот, на дваесетина метри погоре. Денес конзулатите се сместени на Широк сокак и во негова најблиската околина во репрезентативни објекти. Но, тоа не ја амнестира државата од грижата за старите конзулати, кои всушност ја сочинуваат историјата на конзулска Битола, велат граѓаните.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2A36215E9EEB2B4AB38347B54333AE22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 08-Feb-2010 at 17:44

Ќе се реконструира куќата на Миладиновци

Струга, 5. февруари (ИНПРЕС)

Во Струга наскоро ќе започне реконструкцијата на Спомен домот на Браќата Миладиновци.Со пари од Министерството за култура овој значен споменик на културата во кој живееле и твореле браќата по реновирањето ќе биде отворена за туристички посети, откако во изминативе години поради одредени недоразбирања куќата беше затворена за посетители.

Ова се случува во еден значаен период кога се одбележуваат 200 години од раѓањето на Миладиновци вели директорот на струшкиот Музеј Сашо Цветковски.

-Со реафирмација на овој спомен дом кој сега ќе подлежи на една реконструкција и санација ќе се отвори можност за перманентно чествување на животот и делото на браќата.Со самото отварање и пристапност на домот ние овде ќе овозможиме сите да доаѓаат и да се запознаваат со нивното дело- објаснува Цветковски.

Реконструкцијата која е во надлежност на Завод и музеј Охрид се очекува да заврши до почетокот на летото.

-Тие до лето ќе ни ја предадат, бидејќи во тој период ќе се одржат и Струшките вечери на поезијата, нашиот научен собир кој сакаме да го организираме имаме во план овде да го организираме.

Тука од другата страна е Галеријата Коџоман, Струшката куќа.Сакаме овде да се формира едно културно јадро во овој стар дел на Струга каде што постојано ќе се случуваат културни настани.

Ние и до сега имаме реакции од туристичките агенции и водичи бидејќи досега зградата не беше за јавноста затворена.Ќе го примениме сега тоа- додава Цветковски.

Во чест на браќата Миладиновци во фаза на печатење е монографија за нив која освен на макеоднски, ќе биде преведена и на англиски јазик.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=52706B6CF313B2479FB7DAED2EEB32B5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 08-Feb-2010 at 19:02
Реконструирана пешачката улица "Тоше Проески" во Крушево...


МИА-фото









www.krusevo.gov.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 08-Feb-2010 at 19:08
Замерка за поставената плоча на сред пат. Еднаш веќе ја напраивме истат грешка со плочтата на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје. А овдека и дополнително безбедноста е загрозена, навечер темница може некој и да се сопне од тие синџирите и да се набоде на тие шпичовите од ковано железо. Ова е стапица на сред пешачка патека. Многу покултурно ќе беше доколку од страна покрај патекава се поставеше некоја вертикална плоча или нешто слично одколку што вака се загрозува безбедноста.

Инаку оподдржка за реконструкцијата, треба да се оддржаваат и овие улици како и сите други. Добро што го поставиле ова гелендерот по средина на улицата. Верувам дека ќе им биде многу од помош на постари лица, а и ќе служи за раздвојување на пешачкиот сообраќај по правци па вероватно на празници во гужви нема да има буткање.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12288
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 08-Feb-2010 at 19:12


Се слагам, не и е местото таму на плочата. Еве и снег да падне, дур се исчисти некој може да изгине таму. А и без тоа не треба таму да биде.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.293 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.