build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Реставрациja / Реконструкциja
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 27-Nov-2014 at 19:42
Убав чекор бидејќи во целиот овој простор се до Битола буквално ништо не се случува.цел народ се исели кој во Битола,кој на друго место.Никаква инвестиција немало 20 години и повеќе.



бад д веј, ``Огон замалку го изгори Брезово``,како во песните.

Пред 14 години брезовчани кои се познати како произведувачи на вар,при невнимателност при палењето на варниците,предизвикаа пожар на отворен простор и изгореа 1600 ха пасишта и 100 ха букова шума.

Верувале или не тој пожар се ширеше со брзина од 4 м/с и замалку самиот ќе погинев откако до мене се сруши голема бука од силниот ветер што го предизвика топлината од пожарот.тамам се тргнав од местото,за 3-4 секунди на тоа место падна буката.а нивната среќа беше што ветерот се насочи на север кон Кичево,а ако тргнеше кон југ,денес ќе немаше што да се реконструира
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 27-Nov-2014 at 21:57
Ѓоко интересен муабет. Браво.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 02-Dec-2014 at 01:17
Обновена Спомен куќата на Страшо Пинџур во Ваташа

Со ова се овозможи зачувување на автентичниот изглед на куќата на народниот херој Страшо Пинџур, која е еден од најпосетените историски споменици во општина Кавадарци. Со тоа објектот е целосно достапен за посетителите кои ќе имаат можност да се запознаат со делото на еден од најистакнатите македонски револуционери од времето на НОБ.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети реновираната и обновена Спомен куќа на народниот херој Страшо Пинџур во кавадаречкото село Ваташа, проект реализиран од Музејот од Кавадарци.

- Заедно со локалната самоуправа издвоивме средства да се реновира и реставрира спомен куќата на Страшо Пинџур, која што е заштитена со закон како споменик на културата. Целта беше да се задржи автентичниот изглед на самата куќа, така да целосната реставрација и реновирање имаше неколку делови. Тоа е целосно обновување на кровната констукција, фасадата партерното уредување, поставување на ограда. Исто така, преуредување на самата поставка во спомен куќата со надополнување со нови 40 фотографии, изјави министерката Канческа-Милевска.

Еден од приоритетите на Министерството за култура, нагласи таа, е токму локалниот културен развој.

- Независно дали станува збор за национална или локална институција од областа на културата се трудиме да дадиме поддршка. Сепак, Кавадарци е историски град со многу значајни личности кои оставиле белег во историскиот развојот на градот, рече Министерката.

Задоволство од реконструкцијата на Спомен куќата изрази и директорот на Музеј галеријата, Патре Камчевски.

- Најпрво беше сменета комплетната покривна конструкција на музејот и помошната просторија. Беше извршена и обнова и дополнување со нови документи на постојаната поставка во самата музеј-куќа со нови четириесетина документи, а на постојните им беше продолжен векот на траење. Беше извршена хидрозаштита на објектот а заштитени беа и сите дрвени столбови и греди кои го карактеризираат македонскиот стил на градба на куќи, соопшти Камчевски.

По иницијатива на Музеј-галеријата, а со финансиска поддршка на Министерството за култура и Локалната самоуправа, под стручен надзор на стручните екипи на Националниот конзеравторски центар Скопје, беше извршена реставрацијата и реновирањето на Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур во селото Ваташа.

Согласно проектот изготвен од архитектот Гордана Белевска-Мустафа, зачуван е автентичниот изглед на куќата на овој значаен културно – историски споменик. За таа цел извршена е замена на целата покривна конструкција на куќата и на помошните простории, поставена е вертикална хидроизолација покрај темелите, малтерисани се сите ѕидови, а поставена е и метална ограда на јужната страна на дворот. Реновирањето опфати и промена на старите оштетени врати и фарбање на фасадата, како и целосно партерно уредување.

Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур е споменик на културата заштитена со закон. Прв пат таа е адаптирана во музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно реновирана и по повод празникот „7 Септември“, денот на ослободувањето на Кавадарци свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј во која е сместена и историска поставка за животот и делото на еден од великаните на македонското револуционерно движење, Страшо Пинџур.







http://cooltura.mk/arhitektura/obnovena-spomen-kukjata-na-strasho-pindzhur-vo-vatasha
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 21-Feb-2015 at 09:27
До крајот на годинава ќе заврши санацијата на Спомен – костурницата во Велес

До крајот на 2015 година целосно ќе биде реализиран проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко, предвиден со програмата на Министерството за култура. Националниот конзерваторски центар во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен – обележје кое е симбол на Велес.



* Извор на фотографии: Министерство за култура

Беа изведени и превентивни активности за елиминирање на прокиснувањето, кое како проблем се провлекува долги години. Исто така, извршено е интервентно санирање на екстериерот, промена на оштетените делови и поставување на нов плеклиглас, соопштуваат од Министерството за култура. Спомен – костурницата во Велес е еден од најголемите споменични комплекси во Македонија, изграден во периодот 1979/1981 година во чест на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од овој регион. Во 1981 година објектот е ставен под заштита како споменик на културата од прва категорија.



Автори на скулптурно – архитектонското решение се Љубомир Денковиќ и Саво Суботин, а современиот македонски сликар Петар Мазев е автор на импозантните мозаични композиции кои се наоѓааат во внатрешноста на објектот.

http://www.build.mk/?p=43197
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 04-Mar-2015 at 19:32
Реставрација на фасади на пет објекти од старото градско јадро во Велес



Фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес годинава ќе бидат реставрирани со поддршка од Министерството за култура.

Станува збор за објекти кои се наоѓаат на улицата „Јован Алабаков“ и кои се дел од автентичната споменична целина со традиционални белези на велешката архитектура на 19 век.

Министерството за култура денеска соопшти дека проектот за заштита на фасадите на петте куќи е изработен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар-Скопје која е надлежна за заштита на културното наследство. Реставрацијата на објектите треба да заврши до крајот на годинава.

Конзервацијата и реставрацијата на објектите во Велес е дел од проектот на Владата за санација на фасадите од амбиенталната стророградска архитектура што се реализира четврта година по ред. Во рамки на проектот досега е извршена санација и реставрација на 16 фасади на објекти и тоа 15 посебни зданија во урбаните средини на Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.

http://www.porta3.mk/restavracija-na-fasadi-na-pet-objekti-od-staroto-gradsko-jadro-vo-veles-2/
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 31-May-2015 at 14:42
Битола - Се возобновува архитектонскиот бисер „Хајдар кади џамија“
Покрај оваа џамија, во финална фаза е реставрацијата и на „Исак џамија“

Video: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=94411#.VWsPO89Viko
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 03-Jun-2015 at 03:54
ФОТО: Погледнете како изгледа навечер реконструираната Исак џамија во Битола









Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 03-Jun-2015 at 10:45
otsekogas sum poddrzuval avtenticni rekonstrukcii i griza za vistinskite istoriski spomenici, daj boze namesto gluposti da gi zastituvaa niv
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 07-Jun-2015 at 03:24
Bitola



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 13-Jun-2015 at 16:59
Почна реконструкцијата на Куќата на Татарчеви во Ресен
13 jуни 2015

Премиерот Никола Груевски во придружба на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски денеска го означија почетокот на реконструкцијата на споменикот Куќа на Татарчеви, како културно наследство на Република Македонија.

(на линкот има слика до каде е стигната реконструкцијата)
http://mia.mk/File/Get/132682134

На свеченоста во Ресен, премиерот Груевски истакна дека како народ и како држава имаме уникатна и богата историја исполнета со мноштво настани и исклучителни личности кои со своите дела, со својата визија и личен капацитет, оставиле траен белег во историјата на нашата држава.

– Денес сме тука во Ресен да ја одбележиме обновата на куќата на великанот на Македонската револуционерна организација, еден од водачите на македонската интелигенција, еден од носителите на девизата за автономна Македонија, првиот претседател на Македонската револуционерна организација, доктор Христо Татарчев. Стоејќи на местото на кое се наоѓала куќата на Татарчеви, оддаваме почит и се поклонуваме пред неговото дело кое претставува наше трајно културно, историско и духовно богатство. Богатство со кое сите ние треба да се гордееме затоа што за таква личност каква што бил доктор Христо Татарчев, не постои држава на светот што не би била горда, нагласи премиерот Груевски.

Во своето обраќање до присутните гости, претседателот на македонската Влада потсети на животниот пат на Татарчев, основањето на Македонската револуционерна организација што го направил заедно со Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Андон Димитров и Христо Батанџиев во 1893 година, во која се вклучиле и Гоце Делчев, Пере Тошев, Христо Матов, Ѓорче Петров и други во кои тлеела идејата за автономна Македонија.

– Сите ние сме свесни дека за делата и жртвата на великаните на Македонската револуционерна организација никогаш не постоела, ниту ќе постои соодветна благодарност што како генерација можеме да ја изразиме. Но, истовремено сме свесни дека како нивни потомци имаме обврска да ја пренесеме таа значајна историја на нашите идни поколенија. Куќата на Татарчеви ќе биде уште едно сведоштво за тоа како се сака сопствената земја и ќе остане како потсетник, како аманет за сите идни генерации да ја продолжат борбата за просперитетна, напредна и економски силна Македонија, порача Груевски.

Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, изградбата на музејот на Татарчеви претставува враќање на една голема личност од македонската историја во топлината на нејзиното изгубено огниште.

– Во куќата на Татарчеви ќе бидат изложени голем број на документи, научно верификувани факти и аргументи кои говорат за историјата на ова ресенско семејство, за големата жртва и придонесот на Татарчев кој својот животен век и го посветил на својата визија за обединета и демократска Македонија. Куќата ќе биде изградена на површина од 280 квадратни метри, со автентичен изглед на фасадата, на куќа со фолклорна архитектура типична за 19 век. Експонатите во музејската поставка хронолошки ќе илустрираат три значајни периоди – предилинденскиот период, активностите на Татарчев во Илинденското востание и периодот по 1903 година до неговата смрт во 1952 година, појасни министерката Канческа Милевска.

Реконструкцијата на недвижно културно наследство, споменик Куќа на Татарчеви во Ресен ќе придонесе за развојот на културниот туризам, и исто така ќе претставува и основа за соработка на културен план со сите општини од регионот, рече меѓу другото градоначалникот Ѓоко Стрезовски.

http://denesen.mk/web/?p=350173
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 13-Jun-2015 at 17:12


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 26-Dec-2015 at 18:59
Проект за реставрација на стумичката стара чаршија

Старата струмичка чаршија повторно ќе биде како некогаш. На предлог од министерството за култура завод и музеј Струмица започна со изработка на проект за обнова на фасадите на објектите од староградската архитектура во чаршијата. Согласно планот проектот треба да биде готов до крајот на оваа, а веќе следната година ќе започне и неговата реализација, односно обновата на фасадите на првите два објекти кои се наоѓаат од западната страна на чаршијата.

,, Проектот го работи стручен тим на завод и музеј Струмица, во тек е на изработка и таму ќе бидат опфатени исто така двете фасади од двата објекта со замена на столарија, со вкопување на кабли, со отстранување на непотребни реклами, со вклопување на клима уредите, значи се за возобновување и за колоритно решение на фасадите. Се надевам дека нема да останеме само на овие два објекта. Став на министерството е да се продолжи со сите фасади од куќите на старата чаршија со што ќе се возобнови и ќе се врати поранешниот лик на чаршијата и ќе биде еден дел кој што ќе биде за почит.,, вели Славица Тасева – архитект во Завод и музеј Струмица

Струмичкиот завод и музеј проектот за обнова на фасадите во старата чаршија ќе го реализира во рамки на програмата за финансирање на проекти од национален интерес во културата и во согласност со акциониот план на владата за санација на фасади од староградска архитектура. Како дел од оваа програма веќе привршува обновата на фасадата на објектот во кој е сместен архивот на Струмица и дел од музејската поставка.

sitel.com.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 17-Jan-2016 at 16:42
Во Вевчани ќе се реставрираат старите традиционални куќи

Старите автентични куќи во Вевчани ќе се ревитализираат и заштитат. Објектите кои го отсликуваат минатото на овој крај познат по богатата и долга традиција ќе бидат во функција на туризмот.

Старите градби оставени на забот на времето претствуваат огромен интерес кај многубројните посетители.

Заштитени со закон куќите ќе добијат својство на споменично заштитено богатство.

Во Вевчани во тек е реконструкција и израдба на нови улици,според градоначалникот Угриноски дел од нив се прават со камени плочи за да ја задржат автентичноста.

Општината работи и на изработка на проект за изградба на модерен плоштад кој треба да биде на три нивоа и да го реши проблемот со паркингот, обиколница како и продолжување на кејот до изворите.

sitel.com.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 15-Feb-2016 at 14:00
Привршуваат работите за заштита на црквата „Св.Илија“ во Стар Дојран
Наскоро целосно ќе се реализира проектот поткрепен од Министерството за култура за непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век.

Од Министерството за култура соопштија дека реализацијата на проектот се одвивала во неколку фази. Во првата фаза била направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што целосно е оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходело археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури.

Втората фаза била реализирана во 2013 година и подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, додека во 2014 година се одвивале реставраторско-санациските работи на внатрешните ѕидови од објектот, оформувањето на отворите за прозорци и врати, како и финалните работи на подот и на скалишниот простор од нартексот.

Во 2015 година било извршено малтерисување на внатрешноста на црквата. Исто така, завршила и тендерската постапка, по што бил избран најповолен изведувач, кој ја започнал реализацијата на предвидените активности.

Реализацијата на проектот, кој се однесува на непосредната заштита на црквата „Св. Илија“, планирано е целосно да заврши оваа година, во спомен на стогодишнината од бомбардирањето на објектот во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставен надвор од употреба. Неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба, стои во соопштението.
http://netpress.com.mk/208882-2/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 19-Feb-2016 at 22:47
Реконструкција на Хавзипашините конаци најавена за догодина.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=42790AEFCF788A498D9FB3DA5BB0ED43
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 19-Feb-2016 at 22:57
Слики од конаците. Можно е да објавам уште неколку деновиве






Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 19-Feb-2016 at 23:38

Супер фотографии старо Скопје би било супер ако некој може да прикачи каква е моменталната ситуација таму.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 19-Feb-2016 at 23:52
Единствена фотографија на статијата за Хавзипашини конаци на Википедија, ние е оваа, ни беа во план да ги посетиме за подобро фотографирање, па така со ова, причина плус да забрзаме.

Фотографијата е од 2011 г.



Edited by ehrlich - 19-Feb-2016 at 23:53
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 20-Feb-2016 at 00:14
UF znaci losa e sostojbata i od toa malku sto moze da se vidi.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 20-Feb-2016 at 02:35
Капијава си е топ, туку останале ли барем два камења од самиот конак, од просториите за живеење?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.