build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 23-Feb-2016 at 13:42

Зголемена продукцијата на претстави во МОБ, најавена реконструкција на големата сала




Македонија | вторник, 23 февруари 2016, 1:33 PM


0
СПОДЕЛУВАЊА


Сподели на Facebook

Сподели на Twitter
    

mob_rekonstrukcija

Реновирање на големата сала на Македонската опера и балет најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која денеска ја посети оваа национална установа.

Изработен е проект со кој е предвидено реконструкција на подот и електричната инсталација, замена на сите (околу 850) седишта во гледалиштето и поставување лед-екрани за претставите. Во март ќе биде објавен тендер за избор на фирма-изведувач, а зафатот би се реализирал од јуни, кога во МОБ ќе нема изведби.

Министерството, исто така, ќе поддржи и промена на светлосната опрема во МОБ на што укажаа директорите на установата на денешната средба со Канческа-Милевска.

Мерките со кои треба да се подобрат условите за работа во МОБ почнаа со вградувањето на новиот систем за греење и ладење кој им ги заштедил трошоците за 50 отсто.

Канческа-Милевска е задоволна од тоа што на сите три сцени кои ги посети се работи интензивно и го пофали новиот менаџерски тим на МОБ, предводен од генералниот директор Игор Дурловски.

– Новиот тим на МОБ за кратко време ја зголеми продукцијата на претстави кои се видливи и резултатот е позитивен. Ако лани за цела тековна година имавме околу 60 претстави, сега, за неполни два месеца – во јануари и февруари, веќе имаме 30 претстави – оперски, балетски и претстави за деца. Во споредба со претходната година тоа е рапидно зголемување на продукцијата и публиката е побројно присутна, изјави Канческа-Милевска нагласувајќи дека Министерството за култура, покрај инфраструктурните проекти, ќе продолжи да ги поддржува и програмските содржини на МОБ.

Од овој месец МОБ има и ново лого кое е поставено на главниот влез. Генералниот директор Дурловски рече дека имаат и други новини.

– На функција сум околу сто дена. Веќе се чувствуваат промените кај нас, работната атмосфера е многу позитивна, колегите-уметници сакаат да работат на следните проекти, зголемена е продукцијата на претстави и е зголемен приходот од продажба на билети. Со тоа, можеме да си дозволиме и екстра продукции кои ќе ги финансираме од сопствени средства. Покрај ребрендирањето на логото, од март планираме сите наши каталози, програмчиња и маркетинг-материјали да бидат во ново руво и секоја година ќе имаме нов начин на презентација, рече Дурловски.

Во моментов се работат три нови продукции во Операта и две нови продукции и обнова во Балетот, за што информираа уметничките директори.

Сони Петровски, директор на Операта, рече дека новите опери ќе ги изведуваат и во градови низ Македонија. Се подготвуваат и за 44-тите Мајски оперски вечери.

– Оваа година публиката на Мајските оперски вечери може да очекува околу 15 претстави, од кои најголем дел ќе бидат за возрасни, но имаме и нова манифестација – создаваме бренд од типот мали мајски оперски вечери, претстави наменети за нашата најмлада публика, за деца од три до девет години и за поголеми деца. Подготвуваме специјална програма за нив, се надеваме дека и тие ќе станат наша редовна публика и некој ден ќе доаѓаат на претставите за возрасни, рече Петровски.

Олга Панго, уметнички директор на Балетот, рече дека за неполни два месеца е подигната продукцијата. – Има осум до десет претстави месечно заедно со претставите за деца за кои имаме голем интерес. Ги имаме „Огнени градини“, „Жизел“ – за која имаме доста продадени билети. Во април планираме премиера на „Црвената соба“, во ноември голема претстава за 25 години уметничка кариера на примабалерината Александра Мијалкова, обнова на „Снежана и седумте џуџиња“, гостување во Берлин во декември со „14 часа“, за која сме во преговори и за гостување на летниот фестивал во Котор, рече Панго.
http://rsm.mk/web/?p=106314
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 23-Feb-2016 at 19:56
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 24-Feb-2016 at 06:42
Рендери за главниот објект (мислам дека го нема сега). Има некакви објекти внатре во комплексот, но не знам дали се оригиналните.






Ѕидините се во главно запазени (еве како изгледало).



Приказната/историјата околу конаците ја има овде
http://www.vest.mk/?ItemID=4A8BEA6CBE7EDD45B79532E4D11483FF
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 25-Feb-2016 at 02:48

после толку долго време добиваме еден реставраторски проект на место... се надевам нема да забегаат и овде со разни додавки и лични потписи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 06-Mar-2016 at 19:04
Dobri ftografii od restavriranite konaci na manastirot ZRZE.

http://cooltura.mk/arhitektura/osveteni-vozobnovenite-konaci-na-manastirot-vo-zrze
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 13-Mar-2016 at 03:54
Интересен напис за реставрација на објекти во Шпанија

линк кон написот



Edited by makonix - 13-Mar-2016 at 03:55
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 15-Mar-2016 at 04:57

ова е одличен пример за тоа како треба да се реконструира/презервира делумно срушен објект


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 16-Mar-2016 at 19:06
Според кого е овој пример одличен, според тебе (ако е така, кажи според мене)? Написот почнува со негативен тон, а нуди и куп линкови за тоа како за многу други се смета за катастрофална реконструкција.

It has been damned as the world’s worst ever restoration, yet another national embarrassment to add to Spain’s inglorious track record of botched conservation projects. The quaintly crumbling ruins of the ninth-century Matrera castle in Cádiz province have been invaded by a white concrete hulk, the precious Moorish stone walls reduced to a thin rind of history, stuck on the front of a big blank box. It is one of the most extreme facadectomies of modern times.

Други написи за оваа реконструкција се претежно негативни
'What the hell have they done?' Spanish castle restoration mocked

Restoration disasters around the world: share your pictures and stories

Un desastre de “consolidación y restauración”: el castillo de Matrera en Villamartín (Cádiz)
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 454
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 16-Mar-2016 at 22:47
па нормално дека се работи за личен став, „според него“, бидејќи во реставрацијата не постои апсолутна вистина. Така и текстовите кои ги приточуваш се субјективни, лични ставови. Руина, рѓа (подразбирам секаков тип железен предмет), парче керамика, тоа се мртви предмети кои во современиот свет ништо не значат. Значењето им го дава нивната музеализација, секундарно вреднување, кое секогаш во помала или поголема мера е личен став на одговорниот. Во реставрацијата постојат разни правци, методи, мислења, но сите тие можат да се групираат во две категории: едната можеме да ја наречеме „презервациска“, другата „интервенционистичка“. Едната предпочита максимално задржување на оригиналот и што поголемо потенцирање на разликата меѓу современата интервенција и оригиналната состојба; другата поддржува што е можно „пореална“ реконструкција, поприфалтива за масата и фантазијата, и дозволува примена на високо инавазивни методи врз реконстурурианиот објект/артефакт.

Примерот погоре, според мене, е наклонет кон првата „школа“. И јас сум поддржувач на истата, што не значи дека сум апсолутно во право.
Едноставно, тоа е субјективна работа, но јас сум на ставот дека целосното реконстурирање (налик на самуилова тврд. во Ох.) на посочениов објект ќе го претвореше во современа „средновековна“ фантазија, која во последно време има потреба од прихранување следеќи ја популарноста на квази-средновековните серии кои во моментот се тешки блокбастери (Викинзи, Игра на тронови, итн.)

Ете на пример во светските медиуми за ова не се пишува толку многу, а се работи за тешко сквернавење и глумење на реставрација/конзервација, кога во стварност се работи за современо изградено ѕидче.

Edited by hcitrS - 16-Mar-2016 at 22:53
Back to Top
Калоян View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote Калоян Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 17-Mar-2016 at 14:48
Во оваа црква е погребан цар Михаил III Шишман Асен и има големо значење за нашата историја, жално што толку време се чека за реставрација на вакви важни објекти, и фреската Успение Богородично е ремек-дело и е изработена од истите мајстори кои фрескоживописувале во Богородица Перивлепта во Охрид, цел фрескоживопис е во јасниот стил на византиската династија Палеолози, убавина неземна е црквава.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 18-Mar-2016 at 21:12
Originally posted by CenterCityKid

Според кого е овој пример одличен, според тебе (ако е така, кажи според мене)? Написот почнува со негативен тон, а нуди и куп линкови за тоа како за многу други се смета за катастрофална реконструкција.

It has been damned as the world’s worst ever restoration, yet another national embarrassment to add to Spain’s inglorious track record of botched conservation projects. The quaintly crumbling ruins of the ninth-century Matrera castle in Cádiz province have been invaded by a white concrete hulk, the precious Moorish stone walls reduced to a thin rind of history, stuck on the front of a big blank box. It is one of the most extreme facadectomies of modern times.

Други написи за оваа реконструкција се претежно негативни
'What the hell have they done?' Spanish castle restoration mocked

Restoration disasters around the world: share your pictures and stories

Un desastre de “consolidación y restauración”: el castillo de Matrera en Villamartín (Cádiz)
освен она што го пишал член под тебе, имам да додадам дека историската вредност на одреден објект се губи доколку го доградиш, односно реконструираш во оригинална форма, затоа што технички, станува комплетно нов објект
постои и начин на да се догради објектот, но притоа мора да се познава контрурата на старите делови од објектот

ова што е направено велам дека е одлично, затоа што на објектот се става бела позадина и може многу полесно да се воочи самиот објект... на некој начин бетонската коцка во позадината е само бело платно на кое се оцртува објектот

или најблизок пример на овој начин на презентација, можеби се изложените штитови во новиот Археолошки музеј... најверојатно ова е музеификација


Edited by zabegan - 18-Mar-2016 at 21:17
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 19-Apr-2016 at 23:40
Замислете, во нашиве медиуми ни збор за ова:

Renovation of the Albanian Theater in Skopje is blocked, the company responsible for the works gone bust

Skopje, 5 March 2016

By Naser Pajaziti


The project for the renovation of the Albanian Theater in Skopje has started three years ago. The project was due to be completed within a few months, but it has entered its third year.

As a result of this, the actors of this theater are playing in the stages of the Comedy Theater in Skopje. The works for the renovation of the Albanian Theater have been blocked due to the fact that the Italian company “Lamine Moreda”, which had won the 12 million Euro bid for the renovation of the theater, went bust. The spokesperson of the Albanian Theater, Anita Latifi said that the Theater will be ready in seven months time and that the works will be carried out by another Italian company.

“We are expecting to sign a new contract with another construction company, which will complete the works in seven months”, said the spokesperson of the Albanian Theater, Anita Latifi.

The actors of this theater demand for the works to be completed as soon as possible in order to continue and perform in their theater.

- See more at: http://www.balkaneu.com/renovation-albanian-theater-skopje-blocked-company-responsible-works-bust/#sthash.U6JTdvuz.dpuf
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 03-May-2016 at 09:50
Една петтина од парите за Панорамското тркало ќе го спасат старото градско јадро на Охрид...

ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА СТАРИОТ ОХРИД, ПОТРЕБНИ СЕ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

За да се сочува старото градско јадро на Охрид, потребни се околу 3,5 милиони евра, се наведува во планот за интегрирана заштита врз основа на кој треба да се реставрираат автентичните староградски фасади. На вчерашната промоција на Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро беше потенцирано дека клучните проблеми со кои денес се соочува Охрид се несоодветните интервенции врз куќите, надградбите, дивоградбите, клима-уредите и сончевите колектори кои ги нарушуваат амбиенталната вредност и панорамата на стариот град.

„Несоодветно покривање со лимени покриви, баџи, потпокриви, сончевите колектори кои може да се решат на друг соодветен начин, клима-уредите и други сателитски антени ги нарушуваат изгледот и панорамата на градот, особено гледано од страна на езерото“, рече Горан Патчев од Заводот и музеј во Охрид.

Стратегијата за интегрирана заштита на стариот Охрид е изработена според искуствата на Каен, Нормандија, град под заштита на УНЕСКО.

„Треба да се информира локалното население и да се направи се' што може за да си го сака своето културно наследство и да сфати дека постојат и правила што треба да се почитуваат“, рече Катрин Жубељ, архитектка од Секторот за урбанизам во Каен.

http://utrinski.mk/?ItemID=679215491298884D8BF64D63F176CDD9
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 03-May-2016 at 10:29
И во тамари пресметај го, биди хардкор
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 03-May-2016 at 10:48
Не е тоа хардкор, тоа е нормално. Фактот што е хардкор за некои луѓе доволно зборува за нив. Поздрав.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 21-Jul-2016 at 09:09
Фотографијава е од 29 јуни и е преземена од твитер

За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 21-Jul-2016 at 16:53
Imagine how amazing that monument would look if it was covered in titanium

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 24-Jul-2016 at 21:34



why not an new replica on some of the Skopje hills

maybe as hot-air balloon
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 454
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 27-Jul-2016 at 13:26
Од порталот build.mk:

"" Музејот на Робевци со овие зафати ќе добие три целосни комплексни поставки ... Во изминатиот период беше обновен екстериерот на објектот, при што беше извршена комплетна санација на фасадата, беше променета целата надворешна столарија и беше реконструирана покривната конструкција ""

wtf? кога се случи ова?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 28-Jul-2016 at 23:25

одамна е освежен објектот, ништо не е променето во изгледот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.