build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Прилепски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Прилепски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Прилепски сообраќај (општо)
    Posted: 16-Jul-2009 at 02:25


напомена:местото каде што е маркирано автобуска станица се мисли на новата автобуска,а старата која што уште се користи е веднаш до катната гаража.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Jul-2009 at 12:11
Дали некоја од улиците каде што си ја вцртал границата на строгиот центар исто така би ја сместил во поважни сообраќајници?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Jul-2009 at 12:14
Ај сеа вака да поминеме еден Прилеп 101 курс

@ovaj stariot

Можеш ли да ни дадеш краток опис на овие главни сообраќајници од мапава? По колку ленти имаат, какви се вкрстувањата итн.... Ако можеш да ги излисташ (глеам не се повеќе од 5-6) со ваков опис би било супер.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Jul-2009 at 19:58
Прво за @Clover,ни една од улиците што сум ги вцртал(со црно) за строг центар не би можело да се вброи во важни сообраќајници.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jul-2009 at 00:40



Улиците обележани со здебелено плаво се со 4 ленти(по две во правец). пр.


Улиците обележани со зелено се со три ленти(две во еден правец,другата во друг)пр.


Другите се со две ленти(по една во правец)


Исклучок прават некои улици по населбите каде што може да се сретне улица со две ленти во правец,но обично се кратки и незначајни.

Вкрстувањата ни се Old SchoolSmile
Нема раскрсница во Прилеп каде што слободно без да одиш на семафор би свртил десно по посебна уличка,сега за сега нема ни потреба од такво нешто(мислам на густината на сообраќајот и гужвата)

напомена:и на улиците каде што има две ленти во правец се вози само во една,обично таа што е до тротоарот се користи за паркирање(некултураOhno)


Edited by ovaj_stariov - 25-Jul-2009 at 00:46
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Jul-2009 at 10:34
Кога го гледам Прилеп на гугл рт се наѕираат само нејасни и многу фрагментирани контури на некоја идна поефикасна сообраќајна мрежа. Штета што го немаме генералниот урбанистички план на градот, но мислам јасно е дека за дооформнување на мрежата ќе треба доста да се руши и реорганизира.

Добро е што велиш дека засега нема некоја голема гужва, па функционира и вака, но за во иднина секако треба да се мисли.


Инаку конкретно би те прашал дали има и кои се критични точки во моментов и што би сменил ти лично?

Јас иако сум возел неколку пати низ Прилеп, немам осет каква е ситуацијата... Од мапата што ја приложи во очи ми упадна дека улиците со поголем капацитет се испрекинати, па би те прашал дали има логика и услови да се оди на проширување на некој од сегментите што ги имам обележано со 1 и 3 на долнава слика, како би се дооформил прстенот, или барем сегментите 2 и 3?


Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Aug-2009 at 21:19
Убаво би било да се оформи еден прстен како што си го опишал ти,но би требало улиците да останат скоро без тротоар.

Мислам дека само во третата отсечка има најповолни услови да се направи нешто без голема штета за пешаците,на другите места многу тешко.

Инаку заборавив да кажам посебно во пазарни денови(среда и сабота) има голема искористеност на улиците покрај реката кои се едносмерни.


Edited by ovaj_stariov - 05-Aug-2009 at 21:21
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Aug-2009 at 17:13
Пуштена во употреба новата асфалтираната ул.„Егејска“
Новата улица е со површина од околу 4.500 матри квадратни, со должина од околу 600 метри за што Општина Прилеп издвои околу 50 илјади евра за нејзино асфалтирање.


две слики од улицата





Edited by ovaj_stariov - 19-Aug-2009 at 17:13
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Dec-2009 at 22:02
Асфалтирани улици во Прилеп

ПРИЛЕП - Жителите на Прилеп ќе можат да возат по две подновени сообраќајници, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Битолска“.

Според информациите од општината, улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ во населбата Точила е асфалтирана во должина од 200 метри и широчина од 3,5 метри. Улицата „Битолска“, која се наоѓа во населбата Корзо, е асфалтирана во должина од 370 метри и широчина од 3,5 метри. За оваа инвестиција од градската каса се одвоени 1,3 милиони денари.

И покрај овие зафати реакциите на граѓаните и натаму продолжуваат зашто градот е раскопан насекаде. Возачите се револтирани, а граѓаните се нервозни, бидејќи градежните активности траат со години.

Истовремено се заменуваат старите водоводни цевки со нови. Овој проект, за кој се избори претходната локална гарнитура, на Прилеп му донесе 9,2 милиони евра грант од германската банка КФВ. Проектот се реализира во неколку фази. Идната година треба да бидат пуштени во употреба новата зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и да заврши смената на дел од водоводната мрежа во градот со нови еколошки цевки. (Мн.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=65ED9FA5E660114E90A80F11CA226251
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Aug-2010 at 12:45
Ја постирам веста и тука заради новото сообраќајно решение.
Еве и координати на раскрсницата:
41°20'52.06"N
21°33'23.19"E

Споменичен комплекс "Карпалак" - симбол на новото време               


Споменичен комплекс "Карпалак",, посветен на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, ќе никне во центарот на градот, кај крстосницата на улиците "Васко Карангелески", булеварот "Гоце Делчев" и улицата ,,Јоска Јорданоски,,.


Репрезентативниот меморијален објект ќе биде со десет столбови високи 15 метри кои ги симболизираат десетте животи на загинатите бранители. На врвот на споменикот ќе има топка (симбол на новиот век) со дијаметар од 3,5 метри изведена од челични прстени. Отворите на топката, обложени со бел плексигалас, ќе ја пропуштаат делумно светлината од рефлекторите поставени во неа. Челичната конструкција ќе биде премачкана со електростатска боја. Со својата форма и конструкција ќе претставува симбол на новото време. Платото околу споменикот односно средишниот остров од кружниот тек ќе има зеленило.
Според основниот проект, изработен од ЈП за ПУП, предвидено е да има и кружна фонтана со дијаметар од 5 метри и со десет млазници со воден столб висок до шест метри. Ѕидовите и дното на фонтаната ќе бидат украсени со мозаик од керамички плочки. Ќе има заштитен прстен околу фонтаната од гранитни плочки, а околу него прстен од трева. Третиот прстен треба да биде поплочен со гранитни коцки, а останатиот дел од островот затревен и заграден со бетонско ѕидче. Со партерното уредување предвидени се и десет полукружни клупи, осум кружни цветни градини и два паркинг плаца со 46 паркинг места. Постојните плочки треба да се искорнат, да се стави травертин и бекатон плочки. Исто така треба да се отстрани и постојната фонтана и жардињерите.Заради започнување на градежните работи за изградба на споменичното обележје Карпалак ќе биде пренасочен и сообраќајот на овие улици од недела па се додека завршат активностите.


http://kanalvizija.prilep.net/index.php?option=com_content&view=article&id=300:-qq-&catid=40:2010-07-16-07-33-54
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Aug-2010 at 20:16
Булевар Гоце Делчев


Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Nov-2010 at 19:37
Датум: 26.11.2010, 09:29

Се уредува кејот во Прилеп

Запуштениот дел од центарот во Прилеп ќе се уредува со отворање на уште една кејска улица, која ќе служи за растоварување на сообраќајот на улицата Андон Слабејко.

Поради тоа, локалните власти соопштуваат дека ќе се уриваат просториите на сервисните и на други времени деловни објекти.

- Ќе се пробива десната страна од речното корито од мостот кај автобуската станица до мостот „Димо Наредникот“. Тоа е значајна сообраќајница. Се продаваат 850 квадратни метри, поделени во пет плаца, на местото на објектите што ќе се уриваат. Атрактивните парцели, од 120 до 200 квадратни метри, се наменети за угостителско-трговски деловни простори. Ќе се наддава со почетна цена од 3.400 денари за квадратен метар - велат од локалната самоуправа.

Со овој зафат локалните власти го реализираат детаљниот урбанистички план во центарот. (Љ.М.)
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=52DAC0114A7A09458879EA7DBC093916
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Mar-2011 at 22:43
Ne znam dali niskava e bas soodvetna za vesta no ne znaev tocno kade.

Konecno i kaj nas dojde "pajak"!
Se nadevam deka vidno ke se podobri kulturata na parkiranje so ova.
Inaku tekstot dolu ne e bas standardna vest bidejki e prevzemen od od sajt so zabaven harakter.No pak za smetka na toa ubavo go dolovil prilepskiot sekojdnevie so negovite problemi.
od slikite se gleda deka voziloto e polovno kako sto bese i najaveno od loalnata samouprava


Пајак служба во Прилеп
09 Март 2011   


Се остврија најавите. И прилеп се стори со пајак служба.

Ние како главни порталори низ Прилеп ви подаваме ексклузивни фотографии од неговата прва акција низ булеварот.

Додека го гледав како ја качува првата кола, ми падна на памет едно клучно прашање за нашиот ратоборен фраерски менталитет.

Ќе ја прифатат ли прилпепските манги ( за чии тркала нема правила па се' испаркирани по булеварот како да се' на авто-пазар) оваа реална појава која ќе им пркоси на курназлакот?
Или ќе се' борат херојски до последна коњска сила за своето ауто, кое колку повеќе стои непрописно паркирано, толку повеќе им го повишува либидото?

Многумина ќе посегаат по фората "ќе свртам два-три телефони и има да те нема", но се надевам дека службениците ќе ги надминат тие фолови без да им трепне око и ќе воведат малку дисциплина во градското паркинг-родео...

Тука секое чудо е за три дена, секој ќе си легне на брашното и ќе сфатат дека тротоарите не се место каде се шармираат жени со правенје шлајфки, туку е место наменето за простосмртните пешаци кои сакаат да протегнат по некоја нога под ведро небо.

Имаме катна гаража, наскоро ќе имаме уште една, сега имаме и пајак служба... сите предуслови за ослободување на пешачките зони (тротоарите) се обезбедени.

Со пајакот напред - смрт за шлајфките, слобода за пешаците !






http://10bez10.com/vesti/1137-pajak-sluzhba-vo-prilep
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Mar-2011 at 22:48
ОС, знаеш од каде е набавено возилото?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Mar-2011 at 23:13
Ne znam nisto poveke,plus ne sum ni vo Prilep momentalno,vesta sosem sluacjno ja nacekav.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Mar-2011 at 02:50
Автобуската во Прилеп -дај Боже шо побрзо нова да средат ,овде е страшна гужва ако паркираат 3 автобуси наеднаш + дивите таксисти на улицата

Поглед од 'пероните'

И од катната гаража до неа

Инаку,споменикот на Карпалак е поставен,работниците нешто доправаа околу него ,во брзањето немам слики

Edited by Тркало - 28-Mar-2011 at 02:57
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Mar-2011 at 13:48
Тркало ова и не е така лоша автобуска, само треба да се средат пероните и малце надворешниот изглед на автобуската. За град со големината на Прилеп, а и општо за сите градови во Мкд, не треба којзнае какви автобуски. Штипската е добар пример како од обичен хангар може да се направи фина автобуска. Јас бев изненаден од тоа дека Љубљана буквално и да нема автобуска. Автобусите се паркирани ко на улица, има мала зграда во која вадиш билет или се одмараш и тоа е се. Само малце шминка и убаво ќе изгледа. И наравно можат асфалтот редовно да го средуваат, сепак се работи за мала површина.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Mar-2011 at 15:06
Има проект за нова автобуска станица во Прилеп, на нова локација близу до железничката станица:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=422


@ N23
Не знам дали си бил на автобуската во Прилеп  Big%20smile
Нема таква шминка која може да ја оправи. Пред се се работи за потполно пропаднат објект кој одамна требало да биде срушен. Всушност уште од дете ја памтам оваа автобуска дека била во ужасна состојба. Покрај поминатите 2+ децении од тогаш, сега со реорганизацијата на просторот во околината има и дополнителен просторен и сообраќаен проблем. Фала богу што има план и можности станицата да биде дислоцирана, само да не се одолговлекува понатаму.

За Љубљана не знам точно какви се околностите, но на Словенците секако можеме да се угледаме за многу други работи, не мора баш за тој конкретен пример. Добро вклопена и максимално функционална автобуска станица дефинитивно е потреба за град со големина на Прилеп. Таман работа да штедиме и да импровизираме за вакви работи, мислам дека во ова време на огромни трошоци за неприоритетни па и за неразумни проекти, заштеди треба да бараме таму, а не кај основната инфраструктура.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Mar-2011 at 16:18
Потполно имам исто мислење како Кловер за оваа станица,бесмислено е ова да се реновират.Дополнителен проблем е израдбата на катната гаража која одзеде голем дел од пероните на станицата (значи 5 перони накосо како на САС) ,а просторов шо остана сега тогаш беше само за локалните минибуси.
Преместување кај Железничката станица не е лоша идеја освен поголемото време за мотање низ одредени делови во Прилеп.

А Љубљанската АС е катастрофа,секој пат ко ќе ми продаваат приказни дека се било под конец во ЕУ и Словенија му го давам тој пример

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Mar-2011 at 21:48


Ново уредување по струмички тип за островот меѓу лентите на улица Димо Нареднико' во Прилеп.(Ова е пред семафорите на пресекот со Моша Пијаде).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.