build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Прилепски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Mar-2012 at 09:27
Прилеп ќе гради авенија

Изградба на авенија во должина од 2 километра од автопатот Градско - Скопје до влезот во Прилеп е предлог што на следната седница ќе се најде пред прилепскиот Совет на Општината. За таа цел е планирано Прилеп да земе кредит во износ од 500 илјади евра од Светската банка. Според проектот и предлогот од градоначалникот Марјан Ристески, предвидено е најпрвин сообраќајницата да биде изградена во должина од 800 метри, а подоцна комплетно 2.000 метри. Локалните власти сметаат дека ваквото сообраќајно решение ќе служи во следните 50 години, ќе го зголеми интересот за вложување во индустриските објекти и ќе го направи градот попривлечен за странски инвестиции.

Според инженерите, со градежниот зафат е предвиден двонасочен приод од бензинската пумпа на „Лукоил“, односно од крстосницата Градско - Прилеп - Битола.

- Улицата со авениски димензии ќе биде широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, а на средината ќе има зелен појас и осветление. Од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки. Работите на првата фаза меѓу пумпите на „Лукоил“ и „Макпетрол“ треба да почнат пролетва, а да завршат до септември. Градот ќе добие модерен изглед - вели Драге Звездакоски, раководител за финансии во локалната самоуправа.

Според него, кредитот е мошне поволен. Фискалниот капацитет на Општината овозможува без зголемување на давачките да се поднесе задолжувањето.

- Со 500 илјади евра ќе се изгради првата фаза, а втората, која ќе ја опфати улицата Моша Пијаде до раскрсницата кај конфекцијата „Солидност“ уште 1.200 метри, ќе се гради со општински пари. Граѓаните нема воопшто да бидат оптоварат со нови повисоки даноци. Финансиската проекција е во согласност со сегашната структура на даночната основа и буџетската каса - вели Ѕвездакоски.

Линијата од државниот проект за подобрување на општинските услови овозможува кредитот да се враќа десет години со три години грејс-период, односно седум години по две рати годишно со камата од 1,31 отсто.

- Една рата изнесува 38.641 евро, се плаќа во февруари, а другата во август, почнувајќи од 2015 година. Или за половина милион евра кредит, Прилеп ќе плати само нешто повеќе од 42 илјади евра камата, да добие модерно сообраќајно решение што е далеку поевтино од задолжување во комерцијалните банки, и тоа без дополнително оптоварување на буџетот - оценува Звездакоски.

Гарант за враќањето ќе биде Министерството за финансии, а Прилеп ќе се приклучи кон 29 општини кои досега го користеле овој тип кредит.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6FAC4926D623ED4B98060568C5A58CAD

i edna slika od mene so prva i vtora faza
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Mar-2012 at 18:51
Има доволно место секаде или негде има и за рушење?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 26-Mar-2012 at 23:58
Прилепчани, може слики од трасата?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-Mar-2012 at 13:57
Jas ne sum vo Prilep,taka da sliki ne bi mozel da obezbedam,ednistveno sto mozam da kazam deka za prvata faza ima dovolno prostor da se napravi so sredisno zelenilo kako sto e najaveno.

E veke za vtorata faza ne sum siguren,segasnata ulica ima dve velosipedski pateki posle koi vednas pocnuva drvoredot od dvete strani,za da ima sredisno zelenilo spored mene treba da se isecat drvata,sto bi bilo losa varijanta.
Osven ako za vtorata faza ne planiraat sredisno zelenilo i ulicata se prosiri samo so velosipedskite pateki so koe mislam deka pak bi mozelo da se dobie profil 2+2.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 27-Mar-2012 at 14:51
Sitel napraavil reportaza,ima i video na koe ubavo se gleda vo kakva katastroflna sostojba e segasniot vlez,a na krajot na videoto ja ima i samata ulica za vtorata faza.
Во Прилеп ќе се гради модерна авенија

Општина Прилеп ќе се задолжи кај Светската банка со кредит од 500 илјади евра, со кои средства за неколку месеци ќе започне изградбата на модерна авенија на влезот во градот од кон Плетвар.


Ова е прво задолжување на општината и нема да значи дополнително даночно оптоварување за прилепчани, ветуваат од Локаната самоуправа.

Според проекциите, проширувањето на делницата не предвидува експропријација на имотот, што значи градежните зафати ќе се однесуваат само на расположливото државно земјиште.

Градежниот проект за уредување на влезот во градот и двонасочната авенија ќе се одвива во две фази.

Инаку, Прилеп е една од 30 -те општини од земјава, кои го поседуваат потребниот финансиски капацитет за задолжување кај Светската банка. Гарант за враќање на кредитот е Министерството за финансии.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-prilep-ke-se-gradi-moderna-avenija
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
alienwords View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alienwords Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 04-Apr-2012 at 01:01
Еве дел од улицата што треба да биди авенија


Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-Apr-2012 at 17:25
Proektot kako celo ne e los,no treba nekoj da mu kazi deka po princip kruznite mozat da funkcioniraat i bez spomenici

Кружен тек со споменик кај хотел „Липа"     

Градежната офанзива предвидена за оваа година започнува со уште еден капитален проект на Локалната самоуправа. Булеварот "Гоце Делчев"добива модерен изглед, а продолжението на градежните работи во централното градско подрачје е со цел да се добие уште поурбан изглед на оваа крстосница. Делот кај судот кој се поврзува со населбата "Димо Наредникот".Булеварот ‘’Гоце Делчев" наскоро ќе добие уште поурбан изглед по теркот на Европските метрополи. Крстосница со кружен тек кој ќе го поврзува булеварот и улицата "Димо Наредникот"на површина од 3500 квадратни метри.


Инвестицијата во вредност од 9,5милиони денари е од Буџетот на општина Прилеп. Според зборовите на надлежните,реализацијата на овој проект треба да заврши за два месеци. Во следниот период се предвидени и други градежни активности во центарот на градов, а една од нив ќе биде и кај Здравствениот дом, поточно бензиската пумпа "Макпетрол".




http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1470&Itemid=1
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Aleksf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-May-2012
Location: Helsinki
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aleksf Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 31-May-2012 at 12:23
Vcera pominuvav niz Prilep, na pat za Krusevo. Ubavo e sto se gradi, no me iznenadi neprijatno, izgradbata na noviot kruzen tek kaj hotelot Lipa. Imeno gradeznicite postavile vertikalni i horizontalni barieri za obelezuvanje na iskopanite trotoari i edniot krak od ulicata e zatvoren, no nema nikakva regulacija na soobracajot. se pominuva po praviloto "snajdi se " ili "koj e posilen". Zgora na se nema nikakov znak "rabota na pat" barem na dvosmernata ulica od kade jas dogav za da te predupredi deka nesto se slucuva.
Sepak se raboti za edna od pogolemite gradski krstosnici i mislam deka lokalnata vlast trebalo da prevzemi nesto povece vo vrska so obelezuvanjeto na rabotite i da vospostavi nekakov privremen rezim na soobracaj, pred se zaradi bezbednosta i poradi toa sto poradi gradeznite raboti vidlivosta koga vrtis na levo kon Krusevo e ocajna. isto taka se vracavme docna pa uspeav da zabelezam deka nema ni trepkacki svetla koi bi go oznacuvale mestoto na rabota navecer.
Pred raskrsnicata kaj pozarniot dom ima nekakva dupka predpostavum ce se vrsi sanacija na gorniot kolovozen sloj, no horizontalnata bariera koja e postavena ne e reflektiracka i voopsto ne se gleda noce. Istata situacija e i na bulevarot Aleksandar Makedonski posle raskrsnicata koja vodi kon izlezot za Bitola, isto taka i tamu ima nekoe ostetuvanje na kolovozot koe e obelezano so nereflektiracka vertikalna bariera.
Gradskite tatkovci mozele malku povece da se potrudat pri nabavkata na znaci


Edited by Aleksf - 31-May-2012 at 12:24
Сите пчели да носеа мед, медот ќе беше бадијала
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Jun-2012 at 16:50
Еве до каде се со изградбата на кружниот тек кај Хотел Липа
01.

02.

03.

04.

05.

06.

07. Ова треба да биди нова улица која ќе оди покрај реката, само треба да се турнат старите бараки и да се асфалтира 41°20'31.96"N 21°33'1.72"E
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
alienwords View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alienwords Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Jun-2012 at 21:06
Новости за авенијата во Прилеп:

http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1579&Itemid=1

Потпишан договор за кредит од Светска банка Испечати
29.06.2012.
DSC_0100.JPG

Градоначалникот Марјан Ристески и министерот за финансии Зоран Ставревски денеска потпишаа договор за користење кредит од Светска банка за изградба на модерен и современ влез во градот. - Потпишувањето на договорот со министерот Ставревски е голем момент. По многу децении ќе се реши главен проблем - влезот во градот. Улицата Александар Македонски" ќе се реконструира со проект вреден 33 милиони денари. Тоа ќе биде модерен влез, со две ленти, со зелен појас, со модерно осветлување со штедливи светилки.

DSC_0106.JPG

Ќе има поголема безбедност за пешаците и велосипедистите ќе биде во должина од 790 метри, површина од 11.500 метри квадратни. Првата фаза од проектот е во висина од 33 милиони денари. По договорот се подготувува тендерот на кој ќе се избере изведувач. До Нова година ќе се реши првата фаза, по што ќе следи втората до првата крстосница  каде ќе има кружен тек. Градот ќе го реши влезот - рече градоначалникот Ристески. Според министерот за финансии Зоран Ставревски градоначалникот и Советот го поминале филтерот пред Светска банка. -Ќе продолжи да се разубавува градот. За општини што знаат што сакаат Владата обезбедува средства. Очекувам брза реализација на овој проект - рече Ставревски.




Edited by Cloverstack - 01-Jul-2012 at 22:23
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Aug-2012 at 13:22
Пуштен во употреба кружниот тек кај „Липа“

Во присуство на голем број граѓани беше означен завршетокот на градежните работи околу реконструкцијата на крстосницата со кружен тек во близина на хотелот „Липа“.
Со реализацијата на овој зафат Булеварот „Гоце Делчев“ доби современ изглед а воедно решението ќе го подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од центарот на Прилеп.
Ова е втор поголем градежен зафат од областа на локалната патна инфраструктура кој заедно со минатогодишниот кој е дел од комплексот „Карпалак“ ги поврзуваат двете најфреквентни крстосници во нашиот град.
Со цел да се олесни одвивањето на сообраќајот а воедно и да се модернизира протокот на моторни возила на двете локации е пристапено кон изградба на кружен тек на регулација на движњето .
Реконструкцијата на крстосницата со кружен тек е на површина од 4000 метри квадратни за што инвестирани се девет милиони денари. Во рамките на истиот градежен зафат последователно беше извршена и рехабилитација на 4000 метри квадратни на горниот слој од Булеварот „Гоце Делчев“ во должина од 350 метри за што се потрошени три милиони денари.
Во иднина кружно сообраќајот решение ќе биде оплеменето со споменик кој ќе биде поставен во чест на прилепските бранители.

http://prilep.gov.mk/news/mk/pushten-vo-upotreba-kruzniot-tek-kaj-lipa/

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.


Сликите се превземени од www.prilep.gov.mk
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Aleksf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-May-2012
Location: Helsinki
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aleksf Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 24-Sep-2012 at 11:29
Na forografijata pod reden broj 2 razdelniot triagolnik e oboen so crvena boja, toa e nesto novo , bidejci ne uspeav da go najdam vo nieden pravilnik ili pak oznacuva nesto? Vo skopje vidov so crveno gi bojat velosipedskite pateki
Сите пчели да носеа мед, медот ќе беше бадијала
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 24-Sep-2012 at 14:37
Пред некој ден баш поминав 3-4 пати на кружниов и некако не ми се бендиса, за разлика од КТ со споменикот Карпалак, некако помал, потесен.Како КТ во Охрид на Туристичка. Ама ајде кога веќе го поставиле барем средината да ја средат...
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Oct-2012 at 21:21
Многу добар потег

Започнаа градежните активности за нов Кружен тек
Започнаа градежните активности на Крстосницата со кружен тек на улиците „Марксова“ (Прилепски бранители) и Мице Козар, со кој прилепчани ќе добијат уште еден нов лик на овај дел во градот.
За реализација на овој инфраструктурен зафат со вкупна површина од 3.000 метри квадратни, Локалната самоуправа издвои 6.000.000 милиони денари.
Ваквите активности на Локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици и правење на нови кружни текови.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Бомба View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jun-2011
Location: DE
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Бомба Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Nov-2012 at 18:57
Почна првата фаза од изградбата на булеварот во Прилеп

На влезот од Прилеп, кај бензиската пумпа „Лук оил”, денеска почна првата фаза од изградбата на булеварот во должина од 800 метри. Станува збор за проект вреден 30 милиони денари, пари од кредитот од Светска банка за инфраструктурни зафати во општините што се реализира преку Министерството за финансии
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=10399
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Nov-2012 at 01:45


A знае ли некој какво ќе биде сообраќајното решение на поврзувањето со магистралниот пат?

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Nov-2012 at 10:58
Originally posted by ovaj_stariov

Многу добар потег

Започнаа градежните активности за нов Кружен тек
Започнаа градежните активности на Крстосницата со кружен тек на улиците „Марксова“ (Прилепски бранители) и Мице Козар, со кој прилепчани ќе добијат уште еден нов лик на овај дел во градот.
За реализација на овој инфраструктурен зафат со вкупна површина од 3.000 метри квадратни, Локалната самоуправа издвои 6.000.000 милиони денари.
Ваквите активности на Локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици и правење на нови кружни текови.


Една од најзафркнатите раскрсници во Прилеп Време беше за некаква реакција...
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 08-Nov-2012 at 13:35
.

Edited by ovaj_stariov - 08-Nov-2012 at 13:36
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 08-Nov-2012 at 13:36
Originally posted by Cloverstack

A знае ли некој какво ќе биде сообраќајното решение на поврзувањето со магистралниот пат?

Никаде не сретнав дека ќе има клучка што секако не е изненадување,кај нас секогаш се прават работите од кровот надолу.
Значи освен ако не сум пропуштил нешто спојувањето ќе биде како досега, при излезот од Прилеп ќе имаме едно опасно пресекување на магистралниот пат.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Nov-2012 at 23:54
Неколку слики од prilep.gov.mk за новиот кружен
Започнаа да се интензивираат градежните активности за нов Кружен тек

http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-da-se-intenziviraat-gradeznite-aktivnosti-za-nov-kruzen-tek/

Edited by ovaj_stariov - 15-Nov-2012 at 00:01
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.