build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Парк-шума Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-Dec-2015 at 11:26










Незнаев каде да ги поставам сликите па нека седат тука.Превземени се од Hrvoje Bulic пилот на WizzАir.
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 11-Dec-2015 at 23:14
Од овде многу убаво се гледа дека маглата не е само во Скопје, но на многу поширок регион...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 12-Dec-2015 at 02:53
многу луѓе испаничија дека ова е загадувањето... ова е обична магла, загадувањето само се крие некаде измеѓу густиот облак
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 12-Dec-2015 at 19:33
Така е, ова е само еден огромен облак на магла, кој ги имаше зафатено сите котлини на Македонија. Имено, многумина кои биле претходниот викенд на Шар Планина кажаа дека тоа и јасно и со свои очи го виделе. Воедно, во неделата кога бевме на велосипедска тура до Јасен (Исток), пат за Македонски Брод, видовме дека маглата држеше се до селото Нова Брезница и дури таму не просончи.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 12-Dec-2015 at 20:14
Pelagonija isto, maglata pushti pred 2-3 dena. Magla kje ima, chare nema, prirodna pojava. E sega problemot e sho istata vo pogolemite gradovi e prezasitena so razni chestichki koi izlegel od auspusite i odzacite.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 29-May-2016 at 14:34
Од facebook/Да го спасиме Водно

НОВ ЕКОЛОШКИ ЗЛОСТОР НА ВОДНО !

Еве што ми пиша еден пријател кој често шета по Водно:

Deneska odejci prema Sredno Vodno naidov na nov ekoloski zlostor prema zastiteniot prostor Park-suma Vodno.Vo delot nad Detska bolnica Kozle,nekade na polovina pat od patekata prema Sredno Vodno,desno od dvete ubavi livadi so detelina,nekoj so mehanizacija probiva sumski pat od pravec na Spansko selo,doadja do edno golemo plato sto bese so mlada borova suma,sega zbrisano do zemja,a potoa patot od toa plato vodi prema spomenata pateka i izleguva odma karsi zelenata livada i tablata na Pakom "Spasi drvo".Dodeka bev tamu se slusase motorna pila od pravec na Spansko selo.
Od razgovor so drugi rekreativci sto odea nagore vidov deka ovoj pat sto se uklucuva na postojnata pateka kaj livadite e napraven vo najskoro vreme bidejci nikoj do sega ne go videl,niti pak znae sto se slucuva.Nekoi mislea deka toa go pravi gradot(!),nekoi mislea deka toa e mozebi za zicarata sto treba da odi od Detska bolnica do postojnata stanica na Sredno Vodno.
Spored kazuvanja na nekoi od lugjevo sto gi sretnav, se raboti za privatna rabota na Tome Nenovski,poranesen vice-guverner na NBRM,koj tamu kupil nekoe lozje i sega saka da gradi nesto.Napraven e uvid i zapisnik,opomenati se prekinat so rabota vo sumskiot pojas,no "investitorot" si tera po svoe.
Za ova itno treba da reagiraat ekolozite i nadleznite sluzbi i da sprecat ova diveenje so ogled na toa deka se raboti zastiten del od Park suma Vodno i toa daleku nad poslednite kuci.
Koj ce ja primi ovaa poraka neka ja prosiri po fejsbuk za da ja animira javnosta zosto ocigledno e deka ovoj "investitor"ima podrska od politicki mocnici vo gradot.
Eve gi slikite po red:



Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 03-Jul-2016 at 11:48


конечно разрешница  за самоволното пробивање пат на Водно

каков маркетинг спин би било ова ако и отвори типот музеј на Баба Ваѓа во то лозјето 

15.06.2016 - ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА ВО ПАРК-ШУМАТА „ВОДНО“
Поднесена е кривична пријава против физичко лице.

[Вештаците од Бирото за судски вештачења, кои по барање на Градот Скопје и на „Паркови и зеленило“ го испитуваа случајот со сечење шума на Водно, констатирале дека се вршени незаконски активности во заштитеното подрачје. 

Близу 14.000 евра изнесува штетата направена во парк-шумата „Водно“ каде што во мај беа исечени поголем број дрвја и грмушки поради пробивање пат до приватна парцела со лозје. Вештаците од Бирото за судски вештачења, кои по барање на Градот Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ го испитуваа случајот со сечење шума на Водно, констатирале дека при крајот на мај годинава во парк-шумата биле вршени активности во заштитеното подрачје кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја и притоа била направена вкупна штета во висина од 853.200 денари. Откако ја утврдиле штетата, вештаците изготвиле стручно мислење. Против физичкото лице кое ја предизвикало штетата, поднесена е пријава до МВР.

„Град Скопје и ЈП ’Паркови и зеленило‘ ја информираат јавноста дека за настанатите штети во парк-шумата ’Водно‘, во местото викано Рупи, на крајот од месец мај, побараа од Бирото за судски вештачења да ги утврди околностите и висината на штетата којашто е настаната. Од вештаците на теренот е утврдена следнава фактичка состојба: во парк-шумата се вршени градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина. Со извршените земјени работи, зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење, односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со Законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје“, се вели во соопштението од Градот.



Вештаците констатирале дека се уништени стебла од црн бор и од разни листопадни дрвја, како и од природен подмладок од црн бор со старост над 3 години. Штетата на црниот бор е во висина од 403.200 денари, на листопадните дрвја 90.000, а на природниот подмладок од црн бор 360.000 денари.

„Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума (Сл. весник на РМ број 75/2010 год.) вкупно проценетата штета предизвикана со активностите во парк- шумата ’Водно‘, според стручното вештачење, изнесува 853.200 денари“, се вели во соопштението.

Против кого е поднесена пријава, засега останува непознато. Од Градот велат дека поради презумпцијата на невиност не можат да кажат кој е човекот што ги вршел незаконските дејствија на Водно. Додаваат дека нивните ингеренции околу случајот завршуваат тука, а натаму презема МВР. Градот и „Паркови“ го пријавиле случајот, штетата е утврдена и сега полицијата треба да истражува дали и кој се' е вмешан, кој сечел, кој издал дозвола за сечење...

„Не би сакал да го соопштам името на физичкото лице, бидејќи сите информации ќе ги соопшти Градот. Дали во понатамошната постапка ќе биде преземено нешто против Општина Карпош, која издала одобрение за градежни активности, не би можел да знам, бидејќи нашите ингеренции завршуваат тука. Доколку најдеме сторител во недозволени активности во шумски појас, наша задача е да направиме записник, усно да го опоменеме и случајот да го пријавиме во најблиската полициска станица“, вели Душан Авировиќ, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Случајот беше актуализиран кон крајот на минатиот месец кога рекреативци на Водно забележале дека на простор над Детската болница „Козле“ е исечена шума и се пробива пат до парцела на која исто така е извршена сеча. Откако јавноста реагираше, од Општина Карпош информираа дека тие издале одобрение за расчистување на пат кој претходно бил непрооден.

„Ве известуваме дека на конкретната локација ќе нема никакви градежни активности од типот на изградба на објект или слично. По барање кое е пристигнато до нашите служби, поточно до одделението за уредување на градежно земјиште, издадено е одобрение за расчистување на пат кој претходно беше непрооден. Се работи за катастарска парцела број 915. Расчистувањето ќе биде со цел да се направи пристап за поминување на земјоделски машини, односно да се стаса до парцелата која се наоѓа во приватна сопственост. Станува збор за лозје, за кое приватното лице има потпишано ИПАРД-договор за копачење на старо и садење на ново лозје“, гласеше одговорот од Општина Карпош.

Оттаму ги отфрлија како шпекулација гласиштата дека сопственик на парцелата е поранешниот вицегувернер Томе Неновски.

http://think.mk/pregled/shteta-od-14000-evra-vo-parkshumata-vodno

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 13-Aug-2016 at 09:36

во поглед урбанизацијата на Водно а во очи скорешната несреќа под СЦГ
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3347&PID=214844#214844

Експертите предупредуваат: Водно ново Стајковци

„Каде што течела вода пак ќе тече“ – старата народна поговорка архитектите на планината Водно се обиделе да ја применат во нивните огромни градежни проекти во густата борова шума над Скопје. [Планинските води на новиот двосмерен асфалтиран пат до станбениот елитен комплекс „Сончев град“ се одведуваат токму во овој теснец.

Но, и да помине водата низ оваа цевка од другата страна на патот се излева токму над главите на жителите на Кисела Вода. Загрижувачки е што токму на овој ридски срт каде со години се пробиваше патот се наоѓаат и двете најопасни свлечишта на Водно.

Над „Црвената линија“ замислена и пропишана до клиничкиот центар за која експертите укажуваа дека не треба да се гради, со години е надмината. Прашањето според експертите кое денеска треба да се актуелизира е која е примарната функција на Водно и неговото постоење.

http://telma.mk/sites/default/files/vesti/video/pavle_-_vodno_kriticno.mp4

Станбените блокови, огромните привaтни имоти се стасани во самото срце на плaнината. Токму овие урбанистички упади и нивниот не квалитет можат да предизикаат катастрофални последици и човечки жртви, вели професорот Грчев.

Во 58 година од минатиот век тогашнтие власти ќе ја донесат Драчевската декларација со која Водно се претвора во систем на канали за одведување на водата. Тие сега се запоставени, обраснати или пак се покриваат за потребите на проширувањето на улицата „Водњанска“.

Општина Центар пред две години се обиде да ги стопира измените во деталаниот урбанистички план се планираше да се гради десеткатница и други елитни и стнабнеи згради.

И покрај укажувањата на граѓантие и невладините организации, властите во измиантите години дозволија изградба на огормен број обејкти и друга инфраструктура, но и самите учествуваат во тоа, уништувајќи значајни површини зеленило за потребите на жичарницата,сега на кулата на АЕК,а во иднина и заради најавената ски патека.

http://telma.mk/vesti/ekspertite-predupreduvaat-vodno-novo-stajkovci
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 24-Aug-2016 at 16:41



ако може нво-ата да се организираат за екологија, можат и општините за ерозија
еве и од мене идеја како да се излезе на крај што полесно со неодговорноста, повеќе налик еко-агитпроп, а за што најпаметно е на секое заинтересирано семејтвово градот симболично да му дава излетничка парцела во парк шумава, а која за возврат би ја одржувало, следствено каде секогаш ќе има право да испие чаша чај, да одмори мозок, па и да замези ракиичка да не претерувам доволно само и за први мај или секој државен празник ...

но и да освестиш народ околу екологијата како неопходна освен за природата и за туризмот, потребни се константно потсетување но и долгорочен пристап, а кои најпаметно е да се впрегнат низ соработка наместо казна, дури тогаш народ се мотивира, просто со сила убаина небива, а само разиграна комуникација во овој случај е гаранција за сигурен психолошки ефект околу екологијата, нормално физички и понатака кај народ ќе треба да се тренира дисциплина со некаква педологија ако е фатен на дело, но најсигурно чаре е сите прекршоци скопјани да ги плаќаат преку комунални казни / 1 ден чистење - 1000 ден казна / па нека светне цела скопска околија


http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/02/хемеротека-06.06.2016.pdf

08.05.2016 - Акции за чистење на Водно и Матка

Акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка најавија за денеска неколку граѓански организации.

Под мотото „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, волонтери на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, ќе бидат префрлени до врвот на Водно со жичарата, по што ќе собираат отпадоци пешачејќи надолу до Средно Водно.

Од ЛЕАД информираат дека ова ќе биде прва од планираните шест акции за чистење на падините на Водно во наредните шест месеци.

Покрај расчистување на планината, акцијата има цел и да ја зголеми јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, а во текот на втората акција ќе бидат закачени и 100 дрвени таблички со овој слоган.

Акцијата за чистење на кањонот Матка е дел од серијата активности на граѓанските организации Го Грин, Ајде Македонија и Грашаница, што ги организираат со претставници на туристичкиот и јавниот сектор за чистење отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево. Целта е поддршка на активностите во туризмот во Македонија и јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.

http://denesen.mk/web/?p=425627




24.07.2016 - Трета акција „В џеб, ако нема каде друго!“ на Водно

Во организација на Движењето ЛЕАД, денеска група млади од различна етничка припадност ќе спроведат акција за чистење на Водно од отпадоци.

Акцијата која е трета по ред, во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“, групата ќе ја започне во 10 часот од Средно Водно.

Проектот „В џеб ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

http://denesen.mk/web/?p=447818


Edited by beTon - 24-Aug-2016 at 16:43
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 02-Apr-2017 at 17:45
5 март
20170305_103839 by Ani.build, on Flickr

20170305_110441 by Ani.build, on Flickr

20170305_110745 by Ani.build, on Flickr

20170305_110746 by Ani.build, on Flickr

20170305_110748 by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 02-Apr-2017 at 17:49
20170305_111554 by Ani.build, on Flickr

20170305_111622 by Ani.build, on Flickr

20170305_111633 by Ani.build, on Flickr

20170305_112114 by Ani.build, on Flickr

20170305_112117 by Ani.build, on Flickr

20170305_112122 by Ani.build, on Flickr

20170305_112534 by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 19-Mar-2019 at 11:24
Амфитеатар на врвот на Водно, ќе „грмат“ концерти



Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно наскоро ќе прерасне во спортско рекреативен, но и културен центар кој ќе можат да го користат граѓаните на Скопје и бројните туристи кои го посетуваат градот.

Минатата година почна да се средува платото под домот каде се изградени нови дрвени клупи, маси, видиковец со настрешница, како и лулашка за деца кои се донирани од „Пакомак“, „Прокредит Банка“ и Парк шума Водно.

– Со членови на ПСК „Бистра“ и „Лајонс“ клубови реализиравме еколошки акции за подготовка на платото за изведба на бина и амфитеатрални седишта, а ДСЦ Дизајн изработи бесплатно идеен проект. Лани и Град Скопје вети дека ќе помогне со средства за овој проект, начелна подршка има и од други компании со општествена одговорност – вели проект менаџерот Зоран Трајковски.

На 13. април на врвот на Водно ќе има концерт Тумбао Салса Бенд на Петар Ренџов, кога ќе биде промовиран неговиот проект „Џезалка“, а ќе се одбележат и 22 години од Лајонс клубот „Скопје“ и 60 години од формирањето на Планинарскиот спортски клуб „Бистра“.



Се очекува обновата на Домот и надворешноста да завршат за околу два месеца, по што граѓаните ќе може да уживаат во поетски настапи, музички активности, театарски претстави, едукации и работилници.

https://plusinfo.mk/%D0%B0%D0%BC%D1%84%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D1%80%D0%B2%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%BC%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 22-Mar-2019 at 16:09
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 05-Apr-2019 at 17:53

Многу квалитетно видео за Водно, концизно и сеопфатно:



Водно - запознавање одблизу (Веб верзија)



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.108 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.