build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Охридски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охридски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 10-Apr-2019 at 21:36
Првпат слушам ова за Јордан Мијалков, изглеа сум испуштил таква изјава. А каде ќе ја прошируваат Македонски Просветители? Во чаршија ќе влезат? Јас би ја затворил комплетно за возила, само пешаци и велосипеди, би ја поплочил, уште еден дрворед насредина и нова пешачка зона (чаршија) би направил. Ама никогаш нема да се случи...
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 11-Apr-2019 at 12:32
Nema šansi Makedonski Prosvetiteli da se proširi. Može samo da se zabrani parkianje i tuka da se napravi enda lenta. No to e teško zamislivo. Teško e da se očekuva da se zatvori za vozila, bidejki nema alternativa
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 18-Apr-2019 at 19:30

Охрид, 18. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес привршија градежните активности за комплетна санација на кружната крстосница до Општата болница во Охрид.






https://ohridpress.com.mk/107505



Edited by ironm - 18-Apr-2019 at 19:33
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 19-Apr-2019 at 20:10
Огромен проект.
Цел дел од Охридска Банка до скоро Автобуска блокиран пред неки
Ој ден.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 20-Apr-2019 at 11:27
Originally posted by Тркало


Овде почнаа со реновирање на Туристичка, нормално предизборно и тоа во најздравиот дел (влезот од Струга кон Охридска Банка).Планирано е до делот до БП Билјанини Извори (најоштетен според мене) и да завршеле во мај според Сугарески.

Сега е едната страна две ленти изгребани и и чекаме на асфалт (според инсајдери во изведувачот ГП Илинден имаме гребење ама немало амин за асфалт сеуште


После 40+ дена добија амин за асфалт по Туристичка, денеска и утре веројатно ќе го завршат делот од влезот до Охридска Банка. Тераме по старо...

Edited by Тркало - 20-Apr-2019 at 11:28
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 20-Apr-2019 at 11:35
Да, многу бавно оди. Инаку веќе асфалтираа од кружно Билјанини до мини маркет. Не знам зошто не го средија и обратниот правец одма.

П.С. АСНОМ од кружно Билјанини до Комуналец ја шминкаат (крпат) моментално.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 26-Apr-2019 at 10:37
Денеска, на Велики Петок почнаа со асфалтирање на две ленти од Туристичка, делот од влезот на Охрид до кружниот тек со ул. Стив Наумов.

Во целата празнична гужва сообраќајот е отворен само на две ленти т.е. 1х1, секоја чест

Edited by Тркало - 26-Apr-2019 at 10:38
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 727
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 27-Apr-2019 at 20:42
Епа предизборен период е, кога сакаше ти да почнат, во март ли, кога беше сонце цело време и идеално за работа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2024
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 07-May-2019 at 14:03
Од фб,булевар Туристичка





Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 13-May-2019 at 16:29
Почна реконструкцијата на сообраќајницата низ поранешната касарна

Денеска почна реконструкцијата и проширувањето на сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Должината на новата улица е 480 метри, а градежните активности се очекува да завршат за неколку дена, информираат од локалната самоуправа од каде додаваат дека улицата, која ќе добие нова сигнализација и осветлување  видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“ , „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје.









https://www.ohridnews.com/pochna-rekonstrukci-ata-na-soobra-a-nicata-niz-poraneshnata-kasarna/



Edited by ironm - 13-May-2019 at 16:29
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 13-May-2019 at 22:41
Квалитетно смеење, алал да им е.
А кратерите по Кленоец друг пат...
Уште чекаме и по Туристичка спојките да ни ги вратат со тротоарот да се качиме на паркинг без да оштетиме кола.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 29-May-2019 at 23:09
На толку замерки, редно е еднаш и да пофалиме нешто.

На раскрсницата кај Автобуската станица (7-ми Ноември/Кленоец/Питу Гули/15-ти Корпус) односно од кај страната на БП Макпетрол поставени се триаголници острови со што е ограничено вртење од правец на улица Кленоец (автобуска) само кон/од 7-ми Ноември (Центар) и од Питу Гули кон 7-ми Ноември и 15-ти Корпус (кон Битола), а не како до вчера и меѓу тие две улици.

Досега беше доста ризично бидејќи е непрегледно и на самата раскрсница е залепена бензинската.
Не е најдобро за тука (кружен) ама засега најоптимално.

Се надевам само ќе ги вразумат таксистите и другите специјалци да не вртат од 7-ми Ноември кон Кленоец или во десно од АС кон центар и со лев жмигавец преку триаголникот кон Битола.

Edited by Тркало - 29-May-2019 at 23:20
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 30-May-2019 at 09:14
Фала богу му текна на некого да ја регулира (некако) таа раскрсница. Но, мислам дека нема да ги спречат каубојциве во градов да ја сечат и понатаму улицата во сите насоки. Треба да престане да им се попушта на Макпетрол, да се отстрани бензинската и конечно да се постави кружен тек.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 13-Jun-2019 at 00:50
Пешачкиот премин пред Охридска Банка во најскоро време ќе бил дислоциран, денеска веќе и пречкртан лабаво со два големи икса.
Идејата е дека не е одржлив и создавал гужви на сегашната локација до кружниот тек.
Очекувам да имаме и каскадерства ова лето на тој дел.
Патем, сегашниот раководител на сообраќај во општината е истиот кој и ги проектираше кружните по Туристичка отприлика едно четири градоначалници наназад.

Edited by Тркало - 13-Jun-2019 at 00:51
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 13-Jun-2019 at 09:05
Саде ум извира од општина. Наместо да се погрижат средната лента да е секогаш слободна од паркирани возила пред Охридска и наспроти (кај такси возилата), а истото важи и на потегот од Охридска до Мини Маркет, па на тој начин да има поголем проток на возила, нив пешаците им сметаат. Ќе го скратат природното движење на пешаците на тој начин што доаѓаат од чаршија према полиција и обратно.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 19-Jun-2019 at 08:47
Крстосницата кај автобуската – сообраќајно решение или сообраќаен проблем?



Охрид, 18. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна завршија помалите градежни активности со кои се изврши реконструкција на крстосницата кај автобуската станица, деновиве, по бројните реакции на граѓаните и непочитувањето на правилата, се поставуваат столбчиња на коловозот.

Истите се поставени за да се спречат несовесните возачи кои го скратуваат и непрописно го „сечат“ патот, наместо да се движат според новите правила.

Претходно на оваа крстосница, во насока на олеснување на движењето, беа поставени пешачки острови и се имплементира ново сообраќајно решение на оваа клучка.

Оваа крстосница со децении беше еден од најпроблематичните за минување, но според реакциите на граѓаните, ниту новото решение не одговара соодветно на нивните потреби.

Станува збор за исклучително фреквентен дел од градот, кој води кон селата Лескоец, Косел и натаму кон Битола од едната, населбата „Црногорци“ и „Лакочереј“ кон друга и строгиот центар и Влашка маала од другите две страни. (Крај)



Edited by ironm - 19-Jun-2019 at 08:47
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1096
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 19-Jun-2019 at 17:25

^ ^ ^ ^ ^ ^

Дефинитивно решение, барем засега во моментални околности.За пофалба е и поставувањето бариери, инаку ќе требаше да стават камери или дежурна полициска кола.
Патем, има(ло) силни притисоци против ова решение, ама за среќа останало нешто разум и став.
За разлика од пешачкиот пред Охридска Банка каде општината и Министерството се ваѓаат на стариот добар начин со префрлање топка (надлежности), а ниту еден не се зафстил сериозно за решение.

Edited by Тркало - 19-Jun-2019 at 17:27
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.