build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охридски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 02-Jun-2020 at 08:54
Originally posted by ironm

Асфалтирање на ул. АСНОМ

Верувале или не, за првпат во историјата на градот шахтите беа нивелирани пред да се постави завршниот слој асфалт. Нова пракса досега невидена при реконструкција на улица, градежна револуција, mind blowing иновација, head exploding замислете овде, итн. Се разбира, како за првпат не мора да кажам дека 2-3 шахти се промашени па испаднаа под асфалтот, дали поради лошо нивелирање или поради лошо асфалтирање, но мнозинството се ок.







извор општина Охрид


После 6 месеци од асфалтирањето ул. АСНОМ конечно доби обележување (делумно - сега е модерно дури и хоризонтална сигнализација во фази да се одвива). Штета немам слики во моментов, но ќе снабдам во следниов период од тоа дека на три локации е прекопана откако ја асфалтираа, бидејќи не сме способни при прекопување на цела улица да ги провериме и цевките. Како што се гледа на третата слика паркирани ќе се неизбежен декор на велосипедските патеки, такви ѓубриња има во цела држава.







Извор: Ohridnews


Edited by ironm - 02-Jun-2020 at 08:56
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 09-Jun-2020 at 14:55
ул. АСНОМ









Извор Општина Охрид
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6495
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 03-Jul-2020 at 16:03
ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ОХРИДСКА БРИГАДА“

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри. Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење   на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина на улицата. Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Изведувач на работите е АД „ Илинден “ – Струга.



https://www.facebook.com/MunicipalityofOhrid
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6495
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 03-Jul-2020 at 16:04
ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА БУЛЕВАР „ТУРИСТИЧКА“

Деновиве завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“.

Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување.

Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.





https://ohrid.gov.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6495
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 03-Jul-2020 at 16:06
ФИНИШИРА ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „15-ТИ КОРПУС“



https://www.facebook.com/MunicipalityofOhrid/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6495
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 06-Jul-2020 at 15:51
Жителите на улицата Абас Емин во Охрид добиваат нова водоводна и канализациона мрежа.









https://www.facebook.com/SugareskiGoran/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.