build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охридски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 22-Dec-2015 at 17:58
Originally posted by Staki

Во оваа големина не може кола да влезе. Претпоставувам се работи за грешка во текстот или објавата. Морам да прашам каков е тој кружен тек со дијаметар 3 метри? Штом е дијаметар, треба тоа да се однесува на целиот круг, што би значело лентата во кругот би била најмногу 1,5 метри.


Не е грешка за жал, еве го фамозниот кружен од 3 метри




Edited by Тркало - 22-Dec-2015 at 18:05
Back to Top
shrink View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 23-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote shrink Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 29-Dec-2015 at 00:28
Има некој планови за катни гаражи во Охрид ? Знам дека потребата е само за преку лето повеќе, па баш ме занимаше. Вака како одлична локација ми личи полигонот/игралиштето позади Палас бидејќи од сите страни е опкружено со улици па би била доста пристпна а воедно и блиску до центарот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12046
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 29-Dec-2015 at 02:12


Се планираше катн гаража да се гради близу пазарот, еве овде:
http://www.build.mk/?page_id=7058&m=катнагаражапазарохрид

Ама не знам што бидна со тоа...


Во меѓувреме, излезе овој проект, со подземна гаража за 150 возила:
http://www.build.mk/?p=43332


Веројатно Тркало знае нешто повеќе.


Edited by Cloverstack - 29-Dec-2015 at 02:13
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 29-Dec-2015 at 20:38

Originally posted by shrink

Има некој планови за катни гаражи во Охрид ? Знам дека потребата е само за преку лето повеќе, па баш ме занимаше. Вака како одлична локација ми личи полигонот/игралиштето позади Палас бидејќи од сите страни е опкружено со улици па би била доста пристпна а воедно и блиску до центарот.



Местото и е' планирано за катна гаража, еве и моментално го работат како паркинг ЈП Билјанини Извори.Само не знам како им е договорот со општинарите, тој простор е на Гранит после спор поради неплатени милионски побарувања во акумулирани во време на сите претходни градоначалници.

Тој простор е неколкукратно поголем по површина од просторот кај пазарот (таму мислам дека таму е потребно да одат во висина барем 3 нивоа, а не само едно подземно ниво за 150 возила (или подземно, приземно и 1 кат).

Еве подетално вест од 15.11.2011 за планираното решение

http://www.ohridnews.com/vesti/2789

И препукувања меѓу бившите градоначаници
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1291&stID=7193&pR=3

Originally posted by Cloverstack


Се планираше катн гаража да се гради близу пазарот, еве овде:http://www.build.mk/?page_id=7058&m=катнагаражапазарохридАма не знам што бидна со тоа...Во меѓувреме, излезе овој проект, со подземна гаража за 150 возила:http://www.build.mk/?p=43332Веројатно Тркало знае нешто повеќе.






Овие работи беа најавени уште пред 2-3 години со новиот градоначалник, ама досега требаше да се готови.Исто како затворениот базен, автобуската станица (седми месец со нов концесионер - без никаква промена) и пензионерски дом.

Патем, 6-те кружни по Туристичка беа проект на бившиот градоначалник и искрено се надевав дека нема да продолжат овие сегашниве, кои тогаш најавија дека ако дојдат на власт ќе го прекинат тој проект, аргументирајќи зголемен сообраќаен хаос, посебно за пешаци (кое притоа овие дена го гледаме пред Охридска Банка псоебно изразено) како и нерегуларности со тендерите, наводни провизии, самиот проект итн.Испадна изгледа весела математика.

Просторот кај планираната катна гаража во градскиот пазар е во управување на ЈП Билјанини Извори и моментално е со функција како паркинг (исто како и претходно споменатиот погоре), само на тој простор мал е капацитетот.

Инаку, во Охрид се потребни паркинг како вода - не само во летниот период верувајте.
Еве сега имаме паркирања на сред кружен тек поради вистински потреби, од мака, не за глумење лудило:
- луѓето да си подигнат на банкомат или да внесат промет во банкаНа;
- од спротива според муабети ќе имаме и друга банка, па уште поголема гужва;
- зградата на ЕВН е залепена со банката, уште една прометна точка;
- на таксистите им се намали скоро пола просторот за паркирање со кружниот тек (на раскрсницата со Абас Емин е раскопано и за уште еден ) а од таа страна е и градскиот пазар, па не остана место за ‘обични‘ возила;
- подолу е и постојка за (при)градски превоз - исто скратена во должина после ‘големиот проект‘ и за една лента помалку;
- доставни возила за/во градскиот пазар, локалните објекти на Жито Леб, КАМ, МИК Свети Николе, Промес, Шик Комерц, менувачници, земјоделски аптеки итн.И овие возачи се во секојдневни препукувања со локалните таксисти и полиција, пајакот.


Сега е јака гужва, за во лето тешко на сите.Битно, пајакот беше овие дена активен како предновогодишно изненадување.


Edited by Тркало - 29-Dec-2015 at 21:54
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 02-Jan-2016 at 20:05
Originally posted by Тркало



Инаку, во Охрид се потребни паркинг како вода - не само во летниот период верувајте.




Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 02-Jan-2016 at 20:16
kako odi so kruznite tekovi? se naviknaa li vozacite?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 19-Jul-2016 at 10:29
Originally posted by nenad

kako odi so kruznite tekovi? se naviknaa li vozacite?


Не се навикнати, ниту ќе се навикнат.Поради неадекватноста на истите, а и поради возачката некултура.
Посебно трите со најголема фреквенција - кај Охридска Банка, кај Мини Маркет (Гимназија) и на 150 метри пред Охридска (Туристичка со Абас Емин).

Имаме паркирање на самиот кружен тек, пешачките премини и автобуски постојки се залепени за истиот, така имаме случаи излегување на возило од КТ, зголемување брзина и после нагло кочење на пешачкиот или пред автобус кој е веќе излезен од постојката.Ова е општо за сите.
Кај Гимназијата (и во истиот круг средно економско, најголемото основно училиште и централната градинка), секој ден поминувам од сабајле таму,секојдневно гледав збунети лица на децата кои требаа да стигнат на училиште, тие од помала возраст.Бидејќи на настава ги учеле за семафори, а не за кружни.Или како би рекла новата локална изрека :Семафор сум дете, имам светла три, ако си од Охрид не ме знаеш ти.

Имаше неколку пешаци удрени на пешачките залепени до кружниот, среќа никој не загина досега.И самите возачи/пешаци коментираа дека со семафорите имаш и тајмер и точни места одредени за преминување, вака е секој по желба - буквално.

Најлошиот пример, кај Охридска Банка, целиот кружен е ограден со метални огради, бариери


па имаме толкаво кружење да често пешаците ги прескокнуваат тие огради и одат низ самите возила, поприродно ќе беше во средишниот остров меѓу поголемиот и помалиот КТ да нацртаа пешачки... вака се качуваме 'до автобуска' и назад за да префрлиме обична раскрсница...
Со црвениот дел е правилното движење, т.е. наведеното и ограничено со бариери, а со сино практичното движење на пешаците (признавам еве и јас почесто преминувам така на средишниот остров)


Или се почесто вакви примери


Со семафорите ќе си застанеа, немаше лудување.


Во неврзан разговор со стручно лице од секторот за сообраќај во општината (во кој едно 80% биле против ова решение, ама некако не им го зеле сериозно мислењето), господинот тврдеше дека во никој случај кружен тек не би требало да градат на места со голема фреквенција на пешаци и возила истовремено, туку негде каде таа е не баш толку голема, за да ги заменат семафорите и големо чекање на малиот број возила и пешаци.

Нешто кое општината баш обратно го дефинира.Па еве сега најава за поставување семафори по Железничка, истите тие кои ги демонтираа од Туристичка
Поради наводната голема фреквенција по булеварот.Ако по Железничка е толкава гужва, како е на Туристичка или улиците во централниот дел?
http://www.ohridnews.com/vesti/98378
[IMG]Ненаситни!



Edited by Тркало - 19-Jul-2016 at 11:53
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 26-Jul-2016 at 17:49
Сообраќаен метеж во центарот на Охрид

Вести | Охрид | 25.07.2016 22:04 Посети : 2956


Колони возила пред, во и после кружните текови околу пазарот и кај „Охридска банка“, нервозни возачи, нестрпливи пешаци, велосипедисти возат во обратна насока. Ваква беше сликата денеска на најфрекфентните сообраќајници во Охрид, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“.


Ниското ниво на сообраќајна култура и непочитувањето на правилата за возење во кружен тек сериозно го усложнуваат возењето автомобил во Охрид во шпицот на туристичката сезона. Дополнително сообраќајот го отежнува и непрописното паркирање на коловоз во центарот на градот, како и недостигот на паркинг места.


Во шпицот на сезона бројот на автомобили во градот се зголемува за двојно и повеќе.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 26-Jul-2016 at 22:20
Охрид е изгледа уникат каде кружните текови наместо да го растоварат сообраќајот тие го оптоваруваат. D:
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 28-Jul-2016 at 09:49
i bez niv na leto beshe haos. Ulicite nemaat kapacitet za site avtomobili koi gi ima na leto. MOjata stara ideja e da se zatvori centarot za vozila (osven za zitelite) i da se napravat parkinzi nadvor od centarot. Ohrid e mal grad, ne mroa segde so kola da se otide
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 28-Jul-2016 at 12:11
Originally posted by nenad

i bez niv na leto beshe haos. Ulicite nemaat kapacitet za site avtomobili koi gi ima na leto. MOjata stara ideja e da se zatvori centarot za vozila (osven za zitelite) i da se napravat parkinzi nadvor od centarot. Ohrid e mal grad, ne mroa segde so kola da se otide


1.Ako го затворат центарот освен за жителите, ќе имаме реакции (оправдани) од другите.

2.Зошто паркинзи надвор од центарот, Венеција?
Паркинзи баш напротив, потребни се на места во централниот дел првенствено каде и надвор од лето е slow motion ситуација:

- паркингот спроти СД Никола Карев

- паркингот кај градскиот пазар

-Билјанини Извори

Првите два (катни) веќе требаше да се функционални, ама еве уште ги слушаме како нови инвестиции.Последно пред 2-3 дена, претходно пред некој месец и се така...


Истото е и за кај Автобуската Станица која после година и пол скоро од предавањето на концесија, уште не е започната со реновирање (во неа спаѓаше и нов поголем паркинг, помеѓу пероните за тргнување и ул.7-ми Ноември).

3.Мал, среден, голем град, луѓето по потреба користат кола.
Вистина некој на 10 мин. од дома би зел кола, ама доста е сменето од порано општо.Плус поодалечените населби или села.Луѓе од нас. Далјан работат во инд. зона, Лескоец, Косел 7-10 km. еден правец, 2 автобуси да сменат до работа со доста раздалечени интервали.Исто и населбите после Пештани - Трпејца, Љубаништа.Надвор од летен период постојат само неколку тргнувања, не сите можат да се поклопат, дел идат со кола, дури и луѓе седат преку работна недела во Охрид.
Градскиот превоз (каков-таков) веќе почесто го користат, посебно линијата до нас. Г. Делчев, која е малку понастрана.
Пешки и посебно бројот на велосипедисти доста е во пораст, без разлика на инфраструктурата.Исто и скутерџии во периодот мај - октомври, кои патем се многу поголема опасност во сообраќај од возила и пешаци.Огромен дел не пазат на основни правила, веројатно со мисла ај мало возило ќе се провнам сегде.

Во секој случај, муабетот е да не нудиме 'решенија' цело време со рестриктивни (и репресивни) мерки, туку да се обезбедат услови прво, па тек после за неприлагодените учесници рестрикции.
А не ситуации да бидат казнети за непрописно паркирање возачи кои застанале на 30 секунди на банкомат да подигнат, а паркинг ни за лек.Паралено, надлежните се слепи на поголеми прекршоци.



Edited by Тркало - 28-Jul-2016 at 15:00
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Jul-2016 at 16:08
delumne se slozuvam so tebe.

Tamu kade predlagash da bidat parkinzite e vo red, jas bi zabranil soobracaj na potezot Makedonski prosvetiteli - Turisticka - Kolektorska (ili Jane Sandanski). I sekako stariod del od gradot.
na toj potez moze peski, so tocek i zosto da ne, moped.

No se rabira osnoven preduslov e da se napravat parkinzi ili katni garazi.

I ova bi vazelo samo na leto tie 1,5 mesec koga sezonata e vo najgolem zamav.
Pravilata treba da se pocituvaat od strana na site, ne mozesh ti da dokazuvash dali si zastanal 30 sekundi na bankomat ili 40 sekundi ili pola sat si prajs muabet dodeka cekash.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 28-Jul-2016 at 18:44
Originally posted by nenad


delumne se slozuvam so tebe.

Tamu kade predlagash da bidat parkinzite e vo red, jas bi zabranil soobracaj na potezot Makedonski prosvetiteli - Turisticka - Kolektorska (ili Jane Sandanski). I sekako stariod del od gradot.
na toj potez moze peski, so tocek i zosto da ne, moped.

Во летно време веќе е забранет сообраќај од 19:00 до 05 или 06:00, не знам точно.Освен за жителите на тој дел нормално, со посебни пропусници.
Ако Туристичка ја затвориме, барем дел од неа, исто и Јане Сандански, уште поголем хаос ќе имаме.За Просветители се сложувам, можно е и без неа.

Originally posted by nenad


No se rabira osnoven preduslov e da se napravat parkinzi ili katni garazi.

Без тој предуслов, понатака е беспредметно секој следен чекор.
Originally posted by nenad


I ova bi vazelo samo na leto tie 1,5 mesec koga sezonata e vo najgolem zamav.
Pravilata treba da se pocituvaat od strana na site, ne mozesh ti da dokazuvash dali si zastanal 30 sekundi na bankomat ili 40 sekundi ili pola sat si prajs muabet dodeka cekash.

Не е за докажување, чест случај е полициско Јети пред Охридска Банка, гледаат дека застанал до банкомат возачот и пак ќе го казнат, не е од преку 300 метри преглед.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12483
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 04-Nov-2016 at 13:33


Фото: Cavkuloski Dimitar
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 04-Nov-2016 at 14:06
Ne ja razbiram potrebata od maliot kruzen tek (osven ona estetskata).
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 04-Nov-2016 at 17:06
Originally posted by kultuzin

Ne ja razbiram potrebata od maliot kruzen tek (osven ona estetskata).
Малиот кружен тек е неопходен затоа што двете улици што доаѓаат до малиот кружен тек се двосмерни. Ако беа едносмерни, ситуацијата ќе беше идентична како на другите 3 краци на големиот кружен тек. Ако се сеќаваш, на местото на малиот кружен тек исто имаше семафори.

Edited by Navigator - 04-Nov-2016 at 17:07
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 04-Nov-2016 at 18:36
Originally posted by Navigator

Originally posted by kultuzin

Ne ja razbiram potrebata od maliot kruzen tek (osven ona estetskata).
Малиот кружен тек е неопходен затоа што двете улици што доаѓаат до малиот кружен тек се двосмерни. Ако беа едносмерни, ситуацијата ќе беше идентична како на другите 3 краци на големиот кружен тек. Ако се сеќаваш, на местото на малиот кружен тек исто имаше семафори.


Sega e pojasno znacu ednata lenta e za vlez a drugata za izlez od kruzniot.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 30-Nov-2016 at 20:07
11 дена предизборно избрано идејно решение за прва катна гаража во Охрид...Со една разлика - досега требаше да е веќе изградена и втора да е во градба.Патем, конкурсот го доби истата личност во пакет со Конгресниот центар, за кој исто денеска се даде информација дека избрале идеен проект.Градбата ЌЕ почнела некаде во 2017 година
Back to Top
shrink View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 23-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote shrink Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 07-Mar-2017 at 16:43
Originally posted by Тркало

11 дена предизборно избрано идејно решение за прва катна гаража во Охрид...Со една разлика - досега требаше да е веќе изградена и втора да е во градба.Патем, конкурсот го доби истата личност во пакет со Конгресниот центар, за кој исто денеска се даде информација дека избрале идеен проект.Градбата ЌЕ почнела некаде во 2017 година


На која локација?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1129
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 07-Mar-2017 at 19:25
Originally posted by shrink

Originally posted by Тркало

11 дена предизборно избрано идејно решение за прва катна гаража во Охрид...Со една разлика - досега требаше да е веќе изградена и втора да е во градба.Патем, конкурсот го доби истата личност во пакет со Конгресниот центар, за кој исто денеска се даде информација дека избрале идеен проект.Градбата ЌЕ почнела некаде во 2017 година


На која локација?


Едната зад Хотел Ривиера на постоечкиот паркинг, другата во склоп на градскиот пазар.Идвете локации моментално расчистени...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.