build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охридски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-May-2010 at 18:39
Не знаеме какви биле геолошките испитувања предходно, но после сите врнежи годинава незнаеме какви поместувања имале подземните води и до кои ниво се кренати и колку поместувања има под земја. Така да со барање вина ќе почекам да видам на што се должи ова.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 29-May-2010 at 18:33

Охрид со изменет сообраќаен режим


Нов режим на движење во центарот на Охрид, како и нови 500 паркинг-места ќе се обезбедат со новата организација на сообраќајот во централното градско подрачје, за што охридските советници вчера донесоа одлука




Новото сообраќајно решение што ќе се применува во текот на летната туристичка сезона стапува во сила до 15 јуни и се очекува дека ќе придонесе за подобрување на условите за одвивање на сообраќајот, во услови кога бројот моторни возила во градот двојно се зголемува.

Во одлуката за летниот сообраќаен режим се имплементирани и забелешки на граѓаните и јавноста, а се отстранети некои ограничувања што се покажале како нефункционални или контрапродуктивни.

- Ова е привремено решение додека не се изработи студијата за трајно решавање на прашањето за одвивањето на сообраќајот во градот. Добро е што стручните служби изработија студија со која двојно се зголемува бројот стационарни улични паркинг-места, а надвор од одлуката постои добра волја, со минимални интервенции во стариот дел на градот и на други локации во центарот дополнително да се зголеми бројот на паркинг-места - рече советникот и сообраќаен инженер Томислав Тунтев.

Тој нагласи дека строго ќе биде контролиран бројот возила што ќе се движат во стариот дел на градот, односно значајно ќе биде намален бројот на картички што сезонски се издаваат за влез во таа градска зона.

Градоначалникот Александар Петрески истакна дека сите расположливи површини во градот во шпицот на сезоната ќе бидат привремено пренаменети во паркинг-простор, а во тек биле и разговори со сопствениците на хотелот „Палас“ за искористување на хотелското паркиралиште, како и со „Гранит“ за отстапување на просторот на малиот спортски полигон за паркирање автобуси и возила.

- Постојните и новите паркинг-места се доволни за централното градско подрачје, а и ние граѓаните треба да ги смениме навиките и да се воздржиме од паркирање на возилата на плоштадот - рече Петрески.

http://novamakedonija.com.mk/Default01.asp?id=94&l=3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Jul-2010 at 16:01
Министерот Јанакиески ќе оствари посета на градежните активности на обиколницата на Охрид - 9.7.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, утре, 10. јули 2010 година, во 11.00 часот ќе ја посети локацијата на која се во тек градежни активности со цел изградба на обиколницата на Охрид.

 

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2665
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Jul-2010 at 16:17

Јанакиески - Регионалниот пат Битола-Охрид ќе биде саниран до крајот на септември

Охрид, 10. јули (ИНПРЕС)

Дел од регионалниот пат од Битола кон Охрид кој беше уништен од свлечиштето пред неколку месеци, безбедно ќе биде саниран до крајот на септември, порача денеска од Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Причината за која до сега не се пристапи на санација на оваа делница е тоа што не сакавме да импровизираме се додека не се направи здрава конструкција која ќе ја гарантира безбедноста за корисниците, додаде Јанакиевски.

- Ек­сперт­ско­то мислење за санација на патот го имаме. Сега е во тек из­ра­бот­ка­та на финален проект, по што за половина месец треба да се рас­пи­ше тендер за избор на фирма изведувач на градежните работи. Се на­де­ва­ме дека изборот бргу ќе заврши, велат од Агенцијата за државни патишта.

Од таму објаснуваат дека сe додека трае реконструкцијата, возилата ќе се пре­на­со­чу­ва­ат да возат 3 до 4 километри по стариот пат, кој е паралелен со магистралата.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Охрид ги надгледуваше работите на охридската обиколница и улоцата Железничка:

- Задоволен сум од изведената работа и планираме до средината на септември оваа година комплетно да се завршат сите работни активности на оваа делница. Надминати се сите имотно правни проблеми и работите се одвиваат во полн ек. Со оваа инвестиција на Владата на Република Македонија ние го одржавме ветувањето за изградба на оваа обиколница, изјави министерот Јанакиевски. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=FEB0DAC367BFDE47B35BAD9F6E93AAE7

Edited by Cloverstack - 11-Jul-2010 at 13:24
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Jul-2010 at 19:34
Бидејќи сме во екот на летната сезона (иако оваа изгледа е доста слаба), размислував како би можело комплетно да се реши проблемот со сообраќајот и јавниот превоз во нашиот најголем туристички центар. Ова решение бара многу средства за изведба и долгогодишна ориентираност, но според мене нуди трајно решение за Охрид. Покрај тоа што сообраќајот го изведува надвор од градот, граѓаните ги мотивира да користат (шински и електричен) јавен транспорт и нуди целосно поврзување на градот со најголемите населби долж Охридската ривиера.




ЛЕГЕНДА:

ЗЕЛЕНО - автопат
ТЕМНО ЗЕЛЕНО - пат
ПЛАВО - железничка пруга
ЦРВЕНО - трамвајска пруга
ЛИЛЈАКОВО - подземна трамвајска пруга
ЖОЛТО - клучка на автопатот Охрид-Пештани

Планот предвидува изградба на автопатска обиколница на Охрид (попериферно од ул. Железничка), која ќе ги спојува трите автопати кои би требало да се влеваат во градот. Магистралата Охрид-Пештани исто така би се изместила источно од својата сегашна позиција. Сегашната магистрала би завршувала пред тунелот кај х-л Силекс (каде што сега завршува магистралата 2x2) и одтаму до Пештани, по истата би сообраќале само трамвајни возила. Целосниот автомобилски сообраќај би транзитирал по новиот автопат, кој завршува пред Градиште и се влева во постоечкиот пат кон Св. Наум. Долж автопатот Охрид-Пештани би имало 5 излези и тоа: Охрид-исток (бул. Туристичка), Рача, Св. Стефан, Лагадин и Пештани.

На самата обиколница пак би имало исто така 5 клучки и тоа: Охрид-запад, ул. Железничка, Охрид-север, ул. 15ти корпус и Охрид-исток (бул. Туристичка). Дел од трасата би требало да минува во тунели и тоа во сегментите околу улиците Ленинова и 15ти корпус, како и околу клучката Охрид-исток, која целосно би била подземна.

ТРАМВАЈОТ пак би го поврзувал целото охридско крајбрежје. Главните правци во градот се: 1) Далјан-Пазарот-Железничка станица, 2) Железничка станица-Пазарот-Билјанини извори и 3) Железничка станица - ул. Јане Сандански - бул. Туристичка- Билјанини извори. Од Билјанини извори пругата би проголжувала по шеталиштето се до х-л Парк, каде сврува источно кон сегашната магистрала. Таа магистрала од за мене непозната причина има огромен неискористен средишен дел, каде што комотно може да минува трамвајот. По х-л Силекс, трамвајот го користи сегашниот пат кон Пештани, кој е забранет за сите видови возила. Се разбира мали зафати би биле потребни, пред се за израмнување на стрмнините и завоите.

Од населбата Далјан, трамвајската пруга може да оди до Струга, покрај сегашниот локален пат. Во подоцнежна фаза (доколку се разработи аеродромот, а би требало да се разработи, затоа што без аеродром нема голем туристички центар), може од Далјан да се пушти пруга и до терминалот на Св. Апостол Павле. Така Охрид би се поврзал со плажите, Струга и сите други (туристички)населби долж крајбрежјето.

Линијата обележана со лилјаково е подземниот дел на трасата, каде би се наоѓале две подземни станици: Градски плоштад и Градски пазар. На станицата Градски пазар би се пресекувале две трамвајски линии.



ЛЕГЕНДА:
ЗЕЛЕНО - автопат
ПРЕСЕЧЕНО ЗЕЛЕНО - автопат во тунел
СИНО - важна сообраќајница
ЦРВЕНО - трамвајска пруга
ЛИЛЈАКОВО - подземна трамвајска пруга
ЦРНО - железничка линија

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-Jul-2010 at 07:40

interesna ideja, no ohrid ima 50000 ziteli, tika tramvaj ne e potreben, dovolen e linijskiot gradski koj veke se izveduva so kombinja ili leki vozila na taksistite. Podzemni stanici se cist futurizam i bez potreba. Rsenie za centarot e zabrana za sekakov soobrakaj

Apsolutn sum protiv pruga pokaj krajbrezjeto. Za avtopat sum 100% za, mislam deka i ima nekoe idejno resenie za oioklnica, no koj znae koga ke se izgradi.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Jul-2010 at 11:09
Точно е дека самиот град Охрид има околу 50 000 жители, но целото крајбрежје од Пештани до Струга има околу 100 000 жители и тоа преку годината. Во лето, оваа бројка нараснува сигурно до 200 000 ако не и повеќе, што си е веке една голема англомерација. Предрасуда кај нас е дека трамвај се воведува само во градови од големината на Скопје, поради комплексот дека се неуспеваме да го воведеме. Погледни на УрбанРеил и ќе видиш дека во Европа и Русија трамвајски мрежи имаат градови и од 14 000 жители! Според мене втора предрасуда е дека еден тунел од 1 километар чини многу пари. Цела Европа копа огромни автопатски тунели, па зарем неможеме и ние тоа да го направиме?!

Апсолутно не се согласувам дека за туристички центар како Охрид се доволни комбиња од неколку причини: нивната хаотичност и нередовност, непостојан вид и честост на линиите, малиот и некомфортен капацитет на самите возила, загадувањето и гужвите кои ги предизвикуваат... Трамвајот би го решил проблемот на целиот регион. Потоа велиш дека трамвајот не треба да оди на постојаниот пат, но модерните шински возила се многу поеколошки и потихи од патничките кои во илјадници поминуваат над главите на летовниците. Зелена трева за подлога и модерни трамваи со убави станици-од тоа поудобно нема!

Знам дека има план за обиколница и таа е почната да се гради во времето на Љубчо, но е замрзната. Истата не е предвидена на ниво на автопат со клучки, туку само еден обичен пат, кој е крајно недоволен. Мпожеби сме навикнати на летниот хаос во Охрид, но треба да се превземат радикални мерки за подобрување на проточноста на туристите во градот и регионот.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-Jul-2010 at 12:41

Не би сакал да ја расипувам твојата виѕија но денес сум расположен реалистички и како човек кој е роден во Охрид малку ке полемизирам со тебе. Целиот регион што го мопфака Охрид и Струга брои околу 120000 жители, тоа ја вклучува и Дебарца и струшките села кои не се покрај еѕерото. Навистина преку лето, најточно речено во јули и прва половина на август, доага до зголемување но не верувам дека достига 200000. 

Многу сум полемизирал, Охрид не може да станува заложник на тој еден месец туризам кога доагаат најповеке луге, тој период не смее да служи за димензионирање на инфраструктурата во градот, Овде мислам и на сообракајот и на изградба на сместувачки капацитети. Езерото има свој лимит и тоа мроа да се почитува, во Охрид может да дојдат и удобно да престојуваат 20000 до 30000 туристи, освен во периодот кој го споменав каде доага до огромно пренатрпување и преоптоварување и на Охрид и на Струга. Напорите треба да бидат усмерени кон проширување на сезоната. 

Да се вратам на темата. За жал Охрид ја изгуби шансата да се уреди и сообракајно и урбанистички. Градежната мафија и непланската изградба го остави со викенд згради, без доволно паркинг и во зиме, без зелени површини, со шопинг центри, без дефинирани делови на градот.... Опстојува само стариот дел, до кога ке видиме. Тажно е што лудилото продолжува и градот и натака го губи својот лик. 

Мојата идеја како може да се среди сообракајот. 

-да се изгради обиколница околу градот, Улица Железничка не е обиколница, тука се сложувам со тебе, таа е веке градска улица 

-да се изгради патот до Св Наум и албанската граница за кој постои идејно решение уште од СФРЈ а иде над постоечкиот пат. Не се бунам против автопатско решение, но за прво време нека бидат и две патеки.

-постоечкиот пат барем до Пештани да биде отворен само за велоспиеди, мопеди и градски комбиња или мини бусеви кои ке ги носат туристите на плажа. И тие можат да бидат еколошки. Некако не ми влегува во глава дека трамваите би биле поефикасни. 

-паркинг места. Бидејки во центарот нема повеке слободен простор за нив, останува само изградбата на катни гаражи за кои нешто и се зборува, кај пазарот или нивна изградба на периферијата (а ла Дубровник), за што сум скептичен поради нашиот менталитет. Тука не гледам адекватно решение.

-строга забрана за сообракај во центарот за време на сезона! Освен за такси и градски превоз.

-кој што сака нека рече, но од Далјан до центарот може да се дојде и пешки. Само треба тротоари да се изградат.

Нема потреба од тунели кои имаат логика само за тој месец и не е  исплатливо да се градат. реков дека ке биам реалне но сепак влегов и јас во футуризам. Во секој случај ке мора а се навикнеме уште неколку години на хаосот

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 18-Jul-2010 at 23:46
Мене не ми се допаѓа идејата за трамвајот бидејќи ја користи трасата на сегашниот пат. Сегашниот пат е сосема погрешен бидејќи минува многу блиску до езерото накаде дури и на 1 метар од него!Како на пример во лагадин и во пештани, мислам како да кажам на ништо не личи. Според мене тој пат треба целосно да се уништи, одстрани или барем во делот кај пештани и лагадин (во тој дел секаков прево пат или било што мора да иде над тие места затоашто тој простор под селата до плажата сите сме сведоци не трпи и не би требало да има никаков вид на превоз: тамо луѓе шетаат по улица како коли да се, келнарите во пештани претрчуваат преку улица да ти донесат пијачка или јадење од ресторанот, а сега ќе треба уште трамвај да им поминува и да не збориме како сето тоа изгледа. Според мене ќе речам уште еднаш единствено решение барем за лагадин и пештани па и елешец е патот да се острани а на негово место да се продолжи плажата така тие места на чело со пештани ќе заличат на нешто а ќе има и место и за пешаците спокојно да шетаат неплашејќи се дали ќе ги згази кола или недајбоже трамвај. За остатокот од твојот план потполно се согласувам и како што можеш и да заклучиш од стално сум бил поборник патот за св. наум да се префрли над населените места а не по плажа да ни оди ко небаре океан да имаме па гајле да ни е.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Nov-2010 at 02:35

ВО ОХРИД ОБИКОЛНИЦАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОПАСНА ПО ЖИВОТ


На охридските Египќани автомобилите им влегуваат во спална


Ништо од најавите дека со изградбата на обиколицата "Железничка" во Охрид монтажните живеалишта и крпени бараки во непосредна близина на новата Автобуска станица во која живеат десетина семејства - Египќани ќе се отстранат.

Ветувањата дека овие луѓе ќе добијат нов дом и пристојни услови за живот паднаа во вода. Со години надлежните им најавуваат дека ќе им изградат нов покрив над главата, но наместо тоа тие сега се соочени со нов предизвик. Трасата од магистралата им поминува веднаш до прагот на импровизираните домови.
- Нашите куќи се најдоа на улица. Стравувам децата да ги пуштам од дома, но и кога спиеме не сме мирни. Тука се вози брзо а мојот праг од куќата е на улица. Секогаш кога ќе го слушнеме звукот на моторите се плашиме дека некој автомобил ќе ни влезе дома, вака живее Мексуде Рамадан во својот таканаречен дом на улицата "Железничка". Со проширувањето и изградбата на обиколницата Мексуде и останатите се соочија со низа проблеми. -Безбедноста е лоша а домовите полни со вода. Кога врне исто како да сме на улица, велат тие.

Дрвена фасада на трошната куќа добија само три фамилии и тоа оние кои се во првиот ред. Со овие штици куќарките добија само подобар визуелен изглед, но условите за живот станаа уште понеподносливи, велат Египќаните.

Десетината семејства живеат во импровизирани бараки направени од лесонит и шперплочи веќе 35 години. Велат дека никој не дошол да ја види бедата и сиромаштијата во која живеат. Единствена посета им била пред избори, само тогаш некој мисли на нас, велат тие.
Од Општината велат дека просторот каде сега се наоѓаат бараките е на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и обврската да ги згрижи овие семејства е нивна. Според градоначалникот Александар Петрески на овие семејства треба привремено да им се обезбедат живеалишта, а откако ќе биде изградена зградата на истиот простор повторно да се вратат во новиот станбен објект.

Од секторот за урбанизам велат дека според новиот урбанистички план на ова место предвидено е изградба на станбено-деловен објект.
За тоа чија е одговорноста доколку се случи некоја несреќа, директорот на охридското Јавно претпријатие за стопанисување Кирил Луканов не упати во дирекцијата во Скопје.

Таму пак информации не давале без претходна молба за тоа, која требало да биде доставена или по факс или на мејл по што, истото го побараа и нивните колеги од Охрид. Во писмениот одговор директорот Луканов информира дека на самите бараки кои се во непосредна близина на улицата влезните врати се префрлени од задните страни. Со тоа смета директорот од нивна страна се преземени сите можни работи за безбедноста на станарите и додава дека доколку се користат старите врати и се случи несреќа одговорноста би била само нивна.
На дел од нив им биле доделени и социјални станови, информира Ликанов.

И додека жителите на улицата остануваат соочени со "булеварот на смрта" кај нив останува само надежта за подобар дом. Дотогаш, велат тие, ќе сонуваат за подобра иднина, но и ќе се молат некој автомобил да не ги посети дома.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F8FF3D1C6DEFD9469B08141AAE4D5872
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Jan-2011 at 19:59


E vaka ja renoviraa Zeleznicka

http://www.tvm.mk/ohrid/otvoreni-sahti-zeleznicka.html

Edited by Тркало - 15-Jan-2011 at 20:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Jan-2011 at 22:15
Добро а што бидна со делот што се гради?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Jan-2011 at 19:19
Originally posted by Cloverstack

Добро а што бидна со делот што се гради?


Епа 'готова е' ,ама вака е останато на 3-4 места како погоре и за некои возачи шо поминале прв пат возењето е ко во магла ,досега неколку пати се дешавало да удрат во тие самоделски препреки т.е.укажувачи на опасност поставени од околниве жители.

А исто како и за време на изградбата ,уште топката ја префрлуваат Владата и Општината ,за ова со отворениве шахти.Ко да е некоја скапа инвестиција.Уште полошо за време на реновирањето,беше дозволено движење на возила;се случи и една тешка сообраќајка.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Jan-2011 at 21:32
Имало ли било каква објава? Јас не сум сретнал...
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jan-2011 at 03:05
Сега и мене ме збуни,не знам или не се сеќавам (а беше неодамна) дали воопшто официјално некој ја пушти во употреба,ама отприлика едно месец и пол е во експлоатација.Баш после твојов пост барав на нет нешто за официјално пуштање во употреба,ама не најдов.Знам само дека беше планирано
на 8-ми Септември да ја пуштат,ама рокот беше пробиен ради Х причини.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Jan-2011 at 10:25
Тек ти мене колку ме збуни

Значи пуштена е скроз цела, до кружниот тек кај бензинската? Јас бев во Охрид на самиот крај на септември и барем од таа страна немаа ништо пипнато од она што последно се гледа на сликите, па затоа не ни сликав. Ако ја пуштиле пред месец-месеципол значи се се направило турбо, само ме буни зошто не би дигнале помпа, кога претходно дигаа невидена помпа и за ништо.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Jan-2011 at 11:02
Кловер, ќе те мрзи да склопиш една скица од мапа, да видам за кој дел точно се работи?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 17-Jan-2011 at 15:47
Ако прашуваш за делот кај бензинската кај кружниот тек, тоа е овој:
41° 6'26.98"N  20°48'58.78"E

А каква е целата траса и како е протната да се спои до  41° 7'31.30"N 20°48'53.59"E  не знам...

Бидејќи Тркало пишал дека е Охриѓанец, се надевам дека ќе знае да објасни 
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 17-Jan-2011 at 23:32
Originally posted by Cloverstack

Тек ти мене колку ме збуни Значи пуштена е скроз цела, до кружниот тек кај бензинската? Јас бев во Охрид на самиот крај на септември и барем од таа страна немаа ништо пипнато од она што последно се гледа на сликите, па затоа не ни сликав. Ако ја пуштиле пред месец-месеципол значи се се направило турбо, само ме буни зошто не би дигнале помпа, кога претходно дигаа невидена помпа и за ништо.


Споена и функционална целосно од кружниот тек кај бензинската на Окта кај АС до излезот накај Струга т.е.магистралата М-5/Е-65.Тој дел кај Окта во право си го средија за недела дена можда ептен некако брзо (значи се можело ,АКО се сакало).Малку средување на островот меѓу лентите не ќе е лошо и нормално тие искршените шахти.Инаку,другото е ок.А и мене ми е чудно шо не кренаа никаква галама
Не сум моментално дома,се надевам ќе удрам некоја слика ко ќе се вратам.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Jan-2011 at 04:18
Originally posted by lslcrew

Трасата е прилично очигледна.

Луѓе,морам да ви се извинам за кревањето галама за ништо.Ај да објаснам.Значи,само делот на ул.Железничка(со жолто)е во употреба,а тој дел со испрекинати линии е скоро исто останат,одвреме-навреме ќе се појават некои екипи демек нешто работеле и за 2-3 дена си одат.Јас се збунив мислејќи на бензинската станица ОКТА кај Автобуската(зато шо при крај на реконструкцијата одново се чепкаше асфалтот,најверојатно нешто згрешија после првото асфалтирање),а вие сте мислеле на БС Билјанини Извори на Макпетрол и дури од ко ги видов координатите ми светна каква беља изведов.
Инаку,трасата со бело не е низ оранжерииве,него на улицата погоре Ристо Чадо(таму нешто е тампонирано и ставени се граничници одамна) и под населбата Гоце Делчев(Бараки);зато шо зад Медицински Центар веќе се изградени згради.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.