build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни статистики

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сообраќајни статистики
    Posted: 26-Jul-2009 at 17:07
ПГДС (AADT), просечен годишен дневен сообраќај во јужниот дел на Србија што особено не тангира нас:

1
За 2008 година



За жал немаат податоци за Косово, па еве посебно и од таму
2
За 2006 година


3
Проекции за во иднина.
Упаѓа во очи дека Скопје-Приштина дури и во 2031 се предвидува да има поголема „тежина“ од Тирана-Приштина (дури и доколку се работи за грешка па веројатно треба да стои 23700 наместо 33700).
Економската и сообраќајната логика налагаат под итно да се почне со проект за автопатско поврзување на Скопје и Приштина. Факт е дека и во моментов Скопје-Блаце е една од најфреквентните македонски делници, а плус тоа моменталниот ПДГС е токму на идеалниот преод кога еден обичен пат треба да се надгради во автопат. Да не чекаме да порасне прекумерно, да се закрчи и дури тогаш да се сетиме дека требало да се гради...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Jul-2009 at 19:53
Какви прекрасни мапи од Косово. Алал да им е. Баш пред некој ден барав вакви информации за Македонија, нормално нема никакви нови податоци.

Приштина очигледно функционира како вистински центар на Косово ПГДСите се навистина импресивни во сите правци. Исто така паѓа во очи дека на трасата кон Македонија огромен дел од сообраќајот е интерен а е сепак помалк кон Македонија. Од Урошевац (Ferizaj на мапата) до македонска граница ПГДС се преполовува. Сепак и ваков каков што е е прилично добар.

Српската мапа е доста поконфузна. Колку што можам да приметам бројките за јужна србија се прилично скромни. Ја имам видено мапата од каде што си го кропувал тоа, бројките доста има растат од Ниш кон Белград а околу Белград се прилично јаки.

Штета што нема ништо свежо за кај нас за да видиме како стоиме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Jul-2009 at 20:24
Нема врска со нашиот регион ниту е нешто кон што реално може да се стремиме воопшто со оглед на тоа дека се работи за еден од најбитните европски градови.

Но мене барем податоциве ме фасцинираа.

Превземено од ССЦ, ПГДС на шесте главни правци кои излегуваат/влегуваат од/во Мадрид со одделни мерења за ПГДС на различни раздалечини од градот. Бројкиве се лудачки

A1
14km: 122,500
22km: 104,000
41km: 55,000
76km: 28,000
88km: 29,000

A2
13km: 121,000
19km: 150,000
29km: 73,000
38km: 4?,000

A3
13km: 135,000
16km: 58,000
47km: 35,000

A4
No data?

A5
24km: 75,500
32km: 61,000

A6
21km: 101,500
28km: 89,000
38km: 87,000
45km: 44,000
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Jul-2009 at 21:22


Импресивно


Originally posted by pbanks

Баш пред некој ден барав вакви информации за Македонија, нормално нема никакви нови податоци.
Верувам ги имаш видено старите податоци кои ги имам видено и јас. Еве сепак да ги документираме тука.

Имам наидено на две мапи и на две табели. Првата мапа е прилично бескорисна бидејќи е од 1998. Втората е прилично бескорисна бидејќи направиле тотален хаос со боите, а не ни знаеме од кога е. Табелите се од 2005 и 2006.

Дополнително, ако се споредат меѓусебно податоците, може да се најдат големи нелогичности од документ до документ, па очигледно имаат грешки или во податоците или во презентацијата!

Во меѓувреме сајтот на агенцијата за патишта не е ажуриран од 2006. Тогаш направија екстремно лоша копија на хрватскиот www.hac.hr и ставија трошки материјали колку да се рече и го баталија...
Одсекогаш формата ни била побитна отколку суштината, ама ова веќе ги надминува сите граници!
Bash  Bash  Bash


Енивеј, еве ги податоците до кои може да се дојде на нет:

1. Табела за 2005 во .doc формат:
ПДГС 2005

2. Табела за 2006 во .xls формат:
ПДГС 2006

3. Мапа од нафталин, за 1998


4. Мапа од непозната година. Иди разбери ги боите, повеќе од пола ги нема во легендата...



Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 21:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Jul-2009 at 21:38
Ау па јас прв пат ги гледам овие Ексели кои ги постираше а и прв пат гледам проекции за иднината и ова е страшно разочарувачки (иако некои предвидувања ми се во најмала рака чудни).

Па зар е можно Гостивар-Тетово со ~16.000 ПГДС да биде наш највисок дострел до 2021 година а повеќето делници да имаат минимални придвижувања од моменталната состојба?

Со вакви проекции не само што е сулудо да се занесуваме дека цела Македонија треба да има автопатишта туку треба да се запрашаме зошто автопатишта воопшто постојат на некои делници.

Автопатиштата за помалите места и ненаселените подрачја најчесто генерираат напредок, раст на населението итн... Некои делници во Македонија и после толку години опстојување не даваат такви резултати.


Edited by pbanks - 27-Jul-2009 at 21:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Jul-2009 at 21:42
Еве нешо што најдов за Егнација Одос во Грција. Делот од Солун накај Александропулис изгледа добар, но во правец кон Игуменица проекциите се мизерни.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Jul-2009 at 21:47
Originally posted by pbanks

Ау па јас прв пат ги гледам овие Ексели кои ги постираше а и прв пат гледам проекции за иднината и ова е страшно разочарувачки (иако некои предвидувања ми се во најмала рака чудни).

Па зар е можно Гостивар-Тетово со ~16.000 ПГДС да биде наш највисок дострел до 2021 година а повеќето делници да имаат минимални придвижувања од моменталната состојба?


Со оглед на кредибилноста на изворот и квалитетот со кој ги врши другите должности, не би земал ништо здраво за готово.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Sep-2009 at 22:01
Дојдов до една многу интересна и информативна табела. Просечно дневно оптоварување на главните патишта во Словенија.

Obremenjenost slovenskih cest v letu 2008




Edited by Andrej_LJ - 22-Sep-2009 at 22:03
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Sep-2009 at 10:56
Интересна и поразителна секако за нас статистика андреј... фактички во Словенија ПГДСто на најслабата делнице е поголем од оној на најдобрата во Македонија.

Бројките во првите 5-6 делници кои претпоставувам се однесуваат на љубљнската обиколница пред се се пак феноменални. Но во ред кај нив дневната миграција е навистина огромна бидејќи пола луѓе што работат во Љубљана живеат надвор.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Sep-2009 at 11:33

сметај дека и многу хрвати крстосуваат низ словенија, а тука се и австријците, србите и унгарците, па и сите останати кои ги користат во тој дел К5 и К10 било тоа да е од европа или азија...

исто тука е фактор и јакиот авто лизинг пазар, но и стандардот! еве една интересна статистика каде е наведено дека авто превозот на патници од 1995 до 2001 им е намален речиси дупло, што укажува дека сите оние патници кои изостануваат во јавниот патничкиот транспорт сега тераат со сопствен превоз, статистиката е на страна 5 табела 2 http://zgds.zrc-sazu.si/glasgow/23.pdf 

кај нас дури и да се комплетираат целосно и современо и К10 и К8 никогаш нема ни приближно да ја стигнеме Словенија статистички, сепак во вакви услови и на инфраструктурна, екосномска, но и политичка изолација, статистиките кај нас можам да кажам дека се и надпросечни!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Sep-2009 at 12:04

ги заборавив таљаните, не е мал и нивниот број на возила кои преку Словенија се упатуваат на исток, но не верувам дека особено влијаат на вкупната статистика!

патем, незнам како е во Љубљана, но во останатите градови па и малите ко Порторош, неретко секое семејство има по една кола за секој член! бар ваков абер имам од пријатели во Словенија...

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Sep-2009 at 12:04
@ pbanks

Да, првите 9 податоци се однесуваат за Љубљанскиот регион, иако не само за обиколницата, туку и од автопатите (5 на број правци) кои се сливаат во неа. Имаш во првиот столб вид на патот и тоа:

AC- автопат (highway)
HC -  expressway (хитра цеста)
G- државен (магистрален) пат
R - регионален пат
Како и во 6ти столб, име но и локација на бројното место со соодветните појаснувања:
AP - патарина
Obvoznica - обиколница и соодветните страни на светот, според обиколницата:
S -север , V- исток, Z-запад,  J-југ

@Max
Макс би те надополнил во се што напиша. Ако зборуваме за патнички возила, тогаш покрај домашните најголем дел имаат италијанските, средноевропските (Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка и Полска) па Хрватска, заедно со Бугарија, Романија, Босна и Германија. Доколку станува збор за товарни возила, тогаш дефинитивно први се Бугарија, Романија, Словачка и Полска, проследени со Хрватска и Босна.

Потоа би рекол дека овој податок е од годините на транзиција во Словенија, кога ниту се градеа патишта интензивно нити превозните претпријатија инвестираа во нови возила и инфраструктура. Верувам дека од тогаш до сега (а има огромен прогрес), патничкиот превоз е драстично зголемен, особено во средините околу големите градови. Инаку се сложувам дека стандардот игра голема улога во патничката раздвиженост, дотолку што за мене е главен показател за развиеноста на една земја.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Sep-2009 at 12:07
Да, имаат доста коли, но имаат и свест да се чуваат тие коли во гаража и да се употребува претежно јавниот транспорт и велосипеди. Дури има 4 автопати (не се завршени) за велосипеди LOL А ние што немаме статистики, сум без коментар....
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Sep-2009 at 15:00

еве нешто статистика, не дека нема само треба да се побара...

1. roads.org.mk/images/MK%20KARTA%20golema.jpg

2. roads.org.mk/prosek_na_soobrakaj.html

~

од следниов елаборат кој се однесува на транспортната инфраструктура на Преспанско- Охридскиот регион, на 21 страна има статистика за ПГДС во тој регион... www.kristibombol.com/uploads/proekti/Eksp.elaborat.pdf

а еве и подетална табела за обемот по категории. истата е извадена од скрипта за предметот Интегрален Транспорт од ТФБ. скриптава е прилично сеопфатна со корисни информации и анализи во однос на цел сообраќајен систем во Македонија www.tfb.edu.mk/files/rezultati/integralentransport.pdf




Edited by Max - 23-Sep-2009 at 15:16
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Sep-2009 at 15:17
Ама Макс, зарем ти викаш дека има како нема, за карти од пред 5-10 години? Па од кога знам за себе ја гледам оваа карта што ја има на страната на ФМРП. Белки би требало ова да се прави секоја година. Може и се прави, ама треба да се објавува и приказно и модерно да се претстави.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Sep-2009 at 15:43

е сега и ти преку леб погача Thumbs%20Up и ја би да институциите ни бидат педантни и професионални околу достапноста на информациите, но и на ова ниво на развој на институциитеза во однос на е-влада задоволен сум од достапните информации! во основа големи флуктуации на годишно ниво нема, приближно таа е бројката во период од пет години, освен ако не се пушти нешто ново пример ко К8 или пак балканскиот регион се стабилизира и интегрира во еу... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Sep-2009 at 17:03
Би било убаво да видиме колкав процент отпаѓа на странски возила на словенечките патишта но ода она што јас го имам видено таму словенечките таблици апсолутно доминираат и верувам дека тие самите го генерираат најголемиот дел од ПГДСто.

Овие информации кои ги извади Макс спрема мене не се информации. Апсолутно има динамика во ПГДСто и неможе а да не претпоставиме дека имало значаен напредок од 2004-2005 година навака но за жал неможе да знаеме за колку.

Доволно е човек да се потсети какве беа последиците на конфликтот 2001 пред се на патот Скопје-Охрид а особено на патот Скопје-Гостивар, и како сето тоа денеска изгледа за да е јасно како бел ден дека особено во изминатите неколку години има напредок на тоа поле. Можеби пројките кон Бугарија се немаат претерано изместено од тоа време но сите други делници иако мизерни верувам дека имале значаен раст.

Најчудно за мене е тоа што и на влезовите на Скопје автопатите вклучувајќи ја и обиколницата се прилично комотни, нешто што не сум видел во ниеден друг град од 200.000 жители па нагоре каде влезовите во градовите се секогаш претрупани со возила. Како доаѓа таа силна дневна миграција до/од Скопје не ми е јасно.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Sep-2009 at 17:23
Originally posted by Max

еве нешто статистика, не дека нема само треба да се побара...

1. roads.org.mk/images/MK%20KARTA%20golema.jpg

2. roads.org.mk/prosek_na_soobrakaj.html


Не дека не е побарана и регистрирана, само треба да се прочита нишката, ионака не е голема. Пост #4

Материјалите се прилично бескорисни, причините ги имам веќе искоментирано.



Originally posted by Max

е сега и ти преку леб погача Thumbs%20Up и ја би да институциите ни бидат педантни и професионални околу достапноста на информациите, но и на ова ниво на развој на институциитеза во однос на е-влада задоволен сум од достапните информации!

Aко нивото на развој на институциите ни е под косовското и го прифаќаме тоа, тогаш еве и јас сум задоволен.




Edited by Cloverstack - 23-Sep-2009 at 17:37
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Sep-2009 at 19:50

Previous

точките се наведени во контекст на нашата нетранспарентна статистика по нет, во спротивно сигурно ќе постирав фотката, додека поентата ми е за табелата затоа и истата ја постирав како слика!

инаку косово ја имаат ажурирано статистиката благодарение на кфор не дека нивните институции се опасно напредни Smile туку и кај нас може да се крене прагот на информираност, но некој треба да ги потпритисне со некој допис, може и официјално од форумов а може и преку медиуми да се пушти патка, па евентуално од срам да си ги оправат навиките! но се додека по институциите нема задолжително работно место информатичар, а не само канцеларија за односи со јавност, се до тогаш ќе чекаме некој да се смилува па заради некоја интерна потреба и да потпушти некој извештај...

во случајов најбитно е дека постои систем за евиденција и дека до податоци од истиот може да се дојде! а зошто истите не се ажурираат на нет редовно тоа е битна, но сосем друга работа! во случајов доколку стават rfid чипови по регистарските таблички (како што е по личните документи) ќе може и дневни листи да добиваме и тоа од секоја раскрсница во секој град, но ако јавноста не притиска околу транспарентноста, повикувајќи се на законот за слободно информирање, раководителите по службите и понатака ќе си клацкаат фотељите во празно... 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Sep-2009 at 20:22
Originally posted by Max

инаку косово ја имаат ажурирано статистиката благодарение на кфор не дека нивните институции се опасно напредни Smile
Ние сме шампиони во оправдувања и релативизирање на работите. Ама сепак факт е дека за Косово можам да најдам употребливи статистики, а за Македонија не можам, од тоа нема бегање.



Originally posted by Max


туку и кај нас може да се крене прагот на информираност, но некој треба да ги потпритисне со некој допис, може и официјално од форумов а може и преку медиуми да се пушти патка, па евентуално од срам да си ги оправат навиките!
Со допис тешко богами  ...лично искуство за слични работи. Со медиумски притисок можеби (само можеби), но каде се медиумите?
А дека по институциите од срам ќе си ги оправеле навиките, тоа е шега?



Originally posted by Max

во случајов најбитно е дека постои систем за евиденција и дека до податоци од истиот може да се дојде! а зошто истите не се ажурираат на нет редовно тоа е битна, но сосем друга работа! во случајов доколку стават rfid чипови по регистарските таблички (како што е по личните документи) ќе може и дневни листи да добиваме и тоа од секоја раскрсница во секој град, но ако јавноста не притиска околу транспарентноста, повикувајќи се на законот за слободно информирање, раководителите по службите и понатака ќе си клацкаат фотељите во празно... 
Не мора веднаш да одиме на технологија која за нашиве дебелоглавци е вселенска технологија. Опсежно и прецизно мерење на сообраќај може да се изведе и со други поедноставни технологии. А со оглед на некои нелогичности и во она малку што ни е презентирано, се прашувам колку квалитетно го прават и тоа малку.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.