build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А1] Табановце - Богородица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 06-Jun-2020 at 14:37
Дали има некој информација за реконструкцијата на автопатот околу Неготино? Знам дел се реконструираше од Демиркапија до ТЕЦ Неготино но остана уште едно многу лошо парче кое беше најавено за летово.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 06-Jun-2020 at 14:43
За летово имаше најава Велес-Неготино ако не сум грешка за обратниот правец не сум слушнал најава,мислев дека тоа парче ќе го опфатат со претходната реконструкција но го оставија...Имаше најава и за потегот околу Катланово кон Велес некаква реконструкција но сеуште нема ништо почнато.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 06-Jun-2020 at 18:54
Така е, најавата е дека ќе се рехабилитира делницата Велес - Градско - Неготино во должина од 25 км.

За Катланово - Велес најавата е за проширување со трета лента.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 07-Jun-2020 at 06:58
Најавата за трета лента е Петровец - Катланово и обратно, не Катланово - Велес.

Таа најава е од времето на Груевски ,но уште не ја добивме, мислам дека на излез од Катланово односно после тунелот имаше табла уште од 2016 за отпочнување на проектот.


Edited by daci92 - 07-Jun-2020 at 06:59
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 07-Jun-2020 at 10:52
Во право си, јас самиот сум го постирал тоа пред 3 месеци, ама згрешив синоќа при постирањето.

Originally posted by ironm

Со оглед на најновиот тендер за проширување на патот помеѓу Петровец и Катланово ја ажурирав мапата да прикажува дека тој дел е во градба. Знам дека уште не е во градба, ама да не правам маркетинг на сред политичка кампања за некоја недела Crazy Ако направив некоја грешка во приказот на делницата, поправете ме.

Едит: Претходните верзии за споредба можете да ги разгледате назад низ постовите или отворете на фликр налогот.

Автопати и експресни патишта v20200305 by ironm, on Flickr
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 07-Jun-2020 at 15:52
Не знам зошто упорно ги ставате на исто ниво Тетово - Гостивар и Миладиновци - Куманово со експресните патишта? Точно дека фали помошна лента на нив, но тие сепак се автопатишта, иако со помал стандард. Лично сум возел на автопат со само две ленти на Запад, а платив доста скапа патарина. Додуша растојанието без помошна лента не беше 30 км, туку околу 10 км и тоа поради неповолниот терен. Друга карактеристика поради која не може да ги изедначуваме е тоа што на експресните ќе има само по една возна лента во правец и по една помошна, додека на претходно споменатите делници сепак има по две возни ленти во правец. И на крај, експресните патишта ќсе планира да бидат бесплатни, нема да се наплаќа патарина.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 07-Jun-2020 at 16:14
Само затоа што некој ни кажал дека се автопати, не значи дека навистина се. Во едно не така минато време ни кажаа дека Велес - Кадрифаково е експресен пат, па сега сите така го нарекуваме.

Уште кога ја објавив првата верзија од мапава лани имаше дискусија за истото, можеме и сега да дискутираме и да направам промена само да го правиме тоа во соодветната тема. Поентата беше дека мора да се обележат поразлично бидејќи ни самата држава не го смета Тетово - Гостивар за автопат, па зошто ние би го сметале (тоа што наплаќаат не е никакво мерило).

Се согласувам дека вака делува дека се на исто рамниште, но идејата беше да не се воведуваат премногу варијанти иако можеби треба. Тетово - Гостивар и Велес - Кадрифаково имаат ист број на ленти. Точно е дека на првиот дозволено е да се вози на 4 ленти, а на другиот само на 2 (иако во пракса се вози на 4).

Можеби можам да воведам нешто како автопат прва категорија и втора категорија, делниците со две ленти да се втора категорија, па така ќе има и разлика со експресните. Во секој случај мораме да ги разликуваме бидејќи во спротивно зошто би се правело upgrade на Петровец - Катланово (постот погоре) и како би го означиле тоа ако претходно биле исто обележани?
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 07-Jun-2020 at 17:14
Па најголемата разлика меѓу автопат и останатите меѓу кои и експресен е таа што кај автопатот спротивните насоки на движење се физички одвоени.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Online
Posts: 175
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 07-Jun-2020 at 17:29
Има и експресни патишта кои што се исто така физички одвоени. 90% од експресните патишта во Бугарија се така. Ретко каде да најдеш експресен пат кој што е профил 2+2, во вид на Булевар, или пак 1+1 /1+1 како што прават кај нас.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 07-Jun-2020 at 18:12
Originally posted by Bistro

Па најголемата разлика меѓу автопат и останатите меѓу кои и експресен е таа што кај автопатот спротивните насоки на движење се физички одвоени.

Не би се согласил дека тоа е најголемата разлика, има улога и ширина на ленти, број на ленти, степен на искачување/спуштање, кривини, дозволена брзина, помош на пат, итн. Ако најголемата разлика е физичко одвојување на лентите, тогаш по теркот на Тетово - Гостивар (кој нели ни го продаваат како автопат) да ставиме бетонски прегради на Велес - Кадрифаково и имаме нов автопат.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Online
Posts: 175
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 07-Jun-2020 at 21:57
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 08-Jun-2020 at 14:30
Originally posted by ironm

Само затоа што некој ни кажал дека се автопати, не значи дека навистина се. Во едно не така минато време ни кажаа дека Велес - Кадрифаково е експресен пат, па сега сите така го нарекуваме.

Остај тоа политичарите што ни го кажуваат, немаме сите розови цвикери како нив, но мислам дека се согласуваме повеќето тука за дефиницијата за експресен пат. Конфигурација слична (но не иста) како за автопат во смисла на косини, успони, ширина, клучки задолжителни, раскрсници никако. Поголема разлика е тоа што ќе има по една возна лента во правец и по една за застанување. Да, поправилно би било да ги ставиш во две автопатски категории, отколку да ги изедначуваш со експресните (иако многу подобро ќе беше да потрошеа уште некој тон асфалт и да добиевме по 2 возни ленти, па како сакат нека го нарекуваат после). Бистро постојат супермодерни автопати со по 6 ленти, а одвоени само со бетонски плочи или метални банкини, неодвоени физички со зелен појас. Баш поради тој факт и ги градат овие експресни патишта, за да може во иднина да се надградат во автопатишта.

Edited by Marxentric - 08-Jun-2020 at 14:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.