build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А1] Табановце - Богородица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [А1] Табановце - Богородица
    Posted: 25-Jun-2008 at 08:00


- Посебна нишка за реконструкцијата на мостовите на М-1:  http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26

- Посебна нишка за надградбата на делницата Куманово-Табановце:  http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=649

- Посебна нишка за изградба на делницата Демир Капија - Смоквица: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1235





Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 07:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Jun-2008 at 08:00
Патниот правец М-1 се протега од границата со Србија кај преминот Табановце, покрај Куманово, Миладиновци, Петровец, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, до границата со Грција кај преминот Богородица.
Моменталната должина изнесува 178km во правец кон југ и 173km кон север. Разликата од 5km произлегува од различните траси помеѓу Катланово и Велес. Со изградба на автопат на делницата од Д.Капија до Смоквица по десната страна од вардар, должината би се скратила за дополнителни ~5km. Значи некоја пожелна финална траса на М-1 би изнесувала околу 168km.

М-1 е дел од е-мрежата на патишта и по целата своја должина се поклопува со Е75. Исто така по целата своја должина се поклопува со пан-европскиот коридор 10.

М-1 би требало во блиска иднина да се докомплетира како автопат по целата должина. Моментално фалат делниците Куманово-Табановце која е во изградба и Д.Капија-Смоквица која повеќепати се одложуваше. Исто така М-1 нема да биде конечно готов се додека не се дуплира трасата Велес --> Катланово и таму да се добие класичен автопат, а сегашната траса Катланово --> Велес да се „додели“ на алтернативниот Р-103.




Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 03:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Jul-2008 at 22:25
Две фотки од кај клисурата




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Oct-2008 at 00:06
Од mtc.gov.mk

Соопштение до јавноста - 24.10.2008

Почитувани,

 

Ве информираме дека заврши акцијата за хортикултурно облагородување на Коридорот 10 на патниот правец М-1, на потегот од надпатникот кај месноста Прдејци до граничниот премин „Богородица“ на границата со Република Грција, каде беа посадени вкупно 6.095 садници од олеандри во вкупна должина од 6.600 километри. Садниците од видот Nerium Oleander се поставени на средишниот зелен појас на патниот правец М-1. Исто така, изведени се и работите за поставување на систем за автоматско наводнување и заштита на растенијата.

 

Озеленувањето на патиштата со цел заштита на животната средина е во насока на доближување до стандардите на Европската Унија за неутрализирање на издувните гасови кои произлегуваат од возилата долж автопатите. Токму затоа, при поставувањето на олеандрите се искористени позитивните искуства на земјите членки во Европската Унија.


Она 6.600 километри ваљда треба да значи 6,6 километри Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Oct-2008 at 00:35
Да бе Кловер јас прееска прочитав ама се брзав па си викам ај вечер ќе прекопирам, ама еве ти си завршил работа. Баш ми се свиѓаат леандрите како хортикултурно решение на автопатите. Имавме можност да ги видиме тие низ грција (сеуште имаме), еве сега и кај нас. Добро е што ќе се добие еден континуитет. Стварно се облагодорувачко решение за патиштата. Се надевам дека нема ова да биде уникатен случај и ќе продолжи во иднина.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Feb-2009 at 00:21
Од Смоквица до Гевгелија ќе замирисаат олеандри


По примерот на автопатот од граничниот премин Евзони до Солун, каде по целата должина има заседено олеандри, Македонски шуми планира слично разубавување и на македонскиот дел од Коридорот 10


ЈП Македонски шуми ќе ни ја разубавува државата. Освен традиционалното масовно пошумување на голините, од ова ЈП најавуваат засадување на украсни садници на влезовите и излезите на сите градови, а зеленило ќе има и околу автопатиштата. Директорот на Македонски шуми, Владимир Бахчовановски, вели дека се во преговори со ЈП Македонија пат за реализација на оваа идеја.
- Кога патувате во градовите од соседните држави се забележува дека на влезот и на излезот има многу зеленило што е фина глетка за луѓето кои доаѓаат во градот. Со Македонија пат сме во преговори за слична акција за пошумување на местата во влезот и на излезот во секој македонски град. Пошумувањето ќе биде со различен вид на садници што би одговарале на конфигурацијата на теренот. Планираме пошумувањето да биде според системот "капка по капка" за да можат садниците да се зафатат - вели Бахчовановски.

По примерот на автопатот од граничниот премин Евзони до Солун, каде по целата должина има заседено олеандри, Македонски шуми планира слично разубавување и на македонскиот дел од Коридорот 10.
- Во преговори сме за потегот од Смоквица до Гевгелија да го пошумиме со олеандри. Таму каде што дозволува теренот, олеандрите ќе бидат засадени во средината на автопатот, а некаде и покрај патот - нагласува Бахчовановски.

Годинава ќе се пошумат и пределите каде не можат да виреат автохтони дрва, како чемпрес, црн и бел бор, бреза и слично. Такви предели има околу Неготино и Свети Николе и уште неколку места каде останале неуспешни неколкуте обиди да се зазеленат.
- Почвата и влажноста на воздухот на овие места не дозволуваат ваков тип на садници. Ќе се обидеме да ги пошумиме таквите предели со различни видови кактуси и со алое вера од Анталија. Освен што би изгледало убаво на таков терен, понатаму тие дрва би можеле и комерцијално да се искористат - додава Бахчовановски.

Тој најавува и за годинава успешно спроведување на акцијата Ден на дрвото.
- Владата зацрта стратегија да пошумуваме 10 милиони садници во март и исто толку во октомври. За сите овие потфати ни требаат многу садници. Инвестиравме во нашите расадници и го зголемивме процентот на произведени контејнерски садници. Отвораме три нови расадници и годинава планираме да произведеме од 20 до 30 милиони садници - вели Бахчовановски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=73368E9FDA322548BAC4A3A286E5F83C
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Feb-2009 at 18:57

Е ама олеандри има во Грција колку што има маслинки во Македонија!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Jun-2009 at 10:00

репортажа од ударниот сообраЌаен коридор на македониЈа со славно име и неславен изглед

Александар Велики со дупки велики

Центарот на Балканот и крстосницата на овој дел од Европа е овде во Македонија... Така зборуваат нашите политичари и геостратези. Ако е така, дали ние тоа доволно го искористуваме и дали со нашата патна инфраструктура одговараме на тој предизвик? Со еднодневно возење по ударниот наш коридор со кој се гордееме, а сега има и ново име, автопат Александар Македонски, побаравме одговор на ова прашање.

Само што излеговме од Скопје веднаш грда слика: на кратко растојание неколку животни лежат на патот буквално распарчени. Заштитната мрежа што треба да нуди безбедно возење е испокината. Потоа и на сите патарини наидовме на кучиња-скитници. Веднаш по одминување на Куманово налетав на човек што го претрчуваше автопатот. За малку ќе излетав од патот обидувајќи се да го избегнам. Возев 130 километри на час - вели белграѓанец.Втората покрупна грда слика беше веќе кај Катланово. Убаво осмислениот ресторан „Македонија“ сместен на самиот раб од патот не само што не работи туку е уништен и обраснат со високи треви. Нем сведок за состојбата во државата, која засилено се рекламира како туристичка дестинација.

Уште пострашно е на средина од патот кон Велес, каде што е единствениот паркинг што се издвојува од коловозот. Раководството на „Македонијапат“ тука треба да остави мачети за намерникот (како во прашумите) да почне да ги сече високите треви и испреплетени стебла ако сака да стигне до клупите и масите за седење. За подобар имиџ, оваа организација, која со години собира патарини, треба да остави и неколку антиотровни серуми оти „врие“ од змии, но и по некоја штипка за нос оти ѓубрето смрди неиздржливо. Побегнавме што е можно побрзо, како што сигурно прават и сите други што застанале на ова место.

По долго возење по дупки и нерамнини, вистинско освежување е глетката по Велес, каде од височинка се гледа голем комплекс со мотел и други згради околу него. Ама и тука остануваме со стариот имиџ: се' е напуштено, нема ниту луѓе ниту автомобили. Единствениот човек, кога не' забележам со недоверица се оддалечуваше од нас. Го прашуваме дали е тука вработен, а тој забрза со чекорот. Од единствениот автомобил, кој имаше унгарски таблички излезе жена со одбранбен став. Тоа не' натера да сфатиме дека се исплашени. А како и не би биле кога толкав простор покрај најпрометната сообраќајница е сосема напуштен и без луѓе. Се преставивме.

- Што се случува овде, зошто ова е празно и запуштено - веднаш не' праша средовечната жена. Не стигнавме ниту да смислиме одговор со кој нема да ја „кодошиме“ нашата држава, таа ни поставува потпрашање: „Да не е ова последица од војната што ја имавте пред осум години?“. Некои прашања навистина не заслужуваат одговор. Објаснувавме, сепак, дека е транзицијата и слични приказни...

- Па како е можно, ова беше прекрасно место. Зошто не е приватно - не прашуваа двајцата повикувајќи не' да ни покажат каде во 1989 година кампувале зад мотелот. „Ве жалиме, навистина ве жалиме“, беа зборовите што цело време ги споменуваа додека евоцираа спомени. Жалевме и ние слушајки дека нашите патишта пред 20 години биле пример за Унгарците. Жалевме и од сознанието дека во тоа време за Грција тие оделе со „трабант“, а сега гледавме дека се со нов тип на „пасат“.

Со носталгија по младоста средовечниот пар остана уште малку да се потсетува на некоганите времиња, а ние поради нелагодноста побрзавме да заминеме. Во погледот им се гледаше дека со жалење не' отпоздравуваат. Како утеха, блиску до мотелот се прави царински терминал, а и бензинската пумпа е добро снабдена. Беше застанат грчки автобус со спортисти.

- Овде застанувам секогаш оти е единственото место каде што може да се купи сок или вода - вели возачот на грчки автобус.

Кај Демир Капија пак налетавме на напуштен комплекс и бензинска пумпа. Јасно видлива чешма и вода единствено има во клисурата помеѓу Скопје и Велес кај црквичето направено од верници. Дел од нив сега чека Бог да им се реваншира со по некој турист што ќе застане и ќе купи скромно сувенирче од скромните тезги. Земските богови од „Македонијапат“ местото ниту го обележале пристојно.

Обележувањето и знаците се уште една од многуте грди (но, пред се', ризични за живот) слики на нашиот автопат. Сообраќајните знаци што не се скриени од тревата се преполовени или турнати. Некои се нелогични или не се отстранети од времето кога пред две години поради поправки се возеше двонасочно. На многу места големите стрелки на асфалтот се недоизбришани.

- Возев по еднонасочен пат и наеднаш гледам стрелки за спротивен правец. Се скаменив и застанав, но потоа набљудувајки сфатив дека не сум јас грешка, туку други не си ја завршиле работата - иронично ни вели еден дански камионџија.

Ние налетавме на стрелките кои ако ги следиш насочуваат да се мавнеш во челичната ограда. На некои места тревата почнала да пробива дури и од под асфалтот и ги прекриваше автознаците. Позади еден таков џбун се беа скриле полицајци и мереа брзини на автомобилите со радарот.

По она што ние го искусивме, огромните дупки (длабоки и десетици сантиметри) по автопатот многу повеќе дејствуваат превентивно отколку самите сообраќајци.„Автопатот слободно може да се преименува од Александар Велики во ‘Дупки Велики’, вели во писмото до редакцијата револтиран читател, потпишан како Ангелко Ангелески. Вакви се забелешките на секој што го прашавме за тоа како го оценува автопатот. Никој не му даде повеќе од „двојка“.

- Ставаат многу неквалитетен асфалт, кој тешките камиони го набраздуваат за кратко време. Кој не го познава патот, а вози брзо може овде и живот да остави - вели скопјанец.А тешките камиони всушност и се најприсутни на патот. Неизбежен „декор“ се и долгите колони на воени дури и борбени возила на КФОР. И во двата правца сретнавме по еден конвој и тоа со развиорени грчки знамиња. Нормално, на патарина само пролетаа. За нас тоа е автопатот Алекесандар Македонски, за нив тоа е само патот Е-75 како што го обележуваат во Европа... Но, како и да е, се' додека имињата на патиштата ни се поважни од нивниот квалитет, многу, многу километри ќе не' делат од Европа.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=64FA52FFB102894D9719F930FA8E020A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Jul-2009 at 11:16
Тунелот кај Катланово пак во мрак

Тунелот на смртта кај Катланово е осветлен само до половина. Веќе неколку дена од влезот до средината на тунелот не свети ниту една светилка, а во ЈП "Македонија пат" кои се одговорни за негово одржување завчера прв пат слушнаа за дефектот, а вчера уште го немаа поправено.
"Во тунелот има проблем со еден дел од инсталацијата и дефектот ќе се поправи деновиве. За да работиме во тунелот потребна ни е асистенција од полиција, која деновиве не може да ни одговори на барањето поради ангажираност на други работни задачи. Се надевам дека до крајот на неделата сите светилки ќе засветат во тунелот. Но како и да е подобро е половина да свети, отколку воопшто да не свети", вели Борче Сарџовски, директор на подружницата автопатишта Скопје во ЈП "Македонија пат".
Катлановскиот тунел речиси секој втор ден е без светло. Надлежните од ЈП "Македонија пат" објаснуваат дека најчесто тунелот останува без светло поради чести прекини во снабдувањето со струја или проблеми со дотрајаната инсталација.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C9CF8607917C834A9D071D4A072804D2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jul-2009 at 12:46
Колку опуштен пристап имаат надлежните за овој проблем...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jul-2009 at 01:40
Еве една серија фотки од Велес кон Градско (август 2007)

1


2


3


4


5


6


7


8


9
Излезот за Р-106



Edited by Cloverstack - 28-Jul-2009 at 01:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Jul-2009 at 01:46

Еве и во обратен правец, од Градско кон Велес (исто август 2007)



1


2


3


4


5


6


7
Ова е голем надвозник кај Вимчани под кој поминуваат автопатот, патот Р-103 и пругата


8


9


10



Edited by Cloverstack - 28-Jul-2009 at 01:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Jul-2009 at 01:48
11


12


13


14


15


16


17

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Jul-2009 at 00:44
Во иднина кога старата делница Катланово-Велес ќе се префрли да биде дел од Р-103 и кога ќе се изгради новата делница Катланово-Велес како одприлика би изгледала клучката кај Велес. Вероватно ќе остане една кратка "мртва делница". Кловер ќе можеш ли да направиш две скици, едната што ќе ги опфаќа поврзувањата во поширок план од Отовица до клучката после ридот Св. Илија ( 41°40'49.61"N 21°49'37.05"E), а другата скица директно од клучката. Ме бунат неколку поврзувања. Каква треба да биде клучката Отовица кога ќе се изгради цела?! Има еден пат од Велес до Велешко езеро, дали е тој пат дел од Р-ххх мрежата?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Jul-2009 at 06:07

Тешко е прецизно да се предвиди како ќе изгледа целата ситуација, бидејќи во моментов има многу променливи. Ќе беше од корист барем да го имавме ГУП Велес... Но ајде да се обидеме.

Исто така тешко е да се изолира муабетот на М-1, па ќе ја земам цела околина на Велес.


За да нема забуни, условно ќе им дадам вакви имиња на овие клучки:

41°46'26.41"N  21°46'14.55"E  - клучка Отовица
41°45'31.43"N  21°45'54.80"E  - клучка Велес север   
41°43'43.28"N  21°47'31.30"E  - клучка Велес исток   
41°40'48.51"N  21°49'41.47"E  - клучка Велес југ   
41°42'29.29"N  21°44'34.56"E  - клучка Велес запад   
Исто така мислам дека обавезно ќе има уште една клучка во непосредна близина на Велес, веројатно некаде јужно од Горно Оризари, но да збориме за детали за нејзе би било тотално нагаѓање.


Клучката Отовица би била на некој начин централна точка во државава. Добро би дошол ваков Кловерстак (1/4 детелинка). Нормално ова е чисто груба шема од сообраќаен аспект, а за конечната форма на клучката, дури и ако е од овој тип, сепак има да се земат во предвид уште редица фактори.
1




Доколку по секоја цена се истурка нелогичната автопатска врска Миладиновци-Штип, тогаш Отовица ќе изгуби дел од своето значење и ќе може да се редуцира на 2/4 детелинка:
2


Клучката Отовица може и понатаму да се редуцира, но не би било пожелно.



Клучката Велес исток веројатно би претрпела мала модификација со изградба на нов излез од тогаш новиот автопат, а сегашнава траса би се интегрирала во велешката мрежа. Но веројатно би останала клучка од ист тип. Еве една опција:
3




Клучката Велес север очигледно ќе биде „труба“, а друг логичен избор не ни има. Важно е перформансите на рампите Скопје-Велес и обратно да бидат „на ниво“.

Клучката Велес запад ми се чини дека уште недоградена, а можеби веќе е надмината. Не сум сигурен дека ќе е прикладна за улогата која ќе треба да ја игра. Доколку не може да се носи со потребите, можни се повеќе опции за не премногу скапо надоградување.

Клучката Велес југ би останала непроменета.

Баш ме интересира како ќе се реши ситуацијата овде:   41°44'52.96"N  21°46'7.83"E
(тука ќе поминува главниот излез од автопатот од правец на Скопје, па не ќе може да се остави вака)
Вака на прв поглед ми изгледа дека доаѓа во предвид клучка со кружен тек, каде спомнатиот главен правец би бил денивелиран, а останатите би се сретнувале во кружниот тек.

Инаку клучката Велес исток и делниците кои ќе изгубат од значење сепак ќе останат како корисни конекции особено во полза на локалните потреби, а и поширокото значење не треба да се потценува поради стратешката сообраќајна положба на Велес, па и малку предимензионирана инфраструктура не ќе е на одмет. Исто така ќе овозможат подлога за изградба и развој во нивна близина и просторна и економска експанзија на Велес.



А патот што води до Велешко езеро понатака продолжува накај Катланово и моментално тој е класифициран како Р-103, но којзнае дали ќе остане дел од Р-мрежата кога Р-103 ќе се префрли на сегашната импровизирана автопатска делница Катланово --> Велес.



Edited by Cloverstack - 30-Jul-2009 at 13:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Aug-2009 at 19:46
Петровец - Демир Капија (фотки на пбанкс од април 2007)


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Aug-2009 at 19:48
11


12


13


14


15


16


17


18


19


20

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Aug-2009 at 19:49
21


22


23


24


25


26


27


28


29


30

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Aug-2009 at 19:50
31


32


33


34


35

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Aug-2009 at 04:06
Приметив нешто на клучката кај Велес. Погоре кога дискутиравме како во иднина ќе изгледа оваа клучка Кловер мислам дека направи некоја грешка со скиците. Сега кога ја приметив оваа работа дополнително ми е мутно како уствари во иднина треба да изгледа ова чудо.



Јасно се гледа дека тука на оваа клучка еден крак не е дограден, односно нема ни логика за негова изградба се додека делницата Катланово-Велес се користи како делница од автопат. Со нејзиното префрлување под регионалниот пат тогаш веќе има голема логика за овој неизграден крак (иден крак Штип --> Скопје). Но пак сега ми останува дилема, како комплетно ќе ја поврзене регионалната патна мрежа со автопатот, кога ќе фали дополнителен крак за исклучување доаѓајќи од правец на Скопје. Кловер погоре скицираше нешто доста "измасирано" за што се сомневам дека така ќе изгледа.

Највероватна ми е идејата дека тука во иднина ќе се формира некој de facto кружен тек, односно раскрница која барем така ќе функционира на тој приницип и во тој кружен тек ќе се вливаат пристапните краци од автопатот, регионалните и четири регионални патишта, односно регионалната патна мрежа од правецците Скопје, Велес, Градско и Штип. Голема е веројатноста тој de facto кружен тек на делови и да не биде кружен ток па да се вози двосмерно (правецот Штип-Велес).

Исто така со изградбата на оној предходно споменатиот крак што фали (на сликата) дополнително ќе се создаде конфликтна точка (точката од страна на Штип на горната слика).

И трета работа кога делницата Катланово-Велес ќе се предаде на регионалниот пат се повеќе ми изгледа дека всушност планирано е регионалниот пат да продолжи паралелно со автопатот некаде одприлика до после ридот Св. Илија (41°41'58.16"N 21°49'12.37"E), каде што од тука продолжува по долот (има ваљда некоја мала река) се до реката Вардар каде што со преку мост треба да се спои со вториот дел од истиот регионален пат и да се формира оваа засега нелогична раскрсница (41°40'58.39"N 21°49'22.23"E).

Сепак морам да заклучам дека во недостаток од матерјали принудени ме ете вака да се чудиме и да на нагаѓаме!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.