build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А1] Табановце - Богородица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Aug-2009 at 04:51
Интересна работа си приметил. Не ми текнува некоја посигурна комбинација како би се вклопила... Како што кажав и во претходниот пост, можеме само да нагаѓаме.




И трета работа кога делницата Катланово-Велес ќе се предаде на регионалниот пат се повеќе ми изгледа дека всушност планирано е регионалниот пат да продолжи паралелно со автопатот некаде одприлика до после ридот Св. Илија (41°41'58.16"N 21°49'12.37"E), каде што од тука продолжува по долот (има ваљда некоја мала река) се до реката Вардар каде што со преку мост треба да се спои со вториот дел од истиот регионален пат и да се формира оваа засега нелогична раскрсница (41°40'58.39"N 21°49'22.23"E).

Ова не ми изгледа многу веројатно, бидејќи делницава што ја посочуваш не поврзува ништо значајно, а со оглед на топографијата би била скап зафат.

Дополнително, за Р-патиштата е нормално да поминуваат низ населени места, а не да се дуплираат со автопатски обиколници.

Конечно, крстосницата не е воопшто нелогична со оглед на тоа дека целиот сообраќаен јазол е направен за стариот пат да се прилагоди на новиот автопат. Да не забораваме дека „главен“ е М-1 и неговите клучки, а Р-103 е неспоредливо помалку важен и во голема мерка само алтернативен пат на М-1.
Плус тоа зошто тространо вкрстување ти изгледа нелогично и по секоја цена би му носел нов пат за да се направи четворострано?


Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 04:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Aug-2009 at 05:06
Воопшто не изгледа нелогично! Ај па еве колку села ќе поврзува идниот регионален пат Катланово-Велес. Пак не многу. Башка тие регионални патичка се не само за населени мести. Обично се двигател на економијата. Ниви, мали фабрики, па и поголеми, возила што не се баш за на автопат, па донекаде и алтернатива на автопатот. Топографијата е многу логична и нема воопшто големи интервенции. А за раскрснициата, дефинитивно нема да ми биде ништо нелогично да се работи за некоја друга раскрсница со три краци, но оваа конкретнава дефинитвно чека четврта страна.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Aug-2009 at 06:39
lsl, ептен далеку забега и ги испомеша работите.

Катланово-Велес нема да се гради допрва, тој си постои и само ќе му биде сменета категоријата во Р-пат кога автопатот ќе се дооформи.
А ова што ти го замисли е сосема нова делница од околу 7 километри која има неколку моменти кои значително ќе ја поскапат цената:
- комплицирање на ситуацијата кај постојната клучка за Велес и потреба од поголема инвестиција кога ќе редизајнира клучката во функција на дооформениот автопат
- после тоа вијадукт долг околу 300 метри
- после треба да се справиш со ридот Св. Илија во должина од над 600 метри
- на крај ти треба мост преку долината на Вардар, а погледни ја топографијата за каде што си намислил да се прави спојка, таму премостувањето би било и поголемо отколку она на автопатот (ти треба премостување од над 400 метри)

И сето ова без некоја јасно изразена функција. За ниви си има што и како и е вон памет да се поврзуваат на ваков начин. За фабрики, во велешкиот регион има цел куп многу пологични локации, а ќе има и уште многу повеќе кога ќе се реализираат извесните планови за патната мрежа. Алтернатива на автопатот исто така не држи, бидејќи алтернатива на тој сегмент веќе има и е конзистентна со тоа како е постапувано во слични случаи. Не е ни логично алтернативите да се прават толку атрактивни за избегнување на патарина.


Конечно, зошто баш онаа конкретна крстосница дефинитивно чекала четврта страна  Question


Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 06:44
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Aug-2009 at 11:03
Ги гледам сликиве од pbanks,како во некоја зона на самракот да се најдува,празно пусто како зомби да го изеле народов па нема никој.Big%20smile

Не знам во кој дел на денот е возено но не изгледа оптимистично,но како и да е од тогаш поминале две години се надевам дека сега е подобро и пораздвижено.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Aug-2009 at 17:49
Неколку лоши слики, сликани од автобус во движење од околината на Демир Капија.






Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Aug-2009 at 15:56


Ова е типичен пример како не треба да изгледа репортажа за автопат! Ако е целта на "репортажава" да биде редовна невна доза плукање по државата тогаш ок, но ако е целта автопатот тогаш ни од далеку не е добра. Започнува со кафулињата на табановце кои наводно биле скапи и ништо друго од табановце нема! Како да тука само скапотија во кафулиња има, а граничниот премин ни под разно да го евидентира. Се градел автопат, ајде ок. Зашто не обрна ни малку внимание на делницата демир-капија смоквица и да напомене дека не е автопат?! Зашто освен дупките на Велес-Скопје не се потруди да каже дека и тука автопатот не тој што треба да биде?! Зашто катадневно а1 со дрва и камења мава по т.н. "антиквизација", а сега античкиот локалитет стоби и пристапот до него преку ноќ им стана врвен државен интерес?! Контрадикторност! И ако немаш што да кажеш прашај граќани и толку! Џабе ги возеле 400 километри! И на крајот репортажата завршува со тие фамозни "странци"-"златни рипки" што ние тука ги чекаме како со рибарска мрежа да ни фрлат по 3 евра!


Edited by lslcrew - 16-Aug-2009 at 15:56
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Aug-2009 at 17:21
@lsl

не дека не може да се направи и подобра репортажа но не знам што толку те испровоцирало.

- Дали по автопатот нема доволно содржини? Нема
- Дали автопатот е добро означен? Не е
- Дали автопатот е во лоша состојба? Е
- Дали ги користиме странците кои проаѓаат низ Македонија? Не


Мислам човек не треба да отиде подалеку од Србија да увиди во каква лоша состојба ни се патиштата по сите параметри.

Е сега. Кон кого треба да биде усмерена критиката тоа е веќе друга тема. Па не е владата магионичар. Неможе таа да гради бензински пумпи и одморишта. А кога ќе ги има сигурно ќе застануваат независно што низ Македонија имаат само 200км за транзит.

Токму кај Стоби треба да биде и главното одмориште спрема мене. Многу малку луѓе ќе се з'гнат да кочат и вртат само за да видат археологија. Ова е ако зборуваме за помасовен туризам. Тие што ја сакаат археологијата ќе застанат макар и немало знак и паркинг.

Зошто ете нема еден ресторан на устието меѓу Вардар и Црна? Веднаш тука има и железничка станица, сите ѕвезди за успешна приказна им се наклонети, само треба некој тоа да го изигра.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Aug-2009 at 17:29
Све е тоа точно што наброја! Но постои многу подобар начин ада се опсервира состојбата на автопатот макар и во скратено време како да речеме 5 минути. Ова што е горе не е репортажа, тоа ми е муабетот, а во однос на содржините има милијарда идеи!


Е сега доколку конректно зборуваме за идеите, може многу повеќе да се направи на патов, а пред се да се олабави малку строгоста со тој заштитен појас околу автопатите што излага ндека е многу повеќе пречка одколку напредок. Идејата со Црна ти е добра, може и со Пчиња и донекаде со Брегалница.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Aug-2009 at 17:59
За кој заштитен појас зборуваш околу автопатите?

Инаку не би се расфрлал со копи-пејст на идејата за устието Црна-Вардар од повеќе причини. Но главна е дека не треба да целиме да правиме повеќе генерички комплекси туку оние што ќе ги градиме да имат смисла. Смислата кај Стоби ја гледам во целиот пакет.

- големо одмориште (со сите нишани, бензински, ресторанче, продавниче итн...)
- евентуално автокамп, секако не голем
- Стоби кое е веќе тука и е релативно средено
- ресторанче на устието Црна-Вардар

За почеток, спрема мене полна капа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 17-Aug-2009 at 05:04
Има некои заштитен појан мислам дека е 50 или 150 метри па за било какви активност не е доволен само ДУП и дозвола од општина туку и дополнитечни прецедури преку министерство за транспорт и врски!

Ја би додал и енотеки штандови или евентуално некои мали дуќани поради самата локација која меѓу другото е и центарот на повардарието!

Edited by lslcrew - 17-Aug-2009 at 05:05
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 17-Aug-2009 at 23:28


1


2


3


4 пробував крпениците да ги фатам Big%20smile


5


6


7


8






Edited by Cloverstack - 18-Aug-2009 at 01:03
Back to Top
коцани View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Apr-2010
Location: kocani
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote коцани Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Apr-2010 at 18:08
Здраво на сите !

Се со глацувам со Islcrew  за репортажата на А1 со тоа укажуваат на граганите да не возат на тој пат..
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-May-2010 at 16:18

Од автопатот Александар Велики само името е велико

Мишко Иванов Коментари (15)   
25.05.2010 19:17
 

 

Дупки и крпеници - ова е сликата со најголем дел од магистралните патишта низ земјата. Инвестиции во инфраструктурата речиси и да нема, иако беа најавени.

Автопатот Велес - Скопје, се наоѓа во очајна состојба.

„Гледај дупки, катастрофа, џабе пари ни земаат“, вели граѓанин.

Оваа магистарала, ја снимивме и во 2008 година. Денес затекнавме уште полоша слика. Дупките се претвораат во кратери.

За овој автопат граѓаните плаќаат патарина, но се револтирани велат како да возиме по црн пат.

„Катастрофа е, треба да се реновира, дупки има многу“,

- Никако ги искршивме возилата, а патарините скапи“,

- Ако се рачуна ова дека е автопат и што плаќаме патарини мислам дека е џабе што плаќаме“, рекоа граѓани.

5 нивоа имаат критериумите на Светска банка за состојбата на патиштата. Многу добра, ако на патиштата има од 0 до 1 ударна дупка на 1 км, добра од 1 до 3 дупки, средна од 3 - 4, лоша од 4 - 5 дупки и многу лоша, ако на патиштата има над 5 ударни дупки на 1км. Според овие критериуми автопатот Велес - Скопје е во многу лоша состојба.

Автопатот Велес - Скопје сепак е дел од коридорот 10, ја поврзува Македонија со Европа. Има големо име, Александар Велики. Но, изгледа на оваа магистрала само името е големо. Се друго, особено патот само што не заличел од времето на Александар Македонски.

На магистралата Битола - Ресен зимава, свлечиште овде однесе две коловозни ленти. Пропаднаа до еден метар длабочина.

„5 души да застанат за една недела ќе го направат“,

- Таму не е чепнато ништо, како што стоеше така и остана“, велат граѓани.

Делницата Битола - Ресен се уште не се користи, освен на сопствен ризик. Сега сообраќајот е пренасочен по стариот пат. Екипи на терен за да го санираат овој магистрален пат, не регистриравме. Во ваква состојба оваа делница стои уште од февруари.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123529
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Jun-2010 at 00:23
Еве еден годинешен српски „патепис“ за М-1




Edited by Cloverstack - 30-Jun-2010 at 00:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Jun-2010 at 10:05
Супер им е репортажава секоја година ја прават, ако ги има и старите епизоди на ЈуТјуб може да се извадат доста интересни информации за оваа делница.

Неверојатно дека имаме најефтин бензин, изгледа сум се одвикнал од таква комбинација Cheers


Edited by pbanks - 30-Jun-2010 at 10:05
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-Jul-2010 at 10:24
 
Dobra emisija bese, samo cudno mi padna sto tolku spomnuvaa dali ima plin vo benzinskite kao demek edna imala a drugata nemala.
 
Vo Grcija sea go kacija gorivoto i plus ddv tamu e sega ogan i plamen.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Jul-2010 at 14:42
za avtoplin spomnuvaa i minatite godini
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Jul-2010 at 05:52

Што нуди автопатот од Табановце до Богородица за транзит- туристите?

Македонија транзитна дестинација. Од Табановце на север, до Богородица на југ. Секое лето со години фреквенцијата на автопатот двојно се зголемува, но условите со децении остануваа исти. Минимални речиси никакви.

Екипата на Канал 5 извозе дел од автопатот од Куманово до Гевгелија. Нема јавни тоалети, нема пријатни места поред автопатот ако сте принудени да застанете. Нема ниту говорници, за да побарате помош.

Анкетиравме неколку македонските гастарбајтери.

- Нема каде да се застане по патот. Одиме за Струга и ќе застанаме на Стража, вели Македонец кој работи во странство.

- Ќе застанем да се напиеме кафе, ако има каде, вели друг нашинец.

- Патиштата во Македонија се речиси исти како во Швајцарија, вели уште еден Македонец што работи надвор.

Зголемената фреквенција не е изненадување, тоа е очекуван и пресметан прилив од патарини во земјата. Така е секоја година. Долж коридорот 10, дневно вообиаено минуваат околу 4000 возила во еден правец. Сега во екот на летото фрекфенцијата е двојна. По дури 8000 возила во еден правец возат по автопатот. Но она што се уште не е пресметано - како и каде да се направат постројки за одмор за принудно застанување. Турски државјани од печалба во Европа за лето заминуваат дома, преку Македонија. Не знаат англиски, затоа не успеавме ниту да се разбереме кога им поставивме прашање.

- Зборувате гремански или француски. Разбирате германски?, прашува еден патник кого сакавме да го анкетираме.

Се разбравме со српските туристи. Одмараа кај Куманово.

- Очигледно и вие како и ние имате порблеми со финансии, па модернизацијата на патиптата ја правите со забавена динамика, вели патник од Србија кој на патување за Грција застана да се одмори кај Куманово.

Речиси и да нема бензинска пумпа на која нема барем кафетерија, но странците не ги користат многу.

- Застанауваат за во WC, купуваат нешто сокче, благо полнат бенизн го фрлаат ѓубрето и си заминуваат, вели еден вработен на бензиска пумпа.

Коридорот 10 се уште не е целосно завршен. Уште 40-тина километри пат најмалку треба се направат. Економскиот заменик премиер на Србија во Скопје пред два месеца порача дека изградбата на овој коридор е клучна и за привлекување странски инвестиции во целиот регион.
17.07.2010, 15:05

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=62851
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Jul-2010 at 10:56
Патиштата во Македонија се речиси исти како во Швајцарија, вели уште еден Македонец што работи надвор.


Или иронијата не е пренесена или нашинецов одлепил од многу возење.

Сега во екот на летото фрекфенцијата е двојна. По дури 8000 возила во еден правец возат по автопатот.


Ооооо ДУРИ 8000 возила?! Ќе се збогатиме од патарини!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Jul-2010 at 17:15

Andrej_LJ, Zar malce li se 8000 vozila dnevno da pominat po barem 2-3 patarini? Pa toa e preku 100 denari od edna kola puta 8000 toa se 800,000 denari dnevno.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.