build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А3] Петровец - Блаце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [А3] Петровец - Блаце
    Posted: 20-May-2009 at 08:00
Патниот правец М-3 се протега од Петровец (клучка со М-1), преку Хиподром, низ Скопје (Северен Булевар), Стенковец, до граничниот премин Блаце. Должината изнесува 40km.

Делот од Стенковец до Блаце е воедно и дел од Е65

Моментално е автопат од клучката Петровец до источниот дел на Скопје. Најголем дел низ Скопје треба да се надгради во урбан автопат, а исто така во автопат треба да се надгради и делот Стенковец-Блаце кој моментално е обичен пат 2х1.

Интересен момент кај овој пат е 2,5km правиот сегмент близу Петровец кој може да се адаптира во писта при вонредни услови.




Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 03:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-May-2009 at 08:00
Фотки од Петровец --> Хиподром (август 2007)

1
На надвозникот поминува М-1


2


3
Наплатна станица Петровец


4


5


6
Спомнатиот дел кој може да се адаптира во писта за вонредни услови


7


8


9


10



Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 03:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-May-2009 at 08:01
11


12


13


14


15


16



Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 03:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-May-2009 at 20:19
На наплатната рампа Петровец (41°56'30.41"N 21°37'12.91"E) се одвива некој градежен зафат ама воопшто не ми е јасен. Се работи на два нови краци од патот кои вероватно ќе ги заменат постојните два од другата страна на наплатната. Е сега незнам од кои мотиви се иде на ваков зафат?! Дали е тоа за да се избегне онаа појава на масовно избегнување патарина (што не ми е многу веројатна опција) или се работи за одвојување на аеродормот и неколкуте села околу од Скопје (со тоа што се плаќа патарина за излез всушност сте веќе надвор од градот и неговите придружни села и предградија). Значи мистерија ми останува мотивот за зафатов. А уствари и никогаш до сега немаме слушанато за интервенцијава.



северниот крак...


јужниот крак...



Edited by lslcrew - 25-May-2009 at 20:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-May-2009 at 21:09
Originally posted by lslcrew

Е сега незнам од кои мотиви се иде на ваков зафат?! Дали е тоа за да се избегне онаа појава на масовно избегнување патарина (што не ми е многу веројатна опција) или се работи за одвојување на аеродормот и неколкуте села околу од Скопје (со тоа што се плаќа патарина за излез всушност сте веќе надвор од градот и неговите придружни села и предградија). Значи мистерија ми останува мотивот за зафатов.


Аеродромот е секако одвоен. Под претпоставка дека ова е поврзано со патарината, мотивите се разбирливи. Со ова ќе се дестимулира заобиколувањето на оваа патарина (што масовно се случуваше иако оваа конкретна патарина е релативно ефтина) со тоа што дел од транзитниот сообраќај возеше по Р-103 помеѓу Петровец и Катланово. Ова е проблем меѓдругото и затоа што сите возила што ја избегнуваа патарината правеа гужва во населени места - низ Петровец и кај Катланово. Од друга страна месното население има алтернатива преку Р-103 (Директно према Маџари или преку претходната клучка кај Идризово/Кадино. Исто така и клучкава останува во игра за тие што би ја платиле патарината).

Ми се чини има доволно простор за модификацијата да се изведе без преголеми заебанции и импровизации.

Само се надевам дека ова ќе повлече и поголема грижа за Р-103 во „субурбаниот“ дел на Скопје, за да може да биде вистинска алернатива, а не повеќе на хартија. Исто така се надевам смислиле начин како да го спречат прелевањето на злоупотребата кај клучката кај Кадино/Идизово. Навистина таа е помалку атрактивна опција отколку што досега претставуваше клучкава кај патарината Петровец, но не се сомневам дека луѓе повторно би ја користеле, несвесни дека можеби во желбата да заштедат нешто ситно всушност направиле поголем трошок.


Edited by Cloverstack - 25-May-2009 at 21:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-May-2009 at 21:17
Ова само дополнително може да го загрози локалниот пат и голем број камиони да ги пренасочи преку Р103 и ништо повеќе. Мене ми е доста нелогична интервенција ова, се додека не видам образложение од надлежните што всушност планирале да постигнат со ова?! Dunno Неместо потегот Петровец-Катланово, сега ќе се злоупоитребува Скопје-Петровец и сите камиони ќе искачаат на автопат преку новата модификација и дополнително голем дел од сообраќајот ќе се пренасочи преку Р103 од Скопје се до Петровец каде што ќе се искача на отворен пат. Единствено забрани за тешки возила и контроли можат да ги спречат злоупотребите. А вака сега и најголемата негативна страна ќе се наметне плаќањето патарина за до аеродорм кој е дел од Скопје.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-May-2009 at 21:31
Не знам дали е добро обмислено и пресметано сето ова. Се надевам дека навистина ќе делува дестимулативно и дека досегашната злоупотреба произлегуваше во најголем дел од кратката релација што се возеше вон автопат. Но не тврдам дека навистина таков ќе биде резултатот - и јас како тебе имам дилеми и нејаснотии. Можна е и опција дека ова не е баш премногу осмислено или оправдано, туку дека е само невешт одговор на незадоволството на месното население кое долго време се буни за транзитниот сообраќај што им поминува низ населеното место поради избегнување на патаринатаа. Ми останува само да се надевам дека сепак знаат што прават и дека тоа е вистински корисно.
А сите овие теории ни паѓаат во вода доколку модификацијата се прави од некои сосема трети причини  Laugh


Edited by Cloverstack - 25-May-2009 at 21:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Jul-2009 at 03:16
Нема ништо ново на терен. Ситуацијата месец ипол е точно истата како што е регистрирана во предходниот пост од пред месец ипол. Нема никакво помрднување.



Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 05:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Aug-2009 at 20:03
Стенковец - Блаце   (Snupix, лето 2008)

1


2



Edited by Cloverstack - 01-Aug-2009 at 20:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Dec-2009 at 03:10
lslcrew, еве потврда за твоите сомнежи што се случува со клучката кај наплатна станица Петровец:

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Aug-2010 at 12:30
Асфалтирани се новите пристапи на наплатната Петровец. Сеуште не ми е јасно докрај што треба да биде овој зафат, освен претпоставка дека е некој обид да се спречат камионите. Само што во тој случај па многу возила што доаќаат во Скопје наместо да ја платат наплатната и да влезат преку Автокоманда, ќе си се одвојат пред наплатна и ќе си стигнат во Скопје преку стариот пат. Проблемот со камионите од Петровец до Катланово ќе се пресели како проблем со патнички возила од Петровец до Скопје. Всушност само ги повтарам и ланските сомнежи и нејаснотии што ги имавме. Има клучка предходно што може да се злоупотреби. А за овој зафат воопшто немаме никаква информација. Мене сепак ми останува како една можна веројатна опција ова да е во некаква корелација со аеродромот, пред се поради блискоста и активностите таму. Ама што би можело тоа да биде повторно не е јасно. И друга работа, како старите краци физички ќе се одвојат од новите. Ќе се изгради бариера некое ѕидче, ќе се изора измеѓу, рабници? За некоја наплатна кај Велес имам слушнато пред некоја година за избегнување наплатна преку некоја нива, па ставале куп песок, па се заобиколувало околу купот. Затоа како овдека планираат постоен пристап физичка да го одвојат да не се злоупотреби.






Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Oct-2010 at 10:04
Пуштена клучката кај Петровец за сообраќај

Според информација добиена “Македонија пат“, од синоќа кај наплатната станица ,“Петровец“ е пуштена во сообраќај новата клучка, а воедно и нов режим на сообраќај. На патниот правец Скопје-Велес исклучувањата кон село Петровец ќе се вршат после наплатната станица, додека на патниот правец  меѓу Велес и Скопје вклучувањата и исклучувањата ќе се вршат пред наплатната “Петровец“.
 
Патниот сообраќај утринава се одвива, се одвива тековно и без забрани.

Внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење по влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Ова посебно се однесува кога се вози нив клисурите и планинските превои особено на патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар, се наведува во најноват информација од АМСМ.

На сите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=78674&kategorija=2
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2011 at 21:19
Avtopatot sto vodi kon skopskiot aerodrom i Kumanovo



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Jul-2011 at 01:09
Две ноќни




Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Mar-2012 at 03:09
Незнам дали ова е најсоодветна нишка да се постават малку слики од источниот влез на Скопје (бул. Ал. Македонски)? Сеедно, доколку не сум ја погодил, кажете ми ќе ги префрлам. Како и да е помизерно никогаш не изгледале нашите патишта, особено во однос на табели и ознаки. Шаренилото и недоследноста кое владеат, немањето на никакви стандарди, важните знаци пропаѓаат, додека апсолутно имбецилни знаци поставени само заради политика без никаква информативна цел...сето тоа допринесува нашите патишта да изгледаат тотално хаотично, несредено и неинформативно.

Ќе ме извините заради вакланото стакло!

Клучката кај х-л Континентал:







Истиот спорен знак кој ен кажува ништо освен апсолутно идиотското испишување на името на аеродромот на 3 јазика, како тоа да е најважното нешто во случајот. Всушност на кој нормален човек му е важно или пак го интересира како се вика аеродромот кога лета некаде?!? Но, наместо да се стави само интернационалниот симбол за аеродром на табла која би содржела најмалку уште три домашни и соседни дестинации, ние го имаме името на аеродромот на 3 јазика:



Тука пак во Автокоманда се гледа колку е потребна изградба на подземен или надземен пешачки премин над булеварот. Погледнете само колку луѓе чекаат автобус кај Алкалоид, а сообраќајните незгоди со смртни жртви тука се пракса:



Во кадар успеав делумно да фатам и локомотива која влечеше товар како минува над булеварот:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Mar-2012 at 03:15








Да, навистина оваа табла кога ја видов ми заврши работа! Освен тоа што веднаш се ориентирав каде сакам да одам и се ми стана јасно, е и врв на дизајнерското решение и превод:



...и излегуваме од Скопје со срамно мали патоказчиња кои се поставени на најважната клучка во Македонија, на која се обележани два од нашите четири најважни патни коридори:



...како и со години тотално разбиениот знак за исклучувањето кон Велес и Атина.



Ааа тоа ли бил легендарниот автопат обележан неколку километри понатака, кој го носи величевственото име Alexander of Macedon Suicide
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Mar-2012 at 03:35

WTF!... На прв поглед помислив дека се работи за аеродромот... викам ок... после ги гледам стрелките и се збунувам... и на крај читам дека се работи за автопат... и тогаш следи WTF! Овие стварно одлепиле...

Originally posted by Andrej_LJ

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1616
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Mar-2012 at 14:29
Falat eden kup znaci, nekoi se iskriveni ispokrseni a kolku se noke vidlivi e posebna prikazna.
Izgleda najvazno e postavuvanjeto na ovaa tabla, koja dava sustinska informacija za patuvanjeto.
PS.
Mala zabeleska: Pokraj strelkata koja oznacuva desno zaboravile da napisat "India".
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 691
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Sep-2013 at 20:36





Edited by Cloverstack - 01-Nov-2013 at 01:27
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Nov-2013 at 20:05
Незнам дали тука или во нишката од регионот е најсоодветно да се објави ова, но мислам дека поради тоа што станува збор за истиот пат само друга држава... ќе го објавам тука, а ако сметате дека треба да се премести, слободно преместете ја...

Originally posted by Ulpiana

Bechtel & Enka, unofficially is said, won the bid to build the Prishtina - Hani i Elezit motorway, Kosovo part of Prishtina - Skopje motorway (R6).

Works will start this year.

It is not decided yet if the motorway will have tunnels at Kaçanik Gorge or not. Winning offer to build the motorway without tunnels is 500 million euros whilst the one with tunnels is 600 million euros.

The motorway from Prishtina to Hani i Elezit (border to Macedonia) will be 55 km long.

This Thursday the winner of the bid will be announced.

http://gazetaexpress.com/?cid=1,14,125127

http://www.indeksonline.net/?FaqeID=2&LajmID=74845


Approximate route of the motorway:

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.