build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А2] Деве Баир - Ќафасан

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 15-Sep-2008 at 01:10

Раскрсницата-убиец кај Гостивар ќе добие семафори

Владата донесла одлука за поставување семафори со кои ќе се регулира сообраќајот на раскрсницата на локалниот пат кон село Здуње и магистралата Гостивар - Кичево. Ова го соопшти заменик-претседателот на Владата, Абдилаќим Адеми, при својата посета на Општина Гостивар. За еден месец на раскрсницата ќе се постават семафори. За трајно решавање на проблемот е предвидено до крајот на годината да се подготви проект и да почне да се реализира - рече Адеми.Жителите на гостиварското село Здуње неколкупати се закануваа дека ќе го блокираат магистралниот пат Гостивар - Кичево ако надлежните институции не преземат мерки за регулирање на сообраќајот на раскрсницата-убиец.

- Ова место за нас и за жителите на околните села е црна точка. И не само за нас, туку и за сите што поминуваат по овој пат. Бројот на жртвите во последните години станува загрижувачки - вели Енвер Мустафи, претседател на Месната заедница Здуње. Лани во сообраќајни несреќи на раскрсницата загинаа четири лица. На ова место годишно се случуваат по дваесетина сообраќајни незгоди.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F8407FDB828D2B429D161C1FA2D92D75
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 02-Sep-2008 at 23:10

Ќе се осветлуваат 5,5 километри од патот Скопје - Охрид

Локалната власт наскоро ќе отпочне проект за осветлување на 5,5 километри од магистралниот пат М4 (Скопје - Охрид) кој минува низ територијата на општина Гостивар. За овој проект ја добивме поддршката и од пратениците кои се заложија за негова успешна реализација. Гостивар, како еден од поголемите градови, заслужува да има пристоен влез и на патниците по магистралата да им навести дека минуваат низ урбана средина - изјави градоначалникот Невзат Бејта.Според проектот, осветлувањето на делот од наплатната рампа до месноста Здуњски Мост ќе чини околу 25 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=018CB9465D57DF4D8925920A1A14CDB6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12184
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 31-Aug-2008 at 08:00
Патниот правец М-4 се протега од Миладиновци (клучка со М-1), преку Хиподром, па го заобиколува Скопје (северна скопска обиколница), покрај Тетово, Гостивар, Кичево, Подмоље, Струга, до границата со Албанија кај Ќафасан. Должината е ~200km што во одредена мерка треба да се скрати со изградба на автопатски делници наместо постоечките помеѓу Гостивар и Ќафасан.

М-4 е дел од Е65 помеѓу Стенковец и Подмоље и дел од Е852 помеѓу Подмоље и Ќафасан. Исто така М-4 е дел од пан-европскиот коридор 8 и тоа по целата своја должина.

Моментално е автопат помеѓу Миладиновци и Гостивар (приближно половина вкупната должина). Отатокот е солиден магистрален пат со дополнителна лента за искачување каде што е тоа потребно, а иако има големи свиоци, сепак се со прифатлив радиус.

На моменталната траса се наоѓаат два значајни планински превои:
- Стража 1212m (помеѓу Гостивар и Кичево)
- Пресека 1082m (помеѓу Кичево и Орид)




Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 04:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12184
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 31-Aug-2007 at 08:00

Патниот правец М-2 се протега од Куманово (клучка со М-1 кај Долно Коњаре, северно од Куманово), покрај Ранковце, низ Крива Паланка, до граничниот премин Деве Баир на границата со Бугарија. Должината на сегашната траса е 74km.М-2 е дел од коридорот 8 по целата своја должина, како и дел од е-мрежата (E871) исто така по целата должина.Моментално нема ни еден километар автопат по должината на М-2. Инаку идната автопатска траса извесно ќе почнува јужно од Куманово.


Edited by Cloverstack - 06-Apr-2020 at 23:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12184
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 29-Aug-2007 at 08:00



- За северната скопска обиколница (која е дел од М-4) има посебна нишка:  http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84

Edited by Cloverstack - 06-Apr-2020 at 23:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.