build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: [А2] Деве Баир - Ќафасан
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А2] Деве Баир - Ќафасан

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Sep-2009 at 03:58
Oбид да се фати нешто од патов. Сликано во близина на Ранковце.





Особено сум незадоволен од сигнализацијата на патов. Посебно онаа каде што е најбитно, клучката каде што се врзува со М-1. Тоа е све искршено, ураснато, исповиткано, никаво! А тука е и спојката осо еден локален пат (кој пак спојува со Р-101) и дополнително е малку конфузна и онаа преостанатата сигнализација на клучкава.

Има така прилично долги делови каде што воопшто нема знаци околу брзинското ограничување. Има еден дел одприлика некаде кај Младо Нагоричане (движејќи се кон М-1) каде што има ограничување 70 и после тоа останува ограничувањето и за делници за кои реално може и многу поголеми брзини да се дозволат, каде што реално условите дозволуваат, Може и да имало некој знак во минато за 80 што сега го нема. Барем движејќи се обратен правец мислам дека ограничувања беа поголеми, но не сум сигурен.

Инаку асфатлот е таков каков што е, за наши услови е тој просечниот. Имаме и подобри, но имаме и многу полоши патишта. Барем нема толку "фрлања" од земја што да други патишта ги има да ги ринеш со лопата. Во однос на трасата приметив дека некаде после Страцин како да се стеснува малку трасата, за разлика од предходно каде што лентата е со комотна широчина.


Edited by lslcrew - 15-Sep-2009 at 04:04
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 16-Sep-2009 at 10:33

Крстосницата-убиец ќе влезе во Коридорот 8

Изградбата на Коридорот 8 го стопира проектот за регулирање на сообраќајот на „крстосницата-убиец“ кај гостиварското село Здуње, на која лани имаше дваесетина сообраќајки во кои загинаа четири лица.

Пред една година беше најавено решавање на проблемот со кој се соочуваат жителите на неколку гостиварски населби. Опасноста постојано ги демне и возачите кои се движат по магистралата од Гостивар кон Кичево. Запрашан, при неодамнешната посета на Гостивар, зошто не е почната реализацијата на најавеното решение на проблемот со опасната крстосница на еден од влезовите на Гостивар, позната и како „стакларска“, вицепремиерот Абдулаќим Адеми рече:

- Министерството за транспорт и врски веќе добило задолжение од Владата што побрзо да изготви проект со кој трајно ќе се реши проблемот. Работата е стопирана бидејќи проектот треба се вклопи како дел од Коридорот 8, кој е предвиден да минува во близина на оваа локација.

Пред повеќе од триесет години, со изгѓадбаќа на обиколницаќа, пѓиодниќе паќишќа кон шелаќа Ѓавен, Вѓчќок Ѓечане и кон Оѓќчше ше вкѓшќчвааќ шо магишќѓалниоќ паќ кон Охѓид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B02685BFAD14CC4D86C37F3F35B9AE46


Nuts
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Sep-2009 at 15:13
Од Скопје до Тетово...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


Од Тетово до Гостивар. Нема нешто посебно да се слика. Прав, а тесен пат, без трета лента и нерамна траса.

10.


11.


12.


Од Гостивар до село Церово, односно до раскрницата каде што се врти за Маврово.

13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 16-Nov-2009 at 00:20

Оштетена магистралата кон Деве Баир

Коритото на Крива Река деновиве достигна широчина од над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени поради урнатиот бетонски мост, кој ги поврзуваше со магистралата и со Крива Паланка

Надојдената Крива Река на повеќе места ја оштети магистралата кон Деве Баир, поради што на тие места транзитот кон Бугарија привремено се одвиваше по една коловозна лента. На повеќе места надојдените води го поткопаа патот на неколку километри од излезот на Крива Паланка, а најкритично беше на делницата кај местото Дервен. Урната беше и заштитната ограда на овој меѓународен пат.

- Привремено ги санираме штетите на поткопаниот пат и ја обезбедуваме делницата за сообраќај. Поставени се патокази и знаци за предупредување и внимателно возење на овој дел од магистралата. Сега се прави процена на штетите, но потребна е и целосна заштита со поставување бетонски столбови, за што се известени сите надлежни органи во државата. Бидејќи станува збор за меѓународен пат, по кој секојдневно минуваат голем број возила преку граничниот премин на македонско-бугарската граница, неопходно е обезбедувањето на делницата да биде направено што поскоро - вели Игор Тодоровски, раководител на РЕ на „Македонијапат“ од Крива Паланка.

Кривопаланчанци велат дека не виделе толкаво зголемување и излевање на Крива Река речиси 40 години, кога биле однесени повеќе деловни објекти и мостови во центарот на градот. Коритото на реката деновиве достигна широчина од над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени поради урнатиот бетонски мост кој ги поврзуваше со магистралата и со градот.

- Веќе 4 дена целосно сме блокирани, нивите се поплавени, а реката се претвори во море. Со намалувањето на нивото на водата штетите се' повеќе се гледаат, насекаде има паднати електрични столбови, искорнати дрвја и наноси, а поткопана е и трафостаницата. За среќа, избегната е многу поголема катастрофа. При најинтензивните врнежи нивото на реката беше само 50-ина сантиметри пониско од јаловиштето на рудникот „Тораница“ и малку недостигаше тоа да се урне и да не' однесе сосе куќите, а целото село да го снема - велат жителите од Узем.

Локалната власт работи на санирање и проценување на штетите.

- Формирана е Комисија за утврдување на состојбата и на штетите, а механизацијата и оперативата постојано работат на терен. Но, секој ден се јавуваат нови оштетувања, така што Општината не може да постигне сите да ги санира. Штетите се огромни, ни недостига механизација и не знаеме каде попрво да интервенираме - вели Бранко Велиновски, раководител на одделението за инспекциски надзор.

Од Општината велат дека најприоритетно е да се регулира коритото на Дурачка Река во населениот дел од градот и да се изврши расчистување на насадите на дрвја по течението на Крива Река од Узем до Конопница, кои го изместуваат текот на реката и прават големи штети. Токму овие две подрачја и најмногу беа погодени од надојдените води на реките.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A69093C11B777D47B2F03BBAC810BBC3
Back to Top
idea_bos View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote idea_bos Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 11-Dec-2009 at 18:43
Zborot e ispravno napisan na MAKEDONSKA kirilica
16202428
Back to Top
idea_bos View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote idea_bos Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 11-Dec-2009 at 18:44
LATINICA
16202428
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 11-Dec-2009 at 21:30
idea_bos, постовите може да се едитираат доколку се направи грешка, не мора нов пост   До опцијата за едитирање можеш да пристапиш преку менито Post Options кај секој пост.

Инаку стандардизирана ли е таа македонска латиница во нашиот правен систем? Јасно е дека дури и ако се применува, не се применува конзистентно, но би било убаво да се знае дека барем постои таква работа и дека останува да се спроведе коректно таму каде што би нашла примена.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-Dec-2009 at 15:46
Излезот од М-4 кон Тетово (клучка Тетово Исток)

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 20-Mar-2010 at 00:08
 
РАЗВИВАЊЕ ТУРИЗАМ БЕЗ ПАТИШТА
 
По дупки до Охрид
 
Целосна санација на регионалниот пат за Охрид се нај­а­ву­ва кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тен­де­рот за набавка на битумен

Ре­ги­о­нал­ни­от пат по кој, преку Стража, се стигнува до најпознатото ту­рис­тич­ко место во Македонија Охрид е дупка до дупка. По оваа со­об­ра­ќај­ни­ца речиси и е невозможно нормално да се вози, бидејќи недостигаат цели пар­чи­ња од асфалтот, а ЈП "Македонија пат" негова целосна санација нај­а­ву­ва кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тен­де­рот за набавка на битумен.
Еки­па на "Вест" завчера возеше по уништениот пат. Најдраматично е кај се­ло­то Колари каде што возачите, за да ги избегнат огромните дупки длабоки и по петнаесетина сантиметри, се принудени да возат по средишниот дел на патот, со што ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, бидејќи патот е двонасочен.
"Свес­ни сме дека од спротивната страна доаѓаат возила кои, исто така, се при­ну­де­ни да влезат во нашата лента заради избегнување на дупките, но што да правиме, да останеме без тркала. Овде ни крпење не помага, патот тре­ба одново изгради", ни рекоа возачи што раскажуваат дека често го возат овој патен правец и постојано си го ризикуваат сопствениот и жи­во­тот на другите.
Ге­не­рал­ни­от директор на ЈП "Македонија пат" Горан Стојковиќ вели дека во­да­та го нагризала асфалтот и ги отворила дупките кои, според него, нај­ит­но ќе се пополнат.
"Вед­наш привремено ќе ги санираме со ладна маса и тампон, а кон крајот на април, кога ќе набавиме битумен и ќе проработат асфалтните бази, ќе се работи на подолгорочна поправк,а за што и се предвидени пари во прог­ра­ма­та за годинава. Деловите од асфалтот, кои се најоштетени, ќе се из­гре­бат и повторно ќе се асфалтираат", вели Стојковиќ.
И. Смиљанска
Фо­то: В. Тануровски

Јанакиески: Состојбата на патиштата не е идеална

Ми­нис­те­рот за транспорт и врски признава дека состојбата на патиштата во Македонија не е најдобра, ќе се подобрува со создавање на ко­ор­ди­на­тив­но тело за зголемување на безбедноста на патиштата и со постојано ин­вес­ти­ра­ње во нив.
"Не реков дека состојбата со патиштата ни е идеална, но од година во го­ди­на таа ќе се подобрува. На почетокот на мај годинава, во соработка со Гра­деж­ни­от факултет од Скопје ќе направиме анализа на оние места ка­де што имаше свлечишта и, доколку се работи за активни свлечишта, Вла­да­та трајно ќе ги санира", изјави вчера Јанкиески.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 21-Mar-2010 at 15:21

Ќе се регулира „раскрсницата-убиец“ кај Здуње

Ќе се регулира сообраќајот на „раскрсницата-убиец“ кај гостиварското село Здуње, на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Градежниот зафат е предвидено да почне летово. Изминативе години оваа точка беше посочувана како исклучително опасна за безбедноста во сообраќајот на овој патен правец. Решавањето на овој проблем го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој го посети Гостивар.

- Деновиве треба да се одржи една јавна расправа, на која ќе се слушнат мислењата на експертите, граѓаните и на локалната самоуправа. Потоа треба се утврди финалното решение, кое треба да го изработи Агенцијата за патишта. Очекувам, градежните работи да почнат во средината на оваа година изјави - Јанакиевски.

Од локалното одделение за сообраќај на Општина Гостивар сметаат дека најдобро решение ќе биде изградбата на надвозник. Регулирањето на сообраќајот на „раскрсницата-убиец“, како што ја нарекуваат граѓаните, и претходно беше најавувано со кружен тек и семафори.

Жителите од Здуње реагираа и се закануваа со блокади на магистралниот пат ако не се преземат мерки за подобрување на безбедноста. Секоја година, на ова место се случуваат по дваесетина сообраќајки, во кои неретко има и човечки жртви.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2432486F89674C92A789A6E162BBA2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 23-Mar-2010 at 04:00

Раскрсницата-убиец ќе биде безбедна

Гостивар - До крајот на годинава ќе се изгради ново сообраќајно решение на здуњската раскрсница на западната магистрала Гостивар - Кичево, со што ќе се подобри безбедноста во одвивањето на сообраќајот.

Агенцијата за магистрални и регионални патишта деновиве во гостиварската локална самоуправа ќе одржи јавна расправа околу неколкуте идејни решенија за окончување на повеќедеценискиот сообраќаен проблем на оваа раскрсница. Гостиварските градежни и сообраќајни експерти сметаат дека најдобро решение за безбедно регулирање на сообраќајот на раскрсницата е изградба на надвозник.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави дека во средината на годинава ќе започнат работите на реализација на сообраќајното решение што ќе го усвојат експертите. Со изградбата на понуденото решение, значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се намалат сообраќајните несреќи.

На здуњската раскрсница годишно се случуваат над дваесетина сообраќајки. Во последните години животите ги загубија над дваесетина лица, најмалку двојно повеќе лица беа потешко и лесно повредени, а беше причинета и голема материјална штета.

Со право жителите на гостиварското село Здуње раскрсницата ја нарекуваат убиец. Доколку годинава не се реши овој проблем, здуњчани повторно ќе излезат на протести, со блокирање на сообраќајот на овој магистрален пат, како што го направија тоа пред две години. По овие протести, Владата донесе одлука со што беше одобрено нивното барање. Но, се' остана на ветувања. Здуњчани со резерва го примија и ветувањето на министерот Јанакиески, бидејќи стравуваат да не бидат измамени по втор пат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CFC96D12BBC4044387241258D3914939
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 24-Aug-2010 at 23:13
Кај Миладиновци


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 25-Jul-2011 at 13:19
Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 25-Jul-2011 at 13:50
Originally posted by lslcrew

Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.


А не ли е тоа дел од коридорот 8 кој треба да се даде под концесија и со тоа да се реизгради во автопат?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 25-Jul-2011 at 16:59
Originally posted by mirakuliks


Originally posted by lslcrew

Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.
А не ли е тоа дел од коридорот 8 кој треба да се даде под концесија и со тоа да се реизгради во автопат?


Да,дел се од коридорот,но дедека чекаме за концесија мислам дека крајно време беше да се санираат,затоа што имаше толку катастрофални делови што не се дозволуваа возење над 50-60км/ч
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 26-Jul-2011 at 10:19
veke mesec dena se raboti na najostetenite delovi od patot
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-Oct-2011 at 02:55
Маџаров направил растур  Bow
Скопје - Струга

1 дел


2 дел


3 дел

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Oct-2011 at 00:32
На клучката кај Кондово има сериозен проблем кога се движите од Ѓорче Петров во правец кон Тетово, односно на местото каде што обиколницата завршува и се спојува со западниот излез од Скопје:
42° 0'18.53"N  21°19'11.78"E

Имено излезот од Скопје има 2 ленти, плус оние 2 што доаѓаат од обиколницата, тоа се вкупно 4 ленти. Но во растојание од 170 метри автопатот повторно се стеснува на 2 ленти. И не само што се стеснува, туку и хоризонталната сигнализација е без врска, јас вака обележано приклучување немам видено никаде на друго место. Двете средни ленти се спојуваат на начин како некој да се трудел да стимулира сообраќајни несреќи, а веднаш потоа (во растојание од 30-тина метри) комбинираниот сообраќај од тие две ленти удира во десната (!?) лента. Баш ме интересира според кои норми е ова вака обележано. За „среќа“ засега немаме којзнае колку густ сообраќај, па последиците од вакви заебанции, во моментов не се толку големи:

1


2


3




Со оглед дека понатака делот од автопатот што поминува низ селото Сарај нема можност за лесно и ефтино проширување, нема ниту можност за проблемот да биде целосно решен. Но сепак има простор за многу солидно решение, без потреба за никакви градежни зафати, требало само малку поодговорно да си ја завршат работата тие што се надлежни за ова.

Еве како може да се оправи работата за неколку часа и единствено со менување на хоризонталната сигнализација. Пред се, лентата за застанување треба да се пренамени во лента за сообраќај, во должина од 200-300 метри. Но лентата за застанување е потесна (широка е 2,5m) од лентите за возење (широки по 3,75m). Таа ширина (2,5m) е апсолутно недоволна за возење на автопат. Но 3,75m е повеќе од доволно (во Холандија на пример сега стандард им е 3,5m а добар дел од автопатите им имаат ленти широки и по 3,25m), па едноставно треба да се преобележи цел тој сегмент и еднакво да се распредели ширината. Со тоа би добиле 3 ленти широки по 3,33m што не е ништо страшно, со оглед дека се работи за краток сегмент.

И се разбира, средните ленти не треба буквално да се спојат како што е сега, особено не онака вртоглаво... туку сето тоа да се одвива со престројување, кое престројување со сигнализација треба навремено да се сугерира. Со обезбедениот дополнителен простор од лентата за застанување, сето тоа би се одвивало многу потечно и побезбедно отколку што е ситуацијата сега. Еве како би изгледало решениево со само 200 метри продолжување (се разбира може и многу повеќе од 200 метри доколку има потреба):




Edited by Cloverstack - 09-Oct-2011 at 00:39
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 14-Oct-2011 at 00:40
Откако повикот за давање на овој патен правец под концесија пропадна, извесно е дека М-2 засега нема да се гради како автопат. Во Програмата за работа на владата за 2011-2015 е предвидено М-2 да се рехабилитира, надгради и прошири и тоа од Ранковце до Крива Паланка. Предвидениот рок е 2014-2015.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Apr-2012 at 02:09

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=41376

Видео: Магистралата Охрид – Гостивар во катастрофална состојба
    
Големите количини на сол кои поради снежните врнежи во текот на зимскиот период беа фрлени на магистралниот пат Охрид -Гостивар, предизвикале големи штети врз асфалтот, па постоечките пукнатини и дупки, кои веќе подолго време се главна карактеристика на овој патен правец, сега се претворени во вистински кратери.


Големите дупки, не само што им нанесуваат штети на моторните возила кои секојдневно сообраќаат по овој патен праец, тие претставуваат и голема опасност и за безбедноста на возачите и на патниците.

Поради неможноста да ги фотографираме најлошите делови од автопатот , направивме кратко видео на потегот од Кичево до планинскито превој Стража, каде што се видливи најголемите оштетувања.

Инаку Владата на Република Македонија кон крајот на февруари и официјално се откажа од изградба на автопат Ќафасан - Охрид - Гостивар. Наместо автопатно решение, сега се предлага ревитализација и проширување со една лента на постоечката магистрала од Охрид до Кичево, за што било разговарано на една од седниците на владиниот Економскиот совет. Во однос на патниот правец Кичево – Гостивар Економскиот совет одлучил повторно да се оди со концесија на патиштата.


Турстичките работници од Охридскиот регион, во изминатите неколку години многу пати апелираа до надлежните институции за важноста на оваа сообраќајна делница и за тоа дека нејзната неуреденост остава лош впечаток на туристите.

Е.М

© 2012 Ohridnews.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.