build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Борис Трајковски (Првомајска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 01-May-2013 at 23:22
Ова ниту на мене не ми е јасно...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 02-May-2013 at 00:15
Originally posted by gjoko

????????????



 
На мене ми мириса на споменик. Doh 

Edited by Dexter26 - 02-May-2013 at 00:15
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 321
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 02-May-2013 at 10:45
Кога се прават вакви тешки глупости на наједноставните проекти кои градот ги реализира, што останува за оние другите од типот на Јужен Булевар, Крушевска Република и слично?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 02-May-2013 at 15:51
Доколку немаа(т) намера наскоро да продолжат со проширување кон Драчево, јас не гледам никаков проблем во решението. Едноставно ова е точката каде што сообраќајницата се проширува, но воедно таму има и бензинска пумпа, па полниот профил на булеварот почнува после бензинската, а пред нејзе има само кратка лента за исклучување, што не гледам зошто би пречело.

Но како што кажав, проблемот ќе настане кога ќе треба да се продолжи со проширување кон Драчево. Тогаш ќе треба островчето да се отстрани, а уличното осветлување да се помести.

Со тоа се наметнува прашањето дали ова е уште еден пример на кусогледо и неодговорно планирање, или свесно е вака направено затоа што проширување на булеварот кон Драчево во наредните години не е во план?



Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 03-May-2013 at 12:35
Со оглед на тоа дека при кампањата градоначалникот на Скопје ја потенцираше само втората фаза веројатно понатамошното проширување не е во план за блиска иднина. Моја претпоставка е дека само ќе го обноват асфалтот за делот кој остана нереконструиран ...

Edited by vlatko.mk - 03-May-2013 at 12:35
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 03-May-2013 at 17:42
Без разлика дали ќе прошируваат или не понатаму во блиска иднина ова им е многу глупаво решено. Има место и за пешачки и не пречи на бензинската...не ми е јасно зошто вака

А доколку прошируваат кога и да е ова ќе мора да се санира
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 07-May-2013 at 15:45
Сега е ред на критики:
Левата лента во правец накај Пинтија од почеток (семафорите) па до крај (бензинската) е лошо изведен, не научија овие како се асфалтира и после толку работење изминативе години. Возиш 60, а автомобилот буквално потскокнува...
Истото се случува и во правец накај Кисела вода, лева лента од вторите шини па до крај (семафорите Усје).

Истово беше случај и на бул.Србија

Edited by alexsend - 07-May-2013 at 15:46
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 10-May-2013 at 08:33
За Велигден имав прилика да го извозам новиот дел од булеварот Борис Трајковски. Еден збор: катастрофа! Асфалтот е толку нерамен што е просто несфатливо за булевар кој е штотуку пуштен во употреба.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 11-Jun-2013 at 15:54


Вака изгледаше денес првомајска (делот каде не е сеуште проширен, веднаш после бензинската до каде завршуваат 4-те ленти)
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 18-Jul-2013 at 10:06
Вакви сељачишта се секојдневна слика на Првомајска!

Штета што не стигнав порано да го сликнам да се фати и таблицата.

Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 22-Jul-2013 at 18:43
Aleks,сликата ти ја `дрпнале` од За Се

ФОТО: Како се вози на Првомајска во Скопје !

ОД ТЕРЕН, ПРОБЛЕМИ | 22.07.2013, 19:01

Пред некое време ја проширија Првомајска во Скопје, по што од двете страни доби две нови ленти. Но џабе е и десет нови ленти да стават, пак ќе има такви кои ќе возат во спротивен правец Погледнете


http://zase.mk/foto-kako-se-vozi-na-prvomajska-vo-skopje/
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 03-Sep-2013 at 08:08
Датум: 02.09.2013, 16:33

ГРАДОТ СО ОПЦИЈА ЗА ПОМАЛИ ТРОШОЦИ

Булеварот Борис Трајковски ќе земе дел од ОХИС



Во процес на изработка е проектот за изведба на третата фаза од проширувањето на булеварот Борис Трајковски (поранешна Првомајска), овој пат од фабриката ОХИС, па с` до населба Пинтија, рече градоначалникот Kоце Трајановски на последната седница на Советот на Скопје, запрашан за кога е планиран почетокот на овој зафат. Делницата, предмет на проширување, ќе добие плус две ленти во должина од два километра.

Трајановски на седницата, на која на дневен ред беа советнички прашања, информира дека во моментов прават проекции дали и колку ќе се навлезе во приватни имоти, односно дали е потребно нечие обесштетување. Улицата треба да се прошири за сметка на десната страна каде што се наоѓа таканаречената индустриска зона. Доколку проектот покаже дека се навлегува во приватни имоти, тогаш улицата, најверојатно, ќе се прошири за сметка на левата страна.

- Во тој случај ќе ја користиме страната на фабриката ОХИС. Имаме согласност од Владата, при што договоривме дел од земјиштето да не влезе во тендерската постапка за продажба на фабриката. На тој начин Градот ќе нема и финансиски издатоци - рече градоначалникот уште еднаш потенцирајќи ја важноста на овој зафат.

Според него, станува збор за важна артерија меѓу приградските населби и градот -Драчево, Студеничани, Зелениково, Батинци и други. С` на с`, оваа сообраќајница опслужува приближно 150.000 жители, а изградбата на две нови ленти е од исклучително значење за растоварување на досегашниот сообраќај.

Оваа улица долго време беше тесно грло, а проточноста - мислена именка. Во својата предизборна кампања Трајановски најави дека за оваа намена предвидени се околу 120 милиони денари.

Првите две фази, кои се одвиваа лани и преклани, опфатија реконструкција и проширување на улицата во булевар во два наврата. Првата фаза се одвиваше од Рампа до Расадник, во должина од 1,3 километар, а потоа се продолжи на друга делница - од булевар Србија, па с` до стакларница. Освен нови коловозни ленти, за пешаците беа изградени и тротоари, а за велосипедистите - патеки, нешто што претходно го немаше. Меѓу другото, беше изведен и поширок профил на атмосферска канализација во должина од 1,1 километар. Целосно беше реконструиран и мостот над Усјански канал.

Изведбата чинеше четири милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој и средства од буџетот на Град Скопје.

Јорданка Ивановска
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 03-Sep-2013 at 12:03
Ова е дефинитивно најпаметно решение, и така имотот на ОХИС е мамутски, а соработката меѓу Владата и Градот Скопје знаеме каква е па проблеми нема да има воопшто.
Само сум видно изненаден за должината на следната фаза, 2км би било рекорд за Градот во изминативе години.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
najdobro View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Sep-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote najdobro Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 05-Sep-2013 at 11:28
на сегашната улица има многу влезови и излези
најдобро е да се изведе нова траса која ќе поминува низ локацијата на охис позади објектите на прототип, бујото и другите кои се северно од постоечката улица и ќе се вклуќи точно во правец со улицата кај населба драчево
треба нов мост на маркова река и одкуп на ѕемјоделско земјиште од локации кои наеднаш ќе излезат на нова улица
така ќе се избегне тешкиот сообраќај (товарни возила кои доставуваат материјали, бетономешалки од батинци и ...)кој создава проблеми
замисли товарно возило на булевар со четири лоенти кое застанато и чека да прегази две полни раделни линии и две ленти за движење за да влезе во локација
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 28-Jan-2014 at 08:41
KРУЖЕН ТЕК ВО ДРАЧЕВО

Во населба Драчево, пред мостот на Маркова Река, во иднина сообраќајот ќе биде регулиран со кружен тек. Изработката на идеен и основен проект за инфраструктура на улицата Борис Трајковски, на потегот од стакларницата до мостот, со вклучена ревизија, ќе го работи „Геинг Kребс унд Kифер интернешнл“. Град Скопје со нив склучи договор во висина од 5,6 милиони денари.

Станува збор за изведба на третата фаза од проектот за реконструкција и за проширување на улицата Борис Трајковски, која од Kисела Вода со стакларницата во изминативе години беше оформена како булевар.

http://dnevnik.mk/?ItemID=ED26BFCC8196DB49BA1B3159F08C815F
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 13-Oct-2014 at 16:53
Темава малку ја заборавивме...но изгледа дека и од Град Скопје ја заборавија...
Проширувањето во прв план до Пинтија па понатаму и до Драчево како и кружниот тек на влезот од Драчево не се споменуваат подолг период.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 22-Jan-2015 at 19:47
Ми дојде до рака некој постар проект за дел пред Пинтија каде поминува булеваров.
Еве како до 2007ма бил замислен истиот. Две ленти, средишно зеленило + помошна сообраќајница за фирмите.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 12-May-2015 at 13:51
ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА

Во Градот очекуваат до јули да завршат тендерските постапки и од септември да почнат градежните активности

Градот Скопје ќе се задолжи со кредит за реконструкција на булеварот Борис Трајковски на потегот од влезот во фабриката "Стаклара" до населбата Пинтија. Ваква одлука на последната седница донесе Советот на Град Скопје. Кредитот од 258.300.000 денари ќе се обезбеди од домашни банки со склучување на Договор за подзаем со Министерството за финансии во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка.
Според Предраг Трпевски од СДСМ ова задолжување е непотребно бидејќи парите на градот се трошат нерационално.
"Станува збор за една многу битна сообраќајница и ние не сме против изградбата на овој булевар. Но, ние како советници од опозицијата сметаме дека средствата во градот Скопје се трошат нерационално, за фасади, тркала и врби. Во буџетот има многу трошоци кои не се продуктивни и ако ги собереме сите ситни трошоци ќе собереме една поголема сума за да не дозволиме ново задолжување", рече Предраг Трпевски од СДСМ.



Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски пак рече дека задолжувањето е важно за да може да се направат сите планирани проекти.
"Ниту фасадите ги финансираме, ниту тркалото, ниту врбите, тие пари се добиени од Владата и не можеме да ги пренамениме. Ние располагаме со нашите пари и ние можеме да го направиме овој булевар без кредит, но што правиме со другите булевари, затоа секој си планира, од мои пари можеме толку, од кредит ќе земам олку и ќе се завршат сите работи, а вакви кредити како овој со каматна стапка под 1 отсто ги посакува секоја општина", истакна Трајановски.
Трајановски очекува до јули годинава да завршат тендерските постапки и од септември да започнат градежните активности.
Претходно Булеварот беше реконструиран на потегот од Стара рампа до фабриката "Стаклара".
Вкупна вредност на инвестицијата изнесува 317.366.110 денари од кои 258.300.000 денари ќе се обезбедат преку заем, а останатиот износ од 59.066.110 денари од буџетот на Град Скопје.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B5CF98B166347243A81D674E15357C7B
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 07-Dec-2015 at 18:03
Конечно за десетина дена започнува проширувањето на Првомајска/Борис Трајковски од стаклара до влезот на Пинтија

-Вкупно 4 ленти во должина од 2.000м (значи 2 нови)
-Вредност 3,7 милиони евра
-Време на реализација 18 месеци (можеле они и за 9)



http://kurir.mk/republika/skopje/potpishan-dogovor-za-realizatsija-na-tretata-faza-od-boris-trajkovski/
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
paneporfavor View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Apr-2011
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote paneporfavor Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 12-Dec-2015 at 23:55
Ги откупија имотите покрај патот или го поместија кон имотот на ОХИС? Би требало да размислат и за комплетирање на тесните грла што останаа во првата фаза.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.