Булевар Борис Трајковски (Првомајска) |
Post Reply | Page <1 1213141516 25> |
Author | |||
tonikostov
Senior Member Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #261 Posted: 06-Mar-2012 at 10:31 | ||
Вчера на Политико Марјан Ѓорчев рече дека проширувањето на Првомајска ќе започне помеѓу 10-ти и 15-ти март. Тоа е следната недела.
Малку ми е чудно што Марјан Ѓорчев си ги припишува овие проекти како негови (односно на Општината), додека кога до неговата администрација пријавуваш проблем со градски улици, секогаш те упатуваат во Град Скопје. Исто беше и со улицата Вера Јоциќ. Асфалтирањето си го препиша како проект на Општина Кисела Вода, кога де факто Вера Јоциќ е градска улица. |
|||
4skopje
Senior Member Joined: 22-Feb-2011 Online Status: Offline Posts: 284 |
Quote Reply #262 Posted: 11-Mar-2012 at 09:35 | ||
|
|||
tonikostov
Senior Member Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #263 Posted: 11-Mar-2012 at 11:05 | ||
Вчера имаше поставено соодветна сигнализација (знаци) на раскрсницата на Првомајска со Народни херои. Две-три цевки за канализација поставени во паркот, две камиончиња и неколку работници раздвижени. Табла со информација за тоа кој е инвеститор, кој е изведувач...
По долго чекање, конечно и Првомајска ќе започне да се реконструира и проширува.. |
|||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #264 Posted: 11-Mar-2012 at 17:19 | ||
Капитални проекти на Градот Скопје
ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ПРВОМАЈСКА Градот Скопје денеска /11.03.2012 година/ го почна капиталниот проект за проширување и реконструкција на улицата Првомајска, во општината Кисела Вода. Почетокот на градежните работи на оваа прометна сообраќајница го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, во присуство на повеќе министри, пратеници, директори на градските јавни претпријатија и граѓани. - Денеска го започнуваме проектот што пред моите сограѓани го ветивме во мојата предизборна програма - проширувањето и реконструкцијата на улицата Првомајска, во општината Кисела Вода, една од најголемите и најзначајни сообраќајни артерии во Скопје од која што директно зависат повеќе од 150.000 жители на нашиот град. Овој обемен проект на кој што напорно работевме 2,5 години до крајот на оваа 2012 година ќе стане реалност. Во минатото ќе останат долгите редици возила што сега се секојдневна слика на оваа прометна улица, метежот и отежнатото движење. Улицата Првомајска во должина од 2,5 километри ќе прерасне во широк и проточен булевар, со уредени тротоари и со странично зеленило и ќе ги потврди заложбите на Градот Скопје за решавање на проблемот со сообраќајниот метеж и, што е најважно, за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот - рече денеска градоначалникот Трајановски. Тој објасни дека со овој проект ќе се реконструираат две делници од улицата Првомајска (во вкупна должина од 2,5 километри) и тоа: - Делница 1: Потег од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри и - Делница 2: Потег од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Градежните работи за проширување и реконструкција на улицата Првомајска почнаа од крстосницата со улицата Народни херои во насока кон „Рампа“. - Постојната сообраќајница по проширувањето ќе се трансформира во булевар со 4 (четири) коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Проширувањето на коловозот ќе се одвива по левата страна (гледано во насока од Центар кон Драчево) до општинските бараки во Кисела Вода, а потоа, до Расадникот по двете страни. На потегот од „Рампа“ до општинската зграда, од десната страна на коловозот (гледано од Центар кон Драчево) ќе се формира тротоар широк 2,5 метри, а од левата страна на коловозот ќе се изгради тротоар со велосипедска патека со ширина од три метри. На потегот од општинската зграда до Расадник од десната страна на коловозот ќе се формира тротоар со ширина од 2,5 метри, а од левата страна на коловозот тротоарот и велосипедската патека ќе бидат широки 4 (четири) метри. На потегот кај поранешната фабрика за производство на сапун, од левата страна на коловозот ќе се изгради потпорен ѕид во должина од 170 метри. Во текот на проширувањето на коловозот на оваа делница ќе се постави и атмосферска канализација во должина од 1.380 метри со променлив профил (од Ф 400 до Ф 600 милиметри) - додаде градоначалникот Трајановски. Паралелно со градежните работи на првата делница проширувањето на улицата Првомајска ќе се одвива и на втората делница, од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“. Со проширувањето на овој дел улицата Првомајска ќе прерасне во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Од левата страна на коловозот (гледано од Центар кон Драчево) ќе се изгради тротоар со велосипедска патека со ширина од 4 метри, а од десната страна на булеварот тротоарот ќе биде широк 2 метри. Во текот на проширувањето на коловозот на оваа делница ќе се постави и атмосферска канализација во должина од 1.126 метри со променлив профил (од Ф 500 до Ф 800 милиметри). Постојниот армирано-бетонски мост над Усјанскиот канал ќе се реконструира, ќе се прошири и ќе добие 4 коловозни ленти со пешачка и велосипедска патека. - Проширениот булевар Првомајска ќе добие ново улично осветлување, просторот од двете страни на коловозот ќе се облагороди со дрвореди, а ќе се постават и клупи и корпи за отпадоци. На проширување и реконструкција на улицата Првомајска ќе работат екипите на конзорциумот „Алпине Бау“ и Жикол од Скопје. Градежните работи треба да завршат за девет месеци. Во проектот за проширување и реконструкција на улицата Првомајска Градот Скопје ќе вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје. Ги повикувам моите сограѓани да имаат разбирање и да покажат трпение додека траат градежните работи на овој обемен зафат и во своето секојдневно движење да ја користат околната патна мрежа. До крајот на оваа година сите ќе ги уживаме придобивките од овој значаен проект - нагласи градоначалнкот Трајановски. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски изрази задоволство што почнува уште еден капитален проект што ќе биде од корист на граѓаните и што ќе ги реши нивните долгогодишни проблеми. Премиерот Груевски нагласи дека проектот за проширување и реконструкција на улицата Првомајска е уште еден во низата успешни инфраструктурни проекти на Градот Скопје, меѓу кои се и пробивањето на булеварите Илинден, Митрополит Теодосиј Гологанов, Македонска војска и Србија, како и реконструкцијата на бројни клучни сообраќајници во централното градско подрачје. Градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, истакна дека овој проект е резултат на добрата соработка со Градот Скопје во напорите да се решат проблемите со кои што секојдневно се соочуваат граѓаните. http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4870&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #265 Posted: 11-Mar-2012 at 18:11 | ||
Ова е голем ден за Скопје!
|
|||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #266 Posted: 11-Mar-2012 at 18:25 | ||
|
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #267 Posted: 11-Mar-2012 at 19:02 | ||
Мислам дека овој проект најбитен во низата Илинденска, Климент О. и Илинденска и ќе има навистина позитивни импликации. Би било интересно да видиме како ќе биде решено вкрстувањето кај општинските бараки (со Сава Ковачевиќ). Исто така ќе биде убаво во пакет да се изреновира и делницата на Сава Ковачевиќ од Народни Херои до Првомајска која е во катастрофална состојба. И за крај, баш ме интересира дали ќе се направи некој еднонасочен режим за некои од приклучните улици (особено во делот кај стара рампа) кои ги има сигурно 2-3 во моментов. |
|||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #268 Posted: 11-Mar-2012 at 20:55 | ||
После толку години конечно и ова ќе се среди
Накај 14:30 поминував по Првомајска и ја забележав бината и 50-60 луѓе, веднаш ми стана јасно што се случува. Браво *Се надевам дека нема да има застои |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #269 Posted: 11-Mar-2012 at 21:01 | ||
Секако ќе ги има и мораме да сме трпеливи во врска со тоа, сепак навистина се работи за повисока цел... |
|||
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #270 Posted: 11-Mar-2012 at 23:53 | ||
СТАРТУВАШЕ ПРОШИРУВАЊЕТО НА "ПРВОМАЈСКА" ВО КИСЕЛА ВОДА
Од улица, за неколку месеци булевар Градоначалникот Трајановски изјави дека зафатите на постојната сообраќајница ќе се одвиваат во неколку фази, каде после проширувањето, улицата ќе се трансформира во современ булевар со 4 коловозни ленти, по две во секоја насока Долгонајавуваниот капитален проект за проширување и реконструкција на улицата "Првомајска" во општина Кисела Вода, конечно отпочна. Почетокот на градежните работи околу проширувањето на главната сообраќајница во Кисела Вода вчера со пригодна манифестација го означија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, и премиерот Никола Груевски. Инвестицијата која ќе го реши сообраќајниот метеж во тој дел од градот е вредна околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, и од Буџетот на Град Скопје. На проширувањето и реконструкција на улицата "Првомајска" ќе работат екипите на конзорциумот "Алпине Бау" и "Жикол" од Скопје, а градежните работите треба да завршат за деветина месеци. Градоначалникот Трајановски изјави дека зафатите на постојната сообраќајница ќе се одвиваат во неколку фази, каде после проширувањето, улицата ќе се трансформира во современ булевар со 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. - Покрај ветувањата кои денеска почнавме да ги остваруваме, на патот на проектот во меѓувреме му застанаа и проблемите со сопственоста на дел од парцелите. Во одличната соработка со Општината Кисела Вода овој проблем, како што гледате, успеавме да го решиме. Сега останува постојната сообраќајница по проширувањето да се трансформира во булевар, а со ова градот да добие уште една нова артерија која ќе го пробива сообраќајниот метеж, рече Трајановски. Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата заедно со Градот и општината Кисела Вода на оваа инвестиција работеле подолг период. Граѓаните на неколкупати укажувале дека имаат потреба од ваков булевар. - Денеска со задоволство сум на ова место да го поздравам почетокот на градежните работи на булеварот "Првомајска" кој сега е улица со две ленти. Проектот на Градот Скопје кој е вреден околу 4 милиони евра единствено беше можно да се изработи со заеднички напори на градот Скопје, Владата и на општина Кисела Вода. Иницијативата дојде од времето кога држевме трибини во населбата Драчево кога и голем број од граѓаните ни укажаа за потребната од изградба на ваков булевар. Станува збор за крупна инвестиција, но и за исполнување на ветувања, изјави премиерот Груевски. Инаку градежните работи за проширување и реконструкција на улицата "Првомајска" почнуваат од крстосницата со улицата "Народни херои" во насока кон Рампа. Постојната сообраќајница по проширувањето ќе се трансформира во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3.5 метри. Проширувањето на коловозот ќе се одвива од левата страна (гледано во насока од Центар кон Драчево) до општинските бараки во Кисела Вода, а потоа до Расадникот по двете страни. Проширениот булевар "Првомајска" ќе добие ново улично осветлување, просторот од двете страни на коловозот ќе се облагороди со дрвореди, а ќе бидат и постават нови клупи и корпи за отпадоци. |
|||
Supreme
Newbiе Joined: 06-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #271 Posted: 12-Mar-2012 at 19:09 | ||
Како ќе се прошири кај портокаловата зграда на Илинден?
|
|||
ant11
Groupie Joined: 29-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 38 |
Quote Reply #272 Posted: 13-Mar-2012 at 00:48 | ||
Ќе се намали дел од паркингот на зградата кој сега завзема поголем дел отколку што било дозволено. |
|||
tonikostov
Senior Member Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #273 Posted: 13-Mar-2012 at 08:40 | ||
Штета што не е решено на друг начин приклучувањето од Народни херои кон Првомајска во насока кон Драчево. Добро ќе беше да се направи уште една кратка дополнителна лента на Првомајска за да можат од Народни херои побезбедно да се приклучат, речиси без застанување. Лентата подолу би се слеала во десната лента на Првомајска. Бидејќи Марјан Ѓорчев најави пробивање на Михаил Чаков кон Општина Аеродром, ова ќе беше добар момент да се испланира проширување и на раскрсницата на Михаил Чаков кон Првомајска со уште по една лента во двете насоки: една за вртење десно од Михаил Чаков кон Првомајска и уште една за вртење десно од Првомајска кон Михаил Чаков. Овде се очекува доста интензивен сообраќај кога ќе се пробие улицата и мислам дека двете ленти на Михаил Чаков нема да се доволни. |
|||
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #274 Posted: 15-Mar-2012 at 21:09 | ||
Работите на Првомајска полека стартуваат. Во должина од 50-тина метри исечени се дрвата и ископан е тротоарот. Се работи од десната страна на улицата(делот обележан со зелено)
Незнам каков е планот но убаво би било наскоро да се стартува изградбата на потпорниот ѕид во делот кај поранешната фабрика за сапун “Цветан Димов“ |
|||
Supreme
Newbiе Joined: 06-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #275 Posted: 16-Mar-2012 at 10:54 | ||
На кое место точно ќе се пробива за накај Аеродром, пошто пруги има нели?
|
|||
G.I. Joe
Senior Member Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 413 |
Quote Reply #276 Posted: 16-Mar-2012 at 12:20 | ||
Mislam deka e na ulicata Mihail Cakov
|
|||
tonikostov
Senior Member Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #277 Posted: 16-Mar-2012 at 13:03 | ||
Да, точно... Улица Михаил Чаков треба да се пробие кон булевар Трета македонска бригада. Веројатно ќе биде подвозник, не верувам и дека има конкретно решение.
Потребата е бидејќи единствените две врски со Општина Аеродром се преку булевер Србија и преку населба Пролет. Одамна се најавува ова решение, а прашање е кога точно ќе се реализира. Очекував со проширувањето на Првомајска, ама изгледа не... |
|||
Supreme
Newbiе Joined: 06-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #278 Posted: 16-Mar-2012 at 23:00 | ||
Чекај, приоритет е споменик до Макси Д
|
|||
Auric Goldfinger
Newbiе Joined: 11-Jul-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #279 Posted: 17-Mar-2012 at 19:56 | ||
Колку мене ми е познато улица Есенинова ( Алфа Банка кај Чешма ) ја спремаат за пробивање .Кога таа би се поврзала со улица Никола Карев со тоа би се овозможило дополнително поврзување со општините Центар и Аеродром.Според портпаролот на Кисела Вода тамо некаде во Декември претходната година се припремаше проектно-техничка документација. Она што на мене не ми е јасно е како тоа планираат да го изведат ...според некои планови кои ги имам претходно видено таа треба да биде со 4 ленти , но за тоа треба да се расчистат претходно имотно-правните односи со сопствениците на објектите. Бидејќи имам роднини што живеат тамо знам со сигурност дека за такво нешто досега не станало збор. Исто така постои можност за уште еден спорен момент, последниот објект од левата страна на Есенинова , новоградба изградена од страна на фирмата Самарија , не ќе да е баш позиционирана така како што би требало да биде , ако ме разбирате што сакам да кажам . Ако има некој по упатен нека објасни како би изгледало ова поврзување , посебно од аспект на димензиите и стандардите ако ги има .... Edited by Auric Goldfinger - 17-Mar-2012 at 21:00 |
|||
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?
A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE ! |
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #280 Posted: 17-Mar-2012 at 22:00 | ||
Post Reply | Page <1 1213141516 25> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |