build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Борис Трајковски (Првомајска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 06-Feb-2013 at 15:53
Па тоа е и проблемот што темпираат недела пред избори да ја пуштат за да биде свежо и сега не работат. А целава измината недела е над 10 степени. Како и да е тој датум за избори е близу така да ќе почне да работат следната недела, максимум за 2
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 13-Feb-2013 at 13:20
"Беличанец-Алексиќ: Со нови и почнати проекти ќе се унапредува животот во Кисела Вода
13.02.2013 - 11:39:47
...
Меѓу проектите го спомена довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, подобрување на водоводниот систем, канализациската и атмосферската мрежа, изградба на културен центар, изградба и реконструкции на спортски терени, градинки и училишта."


довршување на булеварот Борис Трајковски (Првомајска)???

Претпоставувам се мисли на некоја III-та фаза бидејќи вторава треба да заврши до избори.

Само една работа ме чуди - мислам дека тука општината нема ингеренции и дека Првомајска е проект на град Скопје?

Edited by vlatko.mk - 13-Feb-2013 at 13:22
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 13-Feb-2013 at 13:43
Општината ја обезбедува потребната документација. Ништо посебно но доволно да се спомне како проект и на Општината и на Градот а богами и пошироко.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 13-Feb-2013 at 16:58
Да не мислеле на Булеварот Србија ,бидејќи колку што сум запознат ниту втората ниту третата фаза од булеварот Борис Трајковски не припаѓа под К.Вода туку под Драчево.. (уствари јас не ги знам границите на Општина К.Вода така да ова е малце ирелевантно.)
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 13-Feb-2013 at 17:14
Па, Драчево е дел од Кисела Вода, инаку изјавата на Беличанец е смешна, но сите општински градоначалници на скопските општини се фалат и со делата на Град Скопје, во недостиг на свои, иста е ситуацијата и во Ѓорче, каде што градот има направено многу повеќе отколку самиот градоначалник.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 14-Feb-2013 at 23:31
Колку само го девалвирaa поимот „булевар“, не знам дал да плачам, ил да се смеам.

Првомајска има 4 ленти, исто и Гологанов (кој прерасна во „булевар“, иако е дали 2 метра поширок од претходно, со тоа што сега нема простор за велосипеди и други побавни превозни средства).

Дали според оваа логика за булевари можеме да ги сметаме и: Рекорд, Рузвелтова, Лондонска, Љубљанска, Московска, Паришка итн?

Edited by fichot - 16-Feb-2013 at 04:57
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 15-Feb-2013 at 09:39
Originally posted by ehrlich

Па, Драчево е дел од Кисела Вода, инаку изјавата на Беличанец е смешна, но сите општински градоначалници на скопските општини се фалат и со делата на Град Скопје, во недостиг на свои, иста е ситуацијата и во Ѓорче, каде што градот има направено многу повеќе отколку самиот градоначалник.


Се согласувам. Иако, несомнено неизбежна е соработката Општина Кисела Вода - Град Скопје, сепак во отчетот на Градоначалникот на Кисела Вода многу од проектите што беа набројани беа всушност проекти на Град Скопје.

Не е фер да се манипулира така со граѓаните кои незнаат или неможат да ја направат поделбата на ингеренциите на Градот и Општината. За жал, ова е пракса на поголемиот дел скопски општини, а не само на Кисела Вода.

Од друга страна, пак, се виде капацитетот на Ѓорчев, па затоа и не го кандидираа за нов мандат.

Како и да е, се надевам само дека Борис Трајковски (Првомајска) во останатиот дел ќе го изведат поквалитетно од веќе пуштениот дел (кој пак е со катастрофално сообраќајно решение, работено во некоја канцеларија, а не реално на терен).
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 16-Feb-2013 at 04:59
Ништо страшно. Јагyла Куновска (кандидат за Карпош) им вети на карпошлии нов Драмски, иако за истиот е надлежно Мин. за култура, а не општината.

Edited by fichot - 16-Feb-2013 at 04:59
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 06-Mar-2013 at 16:00
Тука нешто не чини. Мислам дека рокот е веќе пробиен, или е месецов.
Не се работи апсолутно ништо иако од зима ни З немаше, температури константно над 10 некогаш и 15, не врне, нема снег....
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 06-Mar-2013 at 17:51
Previous
И мене ме чуди зошто не почнаа до сега со работа, стварно нема никаква зима можеше до сега барем малце нешто да се чепне...можеби за некој ден ќе почнат јако да фураат па да се пофалат нешто таман за пред избориBig%20smile


Edited by mr bombastic - 06-Mar-2013 at 17:52
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 12-Mar-2013 at 23:04
Да прашам нешто која фаза од Булеварот сега се „работи“ (односно не се работи)?
Бидејќи пред два-три дена ја читав програмата на Коце и пишуваше дека ако победи ќе ја изгради втората фаза од Булеварот (не видов од каде до каде и мислам дека не ни пишуваше)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 12-Mar-2013 at 23:54
мислам дека за сите проекти треба да почекаме да седнат новите градоначалници и да кажат што ќе прават во иднина,сега се лупаат од ракав секакви зелени(вечерва прочитав за ветување на 500-петстотини!!!!! микроакомулации само за еден град,а човекот го знам од студенски денови и е доста сериозен и стабилен човек)
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 13-Mar-2013 at 18:56
Се работи на втората фази која може да се каже дека е стопирана - веројатно лента ќе се сече по избори ...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 13-Mar-2013 at 19:07
Originally posted by vlatko.mk

Се работи на втората фази која може да се каже дека е стопирана - веројатно лента ќе се сече по избори ...

Епа чим кај Коце во нови инвестиции втората фаза е пишана дека ќе ја прави тогаш по избори не се сече лента.
Ќе се сече при крајот на оваа година или почеток на следната , штета што го фрлив пропагандниот материјал иначе ќе пишев што точно имаше напишано за ова ,доколку најдам од комшииве ќе пишам.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 14-Mar-2013 at 18:48
Нема што Коце да најавува, оваа фаза требаше да заврши пред неколку дена и точка. Нема што истата да ја впушува во изборната програма! Што повеќе може да се каже освен неуспех, лоша организација, банкрот...немаше никаква вонредна околност за застој
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 14-Mar-2013 at 19:06
ако коментираме што све ветиле градоначалниците а не го оствариле,ќе ни треба околу 10 гига меморија не серверот на форумов(фински езера на Драгорот,планиски аеродром за случај на магла на охридскиот и скопскиот аеродром,школи и градинки ќе ви направиме(од народот еден вика абе деца нема за во школите на што овој вика `деца ќе Ви направиме).....

затоа барем во предизборнава кампања јас предлагам да не се коментираат изјавите и делата на градоначалниците
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 14-Mar-2013 at 19:59
Епа нема али ете најавува....
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 12-Apr-2013 at 11:10
Петок, 12 Април 2013 09:26

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, денеска ќе изврши увид во градежните работи за проширување и реконструкција на втората делница од булеварот „Борис Трајковски“.

500tocka-75804

На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/111777-Trajanovski-vo-inspekcija-na-bulevar-Boris-Trajkovski

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 16-Apr-2013 at 11:15

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Борис Трајковски

16.04.2013 - 11:58:00

Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре и задутре /17.04.2013 година и 18.04.2013 година/ ќе се асфалтира со порамнителен слој делот од булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“.

Во текот на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по крајните две коловозни ленти во секоја насока. Сообраќајот ќе се одвива непречено, освен на делот од бензинската пумпа „Марија трејд“ до влезот во фабриката „Стакларница“, каде што протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.

 
Градот Скопје апелира до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница од булеварот Борис Трајковски, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
 
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1565364262/privremen-soobrakaen-rezim-na-del-od-bulevarot-boris-trajkovski

Конечно ќе се асфлатира, ај да видиме со каков квалитет ќе биде
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 19-Apr-2013 at 12:59
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=5745&mid=482&tabId=1&tabindex=0
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ИЗВРШИ УВИД НА АСФАЛТИРАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, изврши увид во градежните работи на втората делница од проширениот булевар Борис Трајковски којшто во изминативе денови се асфалтира во должина од 1.126 метри, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“.

Во наредните неколку дена на оваа делница од булеварот ќе се нанесува завршниот слој асфалт, поради што на сообраќајницата ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Имено, во деновите од претстојниот викенд /20 и 21.04.2013 година/ возилата ќе може да се движат по десните две коловозни ленти (гледано од Скопје кон Драчево). Во вторник и среда /23 и 24.04.2013 година/ возилата ќе може да се движат по левите две коловозни ленти (гледано од Скопје кон Драчево).

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека трае асфалтирањето на втората делница од булеварот Борис Трајковски и во своето движење да ја користат околната патна мрежа. Градот Скопје апелира до возачите да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Градот Скопје ги замолува жителите на околните приватни куќи да не ги паркираат своите возила на приодите кон коловозот за да се овозможи побрзо и поквалитетно завршување на градежните работи.     

   
         
   


Edited by daci92 - 19-Apr-2013 at 13:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.